IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Здравје > Медицина
  Активни теми Активни теми RSS - Transgender (трансродни личности)
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Transgender (трансродни личности)

 Внеси реплика Внеси реплика
Автор
Порака
RebeL Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 20.Април.2005
Статус: Офлајн
Поени: 656
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај RebeL Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Тема: Transgender (трансродни личности)
    Испратена: 24.Април.2008 во 15:06
Постов вреди за нова тема.

Originally posted by maria_magdalena maria_magdalena напиша:

Dogi, морам да ти потврдам дека се работи за дете кое е исклучително надарено за глума и пеење во вистинска смисла на зборот. Тоа е увидено од страна на блиските, па му го развиваат и тој талент.среќа

Но паралелно го носат и на лекари, и каде уште не подарди својата “феминизирана страна“.

Инаку не секој геј по дефолт страдал и од Џендер Идентити Дисордер, но семејната позадина на случајов само ме поттикна да дадам свое видување.

Е добро марија магдалена, со последниов пост малце од малце разграничи. Многу е битно да се кажи дека има голема разлика меѓу бидувањето геј, и трансродноста. Првото е сексуална ОРИЕНТАЦИЈА, а второто е сексуална ИДЕНТИФИКАЦИЈА. Првото е насочено кон другите, а второто е свесноста за себеси. Значи, детето не е геј туку е трансродно (transgender).

Имаше еден документарец за трансродни деца, заборајв како се викаше, ќе прашам па ќе пишам пак. Во него се велеше дека многу е лошо да се врши притисок на детето за тоа да се вклопи во оној род наметнат од општеството кој се базира само на неговите гениталии. За детето да биде среќно, мора да се остави да живее како оној пол со кој се идентификува, инаку се создаваат трауми, срам, неприфатеност, отфрленост од другите, депресии.......... дали навистина твојата пријателка сака таков живот да живее нејзиното дете?? Зошто родителот да го тера детето да живее онаков живот каков што РОДИТЕЛОТ сака?!??

Можеби е тешко едно такво дете да се прилагоди на една ваква средина со заостанат менталитет... но јас би одбрал да живеам за себе, а не за другите...

(да појаснам, оти знам дека ќе има коментари на последната реченица: јас не сум трансроден, јас сум машко, и сум задоволен со својот пол, не се чувствувам како жена и не сакам да си го сменам полот)


Изменето од RebeL - 27.Април.2008 во 05:22
-=Rules Are Made To Be Broken=-
ЗАЧУВАЈТЕ ЈА КИРИЛИЦАТА! ПИШУВАЈТЕ МАКЕДОНСКИ НА КИРИЛИЦА!
Кон врв
RebeL Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 20.Април.2005
Статус: Офлајн
Поени: 656
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај RebeL Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Април.2008 во 15:11
Да додадам, лек за Gender Identity Disorder, колку шо знам јас не постои! (ако грешам нека ме поправи некој) Сега баш читнав малце на википедија, и не најдов ништо за лечење... значи кога нема лек, не треба да се стигматизира таквата личност туку, како и сите живи битија на планетата земја, таквата личност има право да живее и да води живот каков што сака.
-=Rules Are Made To Be Broken=-
ЗАЧУВАЈТЕ ЈА КИРИЛИЦАТА! ПИШУВАЈТЕ МАКЕДОНСКИ НА КИРИЛИЦА!
Кон врв
RebeL Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 20.Април.2005
Статус: Офлајн
Поени: 656
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај RebeL Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Април.2008 во 15:26
Нема „одлика на жените“ и „одлика на мажите“. Тоа се стереотипи. Постојат и мажи кои готват и перат, постојат и жени кои одат во теретана, кои читаат весник пред телевизор.


Ова е моја лична одлика на карактерот, знам, можеби ми е мана... ситничар сум и секогаш ги поправам луѓето ако сметам дека грешат, било да е тоа синтаксички или аргументативно намигнување Ама не се лутам ако и мене ме поправаат кога грешам. среќа

Извини ако ти пречи...
-=Rules Are Made To Be Broken=-
ЗАЧУВАЈТЕ ЈА КИРИЛИЦАТА! ПИШУВАЈТЕ МАКЕДОНСКИ НА КИРИЛИЦА!
Кон врв
anakin Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Unidentified Flying Object

Регистриран: 08.Август.2005
Локација: Machku Pichku
Статус: Офлајн
Поени: 18535
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај anakin Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Април.2008 во 15:47
ima razlika
zenite rezonirat drugacije
rebel

SILATA NEKA E SO VAS a ako ne vi treba, neka, i taka ne e nekoj trosok, ja ima nasekade okolu nas.

Кон врв
RebeL Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 20.Април.2005
Статус: Офлајн
Поени: 656
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај RebeL Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Април.2008 во 16:02
Originally posted by anakin anakin напиша:

ima razlika
zenite rezonirat drugacije
rebel


То е друго, јас зборував за Gender Roles (Родни Улоги)
-=Rules Are Made To Be Broken=-
ЗАЧУВАЈТЕ ЈА КИРИЛИЦАТА! ПИШУВАЈТЕ МАКЕДОНСКИ НА КИРИЛИЦА!
Кон врв
RebeL Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 20.Април.2005
Статус: Офлајн
Поени: 656
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај RebeL Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Април.2008 во 16:03
Филмот горе шо го спомнав се вика   My Secret Self: A Story of Transgendered Children
-=Rules Are Made To Be Broken=-
ЗАЧУВАЈТЕ ЈА КИРИЛИЦАТА! ПИШУВАЈТЕ МАКЕДОНСКИ НА КИРИЛИЦА!
Кон врв
maria_magdalena Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
trouble seeker

Регистриран: 25.Октомври.2007
Статус: Офлајн
Поени: 8706
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај maria_magdalena Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Април.2008 во 18:48
Originally posted by RebeL RebeL напиша:

Нема „одлика на жените“ и „одлика на мажите“. Тоа се стереотипи. Постојат и мажи кои готват и перат, постојат и жени кои одат во теретана, кои читаат весник пред телевизор.


Ова е моја лична одлика на карактерот, знам, можеби ми е мана... ситничар сум и секогаш ги поправам луѓето ако сметам дека грешат, било да е тоа синтаксички или аргументативно намигнување Ама не се лутам ако и мене ме поправаат кога грешам. среќа

Извини ако ти пречи...


Улогите може и да се променат зависно од општеството, времето во кое живееме, темпото и слично, иако сепак некои работи се “машки“ а некои “женски“.

Но она во што се разликуваме посебно (нели, ако ги исклучиме половите улоги) е и начинот на размислување, навистина жените и мажите не мислат на ист начин. Нивните фокуси на размислување се поинакви, начинот на резонирање, едноставно не мислиме на ист начин.


Ете, и неандреталец како менеголема%20насмевка може да се сложи со различните, ако убаво и културно се дискутира.
МИСЛИТЕ СЕ ОСЛОБОДЕНИ ОД ДАНОК.
Кон врв
RebeL Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 20.Април.2005
Статус: Офлајн
Поени: 656
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај RebeL Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 08.Мај.2008 во 20:19
Originally posted by maria_magdalena maria_magdalena напиша:

Улогите може и да се променат зависно од општеството, времето во кое живееме, темпото и слично, иако сепак некои работи се “машки“ а некои “женски“.

Но она во што се разликуваме посебно (нели, ако ги исклучиме половите улоги) е и начинот на размислување, навистина жените и мажите не мислат на ист начин. Нивните фокуси на размислување се поинакви, начинот на резонирање, едноставно не мислиме на ист начин.


Ете, и неандреталец како менеголема%20насмевка може да се сложи со различните, ако убаво и културно се дискутира.

Ок јас зборувам за машки и женски „улоги“, а не за размислување..

Се сложуваме сепак намигнување

-=Rules Are Made To Be Broken=-
ЗАЧУВАЈТЕ ЈА КИРИЛИЦАТА! ПИШУВАЈТЕ МАКЕДОНСКИ НА КИРИЛИЦА!
Кон врв
ekszi88 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
In Love

Регистриран: 10.Јануари.2008
Статус: Офлајн
Поени: 7007
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај ekszi88 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Октомври.2012 во 08:44
Never apologize for being sensitive or emotional. Let this be a sign that you've got a big heart aren't afraid to let others see it. Showing your emotions is a sign of strength!!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Јануари.2020 во 09:58

Човечката Кен кукла стана Барби

„Човечката Кен Кукла“ Роди Алвеш се изјасни како трансродово лице изјавувајќи дека отсекогаш знаел дека е Барби. Претходно позната како Родриго, ѕвездата на шоуто Големиот брат сега се претставува под името Роди и вели дека се чувствува „неверојатно“ што конечно може да му каже на светот дека е „девојка“.

Роди (36) ќе ја заврши својата транзиција следната година со хирургија за промена на полот; таа во моментот користи хормонски инјекции за да добие женски колкови и гради.

36-годишната, која е од Бразил, а живее во Лондон, рече дека нејзината потрага по прифаќање како жена започнала уште кога била мало момче, додека се облекувала во облеката на мајка си. Таа била малтретирана на училиште затоа што била женствена бидејќи нејзиното тело произведувало повеќе естроген од просечниот маж, што довело до тоа да добие гради како дете.

Роди верува дека малтретирањето ја поттикнало да стреми кон успех во животот, што ја натерало да се пресели во Велика Британија на 20-годишна возраст и да добие универзитетска диплома.

Таа, исто така, ќе го отстрани Адамовото јаболко, ќе го смени обликот на вилицата. Потоа, таа ќе претрпи инверзија на пенисот и ќе ги отстрани тестисите.

< ="https://motika.mk/reklami/inarticle." border="0" scrolling="no" width="300" height="250" style="-sizing: border-; width: 300px !imant; margin: 10px auto 20px; height: 250px !imant;">



Изменето од Valerija - 24.Јануари.2020 во 09:59
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
ekszi88 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
In Love

Регистриран: 10.Јануари.2008
Статус: Офлајн
Поени: 7007
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај ekszi88 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Јануари.2020 во 16:03
големо гушкање

Never apologize for being sensitive or emotional. Let this be a sign that you've got a big heart aren't afraid to let others see it. Showing your emotions is a sign of strength!!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Јануари.2020 во 17:25

Првата фотографија како жена: Брус Џенер стана Кејтлин Џенер


Брус Џенер за првпат се претстави пред светот како жена. Очувот на сестрите Кардашијан и таткото на Кендал и Кајли Џенер го објави својот нов идентитет – Кејтлин Џенер.

Популарниот олимпиец позираше како жена за угледното списание „Vanity Fair“. Фотосесијата ја потпишува легендарната фотографка Ени Либовиц.

Кејтлин Џенер

Џенер беше во брак со Крис Џенер речиси 24 години. По разделбата, 65-годишиот поранешен спортист реши да ја открие својата голема тајна, а сега веќе официјално се збогува со својот машки идентитет.

Кејтлин ЏенерКејтлин Џенер

Во интервју за списанието, Џенер објасни зошто ја споделува својата приказна: „Брус секогаш мораше да кажува лага. Секогаш ја живееше таа лага. Секој ден имаше тајна, од утро до вечер. Кејтлин нема тајни. Штом ќе излезе корицата на Vanity Fair, ќе бидам слободна.“



Изменето од Valerija - 25.Јануари.2020 во 17:25
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Јануари.2020 во 17:27

Фифи Јаневска: Знаев дека сум женско уште на 5 години

Татко ми ми кажа дека за него и за мојата мајка ништо на светот не е поважно од мојата среќа и мојот душевен мир, вели Фифи која за првпат се појави во јавноста настапувајќи на музичкото шоу „Икс фактор“, а денес живее во Стокхолм и е на пат конечно да го оствари сонот - да стане жена.


Фифи Јаневска за првпат се појави во јавноста како дел од музичкото шоу „Икс фактор“ и се претставуваше како трансродова личност, а подоцна за неа беше снимен и документарен филм на Факултетот за драмски уметности. Денес Фифи живее во Стокхолм, Шведска, работи во главниот бутик на „Пул енд Беар“, повремено има настапи како пејачка, и сѐ уште го чека својот социјален личен број кој ќе ѝ обезбеди бесплатна трансформација во жена и остварување на долгогодишниот сон.

Во интервјуто за „Мајка и дете“, навраќајќи се во минатото, Фифи раскажува дека знаела дека е женско уште на петгодишна возраст и дека после сите непријатности и проблеми во семејството и со средината, денес е конечно среќна и ја има сета поддршка од родителите, роднините и пријателите на кои, како што вели, најважна им е нејзината среќа и душевниот мир.

Фифи, дали може да се вратиш малку наназад и да ни кажеш кога првпат сфати дека си жена?

– Јас спознав дека сум женско кога имав 5 години. Транс лицата се свесни кои се и што се од многу мала возраст, за жал, некои од нас поради општеството и стравот, тоа го кријат долго време или цел живот, а поголем дел се самоубиваат.

Медицината и биологијата велат дека додека се формира фетусот во почетокот на бременоста сите почнуваат како женски, подоцна, доколку фетусот добие доволна количина на тестостерон, клиторисот се издолжува и преминува во машка гениталија. Понекогаш се случува во првите два до три месеци на бременоста, додека мозокот се формира брзо, женски ембрион да е изложен на повеќе тестостерон од нормалната количина која е потребна и тогаш нејзиниот мозок се прилагодува такашто таа подоцна се чувствува како да е од машки род, доколку пак се намали нормалната доза на тестостерон кај машкиот ембрион, тогаш се случува неговиот мозок да се прилагодува и е програмиран да се чувствува како да е од женски род.

На овој начин се раѓа транссексуална личност како што сум јас.

Неодамна беше објавено дека во Австралија е воведен програм уште во градинките кадешто им се дава поддршка на 4-годишни трансродови деца. Наспроти ова, во Србија на пример, се прават многу операции, но само на полнолетни личности. Што мислиш ти за ова врз основа на својот пример, дали сметаш дека децата можат толку рано да бидат сигурни во врска со тоа како се чувствуваат или е попаметно сепак да се чека до полнолетство?

– Лично сметам дека децата треба да ја поминуваат транзицијата од мала возраст. Во Америка е тоа дозволено и процесот секогаш може да се прекине доколку детето се предомисли, што речиси никогаш и не се случува, бидејќи колку порано се почне процесот, толку полесно се поминува транзицијата.

До каде си со својата трансформација во жена, како тече процесот и како се чувствуваш?

– Сѐ уште ја немам направено операцијата за прилагодување кон родовиот идентитет, и сум на самиот почеток на транзицијата. Главната причина за ова е тоа што го чекам шведскиот персонален број за целиот процес да го поминам бесплатно. Тука во Шведска транзицијата е основно човеково право за кое трошоците ги покрива државата, бидејќи ова е лекување на една личност која е родена со еден родов идентитет, но со полов орган кој е спротивен на тој родов идентитет. За да се помине целиот процес потребни се максимум 2 години. Прво се посетува психијатар кој потврдува дали си транссексуална личност, потоа следуваат уште неколку посети кај психолог и социјален работник, има цел тим кој помага низ овој процес, за на крајот, кога ќе биде завршена операцијата да бидат сменети документите и полот кој бил зададен при раѓањето. Откако ќе се потврди дека си транссексуална личност, се започнува со процесот на заменување на хормоните, кај машките транслица кои преминуваат во женски, како во мојот случај, се прима блокатор за тестостерон и естроген, кои помагаат телото да стане пофеминизирано. Се менува цела структура на телото и транс лицата кажуваат дека по првото примање на естроген конечно се чувствуваат посреќни и ја снемува депресијата. Во меѓувреме, државата го плаќа и ласерското отстранување на влакната од телото и брадата, потоа следи (доколку се сака) силикон во градите, отстранување на адамовото јаболко и на крај, после година ипол, кога личноста е подготвена, се прави главната операција за прилагодување кон родовиот идентитет. Јас овој процес ќе го завршам, се надевам, за година ипол од сега.

Резултат со слика за fifi janevska

Дали во новата средина се чувствуваш подобро отколку што беше случај во Македонија, со оглед на тоа што во нашата средина имаше често и непријатности поради својот изглед и тоа како се чувствуваш?

– Споредба за моето лично искуство во Македонија со ова во Шведска воопшто не можам да направам бидејќи, за жал, Македонија, во менталитетот, науката, најновите медицински истражувања, е добри 70 години поназад од Европа. Тоа е многу тажно, но во исто време сум среќна што има мал напредок во тоа општество. Шведска е земја која треба да е пример за неразвиените општества и тоа во кој правец треба да се движат за сите граѓани да се еднакви, среќни и слободни. Овде нема предрасуди и човековите права се ставени на прво место, затоа и нема ниту насилство, ниту дискриминација. Овде на луѓето им е срам да дискриминираат, и не можат да сфатат како некои општества можат тоа да го прават.

Остана ли во контакт со некои од твоите стари пријатели, со родителите?

– Јас сум во добар контакт со сите мои стари пријатели, и во подобар однос од кога и да е со мојата фамилија и со моите родители. Сите тие ми се неизмерна поддршка и се среќни кога и јас сум среќна.

Татко ми ми кажа дека за него и за мојата мајка ништо на светот не е поважно од мојата среќа и мојот душевен мир. Јас сум благословена што покрај себе имам такви луѓе кои неизмерно ги сакам.

Познаваш ли и други трансродни личности, дали нивните искуства ти беа драгоцени?

– Јас се познавам со многу транс личности, имам пријатели кои моментално го поминуваат процесот, пријатели кои го завршиле и пријатели кои се пред самата транзиција. Сите ние делиме слична судбина и се поддржуваме меѓусебе, бидејќи никој не може да сфати како ни е, освен ние самите. Тоа што го велат сите кои завршиле со процесот комплетно е дека се неизмерно среќни, комплетни, слободни и свои.

Зошто се одлучи за Шведска, а не отиде на пример во Србија, барем кога станува збор за операција за менување на пол, со оглед на тоа што таму доаѓаат луѓе од целиот свет и докторот кој пред два дена за првпат изврши ваква операција и во Скопје е еден од најголеми стручњаци во оваа област?

– Се одлучив да живеам во Шведска, бидејќи демократијата тука е на многу високо ниво, и е една од најнапредните држави во светот. Ја сакам Шведска и никогаш нема да ја напуштам, овде се пронајдов себеси целосно, слободна сум, своја, имам пријатели и сѐ што ми е потребно за да живеам убав и среќен живот. Во Србија никогаш не би можека да живеам бидејќи иако имаат парада и се прават операции, таа држава е 10 пати поопасна од Македонија кога станува збор за ЛГБТ заедницата. Таму на улица може да те претепаат или да те убијат само затоа што си трансородова личност и да не одговараат за тоа. За мене Србија е малограѓанска земја.



Изменето од Valerija - 25.Јануари.2020 во 17:28
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 28.Јули.2020 во 18:31

Валентина Сампајо – првата трансродова личност која позираше за Sports Illustrated Swimsuit


Валентина Сампајо продолжува да руши бариери. 23-годишниот модел стана првата трансродова личност која има добиено страници во изданието на Sports Illustrated посветено на костимите за капење.

Бразилскиот модел сними фотосесија на плажа.

Валентина СампајоВалентина СампајоВалентина СампајоВалентина Сампајо

„Возбудена сум и чест ми е што сум дел од иконското издание на Sports Illustrated Swimsuit. Тимот на SI создаде издание кое обединува мултиталентирани и убави жени на креативен и достоинствен начин.“

„Родена сум во едно далечно, мирно рибарско село во Бразил. Бразил е прекрасна земја, но исто така е домаќин на најголем број насилни злосторства и убиства врз трансродовата заедница во светот.“

„Да се биде трансродова личност значи да наидуваш на затворени врати до срцата и умовите на луѓето. Се соочуваме со навреди, страшни реакции и физички насилства само поради тоа што постоиме. Нашите опциите да растеме во грижливи семејства, да имаме плодно искуство во школо и да најдеме достоинствена работа се незамисливо ограничени и предизвикувачки“ – пишува Сампајо.

Валентина СампајоВалентина СампајоВалентина СампајоВалентина СампајоВалентина СампајоВалентина СампајоВалентина СампајоВалентина СампајоВалентина СампајоВалентина СампајоВалентина СампајоВалентина СампајоВалентина СампајоВалентина СампајоВалентина СампајоВалентина СампајоВалентина СампајоВалентина СампајоВалентина СампајоВалентина Сампајо

Sports Illustrated Swimsuit редовно ги претставува стандардите за убавина кои постојано еволуираат.

Во 1997 година, Тајра Бенкс беше првиот модел со темна боја на кожата кој доби насловна страница во SI, Ешли Грем во 2016 година стана првиот модел со облини, а Халима Аден првиот модел со хиџаб кој сними фотосесија за списанието.


Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,184 секунди.