IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Стил на живот > Мода и убавина
  Активни теми Активни теми RSS - Убава коса!!!!
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Убава коса!!!!

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 8910
Автор
Порака
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 01.Ноември.2011 во 10:05

Исправување на косата

Дали и вие сте зависни од пресата за коса? Ако одговорот е да, сега ќе ви помогнеме да дознаете дали пропуштате нешто додека ја правите вашата коса блескава и идеално права. Од друга страна, ако досега никогаш не сте си ја исправиле косата, сега ќе научите како правилно да го направите тоа и сигурно ќе посакате да пробате.

Права%20коса
Правата коса секогаш има подобар сјај, па затоа денес сите се насочуваме кон идеално правата коса.

Правата коса секогаш има подобар сјај и затоа денес сите се насочуваме кон идеално правата коса. Но, треба да знаеме дека честата употреба на преса влијае лошо врз здравјето на косата.

Денес постојат најразлични преси за коса – големи, мали, метални, керамички, со јонизатор, со инфраред технологија и сл. Некои од нив побрзо и потрајно ја исправуваат косата, а други не толку. Без разлика каква преса користите, има неколку универзални правила за да добиете убава, сјајна и идеално права коса.

  • Одржувајте ја косата здрава. Употребата на преса ја уништува косата, ја прави слаба, а нејзините врвови почесто расцветуваат. Доколку се употребуваат често, дури и најскапите преси за коса ја уништуваат косата. За да ја освежите и зачувате вашата коса здрава, употребувајте маска за коса барем еднаш неделно и задолжително користете регенератор.
  • Заштитете ја косата од висока температура. Пред да започнете да ја исправувате косата, заштитете ја со силиконски капки.
  • Одржувајте ја пресата. За да ја одржувате пресата во добра форма, не ја оставајте во бањата. Така ќе ја заштитите од пареата. Чистете ги плочките на пресата по секоја употреба.

Како правилно да ја исправите косата?

Ако вашата коса е многу виткана, најдобро е прво да ја исфенирате со голема четка. Правете го тоа прамен по прамен. Така поголем дел од косата ќе ви биде исправена уште пред да ја допрете пресата.

  1. Секогаш употребувајте ја пресата на сува коса. Ако косата и не ви е многу виткана, можете да ја оставите природно да се исуши пред да ја употребите пресата. Сепак, за најдобар ефект фенирајте ја косата со голема четка. Кога косата ќе ви биде потполно сува, приклучете ја пресата.
  2. Нанесете продукт за заштита на косата. Косата треба да биде заштитена од високата температура. Употребувајте силиконски капки. Нанесете мало количество на рацете и разнесете ги по косата. Не ставајте на корените. Започнете од средината на косата и движете се кон врвовите.
  3. Разделете ја косата на прамени. Колку повеќе прамени одделите, толку „полесна“ ќе биде вашата коса. Почнете од долниот дел на главата. Поставете го праменот меѓу плочките и започнете.
  4. Движете се од корените кон врвовите. Не се задржувајте долго време на едно место. Ако има потреба поминете еден прамен два пати, но не го правете тоа постојано. Имајте на ум дека со секое поминување со пресата дополнително ја горите косата.

Прамен по прамен ќе добиете мазна, права и сјајна коса. Радувајте се!

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Calipso Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Primarius

Регистриран: 26.Мај.2009
Локација: Македонија
Статус: Офлајн
Поени: 44671
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Calipso Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 21.Април.2012 во 18:52
Заблуди и вистини за косата

Во желбата косата да ни изгледа совршено убаво,здраво и негувано,честопати сме подготвени да посегнеме по различни методи и помагала за кои сме слушнале од разни страни.Светските експерти за коса откриваат кои се најчестите заблуди во врска со правилната нега на косата..

Косата расте побрзо ако почесто ја потстрижувате
Вистината гласи:Косата расте од коренот,а не од врвовите.Со потстрижувањето на врвовите се отстрануваат распуканите врвови со што се спречува да се прошири и врз здравите влакна.А редовното потстрижување овозможува да не морате толку многу да ја кратите.Косата можете да ја одржувате здрава со помош на разни препарати и третмани кои ја штитат од исушување.

Зачестеното четкање на косата ја прави поздрава и поцврста
Вистината гласи:Упорното долготрајно четкање на косата пред спиење нема да и помогне да изгледа подобро.Всушност,четкањето може дури и да ја влоши состојбата.Четкањето може да ја оштети косата и да го уништи коранот,како и влакното и врвовите.
Користењето лоши четки исто така може дополнително да ја оштети косата.Четките со пластични и метални влакна можат да го ослабат коренот на косата и да предизвикаат оштетување или да ја наполнат со електрицитет.Подобо да користите фини четки со природни животински влакна.Косата треба да се четка но само онолку колку што е доволно да се расчешла.Тоа значи само неколку потези еднаш,двапати дневно.

Масирањето на темето го стимулира растот на косата
Вистината гласи:Масажата ја темето ја поттикнува подобрата прокрвеност на скалпот,го ублажува стресот и помага природната маснотија подобро да се распореди по темето на косата.Сето тоа може да доведе до подобро функционирање на клеткит кои учествувале во создавањето фоликули на косата,па со тоа се овозможува оптимален раст на косата.Меѓутоа со тоа не се забрзува растот,Во просек,косата расте од еден до еден и пол сантиметар месечно.

Косата може да стане имуна на шампонот 
Вистината гласи:Шампонот секогаш ќе ја заврши својата работа,а тоа е миење на косата.Па зошто тогаш одеднаш нашиот омилен шампон престанува да делува?
Шампонот содржи состојки кои чистат и помагаат во подоброто стилизирање на фризурата,но со текот на времето може да се создаде филм околу влакното кој не дозволува во него да навлезат добрите состојки.Па ако забележите дека косата почнала лошо да реагира на шампонот и изгледа овенато,еднаш или двапати месечно употребете специјален шампон за отстранување на насобраните остатоци од производите за коса.Тоа ќе овозможи нормално да се излачуваат здравите,природни масла на косата.
На овој свет има само тројца мажи кои се спремни да те поддржат во тежок момент:
Jack Daniels, John Jameson и Johnnie Walker!
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 8910
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,285 секунди.