IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Стил на живот > Мода и убавина
  Активни теми Активни теми RSS - Убава коса!!!!
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Убава коса!!!!

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 78910>
Автор
Порака
mrzla Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
натурална девојка

Регистриран: 14.Мај.2008
Статус: Офлајн
Поени: 13330
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mrzla Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 08.Април.2009 во 02:40
Originally posted by гјувеза гјувеза напиша:

Еве еден рецепт кој ке ви ги замени сите маски,сите препарати за растење на коса,за нега на сува и оштетена коса за двојно зголемување на волуменот на коса.Сега пролетва ке ископате корени од штотуку израснати коприви и тоа повеќе и ќе ги сварите густ чај.Ќе ја исцедите течноста и во едно стаклено шише ке ставите колку чај (течнос)толку рицинус,прво чајот пото рицинусот.Го ставате шишето затворено на прозор да го пече сонце,стои така се додека рицинусот не почне да се меша со чајот односно да паѓа надолу.Кога се ке биде готово се мачка косата и темето со таа течност се завиткува у пешкир и стои така во зависност колку време имате.Јас некогаш еден час пред миење некогаш цел викенд ако сум дома и не излегувам.Пробајте и ќе ме благословувате цел живот.

ќе може ли отприлика да ми кажеш колку корени да ставам со колку вода
јас денес најдов околку 10-тина
малку ли се
Кон врв
гјувеза Кликни и види ги опциите
Група
Група


Регистриран: 06.Април.2009
Статус: Офлајн
Поени: 75
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај гјувеза Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 08.Април.2009 во 09:57
Originally posted by mrzla mrzla напиша:

Originally posted by гјувеза гјувеза напиша:

Еве еден рецепт кој ке ви ги замени сите маски,сите препарати за растење на коса,за нега на сува и оштетена коса за двојно зголемување на волуменот на коса.Сега пролетва ке ископате корени од штотуку израснати коприви и тоа повеќе и ќе ги сварите густ чај.Ќе ја исцедите течноста и во едно стаклено шише ке ставите колку чај (течнос)толку рицинус,прво чајот пото рицинусот.Го ставате шишето затворено на прозор да го пече сонце,стои така се додека рицинусот не почне да се меша со чајот односно да паѓа надолу.Кога се ке биде готово се мачка косата и темето со таа течност се завиткува у пешкир и стои така во зависност колку време имате.Јас некогаш еден час пред миење некогаш цел викенд ако сум дома и не излегувам.Пробајте и ќе ме благословувате цел живот.


.
ќе може ли отприлика да ми кажеш колку корени да ставам со колку вода
јас денес најдов околку 10-тина
малку ли се



Не се малку .Ќе ги исецкаш и стави вода да ги покрие и два прста погоре.Поклопени да вријат на тивко и готови се тогаш кога корените ќе се толку сварени што кога ќе ги пипнеш ќе се распаѓаат.

Изменето од гјувеза - 08.Април.2009 во 10:02
Ако некој прави чекор назад ....не се радувај ...можеби зема залет....


Кон врв
mrzla Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
натурална девојка

Регистриран: 14.Мај.2008
Статус: Офлајн
Поени: 13330
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mrzla Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 09.Април.2009 во 02:42
јас го направив ова
Само што моите корени беа млади,и не е густа течноста
ама веќе го направив и ставив во стаклено шише
Па ќе видам што ќе испадне


Ама во меѓувреме,ќе најдам подобри корени
Кон врв
гјувеза Кликни и види ги опциите
Група
Група


Регистриран: 06.Април.2009
Статус: Офлајн
Поени: 75
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај гјувеза Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 09.Април.2009 во 13:39
Ako se mladi kolku ti ispadne tolku pa pak ke si napravis.Jas sega ovie denovi ke napravam poveke za cela god,a sega i decata ke gi teram da si ja neguvaat kosata malku poveke...
Ако некој прави чекор назад ....не се радувај ...можеби зема залет....


Кон врв
nena34 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 08.Март.2008
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 1435
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај nena34 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 09.Април.2009 во 13:56
A mora so ricinusovo maslo , nemoze so maslinovo ???
Bidi izvor sto pretekuva a ne bunar so zastoena voda,davaj i primaj ljubov bez granici
Кон врв
Анастеа Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор
Лик (аватар)
ПИПИ долгиот чорап

Регистриран: 07.Април.2008
Статус: Офлајн
Поени: 35441
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Анастеа Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 09.Април.2009 во 14:34
Рицинусовото масло е многу здраво за косата.
Можеш да си направиш маска и со рицинусово масло, 1-2 жолчки од јајце и малку мед. Количината зависи од должината на косата, но секогаш треба да има повеќе рицинус, за да не дојде премногу густа смесата, оти ќе ти се здрви на главаголема%20насмевка. Колку повеќе ќе успееш да го држиш на косата, толку подобро.
Посебно за фарбана и оштетена коса е лек... проверенонамигнување
Кон врв
гјувеза Кликни и види ги опциите
Група
Група


Регистриран: 06.Април.2009
Статус: Офлајн
Поени: 75
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај гјувеза Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 10.Април.2009 во 03:04
Originally posted by nena34 nena34 напиша:

A mora so ricinusovo maslo , nemoze so maslinovo ???

Da.Ricinusot e toj sto go pravi receptot potpolno.Posle ricinus i da ne e izmesan so nesto kosata dobiva dvoen volumen.Maslinovoto maslo dobiva drugo svojstvo koga se mesa i e polesno maslo od ricinusot.

Изменето од гјувеза - 10.Април.2009 во 03:08
Ако некој прави чекор назад ....не се радувај ...можеби зема залет....


Кон врв
Dina94 Кликни и види ги опциите
Нов член
Нов член


Регистриран: 09.Ноември.2009
Статус: Офлајн
Поени: 2
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Dina94 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Јануари.2010 во 22:57
Ve molam ako mozete nekako da mi pomognete! imam prilicno sredna kosa no ne znam sto da koristam za da mozam da e odrzavam i da moze da mi porasne kosata bi skala da imam podolga kosa ako imate nekoj sovet ve molam pomognete:)

Изменето од Dina94 - 14.Јануари.2010 во 22:58
Кон врв
Lithium Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 01.Декември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 9407
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Lithium Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Јануари.2010 во 17:47
Originally posted by Dina94 Dina94 напиша:

Ve molam ako mozete nekako da mi pomognete! imam prilicno sredna kosa no ne znam sto da koristam za da mozam da e odrzavam i da moze da mi porasne kosata bi skala da imam podolga kosa ako imate nekoj sovet ve molam pomognete:)


Дина, и јас еднаш прашував исто за ова тука, одговорот го имаш на 5-тата страна од оваа тема среќа
You think you are perfect? Well, try walking on water...
Кон врв
zamislena Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 03.Јануари.2010
Статус: Офлајн
Поени: 14566
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zamislena Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 04.Септември.2010 во 10:51
 
 
  За косата да биде  убава ..еве неколку совети ...
..за борбата против  ....првутот .....среќа...
 

Првутот е неопходен и добар за нашата кожа. Нашето тело само од себе се обновува, а во тој процес опаѓаат старите кожни клетки. Во нормална состојба......ова не се забележува. Но, кога доаѓа до пореметување на овој процес, се појавува непријатен проблем на видлив првут кој ја расипува и најдобрата фризура.

Постојат два типа првут  сува и масна. Сувата е резултат на сува кожа, а се препознава по фината текстура и видлива е и по нашата облека. Масната пот е поголема и се лепи за косата. Резултат е на претерано лачење на жлездите.

1. Немојте да претерувате – постојат две крајности: или не се грижиме доволно за нашата коса , или се грижиме премногу.

Шампони, регенератори, користење разни препарати за фризури – во голема мера влијаат на здравјето на нашата кожа и коса.

Можеби мислите дека со овие средства ќе го отстраните првутот, но само ќе го влошите проблемот.

2. Природни рецепти. На темето нанесете јогурт или меко сирење кои ќе ја повратат изгубената рамнотежа.

Маслиновото масло исто така може да ви помогне. Еднаш до два пати неделно нанесете од овие природни препарати, оставете ги да делуваат 15 минути и измијте се со млака вода.

3. Шампон против првут. Овие шампони често имаат моментален ефект.

Ако имате сува првут одберете шампон против првут кој на темето и косата ќе и даде и дополнителна влажност.

За жал, шампоните не се борат против вистинскиот причинител на првутот, заради тоа и не се доволни на долг рок.

Потребно е да го користите минимум 1 месец за да забележите резултати.

4. Посета на лекар. Габична инфекција може да биде чест причинител на појавата на првут. Ако покрај првутот забележите и црвени дамки, задолжително посетете доктор.

5. Состојбата на умот. Стрес, незадоволство и лошо расположение може да предизвикаат појава на првут. Опуштете се. Поминете време со пријатели кои ќе стават насмевка на вашето лице.

6. Исхрана. Разновидна и здрава исхрана и тоа како влијаат во борбата против првут. Зголемете го внесувањето на цинк кој може да го пронајдете во житариците, пилешкото и морските плодови.

7. Здрава коса - за долгорочно да се ослободите од првутот посветете внимание на препаратите кои ги користите. Шампоните треба да се благи и ph неутрални.

Косата не смеете да ја миете со жешка вода. Откажете се од препарати за стајлинг одреден период....

 
Кон врв
mrzla Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
натурална девојка

Регистриран: 14.Мај.2008
Статус: Офлајн
Поени: 13330
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mrzla Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Септември.2010 во 03:08
Само да ве потсетам
Не заборавајте кога користите маски,секогаш косата одделно да ја миете од телото.
Посебно маските со рицинус
И бричот падна на колена пред зборот:

Те преколкувам кажи како да се наострам како тебе,сакам да колам без да пуштам крв
Кон врв
mrzla Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
натурална девојка

Регистриран: 14.Мај.2008
Статус: Офлајн
Поени: 13330
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mrzla Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Септември.2010 во 03:10
Originally posted by гјувеза гјувеза напиша:

Originally posted by mrzla mrzla напиша:

Originally posted by гјувеза гјувеза напиша:

Еве еден рецепт кој ке ви ги замени сите маски,сите препарати за растење на коса,за нега на сува и оштетена коса за двојно зголемување на волуменот на коса.Сега пролетва ке ископате корени од штотуку израснати коприви и тоа повеќе и ќе ги сварите густ чај.Ќе ја исцедите течноста и во едно стаклено шише ке ставите колку чај (течнос)толку рицинус,прво чајот пото рицинусот.Го ставате шишето затворено на прозор да го пече сонце,стои така се додека рицинусот не почне да се меша со чајот односно да паѓа надолу.Кога се ке биде готово се мачка косата и темето со таа течност се завиткува у пешкир и стои така во зависност колку време имате.Јас некогаш еден час пред миење некогаш цел викенд ако сум дома и не излегувам.Пробајте и ќе ме благословувате цел живот.


.
ќе може ли отприлика да ми кажеш колку корени да ставам со колку вода
јас денес најдов околку 10-тина
малку ли се



Не се малку .Ќе ги исецкаш и стави вода да ги покрие и два прста погоре.Поклопени да вријат на тивко и готови се тогаш кога корените ќе се толку сварени што кога ќе ги пипнеш ќе се распаѓаат.


Сум го направила ова ама сега незнам кај ми е
И бричот падна на колена пред зборот:

Те преколкувам кажи како да се наострам како тебе,сакам да колам без да пуштам крв
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 01.Ноември.2011 во 10:02

15 основни правила за здрава, цврста и сјајна коса

Косата е едно од првите нешта што го забележуваме кај луѓето кога ги гледаме за прв пат. Тоа особено важи за жените. Убавата сјајна коса секогаш привлекува погледи и остава добар впечаток, но истото не може да се каже и за оштетената коса. Дури ни најдобрата фризура не може да ја прикрие запоставената оштетена коса.

Негата на косата не се состои само во купување на убав шампон и регенератор и редовно миење. За да имате здрава, цврста и сјајна коса, потребно е да знаете како да се грижите за вашата коса секојдневно.

Жена%20со%20убава%20косаУбавата сјајна коса секогаш привлекува погледи и остава добар впечаток.
  1. Потстрижувајте ја редовно. Разделените краеви на косата ѝ даваат несреден изглед. Тврдењето дека потстрижувањето ќе го забрза растот на косата е само мит, но тоа не значи дека пострижувањето нема никаков ефект. Редовното потстрижување ќе ви помогне да ѝ дадете сјај и блесок на косата по целата должина. Посетувајте фризер на секои 4-6 недели.
  2. Употребувајте соодветен шампон. Многу е важно да користите шампон наменет за вашиот тип на коса. Ако немате никаков проблем (мрсна, сува коса), тогаш најдобро е да користите нежен бебешки шампон. Бебешките шампони не содржат силни хемикалии кои можат да му наштетат на скалпот или на влакното.
  3. Масирајте го скалпот. Додека имате шампон на косата, со врвовите на прстите масирајте го скалпот со кружни движења. Така ќе ја подобрите циркулацијата.
  4. Користете регенератор. Употребата на регенераторот ја прави косата помека и полесна за чешлање. Ако страдате од проблемот сува коса, не ја избегнувајте употребата на регенератор. Додека косата е со регенераторот, нежно поминете со прстите низ неа. Тогаш полесно ќе ја расплетете.
  5. Внимавајте колку и како ја чешлате. Погрешно е да си мислите дека редовното чешлање неколку пати во денот ќе ви помогне да имате сјајна и здрава коса. Со прекумерно чешлање можете само да го оштетите влакното. Користете голем број на мали кратки движења со чешелот, наместо да го поминувате целиот прамен со едно движење. Започнете со чешлање од краевите и постепено движете се нагоре. Ако имате виткана или брановидна коса, користете чешел со малку запци, затоа што четките со ситни запци ќе ги растурат оформените локни.
  6. Никогаш не ја чешлајте косата додека е влажна. Пред да влезете да се туширате, исчешлајте ја косата. Така ќе ја отстраните нечистотијата што се наоѓа врз неа и ќе ја расплетете. Кога косата е влажна таа е посклона кон кинење. Тргањето со чешелот лесно го кине влакното. Никогаш не си легнувајте со влажна коса, затоа што во спиењето косата се трие и тоа ќе предизвика оштетување.
  7. Внимавајте на заштитата во лето. Избегнувајте директно и долго време да ја изложувате косата под сончевите зраци. Носете капа за да го спречите оштетувањето. Пливањето во базен исто така може негативно да влијае на изгледот на вашата коса, поради големото количество хлор. Носете капа за пливање или не ја воденете косата додека сте во базен.
  8. Внесувајте доволно витамини и минерали. Храната што ја консумирате има огромно влијание врз изгледот на косата. Недостатокот на некои витамини и минерали води до оштетување и дури до опаѓање на косата. Недостатокот на железо може да предизвика опаѓање на косата. Жените кои имаат пообилна менструација се изложени на поголем ризик од недостиг на железо.
  9. Внимавајте што ставате во устата. Најдобрите храни за здрава и цврста коса се: јајцата, млекото и млечните продукти, рибата, јаткастите плодови, морковите, темнозелените листести зеленчуци, мешунките и зрнестите храни.
  10. Избегнувајте екстремно слабеење. Екстремното слабеење во краток период му создава многу стрес на вашето тело. Како што вие слабеете, така слабее и вашата коса. Диетите во кои не се вклучени доволно протеини и железо или пак препорачуваат многу протеини, а малку зеленчук и овошје (како Аткинсовата диета), може да доведат до значително опаѓање и слабеење на косата. Хранете се балансирано.
  11. Намалете го стресот. Стресот влијае како на вашето психичко, така и на вашето физичко здравје. Косата не е исклучок. Цврстината и густината на косата во голема мера зависи од стресот.
  12. Избегнувајте ја употребата на фен, преса или фигаро. Кога и да имате можност да ја избегнете употребата на фен, направете го тоа. Оставете ја косата да се исуши природно. Ако морате да искористите фен, држете го подалеку од косата. Пресата за коса и фигарото директно влијаат со својата топлина. Користете ги што поретко. Доколку не можете да ги избегнете, пред да започнете со стилизирање на косата, врз неа нанесете силиконски капки или сличен продукт, кој барем малку ќе ја заштити косата од силната топлина.
  13. Бојадисувањето сведете го на минимум. Користете боја за коса колку што можете поретко. Бојадисаната коса полесно се суши и ѝ е потребна дополнителна нега. Секогаш користете шампон наменет за бојадисана коса или нежен бебешки шампон.
  14. Ставајте си маска за коса. Маските за коса ѝ ја враќаат природната влажност на косата.
    • Јајце. Наједноставната и најкорисната маска за коса е изматено јајце. Едноставно нанесете го јајцето на косата и оставете го најмалку 15 минути. Измијте ја косата со нежен шампон и млака вода.
    • Оцет. Додека ја миете косата, нанесете оцет или во леген ставете ¼ чаша оцет и дополнетe го со вода. Во него потопете ја косата. Оцетот помага косата да добие убав сјај.
    • Авокадо. Авокадото може да биде одличен третман за косата. Тоа содржи многу витамини, масни киселини и минерали кои ќе го вратат блесокот во вашата коса. Нанесете испасирано авокадо врз косата и оставете го да делува 20 минути. Измијте ја косата со млака вода.
  15. Негувајте го скалпот. Освен со масажа, скалпот можете да го негувате и со масло двапати неделно. Изберете масло од бадеми, кокос или екстра девствено маслиново масло. Нанесете го на памучен тампон и намачкајте го скалпот. Оставете го да делува 30-45 минути. Потоа исплакнете со топла вода. Резултатот ќе биде помека и понежна коса.

Косата расте во просек по 1 сантиметар месечно. Ако сте под стрес, страдате од недостаток на витамини и минерали или не спиете доволно, сето тоа ќе придонесе за лош изглед на косата и за побавно растење. За да проверите дали вашата коса е доволно цврста, земете едно влакно и обидете се да го растегнете. Ако имате здрава коса, тоа ќе се растегне со 30% од својата должина пред да се скине. Доколку кај вас не е така, треба дополнително да внимавате на негата.

Правилната и редовна грижа за косата ќе резултира со здрава, цврста и сјајна коса, а тоа ќе придонесе да бидете пошармантни и женствени.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 01.Ноември.2011 во 10:03

Исхрана за здрава и сјајна коса

Убавата коса нè прави посреќни, посамоуверени, а се разбира и поатрактивни. Токму поради тоа, секоја жена сонува да има раскошна сјајна коса за која сите ќе ѝ завидуваат и редовно е во потрага по соодветен продукт за нега на косата.

Но, за да се гордеете со блескава коса (каква што гледате на рекламите за шампони), не треба само да ѝ се доверувате на козметиката. Она што го ставате во устата е подеднакво важно како и она што го ставате врз вашата коса.

Убава%20косаИсхраната игра важна улога во негата на косата

Исхраната многу влијае на косата – како што може да го влоши, така таа може и да го подобри изгледот на вашите прамени. Затоа, погрижете се да се храните балансирано и да ги внесувате витамините и минералите кои го стимулираат растењето на цврсти и здрави влакна. Еве што треба да консумирате:

  • Лосос и ленено семе. Рибата е незаменлива ако сакате да се храните здраво, а лососот е најдобриот избор. Оваа мрсна риба е одличен извор на омега-3 масни киселини, витамин Б12 и железо. Сите тие заедно „работат“ за да ви го дадат посакуваниот сјај на косата. Омега-3 масните киселини го одржуваат здравјето на скалпот. Недоволната консумација на храна богата со омега-3 масни киселини може да направи вашиот скалп да стане сув, а вашата коса безживотна. За да го избегнете тоа, имајте риба на вашето мени барем 3 пати неделно. Доколку не сте во можност толку често да консумирате риба, лененото семе е добра замена, затоа што во изобилство содржи омега-3 масни киселини.
  • Јајца и пилешко месо. Косата основно е составена од протеини, па логично е консумирањето на храна богата со протеини да биде ефективен начин за стимулирање на растот на косата и намалување на нејзиното опаѓање. Јајцата се богати со витамини од групата Б, особено со Б12 и биотин (Б7). Биотинот уште се нарекува и витамин Х (Х-то доаѓа од „Haar und Haut“, што на германски значи коса и кожа). Се смета дека недостатокот на биотин предизвикува опаѓање на косата. Освен јајцата, богат извор на биотин е и џигерот. Пилешкото месо е неверојатен извор на протеини кои можат да ви помогнат еднаш засекогаш да се ослободите од кршливата коса.
  • Телешко месо и остриги. Телешкото месо и остригите го подобруваат изгледот на косата, затоа што се богати со цинк. Добро познато е дека недостатокот на цинк води до опаѓање на косата, а се смета дека се бори и против предвременото побелување на косата. Освен телешкото и остригите, цинкот е присутен и во јаткастите плодови (ореви, бадеми) и јагнешкото месо.
  • Леќа. Можеби ќе ви звучи чудно, но леќата е храна што не треба да ја избегнувате ако сакате здрава коса. Таа е богата со фолна киселина, којашто го подобрува здравјето на црвените крвни зрнца кои ги снабдуваат кожата и скалпот со потребниот кислород. Исто така, фолната киселина е важна и за обновување на клетките, па важна е и за растењето на косата.
  • Ореви и бадеми. Оревите и бадемите, како и останатите јаткасти плодови, содржат во себе омега-3 масни киселини (кои делуваат како регенератор на вашата коса) и цинк (којшто го спречува ретчењето и опаѓањето на косата). Освен ореви и бадеми, не пропуштајте во вашата ужина да вклучите и бразилско оревче.
  • Моркови. Морковите содржат витамин А, којшто го стимулира создавањето на себум на скалпот. Себумот од своја страна овозможува косата да ја задржи природната влажност и го подобрува здравјето на скалпот. Преголемото или премалото лачење на себум ја оштетува косата. Недостатокот на витамин А може да се манифестира и преку појава на првут и сува коса. За да го избегнете сето тоа, заменете ги нездравите грицки со моркови.

Дополнителни совети

  • Консумирајте храна богата со витамин Ц. Витаминот Ц ја зголемува способноста на телото да го апсорбира цинкот.
  • Пијте 8 чаши вода дневно. Водата помага косата да изгледа здрава, сјајна и да ја задржи својата влажност.
  • Вежбајте редовно. Вежбањето го намалува стресот, којшто може да биде причина за опаѓање на косата.
  • Не држете строги диети. Диетите најчесто препорачуваат внесување на многу мал број на калории и вклучуваат храна која не содржи цинк, витамин А или омега-3 масни киселини, па поради сето тоа, вашата коса страда. Често се случува диетата да предизвика опаѓање на косата кај жените.
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 78910>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,219 секунди.