IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Спорт > Останати спортови
  Активни теми Активни теми RSS - Велосипедизам
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Велосипедизам

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 234
Автор
Порака Обратен редослед
La Ninja Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
She Hulk

Регистриран: 13.Јуни.2006
Статус: Офлајн
Поени: 1605
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај La Ninja Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Јуни.2008 во 17:15

ВЕЛОСИПЕДИЗАМ - ТИМОВИТЕ ПОЧНАА ДА ГО ОБЈАВУВААТ СОСТАВОТ ЗА НАЈЕЛИТНАТА ТРКА НА СВЕТОТ

Рико, сепак, ќе добие шанса на Тур де Франс

Италијанецот Рикардо Рико, сепак, ќе учествува на Тур де Франс како замена за болниот Хозе Анхел Гомез Марчанте објави неговиот Соние Дувал тим. 24-годишниот Рико заврши како втор на Џиро Д'Италија минатиот месец и сега ќе биде еден од главните фаворити за маичката со црвени точки (полка) за најдобар велосипедист на планинските етапи на најголемата велосипедска трка на светот.

"Рико, чиј календар не вклучуваше Тур де Франс, ќе дојде со нас бидејќи Марчанте нема да може да се натпреварува", објавуваат од Соние Дувал.

Ова ќе биде втор настап на Рико на ТдФ, две години откако заврши само 98. во генерален пласман во своето деби. Тур де Франс стартува во Брест на 5 јули и завршува во Париз на 27 јули.

Од тимот на ЦСЦ, пак, објавија дека браќата од Луксембург Анди и Франк Шлек ќе бидат предводници на тимот во Франција. Генералниот менаџер на ЦСЦ, Бјарне Рис, постави силен тим во кој се и швајцарскиот специјалист за трки на хронометар Фабијан Канцелара (победник на прологот во 2004 и 2007) и четирикратниот освојувач на зелената маичка за најдобар спринтер, Стјуарт О'Грејди. Ова е последен пат ЦСЦ да биде спонзор на тимот за ТдФ откако следната година тимот ќе добие нов спонзор и ново име Тим Саксо Банк.

"Повторно имаме големи амбиции. Со Карлос Састре и браќата Шлек го имаме можеби најдобриот планински тим на трката", вели Рис.

Малиот германски Геролштајнер тим исто така го објави својот тим за ТдФ, предводен од Маркус Фотен. 27-годишниот Фотен, кој ја држеше белата маичка за најдобар млад велосипедист 13 етапи во 2006 и заврши 15. во генерален пласман е еден од седумте Германци во тимот. Австрискиот специјалист за трки на хронометар Бернхард Кол исто така ќе се бори за жолтата маичка, додека освојувачот на Амстел Златната трка Штефан Шумахер и спринтерот Роберт Ферстер (победник на етапи на Џирото и Вуелта) ќе бидат фаворити за спринтерските трки.

"Мораме да ги поддржуваме Маркус Фотен и Бернхард Кол во генерален пласман бидејќи има многу тешки етапи во последната недела", вели спортскиот директор Кристијан Хен.

Контадор сака круна од Вуелта, а не олимписко злато

Шпанецот Алберто Контадор, минатогодишниот освојувач на Тур де Франс и новиот шампион од Џиро Д'Италија, вели дека повеќе би сакал да ја жртвува Олимпијадата во Пекинг, за да пристигне на домашната Вуелта Еспања (од 30 август до 21 септември) во вистинска форма. 25-годишниот лидер на Астана тимот нема да може да учествува на Тур де Франс оваа година бидејќи неговиот тим е исклучен од организаторите, но вели дека сака да стигне до историска тројна победа.

"Тоа ќе влезе во историјата за разлика од олимпискиот медал. Сакам да имам добра Вуелта дури и тоа да значи слаби Игри во Пекинг. Веќе ја имам титулата од ТдФ и од Џирото, и би било прекрасно да имам тројна победа", вели Контадор.

Тој би бил првиот Шпанец во историјата со троен триумф, додавајќи го своето име на листата на само четири велосипедисти кои го направиле тоа: Еди Меркс, Жак Анкетил, Фелис Гимонди и Бернар Хино. Контадор исто така признава дека нема голема желба да ја следи Тур де Франс.

"Ќе видам дали ќе бидам дома или на плажа. Немам никаква завист бидејќи годината оди според планот", додава Контадор.

БЕЗБОЛ РЕЗУЛТАТИ:

Бостон - Аризона 1:2

Атланта - Милвоки 1:4

Вашингтон - Л.А.Енџелс 2:3

Њујорк Метс - Сиетл 2:5

Канзас Сити - Колорадо 8:4
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....
Кон врв
La Ninja Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
She Hulk

Регистриран: 13.Јуни.2006
Статус: Офлајн
Поени: 1605
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај La Ninja Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Јуни.2008 во 19:31

ВЕЛОСИПЕДИЗАМ - АВСТРАЛИСКИОТ ВЕТЕРАН ВО ДОБРА ФОРМА ПРЕД ТУР ДЕ ФРАНС

Мекјуен најбрз на дождливиот спринт

Австралиецот Роби Мекјуен покажа дека е во добра форма за Тур де Франс, откако победи на третата етапа на Трката околу Швајцарија во Госау во понеделникот. 35-годишниот ветеран од Бризбејн доби одлична помош од колегите од Сајленс-Лото тимот во последниот километар на дождливата етапа, а потоа беше најбрз на последните 300 метри. Шпанскиот поранешен светски шампион Оскар Фреире не успеа да ја заддржи брзината со Мекјуен и заврши како втор пред Германецот Гералд Чиолек.

"Обично треба да внимавам сам на спринтерските финиши, но овојпат имав тимски колеги кои ми помогнаа. Направивме тактика пред етапата и таа беше одлична. Некои од колегите направија голема работа кога ги стигнаа тројцата велосипедисти кои се одвоија на стартот, а потоа и Леиф Хосте и Грег Ван Авармет ме водеа до финишот. Забрзав прерано, на 300 метри пред крајот, но се чувствував силен и внимавав на Фреире. Знаев дека ќе победам", вели Мекјуен.

Ова е само втора победа за Мекјуен оваа сезона, но 141. победа во неговата 13-годишна професионална кариера. Тој се мачеше по незгоден пад на стартот на сезоната, но сега е сигурен дека ќе се бори за етапни победи на Тур де Франс, која стартува на 5 јули.

"Немав добра сезона, но во февруари имав лош пад. Сега се чувствувам добро. Мојот сонародник Кејдел Еванс ќе ја освои жолтата маичка на Тур де Франс, така што не верувам дека ќе можеме да одиме и на зелената маичка за спринтери, но мислам дека ќе имам добри шанси на спринтовите", додава Мекјуен, кој ќе има нова шанса за победа во вторникот по 171 километри од Госау до Домат-Емс.

Шпанецот Игор Антон, победникот на втората етапа останува лидер во генерален пласман.

Тим Хај Роуд станува Тим Колумбија за ТдФ

Американскиот велосипедски тим Хај Роуд, кој моментално настапува на Трката околу Швајцарија, потпиша нов спонзорски договор и од Тур де Франс ќе биде познат како Тим Колумбија. Про Тур тимот од Калифорнија, кој во составот ги има Американецот Џорџ Хинкапи, Ким Кирхен од Луксембург и Британецот Марк Кавендиш потпиша тригодишен договор со Колумбија Спортсвеар Компани, познатата американска фирма за спортска опрема.

Хај Роуд од 1991 беше познат како Тим Телеком, а од 2004 како Т-Мобиле, но германскиот телеком гигант го прекина договорот поради серијата допинг-скандали. Спонзорството со Колумбија ги поврзува двата тима, машкиот и женскиот, кои победија на повеќе од 70 трки во 2008.

Бонен ќе се трка овој викенд

Белгиецот Том Бонен ќе се натпреварува за првпат по откритието дека користел кокаин овој месец. Белгискиот поранешен светски шампион и минатогодишен освојувач на зелената маичка за спринтери на Тур де Франс ќе учествува на Стер Електротер трката во Белгија, потврди неговиот Квик Степ тим. Бонен не е суспендиран поради позитивниот тест, бидејќи се случил надвор од натпреварувања, но организаторите на Тур де Франс решија да не го поканат на овогодишната трка.

Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....
Кон врв
La Ninja Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
She Hulk

Регистриран: 13.Јуни.2006
Статус: Офлајн
Поени: 1605
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај La Ninja Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Јуни.2008 во 18:06

ВЕЛОСИПЕДИЗАМ - ШПАНСКИОТ АС ВЕЛИ ДЕКА Е ДОБРО ПОДГОТВЕН

Валверде ја освои Дофине, сега мисли на Тур де Франс

Шпанецот Алехандро Валверде покажа дека е на добар пат да биде вистински предизвикувач на Тур де Франс, по победата на Дофине Либере трката во неделата. Втор, зад 28-годишниот велосипедист од Мурсија беше Австралиецот Кејдел Еванс со 39 секунди заостанување, додека трет беше Американецот Леви Леипхајмер со 1:24 заостанување.

Казахстанецот Дмитри Фофонов беше најбрз од тројцата велосипедисти кои се одвоија на планинската седма и последна етапа од Сен Жан Де Мориен до Гренобл, пред Белгиецот Јирген Ван Де Вале, додека Русинот Јури Трофимов беше трет.

"Ова е моја најголема победа на трка со етапи. Покажав дека формата е многу подобра од очекуваното и изгледа навистина добро за Тур де Франс", вели Валверде.

Шпанецот беше шестопласиран на минатогодишната ТдФ откако подолго време експертите го сметаат за вистински конк*рент на најпрестижната трка на светот.

"Ја освоив Дофине малку како Мигуел Индураин, кој освои пет титули од ТдФ. Ја добив жолтата маичка рано на трката на хронометар и потоа успеав да ги контролирам ривалите на планините. Ако можам да го направам истото во Франција ќе биде одлично. Но, таму е многу поинаку", вели Валверде.

Фофонов, пак, вели дека бил несигурен како ќе заврши спринтот на крајот на 128 километри долгата етапа.

"Обично сум доволно брз на спринтерските етапи, но никогаш не знаеш што може да се случи на крајот на тешка планинска етапа. Трофимов нападна на последното искачување и ме остави зад него, но не смеев да дозволам да ми избега премногу", вели Фофонов.

Ернандез со водство на Трката околу Швајцарија

Шпанецот Игор Антон Ернандез го презеде водството во генерален пласман на Трката околу Швајцарија откако победи на втората етапа од Лангнау-Им-Ементал до Флумсерберге во неделата. Велосипедистот на Еускалтел нападна на 400 метри пред финишот ипобеди со одлична предност од 6 секунди пред Ким Кирхен од Луксембург и Италијанецот Дамјано Кунего.

Во саботата првата етапа ја доби поранешниот светски шампион Оскар Фреире, кој ги совлада Швајцарецот Мартин Елмигер и Кирхен во спринтерски финиш. Оваа етапа беше одбележана со долгиот напад на тројца велосипедисти, кои беа фатени на два километри пред финишот. Ова е четврта етапна победа на Фреире оваа година и дури 61. во неговата 11-годишна кариера.

Одобрени анти-допинг пасошите

Таканаречените "биолошки пасоши" се формално одобрени од Интернационалната велосипедска унија (УЦИ). Системот, преку кој се запишуваат податоците од примероците урина и крв, се смета како ефективно оружје против допингот. Повеќе од 850 професионални велосипедисти се вклучени во проектот вреден над 8 милиони $ и создаден со помош на Светската анти-допинг агенција (ВАДА). Секој велосипедист ќе мора да оди на серија тестови на крвта и урината и треба да се направи профил на хемискиот баланс во нивното тело во лабораторијата во Лозана, Швајцарија, а потоа допинг-прекршоците ќе се утврдуваат со отстапување од овие нивоа.

Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....
Кон врв
La Ninja Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
She Hulk

Регистриран: 13.Јуни.2006
Статус: Офлајн
Поени: 1605
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај La Ninja Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Јуни.2008 во 13:03
Јас не го користам како нешто што редовно се бавам, но можам слободно да кажам дека летно време не се симнувам од точак. голема%20насмевка Редивни визам а најголема километража ми е 30 км. Добро, тоа ми е стандард вожња...
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....
Кон врв
La Ninja Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
She Hulk

Регистриран: 13.Јуни.2006
Статус: Офлајн
Поени: 1605
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај La Ninja Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Јуни.2008 во 13:02
Како ви се допаѓа велосипедизмот како спорт?
Дали воопшто и го користите?
Која е вашата идеална километража?
Дали некогаш лошото време (како летен дожд) знае да ве спречи или сепак и тогаш настојувате да возите?
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....
Кон врв
La Ninja Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
She Hulk

Регистриран: 13.Јуни.2006
Статус: Офлајн
Поени: 1605
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај La Ninja Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Јуни.2008 во 13:01

ВЕЛОСИПЕДИЗАМ - БЕЛГИСКИОТ СПРИНТЕР ВЕЛИ ДЕКА ЌЕ ЈА ПОНЕСЕ ОДГОВОРНОСТА

Бонен се извини на фановите, не е сигурен за ТдФ

Поранешниот светски шампион во велосипедизам, Том Бонен се извини на своите фанови во средата и изјави дека ќе ја прифати одговорноста за неговите постапки во истрагата за користење кокаин. Велосипедистот на Квик-Степ прочита кратка порака до новинарите, но не ги потврди или отфрли обвинувањата дека земал кокаин пред изненадувачкиот допинг-тест минатиот месец.

"Нема да се бранам себеси денеска, но на своите пријатели, на моето семејство и на мојот тим предизвикав многу болка и за тоа се извинувам. Во последно време сум на медиумите, но само поради негативни работи. Не сум совршен и ќе ги прифатам последиците", вели Бонен.

Велосипедистот стана вистинска ѕвезда во Белгија, каде што велосипедизмот е еден од најследените спортови. Тој побара од неговите фанови да веруваат во него и дека ќе се врати наскоро во спортот. Обвинителите изјавија дека истрагата може да трае неколку месеци, но предупредија дека Бонен може да добие затворска казна или голема финансиска казна.

Бонен е светски шампион од 2005, а лани ја заработи првата зелена маичка како најдобар спринтер на Тур де Франс. Не е јасно дали тој ќе се натпреварува оваа година во Франција поради легалните проблеми. Менаџерот на Квик Степ, Патрик Лефевр вели дека неговиот тим ќе го поддржи Бонен.

"По разговорите со спонзорите одлучивме да ја продолжиме довербата во Том Бонен. Најлесно е да напуштиш некого кога ќе направи грешка. Знаеме што Том направи за нашиот тим во последните шест години и се надеваме дека ќе продолжи така и следните три години", вели Лефевр.

Бонен имаше проблеми и минатата недела кога беше фатен како вози пребрзо со својот автомобил под дејство на алкохол. Тој нема да добие суспензија од велосипедизмот, бидејќи тестот е направен на 25 мај помеѓу две трки, Париз-Рубе и Трката околу Белгија, а кокаинот не се смета за недозволено средство кога е земено надвор од натпреварувања.

Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 234
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,266 секунди.