IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Стил на живот > Уметност , култура и традиција
  Активни теми Активни теми RSS - Критики позитивни/негативни на личните тв
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Критики позитивни/негативни на личните тв

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 444546
Автор
Порака Обратен редослед
literanova Кликни и види ги опциите
Нов член
Нов член
Лик (аватар)

Регистриран: 25.Мај.2008
Статус: Офлајн
Поени: 18
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај literanova Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Мај.2008 во 22:10
Бидејќи сатиричната поезија на Мајсторче62, предизвика плачливи реакции кај водачите во црвениот автобус, а со цел да не и наштетиме на Мамма,оти истите тие водачи бараа   нејзино линчување од страна на администраторите, откако не успејаа да ја убедадат модераторката мамма дека џвалата на сатиричните песни се насочени кон нејзината личност ( а добро знаеја дека ним им се наменети) па таа да го банира Мајсторче62, јас овој ник го испратив во автосервисот да си ги поправа автомобилите, а моето учество на форумот ќе го продолжам со никот литеранова,ник кој не е специјализиран за пишување песни, раскази и романи, туку строго за литературна критика, што е и моја примарна, животна определба. Значи ќе бидам присутен само на темата „Критика“
Среќно читање!
Кон врв
fleur de lis Кликни и види ги опциите
Нов член
Нов член
Лик (аватар)

Регистриран: 01.Мај.2008
Статус: Офлајн
Поени: 25
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај fleur de lis Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Мај.2008 во 05:36
Quentin

Во боите на виножитото

Ќе се најдеме пресликани во
боите на виножито
и без запирки
ќе си ги прераскажуваме
миговите откорнати
од едно збогум,
што долу на земјата
боли повеќе
од отворена рана.
Ќе ми споделиш
дека грижливо си
ги собирала сите мои стихови
и сега е моментот да
ја замениш тагата во нив
со божествени ноти
на една небесна харфа.
Пушти ја харфата, душо,
ќе ти речам.
Размрдај ги прстите
и засвири по мене.
Ќе излезат најубавите звуци
од едно тело што цела вечност
те посакува.
Ќе блеснат најмилните погледи
од едни очи што четири години те гледаа,
а уште четириесет ќе те сонуваат.
Дождовите и сонцето оттогаш
везден ќе се љубат,
но виножито веќе ќе нема...



***

...прекрасно... :)
...''beauty rejoices, not those who possess it, but those who are capable of loving it and worshipping it''...
Кон врв
Quentin Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 12.Јануари.2008
Статус: Офлајн
Поени: 763
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Quentin Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Мај.2008 во 02:04
Mamma, moira, ја поздравувам темава. Ова ми беше идеја и замисла уште одамна.

- Ова може да се брише.
Кон врв
Quentin Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 12.Јануари.2008
Статус: Офлајн
Поени: 763
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Quentin Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Мај.2008 во 02:02
Тргни напред!
Од денеска само пред себе гледај,
а назад не врти се
само понекогаш за она што било спомнувај си.

Биди сигурен!
Пушти го чекорот пред твојата сенка,
а сонцето нека те води
никогаш, пред ништо не клекнувај.

Прегрни го денот!
Утрото со раширени раце пречекај го,
а ноќта со спокојство повикај ја
со сонот сплоти ги.

Живеј го животот!
Душата со светлина исполни ја,
а срцето за љубов отвори го
само да те живее животот не давај!


                                                                                          На неуморниот творец, со почит и љубов!


Другарче, благодарам за песната! Си ја погодил целта со оглед на животната раскрсница на која се наоѓам сега.

И јавна благодарност до filmadzijka за песната За незнајниот поет. Мила, отсекогаш си знаела да ги склопиш вистинските зборови! Ќе ти се заблагодарев досега јавно, ама не знаев дека е за мене песната. Нема поголемо задоволство од тоа да ти напишат песна!


Кон врв
moira Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
...The Goddess... Administrateur adjoint

Регистриран: 06.Јуни.2007
Статус: Офлајн
Поени: 26016
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај moira Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Мај.2008 во 01:46
darkangel

Испратена: 2008.Мај.23 во 23:48


Остани

Како да ти кажам...
Неможам...

Зарем молкот не ме издава! Толку сум скршена..оставам парчиња зад себе..и кога доаѓам ги ставам во торбата. Пред твојата порта ги составувам и со насмевка се појавувам.
Ти го гледам ликот..тие прекрасни мали зелени очи...тие заводливи линии кои насмевката ги остава на твоето лице...таа тага, тој очај..таа изнемоштеност да се живее.
Неможам...

И те лажам! И невистини кажувам...дека среќна ќе сум ако заминеш...и го вртам погледот или ги затворам очите...се стискам во себеси за да не писнам.
Неможам...

И несакам...затоа што те боли...затоа што...затоа што сакам да си среќен..но најмногу...
Неможам...неможам да молчам...ОСТАНИ..тоа најмногу го сакам
...остани со менe

________________________________________________________________________

...darki, prekrasna i liricna kako i sekogas...



Кон врв
moira Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
...The Goddess... Administrateur adjoint

Регистриран: 06.Јуни.2007
Статус: Офлајн
Поени: 26016
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај moira Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Мај.2008 во 01:18


Темава ја отварам со цел сите коментари и критики, било да се позитивни или негативни, а се однесуваат на личните творби во Вашата Поезија и Ваша песна,состав или што било напишано, да ги пишуваме тука!




Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 444546
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,266 секунди.