IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > АРХИВА > Историја и политика
  Активни теми Активни теми RSS - Гафур Адили и АНА оперативци на ЦИА
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Гафур Адили и АНА оперативци на ЦИА

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <123
Автор
Порака Обратен редослед
Neonic Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 17.Октомври.2007
Статус: Офлајн
Поени: 899
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Neonic Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Март.2008 во 23:58

СКАНДАЛ: ЛИДЕРОТ НА АНА - АМЕРИКАНСКИ ШПИОН


Гафур Адили, оперативец на ЦИА


По спалувањето на американската амбасада во Белград, ВЕЧЕР, доби ексклузивен документ, чија автентичност се уште се утврдува, а кој најверојатно е украден од демонстраните, во кој се вели дека лидерот на терористичката АНА е оперативец на ЦИА


По спалувањето на американската амбасада во Белград, ВЕЧЕР, доби ексклузивен документ, чија автентичност се уште се утврдува, а кој најверојатно е украден од демонстраните, за време на демолирањето на конзуларното претставништво.

Имено по електронски пат од извесен (ivica_stankovic@hotmail.com) испратено до нашата редакција пристигна меил во кој стоеше документ издаден на 22 мај 2003 година од американската амбасада во Белград со ознаки на ЦИА. На документот има фотографија од средновечен човек, неколку реда на текст и генералии на лидерот на АНА во Македонија, Гафур Адили.

Според документот, чија што автентичност на содржината деновиве треба да ни ја потврди амбасадата на САД во Белград, озлогласениот кичевец кој е ставен на црната листа на Европската унија е оперативец на нивната тајна служба. Целта на Адили, според пронајдениот документ, е да формира парамилитарна албанска структура, да ја финансира и да рапортира за се кај извесниот Џон Л. Смит.

- Не можам да говорам околу автентичноста на документот доколку претходно не го разгледаат нашите служби", изјави за ВЕЧЕР, Бојан Тричковиќ, информативниот офицер на амбасадата на САД во Србија.
- Откако ќе биде разгледан документот ќе бидете информирани околу неговата вистинитост, додаде Тричковиќ.

Лицето кое е претставено како американски таен агент е политичкиот лидер на Албанската национална армија (АНА), која има за цел отцепување на западниот дел на Македонија, пишува во разузнавачки извештај подготвен од оперативци на македонските безбедносни структури.

Лицето Гафур Адили, по професија бил адвокат и екс лидер на националистичката Партија за национално единство. Тој е роден во селото Аранџел, општина Осломеј, Кичевско. Адили основно училиште завршил во селото Жубрино, а во раните осумдесетти години од минатиот век почнува да се школува во средното училиште Мирко Милевскии во Кичево, во паралелка заедно со Али Ахмети и со Муса Џафери, сега челници на ДУИ. Класен раководител им бил Фазли Велиу, вујкото на Ахмети, кој предавал албански јазик. Во 1983 година Гафур Адили се вработил како наставник во Гостивар, каде што работел само неколку месеци, по што заминал во Швајцарија. Тоа бил последниот легално регистриран престој на Адили во земјава. Неодамна, Адили беше упасен од албанската разузнавачка СИГУРИМИ, а по неколку часа пуштен на слобода. Адили е познат под прекарот командант Ваљдет Вардари (Бранот од Вардар).

Според извештајот на безбедносните служби, главни цели на АНА до остварување на крајната цел биле одржување политичка, безбедносна и економска нестабилност на регионот преку предизвикување контролирани кризи. Разузнавачите предупредуваат дека АНА нема да се откаже од идејата за обединување на сите територии каде што живеат Албанци и од тенденцијата за голема Албанија. Тие во извештајот посебно нагласуваат дека АНА има ресурси и капацитети за остварување на своите цели, а како посебно опасна ја потцртуваат поврзаноста на АНА со исламскиот милитантен екстремизам во регионот и со организираниот транснационален и прекуграничен криминал.

АНА е терористичка организација, која поседува современо оружје од странско потекло. Цели на нејзините напади ќе бидат полициските и армиските припадници, објекти и локации на Владата и државни и политички лидери, наведуваат разузнавачите.

Алексаднар СРБИНОВСКИ
Фото: Архива на ВЕЧЕР


 Nasite USA prijateli....големо%20гушкање
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <123
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,156 секунди.