Автор |
Тема Пребарувај Опции за темата
|
La Ninja
Сениор
She Hulk
Регистриран: 13.Јуни.2006
Статус: Офлајн
Поени: 1605
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Тема: Велосипедизам Испратена: 15.Јуни.2008 во 13:01 |
ВЕЛОСИПЕДИЗАМ - БЕЛГИСКИОТ СПРИНТЕР ВЕЛИ ДЕКА ЌЕ ЈА ПОНЕСЕ ОДГОВОРНОСТА
Бонен се извини на фановите, не е сигурен за ТдФ
Поранешниот светски шампион во велосипедизам, Том Бонен се извини на
своите фанови во средата и изјави дека ќе ја прифати одговорноста за
неговите постапки во истрагата за користење кокаин. Велосипедистот на
Квик-Степ прочита кратка порака до новинарите, но не ги потврди или
отфрли обвинувањата дека земал кокаин пред изненадувачкиот допинг-тест
минатиот месец.
"Нема да се бранам себеси денеска, но на своите
пријатели, на моето семејство и на мојот тим предизвикав многу болка и
за тоа се извинувам. Во последно време сум на медиумите, но само поради
негативни работи. Не сум совршен и ќе ги прифатам последиците", вели
Бонен.
Велосипедистот стана вистинска ѕвезда во Белгија, каде
што велосипедизмот е еден од најследените спортови. Тој побара од
неговите фанови да веруваат во него и дека ќе се врати наскоро во
спортот. Обвинителите изјавија дека истрагата може да трае неколку
месеци, но предупредија дека Бонен може да добие затворска казна или
голема финансиска казна.
Бонен е светски шампион од 2005, а лани
ја заработи првата зелена маичка како најдобар спринтер на Тур де
Франс. Не е јасно дали тој ќе се натпреварува оваа година во Франција
поради легалните проблеми. Менаџерот на Квик Степ, Патрик Лефевр вели
дека неговиот тим ќе го поддржи Бонен.
"По разговорите со
спонзорите одлучивме да ја продолжиме довербата во Том Бонен. Најлесно
е да напуштиш некого кога ќе направи грешка. Знаеме што Том направи за
нашиот тим во последните шест години и се надеваме дека ќе продолжи
така и следните три години", вели Лефевр.
Бонен имаше проблеми и
минатата недела кога беше фатен како вози пребрзо со својот автомобил
под дејство на алкохол. Тој нема да добие суспензија од велосипедизмот,
бидејќи тестот е направен на 25 мај помеѓу две трки, Париз-Рубе и
Трката околу Белгија, а кокаинот не се смета за недозволено средство
кога е земено надвор од натпреварувања.
|
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....
|
|
La Ninja
Сениор
She Hulk
Регистриран: 13.Јуни.2006
Статус: Офлајн
Поени: 1605
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 15.Јуни.2008 во 13:02 |
Како ви се допаѓа велосипедизмот како спорт? Дали воопшто и го користите? Која е вашата идеална километража? Дали некогаш лошото време (како летен дожд) знае да ве спречи или сепак и тогаш настојувате да возите?
|
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....
|
|
La Ninja
Сениор
She Hulk
Регистриран: 13.Јуни.2006
Статус: Офлајн
Поени: 1605
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 15.Јуни.2008 во 13:03 |
Јас не го користам како нешто што редовно се бавам, но можам слободно да кажам дека летно време не се симнувам од точак. Редивни визам а најголема километража ми е 30 км. Добро, тоа ми е стандард вожња...
|
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....
|
|
La Ninja
Сениор
She Hulk
Регистриран: 13.Јуни.2006
Статус: Офлајн
Поени: 1605
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 16.Јуни.2008 во 18:06 |
ВЕЛОСИПЕДИЗАМ - ШПАНСКИОТ АС ВЕЛИ ДЕКА Е ДОБРО ПОДГОТВЕН
Валверде ја освои Дофине, сега мисли на Тур де Франс
Шпанецот Алехандро Валверде покажа дека е на добар пат да биде
вистински предизвикувач на Тур де Франс, по победата на Дофине Либере
трката во неделата. Втор, зад 28-годишниот велосипедист од Мурсија беше
Австралиецот Кејдел Еванс со 39 секунди заостанување, додека трет беше
Американецот Леви Леипхајмер со 1:24 заостанување.
Казахстанецот
Дмитри Фофонов беше најбрз од тројцата велосипедисти кои се одвоија на
планинската седма и последна етапа од Сен Жан Де Мориен до Гренобл,
пред Белгиецот Јирген Ван Де Вале, додека Русинот Јури Трофимов беше
трет.
"Ова е моја најголема победа на трка со етапи. Покажав
дека формата е многу подобра од очекуваното и изгледа навистина добро
за Тур де Франс", вели Валверде.
Шпанецот беше шестопласиран на
минатогодишната ТдФ откако подолго време експертите го сметаат за
вистински конк*рент на најпрестижната трка на светот.
"Ја освоив
Дофине малку како Мигуел Индураин, кој освои пет титули од ТдФ. Ја
добив жолтата маичка рано на трката на хронометар и потоа успеав да ги
контролирам ривалите на планините. Ако можам да го направам истото во
Франција ќе биде одлично. Но, таму е многу поинаку", вели Валверде.
Фофонов, пак, вели дека бил несигурен како ќе заврши спринтот на крајот на 128 километри долгата етапа.
"Обично
сум доволно брз на спринтерските етапи, но никогаш не знаеш што може да
се случи на крајот на тешка планинска етапа. Трофимов нападна на
последното искачување и ме остави зад него, но не смеев да дозволам да
ми избега премногу", вели Фофонов.
Ернандез со водство на Трката околу Швајцарија
Шпанецот
Игор Антон Ернандез го презеде водството во генерален пласман на Трката
околу Швајцарија откако победи на втората етапа од Лангнау-Им-Ементал
до Флумсерберге во неделата. Велосипедистот на Еускалтел нападна на 400
метри пред финишот ипобеди со одлична предност од 6 секунди пред Ким
Кирхен од Луксембург и Италијанецот Дамјано Кунего.
Во саботата
првата етапа ја доби поранешниот светски шампион Оскар Фреире, кој ги
совлада Швајцарецот Мартин Елмигер и Кирхен во спринтерски финиш. Оваа
етапа беше одбележана со долгиот напад на тројца велосипедисти, кои беа
фатени на два километри пред финишот. Ова е четврта етапна победа на
Фреире оваа година и дури 61. во неговата 11-годишна кариера.
Одобрени анти-допинг пасошите
Таканаречените
"биолошки пасоши" се формално одобрени од Интернационалната
велосипедска унија (УЦИ). Системот, преку кој се запишуваат податоците
од примероците урина и крв, се смета како ефективно оружје против
допингот. Повеќе од 850 професионални велосипедисти се вклучени во
проектот вреден над 8 милиони $ и создаден со помош на Светската
анти-допинг агенција (ВАДА). Секој велосипедист ќе мора да оди на
серија тестови на крвта и урината и треба да се направи профил на
хемискиот баланс во нивното тело во лабораторијата во Лозана,
Швајцарија, а потоа допинг-прекршоците ќе се утврдуваат со отстапување
од овие нивоа.
|
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....
|
|
La Ninja
Сениор
She Hulk
Регистриран: 13.Јуни.2006
Статус: Офлајн
Поени: 1605
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 17.Јуни.2008 во 19:31 |
ВЕЛОСИПЕДИЗАМ - АВСТРАЛИСКИОТ ВЕТЕРАН ВО ДОБРА ФОРМА ПРЕД ТУР ДЕ ФРАНС
Мекјуен најбрз на дождливиот спринт
Австралиецот Роби Мекјуен покажа дека е во добра форма за Тур де
Франс, откако победи на третата етапа на Трката околу Швајцарија во
Госау во понеделникот. 35-годишниот ветеран од Бризбејн доби одлична
помош од колегите од Сајленс-Лото тимот во последниот километар на
дождливата етапа, а потоа беше најбрз на последните 300 метри.
Шпанскиот поранешен светски шампион Оскар Фреире не успеа да ја заддржи
брзината со Мекјуен и заврши како втор пред Германецот Гералд Чиолек.
"Обично
треба да внимавам сам на спринтерските финиши, но овојпат имав тимски
колеги кои ми помогнаа. Направивме тактика пред етапата и таа беше
одлична. Некои од колегите направија голема работа кога ги стигнаа
тројцата велосипедисти кои се одвоија на стартот, а потоа и Леиф Хосте
и Грег Ван Авармет ме водеа до финишот. Забрзав прерано, на 300 метри
пред крајот, но се чувствував силен и внимавав на Фреире. Знаев дека ќе
победам", вели Мекјуен.
Ова е само втора победа за Мекјуен оваа
сезона, но 141. победа во неговата 13-годишна професионална кариера.
Тој се мачеше по незгоден пад на стартот на сезоната, но сега е сигурен
дека ќе се бори за етапни победи на Тур де Франс, која стартува на 5
јули.
"Немав добра сезона, но во февруари имав лош пад. Сега се
чувствувам добро. Мојот сонародник Кејдел Еванс ќе ја освои жолтата
маичка на Тур де Франс, така што не верувам дека ќе можеме да одиме и
на зелената маичка за спринтери, но мислам дека ќе имам добри шанси на
спринтовите", додава Мекјуен, кој ќе има нова шанса за победа во
вторникот по 171 километри од Госау до Домат-Емс.
Шпанецот Игор Антон, победникот на втората етапа останува лидер во генерален пласман.
Тим Хај Роуд станува Тим Колумбија за ТдФ
Американскиот
велосипедски тим Хај Роуд, кој моментално настапува на Трката околу
Швајцарија, потпиша нов спонзорски договор и од Тур де Франс ќе биде
познат како Тим Колумбија. Про Тур тимот од Калифорнија, кој во
составот ги има Американецот Џорџ Хинкапи, Ким Кирхен од Луксембург и
Британецот Марк Кавендиш потпиша тригодишен договор со Колумбија
Спортсвеар Компани, познатата американска фирма за спортска опрема.
Хај
Роуд од 1991 беше познат како Тим Телеком, а од 2004 како Т-Мобиле, но
германскиот телеком гигант го прекина договорот поради серијата
допинг-скандали. Спонзорството со Колумбија ги поврзува двата тима,
машкиот и женскиот, кои победија на повеќе од 70 трки во 2008.
Бонен ќе се трка овој викенд
Белгиецот Том
Бонен ќе се натпреварува за првпат по откритието дека користел кокаин
овој месец. Белгискиот поранешен светски шампион и минатогодишен
освојувач на зелената маичка за спринтери на Тур де Франс ќе учествува
на Стер Електротер трката во Белгија, потврди неговиот Квик Степ тим.
Бонен не е суспендиран поради позитивниот тест, бидејќи се случил
надвор од натпреварувања, но организаторите на Тур де Франс решија да
не го поканат на овогодишната трка.
|
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....
|
|
La Ninja
Сениор
She Hulk
Регистриран: 13.Јуни.2006
Статус: Офлајн
Поени: 1605
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 25.Јуни.2008 во 17:15 |
ВЕЛОСИПЕДИЗАМ - ТИМОВИТЕ ПОЧНАА ДА ГО ОБЈАВУВААТ СОСТАВОТ ЗА НАЈЕЛИТНАТА ТРКА НА СВЕТОТ
Рико, сепак, ќе добие шанса на Тур де Франс
Италијанецот Рикардо Рико, сепак, ќе учествува на Тур де Франс како
замена за болниот Хозе Анхел Гомез Марчанте објави неговиот Соние Дувал
тим. 24-годишниот Рико заврши како втор на Џиро Д'Италија минатиот
месец и сега ќе биде еден од главните фаворити за маичката со црвени
точки (полка) за најдобар велосипедист на планинските етапи на
најголемата велосипедска трка на светот. "Рико, чиј календар не
вклучуваше Тур де Франс, ќе дојде со нас бидејќи Марчанте нема да може
да се натпреварува", објавуваат од Соние Дувал. Ова ќе биде втор
настап на Рико на ТдФ, две години откако заврши само 98. во генерален
пласман во своето деби. Тур де Франс стартува во Брест на 5 јули и
завршува во Париз на 27 јули. Од тимот на ЦСЦ, пак, објавија
дека браќата од Луксембург Анди и Франк Шлек ќе бидат предводници на
тимот во Франција. Генералниот менаџер на ЦСЦ, Бјарне Рис, постави
силен тим во кој се и швајцарскиот специјалист за трки на хронометар
Фабијан Канцелара (победник на прологот во 2004 и 2007) и
четирикратниот освојувач на зелената маичка за најдобар спринтер,
Стјуарт О'Грејди. Ова е последен пат ЦСЦ да биде спонзор на тимот за
ТдФ откако следната година тимот ќе добие нов спонзор и ново име Тим
Саксо Банк. "Повторно имаме големи амбиции. Со Карлос Састре и браќата Шлек го имаме можеби најдобриот планински тим на трката", вели Рис. Малиот
германски Геролштајнер тим исто така го објави својот тим за ТдФ,
предводен од Маркус Фотен. 27-годишниот Фотен, кој ја држеше белата
маичка за најдобар млад велосипедист 13 етапи во 2006 и заврши 15. во
генерален пласман е еден од седумте Германци во тимот. Австрискиот
специјалист за трки на хронометар Бернхард Кол исто така ќе се бори за
жолтата маичка, додека освојувачот на Амстел Златната трка Штефан
Шумахер и спринтерот Роберт Ферстер (победник на етапи на Џирото и
Вуелта) ќе бидат фаворити за спринтерските трки. "Мораме да ги
поддржуваме Маркус Фотен и Бернхард Кол во генерален пласман бидејќи
има многу тешки етапи во последната недела", вели спортскиот директор
Кристијан Хен. Контадор сака круна од Вуелта, а не олимписко злато
Шпанецот
Алберто Контадор, минатогодишниот освојувач на Тур де Франс и новиот
шампион од Џиро Д'Италија, вели дека повеќе би сакал да ја жртвува
Олимпијадата во Пекинг, за да пристигне на домашната Вуелта Еспања (од
30 август до 21 септември) во вистинска форма. 25-годишниот лидер на
Астана тимот нема да може да учествува на Тур де Франс оваа година
бидејќи неговиот тим е исклучен од организаторите, но вели дека сака да
стигне до историска тројна победа. "Тоа ќе влезе во историјата
за разлика од олимпискиот медал. Сакам да имам добра Вуелта дури и тоа
да значи слаби Игри во Пекинг. Веќе ја имам титулата од ТдФ и од
Џирото, и би било прекрасно да имам тројна победа", вели Контадор. Тој
би бил првиот Шпанец во историјата со троен триумф, додавајќи го своето
име на листата на само четири велосипедисти кои го направиле тоа: Еди
Меркс, Жак Анкетил, Фелис Гимонди и Бернар Хино. Контадор исто така
признава дека нема голема желба да ја следи Тур де Франс. "Ќе видам дали ќе бидам дома или на плажа. Немам никаква завист бидејќи годината оди според планот", додава Контадор. БЕЗБОЛ РЕЗУЛТАТИ:
Бостон - Аризона 1:2 Атланта - Милвоки 1:4 Вашингтон - Л.А.Енџелс 2:3 Њујорк Метс - Сиетл 2:5 Канзас Сити - Колорадо 8:4
|
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....
|
|
La Ninja
Сениор
She Hulk
Регистриран: 13.Јуни.2006
Статус: Офлајн
Поени: 1605
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 27.Јуни.2008 во 16:34 |
Возбудувањата можат да почнат
Планинскиот велосипедизам како спорт во Македонија зема с$ поголем
замав. Она што пред неколку години го преземаа како активности
неколкумина ентузијасти од државава, кои самоорганизирано крстосуваа по
македонскиите планини, полека се наметнува.
Се создаваат првите организирани услови за развој на овој спорт.
За
таа цел в недела (29 јуни) во с. Велестово официјално ќе биде пуштена
во употреба првата патека за планински велосипедизам. На церемонијата
која е закажана за 9,30 часот ќе присуствуваат видни личности од
јавниот живот на Македонија. Веднаш потоа со почеток во 10 часот ќе
стартува првиот рекреативен велосипедски маратон "Галичица 2008" на кој
ќе учествуваат над 50 велосипедисти од повеќе градови во Македонија.
Маратонот
е организиран од националниот парк Галичица, иницијативниот одбор на
"Планинската велосипедска трка низ Македонија - Сончев Круг" и ВК
"Енерџи" од Скопје.
Голем потстрек во развојот на планинскиот
велосипедизам имаше минатогодишната презентација на предлог проектот
"Планинска велосипедска трка низ Македонија - Сончев Круг" и двата
одржани рекреативни маратони "Шарски води" и "Јасен", кои на
македонската јавност & ги покажаа можностите кои ги поседува
Македонија за негов развој, но и за збогатување на туристичката понуда
и можностите за економски развој, особено на руралните подрачја.
Токму
во таа конотација вработените во националниот парк Галичица во април
оваа година преземаа активности за трасирање на прва патека за
планински велосипедизам во Македонија. Во подготовката со инструкции за
правилна и комплетна имплементација на потцртаниот план помогна ВК
"Енерџи". Проектот беше завршен во мај. Министерството за животна
средина и просторно планирање ја поддржа реализацијата и ја одобри
патеката кој ги исполнува, во целост, стандардите за заштита на
животната средина.
Вкупната должина на патеката изнесува 55 км,
на потегот од Студенчишта до месноста Два Јавора. Ова е само прв дел од
предвидениот парк за планински велосипедизам кој ќе се простира на
падините на Галичица. Изработката на патеката НП Галичица го стори со
сопствени финансиски средства. Организаторите на маратонот ги
покануваат сите заинтересирани да им се придружат во одбележувањето на
овој настан и топло да ги поздрават учесниците на маратониот на стартот
и при нивното пристигнување на целта.
|
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....
|
|
La Ninja
Сениор
She Hulk
Регистриран: 13.Јуни.2006
Статус: Офлајн
Поени: 1605
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 01.Јули.2008 во 17:20 |
ВЕЛОСИПЕДИЗАМ - ОДРЖАНО ДРУМСКОТО ДП
Еден-два победа за Електрика
Релацијата Кичево - М. Брод - Прилеп - М. Брод -
Кичево (за сениори и јуниори) и Прилеп - М. Брод - Кичево (за кадети)
беше маршрутата на која се одржа држаното првенство во велосипедизам во
дисциплината друмско возење на кое настапија точно 43 натпреварувачи
(19 сениори, 7 јуниори и 12 кадети, 4 мастер и 1 девојка) од клубовите
членки во Велосипедската федерација на Македонија.
Тоа што беше
интересно за овој натпревар се случи на целта кога двајцата возачи на
Електрика од Кочани, Цветановски и Јованов истовремено ја минаа целната
линија, со исто време на пристигнување (3:30,40 часа).
Кај
јуниорите исто така имаме еден два победа, овој пат за Вело - М од
Куманово, со таа разлика што првопласираниот Гелевски на целта
пристигна скоро 5 минути порано од Спасовски, додека во кадетска
конк*ренција разликата меѓу победникот Костадиновски (Вело - М),
второпласираниот Илиев (Електрика) и Г. Ангелов (Електрика) беше само 2
секунди, што значи подобриот финишер дојде до победата.
После ова трка ранг листата на ВФМ не претрпе некои измени, особено не на водечките тројки, во сите категории.
Така,
кај сениорите во водство е Ј. Јованов со 58 поени, а го следат Б.
Соларски (Цикло спорт) со 36 и З, Ристовски (Вело -М) со 35.
Меѓу
јуниорите П. Гелевски (Вело - М) го задржа првото место со 49 поени, С.
Сарафиновски (Цикло спорт) е втор со 42, додека третопласиран е М.
Спасовски (Вело - М) со 37 бода.
Меѓу кадетите Ф. Костадиновски
(Вело - М) сега има 46 поени, А. Илиев (Електрика) е втор со 32, додека
Г. Ангелов (Електрика) со 28 бода е на треторангиран.
Во
категоријата мастерс во моментов се рангираат само учесниците од Енерџи
- Г. Цветановски (28), Д. Тодоров (26) и Д. Кантарџиев (24), додека кај
девојките М. Мицевска (Софка) со 24 бода.
Екипно работите се
доста јасни, барем во моментов. Вело - М е на чело со 243 бода, втора е
екипата на Електрика со 186, а трет Цикло спорт со 173 поени.
Следниот
натпревар кој се бодува за ранг листата на ВФМ ќе биде традиционалната
трка "Солидарност" која е закажана после две недели, поточно на 13.
јули, а ќе се вози околу тврдината Кале во Скопје - кружна патека.
ПОБЕДНИЦИ ПО КАТЕГОРИИ
СЕНИОРИ
1. С. Цветановски (Еле.) 3:30,40 ч.
2. Ј. Јованов (Еле.) 3:30,40
3. Г. Кузмановски (Енер) 3:36,57
ЈУНИОРИ
1. П. Гелевски (Вело - М) 3:36,46
2. М. Спасовски (Вело -М) 3:41,19
3. Д. Борисов (Скопје) 3:49,47
КАДЕТИ
1. Ф. Костадиновски (Вело - М) 1:56,23 ч
2. А. Илиев (Елект) 1:56,25
3. Г. Ангелов (Електр) 1:56,27
|
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....
|
|
La Ninja
Сениор
She Hulk
Регистриран: 13.Јуни.2006
Статус: Офлајн
Поени: 1605
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 07.Јули.2008 во 15:45 |
ВЕЛОСИПЕДИЗАМ - ВОЗБУДЛИВ ПРВИОТ ВИКЕНД НА ТУР ДЕ ФРАНС
Хусховд најснаодлив, Валверде два дена во жолто
Норвежанецот Тор Хусховд стигна до својата шеста победа на Тур де
Франс, откако во масовен спринт беше најбрз на втората етапа на
овогодишната трка. Асот на Кредит Агрикол, кој победи на прологот во
Стразбур пред две години, беше поснаодлив од спринтерските ривали во
нервозен финиш по 164.5 километри од Ореј до Сен Бриу и го совлада Ким
Кирхен од Луксембург (Тим Колумбија) и неговиот колега Германецот
Гералд Циолек.
Но, тоа не беше доволно да се превземе лидерската
жолта маичка од Алехандро Валверде, откако Шпанецот од тимот на Кес
Д'Епарњ заврши сигурно во главната група.
"Знаев дека ова е
спринт кој може да ми одговара, но беше навистина тешко со дождот и со
незгодната кривина пред крајот. Тактички тимот беше добар со Џими
Енгулвен и Вилијам Боне зад мене", вели Хусховд, кој својата прва ТдФ
победа ја имаше во Бург ен Брес во 2002.
Валверде, кој ќе ја
носи жолтата маичка во третата етапа од 208 километри од Сен Мало и
Нант беше задоволен. 28-годишниот Шпанец е еден од конк*рентите за
победа во генерален пласман, но не сакаше да ризикува пад во етапата.
"Беше
убаво да се вози во жолто, и луѓето нон-стоп ме повикуваа. Дали можев
да победам тука? Не, ова е етапа за чистите спринтери, бидејќи по
последното искачување имаше долг рамен дел", вели Валверде.
Французите
Силван Шаванел и Томас Веклер се одвоија по неколку километри од
етапата за да направат предност од пет и пол минути, но таа предност
почна да се топи пред застрашувачкото Кот Мур-де-Бретањ искачување во
должина од 1.5 километри со просечно искачување од 8.5%. Нивните
сонародници Криштоф Моро и Давид Ле Лај, кој е роден во Сен Бриу се
приклучија до нив на искачувањето.
Франсе Де Жу тимот, кој ја
бранеше жолтата маичка за најдобар спринтер на Филип Жилбер и Кес
Д'Епарњ којго бранеше водството на Валверде забрзаа на 50 километри
пред крајот. Швајцарецот Фабијан Канцелара, специјалист за трки на
хронометар, се обиде да оди сам на еден километар пред финишот, но беше
"фатен" на помалку од два километри пред финишот прво од Филипо Поцато
(кој победи во Сен Бриу пред четири години) и главната група. Хусховд
чекаше на последните 100 метри за да излезе пред конк*рентите, што беше
исправна одлука.
Минатогодишниот освојувач на маичката со точки
за најдобар на планините, Хуан Маурисио Солер го повреди зглобот на
левата рака во саботната прва етапа, а на 25 километри во неделата
падна од главната група и заврши со 7 минути заостанување и неизвесно е
дали ќе продолжи со трката.
РЕЗУЛТАТИ:
НЕДЕЛА, 2.ЕТАПА, ОРЕЈ-СЕН БРИУ, 164.5 КМ
1.Тор Хусховд (Нор) - Кредит Агрикол 3:45:13
2.Ким Кирхен (Лук) - Тим Колумбија +0:00
3.Гералд Циолек (Гер) - Тим Колумбија +0:00
4.Роберт Хантер (ЈАР) - Барловорлд +0:00
5.Ерик Цабел (Гер) - Тим Милрам +0:00
САБОТА, 1.ЕТАПА, БРЕСТ-ПЛУМЕЛЕ, 197.5 КМ
1.Алехандро Валверде (Шпа) - Кес Д'Епарњ 4:36:07
2.Филип Жилбер (Бел) - Франсе Де Жу +0:01
3.Жером Пино (Фра) - Бујже Телеком +0:01
4.Ким Кирхен (Лук) - Тим Колумбија +0:01
5.Рикардо Рико (Ита) - Соние Дувал +0:01
ГЕНЕРАЛЕН ПЛАСМАН
1.Алехандро Валверде (Шпа) - Кес Д'Епарњ 8:21:20
2.Ким Кирхен (Лук) - Тим Колумбија +0:01
3.Оскар Фреире (Шпа) - Рабобанк +0:01
4.Хуан Хозе Кобо (Шпа) - Соние Дувал +0:01
5.Кејдел Еванс (Авс) - Сајленс-Лото +0:01
6.Жером Пино (Фра) - Бујже Телеком +0:01
7.Дејвид Милар (Бри) - Тим Гармин +0:01
8.Рикардо Рико (Ита) - Соние Дувал +0:01
9.Франк Шлек (Лук) - Тим ЦСЦ +0:01
10.Филипо Поцато (Ита) - Ликвигас +0:01
СО ВЕЛОСИПЕД НИЗ ФРАНЦИЈА
Четири
тима беа на тестови на крвта пред неделната втора етапа на Тур де Франс
и на сите 36 велосипедисти им беше дозволено да стартуваат.
Велосипедистите на Лампре, Тим ЦСЦ, Тим Колумбија и Соние Дувал беа на
тест пред Француската Анти-допинг Агенција.
Трикратниот Тур де
Франс шампион, Грег Лемонд побара од велосипедизмот да се "откачи" од
Интернационалната Велосипедска Унија (УЦИ) и да се врати имиџот преку
нова федерација. "На велосипедизмот повеќе не му треба УЦИ. Тие сега се
тука само за лиценците и за регулативите. Затоа организаторите и
тимовите треба да направат своја федерација. Ми се допаѓа сегашниот
претседател на УЦИ, Патрик Мекквејд, но има премногу багаж во таа
организација", вели Американецот, кој се повлече од спортот во 1994.
Првата
Тур де Франс за Ерв Дукло-Ласал траеше помалку од три часа.
Велосипедистот на Кофидис е првиот кој се повлече од трката откако
падна и го скрши својот лев зглоб на раката. "Тој има фрактура на
левиот зглоб и мораше да оди во болница. Се работеше за бизарна несреќа
кога друг велосипедист ја стави торбичката со шишиња пред него", вели
спортскиот директор на Кофидис, Франсис Ван Лондерселе. 28-годишниот
Дукло-Ласас доаѓа од велосипедско семејство, откако негвоиот татко Ерв
Дукло-Ласал Сениор двапати победи на Париз-Рубе класика.
|
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....
|
|
La Ninja
Сениор
She Hulk
Регистриран: 13.Јуни.2006
Статус: Офлајн
Поени: 1605
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 09.Јули.2008 во 16:45 |
ВЕЛОСИПЕДИЗАМ - ПО ТРИУМФОТ НА ПРВАТА ТРКА НА ХРОНОМЕТАР НА ТУР ДЕ ФРАНС
Шумахер фуриозно во жолто
Германецот Штефан Шумахер стигна до водството во генерален пласман
на Тур де Франс во вторникот, откако победи на првата индивидуална трка
на хронометар на тринеделната славна трка. Тој ги заврши 29.5 километри
за 35 минути и 44 секунди, за 12 секунди подобро од Ким Кирхен од
Луксембург и Британецот Дејвид Милар.
Шумахер ја превзеде
жолтата маичка од Французинот Роман Феилу, кој изненадувачки ја доби по
третото место на понеделничката трета етапа. Германецот има добри шанси
да го заддржи водството уште еден ден, откако во генерален пласман има
12 секунди пред Милар и Кирхен. Денешната етапа ги фаворизира
спринтерите и се очекува фаворитите да бидат во главната група, бидејќи
етапта од Шоле до Шатеру е најдолгата и најрамната етапа на трката.
"Не
дојдов тука да победам на Тур де Франс. Целта беше да ја имам оваа
маичка барем еден ден и да победам на една етапа. Тоа го остварив, така
што сега се друго е голем бонус", вели Шумахер.
Во јануари
германската полиција објави дека пронашла амфетамини во крвта на
Шумахер кога беше сопрен за возење под дејство на алкохол на 7
октомври, шест дена откако освои бронза на Светското Првенство во
Штутгарт. Тој не беше казнет од велосипедските власти бидејќи
користењето амфетамини надвор од натпреварувањата не е допинг престап.
"Не
сум горд што влегов во автомобилот пијан. Јас сум јавна личност и треба
да бидам пример за другите. Не беше добро за мене", признава Шумахер.
МИЛАР "СОВРШЕН", КАНЦЕЛАРА СО ЛОША СРЕЌА
Дејвид
Милар, велосипедистот кој беше суспендиран две години поради користење
ЕПО, беше втор на етапата и изјави дека е "задоволен" од третото место.
"Се беше совршено за мене. Навистина сум задоволен бидејќи дадов 100% од своите можности", вели Милар.
Светскиот
шампион во трки на хронометар и голем фаворит за победа на етапата,
Швајцарецот Фабијан Канцелара го преврте својот стартен број 13, но тоа
не му помогна и тој заврши како петти со 33 секунди заостанување. Нему
му попречи и силниот дожд, кој подоцна го снема за стартерите со
поголеми стартни броеви.
"Мојата глава е надолу, но морам да
останам позитивен бидејќи може да биде подобро на следната трка на
хронометар. Денеска не беше мој ден и не можев да го најдам ритамот",
вели Канцелара.
ЕВАНС НАЈМНОГУ ДОБИ ВО ВТОРНИКОТ
Откако
остана удобно во главните групи три дена, Австралиецот Кејдел Еванс
покажа "заби" во вторникот со четвртото место, поминувајќи ги сите
други фаворити за победа во генерален пласман.
"Добар старт, но
има уште многу до Париз. Сакам да се споредувам со другите фаворити и
по Дофине Либере сум подобар", вели Еванс, кој беше втор на таа трка
пред Шпанецот Алехандро Валверде.
Срамежливиот Австралиец, кој на ТдФ оди со својот телохранител и е ретко достапен за новинарите, сега нема каде да се крие.
Тој сега има 1 минута и 6 секунди предност пред Шпанецот Валверде, кој не е познат како специјалист за трки на хронометар.
"Вистина
е дека Шумахер постигна одлично време, но добро е што не загубив многу
време во однос на другите ривали", вели Валверде.
Прва закана за
Еванс засега е шампионот од Вуелта Еспања, Русинот Денис Менчов кој
заостанува 1:12, додека Италијанецот Дамјано Кунего, кој пред две
години беше најдобар млад велосипедист на Тур де Франс е 16. со 1:26
заостанување зад Валверде. Второпласираниот од Џиро Д'Италија, Рикардо
Рико заврши 3:36 зад победникот на етапата и скоро сигурно ги загуби
шансите за победа.
РЕЗУЛТАТИ:
4.ЕТАПА, ШОЛЕ-ШОЛЕ, 29.5 КМ ТТ
1.Штефан Шумахер (Гер) - Геролштајнер 35:44
2.Ким Кирхен (Лук) - Тим Колумбија +0:18
3.Дејвид Милар (Бри) - Гармин Шипотл +0:18
4.Кејдел Еванс (Авс) - Сајленс-Лото +0:27
5.Фабијан Канцелара (Шва) - Тим ЦСЦ +0:33
6.Денис Менчов (Рус) - Рабобанк +0:34
7.Јенс Фоигт (Гер) - Тим ЦСЦ +0:35
8.Кристијан Ванде Велде (САД) - Гармин Шипотл +0:37
9.Џорџ Хинкапи (САД) - Тим Колумбија +0:41
10.Винченцо Нибали (Ита) - Ликвигас +0:47
ГЕНЕРАЛЕН ПЛАСМАН
1.Штефан Шумахер (Гер) - Геролштајнер 14:04:41
2.Ким Кирхен (Лук) - Тим Колумбија +0:12
3.Дејвид Милар (Бри) - Гармин Шипотл +0:12
4.Кејдел Еванс (Авс) - Сајленс-Лото +0:21
5.Фабијан Канцелара (Шва) - Тим ЦСЦ +0:33
6.Кристијан Ванде Венде (САД) - Гармин Шипотл +0:37
7.Џорџ Хинкапи (САД) - Тим Колумбија +0:41
8.Томас Левквист (Шве) - Тим Колумбија +0:47
9.Винченцо Нибали (Ита) - Ликвигас +0:58
10.Хозе Иван Гутиерез (Шпа) - Кес Д'Епарњ +1:01
СО ВЕЛОСИПЕД НИЗ ФРАНЦИЈА
Колумбиецот
Хуан Маурисио Солер, кој лани ја освои титулата Крал на планините на
Тур де Франс ќе ја продолжи трката и покрај тоа што скрши мала коска во
десниот зглоб на раката, објави неговиот менаџер од Барловолд, Клаудио
Корти. Солер падна на првата етапа. Во трката останува и Данецот Ники
Соренсен кој падна во понеделникот.
Британските фанови се
разочарани од формата на нивниот миленик Марк Кавендиш, но првите
четири етапи не му одговараа. Со седум победи оваа година, 22-годишниот
велосипедист на Тим Колумбија е главен фаворит за спринтерската зелена
маичка по отсуството на Том Бонен и Алесандро Петаки. "Да, би бил малку
разочаран ако не победам на една етапа оваа година. Но, спринтерските
етапи во Франција се поинакви и потешки, бидејќи брзината е најмалку
10% поголема. Тука има брзање од почеток до крај", вели Кавендиш.
Актуелниот
светски шампион, Италијанецот Паоло Бетини (Квик Степ) стигна до
својата прва победа во 2008 на Трката околу Франција. Ветеранот вози во
Австрија како дел од подготовките за одбраната на титулата на
Олимпијадата во Пекинг. "Одлуката да се оди во Австрија се покажа како
добра. Одлично е што стигнав до својата прва победа во 2008", вели
Бетини.
Генералниот менаџер на Тим Колумбија, Боб Стејплтон вели
дека сите политички битки во велосипедизмот можат да се разрешат
наскоро. "Мислам дека разликите не се толку големи. Луѓето треба да
заборават на историјата и на личните разлики и да се фокусираат на
умните работи за велосипедизмот. Сите сакаат да се избориме против
допингот, но мора да имаме и вистинска структура на трките, на кои
спонзорите мораат да веруваат", вели Стејплтон.
|
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....
|
|
La Ninja
Сениор
She Hulk
Регистриран: 13.Јуни.2006
Статус: Офлајн
Поени: 1605
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 10.Јули.2008 во 14:18 |
ВЕЛОСИПЕДИЗАМ - БРИТАНЕЦОТ ОДГОВОРИ СОВРШЕНО НА ЕТАПАТА СОЗДАДЕНА ЗА СПРИНТЕРИ
Кавендиш до својата деби ТдФ победа
Британецот Марк Кавендиш беше најсилен во спринтерскиот финиш за да
ја освои најдолгата етапа на Тур де Франс, додека Германецот Штефан
Шумахер барем уште еден ден ќе ја носи лидерската жолта маичка.
Кавендиш ги совлада Шпанецот Оскар Фреире и германскиот ветеран Ерик
Цабел во финишот на 232 километри долгата рамна етапа од Шоле до Шатеру.
"Ова
е најголемата работа која сум ја направил во кариерата. Да се победи на
етапа на Тур де Франс е нешто неверојатно. Дојдов тука за ова. Победата
ми значи многу", вели 23-годишниот Кавендиш.
Кавендиш беше
разочаран откако на понеделничката етапа победија велосипедисти кои се
одвоија и спринтерите не добија шанса за битка. Тој беше критикуван од
британските медиуми за недостатокот на борбен дух пред стартот на ТдФ.
Велосипедистот од островот Мен во вторникот беше избран да вози во
Медисон трката на велодром натреварите на Олимпијадата во Пекинг заедно
со Бредли Вигинс, откако двојката ја освои светската титула во март.
Кавендиш не планира да се натпреварува на уличната трка во Пекинг.
Тројца
Французи, Лилијан Жегу, Никола Вогонди и Флорен Брар успеаја да се
одвојат по само 10 километри и во еден момент имаа предност од повеќе
од 8 минути. Но, остатокот од велосипедистите не беше загрижен и тие
беа фатени пред финишот.
Шумахер од друга страна успеа да ја заддржи предноста од 12 секунди пред Ким Кирхен од Луксембург и Дејвид Милар од Британија.
Шпанецот
Алехандро Валверде, кој е меѓу фаворитите за победа во генерален
пласман, по 70 километри од трката налета на остатоци на патот и излета
од својот велосипед. Валверде доби повреди на десната рака и десното
колено, но се врати на велосипедот и заврши во главната група.
Французинот Орелиен Пасерон удри една гледачка при финишот на трката, но и тој ја заврши етапата со големо заостанување.
Денешната
шеста етапа е првиот вистински планински тест за велосипедистите, кои
се доближуваат на Масиф Централ планините и финишот на етапата е во
ски-центарот Супер Бесе.
РЕЗУЛТАТИ:
5.ЕТАПА, ШОЛЕ-ШАТЕРУ, 232 КМ
1.Марк Кавендиш (Бри) - Тим Колумбија 5:27:52
2.Оскар Фреире (Шпа) - Рабобанк +0:00
3.Ерик Цабел (Гер) - Тим Милрам +0:00
4.Тор Хусховд (Гер) - Кредит Агрикол +0:00
5.Бејден Кук (Авс) - Барловорлд +0:00
6.Роберт Хантер (ЈАР) - Барловорлд +0:00
7.Леонардо Дуке (Кол) - Кофидис +0:00
8.Роби Мекјуен (Авс) - Сајленс-Лото +0:00
9.Франчески Чичи (Ита) - Ликвигас +0:00
10.Џулијан Дин (НЗе) - Гармин-Шипотл +0:00
ГЕНЕРАЛЕН ПЛАСМАН
1.Штефан Шумахер (Гер) - Геролштајнер 19:32.33
2.Ким Кирхен (Лук) - Тим Колумбија +0:12
3.Дејвид Милар (Бри) - Гармин-Шипотл +0:12
4.Кејдел Еванс (Авс) - Сајленс-Лото +0:21
5.Фабијан Канцелара (Шва) - Тим ЦСЦ +0:33
6.Кристијан Ванде Велде (САД) - Гармин-Шипотл +0:37
7.Џорџ Хинкапи (САД) - Тим Колумбија +0:41
8.Томас Левквист (Шве) - Тим Колумбија +0:47
9.Винченцо Нибали (Ита) - Ликвигас +0:58
10.Хозе Иван Гутиерез (Шпа) - Кес Д'Епарњ +1:01
"Кралот на планините" Солер се откажа
Колумбиецот
Хуан Маурисио Солер, кој лани ја освои маичката со црвени точки за
најдобар на планинските етапи се повлече од Тур де Франс поради
повреда. Асот на Барловорлд доби скршеница на зглобот на дланката и
повреда на раката при падот на првата етапа и падна од својот велосипед
пред стартот на петтата етапа во средата. Солер се врати на велосипедот
и ја започна етапата, но се откажа по 11 километри.
"Во договор
со Маурисио решивме да почекаме два дена по падот да видиме дали
работите ќе тргнат на подобро, но мораме да сфатиме дека е невозможно
тој да продолжи. Маурисио имаше многу лоша среќа оваа година, со падови
на Џирото и тука", вели менаџерот на Барловолд, Клаудио Корти.
Минатата година Солер беше едно од најголемите изненадувања на Тур де Франс, победувајќи на планинската етапа до Бриансон.
СО ВЕЛОСИПЕД НИЗ ФРАНЦИЈА
Француската
велосипедска легенда и петкратна светска шампионка, Жени Лонго стигна
до својот 55. трофеј во кариерата со победа на пурсуит натпреварувањето
на националниот шампионат пред ривалката Кети Монкасин. 49-годишната
Лонго го обезбеди местото на својата седма Олимпијада минатиот месец со
победа на уличната трка и трката на хронометар на Францускиот
Шампионат. Олимписката шампионка во улична трка од 1996 година има
учествувано на сите Игри од воведувањето на женскиот велосипедизам на
Игрите.
Претседателот на ЦПА (Асоцијацијата на професионални
велосипедисти), поранешниот француски професионалец Седрик Васер се
уште бара од организаторите на Тур де Франс, АСО да ги платат наградите
на многу велосипедисти. "Мислам дека повеќето награди стигнаа до
велосипедистите. Ситуацијата беше лоша бидејќи имаше 5 момци кои не беа
класифицирани поради сите допинг-скандали. Добивме уверување дека се ќе
биде во ред наскоро", вели Васер, кој и самиот не добил пари за
победата на една етапа на ТдФ минатата година.,
Менаџерот на
Гармин-Шипотл тимот, Џонатан Вотерс, поранешен помошник на
седумкратниот ТдФ шампион Ленс Армстронг вели дека работите се менуваат
во борбата против допингот. Американецот трипати возеше на ТдФ со УС
Постал и Кредит Агрикол тимовите, пред да се пензионира во 2003, и во
2005 да го формира тимот Слипстрим, кој сега се вика Гармин-Шипотл.
"Има доста докази за тоа. На третата етапа еден тим беше напред и
другите го стигнаа. Веќе нема ситуации кога возиш 60 км/ч два часа и
стигнуваш се пред себе", вели Вотерс.
|
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....
|
|
La Ninja
Сениор
She Hulk
Регистриран: 13.Јуни.2006
Статус: Офлајн
Поени: 1605
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 23.Јули.2008 во 14:28 |
ВЕЛОСИПЕДИЗАМ - ВЧЕРА БЕШЕ ПОСЛЕДНИОТ СЛОБОДЕН ДЕН НА ТУР ДЕ ФРАНС
Еванс се уште главен фаворит
Вчерашниот последен слободен ден од годинашното
издание на Тур де Франс беше искористен за полнење на батериите пред
последните шест дена "веслање" по планините и автопатите, а особено
пред денешната и утрешната етапа во која треба да се минат исцрпувачки
предели низ Алпите.
Иако на 15. делница дојде до смена на
лидерските позиции, кај многумина што будно ја следат оваа трка,
најголем фаворит останува Кејдел Еванс од Австралија, возач на тимот
Сајленс-Лото, кој во моментов заостанува осум секунди зад актуелниот
сопственик на жолтата маичка, Франк Шлек од Луксембург, член на екипата
на ЦСЦ.
31-годишниот Еванс не беше најдобро подготвен за
претходната делница, па покрај тоа што беше минат од Шлек и Австриецот
Бернард Кол, кој засега го има епитетот "крал на планините" поради
најдобрите резултати на ридските цели, во близина на нивните времиња
дојдоа уште неколку велосипедисти, предводени од одличниот Русин Денис
Менчов, а во игра е дури и шестопласираниот Састре, бидејќи доцни само
49 секунди. Сега вниманието на Еванс не е толку насочено кон експресно
враќање на лидерската позиција, туку евентуално издржување при врвот се
до клучниот хронометар од 53 километри, кој во петок би можел да биде
клучен за изгледот на табелата, а кој треба да биде еден од адутите на
австралискиот велосипедист.
Најголем противник на Еванс во 15.
делница беше фактот што неговите колеги од Сајленс-Лото не можеа да го
следат или да го "влечат", па така тој се најде сам меѓу тројца возачи
на ЦСЦ, кои му помагаа на Шлек. Една од причините беше тоа што Еванс го
загуби одличниот колега, Украинецот Јарослав Попович, кој не можеше да
го следи темпото во раната фаза од последното искачување во неделната
релација.
"Губењето на Попович на тој начин дефинитивно ни
одмогна. Нашиот план беше тој да остане покрај Кејдел што е можно
подолго. Но, во секој случај сум задоволен од тоа што го пружија
момчињата. Ние не бевме единствениот тим што беше изолиран, бидејќи
само ЦСЦ имаше неколку возачи. Не се откажуваме и до крајот на Тур де
Франс ќе бидеме во игра за највисок пласман", вели менаџерот на тимот
на Еванс, Нендрик Редант.
Од друга страна, во ЦСЦ беа пресреќни
што успеа нивниот план за изолација на Еванс и останатите ривали, а
извонредната етапа беше поматена само со фактот што нејзин победник
беше Сајмон Џеранс од Австралија, кој беше како "фурија" низ Алпите за
претендентите.
"Не можеме да имаме се. Многу сум среќен од
нашето колективно возење. Ќе продолжиме со нашите напади низ Алпите, со
оглед на тоа што Еванс ќе биде голем фаворит на хронометарот. Ни треба
поголема залиха во пресрет на финалните денови", вели Алан Андерсон,
еден од менаџерите во тимот на ЦСЦ, во чии редови настапуваат Шлек и
Састре.
НА ВЕЛОСИПЕД НИЗ ФРАНЦИЈА
Шпанецот
Оскар Переиро, кој славеше на Тур де Франс пред две години, има
скршеница на раката по лошиот пад за време на 15. етапа, по што беше
принуден да се откаже од Трката низ Франција.
"Тој има целосна
фрактура на левиот хумерус. Во болницата во Торино ќе бидат извршеи
дополнителни прегледи за утврдување на сериозноста на повредата", се
вели во соопштението на неговиот тим Кас Д'Епарњ.
Денес на
најзначајната светска трка со велосипеди, оние што останаа во
конк*ренција, ќе ја возат 16. етапа од Кунео до Жозиер, чие растојание
изнесува 157 километри.
ГЕНЕРАЛЕН ПЛАСМАН
1. Франк Шлек (Луксембург) 63:57:21
2. Бернард Кол (Австрија) +0:07
3. Кејдел Еванс (САД) +0:08
4. Денис Менчов (Русија) +0:38
5.Кристијан Ванде Велде (САД) +0:39
6. Карлос Састре (Шпанија) +0:49
7. Ким Кирхен (Луксембург) +2:48
8.Владимир Ефимкин (Русија) +3:36
9. Алехандро Валверде (Шпанија) +4:11
10. Самуел Санчез (Шпанија) +4:34
|
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....
|
|
La Ninja
Сениор
She Hulk
Регистриран: 13.Јуни.2006
Статус: Офлајн
Поени: 1605
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 28.Јули.2008 во 14:15 |
ВЕЛОСИПЕДИЗАМ - ДЕНЕСКА СЕ НОСИ ОДЛУКАТА ЗА ШАМПИОНОТ НА ТУР ДЕ ФРАНС
Шаванел конечно до триумф, Састре и Еванс мислат на сабота
Упорноста на Силван Шаванел конечно се исплатеше во петокот, откако
тој стигна до својата прва етапна победа на Тур де Франс. Французинот
кој неуспешно напаѓаше на неколку етапи оваа година, го совлада
сонародникот Жереми Роа во спринтерски финиш, откако тие се одвоија на
165.5 километри долгата 19. етапа.
Германецот Гералд Циолек
победи во спринтерскиот финиш на главната трка за третото место со
нешто повеќе од една минута зад најдобрите двајца, додека Шпанецот
Карлос Састре ја заддржа лидерската жолта маичка по тивкиот ден во
главната група.
"Бев исфрустриран бидејќи се обидував толку пати
да стигнам до победата и не успевав. Оваа година ја надминав бариерата.
Ова е најдобар подарок кој можев да го понудам на Кофидис", вели
Шаванел, кој од следната година ќе вози за тимот на Квик Степ.
Шаванел
има седум победи оваа година, вклучувајќи ја Флеше Брабанкон
полу-класичната трка и етапна победа на Париз-Ница. По неколку
неуспешно обиди, Роа и Шаванел се одвоија на 80 километри и не беа
пристигнати, а во еден момент имаа 5 минути предност пред главната
група. Ликвигас, Кес Д'Епарњ и Барловорлд тимовите ја бркаа двојката за
победа за своите спринтери, но стигнаа на само 1:13 од двајцата
Французи.
САСТРЕ И ЕВАНС ПОДГОТВЕНИ ЗА "ГОЛЕМАТА САБОТА"
Оваа
година Тур де Франс е сосема различна од минатата година, но последниот
викенд изгледа сличен и во него еден Австралиец и еден Шпанец ќе се
борат за победата во трка на хронометар. Кејдел Еванс, кој вторпат е во
ваква позиција, лани пропушти шанса да стане првиот Австралиец со
победа на Тур де Франс, а оваа година има друг шпански ривал.
Во
отсуство на носителот на титулата Алберто Контадор, чиј Астана тим не
беше поканет на трката, Еванс овојпат ќе се пресмета со Карлос Састре,
искусниот специјалист за планински етапи, кој за првпат во кариерата ја
носи жолтата маичка.
"Како да морам да го повторувам тоа што не сум го научил", вели Еванс.
Минатата
година на последната трка на хронометар, Еванс успеа да поврати 1:27 од
Контадор, а оваа година заостанува 1:34 зад Састре пред 53
километарската тест-патека до Серили до Сен Аман-Монрон.
Но,
Састре не е познат по своите квалитети на трките против часовникот и
лани загуби 2:50 од Еванс во претпоследната етап за да заврши како
четврти. Сепак, Шпанецот не е тука да се предаде.
"Искрено не знам. Ништо не е готово. Не знам кој ќе биде победник", вели Састре.
Бидејќи
сите се фокусирани на дуелот помеѓу двајцата фаворити, малку се
заборава на двајцата возачи кои се измеѓу нив, колегата на Састре,
Франк Шлек и Австриецот Бернхард Кол. Русинот Денис Менчов, одличен на
трките на хронометар исто така е сериозен кандидат за подиумот и за
победа.
"Нормално Денис може да одземе 1 минута од двајцата
велосипедисти пред него. Но, нема да победи. Во најдобар случај ќе биде
трет", вели шефот на Русинот од Рабобанк, Ерик Декер.
Шлек и Кол
исто така немаат илузии. Шлек заостанува 1:24 зад Састре и ќе биде
задоволен со тимската победа и место меѓу најдобрите пет, додека Кол
скоро сигурно ја има маичката за Крал на планините и ќе се обиде да не
загуби многу време.
РЕЗУЛТАТИ:
19.ЕТАПА, РОАН-МОНЛУСОН, 165.5 КМ
1.Силван Шаванел (Фра) - Кофидис 3:37:09
2.Жереми Роа (Фра) - Франсе Де Жу +0:00
3.Гералд Циолек (Гер) - Тим Колумбија +1:13
4.Ерик Цабел (Гер) - Тим Милрам +1:13
5.Хајнрих Хауслер (Гер) - Геролштајнер +1:13
6.Леонардо Дуке (Кол) - Кофидис +1:13
7.Филипо Поцато (Ита) - Ликвигас +1:13
8.Тор Хусховд (Нор) - Кредит Агрикол +1:13
9.Роберт Ферстер (Гер) - Геролштајнер +1:13
10.Џулијан Дин (НЗе) - Гармин-Шипотл +1:13
ГЕНЕРАЛЕН ПЛАСМАН
1.Карлос Састре (Шпа) - Тим ЦСЦ 82:54:36
2.Франк Шлек (Лук) - Тим ЦСЦ +1:24
3.Бернхард Кол (Авт) - Геролштајнер +1:33
4.Кејдел Еванс (Авс) - Сајленс-Лото +1:34
5.Денис Менчов (Рус) - Рабобанк +2:39
6.Кристијан Ванде Велде (САД) - Гармин-Шипотл +4:41
7.Алехандро Валверде (Шпа) - Кес Д'Епарњ +5:35
8.Самуел Санчез (Шпа) - Еускалтел +5:52
9.Тадеј Ваљавец (Сло) - АГ2Р Ла Мондиал +8:10
10.Владимир Ефимкин (Рус) - АГ2Р Ла Мондиал +8:24
Повредениот Кунего се откажа
Повредениот
Италијанец Дамјано Кунего се повлече од Тур де Франс пред петочната 19.
етапа. Асот на Лампре, кој имаше тежок пад по 20 километри во 18. етапа
во четвртокот, доби повреди на лицето и веќе се врати во Италија.
"Тој
имаше пет конци на брадата, но за среќа нема фрактура. Во четвртокот
тој реши да ја заврши етапата за да покаже почит кон Тур де Франс",
вели портпаролот на Лампре, Андреа Апиани.
Кунего, кој победи на
Џиро Д'Италија во 2004 и ја освои белата маичка за најдобар млад
велосипедист на Тур де Франс во 2006 се мачеше оваа година. Иако беше
еден од фаворитите пред стартот во Брест, тој не успеа да ги оствари
очекувањата на планинските етапи и беше 20. во генерален пласман со
25:48 зад лидерот Карлос Састре пред откажувањето.
СО ВЕЛОСИПЕД НИЗ ФРАНЦИЈА
Француските
цариници коибарале допинг-средства го сопреле, претресле, но и пуштиле
автомобилот кој го возел Џони Шлек, таткото на велосипедистите од
Луксембург, Франк и Анди Шлек. Претресот се случил во близина на градот
Гренобл, но не биле пронајдени никакви недозволени средства. "Не знам
кој е позади ова. Мислам дека се работи за љубомора или нешто случно.
Цариниците одеднаш посакале да го сопрат него и еден добар семеен
пријател, новинарот Рене Тил", вели Анди Шлек.
Данецот Михаел
Расмусен планира да се жали на одлуката на холандскиот суд според која
неговиот поранешен тим Рабобанк треба да му плати само 1 милион $ за
отказот минатата година. Расмусен бараше 8.5 милиони $ од Рабобанк,
откако лани беше исфрлен од Тур де Франс и од тимот поради сомнежи за
допинг. Данецот водеше на ТдФ и скоро сигурно ќе победеше, но пропушти
два допинг-теста известувајќи ги УЦИ дека е во Мексико, кога бил во
Италија и Франција. 34-годишниот Расмусен призна дека лажел пред УЦИ,
но тврди дека Рабобанк цело време знаеле за неговата локација.
Двократниот
светски шампион во трки на хронометар, Швајцарецот Фабијан Канцелара го
продолжи својот договор со ЦСЦ-Саксо Банк тимот до крајот на 2011.
Канцелара, кој е фаворит за победа на претпоследната етапа на ТдФ има
серија победи на најважните класични трки со данскиот тим предводен од
поранешниот ТдФ шампион Бјарне Рис. "Навистина многу ми значи што
мојата иднина е сигурна со Тим ЦСЦ-Саксо Банк. Тука се чувствувам како
дома и сакам да продолжам", вели Канцелара.
|
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....
|
|
La Ninja
Сениор
She Hulk
Регистриран: 13.Јуни.2006
Статус: Офлајн
Поени: 1605
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 30.Јули.2008 во 17:12 |
ВЕЛОСИПЕДИЗАМ - ВЕЛОСИПЕДИСТОТ ОД ЛУКСЕМБУРГ СО ИМПРЕСИВНО ДЕБИ НА ТУР ДЕ ФРАНС
Белата маичка е само почеток за Анди Шлек
Анди Шлек е убеден дека следната година ќе биде конк*рент за победа
на Тур де Франс по импресивното деби оваа година во кое ја обезбеди
белата маичка како најдобар млад велосипедист. 23-годишното момче од
Луксембург својата прва Тур де Франс ја заврши на 12. место, и секако
сите ќе внимаваат на него следната година.
"Задоволен сум со
белата маичка, но навистина мислам на жолто или на розево", вели Шлек,
посочувајќи на лидерските маички на Тур де Франс и на Џиро Д'Италија.
И
покрај лошиот пад на 10. етапа на Пиринеите, каде што загуби скоро 9
минути, Шлек со титулата за велосипедисти под 25 години покажа дека
може и далеку повеќе. Бидејќи договорот на победникот на трката Карлос
Састре со Тим ЦСЦ-Саксо Банк завршува на крајот на годината, Шлек може
да се најде во позиција на лидер на данскиот тим.
Шлек се
приклучи на ВЦ Рубе велосипедскиот клуб на 19 години под водство на
Сирил Гимар, спортскиот директор кој во кариерата работеше со
велосипедисти како Лусиен Ван Импе, Бернар Ино, Лорен Фињон, Грег
Лемонд, Шарли Моте, Марк Мадио и дури Ленс Армстронг.
Кога беше
приметен од менаџерот на ЦСЦ, Бјарне Рис, кој инаку е шампион од ТдФ од
1996, тој му даде договор во 2004 година по победата на Флеше Ду Суд
трката. Шлек првите големи чекори ги направи минатата година на Џирото,
кога заврши на второто место зад Италијанецот Данило Ди Лука.
Дански маунт-бајкер позитивен на ЕПО
Еден
маунт-бајкер од данскиот олимписки тим за Пекинг имал позитивен тест на
еритропоетин (ЕПО) пред Олимпијадата следната недела, објави Данскиот
Олимписки Комитет. 28-годишниот Петер Рис Андерсен бил позитивен на
тестот на националната анти-допинг комисија на 25 јуни. Андерсон е
исфрлен од данската делегација по позитивниот тест на Б-примерокот. Со
солзи во очите Андерсен призна дека користел ЕПО и дека се чувствувал
под притисок по серијата лоши резултати.
"Се што можев да
помислам е да го кренам моето ниво пред Игрите. Чувствував дека телото
работи подобро. Мислам дека е кукавички да мамиш во спортот, а уште
покукавички е потоа да не го признаваш тоа", вели Андерсен.
Неговиот
германски тим АЛБ-ГОЛД го отпушти веднаш по тестот. Андерсен заврши
како 18. на крос-кантри трката на Олимписките Игри во Атина во 2004.
|
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....
|
|