IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > АРХИВА > Вероисповед
  Активни теми Активни теми RSS - ЏИХАД
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

ЏИХАД

 Внеси реплика Внеси реплика страница  123 14>
Автор
Порака
mudzahid Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 15.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 818
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mudzahid Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Тема: ЏИХАД
    Испратена: 28.Април.2008 во 09:28
(Хутба одржана на ден 25 - 4- 2008 година, Октиси-Струга)
Хатиб: АриФ Рамадани

Ова верско предавање го изложувам на овој форум сметајќи дека ќе придонесе во подобро сфаќање на некои исламски поими кои често се злоупотребени и погрешно сфатени од повеќето немуслимани па дури и од некои муслимани.

Во ерата на декаденца дошло до разни деформации, изопачувања, погрешен третман и интерпретација  на голем број на исламски прописи и поими. За тоа вина има и надворешниот но и внатрешниот фактор. Во овој говор ќе се осврнеме на поимот "Џихад", кој надворешниот непријател особено му дал внимание и значење но и погрешна смисла. Ние овде нема да расправаме за историскиот тек и начинот до кој е дојдено до такво поимање, туку едноставно ќе се осврнеме на поимот "Џихад" во негова јазична и терминолошка смисла во светлината на исламската концепција произлезена од исламските извори, к*р'ан - Божјата реч и Суннет - Традицијата на ллаховиот Пратеник, Мухаммед с.а.в.с.
Поимот џихад во арапски јазик значи вложување на труд и напор во сите акции и активности во борба за одржување на напредокот и благосостојбата, како за поединецот така и за заедницата. Глаголот "џахеде" значи да се трудиш, оспособиш, припремиш за се што е позитвно. Во оспособувањето за извршувањето на животната мисија, која исламот ја одредува и пропишува за човекот не е доволна само стручна припрема. Тука е важна духовната, морално-етичката страна на човекот. Потребно е изградба на човек, да се создаде позитивна, хумана и креативна личност. Секако, дека оваа е заедничка поента на сите религии, што автоматски сите поседуваат еден вид на "џихад" но не оној кој е врежан во нашите глави од дефиницијата на медиумите. Да не должам многу, ќе ви ги споменам категориите на џихад во ислам, иако цврсто сум убеден дека пристрасните и фанатиците ќе го насочат текстот и констатциите во поинаква насока и ќе дадат страствен поглед, мижејќи пред вистината. Тука не сакам да напаѓам ниту да бранам туку сакам поимот џихад да го доближам до заинтересираните за суштината на овој збор.
Еве како исламската елита, призната со легитимитет и легалитет ги спомнуваат видовите на џихад произлезени од к*р'ан и Суннет:

Прв вид на џихад: ЏИХАДУН-НЕФС - што значи борба со самиот себеси, борба со сопственото его, страст и пристраснот, вложување на напор за отстранување на негативните пороци во човечката душа. Мухаммед а.с. кога се вратил од еден воен поход рекол: "Реџе'ана мин џихадил-есгар ила џихадил-екбер" (Се вративме од мал џихад во голем џихад, тоа е борба со сопственото его). Во друга прилика Мухаммед а.с. кога ги запрашал своите другари: Што мислите кој е најхрабар меѓу вас?" Тие одговориле: "Оној кој може секого да го победи во борење, или да го собори на земја?" Тогаш Мухаммед а.с. рекол: "Не, вистински херој и јунак е оној кој може да владее со себеси, (Во друго предани стои: "Оној кој може да контролира при лутина и бес."
   Познатиот филозоф Роберт Барунинг вели: "Го ценам оној човек чија борба почнува со него самиот." Тоа е првиот вид на џихад.

Втор вид на џихад: ЏИХАДУ БИН-НЕФС - Борба со сопственото тело, физички џихад и одбрамбен џихад во случај кога непријателот ја нападне земјата и врховниот владар повика на општа мобилизација во одбрана на татковина, верата, суверинитетот … Во к*р'анот јасно се спомнува овој вид на џихад: "И војувајте на Аллаховиот пат против оние кои војуваат против вас, но не преминувајте ги границите, Аллах, навистина, не ги сака оние кои претеруваат." (к*р'ан, Бекаре-190)
Исламот овој вид на џихад го прифаќа и препорачува само во ванредни околности и тоа под строги одредени услови.
Џихадот ( со оружје - рака и живот) станува задолжителен (фарз) кога ќе се исполнат три услови:
1 - Полнолетност,
2. Кога непријателот ќе ги нападне муслиманите, и
3 . Кога повикот за џихад доаѓа од водачот на муслиманите.

Трет вид џихад: ЏИХАДУЛ-МАЛ (Борба со сопствениот имот и капитал во пружање отпор на непријателот, трошење на Аллаховиот пат со укажување помош на слабите, бедните, сиромасите и сл. Еве практиченпример со вториот халифа Осман р.а. кога рекол: “Ве колнам во Аллах и во ислам: дали знаете кога дојде  Аллаховиот Пратеник с.а.в.с. во Медина, а немаше чиста изворска вода за пиење освен бунарот на Реума, па рече Пратеникот: “Кој ќе го откупи бунарот и ја направи неговата кофа за извлекување на вода заедно со кофите на другите муслимани, за тоа нему ќе му припадне Џеннет?” “Јас го купив од основата на мојот имот. Дали знаете дека џамијата беше тесна за клањачите, па Пратеникот рече: “Кој ќе го купи плацот на филан човек и ја прошири нашата џамија со добро, за тоа нему ќе му припадне Џеннет?” Јас го купив од основата на мојот имот!  Дали знаете кога Аллаховиот Пратеник с.а.в.с. рече: "Кој ќе ја подготви војската на Усре (тежок поход во битката на Тебук), ќе заслужи Џеннет, па јас ја припремив војската." (Тирмизи, Несаи)

Четврти вид на џихад: ЏИХАДУЛ-КЕЛИМЕ - Борба со јазик на тој начин што ќе се објасни Вистината, како што е случај со оваа тема со која сакаме да ја разјасниме институцијата "џихад" и на муслимани и на немуслимани, со цел да не го злоупотребуваат и понатаму свесно и намерно. Овој џихад денес може да се дефинира и како медијска и пропагандна војна. Еве ви еден класичен и свеж пример. Дезинформирањето на јавноста може да се изведе на разни начини кои се разликуваат по својата суптилност. Основна цел за сите нив е јавното мнение да добие погрешна претстава за нешто и да се натера самото да донесе погрешен заклучок. Тоа некогаш е можно и со вистинска информација или слика која се пласира во одреден поволен момент да создаде сакан крив заклучок. Добар пример за ова е прилогот на ЦНН – 11.09.2001. кога непосредно по уривањето на ЊТЦ (Светскиот трг. центар) е прикажана една група на Пелестинци кои се радуваат и извикуваат текбири. Гледачите добиле впечаток дека муслиманите ширум светот се радуваат за она што се случило, а ова понатаму води до заклучок дека муслиманите го урнале центарот. Подоцна во средствата за информирање се јавил Германец кој спомнатиот видео запис го снимил пред десет години порано. Секако оваа поправка не можела да го избриши стекнатиот ефект кој настанал по прикажување на спомнатиот прилог кој немал никаква врска со тоа.
 Аллаховиот Пратеник, Мухаммед а.с. за овој вид на џихад вели: "Највреден џихад е да му се каже вистината во лицето на неправедниот владар."
Исто така, Мухаммед а.с. рекол: "Кој од вас ќе види некое лошо дело, нека го спречи со својата рака, а ако не може тогаш со јазикот, а ако и тоа не може тогаш барем со срце нека го осуди, но тоа е најслабиот иман (верување)." (Муслим)

Петти вид на џихад: ЏИХАДУШ-ШЕЈТАН - Борба против шејтанот, сатаната, ѓаволот кој е вечен човеков непријател, кој ги натера нашите прародители Адем а.с. и Ава а.с. да каснат од забранетото овошје и да бидат слезени од Џеннетот (рајот).


Тема со повод

ЕТИКА НА ВОЈНА ВО ИСЛАМ

По повод натписот во весникот “Нова Македонија” (6-7 Октомври 2001 год) од новинарот Александар Божиновски каде под наслов “Алах им дава храброст на верниците и внесува терор во срцата на неверниците” вели: „Фатализмот и исклучивоста на исламската религија, особено некои пораки од Коранот, отворено го поддржуваат тероризмот во името на Алах.“ Покрај тоа уште на бројни места во неговиот напис стојат директни измислици, клевети, лаги и невистини, кои се чист продукт на неговиот плиток, површински, замаглен, варварски разум кој е доен со познатата светска доза “Омраза кон Исламот и муслиманите”
Доволен доказ за оваа наша констатација се зборовите на (не)паметниот новинар кој дава своевиден пристрасен заклучок со зборовите: „Но, она што најмногу им дава право на аналитичарите да го наречат Исламот - фаталистичка религија се т.н. шестте написи (имански шартови), особено е значаен петтиот напис во кој се вели дека сите работи, добри или лоши, на овој свет, се директна последица на волјата на Господ. Што би рекло и кога муслиманите прават лоши работи и тоа е волја на Алах…“
Жалосно е што авторот погледнал само на една страна заборавајќи да се осврне кон сопствената вера, но познато е дека човекот како човек полесно му е да забележува на други а самиот да не се гледа. Да видиме за момент што вели Исус во евангелието на Матеј (10:34): „Немојте да мислите дека јас сум дошол да донесам мир на земјата! Не сум дошол да донесем мир, туку сабја.“ На друго место (Евангелие на Лука 12:49 и 51) вели: „Дојдов да фрлам оган на земја, па, како би посакал да веќе се запалил! Дали мислите дека сум дошол да донесам мир на земја? Не, ви велам на вас, туку раздор.“
Иако лично сметам и убеден сум дека тие зборови не се на Исус (Иса а.с.), туку се измислица и лага залепена за неговото име.
 Затоа одлучив да ги напишам овие зборови со цел реално да ја презентирам вистината сврзана за војната во Ислам (Џихад) и неговата толеранција во воени услови, а истовремено и да го демантирам горе наведениот напис и секој друг напис кој го обвинува или клевети Исламот за тероризам, фаталност, екстремност и сл.
   Нема дилема дека војната се третира како општествена неопходност, кон кој се стремат луѓето за решавање на нивните политички, идеолошки, социјални и територијални конфликти. Оттука германскиот филозоф Хегел смета дека процесот на реформи не може да се имплицира во секоја сфера освен како резултат на две конфронтирани страни за елимнација една врз друга. Исламот ја востановил војната како одбранбено средство за решавање на некои социјални проблеми во случај кога непријателот одбива секој вид на компромис.
Имено, Исламот ги основал односите на муслиманите со другите народи врз принципите на разбирање и мир. Затоа тој не дозволува напад врз невини луѓе само затоа што имаат поинаква верска и етничка припадност, туку напротив, наредува на соживот, хуманост и солидарност со другите припадници на вери. Ова јасно е потенцирано во к*р’анот ( 60:8 ) : „Аллах не ви забранува во однос на оние кои не се борат пртив вас и верата, и кои не ве истеруваат од домовите ваши, да им правите добро и да бидете кон нив праведни.“ Доволен доказ за оваа констатација е секојдневниот исламски поздрав меѓу муслиманите кој гласи „Ес-Селаму Алејкум“ што значи “Мир и спас нека биде врз вас во секое време и место” Еве неколку етички принципи на војна кои ги поставил Исламот:
а) Должност е на муслиманите кога ќе бидат нападанати пред да му возвратат на непријателот да му постават три услови на располагање 1- Да го прифати Исламот; 2- Ако не сакаат тоа тогаш може да останат на своите земјишта но да плаќаат данок; 3- Војна како крајно решение. Потврдено е дека Мухаммед а.с. никогаш не го напаѓал непријателот се додека не го повикал на оваа резолуција. (Муслим)
б) Оние кои немаат учество во војна од цивилното население не смеат да се убиваат или да им се нанесува некое зло, единствено се војува само против непријателот на воено поле.
к*р’анот ова го потенцира со следниве зборови „Борете се на Аллаховиот пат против оние кои се борат против вас и немојте да ги преминувате границите.“ (Ел-Бекаре, 193) т.е. немојте да ги убивате оние кои не се борат против вас како: жени, деца, старци, болни и сл. Се пренесува дека Мухаммед а.с. им забранил на своите водачи да убиваат жени, деца, слаби, да не палат полиња ниту плодови, и да не рушат куќи.
в) Исламот забранува секаков вид на геноцид, масакр, како што забранува користење на отровни гасови и сл. Затоа Мухаммед а.с. му порачал на неговиот командант „Војувај во име на Аллах, бори се чесно, немој да прекршуваш договор, немој да масакрираш ниту да убиваш деца“ Исто така и вториот негов наследник Ебу Бекр порачувал „Немојте да изневерувате, ниту да убивате стока, овци, крави, камили освен за потреба за јадење“
г) Исламот наредува добар однос кон заробените на воено поле, дури тоа го смета како доказ на совршено верување. Затоа Мухаммед а.с. наредил „Постапувајте добро со заробените“ Во друга прилика ги ослободувал робовите без надомест, дури оние кои знаеле да читаат или пишуваат имале задача да научат по десет неуки муслимани и со тоа ќе бидат ослободени. Сето досега горе иснесеното го потврдуваат и голем број на објективни  западни научници и историчари. Д.Густав Лепон вели: „Освојувањата на муслиманите никогаш не биле под сенка на сила и агресија како фактори во ширење на к*р’анот. Факт е дека човештвото не познава освојувачи толку толерантни, милосрдни и праведни како арапите, затоа Исламот се прошири со толку брз ритам.“
Исто така и Пр.Робинсон вели: ¬¬¬„Муслиманите се единствени во историјата кои успеа да ја соединат војната и толеранцијата.“¬¬¬
Затоа сметаме дека мирот е божји дар, бидејќи Аллах џ.ш. го поттикнува Неговиот Пејгамбер на мир, и вели: „А ако се наклонети кон мир, па, и ти биди наклонет кон мир.“ (Ел-Енфал, 61)
Зар може после сето досега истакнато да му се залепува на Исламот етикети како: фатална, терористичка, фундаменталистичка, екстремна религија, а неговите следбеници: терористи, фундаменталисти, екстремисти, радикалци и сл.?
Зар има поголеми терористи од оние кој секојдневно убиваат невини цивили во Палестина, Чеченија, Филипини, Кашмир итн.?!! Одговор: Секако „НЕ“ !!
 

 

Изменето од mudzahid - 28.Април.2008 во 15:29
И НЕ СЛЕДИ ГО ОНА ШТО НЕ ГО ЗНАЕШ.
И ИЗБЕГНУВАЈ ТЕ ГОВОР ЛАЖЕН.
Кон врв
zidarski Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 17.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4385
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zidarski Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 28.Април.2008 во 16:38
Наскоро ќе дадам долг одговор на оваа тема, и на првиот и на вториот пост... ама сега за сега, само ќе речам дека не е се така како што е претставено тука и повторно се стигнува до вечниот момент на овој форум - другите се криви , ние не... Ќе пишам опширно подоцна...
Кон врв
mudzahid Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 15.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 818
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mudzahid Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 28.Април.2008 во 18:00
Зидарски, темата е постирана за да има дискусија околу неа, па добро би било да го изнесеш твојот одговор. А за тоа дека не се слагаш со тоа што е постирано, па тоа е веќе нагласено во самата тема дека ќе има такви.
Поздрав 
И НЕ СЛЕДИ ГО ОНА ШТО НЕ ГО ЗНАЕШ.
И ИЗБЕГНУВАЈ ТЕ ГОВОР ЛАЖЕН.
Кон врв
orto Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 13.Октомври.2006
Статус: Офлајн
Поени: 916
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај orto Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Мај.2008 во 06:28
Originally posted by mudzahid mudzahid напиша:

Зидарски, темата е постирана за да има дискусија околу неа, па добро би било да го изнесеш твојот одговор. А за тоа дека не се слагаш со тоа што е постирано, па тоа е веќе нагласено во самата тема дека ќе има такви.
Поздрав 

k*ran 2:216
Propisuje vam se borba, mada vam nije po volji! - Ne volite nešto, a ono može biti dobro za vas; nešto volite, a ono ispadne zlo po vas. - Allah zna, a vi ne znate.


Е ај сега ти кажи ми муџо , кај е логиката тука ,
ви следи борба која не ви е по воља , ама ако , пак вие борете се зошто алла знае дека така е најдобро изненадувањеизненадување
-значи секој муслиманин е дожен да води борба сакал тој или не ,
-Му се одзема слободната воља , и се прави "РАТНИК АЛЛАОВ"
*народоучение на  муслиманаинот му е забрането да размислува со сопствениот Ум, и не му е дадена Слободна воља




Изменето од orto - 03.Мај.2008 во 06:33
(kоран 10, 94)
(аллах рече моамеду) Ako сумљаш у oно што ти oбљављујемо, упитај oне (Жидове и Кршчане) koji Читају Kњигу (БИБЛИЈУ), прије тебе објављену
Кон врв
misterX Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 08.Февруари.2008
Статус: Офлајн
Поени: 342
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај misterX Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Мај.2008 во 10:08
Абе Орто, кој ти дава за право да толкуваш работи кои не ги разбираш?
Со доаѓањето на Мухамед а.с и к*ранот како последен и единствен закон во кој е отсликана човечката природа, ние луѓето имаме пред себе нешто кое не се темели на база на приказни и пусти желби. к*ранот е испратен до човеот а не до боговите, во него има закони и начела а не приказни кои некои луѓе ги пишувале со векови. Знам дека ти било тешко да го прочиташ целиот пост на муџахид а и да си го прочитал тешко дека ќе си рзберел нешто, не поради тоа што сакам да те навредам дека не разбираш туку поради тоа што повеќето од вас за овие работи само слушале од вести, од другари кои се преполни со омраза кон муслиманите и слично. Она за кое зборува муџахид е вистината и секој човек кој се претставува како муслиман а овие правила не ги практикува токму наовој начин, тој човек не е ништо поразличен од еден варварин, терорист, убиец и сл.
Луѓето кои го следат Исус и истиот го нарекуваат бог, неговата мајка, мајка божја и сл. од него добија многу пораки. Една од нив беше и таа дека ако некој ти удри шамар по едниот образ, ти треба да му го свртиш и другиот. Исус забрануваше војни во име на бога, тероризирање на послабиот, иссмевање на сиромавиот и негово понижување. Сепак ништо од ова поголемиот дел од неговите следбеници не го практикуваа и за тоа има многу докази низ историјата на човештвото. Денес сите знаеме како дојде до христијанизација на неколку континенти, како се одвиваат крстоносните војни и во чие име до ден денес се водат низ светот. Денес нема ниеден христијанин кој ќе му го сврти и другиот образ на било кој доколку биде удрен. Денес имаме висока и ниска класа на луѓе, понижување насекаде, социјалци кои немаат за леб и богаташикои убиваат од мерак. Кои се тие христијани и чии зборови следат тие? Поради ова к*ранот како последна божја книга чија база е човекот и неговата суштина, е испратен до него за да му го покаже патот во реална основа. Таму јасно е нагласено дека ако некој без да има причина, ти удри шамар, ти имаш право со иста мера да му вратиш по истиот образно доколку сметаш дека тоа сакаш да го направиш. Оној кој ќе му прости на оној кој го удрил е ценет кај бога. Ова е реалната слика за она што денес човекот го прави,а ова го практикуваат сите христијани кои ги познавам. Исламот не дозволува да има робови и најсилно се спротиставува на напаѓање на туѓи територии, нметнување на ропски однос врз луѓето и користење на благодетите на тие туѓи територии. Во вакви случаи к*ранот дозволува борба за самоодбрана, за зачувување на угледот на семејството, за задржување на слободата на секој човек. Секое обратно делување не е во согласност со к*ранот и исламот. Ова денес го практикуваат сите христијански земји и тоа не треба да биде чудно. Ајде нека проба некој да зазаема територија на Русија, америка, Франција или било која друга христијанска држава, дали тие ќе се однесуваат според правилата на Исус и ќе им го свртат другиот образ на оние кои ги нападнале или пак подобро и пореално би било да делуваат според к*ранските- реални правила и ќе ја бранат својата држава? Ајде нека доживее некој неговата сестра, мајка, жена, да биде силувана или понижена и нека му прости на оној кој го направил тоа. Дали тогаш ќе ги следите прописите кои ги нуди к*ранот или ќе простите? Џихадот пред се, како што погоре наведе муџахид е борба која секј ден се случува во психата на човекот. Таа борба ја доживува секој човек од било која религија. Тоа е борба на доброто со лошото во секој човек, а не само кај муслиманите. Оној кој ќе успее да се избори за доброто во себе тој успеал во својот џихад. Муслиманите кои одат во џихад имаат конкретна причина и цел. Тие се луѓекои ги изгубиле своите домови, своите богатства и благодетите на својата земја. Тие луѓе ја изгубиле слободата која што е света и затоа имаат право да се борат за неа против оние кои најчесто погрешно ги практикуваат или ги злоупотребуваат зборовите на Исуса. Сите оние луѓе кои себеси се нарекуваат муслимани а кои убиваат, заробуваат или војуваат во име на бога со цел да освојат територии, богатства тие не се верници и не и припаѓаат на ниедна религија. Нивна религија се парите, и моќта да управуваат со луѓето. За жал такви има многуи денес скоро е невозможно тие да се искоренат. Единствена шанса за тоа е вистинските верници да го практикуваат правилно она кое религиите им го нудат, да не се натпреваруваат кој е поголем верник и кој е во право а притоа да ја гледаат сламката во туѓото око а да не ја приметуваат даската во своето.      
Кон врв
Messenger Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор

Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet

Регистриран: 21.Април.2006
Статус: Офлајн
Поени: 18208
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Messenger Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Мај.2008 во 15:57
Dobar komentar za introspekcija kaj site lugje, bez obzir na koja vera pripagjaat.

Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
Кон врв
only_me Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 14.Ноември.2005
Локација: Israel
Статус: Офлајн
Поени: 295
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај only_me Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Мај.2008 во 22:10
Originally posted by misterX misterX напиша:

Абе Орто, кој ти дава за право да толкуваш работи кои не ги разбираш?
Со доаѓањето на Мухамед а.с и к*ранот како последен и единствен закон во кој е отсликана човечката природа, ние луѓето имаме пред себе нешто кое не се темели на база на приказни и пусти желби. к*ранот е испратен до човеот а не до боговите, во него има закони и начела а не приказни кои некои луѓе ги пишувале со векови. Знам дека ти било тешко да го прочиташ целиот пост на муџахид а и да си го прочитал тешко дека ќе си рзберел нешто, не поради тоа што сакам да те навредам дека не разбираш туку поради тоа што повеќето од вас за овие работи само слушале од вести, од другари кои се преполни со омраза кон муслиманите и слично. Она за кое зборува муџахид е вистината и секој човек кој се претставува како муслиман а овие правила не ги практикува токму наовој начин, тој човек не е ништо поразличен од еден варварин, терорист, убиец и сл.
Луѓето кои го следат Исус и истиот го нарекуваат бог, неговата мајка, мајка божја и сл. од него добија многу пораки. Една од нив беше и таа дека ако некој ти удри шамар по едниот образ, ти треба да му го свртиш и другиот. Исус забрануваше војни во име на бога, тероризирање на послабиот, иссмевање на сиромавиот и негово понижување. Сепак ништо од ова поголемиот дел од неговите следбеници не го практикуваа и за тоа има многу докази низ историјата на човештвото. Денес сите знаеме како дојде до христијанизација на неколку континенти, како се одвиваат крстоносните војни и во чие име до ден денес се водат низ светот. Денес нема ниеден христијанин кој ќе му го сврти и другиот образ на било кој доколку биде удрен. Денес имаме висока и ниска класа на луѓе, понижување насекаде, социјалци кои немаат за леб и богаташикои убиваат од мерак. Кои се тие христијани и чии зборови следат тие? Поради ова к*ранот како последна божја книга чија база е човекот и неговата суштина, е испратен до него за да му го покаже патот во реална основа. Таму јасно е нагласено дека ако некој без да има причина, ти удри шамар, ти имаш право со иста мера да му вратиш по истиот образно доколку сметаш дека тоа сакаш да го направиш. Оној кој ќе му прости на оној кој го удрил е ценет кај бога. Ова е реалната слика за она што денес човекот го прави,а ова го практикуваат сите христијани кои ги познавам. Исламот не дозволува да има робови и најсилно се спротиставува на напаѓање на туѓи територии, нметнување на ропски однос врз луѓето и користење на благодетите на тие туѓи територии. Во вакви случаи к*ранот дозволува борба за самоодбрана, за зачувување на угледот на семејството, за задржување на слободата на секој човек. Секое обратно делување не е во согласност со к*ранот и исламот. Ова денес го практикуваат сите христијански земји и тоа не треба да биде чудно. Ајде нека проба некој да зазаема територија на Русија, америка, Франција или било која друга христијанска држава, дали тие ќе се однесуваат според правилата на Исус и ќе им го свртат другиот образ на оние кои ги нападнале или пак подобро и пореално би било да делуваат според к*ранските- реални правила и ќе ја бранат својата држава? Ајде нека доживее некој неговата сестра, мајка, жена, да биде силувана или понижена и нека му прости на оној кој го направил тоа. Дали тогаш ќе ги следите прописите кои ги нуди к*ранот или ќе простите? Џихадот пред се, како што погоре наведе муџахид е борба која секј ден се случува во психата на човекот. Таа борба ја доживува секој човек од било која религија. Тоа е борба на доброто со лошото во секој човек, а не само кај муслиманите. Оној кој ќе успее да се избори за доброто во себе тој успеал во својот џихад. Муслиманите кои одат во џихад имаат конкретна причина и цел. Тие се луѓекои ги изгубиле своите домови, своите богатства и благодетите на својата земја. Тие луѓе ја изгубиле слободата која што е света и затоа имаат право да се борат за неа против оние кои најчесто погрешно ги практикуваат или ги злоупотребуваат зборовите на Исуса. Сите оние луѓе кои себеси се нарекуваат муслимани а кои убиваат, заробуваат или војуваат во име на бога со цел да освојат територии, богатства тие не се верници и не и припаѓаат на ниедна религија. Нивна религија се парите, и моќта да управуваат со луѓето. За жал такви има многуи денес скоро е невозможно тие да се искоренат. Единствена шанса за тоа е вистинските верници да го практикуваат правилно она кое религиите им го нудат, да не се натпреваруваат кој е поголем верник и кој е во право а притоа да ја гледаат сламката во туѓото око а да не ја приметуваат даската во своето.      

Mozebi si vo pravo, uste sevo ova sto go rece da go primenuvate na temite za nasite hristijanski dogmi!
Кон врв
misterX Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 08.Февруари.2008
Статус: Офлајн
Поени: 342
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај misterX Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Мај.2008 во 22:37
Site hristijanski dogmi koi se vo soglasnost so ona koe go kazuval Isus a ne nekoj drug se prifateni od strana na muslimanite zatoa sto isus - Isa a.s e i nas pejgamber. se sto e ispravrteno podocna ne e prifatlivo i zatoa ponekogash iame raspravii no ne za deloto na isus tuku za onie koi negovoto delo go zloupotrebija i voopsto ne go pocituvaat. Del od niv se i onie koi vodea vojni vo ime na hristos i hristijanstvoto neli, no sepak ne i onie hristijani koi bile napadnati, navreduvani ili terorizirani od bilo kogo, tie pravoto da se branat go imaat isto kako i site muslimani?
Кон врв
only_me Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 14.Ноември.2005
Локација: Israel
Статус: Офлајн
Поени: 295
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај only_me Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Мај.2008 во 22:53
Koj sto iskrivil?
Gledas deka neznaes da diskutiras?
Dosadni ste so tie Krstonosni vojni. Isus Hristos e Bog, roden bez grev od Presveta Deva Marija, i voskresnal za nas, na krstot kako dokaz deka ja pobedi smrta, te grevot i ne iskupi od Istocniot grev. Nikade ni vo nieden slucaj ne rekol, deka na svetov ke se rodi "sovresen covek". Sekoj e iskusuvan od Gjavolot,( duri i toj prebivajki vo covecko telo) no spored svojata slobodna volja, moze da izbere. Neznam dali postoji slobodna volja kaj vas vo islamot, toa ke mi go kazes ti..
Za koi isprevrtuvanja zboris ????
Кон врв
Aisha Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 03.Декември.2007
Локација: Palestine
Статус: Офлајн
Поени: 1119
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Aisha Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Мај.2008 во 22:59
Dobro da se vratime na temata......
 
By the way, postoi slobodna volja vo islamot, kako covecki sustestva sme slobodni sto da g pravime ona sto go sakame, svesni za faktot sto e dobro a sto e loso, zar ne......
 
Inaku se slozuvam so only me, deka site religii (ovdeka ti kako prestavnik na hrisitjanstvoto) ja imaat taa poraka da sirat mir pred se. Mirot pocnuva od sebe, a potoa ponataka. Ova e povrzano so tekstot na mudzahid, znaci dzihad pred se i prvo so samiot sebe. SIte nie imame losi karakeristiki, no morame iskreno i uporno da se borime protiv iskorenuvanje na istite. Znaci da vodime dzihad so sopstvenite zelbi i strasti, odnesuvanje od koe nikoj nema dobro (laga, ogovaranje, mamenje i sl.)
 
PROUD TO BE A MUSLIM!!!!
Кон врв
Pravoslaven Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 09.Февруари.2008
Статус: Офлајн
Поени: 705
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Pravoslaven Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 04.Мај.2008 во 02:43
Па, кога светите месеци ќе поминат борете се против многубошците, каде било да ги најдете, заробувајте ги, опколувајте ги, чекајте ги во заседа од секој вид! Па, ако се покајат, и ако намаз извршуваат, и ако зекат даваат, пуштете го патот нивни. Аллах, навистина, е Простувач и Сомилосен!
- Сура Аl-Тawbа 9:5

И борете се против нив се додека го снема сплеткарењето и додека верата Аллахова не биде присутна. А ако престанат... та, Аллах го гледа она што го работат.
- Сура Аl-Аnfal 8:39

О пејгамберу (пророк, Мухамед), поттикнувај ги верниците кон борба. Ако меѓу вас има дваесет трпеливи ќе победат двесте, а ако, пак, меѓу вас има сто ќе победат илјада од оние кои не веруваат зашто оние се, навистина, луѓе кои не сфаќаат.
- Сура Аl-Аnfal 8:65

О верници, што ви беше кога ви беше речено: "Појдете во борба на Аллаховиот пат"- како да сте на земјата заковани? Повеќе ли сте задоволни со животот на овој свет од животот на Ахирет? Па, уживањето во животот на овој свет е ништо во однос на уживањето на Ахирет!
- Сура Аl-Тawba 9:38

Ако не појдете во борба Он ќе ве казни со болка и ќе ве замени со друг народ, а вие во ништо не ќе Му наштетите. Аллах е Кадар за се!
- Сура Аl-Тawba 9:39

Појдете во борба, било да сте слаби или јаки, и борете се на патот Аллахов и со имотите ваши и со животите ваши. Ете, тоа ви е подобро само да знаете!
- Сура Аl-Тawba 9:41

О верници, борете се против неверниците кои се околу вас, и нека при вас најдат тврдост. И знајте дека Аллах, навистина, е со богобојазливите!
- Сура Аl-Тawba 9:123

Борете се против нив, а Аллах ќе ги казни со рацете ваши, и ќе ги понизи, а вам ќе ви помогне против нив, и Он ќе ги излечи градите на народот вернички!
- Сура Аl-Тawba 9:14

И вие не ги убивавте, туку Аллах ги убиваше. И кога фрлаше ти не фрлаше, туку Аллах фрлаше за да ги испроба верниците со искушение убаво. Аллах, навистина, е Слушач и Зналец!
- Сура Аl-Аnfal 8:17

Борете се против оние кои не веруваат во Аллах и во Денот Ахиретски и кои не го забрануваат она што го забранија Аллах и пејгамберот Негов, и кои не ја застапуваат вистинската вера на оние на кои им е дадена Книгата се додека не дадат џизија со рацете, потчинето!
- Сура Аl-Тawba 9:29

Оние би сакале вие да бидете неверници како што оние се неверници: да бидете еднакви. Па, нив не земајте ги за заштитници се додека не се иселат на Аллаховиот пат. А ако ги свртат плеќите- тогаш, пофаќајте ги и убивајте ги каде било да ги најдете. Од нив не земајте ни заштитник ни поддржник!
- Сура Nissa 4:89

Аллах, навистина, ги љуби оние кои се борат на Неговиот пат во редови како да се, токму, бедеми зацврстени!
- Сура Es-Saff 61:4

О верници, не напуштајте ги претпазливостите ваши, тргнете во мали дружини или тргнете во големи дружини... Па, нека се борат на Аллаховиот пат оние кои го продаваат овој свет за Ахирет. А на оној кој се бори на Аллаховиот пат, било да загине било да победи, Ние ќе му дадеме награда голема!
- Сура En-Nissa 4:71,74

Во срцата на оние кои не веруваат ќе фрлам страв. Па, удрете ги по вратовите и по прстите!
Или друг превод:
Јас ќе внесам терор во срцата на неверниците, исечете им ги главите и сите прсти
- Сура 8:12

О верници, плашете се од Аллах и барајте начин на кој ќе Му пристапите, и борете се на Неговиот пат за да бидете спасени!
- Сура 5:35

О Пејгамберу (Мухамед), бори се против неверниците и дволичните, и биди строг кон нив! Џенемот е престојувалиште нивно.
- Сура 9:73

Сите верници не треба да одат во борба. Од секоја дружина меѓу нив, тогаш, нека се најдат неколкумина кои ќе го толкуваат законот на верата, и кои ќе го опоменуваат народот свој кога ќе им се вратат.
- Сура 9:122

bre bre posle ke vikaat deka islam znacelo mir, i deka dzhihadot bilo samoodbrambena vojna ili ko bajagi toa bilo vojna so svoite iskushenija, borma so siromashtijata, borba protiv kriminalot... mizi asan da ti baam hahaha
Кон врв
Aisha Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 03.Декември.2007
Локација: Palestine
Статус: Офлајн
Поени: 1119
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Aisha Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 04.Мај.2008 во 02:58
A ti slep da ne si....
Cekaj da razmislam koga PA SEGA KOPIRAS.
Za kopiranje imas ucenicka 5.
PROUD TO BE A MUSLIM!!!!
Кон врв
im happy Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 18.Април.2008
Статус: Офлајн
Поени: 136
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај im happy Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 04.Мај.2008 во 11:17
Абе вие христијаните ли најдовте да зборувате за убиства??? Па прочитај ја Библијата и види на колку места вашиот Господ вели дека треба да убиевате! На милион места во Библијата Господ одобрува убиство! И вие сега се најдовте засегнати од нешто што го пишува во к*ранот! Смешки!
middle is best... i believe in science
Кон врв
maria_magdalena Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
trouble seeker

Регистриран: 25.Октомври.2007
Статус: Офлајн
Поени: 8706
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај maria_magdalena Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 04.Мај.2008 во 13:18
Originally posted by im happy im happy напиша:

Абе вие христијаните ли најдовте да зборувате за убиства??? Па прочитај ја Библијата и види на колку места вашиот Господ вели дека треба да убиевате! На милион места во Библијата Господ одобрува убиство! И вие сега се најдовте засегнати од нешто што го пишува во к*ранот! Смешки!


Кој се нашол засегнат ма?
Па овде сме за дискусија,а не како тебе да се ругаме. Ем шуто ем боде ти се викало тоа.


МИСЛИТЕ СЕ ОСЛОБОДЕНИ ОД ДАНОК.
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  123 14>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,125 секунди.