IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Стил на живот > Мистерии и астрологија
  Активни теми Активни теми RSS - Што сонувавте денес?
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Што сонувавте денес?

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 535455
Автор
Порака
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Октомври.2015 во 21:56
5 СОНИШТА КОИ ШТО СТЕ ГИ СОНУВАЛЕ БАРЕМ ЕДНАШ ВО ЖИВОТОТ. ДОЗНАЈТЕ ГО НИВНОТО ЗНАЧЕЊЕ

Некој ве брка, ви отпаѓаат забите... Со сигурност барем еднаш сте ги имале некои од овие кошмари. Дознајте што значат тие.

Различни луѓе имаат различни соништа, но сепак постојат и оние кои што за сите нас се заеднички, а овие пет соништа секој од нас барем еднаш во животот ги сонувал.


Паѓање – Најчестиот сон е токму паѓањето. Одеднаш во сонот го губите тлото под нозете и започнува слободен пад, како и чувството кое што го следи ваквиот пад. Тоа значи дека во животот имате недостаток од поддршка, како и тоа дека се чувствувате преоптеретено, па најмногу би сакале "да дигнете раце" од решавањето на проблемите.

Голи сте во јавност – Луѓето често сонуваат дека се голи во јавност, а тоа е проследено и со чувство на срам. Тоа значи дека во реалниот живот не сте подготвени да се откриете себе си пред луѓето од својата околина и токму поради тоа се чувствувате непријатно.


Отпаѓање на забите – Постојат бројни верзии поврзани со забите и соништата. Во некои забите се расипани, во други отпаѓаат, а во трети се веќе отпаднати. Тоа значи дека во реалниот живот имате страв од тоа да сте им непривлечни на другите, а на подлабоко ниво, тоа е страв од срам и губиток на моќта во животот.

Некој ве брка – Најчестиот кошмар за поголемиот дел од луѓето е тоа дека некој се обидува да ги фати, а тие бегаат. Тоа значи дека во реалниот живот се чувствувате загрозено и дека имате страв од некого, или пак од нешто.


Болест или смрт – Уште еден од најчестите кошмари е токму болеста или смртта, вашата или на некоја ваша блиска личност. Тоа значи дека во реалноста сте емотивно повредени или се плашите дека ќе бидете повредени. Кога се работи за смрт на блиска личност, тоа значи дека стравувате дека ќе останете без неа или дека сакате таа да си оди од вашиот живот, а може да го означува и едното и другото.



Изменето од Valerija - 29.Октомври.2015 во 21:57
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 535455
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,176 секунди.