IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Спорт > Кошарка и ракомет
  Активни теми Активни теми RSS - РАКОМЕТ - новости
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

РАКОМЕТ - новости

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 89101112 18>
Автор
Порака Обратен редослед
fiks Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор
Лик (аватар)
ПРАВДОЉУБЕЦ

Регистриран: 18.Април.2005
Локација: Македонија
Статус: Офлајн
Поени: 24000
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај fiks Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 10.Април.2009 во 18:33
Металург дојде до раскрсница

Сезоната од која Металург имаше големи очекувања финишира со "просечност" од која не се задоволни во клубот. По релативно успешно одработениот есенски дел и во првенството и во ЛШ дојде моментот кога требаше да се види дали Металург е кадарен да оди чекор напред или не.

Цела сезона беше подредена на двата дуела кои се играа последните денови. Тука требаше да се направи тој чекор што ќе ја направеше оваа година посебна за Металург, но тоа не се случи.

Како одигра екипата тогаш кога најмногу требаше за управата на клубот значи дека дошле до раскрсница. Односите со РФМ од корисна соработка дојдоа до момент кога "заедно" веќе нема да ја има и тука "љубов" нема да има уште долго време. Полошо секогаш може да биде.

Тренерско-играчкиот дел доби слобода да работи како што мисли дека треба, немаше плеткање на управата во тоа што се работеше, резултатите беа тие по кои ќе се мери успехот.

Претседателот на клубот, Ристо Чокрев, е најкомпетентен во моментов да коментира какви ќе бидат односите со РФМ и кои се клупските планови.

"Вардар победи и сега е блиску до титулата, но јас нема да му ја честитам победата. Премногу работи се случија во претходницата на овој меч за да биде се спортски и да си подадеме рака.

Се чини ќе успее сценариото кое го форсира Вардар. Да биде само Вардар, да се има само еден клуб и се друго да не постои. Систем кој функционираше довчера во женскиот ракомет, само Кометал и никој друг. Систем кој е поддржан и од генералниот секретар Марјан Начевски, комисиите, судиите. Ние неколку години им ги мрсевме сметките, создадовме клуб кој не функционира по нивните правила на игра, покажавме дека може и поинаку да се работи.

Но... ќе видиме дали ќе продолжиме така.

Сега кога имаат апсолутна власт во РФМ, прашање е дали тоа вреди. Видовте што се случи кога требаше да се игра. Менуваа термини, манипулираа со комисии, прописи, одолговлекуваа и на крајот дојде ред да играме, кога ние имавме многу повредени играчи. Настрана се, имаа и великодушна поддршка од судиите кои упорно го одржуваа во живот кога имавме водство, направија се за да поведе, а по тоа беше лесно", вели претседателот на Металург, Ристо Чокрев.

Ова е само првиот дел од приказната, причини за поразот се бараат во сопствените редови.

"Отсуството на два-три играчи не смее да биде оправдување за играта која ја прикажавме. Ако толку се зависи од два играчи, зошто тогаш ги чуваме другите? Сигурно не за да одиграат вака како што одиграа. Оваа екипа не е од вчера. Се создаваше неколку години, за да пружи вистинска борба, кога најмногу треба. Со Амичитија и посебно со Вардар. Видовме како вратија. Без борбеност, без жестина, храброст...

Сите имаа своја шанса, видов кој колку пружи и многу од овие играчи следната година сигурно нема да бидат во Металург. Не заслужуваат и нема да бидат дел од иднината на овој клуб. Имаа шанса да излезат од просечноста, да покажат дека се вредни за поголеми дострели...еве што покажаа.

Не направивме наша игра, цела година. Игравме на бранови, десет минути добро, дваесет слабо, десет лошо... и така. Нормално, сезоната уште не е завршена, стручниот штаб и играчите имаат шанса да ме разубедат. Да направат игра со која ќе го победат Вардар девет разлика. Тогаш јавно ќе се извинам што сум се посомневал", вели Чокрев.

Како ќе биде натаму, ќе покаже времето, од Металург велат дека овде не застанува времето.

"Ние себеси се гледаме како брана која стои меѓу македонскиот ракомет и потоп. Ако не сме ние, остане ли Вардар сам, како што сакаат и во тој правец работат многумина, целиот ракомет ќе се удави. И ќе има силен Металург и следната година, му се допаѓало тоа некому или не. И не само тоа, ќе настојуваме и да се најде начин да се 'дигне' од пепел и некој друг тим. Да не се решава се на два меча, каде што можат да пресудат судии, комисии или слично", вели Чокрев.

Очигледно, ќе имаме многу што да чуеме од "Автокоманда" следниот период.
Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена,
само шлаг пена ќе бидеме и можеби
неколку жолти ракии.

Кон врв
гoстин Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 29.Февруари.2008
Статус: Офлајн
Поени: 7557
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај гoстин Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 08.Април.2009 во 23:16
Вардар Про го совлада Металург со 32:24

Вардар Про го совлада Металург со 32:24 во дербито на македонското ракометно првенство и со тоа направи значаен чекор кон шампионската титула.

Во салата „Борис Трајковски“ црвено-црните не само што ја остварија првата победа во третото сезонско соочување со Металург, туку со убедливите плус-осум дојдоа до ситуација и со пораз во наредниот натпревар со ривалот, поради подобра гол-разлика да се радуваат на целосен триумф во шампионатот.

Претходните два меѓусебни меча завршија нерешено, а со оглед на квалитетот, единствените конк*ренти за пехарот можат да загубат бодови само кога играат еден против друг, што значи дека во 4. средба на Вардар Про би му одговарал пораз до осум гола за да ја врати титулата во своите витрини.

Само на почетокот Металург ја имаше контролата и водеше со 4:1, а потоа вардарци влегоа во ритам и пред одморот не само што ја анулираа предноста на противникот туку и создадоа предност од 15:13.

На средина на вториот дел Вардар Про ја направи клучната разлика, а потоа и ја зголеми за конечни 32:24. Најефикасни на натпреварот со по седум гола беа Наумче Мојсовски од победничкиот тим и крилото на Металург, Чантурија.

Bravo Majstori! Vardar Sahmpion!

http://www.youtube.com/watch?v=CvM_EurjEno&feature=player_embedded

http://www.youtube.com/watch?v=yNDpdz7VjJM&feature=player_embedded

Кон врв
fiks Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор
Лик (аватар)
ПРАВДОЉУБЕЦ

Регистриран: 18.Април.2005
Локација: Македонија
Статус: Офлајн
Поени: 24000
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај fiks Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Април.2009 во 10:35
Металург достојно се прости од Европа

Македонскиот ракометен првак Металург го совлада швајцарскиот шампион Амичитија со 24:23 во реванш 1/4-финалниот меч од КПК, но не успеа да се пласира во полуфиналето бидејќи противникот во Скопје допатува со предност од првиот натпревар со два гола, кој заврши 31:29.

Одигравме неочекувано лошо прво полувреме, кое противникот го доби со 12:8. По одморот очигледно беше дека советите на тренерот на Металурзи, Шундовски вродија со плод, а како и што се очекуваше мечот кулминацијата ја доживеа во последните 10 минути од пресметката. Токму тогаш Металург го покажа своето вистинско лице, Борко во елемент бранеше и кога преполната сала "Борис Трајковски" ја гледаше топката во неговата мрежа, одбрана го достигна посакуваното ниво, Миркуловски 'украде' неколку топки за атмосферата да се вжешти до точка на вриење, а Јовиќ дополнително ја крена публиката на нозе со прецизните лоб удари од пенал. Особено што спроти себе го имаше вечерва расположениот до максимум противнички голман Васкевичиус. Чуварот на мрежата на Амичитија несомнено е и играч на натпреварот со 23 успешни интервенции зад своето име.

Но, и при водство од три разлика за нашиот тим на три минути до последниот судиски свиреж и речиси добиен натпревар, среќата ни го сврте грбот. Имавме можност и дефинтивно да го решиме прашањето на патникот во следната рунда во наша полза, но Јовиќ при резултат од 24:22 од пенал со силен удар меѓу нозете на Васкевичиус ја погоди пречката од противничкиот гол. Кратко потоа, во последните секунди од дуелот и противникот доби удар од седум метри, кој неговите играчи успешно го реализираа, ги поставија конечните Металург - Амичитија 24:23 и благодарение на предноста која ја остварија во првиот меч со победата од 31:29, се пласираа меѓу четирите најдобри во второто по ранг клупско натпреварување во ракометна Европа.

Во нашиот тим очигледно беше отсуството на тројцата стандардни ракометари: Маљцев, Димовски и Шмигиќ. Во такви околности Стојановиќ беше најпрецизен со 7 погодоци, Јовиќ постигна 6. Борко Ристовски мечот го заврши со 11 успешни интервенции.

Сепак, Металурзи достојно се простија од евро сцената, а публиката во преполната сала "Борис Трајковски" со аплауз ги испрати своите миленици кон соблекувалната. Новиот предизвик за тимот од Автокоманда е веќе в среда, кога го играат градското дерби со Вардар Про, кое најверојатно ќе го даде името на освојувачот на шампионската титула во домашниот шампионат.
Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена,
само шлаг пена ќе бидеме и можеби
неколку жолти ракии.

Кон врв
fiks Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор
Лик (аватар)
ПРАВДОЉУБЕЦ

Регистриран: 18.Април.2005
Локација: Македонија
Статус: Офлајн
Поени: 24000
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај fiks Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 04.Април.2009 во 16:43
Металург во поход кон најдобриот клупски резултат

Единствениот македонски претставник во еврокуповите ракометарите на Металург го имаат најголемиот испит во клупската историја.

Победа од три гола разлика во реванш четвртфиналето од Купот на куповите против Амичитиа ќе ги однесе играчите од Автокоманда до најголемиот клупски резултат, влез во четворката. Таму каде што досега беа Пелистер (против Лемго) и Вардар во два наврати (против Адемар Леон и Загреб).

Минималниот пораз во Цирих во неделата (29:31) треба да се сфати сериозно бидејќи во оваа фаза од натпревари сите екипи добро играат и дома и на гости, а тоа добро го знаат и во тимот на Металург. Најголем товар во играта ќе го понесе бековската линија и пред се репрезентативецот Филип Миркуловски, кој истакна дека швајцарскиот тим е опасен ривал.

- Амичитиа има многу репрезентативци, со многу интернационалци, а ние ако сакаме да стигнеме до полуфиналето, мораме да одиграме квалитетно во сите 60 минути, а не како во Цирих само едно полувреме.

Тренерот на Металург, Звонко Шундовски се уште има проблеми со составот. Нема да играат Ванчо Димовски и Иван Шмигиќ, а на повреда се жали и Олег Маљцев, но се очекување да се појави на теренот.

Натпреварот почнува во 18 часот и 30 минути во салата „Борис Трајковски“. Се очекува трибините да бидат исполнети до последното место и Металург да ја добие поддршката и од „осмиот играч“.

Во другите натпревари од 1/4 финалето се среќаваат: Босна (БиХ) - Кадетен Шафхаузен (Швајцарија) 22:27 (прв натпревар), Пик Сегед (Унгарија) - Нордхорн (Германија) 25:34, Констанца (Романија) - Ваљадолид (Шпанија) 23:38.
Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена,
само шлаг пена ќе бидеме и можеби
неколку жолти ракии.

Кон врв
fiks Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор
Лик (аватар)
ПРАВДОЉУБЕЦ

Регистриран: 18.Април.2005
Локација: Македонија
Статус: Офлајн
Поени: 24000
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај fiks Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Април.2009 во 10:24
Металург "брка" рекорд на гледаност

Четврт-финалната пресметка од Купот на куп победниците меѓу Металург и Амичитија која ќе се одржи в сабота во "Борис Трајковски" би можела да стане најпосетениот ракометен натпревар во Македонија досега.

За првпат во "Борис Трајковски" е поставена уште една, четврта трибина која е сместена позади голот на северната страна на салата, под службените простории. Таа е помала од другите "М" трибини и има капацитет од околу 200 гледачи.

Со тоа "Борис Трајковски" ќе може да прими повеќе од 6200 гледачи и доколку се реализира тоа, службено ќе биде најпосетен меч досега.

Дуелите кои Македонија ги играше со Исланд засега го држат рекордот и доколку беше и тогаш поставена монтажната трибина сигурно ќе беше преполна. Истото важи и за дуелите на женската сениорска репрезентација на Македонија од Европското Првенство одржано во декември минатата година. Но, тогаш беа повелечени и трибините "М", кои се наоѓаат позади записничката маса на западната страна и со тоа капацитетот на салата беше намален за околу 500 гледачи.

Не ни осмелуваме да правиме споредби со дуелите на Кометал од неговата златна ера. Веројатно и стадион ќе беше премал за дуелите од 2002 на најславниот македонски клуб, но тогаш во Скопје немаше "саглам" сала, па едвај 2000 гледачи имаа задоволство да го гледаат мечот. Тука некаде е дуелот Пелистер-Лемго, нема официјална бројка за тој натпревар, но со оглед на официјалниот капацитет на салата во Битола, сепак, тоа е помал број.

За дуелот на Металург со Амичитија не владее еуфорија каква што нормално има кога игра репрезентацијата на Македонија, но далеку е поголема заинтересираноста да се гледа овој натпревар отколку што имаше на натпреварите за Кил и на Барселона на пример.

Активниот резултат од Цирих, убавото време и погодниот термин, шансата македонска екипа по четвртипат да се најде во 1/2 финалето на КПК, условите кои ги нуди "Борис Трајковски", но и растечката популарност на ракометот се причините поради кои се бараше билет повеќе деновиве. Посебно стратегијата која ја форсира Металург. Без навивачки групи, без организирано навивање, со спроведување на системот со нумерирани седишта што се покажува како "магнет" за се поголем број обични љубители на ракометот кои сакаат да дојдат во сала, да минат час и пол на ракометен натпревар и точно да знаат на кое седиште седат, поточно и да можат да си се вратат назад на своето место дури и да решиле да излезат надвор на воздух.

Атмосферата не е таа која ја има на натпреварите кога има навивачки групи, но е убава и привлечна, а Металург е презадоволен од ваквиот тренд и во зависност на резултатите кои ќе ги оствари во домашниот шампионат сезонава (да биде првак) во клупските планови стои и можност за комплетна преселба на клубот во "Борис Трајковски" за наредната сезона.

Во продажба според информациите од вчера претпладне имало останато уште околу 1500 билети кои се по цена од 100 денари.

Што се однесува до Металург, екипата веќе тренира во арената, од вчера е и во некој вид карантин. Прес-конференцијата за натпреварот се одржа вчера.

"Наша цел е да организираме уште еден натпревар во кој македонската публика ќе може да ужива. Пласман во полуфинале не е мала работа, ние не го претставуваме само Металург, ја претставуваме Македонија и мислам дека на секој љубител на спортот во државата ќе му биде мило да има македонски претставник во Европа во полуфиналето. Затоа сакаме и да ја задржиме концентрацијата и да не влетуваме во приказните кои деновиве се кружат низ цела Европа. Што се однесува до нас, нема случај Металург-Барселона. Ние сме кристално чисти и ова само може да ни одземе енергија, па затоа не сакам ништо сега да коментирам. Наскоро, ако треба ќе одржиме нова прес-конфренција на која ќе зборуваме само за тоа, сега најважно ни е да ја елиминираме Амичитија и да се пласираме во полуфиналето на КПК", вели потпретседателот на Металург, Филип Христов, кој вчера слично настапи и на официјалната прес-конференција.

Вести нови од таборот на Металург нема. Освен што на списокот на повредени е ставен и Олег Маљцев. Тој имаше проблеми и на натпреварот во Цирих, па затоа и не беше во составот за дуелот со В. В. Тиквеш одигран во средата.

За среќа, не се работи за нешто сериозно и тој в сабота ќе биде во составот. Деновите до мечот ќе се работи со намален интензитет.

Нема нови моменти ниту од Цирих. Најважното од таму: Енди Шмит ќе дојде и ќе игра. Повреден е, колку ќе биде кадарен да покаже, ќе видиме.

"Нас не не интересира, ниту се оптоваруваме со тоа дали и колку ќе може да игра Шмит. Се подготвуваме како тој да е 100 насто фит. Видовме за каква екипа се работи, знаеме со каков квалитет располагаат, но сметаме дека имаме реални шанси да ги елиминираме и да се пласираме во полуфиналето. Може да се види од нивните резултати дека добро играат и на гостински терен. Се трудиме да бидеме максимално сконцентрирани на тој меч. Маљцев има мали проблеми, но сметаме дека ќе биде подготвен да игра в сабота", изјави тренерот Звонко Шундовски, кој разбирливо не сакаше да навлегува во коментари за тоа што и како ќе игра Металург в сабота.

Средбата е закажана за 18:30 часот, а ја судат Литванците Мазејка и Гателис, кои се целосна енигма за македонскиот тим.


Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена,
само шлаг пена ќе бидеме и можеби
неколку жолти ракии.

Кон врв
гoстин Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 29.Февруари.2008
Статус: Офлајн
Поени: 7557
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај гoстин Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 30.Март.2009 во 17:17
Eve nekolku informacii cim veke me izdade blue

I ako rezultatot kazuva deka Metalurg dobro pominal vo Svajcarija ne bese toa sto go ocekuvaa nasite navivaci, mnogu slaba igra 52min gubese Metalurg so -6 pa na kraj nekako se izvlekoa...

Imase okolu 100-120 Makedonci koj navivaa od vreme na vreme ali ne bese ni najmalku kako na Vardar-Cirih...Drugo e koga ima koj da vodi Vikavme od vreme na Vreme Makedonija...i see peese poslednite 10min Makedonskata Himna i pesnata Abre Makedonce...Sepak mislam vo Skopje ke teba Metalurg so +3 ili vise i ke odi ponatamu...

АМИЧИТИЈА - МЕТАЛУРГ 31:29 (16:10)
Сала: Саалхален" во Цирих, Швајцарија. Гледачи: 500
Судии: Иван Какадор и Еурико Николау од Португалија.
Делегат: Бјарне Мунк Јенсен од Данска

Svajcarcite najavia deka imase 1000 gledaci...


Кон врв
La Ninja Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
She Hulk

Регистриран: 13.Јуни.2006
Статус: Офлајн
Поени: 1605
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај La Ninja Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 30.Март.2009 во 10:39
aha голема%20насмевка
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....
Кон врв
fiks Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор
Лик (аватар)
ПРАВДОЉУБЕЦ

Регистриран: 18.Април.2005
Локација: Македонија
Статус: Офлајн
Поени: 24000
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај fiks Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 30.Март.2009 во 10:38
А бил на мечот Блу?
Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена,
само шлаг пена ќе бидеме и можеби
неколку жолти ракии.

Кон врв
La Ninja Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
She Hulk

Регистриран: 13.Јуни.2006
Статус: Офлајн
Поени: 1605
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај La Ninja Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 30.Март.2009 во 10:34
Za ova pojke informacii od Vardar koj izglea najveke navivase tamu iako e za Vardar голема%20насмевкаплазење
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....
Кон врв
fiks Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор
Лик (аватар)
ПРАВДОЉУБЕЦ

Регистриран: 18.Април.2005
Локација: Македонија
Статус: Офлајн
Поени: 24000
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај fiks Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 30.Март.2009 во 10:26

АМИЧИТИЈА - МЕТАЛУРГ 31:29 (16:10)
Металург блиску до полуфинале

Победа од 3 гола разлика ќе му биде потребна на Металург за пласман во полуфиналето на КПК. Резултат кој реално е остварлив. Не дека ќе биде лесно во Скопје, но шансите се големи и реално пред 6000 гледачи во Скопје Металург ќе биде фаворитот за пласман во 1/2 финалето на КПК

Македонскиот првак загуби во Цирих со два разлика и им го направи поубав денот на околу 100-тина Македонци кои дојдоа во Саалхален да го бодрат.

Мечот беше интересен, имаше голема борба на теренот, а на крајот и едните и другите можат да бидат задоволни со конечниот епилог.

Амичитија што победи, Металург што можеше да мине далеку полошо.

Металург не го почна лошо натпреварот. Почна со 5:1 зона која го неутрализираше Шмит, во нападот 3:2:1 одбраната на Швајцарците не беше непробојна, па се играше гол за гол.

Којзнае што и како ќе се случуваше на натпреварот подоцна доколку Швајцарците на добиеја еден подарок од нашата клупа.

При 3:3, исклучување заработи Стојан Стоилов, но Металург тргна со комплетна постава во напад и според правилата ја загуби топката и доби нови 2 минути.

Во периодот од 2 минути во кои Металург имаше 4 играчи во поле, Амичитија постигна 3 не прими ниту еден гол и дојде до првата осетна разлика.

Металург брзо откако се комплетираше одново заработи 2 минути, и тоа ги одржа Швајцарците на разликата од 3 гола, иако Металург имаше шанса да е доближи и на минус еден.

По тоа се влезе во ритам гол за гол, кој траеше 15 минути, а тогаш, односно во 20. минута, нов пад на Металург. Васкевичиус одбрани три шута во серија, а на тоа да додадеме дека Металург зареди и со технички грешки, па Амичитиа во еден момент имаше водство од 6 гола и контра за плус седум.

Спаси Ристовски, но односно на семафорот остана истата разлика.

Металург играше слабо, далеку послабо отколку што играше есеноска на дуелите со Кил, Барселона и Драмен и на полувреме заминаа со 16:10.

Франк Локе беше најголемиот проблем, норвешкиот пикер добиваше топки од секого и од секаде и по првиот дел имаше реализација 5/5.

Сосема нов Металург видовме во второто полувреме. Борбен до максимум, екипа која казнува, која не е дојдена да се предаде.

Филип Лазаров и препородениот Миркуловски донесоа сосема нова клима на бековската линија, а комплетно целиот тим играше едно ниво повисоко.

Амичитија во игра ја држеше Енди Шмит, но тој се повреди кон средината на полувремето, успеа да се врати, но неговата игра веќе не беше таа.

Без него ниту Локе ниту Башиќ веќе не беа толку опасни, а за разлика од нив Металург стануваше се поопасен.

Единствени кои не се вклопуваа на теренот беа португалските судии и тоа што Металург не се врати со уште подобар резултат виновници се тие.

Сеедно, речиси цели 25 минути се мачеше Металург да намали разликата под 4 гола. Кога тоа успеа, разликата стануваше се помала. Со две серии од по 3:0, или вкупно 6:2 во финишот Металург намали на 30:29.

Брестовац, кој во последните 15 минути беше на голот фати 2 клучни шута кои не само што ја запреа Амичитиа туку преку добрата реализација во напад Металург стигна на споменатите минус еден.

Конечните 31:29 ги постави Берендс откако искористи тоа што Металург благодарение на судиите одново беше со 4 играчи во поле.
Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена,
само шлаг пена ќе бидеме и можеби
неколку жолти ракии.

Кон врв
гoстин Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 29.Февруари.2008
Статус: Офлајн
Поени: 7557
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај гoстин Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Март.2009 во 17:36
Македонија против Литванија, Холандија и Хрватска

Противници на женската ракометна репрезентација на Македонија во квалификациите за Европското првенство 2010 во Данска и Норвешка се Литванија, Холандија и Хрватска. Така изгледа седмата квалификациска група.

Македонија се најде во вториот од четирите барабани во денешната ждрепка поради добриот рејтинг и тоа и овозможи да добие два (условно кажано) полесни противници. Фаворит број еден во нашата (седма) група е Хрватска, која е со најдобар рејтинг.

Натпреварите започнуваат во септември, а завршуваат во мај идната година. Ќе се игра по систем секој со секого дома-гости. Првите две репрезентации ќе обезбедат пласман на ЕП 2010.

Во другите групи:

    * Група 1: Романија, Украина, Португалија и Швајцарија
    * Група 2: Унгарија, Шведска, Чешка и Азербејџан
    * Група 3: Франција, Австрија, Исланд и Финска или Велика Британија
    * Група 4: Германија, Белорусија, Словенија и Италија
    * Група 5: Шпанија, Србија, Турција и Грција
    * Група 6: Русија, Полска Словачка и Црна Гора


Кон врв
fiks Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор
Лик (аватар)
ПРАВДОЉУБЕЦ

Регистриран: 18.Април.2005
Локација: Македонија
Статус: Офлајн
Поени: 24000
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај fiks Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Март.2009 во 13:02
Македонија против Литванија, Холандија и Хрватска

Виена, 24 март (МИА) - Противници на женската ракометна репрезентација на Македонија во квалификациите за Европското првенство 2010 во Данска и Норвешка се Литванија, Холандија и Хрватска. Така изгледа седмата квалификациска група.

Македонија се најде во вториот од четирите барабани во денешната жрепка поради добриот рејтинг и тоа и овозможи да добие два (условно кажано) полесни противници. Фаворит број еден во нашата (седма) група е Хрватска, која е со најдобар рејтинг.

Натпреварите започнуваат во септември, а завршуваат во мај идната година. Ќе се игра по систем секој со секого дома-гости. Првите две репрезентации ќе обезбедат пласман на ЕП 2010.
Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена,
само шлаг пена ќе бидеме и можеби
неколку жолти ракии.

Кон врв
fiks Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор
Лик (аватар)
ПРАВДОЉУБЕЦ

Регистриран: 18.Април.2005
Локација: Македонија
Статус: Офлајн
Поени: 24000
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај fiks Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 22.Март.2009 во 19:39
Одложен ракометниот натпревар Белгија - Македонија

Скопје, 21 март (МИА) - Снегот е причина за одлагањето на утрешниот меч на македонската машка ракометна репрезентација која требаше да гостува во Белгија.

Неможноста да се полета за Белгија, а и немањето друга алтернатива да се стигне навремено на теренот на противникот ги натера одговорните од Македонската ракометната федерација да побараат од Европската ракометна федерација да донесе одлука за одредување друг термин за одигрување на натпреварот Белгија - Македонија.
Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена,
само шлаг пена ќе бидеме и можеби
неколку жолти ракии.

Кон врв
fiks Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор
Лик (аватар)
ПРАВДОЉУБЕЦ

Регистриран: 18.Април.2005
Локација: Македонија
Статус: Офлајн
Поени: 24000
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај fiks Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Март.2009 во 11:01
Шансите за пласман на ЕП сега се само теоретски, еуфоријата е стишана, сега на ред се анализите и лечењето на раните.
Се вративме два чекори назад

По дуелот со Исланд, ситуацијата околу машката сениорска репрезентација дојде до момент по кој нема да се прават големи планови за иднината, туку ќе се враќаме назад во минатото да видиме што тоа тргнало на лошо и како Македонија од практично сигурен патник-учесник на ЕП дојде до позиција да биде сосема сигурен гледач отстрана на тоа што ќе се случува низ арените во Австрија следната година.

Македонија загуби од Исланд на домашен терен, седми загубен меч од овој противник на вкупно деветте одиграни квалификациски средби.

Би рекле ништо ново во тој поглед, иако има многу нови моменти. Овој Исланд е далеку од репрезентацијата со која се боревме минатите години, далеку и од оној Исланд кој го совладавме минатата година, и тоа прилично убедливо.

Исланд веќе го нема Олафур Стефансон, го нема ниту Сигфус Сигурдсон, за мечот од средата ги немаше ниту Сваварсон, Холмгеирсон и Петересон, бонус: Атласон, Оскарсон и нивниот најдобар стрелец низ квалификациите Логи Геирсон! Исланд во средата имаше само две познати имиња: Гудјон Валур Сигурдсон и Роберт Гунарсон. За нивната голема надеж Палмарсон нема да пишуваме бајки, иако беше еден клучните, затоа што тој има само 19 години.

Но и ваквиот Исланд беше подобар од Македонија, и тоа пред 6500 гледачи во "Борис Трајковски".

Што се случи со македонскиот тим за расплетот да биде ваков?

Да почнеме со ред, со тоа што сите најмногу сакаат да го чујат: германските судии Бернд и Рајнар Мете. Многупати сме пишувале дека со нив никогаш не е пријатно да се игра, постојано сакаат да покажат колку се тие главни на теренот и се прототип на судии поради кои сите имаат негативен имиџ кај публиката. Ја сецкаа играта, дозволија да се игра прегрубо, што му одговараше на Исланд, чии играчи на тој начин многу полесно можеа да излезат на крај со македонските напаѓачи. Секогаш кога Македонија ќе се "дигнеше", кога ќе се "запалеа" трибините, некако експресно губевме топка во напад. Немаше течност натпреварот, многу малку ракомет имаше на тој меч. На крајот, клучните моменти. При водството 25:24 на Македонија, невообичаено долго играа Исланѓаните под пасивен напад, а македонските судиски стручњаци забележаа и дека имало чекори, момент пред топката да дојде до стрелецот на голот. Веднаш по тоа две технички грешки ни досудија, а ќе се направи анализа дали било престап од Макалоски и дали немало фаул над Ѓоргоноски и тоа беа моментите кои го решија победникот.

Но, настрана судиите, Македонија едноставно мораше да биде подобра од Исланд до мерка тие да не можат да пресудат. А ние едноставно игравме лошо. Мете и Мете само се вклопија во целата слика и вината нема да ја бараме во нив.

А зошто Македонија одигра вака и дали можеше поинаку, останува да проанализираме. Нема сомнеж, бековската линија освен Кирил Лазаров не функционираше. Вкупно 2/6 од Филип Лазаров, Мите Стоилов и Филип Миркуловски. Премалку за главната напаѓачка сила на Илија Темелковски. Го чуваа Лазаров, го тепаа Миркуловски, а другите не беа закана. Нерешителност, посебно во првиот дел без шут од девет метри, па на Исланд не му беше ниту премногу тешко да се одбрани, затоа што нашите бекови не шутираа. Ацо Јоноски внесе малку свежина во вториот дел и прашање е зошто толку доцна доби шанса да игра. Тоа оди на сметка на селекторот.

Но, не е доволно да се каже дека играле лошо, важно е зошто играа лошо бековите. Единствено што можеме да констатираме е дека во моментов не се подготвени да одиграат подобро. Што на крајот па и да очекувате од играчите кои за 2 месеци имаат одиграно 1 натпревар? Оваа екипа е налик на тим кој се вратил од лоши подготовки и сега ги игра првите мечеви.

Надворешната линија на Македонија со Исланд во најголем дел беше Металург плус Кире Лазаров. А репрезентативците од Металург од СП до сега имаат одиграно само 2 натпревари, во КПК со Париз. Од тие два, вториот е далеку од нешто вредно да се спомене.

Металург немаше квалитетни подготовки поради термините. Веднаш по СП дојде Париз, а веднаш по тоа Вардар. т.е требаше да биде Вардар. Одложувањето кое се случи имаше големо влијание и врз репрезентацијата. Металург по Париз почна да се подготвува за Вардар и обратно, кога дојде моментот да се одигра, се одложи. И така се изгуби многу драгоцено време.

Веројатно најдобрата идеја, веднаш штом стана јасно дека Металург и Вардар нема да играат до средината на април, ќе беше веднаш да се собере репрезентацијата и да се договорат 2-3 контролни меча, со квалитетен тим на кој акцент ќе беше ставен на играта на Мите Стоилов, Филип Лазаров и Филип Миркуловски. Да се обидеше стручниот тим да "врати" некој од овие три играчи. Не е оправдување отсуството на Мојсоски, затоа што тој и да не ја обновеше повредата, прашање е колку ќе можеше да игра во средата.

Но, сите имаа поважни работи од репрезентацијата, а тоа беа кавгите и изборите во РФМ, кои дојдоа во најнезгоден момент.

Селекторот апелираше да не останат во втор план, а останаа. Но, едно е да се апелира, а друго е да се истапи со план и да се реагира, да се бори да не остане во втор план.

Значи остана се како што остана, Металург остана да тренира во Скопје, патем играјќи еден првенствен меч со Т. Пролет од кој фајде не виде никој, а Вардар замина во Ц. Гора за да игра натпревари. За белја таму се доповреди Мојсоски. Не обвинуваме за тоа, можеше да се случи каде било, кога било.

Не е дека Темелковски немаше други опции. Споменавме, Бранко Ангеловски, Горан Кузманоски, Марјан Колев, па и Раде Стојановиќ. Можеби ќе сменеа нешто, можеби не. Темелковски вели дека нема информации за тоа што, колку, како играат. Тоа е негова грешка, негова работа е да знае. Тоа е едно, а друго, што и да играат, сигурно е подобро од овде затоа што овде не се игра!

Дојдовме во ситуација да играме без Наум Мојсоски и немавме решение.

"Ќе се обидеме со овие играчи кои ги имаме овде, Стоилов ќе се обиде да покрие на центар ..." гласеше изјавата на селекторот.

Е тоа е импровизација. А модерниот спорт не трпи импровизации.

Видовме преку Јоноски дека погрешна политика се води кога се интернационалците (па и домашните играчи) во прашање. Веќе не би чудело и да почнат да го одбиваат, затоа што биле игнорирани толку долго. Петровски, Мајнов, Павловски, Кузманоски, итн.. до вчера Јоноски, утре ќе биде некој друг.

Да се одберат 12 и тие да бидат тие и "во лето и во зима" е лоша и погубна политика, едноставно ние немаме доволно играчи за да се откажеме од кого било. А токму тоа го правиме.

Ништо, дури ни една акција не е изменета од тоа што го игравме на сите натпревари на СП. Само што сега играме полошо од тогаш, затоа што не сме подготвени. Ако на Исланд се гледало СП, тогаш точно знаеле кој, што и како игра во нашиот тим.

Целокупната атмосфера во репрезентацијата очигледно е "срушена" по мундијалот и тоа што се случуваше, па така излеговме неподготвени на меч со Исланд.

Што ќе се случува сега? Ќе помине Белгија, битно е да победиме затоа што во спротивно срамот ќе биде навистина голем. А дури по тоа ќе дојде еден од клучните моменти.

Дали ќе остане Минчо Јорданов член на УО, односно координатор на машките репрезентации? Одбие ли, тогаш одново репрезентацијата се враќа под команда на Михајло Михајловски или личност кој тој ќе ја одбере. Дотогаш, преостанува единствено да бидеме стрпливи.




Изменето од fiks - 20.Март.2009 во 11:01
Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена,
само шлаг пена ќе бидеме и можеби
неколку жолти ракии.

Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 89101112 18>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,250 секунди.