IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Спорт > Фудбал
  Активни теми Активни теми RSS - Куп на Македонија
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Куп на Македонија

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <12
Автор
Порака
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85179
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 06.Мај.2011 во 13:33

Кралевски изеде ќотек во Кичево

Дефанзивецот на Металург Игор Кралевски беше претепан по завршувањето на реванш-натпреварот од Купот на Македонија против Напредок во Кичево. Додека одел кон соблекувалните, на поранешниот репрезентативец му пријде еден од помошниците на тренерот на Напредок, кој го одвои од групата, по што му се нафрлија тројца фудбалери на домашниот тим, а потоа во нападот се приклучија навивачи и други неслужбени лица, кои влегоа на теренот. Сето тоа се случуваше пред очите на полицијата. Неговите соиграчи не можеа да му помогнат, но самиот Кралевски успеа да се извлече од обрачот и се затвори кај разгласот. Откако малку се расчисти теренот, полицијата интервенираше. Попат накај Скопје на фудбалерот на Металург му беше укажана прва помош од лекарскиот тим на Металург, а потоа замина и на преглед во Државна болница, по што е пуштен на домашно лекување.
"Железарците" вчера најавија дека ќе поднесат кривични пријави против напаѓачите на нивниот фудбалер.
- Фудбалскиот клуб Металург ќе поднесе кривична пријава против напаѓачите врз фудбалерот Игор Кралевски по завршување на фудбалскиот натпревар Напредок-Металург во полуфиналето на Купот на Македонија. Клубот им остава на надлежните институции за случајот да преземат соодветни мерки - гласи соопштението на клубот.
Инаку, Металург славеше со 2:0 во Кичево и се пласираше во финалето на Купот на Македонија на 24 мај во Скопје. Таму ќе се сретне со бранителот на трофејот Тетекс, кој во реваншот во Тетово славеше со 6:0 против Тиквеш. Првиот меч заврши без голови

Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85179
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 21.Мај.2011 во 05:37

Металург доби фаворитска улога

 

Екипата на Металург ја прифати фаворитската улога во дуелот против Тетекс, во пресрет на финалето од фудбалскиот Куп на Македонија, кое на 24 мај ќе се игра во Прилеп. Тетекс е актуелен бранител, а Металург ќе се обиде за прв пат во своите витрини да донесе еден трофеј.

Финалистите сезонава одиграа два меча во првенството, во кои беше постигнат само еден гол и тоа тој на Миле Крстев од пенал на стадионот на Железарница, со кој Металург победи со 1-0. Мечот во Тетово заврши без погодоци. Сега на ред е финалето на неутрален терен. Според бодовната ситуација и игрите во досегашниот дел од првенството Металург е фаворит, но меѓусебните мечеви покажуваат дека се очекува неизвесен меч.

- Имаме историска шанса да му го донесеме првиот трофеј во историјата на клубот. Имаме квалитет, но и огромна желба да влеземе во клупската историја на Металург. Ја прифаќаме фаворитската улога, но треба да бидеме претпазливи, бидејќи Тетекс е квалитетен противник. Се игра само еден меч и нема поправен. Воопшто нема да биде лесно - рече тренерот на Металург, Жикица Тасевски, кој по трет пат ќе биде дел од едно куп финале и се надева дека за прв пат ќе се радува на пехарот.

Тетекс лани ја испиша својата историја кога за прв пат се закити со Куп трофејот. Сега „штофарите“ се надеваат на одбрана на тронот, кој ќе им донесе и излез во Евролигата за следната сезона. Тетовчани не се гледаат како фаворити против Металург, но никако не се предаваат однапред. Тетекс моментно е на седмото место во првенството и има дури 19 бода помалку од Металург.

- Наша обврска е да го повториме ланскиот успех и да го одбраните трофејот. Растоварени сме од притисокот. Металург кој има одличен тим, ја има улогата на фаворит. Сепак ние имаме искуство да го повториме успехот и верувам дека можеме да стигнеме до вториот трофеј во Купот - рече тренерот на Тетекс, Тони Јакимовски, кој досега како играч и како тренер три пати бил дел од куп финалето, а само лани се радуваше на трофејот.

Прилеп по втор пат ќе биде домаќин на финалето на Купот, а финалето ќе го суди Зоран Бошков

Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85179
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Мај.2011 во 19:06

Металург против Тетекс го брка првиот трофеј

Металург е фаворит да го освои првиот трофеј во својата историја против актуелниот победник Тетекс во утрешното финале на Купот на Македонија, што ќе се одигра во Прилеп. Во саботата одиграа мирољубиви 1:1 во првенствениот дуел, но за утрешниот меч мотивите се многу поголеми.
- Ова е историска шанса за сите од стручниот штаб и за фудбалерите да го донесеме првиот трофеј во историјата на клубот. Тетекс е лански освојувач на Купот и заслужува максимален респект. Се работи за тим со спој на искуство и младост и не смееме да го потцениме - порача Жикица Тасевски, тренерот на Металург.
Тренерот на "штофарите" Тони Јакимовски е свесен дека против себе има, барем на хартија, поквалитетен противник.
- Како освојувачи на Купот, имаме обврска да го браниме трофејот, но во ова финале влегуваме растоварени, бидејќи Металург е фаворит. Сепак, мотивите се големи и мислам дека искуството што го имаат моите играчи може да ни помогне повторно да го освоиме трофејот - рече Јакимовски, кој ќе го има четвртото учество во финалето, второ како тренер.
По вторпат во 19-годишната историја на најмасовното фудбалско натпреварување кај нас, финалниот натпревар ќе се одигра во Прилеп. Почетокот е закажан за 16 часот, а правдата ќе ја дели Зоран Бошков.

***

Захариевски го фали противникот

Капитенот на Тетекс Срѓан Захариевски, кому ова ќе му биде петто финале, не штедеше пофални зборови за утрешниот противник:
- Пред нас е многу тежок натпревар. Металург е пример за останатите клубови како треба да се организираат. Тие се растоварени, бидејќи имаат осигурано настап во Лига Европа, но ние имаме армија навивачи, кои ќе дојдат во Прилеп и ќе ни помогнат да го освоиме трофејот.

Кон врв
stigma04 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Март.2010
Статус: Офлајн
Поени: 2661
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај stigma04 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Мај.2011 во 21:23
Metalurg go osvoi kupot respekt
Jas sum pepel tamu kade sto bev ogan
Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85179
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Мај.2011 во 18:55

Прв трофеј за Металург

Фудбалерите на Металург се победници во Купот на Македонија за сезоната 2010/2011 успех за кој како награда неофицијално ќе добијат по 3.000 евра. Тимот од Автокоманда до својот прв трофеј во 47-годишната клупска историја стигна со победата од 2:0 во 19-тото финале кое се одигра во Прилеп. Финалето донесе подпросечен фудбал. Во меч без шанси Металург беше понадмоќен на теренот, неговите фудбалери повеќе ја имаа топката во свој посед со што се покажаа како колектив кој повеќе го посакуваше триумфот. Сепак победникот го решија две грешки на бранителот на пехарот. Во 14-тата минута голманот на Тетекс Јовановски ја испушти топката од рацете, а неговиот кикс го искористи Љамчевски проигрувајќи го Костенцовски кому не му беше тешко да ја погоди празната мрежа. Второто и последно возбудување на натпреварот се случи во 65-тата минуита кога Блаже Илиоски ја искористи несигурната интервенција на Симовски се проби во казнениот простор на Тетекс а по неговото уфрлање топката се одби до нововлезениот Тенекеџиев кој без проблеми го совлада Јовановски. До крајот на натпреварот Металург продолжи со сигурната игра во поле и ја имаше целосната контрола врз случувањата на теренот. На споротивната страна како што одигра и во текот на целиот финален натпревар Тетекс делуваше анемично и безопасно по голот на Ников кој ниту еднаш во текот на натпреварот не беше ставен на искушенија да биде загрозен неговиот гол.
Металург е 11-тти тим освојувач на пехарот во Купот на Македонија во кој и натаму најуспешен е скопски Вардар со 5 пехари. Со ваквиот расплет на настаните во финалето заокружен е и списокот на македонски претставници на меѓународна сцена: Шкендија во квалификациите од Лигата на шампионите, а Металург, Работнички и Ренова ќе играат во преднатпреварите од Лигата на Европа.
р: МЕТАЛУРГ - ТЕТЕКС 2:0 (1:0)

Прилеп. - Стадион: "Гоце Делчев". Гледачи: 3.000. Судија: Зоран Бошков. Стрелци: Костенцовски 14', Тенекеџиев 65'. Ж. картони: Крстев, Начевски (М), Мишковски, Наумовски, Силјановски (Т).
Металург: Ников, Петковски, Мемеди, Митрев, Крстевски, Кралевски, Крстев, Костенцовски (Тенекеџиев 55'), Љамчевски, (Ејупи 76'), Начевски, Илијоски (Илиевски 84').
Тетекс: М. Јовановски, Д. Јовановски, Симовски, Ѓорѓевски, Захариевски, Мишковски, АЛиу, Глигоровски (Столевски 72'), Наумовски (Клечкаровски 53'), Јакимовски (Урошевиќ 80'), Силјановски.
(П.Д.)

***

Изјави по натпреварот:

Жикица Тасевски (тренер на Металург):
- Беше убав натпревар. Ги искористивме двете грешки на противникот и успеавме да казниме. Играчите го испочитуваа тоа што се договоривме-да го држиме Тетекс што подалеку од голот и да чекаме грешка на нивната половина. Мислам дека заслужено стигнавме до првиот пехар во клупската историја на Металург со што вративме на одличните услови за работа.

Миле Крстев (капитен на Металург):
-Ова за мене е прво финале. До првиот трофеј стигнувам на 32 години и пресреќен сум за победата. Пресудно беше тоа што ги искористивме грешките на противникот и заслужено победивме.

Тони Јакимовски (тренер на Тетекс) :

Ја честитам победата и пехарот на Металург. Ги искористија нашите грешки и заслужено победија. Им посакувам успех во европските натпревари.

Срѓан Захариевски (капитен на Тетекс):

-Ова беше мое 5-тто финале по кое останав со 3 трофеи. Одигравме право финале во кое решија искористените наши грешки од страна на противникот. Им честитам на победата и со цело срце сме со нив за меѓународните настапи.

***

Стефанов се збогува од судењето

Пред почетокот на финалниот натпревар меѓу Металург и Тетекс пригодна свеченост по повод официјалниот крај на судиската кариера на судијата Зоран Стефанов од Кавадарци. Тој ја исполни старосната граница од 46 години и на најдобар можен начин-на најзначајниот натпревар од сезоната стави крај на кариерата како помошен судија во македонскиот фудбал.

Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85179
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 18.Август.2011 во 06:23
Фаворитите според планот во Купот на Македонија

Сите гостински екипи на одиграните натпревари од 1/16 финалето на македонскиот куп се пласираа во следното коло. Актуелниот освојувач на македонскиот куп, екипата на Металург потешко од очекуваното го совлада второлигашот Руфеја, а Вардар рутинирано го елиминираше Еуромилк. Резултати: Еуромилк ГЛ - Вардар 0:3, Руфеја - Металург 0:1, Треска - Тетекс 0:0 (3:5 на пенали), Рудар - Пелистер 1:3, Љуботен - Гостивар 1:2, Охрид Лоте - Шкендија 0:7, Локомотива - Напредок 0:0 (4:5 на пенали), Маџари С. - Скопје 2:2 (1:3 на пенали), Караорман - Ренова 0:4, Василево - Силекс 1:7, Баби - Брегалница 0:3, Победа Јуниор - Хоризонт Т. 0:2, Дрита - Миравци 2:3. Натпреварот помеѓу Могила Би Милк и Работнички ќе биде презакажан заради обврските на Работнички во Лига Европа, а екипите на Тиквеш и 11 Октомври директно се пласираа во 1/8-финалето од купот откакот нивните противници Преспа и Карбинци го откажаа учеството.

Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85179
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Април.2012 во 18:26

KУП: РЕНОВА И РАБОТНИЧКИ СЕ ПЛАСИРАА ВО ФИНАЛЕТО







Вардар не успеа да ја победи Ренова во Тетово, браќата Велкоски донесоа финале за Работнички. 

Нашиот најтрофеен клуб денеска во Тетово против Ренова не успеа да стигне до финалето во Купот на Македонија откако одигра без голови 0-0. Голот на гости што го постигнаа Тетовчани се покажа злато вреден за “гипсарите“.


Остана Ренова единствената непоразена екипа од Вардар оваа сезона, а во вода паднаа амбициите на новиот шампион да ја освои двојната круна. Одбраната на домаќинот успеа да одолее на нападите, и може да се каже сосема заслужено се најде во големото финале.


Продолжува лошата серија на Вардар кој нема победа против Ренова од 28 септември 2010 година кога во осминафиналето од Купот славеше со 0-1 во Тетово.


Во вториот реванш меч од полуфиналето од најмасовното натпреварување во нашата земја, во Турново, екипата на Работнички покажа дека е поквалитетен противник од Хоризонт во моментов.


Гостите беа разиграни уште од самиот старт. Крсте Велковски во 9.минута го отвори резултатот и навести дека Работнички сака да биде дел од големото финале. Вториот гол го постигна Тодоровски во 27.минута кога стана јасно дека тимот на Роберт Певник е со едната нога на завршниот меч во Штип.


Гол за надеж за домаќините постигна Ѓорѓиев во 36.минута, но тоа беше се што сторија турновци на овој натпревар.


Во второто полувреме, Работнички ја контролираше играта, имаше резултат што му гарантира пласман понатаму, а точка на мечот стави Дарко Велковски со голот во 81.минута од натпреварот.




Изменето од емил - 25.Април.2012 во 18:26
Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85179
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 02.Октомври.2012 во 11:01
Пелистер против Вардар во 1/4 финале на Купот на Македон

 На денешната ждребка во ФФм беа извечени 1/4 финалтните двојќи во Купот на Македонија во фудбал. Среќата сакаше големите ривали Вардар - Пелистер да се сретнат во 1/4 финалето и во меѓусебните пресметки да го одлучат 1/2 финалистот во ова натпреварување.

 

Секако дека ова ќе биде нај интересниот дуел кој ќе се игра на 14-то октомври, првата средба е на програмата во Битола додека реванш натпреварот кој ќе се игра во ноември е на арената „Филип Втори“.

 

Очекуваме интересна пресметка меѓу овие два наши клуба и секако возбудливи дуели во Битола и Скопје. На останатите натпревари кои ќе се играат во 1/4 финалето се среќаваат Тетекс - Ренова, Дрита - Силекс и уште едно дерби Шлендија со Металург.


Изменето од емил - 02.Октомври.2012 во 11:02
Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85179
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 21.Август.2013 во 10:49

Денеска започнува фудбалскиот Куп на Македонија

Со одигрување на денешните 12 натпревари од 1.коло стартува фудбалскиот Куп на Македонија. Бранителот на трофејот второлигашот Тетекс службено е во осминафиналето

Тетовци требаше да играат на стартот со Албарса, но оваа екипа се фузира со Корзо, па така Албарса нема да игра.

Жрепката сакаше новиот второлигаш Зајас за свој противник во купот да го добие македонскиот шампион  Вардар. Во клубот и покрај незадоволителниот старт во првенството, сепак главното тежиште го стават на претстојниот куп натпревар со актуелниот првак.

- Иако гостинот е изразит фаворит, сепак и ние сакаме на овој за нас, историски дуел, да покажеме дека не случајно сме во втората лига. Не треба да потсетувам што би значел успех против трофејниот Вардар за нашиот млад состав- рече Назми Ајдини , тренер на Зајас.

Двојки за денеска: Зајас - Вардар, Локомотива - Напредок, Баби - Гостивар, Караорман - Пелистер, Беласица - Хоризонт Турново, 11 Октомври - Ренова, Могила - Силекс, Новаци - Еуромилк, Корзо - Металург, Миравци - Руфеја, Борец - Дрита и Љуботен - Македонија Ѓорче Петров. 

Утре ќе се одиграат три натпревари, а двојките се: Џумајлија - Шкендија, Сатеска - Брегалница и Карбинци - Работнички. Почетокот на натпреварите е во 17 часот
Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85179
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Април.2014 во 12:44
Ја по една брза прогноза да си дадеме за денешните натпревари во Македонија 

Металург - Тетекс 1 ( 2:0 )

Брегалница - Работнички 2 (1: 2)
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <12
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,375 секунди.