|
Напишете омилена песна што сте ја учеле на школо.. |
Внеси реплика | страница 12> |
Автор | |
Zaspana
Сениор Регистриран: 07.Март.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 429 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Испратена: 24.Април.2008 во 15:02 |
Т'га за југ - Константин Миладинов
Орелски крилја как да си метнех и в наши ст'рни да си прелетнех! На наши места ја да си идам, да видам Стамбол, Кукуш да видам, Да видам дали с'нце и тамо матно угревјат, како и вамо. Ако как овде с'нцето ме стретит, ако пак мрачно с'нцето светит: На п'т далечни ја ке се стегнам, и в други ст'рни ке си побегнам, каде с'нцето светло угревјат, каде небото ѕвезди посевјат. Овде је мрачно и мрак м' обвива и темна м'гла земја покрива: мразој и снегој, и пепелници, силни ветришта и вијулици, Околу м'гли и мразој земни, а в’гради студој, и мисли темни. Не, ја не можам овде да седам! Не, ја не можам мразој да гледам! Дајте ми крилја ја да си метнам и в наши ст'рни да си прелетнам: на наши места ја да си идам, да видам Охрид, Струга да видам. Тамо зората греит душата и с'нце светло зајдвит в гората. Тамо дарбите природна сила со с'та раскош ги растурила: Бистро езеро, гледаш, белеит или од ветар синотемнеит: поле погледниш, или планина -сегде Божева је хубавина. Тамо по с'рце в кавал да свирам, с'нце да зајдвит, ја да умирам! Изменето од Zaspana - 24.Април.2008 во 15:03 |
|
La Ninja
Сениор She Hulk Регистриран: 13.Јуни.2006 Статус: Офлајн Поени: 1605 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
ова го памтам од 2 или 3 одд. Гавранот Гавре раце си изми нов капут навре и нови чизми
В џебче си стави марама тенка а на вратот зави ниска од пченка
И стој така ко да се слика
Всушност на свадба Гавре е викан
Што стоиш така жена му Ганка
почна да грака од друга гранка
стојам се вдаде Гавре ко ранет
изумив каде за сват бев канет..
мислам имаше уште еден стих ама не ми текнува правилно како одеше..
|
|
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....
|
|
girl93
Сениор Регистриран: 14.Април.2008 Статус: Офлајн Поени: 514 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
...О тешкото!Зурли штом диво ќе писнат,
штом тапан ќе грмне со подземен екот- во градиве зошто жал лута ме стиска, во очиве зошто ми навира река и зошто ми иде да плачам ко дете, да превијам раце,да прикријам лик- та гризам усни,стегам срце клето, да не пушти вик..... од 8 одд Изменето од girl93 - 24.Април.2008 во 15:14 |
|
Zaspana
Сениор Регистриран: 07.Март.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 429 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
hehe zakon e pesnava.... |
|
girl93
Сениор Регистриран: 14.Април.2008 Статус: Офлајн Поени: 514 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
aj neka ti teknit kako bese drugiot stih |
|
Гостин
Гостин |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
знам во 4то имав една многу ми се допадна,..... онака певлива,..... мислам дека се викаше ,,Бреза,,...... нешто вака одеше,....
Во дворот помеѓу катниците, поставена уште од работниците,..... или така нешто,... |
|
La Ninja
Сениор She Hulk Регистриран: 13.Јуни.2006 Статус: Офлајн Поени: 1605 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Грл ми текна и ова..
...чукаше глава за да се сети дур не ја тресна од 2-3 летви. И толку. не ми текнува веке... |
|
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....
|
|
La Ninja
Сениор She Hulk Регистриран: 13.Јуни.2006 Статус: Офлајн Поени: 1605 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
а и ова
Есен Лисја златни ветрот рони дождот врне тивко ѕѕвони молчи птица крај два бора а по поле трактор ора Бразди бразди песна пее сејачката семе сее Лисја златни ветрот рони дождот врне тивко ѕвони |
|
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....
|
|
Monuska
Сениор Регистриран: 27.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 2128 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Умилкување (Дениција - Петре М. Андреевски)
Ќе ги отпретам сите горештини од мојата глава, ко суво дрво на сува рида реките ќе ги заковам, ќе те претплатам на вечна љубов и вечни времиња и ќе те љубам и губам и во пости и пред гости само да ме сакаш. Ќе ги поткупам сите човечки сетила и патила, сите светлосни преѓи песијазол ќе ги врзам, сите денови и ноќи на својот почеток ќе ги вратам, ќе ти дадам се што е солено и молено само да ме сакаш. Ќе спијам во движење, сенката своја ќе ја прескокам, ќе ги затнам сите извори,се што гори ќе отворам. Ќе направам да не се знае кај е лево и десно, ќе ти наберам ѕвезди, ќе ти влепам шлаканица само да ме сакаш. Ќе ги шпионирам сите крадци на твоите часови. Ќе ги исфрлам од употреба страните на светот и светот, по црна ноќ, одмижанка ќе го истрчам и ќе те фалам и кудам под сите небеса само да ме сакаш. Кај ќе стасам ќе разделам топло од студено, не шеќерот ќе му забранам да се споредува со тебе, не ќе оставам растојание што ќе биде меѓу нас, со ова што го велам и слепо и глуво ќе исцелам само да ме сакаш. Изменето од Monuska - 24.Април.2008 во 23:38 |
|
Сите го сакаме она што не можеме да го имаме. Вистинските луѓе знаат да се помират со тоа...
|
|
Zaspana
Сениор Регистриран: 07.Март.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 429 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Прваче
Прваче сум веќе тоа не е шега јас редовно одам во училиште сега. Сега рано ранам се миам се спремам за играчки плачки веќе време немам. Е прваче да си што радос ти било букварчето мое многу ми е мило. |
|
taor
Сениор Регистриран: 30.Април.2008 Локација: Germany Статус: Офлајн Поени: 115 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Татунчо,
|
|
eurydice
Сениор Регистриран: 18.Март.2008 Статус: Офлајн Поени: 429 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
i da vrne i da vee
i bura da kosi to za nego nisto ne e postar posta nosi |
|
Zaspana
Сениор Регистриран: 07.Март.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 429 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Везилка
Везике кажи како да се роди проста и строга македонска песна од ова срце што со себе води разговор ноќен во тревога бесна? Два конца парај од срцето,драги, едниот црвен,другиот црн е, едниот буди морничави таги едниот копнеж и светол и стрвен. -------Блаже Конески |
|
Zaspana
Сениор Регистриран: 07.Март.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 429 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
само толку има песнава ?! |
|
Внеси реплика | страница 12> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |