IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Спорт > Кошарка и ракомет
  Активни теми Активни теми RSS - РАКОМЕТ - новости
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

РАКОМЕТ - новости

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 7891011 18>
Автор
Порака
La Ninja Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
She Hulk

Регистриран: 13.Јуни.2006
Статус: Офлајн
Поени: 1605
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај La Ninja Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 30.Март.2009 во 10:39
aha голема%20насмевка
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....
Кон врв
гoстин Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 29.Февруари.2008
Статус: Офлајн
Поени: 7557
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај гoстин Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 30.Март.2009 во 17:17
Eve nekolku informacii cim veke me izdade blue

I ako rezultatot kazuva deka Metalurg dobro pominal vo Svajcarija ne bese toa sto go ocekuvaa nasite navivaci, mnogu slaba igra 52min gubese Metalurg so -6 pa na kraj nekako se izvlekoa...

Imase okolu 100-120 Makedonci koj navivaa od vreme na vreme ali ne bese ni najmalku kako na Vardar-Cirih...Drugo e koga ima koj da vodi Vikavme od vreme na Vreme Makedonija...i see peese poslednite 10min Makedonskata Himna i pesnata Abre Makedonce...Sepak mislam vo Skopje ke teba Metalurg so +3 ili vise i ke odi ponatamu...

АМИЧИТИЈА - МЕТАЛУРГ 31:29 (16:10)
Сала: Саалхален" во Цирих, Швајцарија. Гледачи: 500
Судии: Иван Какадор и Еурико Николау од Португалија.
Делегат: Бјарне Мунк Јенсен од Данска

Svajcarcite najavia deka imase 1000 gledaci...


Кон врв
fiks Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор
Лик (аватар)
ПРАВДОЉУБЕЦ

Регистриран: 18.Април.2005
Локација: Македонија
Статус: Офлајн
Поени: 24000
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај fiks Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Април.2009 во 10:24
Металург "брка" рекорд на гледаност

Четврт-финалната пресметка од Купот на куп победниците меѓу Металург и Амичитија која ќе се одржи в сабота во "Борис Трајковски" би можела да стане најпосетениот ракометен натпревар во Македонија досега.

За првпат во "Борис Трајковски" е поставена уште една, четврта трибина која е сместена позади голот на северната страна на салата, под службените простории. Таа е помала од другите "М" трибини и има капацитет од околу 200 гледачи.

Со тоа "Борис Трајковски" ќе може да прими повеќе од 6200 гледачи и доколку се реализира тоа, службено ќе биде најпосетен меч досега.

Дуелите кои Македонија ги играше со Исланд засега го држат рекордот и доколку беше и тогаш поставена монтажната трибина сигурно ќе беше преполна. Истото важи и за дуелите на женската сениорска репрезентација на Македонија од Европското Првенство одржано во декември минатата година. Но, тогаш беа повелечени и трибините "М", кои се наоѓаат позади записничката маса на западната страна и со тоа капацитетот на салата беше намален за околу 500 гледачи.

Не ни осмелуваме да правиме споредби со дуелите на Кометал од неговата златна ера. Веројатно и стадион ќе беше премал за дуелите од 2002 на најславниот македонски клуб, но тогаш во Скопје немаше "саглам" сала, па едвај 2000 гледачи имаа задоволство да го гледаат мечот. Тука некаде е дуелот Пелистер-Лемго, нема официјална бројка за тој натпревар, но со оглед на официјалниот капацитет на салата во Битола, сепак, тоа е помал број.

За дуелот на Металург со Амичитија не владее еуфорија каква што нормално има кога игра репрезентацијата на Македонија, но далеку е поголема заинтересираноста да се гледа овој натпревар отколку што имаше на натпреварите за Кил и на Барселона на пример.

Активниот резултат од Цирих, убавото време и погодниот термин, шансата македонска екипа по четвртипат да се најде во 1/2 финалето на КПК, условите кои ги нуди "Борис Трајковски", но и растечката популарност на ракометот се причините поради кои се бараше билет повеќе деновиве. Посебно стратегијата која ја форсира Металург. Без навивачки групи, без организирано навивање, со спроведување на системот со нумерирани седишта што се покажува како "магнет" за се поголем број обични љубители на ракометот кои сакаат да дојдат во сала, да минат час и пол на ракометен натпревар и точно да знаат на кое седиште седат, поточно и да можат да си се вратат назад на своето место дури и да решиле да излезат надвор на воздух.

Атмосферата не е таа која ја има на натпреварите кога има навивачки групи, но е убава и привлечна, а Металург е презадоволен од ваквиот тренд и во зависност на резултатите кои ќе ги оствари во домашниот шампионат сезонава (да биде првак) во клупските планови стои и можност за комплетна преселба на клубот во "Борис Трајковски" за наредната сезона.

Во продажба според информациите од вчера претпладне имало останато уште околу 1500 билети кои се по цена од 100 денари.

Што се однесува до Металург, екипата веќе тренира во арената, од вчера е и во некој вид карантин. Прес-конференцијата за натпреварот се одржа вчера.

"Наша цел е да организираме уште еден натпревар во кој македонската публика ќе може да ужива. Пласман во полуфинале не е мала работа, ние не го претставуваме само Металург, ја претставуваме Македонија и мислам дека на секој љубител на спортот во државата ќе му биде мило да има македонски претставник во Европа во полуфиналето. Затоа сакаме и да ја задржиме концентрацијата и да не влетуваме во приказните кои деновиве се кружат низ цела Европа. Што се однесува до нас, нема случај Металург-Барселона. Ние сме кристално чисти и ова само може да ни одземе енергија, па затоа не сакам ништо сега да коментирам. Наскоро, ако треба ќе одржиме нова прес-конфренција на која ќе зборуваме само за тоа, сега најважно ни е да ја елиминираме Амичитија и да се пласираме во полуфиналето на КПК", вели потпретседателот на Металург, Филип Христов, кој вчера слично настапи и на официјалната прес-конференција.

Вести нови од таборот на Металург нема. Освен што на списокот на повредени е ставен и Олег Маљцев. Тој имаше проблеми и на натпреварот во Цирих, па затоа и не беше во составот за дуелот со В. В. Тиквеш одигран во средата.

За среќа, не се работи за нешто сериозно и тој в сабота ќе биде во составот. Деновите до мечот ќе се работи со намален интензитет.

Нема нови моменти ниту од Цирих. Најважното од таму: Енди Шмит ќе дојде и ќе игра. Повреден е, колку ќе биде кадарен да покаже, ќе видиме.

"Нас не не интересира, ниту се оптоваруваме со тоа дали и колку ќе може да игра Шмит. Се подготвуваме како тој да е 100 насто фит. Видовме за каква екипа се работи, знаеме со каков квалитет располагаат, но сметаме дека имаме реални шанси да ги елиминираме и да се пласираме во полуфиналето. Може да се види од нивните резултати дека добро играат и на гостински терен. Се трудиме да бидеме максимално сконцентрирани на тој меч. Маљцев има мали проблеми, но сметаме дека ќе биде подготвен да игра в сабота", изјави тренерот Звонко Шундовски, кој разбирливо не сакаше да навлегува во коментари за тоа што и како ќе игра Металург в сабота.

Средбата е закажана за 18:30 часот, а ја судат Литванците Мазејка и Гателис, кои се целосна енигма за македонскиот тим.


Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена,
само шлаг пена ќе бидеме и можеби
неколку жолти ракии.

Кон врв
fiks Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор
Лик (аватар)
ПРАВДОЉУБЕЦ

Регистриран: 18.Април.2005
Локација: Македонија
Статус: Офлајн
Поени: 24000
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај fiks Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 04.Април.2009 во 16:43
Металург во поход кон најдобриот клупски резултат

Единствениот македонски претставник во еврокуповите ракометарите на Металург го имаат најголемиот испит во клупската историја.

Победа од три гола разлика во реванш четвртфиналето од Купот на куповите против Амичитиа ќе ги однесе играчите од Автокоманда до најголемиот клупски резултат, влез во четворката. Таму каде што досега беа Пелистер (против Лемго) и Вардар во два наврати (против Адемар Леон и Загреб).

Минималниот пораз во Цирих во неделата (29:31) треба да се сфати сериозно бидејќи во оваа фаза од натпревари сите екипи добро играат и дома и на гости, а тоа добро го знаат и во тимот на Металург. Најголем товар во играта ќе го понесе бековската линија и пред се репрезентативецот Филип Миркуловски, кој истакна дека швајцарскиот тим е опасен ривал.

- Амичитиа има многу репрезентативци, со многу интернационалци, а ние ако сакаме да стигнеме до полуфиналето, мораме да одиграме квалитетно во сите 60 минути, а не како во Цирих само едно полувреме.

Тренерот на Металург, Звонко Шундовски се уште има проблеми со составот. Нема да играат Ванчо Димовски и Иван Шмигиќ, а на повреда се жали и Олег Маљцев, но се очекување да се појави на теренот.

Натпреварот почнува во 18 часот и 30 минути во салата „Борис Трајковски“. Се очекува трибините да бидат исполнети до последното место и Металург да ја добие поддршката и од „осмиот играч“.

Во другите натпревари од 1/4 финалето се среќаваат: Босна (БиХ) - Кадетен Шафхаузен (Швајцарија) 22:27 (прв натпревар), Пик Сегед (Унгарија) - Нордхорн (Германија) 25:34, Констанца (Романија) - Ваљадолид (Шпанија) 23:38.
Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена,
само шлаг пена ќе бидеме и можеби
неколку жолти ракии.

Кон врв
fiks Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор
Лик (аватар)
ПРАВДОЉУБЕЦ

Регистриран: 18.Април.2005
Локација: Македонија
Статус: Офлајн
Поени: 24000
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај fiks Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Април.2009 во 10:35
Металург достојно се прости од Европа

Македонскиот ракометен првак Металург го совлада швајцарскиот шампион Амичитија со 24:23 во реванш 1/4-финалниот меч од КПК, но не успеа да се пласира во полуфиналето бидејќи противникот во Скопје допатува со предност од првиот натпревар со два гола, кој заврши 31:29.

Одигравме неочекувано лошо прво полувреме, кое противникот го доби со 12:8. По одморот очигледно беше дека советите на тренерот на Металурзи, Шундовски вродија со плод, а како и што се очекуваше мечот кулминацијата ја доживеа во последните 10 минути од пресметката. Токму тогаш Металург го покажа своето вистинско лице, Борко во елемент бранеше и кога преполната сала "Борис Трајковски" ја гледаше топката во неговата мрежа, одбрана го достигна посакуваното ниво, Миркуловски 'украде' неколку топки за атмосферата да се вжешти до точка на вриење, а Јовиќ дополнително ја крена публиката на нозе со прецизните лоб удари од пенал. Особено што спроти себе го имаше вечерва расположениот до максимум противнички голман Васкевичиус. Чуварот на мрежата на Амичитија несомнено е и играч на натпреварот со 23 успешни интервенции зад своето име.

Но, и при водство од три разлика за нашиот тим на три минути до последниот судиски свиреж и речиси добиен натпревар, среќата ни го сврте грбот. Имавме можност и дефинтивно да го решиме прашањето на патникот во следната рунда во наша полза, но Јовиќ при резултат од 24:22 од пенал со силен удар меѓу нозете на Васкевичиус ја погоди пречката од противничкиот гол. Кратко потоа, во последните секунди од дуелот и противникот доби удар од седум метри, кој неговите играчи успешно го реализираа, ги поставија конечните Металург - Амичитија 24:23 и благодарение на предноста која ја остварија во првиот меч со победата од 31:29, се пласираа меѓу четирите најдобри во второто по ранг клупско натпреварување во ракометна Европа.

Во нашиот тим очигледно беше отсуството на тројцата стандардни ракометари: Маљцев, Димовски и Шмигиќ. Во такви околности Стојановиќ беше најпрецизен со 7 погодоци, Јовиќ постигна 6. Борко Ристовски мечот го заврши со 11 успешни интервенции.

Сепак, Металурзи достојно се простија од евро сцената, а публиката во преполната сала "Борис Трајковски" со аплауз ги испрати своите миленици кон соблекувалната. Новиот предизвик за тимот од Автокоманда е веќе в среда, кога го играат градското дерби со Вардар Про, кое најверојатно ќе го даде името на освојувачот на шампионската титула во домашниот шампионат.
Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена,
само шлаг пена ќе бидеме и можеби
неколку жолти ракии.

Кон врв
гoстин Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 29.Февруари.2008
Статус: Офлајн
Поени: 7557
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај гoстин Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 08.Април.2009 во 23:16
Вардар Про го совлада Металург со 32:24

Вардар Про го совлада Металург со 32:24 во дербито на македонското ракометно првенство и со тоа направи значаен чекор кон шампионската титула.

Во салата „Борис Трајковски“ црвено-црните не само што ја остварија првата победа во третото сезонско соочување со Металург, туку со убедливите плус-осум дојдоа до ситуација и со пораз во наредниот натпревар со ривалот, поради подобра гол-разлика да се радуваат на целосен триумф во шампионатот.

Претходните два меѓусебни меча завршија нерешено, а со оглед на квалитетот, единствените конк*ренти за пехарот можат да загубат бодови само кога играат еден против друг, што значи дека во 4. средба на Вардар Про би му одговарал пораз до осум гола за да ја врати титулата во своите витрини.

Само на почетокот Металург ја имаше контролата и водеше со 4:1, а потоа вардарци влегоа во ритам и пред одморот не само што ја анулираа предноста на противникот туку и создадоа предност од 15:13.

На средина на вториот дел Вардар Про ја направи клучната разлика, а потоа и ја зголеми за конечни 32:24. Најефикасни на натпреварот со по седум гола беа Наумче Мојсовски од победничкиот тим и крилото на Металург, Чантурија.

Bravo Majstori! Vardar Sahmpion!

http://www.youtube.com/watch?v=CvM_EurjEno&feature=player_embedded

http://www.youtube.com/watch?v=yNDpdz7VjJM&feature=player_embedded

Кон врв
fiks Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор
Лик (аватар)
ПРАВДОЉУБЕЦ

Регистриран: 18.Април.2005
Локација: Македонија
Статус: Офлајн
Поени: 24000
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај fiks Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 10.Април.2009 во 18:33
Металург дојде до раскрсница

Сезоната од која Металург имаше големи очекувања финишира со "просечност" од која не се задоволни во клубот. По релативно успешно одработениот есенски дел и во првенството и во ЛШ дојде моментот кога требаше да се види дали Металург е кадарен да оди чекор напред или не.

Цела сезона беше подредена на двата дуела кои се играа последните денови. Тука требаше да се направи тој чекор што ќе ја направеше оваа година посебна за Металург, но тоа не се случи.

Како одигра екипата тогаш кога најмногу требаше за управата на клубот значи дека дошле до раскрсница. Односите со РФМ од корисна соработка дојдоа до момент кога "заедно" веќе нема да ја има и тука "љубов" нема да има уште долго време. Полошо секогаш може да биде.

Тренерско-играчкиот дел доби слобода да работи како што мисли дека треба, немаше плеткање на управата во тоа што се работеше, резултатите беа тие по кои ќе се мери успехот.

Претседателот на клубот, Ристо Чокрев, е најкомпетентен во моментов да коментира какви ќе бидат односите со РФМ и кои се клупските планови.

"Вардар победи и сега е блиску до титулата, но јас нема да му ја честитам победата. Премногу работи се случија во претходницата на овој меч за да биде се спортски и да си подадеме рака.

Се чини ќе успее сценариото кое го форсира Вардар. Да биде само Вардар, да се има само еден клуб и се друго да не постои. Систем кој функционираше довчера во женскиот ракомет, само Кометал и никој друг. Систем кој е поддржан и од генералниот секретар Марјан Начевски, комисиите, судиите. Ние неколку години им ги мрсевме сметките, создадовме клуб кој не функционира по нивните правила на игра, покажавме дека може и поинаку да се работи.

Но... ќе видиме дали ќе продолжиме така.

Сега кога имаат апсолутна власт во РФМ, прашање е дали тоа вреди. Видовте што се случи кога требаше да се игра. Менуваа термини, манипулираа со комисии, прописи, одолговлекуваа и на крајот дојде ред да играме, кога ние имавме многу повредени играчи. Настрана се, имаа и великодушна поддршка од судиите кои упорно го одржуваа во живот кога имавме водство, направија се за да поведе, а по тоа беше лесно", вели претседателот на Металург, Ристо Чокрев.

Ова е само првиот дел од приказната, причини за поразот се бараат во сопствените редови.

"Отсуството на два-три играчи не смее да биде оправдување за играта која ја прикажавме. Ако толку се зависи од два играчи, зошто тогаш ги чуваме другите? Сигурно не за да одиграат вака како што одиграа. Оваа екипа не е од вчера. Се создаваше неколку години, за да пружи вистинска борба, кога најмногу треба. Со Амичитија и посебно со Вардар. Видовме како вратија. Без борбеност, без жестина, храброст...

Сите имаа своја шанса, видов кој колку пружи и многу од овие играчи следната година сигурно нема да бидат во Металург. Не заслужуваат и нема да бидат дел од иднината на овој клуб. Имаа шанса да излезат од просечноста, да покажат дека се вредни за поголеми дострели...еве што покажаа.

Не направивме наша игра, цела година. Игравме на бранови, десет минути добро, дваесет слабо, десет лошо... и така. Нормално, сезоната уште не е завршена, стручниот штаб и играчите имаат шанса да ме разубедат. Да направат игра со која ќе го победат Вардар девет разлика. Тогаш јавно ќе се извинам што сум се посомневал", вели Чокрев.

Како ќе биде натаму, ќе покаже времето, од Металург велат дека овде не застанува времето.

"Ние себеси се гледаме како брана која стои меѓу македонскиот ракомет и потоп. Ако не сме ние, остане ли Вардар сам, како што сакаат и во тој правец работат многумина, целиот ракомет ќе се удави. И ќе има силен Металург и следната година, му се допаѓало тоа некому или не. И не само тоа, ќе настојуваме и да се најде начин да се 'дигне' од пепел и некој друг тим. Да не се решава се на два меча, каде што можат да пресудат судии, комисии или слично", вели Чокрев.

Очигледно, ќе имаме многу што да чуеме од "Автокоманда" следниот период.
Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена,
само шлаг пена ќе бидеме и можеби
неколку жолти ракии.

Кон врв
гoстин Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 29.Февруари.2008
Статус: Офлајн
Поени: 7557
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај гoстин Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Април.2009 во 11:43
Komitsko ludilo vo novata sala

Vardar - Metalurg


http://www.youtube.com/watch?v=Rpm6mPVWFRM&feature=channel_page

Изменето од Vardar1947 - 14.Април.2009 во 11:44

Кон врв
гoстин Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 29.Февруари.2008
Статус: Офлајн
Поени: 7557
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај гoстин Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Април.2009 во 11:45
Вардар Про остана на првата позиција

Во ракометниот шампионат, во 20. коло, Вардар Про очекувано триумфираше над Винарска визба Тиквеш со 39:22 и остана на првата позиција на табелата.

Вардар Про има предност од три бода пред единствениот ривал Металург, кој се радуваше против МРК Вардар со 37:24.

Во мечот за опстанок Борец Младост ја совлада Преспа со 29:22, па сега има бод повеќе од конк*рентот и е на седмото место што обезбедува натамошен настап во Супер лигата.

Ракометарите на Пелистер го дополнија успешниот ден за битолските екипи со победа кај Тинекс Пролет со 27:20.

Samo napred vardare!!!

Кон врв
La Ninja Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
She Hulk

Регистриран: 13.Јуни.2006
Статус: Офлајн
Поени: 1605
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај La Ninja Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Април.2009 во 17:32
Originally posted by Vardar1947 Vardar1947 напиша:

Komitsko ludilo vo novata sala

Vardar - Metalurg


http://www.youtube.com/watch?v=Rpm6mPVWFRM&feature=channel_page
Секоја чест аплауз
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....
Кон врв
гoстин Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 29.Февруари.2008
Статус: Офлајн
Поени: 7557
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај гoстин Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Април.2009 во 20:54
На Веселин Вујовиќ му пропаѓа инвестиција вредна 350.000 евра?!

Тренерот на машкиот ракометен прволигаш Вардар Про, Црногорецот Веселин Вујовиќ, деновиве има мака целосно да се посвети на клучниот меч на неговиот тим против Металург, кој треба да го даде новиот шампион на Македонија. Причина за тоа се големите проблемите кои ги има со својата инвестиција во српскиот град Шабац, каде што со години настапуваше во дресот на некогашниот европски шампион Металопластика, кои се закануваат целосно да го банкротираат.

Според пишувањата на српскиот весник „к*рир“, Вујовиќ и неговиот некогашен соиграч Бранислав Ѓукановиќ, можат да останат без повеќегодишното вложување во спортски комплекс вреден повеќе од 350.000 евра. Тоа може да се случи поради промените во Урбанистичкиот план на Шабац поради кои Вујовиќ и неговиот партнер веќе поднеле кривични пријави против одредени локални функционери, кои засега седат затскриени во полициските фиоки.

Инвестицијата на тренерот на Вардар Про почнала уште во 1992 година преку фирмата „Марбо“, која склопила договор со спортскиот сојуз на Шабац за заедничко вложување за изградба на спортски комплекс.

- Ѓукановиќ и јас целиот свој капитал заработен со играње во странство сакавме да го вложиме во нашиот Шабац и тоа во спортски комплекс по принципот „ние парите, вие земјиштето“. Тоа веднаш беше промовирано во проект на деценијата. Договорот предвидуваше изградба на два базени, тениски терени, деловен објект и ресторан. Сè беше добро додека ние дававме пари и додека не потрошивме во тоа време 650.000 германски марки. Е, после тоа општинските моќници почнаа да ја стопираат работата со разни оправдувања. Сето ова е навистина непријатна ситуација - изјави за „к*рир“ тренерот на Вардар Про, Вујовиќ.


Кон врв
гoстин Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 29.Февруари.2008
Статус: Офлајн
Поени: 7557
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај гoстин Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 28.Април.2009 во 17:19
Одложениот меч Белгија - Македонија на 6. јуни во Херстал

Одложениот квалификациски натпревар за Европското првенство 2010 година во Австрија на македонската машка сениорска ракометна репрезентација со Белгија, на гостински терен ќе се одигра на 6. јуни во Херстал.

Првично мечот беше закажан и требаше да се одигра на 22. март, но поради лошите временски услови и затворениот скопски аеродром репрезентацијата не отпатува за Белгија и истиот требаше да биде презакажан.

Двете репрезентации седум дена подоцна ќе играат во Македонија.

До крајот на квалификацискиот циклус Македонија ќе одигра уште три натпревари, на 10. јуни против Норвешка на гости, на 17. јуни со Исланд исто така на теренот на противникот и со Норвешка на 21. јуни во Скопје. Првопласираните две репрезентации од групата ќе играат на завршниот турнир.

Македонија моментно е на четврто место со три бода од три меча. Лидерската позиција ја делат Исланд и Норвешка со по 7 бода.


Кон врв
гoстин Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 29.Февруари.2008
Статус: Офлајн
Поени: 7557
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај гoстин Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 28.Април.2009 во 17:23
Стојановиќ преку Катар до Вардар

Раде Стојановиќ, чиј репрезентативен статус стана нејасен по конфликтот и наводната физичка пресметка со селекторот Илија Темелковски за време на СП во Хрватска, следната сезона би требало да се врати во Македонија, по седум години интернационална кариера. Се очекува поранешниот лев бек на Пелистер да го облече дресот на Вардар, откако веќе имал прелиминарни контакти со претседателот Михајло Михајловски. Во меѓувреме, Стојановиќ треба да замине на едномесечна печалба во Катар за да му помогне на тимот на Ал-Рајан во тамошниот суперкуп.
По заминувањето од Битола, Стојановиќ прво го носеше дресот на Тримо Требње, а потоа стана еден од клучните поединци во сега веќе пропаднатиот проект Голд клуб, кој прв ја начна доминацијата на Целје на домашната сцена. Оттаму си замина по завршувањето на минатата сезона и оттогаш кариерата му е во застој, прво поради погрешниот избор на новиот клуб, шпански Октавио Пилотес, а потоа не се изнаигра ниту во Горење, кој не му го продолжи договорот зимоска.



Leleee zakooonnn so Mojsovski rastur ke pravat

Кон врв
гoстин Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 29.Февруари.2008
Статус: Офлајн
Поени: 7557
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај гoстин Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Април.2009 во 17:11
Лазаров го чекаат во Шпанија и во Германија

Ако Кроација Осигурање му понуди неприфатливо финансиско намалување на договорот на Кирил Лазаров, нашиот најдобар ракометен интернационалец кариерата може да ја продолжи во Шпанија или во Германија, соопштува весникот „Дневник“.

Тамошните клубови повеќе години по ред се обидуваат да го донесат во своите редови, а сега можеби ќе добијат шанса ако Загреб, поради финансиската криза, не сака или не може да го плати квалитетот на нашиот ракометар.

Како можни дестинации за Кире често се споменуваат Сиудад Реал и Барселона. Во Германија повеќе пати го бараа од Флензбург. Април и мај се месеци кога се прават трансферите во европските клубови, па следниве недели можно е да има новини.

Леворакиот Лазаров би требало денеска во клупските простории на загрепчани да разговара за својот договор. Тој засега нема најави дали клубот нему ќе му понуди договор со помала вредност. Дојде во клубот како големо засилување, две сезони по ред е најдобар стрелец во Лигата на шампионите. Пред СП во Хрватска го продолжи договорот со клубот за уште две сезони, па и не може да размислува за заминување, освен ако не го пушти клубот.

Загреб Осигурање во моментов има 500.000 евра помалку во буџетот по заминувањето на Теле 2 и ХЕП, и кредит од околу 1.000.000 евра, што беше земен за да се донесе Ивано Балиќ. Според Зоран Гобац, менаџерот на загрепчани, сезонава клубот е задоволен од Вори, Тончи Валчиќ и Дувњак. Повеќе очекувале од Балиќ, кој ниту маркетиншки не им донел профит. Токму за неговиот договорот кој годишно тежи околу 350.000 евра, најмногу се зборува во медиумите. Според хратските медиуми договорот на нашиот Лазаров е помеѓу 150.000 и 300.000 евра по сезона.

„Двајца, тројца или четворица ракометари ќе ги задржат сегашните договори, на двајца ќе им се понудат зголемувања, а кај повеќето ќе има намалување“ изјави Гобац за хрватските медиуми.

Златко Хорват не го прифатил покачувањето, Домагој Дувњак побарал неколку дена да размисли дали му е доволно зголемен договорот. Во некои европски клубови рецесијата е веќе присутна. Перо Метличиќ кој игра во Сиудад Реал вели дека нема „кратење“ на договорите на играчите, иако рецесијата се чувствува, па клубовите ги намалуваат трошоците на друг начин.


Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 7891011 18>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,250 секунди.