IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Спорт > Останати спортови
  Активни теми Активни теми RSS - Пливање
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Пливање

 Внеси реплика Внеси реплика страница  12>
Автор
Порака
La Ninja Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
She Hulk

Регистриран: 13.Јуни.2006
Статус: Офлајн
Поени: 1606
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај La Ninja Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Тема: Пливање
    Испратена: 15.Јуни.2008 во 00:47

ПЛИВАЊЕ - ПОЗНАТИ ИМИЊАТА НА НАШИТЕ ПЛИВАЧИ ЗА ЛОИ

"Вајлд" картите за Ристовски и за Поповска

На иницијатива на Македонскиот олимписки Комитет, а по добиеното писмо од ФИНА, со цел дефинирање на имињата на пливачите кои ќе ги браната боите на нашата земја на ЛОИ во Пекинг, Пливачката федеарција, тренерите на пливачите кои ги исполнија критериумите на ФИНА и на ПФМ, и МОК одржаа последни консултации.

При тоа донесен е заклучок, дефинитивен, кој пак е во согласност со одлуката на ПФМ дека 'вајлд' картите ќе ги добијат најдобрите, Михајло Ристовски и Елена Поповска.

А, пак, теренерите Марјан Соколовски и Методија Ангелевски, претходно изготвија и доставија програма, со финасниска конструкција за подготовките на Ристовеки и на Поповска, до МОК кој се изјаснил дека не е во состојба да покрите дел од трошоците, и АМС која засега молчи.

Како ќе заврши целата оваа работа останува да видиме. Праксата вели дека на крајот сепак ќе се интервенира, во последен момнет, момент кој од спортски аспект ќе биде задоцнет, без посакуваниот ефект.

Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....
Кон врв
La Ninja Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
She Hulk

Регистриран: 13.Јуни.2006
Статус: Офлајн
Поени: 1606
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај La Ninja Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Јуни.2008 во 16:56

ПЛИВАЊЕ - ГЕРМАНСКАТА ПЛИВАЧКА НЕЗАДОВОЛНА ОД РАЗВОЈОТ НА НАСТАНИТЕ ВО ПЛИВАЊЕТО

Штефен: "Ривалството со костумите наликува на Ф1"

Брита Штефен верува дека трката да се развијат нови високотехнолошки пливачки костуми може да го претвори пливањето во формула 1. Штефен додава дека е сигурна дека новиот костум на Адидас развиван пред Олимпијадата во Пекинг во август ќе биде исто толку добар како Спидо ЛЗР костумот, кој од промовирањето во февруари придонесе пливачите да подобрат 35 светски рекорди.

"Би сакала да видам како сите пливаат во нормални костуми за капење. Така ќе видиме кој е најдобар пливач, а не кој го пронашол најдобриот материјал. Немам проблеми да завршам втора или трета и да знам дека другите биле подобри од мене. Сега наликуваме на формула 1. Кој го има најдобриот болид? Кој го има најдобриот костум? Како да се помириш со таква ситуација?", се прашува Штефен, која постави европски рекорд на 100 метри слободно од 53.20 на германскиот шампионат во април.

Сепак, Штефен вели дека таа и нејзините германски колеги кои пливаат со костумите на Адидас веќе не се плашат дека ќе заостануваат зад пливачите кои носат Спидо како до пред три месеци. Адидас развива костум кој постигнува охрабрувачки резултати на неодамнешните пливачки митинзи.

"Ги пробавме новите прототипи. Костумите обично губат од својата ефективност откако се користени пет или шест пати. Но, некои пливачи кои ги пробаа велат дека дури и по 10 пливања с$ е в ред", смета Штефен.

Германката го имаше светскиот рекорд на 100 метри слободно од 53.30 од 2 август 2006 до 27 март 2008, пред Австралијката Либи Трикет во костум на Спидо да исплива 52.88. 24-годишната Штефен вели дека и пливачи кои користеле Спидо се импресионирани од формата на Адидас.

"Тие потврдија дека е конк*рентен костум, а можеби и подобар од Спидо. Тоа ни дава подобра атмосфера во тимот пред Пекинг и сите се концентрираат на пливањето. Адидас успеаја да реагираат бргу со однос на тоа дека развојот на ЛЗР Рејсер траеше три години. Не ми се веруваше", додава Штефен.

Француските спринтери против федерацијата

Три члена на францускиот 4х100 метри слободно тим не го стартуваа финалето на 100 метри на Париз Опен во средата во знак на протест на одлуката на Француската пливачка федерација да не го земе нивниот тренер на Олимпијадата во Пекинг. Фабиен Жило, Фредерик Буске и Грегори Мале, членови на Серсл Де Нагер пливачкиот клуб од Марсеј, останаа на стартот на трката во која победи светскиот рекордер Алан Бернар со 48.20 секунди. Името на тренерот с$ уште останува непознато.

Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....
Кон врв
La Ninja Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
She Hulk

Регистриран: 13.Јуни.2006
Статус: Офлајн
Поени: 1606
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај La Ninja Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 01.Јули.2008 во 17:23

ПЛИВАЊЕ - ОДЛИЧЕН СТАРТ НА АМЕРИКАНСКИТЕ КВАЛИФИКАЦИИ

Фелпс и Хоф почнаа со уривањето рекорди

Мајкл Фелпс и Кејти Хоф ги започнаа блескаво олимписките квалификации со светски рекорди на 400 метри мешано. Фелпс, целејќи на рекордот од седум злата на една ОИ во Марк Шпиц стигна до целта пред добриот пријател Рајан Лохте со време од 4:05.25, скоро цела секунда подобро од неговиот сопствен рекорд.

"Ги оставив сите во базенот. Никогаш немаше да успеам без Лохте покрај мене. Тој е одличен пријател и голем натпреварувач. Добар старт. Кога ја слушнав публиката знаев дека може да биде многу добро", вели Фелпс, кој плива во контроверзниот Спидо ЛЗР Рејсер костим.

Веднаш потоа, Хоф повторно ги крена 12.000 фанови на нозе откако исплива 4:31.12 за да го врати рекордот кој го предаде на Австралијката Стефани Рајс во март.

"Навистина посебно за мене. Се обидував да внимава на секоја промена, а искрено ми помогна и тоа што ја гледав трката на Фелпс", вели Хоф, која на предходната ОИ во Атина беше најмлада американска пливачка со 15 години.

Во третото финале, на 400 метри слободно немаше светски рекорд, но беше полно со драма откако Ларсен Јенсен победи со 3:43.53 пред Питер Вандеркај и Ерик Венд, а трите пливачи беа одделени со 0.39 секунди. Брендан Хансен за малку ќе поставеше нов рекорд со 59.24 на квалификациите на 100 метри грбно. Ова е најбрзо време оваа година и блиску до 59.13 рекордот на Хансен.

Хол: "Рекордите се тука поради допингот, а не костимите!"

Олимпискиот шампион на 50 метри слободно, Гери Хол Јуниор смета дека серијата светски рекорди е повеќе поврзана со допингот, отколку со револуционерниот Спидо ЛЗР Рејсер пливачки костим. Американецот вели дека сериозниот допинг кој предходно за малку ќе го уништеше спортот, повторно е на ниво.

"Немам никакви докази, но во себеси имам чувство дека има многу допинг. Треба да види како се чувствува да бидеш избричен и да влезеш во тие костими. Сигурно има предност во нив, но тоа не е причината за сите рекорди кои ги видовме. Дали мислам дека ситуацијата е полоша? Сигурно. Тука во САД", вели Хол.

Контроверзниот Хол, кој еднаш се закани дека ќе ја скрши австралиската штафета како гитара, пристигна на квалификациите во приватен авион. 33-годишниот Хол се обидува да заработи четврта Олимпијада.

На неговите изјави реагираше Австралијката Либи Трикет, која постави рекорди на 50 и 100 метри слободно оваа година, советувајќи му да ја "држи устата затворена".

"Гери Хол е човек кој сака да биде во центарот на вниманието. Тоа е ОК, бидејќи направи многу добри работи за спортот, но понекогаш треба да ја затвори устата ако нема докази. Би сакала да верувам дека ова е чист спорт", вели Трикет.

Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....
Кон врв
La Ninja Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
She Hulk

Регистриран: 13.Јуни.2006
Статус: Офлајн
Поени: 1606
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај La Ninja Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Јули.2008 во 17:10

ПЛИВАЊЕ - ПРОДОЛЖУВА СЕРИЈАТА НА СВЕТСКИ РЕКОРДИ НА КВАЛИФИКАЦИИТЕ ВО ОМАХА

Кохлин и Мекгрегори рекордно, Хоф прва до две дисциплини

Натали Кохлин и Хејли Мекгрегори постигнаа два светски рекорди, додека Кејти Хоф стана првата американска пливачка која се квалификуваше во две дисциплини на Американските квалификации во Омаха, Небраска. Само по два дена на осумдневното натпреварување, паднаа четири светски рекорди, а американските најдобри пливачи се во остра битка за местата за Пекинг, бидејќи само првите два пливачи во сите дисциплини се квалификуѕваат.

Вториот ден започна одлично, кога Мекгрегори исплива 59.15 на 100 метри грбно за да го "украде" светскиот рекорд на Кохлин на утринските квалификации. Но, нејзиниот рекорд траеше само до групата на Кохлин, откако 25-годишната пливачка го врати рекордот со 59.03. Двете пливачки се "опуштија" во полуфиналето, но сега следува возбудливо финале.

"Се чувствував поинаку, и телото не ми беше навикнато на вакви трки. Натали и јас имаме поинакви сили и немам шанси да пливам против неа толку често", вели Мекгрегори.

"МИРЕН" 23 РОДЕНДЕН ЗА ФЕЛПС

Мајкл Фелпс тивко го прослави својот 23. роденден со квалификација во финалето на 200 метри слободно. Еден ден откако го уништи својот светски рекорд на 400 мешано, Фелпс стигна до лесни победи до полуфиналето. Рајан Лохте, кој го "бркаше" Фелпс при рекордот од неделата, постави нов дуел со незапирливиот Фелпс, откако постави најдобро време оваа година од 1:45.61.

"Задоволен сум од формата. Се чувствувам многу добро", вели Фелпс.

Светскиот рекордер Брендан Хансен постави дуел за олимписка пресметка со својот јапонски ривал Косуке Китаџима победувајќи на 100 метри грбно со време од 59.93.

"Не го срушив рекордот, но добро е чувството да си во олимпискиот тим. Мислам дека за сите нас ова е најтешкиот дел од летото", додава Хансен.

ХОФ ВЛЕЕ И НА 400 СЛОБОДНО

Кејти Хоф пак продолжи со својот успех, откако победи на 400 метри слободно со 4:02.32, за второ место за Пекинг во вториот ден.

"Мислам дека женскиот тим ќе биде многу силен ова лето. Можеби најсилниот", вели Ларсен Џенсен, која исто така се квалификуваше покрај Хоф.

Хоф победи на 400 метри мешано со светски рекорд од 4:31.12 во неделата навечер, за да го врати рекордот од Австралијката Стефани Рајс од 4:31.46.

Кристин Магнусон исто така обезбеди место за во Пекинг, откако ја совлада Илејн Бриден на 100 метри пеперутка со време од 58.11, една десетинка од секундата пред Бриден.

"Навистина одлично. Бев малку нервозна пред финалето, бидејќи конк*ренцијата е толку силна", вели Магнусон.

Фостер сака медал од својата петта Олимпијада

Марк Фостер можеби има 38 години, но британскиот ветеран смета дека може да направи нешто повеќе во Пекинг. Специјалистот за трки во кратки базени има шест медали од СП во кариерата и светски рекорди, но ниту еден медал на Олимпијадите.

Фостер се врати меѓу топ 10 пливачите на светската рејтинг листа откако стана првиот Британец со време под 22 секунди на 50 метри слободно на митингот во Загреб минатиот месец. Фостер се пензионираше во 2006, но направи неверојатен камбек кога се квалификуваше за својата петта Олимпијада на Британскиот Шампионат во Шефилд во април.

"Не би стоел на стартот доколку не мислев дека не можам да победам. Но, во исто време сум реален и знам дека луѓето се побрзи од мене. 50 метри слободно е пеколна дисциплина во која немаш простор ниту време за грешка. Се е готово за 20 секунди. Изненадувачки е што се уште го правам ова на мои години", вели Фостер, кој своето олимписко деби го имаше во Сеул во 1988 година.

Фелпс се откажа од 100 грбно

Мајкл Фелпс нема да се натпреварува на 100 метри грбно на Олимписките Квалификации во Омаха, намалувајќи го својот напорен распоред. Името на шесткратниот олимписки шампион не е на листата за квалификациите, со што Арон Пирсол останува без главниот ривал. Ова е втора дисциплина од која Фелпс се откажува од квалификациите, но има уште шест дисциплини на осумдневните квалификации. Следна дисциплина за него се 200 метри слободно.

Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....
Кон врв
La Ninja Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
She Hulk

Регистриран: 13.Јуни.2006
Статус: Офлајн
Поени: 1606
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај La Ninja Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 07.Јули.2008 во 15:44

ПЛИВАЊЕ - УШТЕ ЕДЕН ДЕН НА АМЕРИКАНСКИТЕ ОЛИМПИСКИ КВАЛИФИКАЦИИ

Фелпс осигура осум трки, Хол не оди во Пекинг

Мајкл Фелпс ќе добие нова шанса да го подобри олимпискиот рекорд на Марк Шпиц во Пекинг, додека Гери Хол Јуниор воопшто нема да оди во Кина. Фелпс обезбеди осум трки за ОИ откако победи на 100 метри пеперутка во саботата навечер, и тоа пред светскиот рекордер Јан Крокер. Победничкото време на Фелпс беше 50.89 секунди, скоро половина секунда послабо од 3 години стартиот рекорд на Крокер од 50.40.

"Оваа недела заврши како што сакав. Подготвен за предизвикот кој се наоѓа пред мене. На Олимпијадата ќе биде далеку потешко отколку тука. Ако се додадат и штафетите, станува потешко", вели Фелпс.

Фелпс го додаде овој триумф на тие на 200 и 400 мешано, 200 слободно и 200 пеперутка. Од него исто така се очекува да плива во сите три штафети со што може да го собори рекордот на Шпиц од седум злата од Минхен 1972. Фелпс го пропушти тоа во Атина во 2004, кога освои шест злата и две бронзи.

Фелпс се задоволи со два светски рекорди во Омаха, додека најголемото изненадување го направи Маргарет Холцер на 200 грбно. 25-годишната Холцер заврши со време од 2:06.09, со што го совлада рекордот од 2:06.39 на Кирсти Ковентри од Зимбабве од февруари. Тоа беше деветти рекорд на натпреварувањето. 15-годишната Елизабет Бизел го освои второто место со 2:06.92, додека Хејли Мекгрегори пак беше трета, испаѓајќи од Пекинг како и на 100 метри грбно.

Хол исто така нема да има шанса да оди на трето последователно злато на 50 метри слободно. 33-годишниот шоумен пристигна на базенот со наметка и со многу зборови, но победата ја оствари Гарет Вебер-Гејл со американски рекорд од 21.47, додека актуелниот светски шампион Бен Вајлдмен-Тобрајнер беше втор со 21.65. Хол беше само четврти со 21.91, по што реагираше незадоволно во базенот, но имаше насмевка по можеби неговата последна трка во кариерата.

"Пеколна трка. Бев четврти и не треба да сум разочаран. Иднината на спринт трките е одлична во САД и ќе продолжи и без мене. Ова е моја последна трка", изјави Хол, по што имаше драматична пауза и додаде "додека не се тркам повторно".

Хол во својата кариера има 10 олимписки медали.

Кејти Хоф, 19-годишната американска сензација стигна до својот петти триумф во индивидуална дисциплина со лесна победа над актуелната светска шампионка Кејт Циглер на 800 слободно. Хоф имаше време од 8:20.81, далеку од најстариот светски рекорд во пливањето, 19. години старото време од 8:16.22 на Џенет Еванс.

Светскиот рекордер Саливен со незгодна повреда

Олимписките подготовки за светскиот рекордер на 50 метри слободно, Австралиецот Имон Саливен сопреа одеднаш откако напукна едно ребро на подготвителен митинг во Сиднеј. Саливен се повреди при скокот во базенот и ја комплетираше трката без напор. Тој вели дека повредата нема да го спречи да плива во Пекинг конк*рентно, но дека сега мора да ги намали тренинзите.

"Нема да се штедам бидејќи ваква шанса доаѓа еднаш на четири години. Ќе направам се што можам да пливам бргу. Сум поминал и преку полоши проблеми пред големите натпреварувања, така што не сум загрижен", вели Саливен.

Австралиецот се мачеше со повреди на грбот во текот на целата кареира, но се надеваше дека најлошото е зад него и ја пронајде најдобрата форма поставувајќи светски рекорд на 50 слободно и второ најдобро време во историјата на 100 слободно.

"Не би биле вистински подготовки доколку немам проблеми, така што ова доаѓа во вистинско време - обично еден месец пред големото натпреварување. Ова е третпат да се случува нешто слично, така што ќе го сфатам како рутина", вели Саливен.

Торес до своја петта Олимпијада

Дара Торес ќе биде најстарата пливачка на Олимписките Игри, откако 41-годишната мајка стигна до место на својата петта Олимпијада со фантастична победа на 100 метри слободно на Американските квалификации. Торес имаше време од 53.78 пред Натали Кохлин со 53.83, по што ја гушна својата двегодишна ќерка Теса. Покрај тоа Торес на последниот ден на митингот може да обезбеди и место на 50 метри слободно.

"Со моите години едвај го видов семафорот. Мораат да почнат да ги прават поголеми. Шокирана сум и се уште не ми е јасно дека по петти пат ќе одам на Олимпијада", вели Торес.

Таа веќе го има рекордот за најстара пливачка со олимписки медал, откако на 33 години освои две бронзи во Сиднеј во 2000. Нејзиното прво олимписко злато е од Лос Анџелес 1984 година.

Хакет се закани на 1.500 метри

Австралискиот шампион Грент Хакет покажа дека ќе биде главен фаворит за трет последователен олимписки триумф на 1.500 метри во Пекинг. 28-годишниот Хакет го постави своето најдобро време на 1.500 метри на тренинг од 14:51.62 во Сиднеј, праќајќи им јасен сигнал на своите американски ривали Ерик Венд и Ларсен Џенсен, кои се подготвуваат за финалето на истата далечина на квалификациите. Хакет го има светскиот рекорд од 14:34.56 од СП во Фукуока во 2001 и беше изненаден колку бргу ги поминал 30 круга.

"Никогаш не сум поминал 15 минути на ваков тренинг. Ментално и физички сум подготвен и искрено подобро пливам наутро отколку навечер. Ќе имам силна конк*ренција во Венд и Џенсен, така што нема да биде лесно", вели Хакет.

Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....
Кон врв
da be Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 20.Јуни.2008
Статус: Офлајн
Поени: 101
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај da be Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Јули.2008 во 20:29
Коj победи за 7ми пат на Охридскиот маратонголема%20насмевка
Кон врв
La Ninja Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
She Hulk

Регистриран: 13.Јуни.2006
Статус: Офлајн
Поени: 1606
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај La Ninja Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Јули.2008 во 16:54

ПЛИВАЊЕ - ДЕНЕСКА КАЈ "СВ. НАУМ" СТАРТУВА ОХРИДСКИОТ ПЛИВАЧКИ МАРАТОН

Стојчев и Њуњез во трка за лаврите

Денеска по 22. пат во водите на Охридското езеро ќе се одржи традиционалниот пливачки маратон на кој ќе настапат 27 натпреварувачи од 7 земји од светот, 19 во машка и 8 во женска конк*ренција.

Под покровителство на претседателот на Република Македонија, Банко Црвенковски, традиционалниот Охридски пливачки маратон, 6. по ред во Гран при серијата за 2008 год на Меѓународната пливачка федерација (ФИНА), стартува на патеката "Климе Савин" од "Св. Наум" до Охрид, во должина од 30 км, а завршува на Градското пристаниште во Охрид.

Стартер на трката е градоначалникот на Охрид, Александар Паснчевски, директор на трката е Сашо Точков, врховен судија Соња Думбалова - Делова, делагат на ФИНА - Валеријус Беловац (Литавија), делегат за допинг контрола на ФИНА -Аиде Лиубид (Аргентина).

Фаворити број еден за лаврите се минатогодишните победници Петар Стојчев во машка и Естер Њуњез Мореро во женска конк*ренција. Не смееме да го заборавиме ниту Французинот Стефан Голез, кој е редовен учесник во Охрид, кој знае да ги замрси конците.

Со исклучок на лидерот, Французинот Стефан Гомез, останатите пливачи кои се наоѓаат во Топ 10 во генерален пласман ќе се појават во Охрид.

Седумчлената македонска експедиција во машка конк*ренција ја предводи повратникот на Охридскиот маратон Томи Стефановски. Него го сочинуваат уште Евгениј Поп Ацев, Александар Панчевски, Миро Крстевски, Илија Стојановски, Игор Димовски и Никола Кутиноски.

Охридскиот маратон, чиј фонд годинава изнесува 25.000 УСД се одржува под патронат на Пливачката федерација на Македонија, а техничката организација му е доделена на клубот за спортови на вода "Охридски бранови" од Охрид.

М. Постоловски

ПО 7 ГОДИНИ СТЕФАНОВСКИ СЕ ВРАЌА НА МАРАТОНОТ

Приоритет - да се заврши трката


Нашиот најдобар маратонец, Томи Стефановски, кој на Охридскиот маратон последен пат настапи пред 7 години, повторно се враќа во "старото јато".

"Главна причина за моето апстинирање од маратоните беше повредата на рамото. Сега таа е санирана. Се подготвував подолго време. Учеството на Охридскиот маратон го сфаќам како шанса да влезам во ритам, ритам кој постепено, од натпревар во натпревр, ќе се зголемува с$ до планираниот настап за препливување на 'Ла Манш' следната година. Целта ми е да ја завршам трката. Доколку ми се укаже шанса за висок пласман ќе ја искористам, но без многу форсирање."

ПРОГРАМА

12:00 ч Старт/ Св. Наум

17:30 ч Пристигнување/ Град. прист.

21:00 ч хотел Дрим (Струга)/ награди

ЛИСТА НА ПРИЈАВЕНИ УЧЕСНИЦИ

Т. Стефановски, Е. Поп Ацев, А. Панчевски, М. Крстевски, И. Стојановски, И. Димовски, Н. Кутиноски, сите од Мкд, Ј. Глорие (Хол), Ј. Демлиев (Срб), Б. Живановиќ (Срб), В. Габриел (Арг), В. Родолфо (ита), Е. Њуњез (Шпа), П. СТојчев (Буг), Л. Ла Пиана (Ита), А. Волпини (Ита), Е. Шол (Хол), Б. Капел (Аус), М. Мендоза (Арг), Ш. Кларке (Аус), П. Филипо (Ита), Л. Волеи (Ита), Д. Блаум (Арг), Н. Пети (Арг), И. В Дер Лан (Хол), С. Билер (Гер), С. Гомез (Фра).

Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....
Кон врв
da be Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 20.Јуни.2008
Статус: Офлајн
Поени: 101
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај da be Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Јули.2008 во 17:06
и кой?
Кон врв
La Ninja Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
She Hulk

Регистриран: 13.Јуни.2006
Статус: Офлајн
Поени: 1606
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај La Ninja Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 04.Август.2008 во 17:21

ПЛИВАЊЕ - МНОГУ ОЧЕКУВАЊА, НО И МНОГУ НАЈАВИ ОД АМЕРИКАНСКАТА ЅВЕЗДА

Фелпс предупредува дека е во најдобра форма

Американската пливачка сензација Мајкл Фелпс во својата кратка кариера има безброј светски рекорди и серија олимписки медали, и вели дека тоа го остварил со "празен" ум. 23-годишниот Фелпс, кој оди на рекордни 8 злата во Пекинг, вели дека кога е во вода не размислува за ништо друго.

"Апсолутно за ништо друго. Некој ме праша за што размислувам кога ќе влезам во вода и морав да му одговорам дека немам поим. Ова го правам цела кариера и функционира и нема да го менувам", вели Фелпс.

Целта на Американецот е да се подобри рекордот на Марк Шпиц од седум злата на едни Игри, откако во Атина не успеа да го направи тоа, заработувајќи шест злата и две бронзи. Тој ќе плива во истите дисциплини од пред 4 години: 200 и 400 мешано, 100 и 200 пеперутка, 200 слободно и три штафети. Фелпс предупреди дека никогаш не бил во подобра форма.

"За работата со Марк Шпиц, повторно ќе го кажам истото. Сакам да бидам првиот Мајкл Фелпс, а не вториот Марк Шпиц. Не ги намалувам неговите успеси, и тој ќе биде запаметен како олимписка легенда, но јас сега имам шанса да направам нешто повеќе", вели Фелпс.

Хогенбанд се откажа од 200 метри

Олимпискиот шампион на 100 метри слободно, Пиетер Ван Ден Хогенбанд ќе се откаже од трката на 200 слободно во Пекинг за да се концентрира на третата едноподруго титула на 100 метри. Хогенбанд, кој во Сиднеј во 2000 оствари двоен триумф, а во Атина освои злато на 100 метри, се натпреварува со Австралиецот Грент Хакет (1.500 метри) во битката да станат единствените со три олимписки титули во иста дисциплина. Хогенбанд се откажа од 200 слободно бидејќи финалето на 12 август е само неколку часа пред квалификациите на 100.

"Мојата љубов кон 100 слободно значи дека морам да ги подесам амбициите. Веќе не сум млад како во Сиднеј. Имам 30-тина години и треба ресурсите да ги искористам како што знам подобро. Би можел да земам медал на 200 слободно бидејќи освен со Мајкл Фелпс, можам да се мерам со кого било", вели Хогенбанд.

Шпиц лут на организаторите

Марк Шпиц е лут на олимписките шефови што не го поканиле во Пекинг за да го гледа Мајкл Фелпс како се обидува да го сруши неговиот рекорд од 7 злата од Минхен 1972 година.

"Доколку не добијам покана, ќе гледам на ТВ. Мислам дека требаше малку да се потрудат", вели Шпиц.

Најк дозволи пливачите да носат Спидо

Иако Најк е позната како компанија која не е многу флексибилна за спортистите на кои им е спонзор да носат опрема од конк*рентите, тие дозволија нивните спортисти да носат Спидо ЛЗР Рејсер пливачки костим, кој го револуционеризираше пливањето. Најк немаше поголем избор бидејќи претходно дозволи Американците на националните квалификации да бираат кој костим ќе го носат, и сите го избраа Спидо.

 
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....
Кон врв
гoстин Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 29.Февруари.2008
Статус: Офлајн
Поени: 7557
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај гoстин Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Август.2008 во 16:21
ПЛИВАЊЕ - ПОРАДИ ОБВИНУВАЊАТА ЗА ДОПИНГУВАЊЕ ВО МАРТ 2007

Торп ќе го тужи Л'Екип!

Петкратниот олимписки шампион Јан Торп реши да го тужи францускиот весник Л'Екип и новинарот Дамиен Ресио кој му го нарушил угледот со објавување на вести дека Австралиецот користел недозволени средства. Приказната во Л'Екип во март 2007 велеше дека Торп дал примерок урина во 2006 во кој имало ненормално ниво на тестостерон и се додава дека Австралиската анти-допинг асоцијација (АСАДА) знаела за резултатите, но не ги објавила.

Во август 2007 година, АСАДА го ослободи Торп, кој се пензионираше во 2006 и немаше никакви докази дека тој користел нешто недозволено. Светската пливачка федерација (ФИНА) издаде ист извештај. Покрај олимписките титули, Торп освои 11 титули од СП и постави 13 светски рекорди во кариерата.

Кон врв
La Ninja Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
She Hulk

Регистриран: 13.Јуни.2006
Статус: Офлајн
Поени: 1606
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај La Ninja Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 08.Август.2008 во 17:16

ПЛИВАЊЕ - ПРЕД СТАРТОТ НА ОЛИМПИЈАДАТА, МНОГУ ХРАБРИ НАЈАВИ

Бернар: "Ќе ги скршиме САД", Шпиц го поддржа Фелпс

Светскиот рекордер Алан Бернар ја почна војната на зборови пред олимписката пливачка пресметка, велејќи дека тој е апсолутен фаворит за титулата на 100 метри слободно и дека француската штафета ќе ги "смачка" Американците.

Бернар го подобри светскиот рекорд на Пиетер Ван Ден Хогенбанд на 47.50 во март и четири од неговите главни ривали во дисциплината испливаа под 48 секунди, правејќи ја трката на 100 метри една од најнеизвесните во Пекинг. Но, така не мисли Бернар.

"Фаворитот на 100 метри е јасен, тоа сум јас. Ако не верував дека е така, не би бил воопшто во Пекинг. Секогаш велев дека 10 до 15 пливачи можат да бидат на подиумот, но физички јас сум на врвот. Подобро сум подготвен од францускиот шампионат, и од европското првенство", вели Бернар.

Голем фан на двократниот олимписки шампион Хогенбанд, Бернар вели дека Холанѓанецот, кој не е во форма во последните месеци, не е завршена приказна иако има само 13. најдобро време во 2008, со дури 0.87 секунди зад времето на Бернар. Ван Ден Хогенбанд се повлече од 200 метри слободно да се концентрира на одбраната на својата титула.

"Тој ќе биде во финалето, верувајте. Оди на својата трета титула, и за некој како мене, кој за првпат е тука, тоа е импресивно", вели Бернар.

Французинот потоа потсети на изјавата на Гери Хол Јуниор, кој пред Сиднеј 2000 изјави дека Американците "ќе ги скршат како гитари" Австралијците, откако тврдеше дека нивниот тим е најсилен. Франција со тимот во кој се Амори Лево, Фредерик Жило и Фредерик Буске имаа време од 3:12.54 во јуни, за само 0.08 подобро од светскиот рекорд, и Бернар е самоуверен пред неделните квалификации на 4х100 метри.

"Американците? Ќе ги скршиме. Затоа дојдовме тука. Ќе ги почнам Игрите со финале на 4х100 метри, бидејќи сум сигурен дека моите пријатели ќе се квалификуваат. Потоа ќе биде полесно", вели Бернар.

ШПИЦ ВЕРУВА ДЕКА ФЕЛПС ЌЕ ГО ПОМИНЕ

Марк Шпиц, пак, од друга страна очекува да биде поместен од местото најуспешен пливач на една Олимпијада, кога неговиот американски сонародник Мајкл Фелпс ќе ја почне потерата по осум злата во Пекинг.

Фелпс освои шест злата и две бронзи во Атина пред четири години не успевајќи да го фати рекордот на Шпиц од седум злата од Минхен 1972. 32 години по неговото чудо, Шпиц очекува 23-годишното момче од Балтимор да биде на првото место на подиумот во сите дисциплини во Пекинг.

"Фелпс ќе биде навистина силен. Би рекол дека има само 3 или 4 проценти шанси да не освои осум златни медали, и ако тоа ќе се случи ќе биде поради нешто непредвидливо, како болест", вели Шпиц.

Пред Игрите во Атина, Шпиц ја направи истата прогноза, но сега верува дека Фелпс, кој почнува во сабота со 400 метри мешано, во квалификациите е далеку подобар во својата трета Олимпијада, откако во Сиднеј беше во 4х200 метри слободно штафетата на 15 години.

"Тој сега е далеку подобар пливач. Има повеќе искуство и од петте индивидуални дисциплини имаше рекорд само во пет од нив. Сега е светски рекордер и на 200 слободно. Но, не се плива на хартија, мора да се влезе во базенот, така што ќе видиме што ќе се случи", вели 58-годишниот Американец.

Китаџима "гарантира" рекорди

Јапонецот Косуке Китаџима вети нови светски рекорди во обидот да ги одбрани своите титули на 100 и 200 метри грбно во Пекинг. Најуспешниот азиски пливач е главен фаворит на 200 метри откако неговиот американски ривал Брендан Хенсен не се квалификуваше за дисциплината. Китаџима, кој го подобри рекордот на 200 во јуни, вели дека ќе ја зголеми олимписката мизерија на Хенсен и на 100 метри, додавајќи дека е во најдобра форма во животот.

"Имам намера да рушам светски рекорди. Сигурен сум во тоа. Навистина сакам да се сретнам со Хенсен во базенот. Да, јас сум под притисок, но тоа не е притисок каков што го има Кинезот Лиу Ксијанг. Чекав долго време за Олимпијадата", вели 25-годишниот Јапонец.

Китаџима откако го совлада Хенсен во Атина се појави пред ТВ камерата и на англиски изјави "го растурив". Хенсен, кој с$ уште е светски рекордер на 100 метри, доминираше во дуелите со Јапонецот оттогаш, но јапонскиот пливач се враќа во форма во вистинско време.

"Олимпијадата е специјално нешто, сосема различно од сите други натпреварувања. Одам во Пекинг подобар од кога било. Многу сум самоуверен", вели Китаџима.

Крокер сака да ја расипе забавата на Фелпс

Американецот Јан Крокер вели дека не е многу загрижен што можеби ќе ја "растури" најголемата приказна на Олимпијадата со уништувањето на обидот на Мајкл Фелпс да стигне до осум златни медали. Крокер, кој беше фаворит за победа на 100 пеперутка во Атина како светски рекордер, загуби од Фелпс за само 4 стотинки од секундата откако се прецени во финишот. Сега не сака да ја повтори грешката.

"Нема да се воздржувам за да може Мајкл да стигне до својата цел. Не сум тренирал за тоа, туку само за злато. Од Атина до сега работев напорно. Јас сум спринтер, додека Фелпс е пливач за подолги трки, така што ќе чека да се уморам. Целта е да бидам што побрз и да освојам злато", вели Крокер.

Уште дилеми со пливачките костими

Пливачките натпревари во Пекинг почнуваат в сабота, а многу пливачи с$ уште не се одлучиле кои костими ќе ги носат. Италија, Јапонија и домаќините Јапонија ги "растурија" партнерските односи со своите спонзори за да им дадат шанса на пливачите да го носат револуционерниот ЛЗР Рејсер костим на Спидо, со кој се срушија 44 светски рекорди од 48-те оваа година.

Косуке Китаџима објави дека го растурил договорот со Мизуно и дека ќе носи костим на Спидо, исто како и најдобриот Италијанец Филип Мањини (двократен светски шампион на 100 слободно), кој се откажа од богатиот договор со Арена. Неговиот сонародник Масимилијано Росолино, кој има 57 медали на ОИ, СП и ЕП с$ уште се двоуми меѓу Џејкед и Арена, а Французинката Лор Манаду исто така размислува за премин од Арена на Спидо.

Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....
Кон врв
La Ninja Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
She Hulk

Регистриран: 13.Јуни.2006
Статус: Офлајн
Поени: 1606
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај La Ninja Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Август.2008 во 16:04

ПЛИВАЊЕ - ВО ОТСУСТВО НА ФИНАЛИЊА ЗА ФЕЛПС, ДРУГИ ЅВЕЗДИ ВО БАЗЕНИТЕ

Бернар и Китаџима блеснаа во Коцката

Најдобриот азиски пливач Косуке Китаџима и француската спринтерска ѕвезда Алан Бернар, конечно, "украдоа" малку од вниманието насочено кон Мајкл Фелпс во пливачките натпревари во Водената коцка.

Французинот Бернар го комплетираше својот скок од анонимноста до врвот, откако го освои спринтерското злато на 100 метри слободно совладувајќи ги нервите поради кои неговите нозе се тресеа на стартот. Пред нешто повеќе од една година малкумина знаеја за Бернар, кој се префрли на слободно откако не успеа да го исполни потенцијалот во грбно и мешано.

Но, од март Бернар го сруши светскиот рекорд на 100 слободно дури трипати, вклучувајќи го и рекордот поставен во полуфиналето во средата. Неговото искуство во Пекинг, сепак, можеше да остане лошо бидејќи загуби во последната секунда во 4х100 метри штафетата од Американецот Џејсон Лејзак.

В четврток имаше поинаква приказна. Лејзак заврши на делба на третото место и бронзата со Бразилецот Цезар Сиело Фиљо, за 0.46 секунди побавно од времето на Бернар од 47.21. Светскиот рекордер и најголем ривал на Бернар, Австралиецот Имон Саливен беше сребрен.

"Нозете ми се тресеа на стартот. Бев навистина нервозен, како и другите седум момци. По 80 метри с$ ме болеше, но си кажав 'мораш да издржиш'. Тоа ми го препорача и тренерот - да не паничам. Дури и во последните пет метри, знаев дека ќе биде тесно и дека нема да победам с$ додека не ја имам раката на финишот. Веќе имав трка во која некој беше пред мене и не сакав да се повтори тоа. Првата мисла ми беше - да, тоа е тоа, станав шампион", вели Бернар, кој доаѓа од малиот град на југот на Франција, Обањ, место познато како седиште на француската Легија на странци.

Бернар призна дека било многу тешко да се мотивира по разочарувањето во 4х100 штафетата, за која претходно изјави дека лесно ќе ги "скршат" Американците.

"Поразот во штафетата беше многу тежок. Јас бев последниот од Французите и поразот беше моја одговорност. Но, морам да му заблагодарам на тренерот Денис Ожум, кој е најзаслужен за оваа победа", додава Бернар.

Саливен призна дека "подобриот човек победил".

КИТАЏИМА СО "ДВОЕН" ДВОЕН ТРИУМФ

Во машката трка на 200 градно, Косуке Китаџима ја одбрани својата титула и го освои второто злато во Пекинг. Тој исто така ја освои и титулата на 100 градно и двете дисциплини во Атина, редок двоен триумф во историјата на пливањето.

"Не размислував за две златни медали на две Олимпијади. Тоа не беше мојата цел", вели Китаџима.

Јапонецот имаше време од 2:07.64, дури 1.24 секунди пред Австралиецот Брентон Рикард, додека бронзата отиде кај Французинот Иг Дубош со 2:08.94. По победата Китаџима вели дека е добро што не мора да плива против Мајкл Фелпс.

"Среќен сум што тој не е специјалист во градно. Тој е фантастичен пливач, ги има сите вистински карактеристики, но не би сакал да го предизвикам. Фелпс е подобар пливач во слободно", вели Јапонецот.

Но, Китаџима не изгледаше задоволно кога го погледна резултатот. Тој го постави светскиот рекорд од 2:07.51 во Токио во јуни.

"Сакав рекорд, така што тоа малку ми недостасува", додава 25-годишниот Китаџима, кој ќе оди на уште еден медал во последната дисциплина на Игрите, на 4х100 метри мешано, каде што конечно ќе се сретне со Фелпс.

ЛИУ ДОНЕСЕ ПРВО ПЛИВАЧКО ЗЛАТО ЗА КИНА

Лиу Зиге предводеше фантастичен кинески 1-2 триумф во женската трка на 200 пеперутка, со што домаќините конечно стигнаа до пливачко злато. Лиу го подобри светскиот рекорд со време од 2:04.18, победувајќи ја досегашната рекордерка, Австралијката Џесика Шипер. Жиао Лиујанг, трета во последните 50 метри зад Зиге и Шипер, го освои сребрениот медал со 2:04.72, исто така под претходното време на Шипер од 2:05.40, додека Австралијката освои бронза со 2:06.26.

"Не очекував дека можам да пливам толку бргу. Никогаш не помислив дека можам да освојам олимписко злато", признава Лиу.

Шипер беше под времето на својот рекорд до половина на трката, но не успеа да издржи до крајот.

"Последните 50 метри беа тешки, но кинеските девојки испливаа фантастично. Честитки за нив", вели Шипер.

РАЈС ДО ТРЕТО ЗЛАТО СО ШТАФЕТАТА

Стефани Рајс го освои својот трет златен медал во Пекинг откако помогна на австралиската 4х200 метри штафета да го сруши светскиот рекорд за неверојатни 6 секунди. Рајс, заедно со Бронте Берет, Кајли Палмер и Линда Мекензи го освоија златото со време од 7:44.31 подобрувајќи го предходниот рекорд на САД од 7:50.09. Кина, прославувајќи го првото злато на Лиу, го освои сребрениот медал, додека САД беа бронзени, а првите пет тима беа под стариот рекорд.

Иако Австралијките не беа фаворитки, нивниот триумф не беше изненадување бидејќи нивниот женски тим освои злата во претходните четири дена. Рајс, која освои злато и на 200 и 400 мешано, е пресреќна.

"Навистина возбудливо. За мене и Бронте ова беше последна дисциплина и моравме да завршиме добро - со рекорд и злато", вели Рајс.

РЕЗУЛТАТИ

100 М СЛОБОДНО (М)

1.Алан Бернар (Фра) 47.21

2.Имон Саливен (Авс) 47.32

3.Џејсон Лејзак (САД) 47.67

3.Цезар Сиело Фиљо (Бра) 47.67

5.Пиетер Ван Ден Хогенбанд (Хол) 47.75

200 М ГРАДНО (М)

1.Косуке Китаџима (Јап) ОР 2:07.64

2.Брентон Рикард (Авс) 2:08.88

3.Иг Дубош (Фра) 2:08.94

4.Мајк Ендру Браун (Кан) 2:09.03

5.Даниел Ѓурта (Унг) 2:09.22

200 М ПЕПЕРУТКА (Ж)

1.Зиге Лиу (Кин) СР 2:04.18

2.Лиујанг Џиао (Кин) 2:04.72

3.Џесика Шипер (Авс) 2:06.26

4.Отилија Једржејчак (Пол) 2:07.02

5.Јуко Наканиши (Јап) 2:07.32

4х200 М СЛОБОДНО (Ж)

1.Австралија (Рајс/Берет/Палмер/Мекензи) СР 7:44.31

2.Кина (Јанг/Жу/Тан/Панг) 7:45.93

3.САД (Шмит/Кохлин/Баркл/Хоф) 7:46.33

4.Италија (Спањоло/Филипи/Зокари/Пелегрини) 7:49.76

5.Франција (Балми/Етјен/Монжел/Муфат) 7:50.66

Хогенбанд во пензија: "Јас сум од старата генерација"

Холандскиот ас Пиетер Ван Ден Хогенбанд објави дека заминува во пензија откако не успеа да ја освои третата едноподруго олимписка титула на 100 метри завршувајќи како петти.

"Премногу брзо. Ова е нова генерација и сега е време да се тргнам на страна. Тие завршија одлична работа. Јас сум од претходната генерација, како Алекс Попов", вели Холанѓанецот.

Попов победи на 100 слободно во 1992 и 1996, додека Ван Хогенбанд победи во 2000 и 2004. Светскиот рекорд на Холанѓанецот од 47.84 од Сиднеј 2000 стоеше осум години пред Алан Бернар да го подобри двапати во еден ден на ЕП во март.

"Тоа беше мојата последна трка. Сум одел против Алан и порано, но не знаев дека е толку добар. Тој е одличен спортист. Помина долго време - ова е четврта Олимпијада со четврто финале. Секогаш било толку посебно. Кога имав 10 години се сеќавам како гледав Сеул 1988 со Мат Бионди и добив инспирација", вели Хогенбанд, кој се пензионира со три олимписки злата, две сребра и две бронзи, но ниту една титула од СП (8 бронзи и 2 сребра.

Што понатаму? Хогенбанд не е сигурен. Тој студираше медицина, но сигурен е дека ќе помине повеќе време со неговата сопруга Минуш и ќерката Дафне.

Што се случи со Кејти Хоф?

Американките беа апсолутни фаворитки за трката на 4х200 метри слободно во женска конк*ренција, откако го поставија претходниот светски рекорд на минатото СП во Мелбурн, но во ниту еден момент на трката не беа повисоко од третото место и на крајот се задоволија со бронзата.

Со медалот Натали Кохлин остана на добар пат да освои шест медали во Пекинг, по златото на 100 грбно, среброто на 4х100 слободно и бронзата на 200 мешано. Но, третото место беше ново разочарување за Кејти Хоф, која с$ уште го брка првото олимписко злато откако нервите повторно ја фатија исто како во Атина пред четири години. Хоф пристигна во Пекинг во обид за шест златни медали (од кои пет во индивидуални трки).

Крајот на ОИ за Хоф беше уште полош откако не успеа да се квалификува за полуфиналето на 800 метри слободно. Нејзината сонародничка Кејт Циглер исто така не успеа да ги помине квалификациите, шокантен резултат за САД, кои имаат 7 злата во оваа дисциплина, вклучувајќи пет по ред од 1984 до 2000.

Французин најдобар и на квалификациите на 50-ка

Французинот Амори Левео се квалификуваше како најбрз на квалификациите на 50 метри слободно пред новиот шампион на 100 метри, Алан Бернар и светскиот рекордер Имон Саливен. Левео во најхаотичната трка во пливањето исплива 21.46 подобрувајќи го претходниот олимписки рекорд на Бразилецот Цезар Сиело. Најдобрите осум испливаа под 21.91, претходниот олимписки рекорд кој го имаше Русинот Александер Попов во Барселона во 1992.

Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....
Кон врв
гoстин Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 29.Февруари.2008
Статус: Офлајн
Поени: 7557
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај гoстин Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 28.Април.2009 во 17:27
Рекорд на Буске на 50 м слободно

Фредерик Буске го спушти светскиот рекорд на 50 метри слободно под 21 секунда откако на националното првенство на Франција во Монпелје ја мина најкратката пливачка делница за време од 20,94 секунди. Дваесет и осумгодишникот го надмина 13 месеци стариот рекорд на Австралиецот Имон Саливен за 34 стотинки, а и Ален Бернар исплива побрзо од досегашното најдобро остварување (21,23).
Како и Бернар кога го собори рекордот на 100 метри слободно, и Буске сега носеше прототип на новиот костим целосно прекриен со полиуретан, чија употреба допрва треба да биде одобрена од меѓународните пливачки власти. Ова го наведе тренерот на австралиските пливачи да изјави дека рекордите се поставени на нелегален начин.
- Ќе биде опасен преседан доколку овие рекорди бидат признати. Ова е истата ситуација како кога не и го признаа рекордот на Либи Трикет кога се натпреваруваше против Мајкл Фелпс. Тоа не беше признат настан и ова не е признат костим - рече Алан Томпсон.


Кон врв
гoстин Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 29.Февруари.2008
Статус: Офлајн
Поени: 7557
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај гoстин Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 09.Мај.2009 во 21:46
Нов пливачки рекорд на 50 метри градно

Бразилецот Фелипе Франка постави нов светски рекорд на 50 метри градно на пливачкиот митинг во Рио де Жанеиро.

Неговиот резултат 26.89 е прв во историјата под 27 секунди во оваа дисциплина.

Со него Франка го поправи најдоброто досегашно време на Јужноафриканецот Ван ден Бург од пред 20-тина дена.

Франка е прв Бразилец со светски пливачки рекорд по 27 години.


Фелипе Франка

Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  12>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,199 секунди.