IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Интима > Семејство
  Активни теми Активни теми RSS - Педофилија и инцест во семејството
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Педофилија и инцест во семејството

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 2324252627>
Автор
Порака
ekszi88 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
In Love

Регистриран: 10.Јануари.2008
Статус: Офлајн
Поени: 7007
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај ekszi88 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Мај.2012 во 13:44
Колку и да ги убедуваме дека тоа е болно, дека е нездраво, дека не смеат така, тоа нема да продре во нивниот мрачен свет. Нема од каде да влезе тој зрак светлина во нивниот тотален мрак без никаков потенцијал да огрее било што. Тие го убиле сонцето во себе, го убиле бог во себе. 
Never apologize for being sensitive or emotional. Let this be a sign that you've got a big heart aren't afraid to let others see it. Showing your emotions is a sign of strength!!
Кон врв
mkd76 Кликни и види ги опциите
Група
Група


Регистриран: 02.Февруари.2012
Статус: Офлајн
Поени: 45
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mkd76 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Мај.2012 во 15:49
Нема потреба да се убедуваат таквите луѓе ниту повеке да се разговара на оваа тема.
Денес Божјата казна доваѓа многу побрзо во овој живот, и удира директно во човечкиот страв (од тоа најмногу што се плашат тоа и ги снаога).


Изменето од mkd76 - 19.Мај.2012 во 15:50
Кон врв
ekszi88 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
In Love

Регистриран: 10.Јануари.2008
Статус: Офлајн
Поени: 7007
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај ekszi88 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Мај.2012 во 16:08
Па не се согласувам со тебе. Треба многу да се разговара на темава како и на многу други за кои сите потќутнуваме. Доста е веќе спиење. Мене Господ искрено не ми помогна во целава ситуација ниту пак го видов дедо ми казнет а и не ми значи ништо ако некој ми каже сега дека он гори во пеколот (веќе е мртов, му дошло времето). Не сакам да зборувам против верниците, секој има право да верува во што тој мисли дека е правилно за него, ете и ја верувам во нешто - но тоа не значи дека треба да се наслонуваме на божјата казна и пак да замижиме пред нештата. Потребна е акција, зборење. Молкот е само една од причините за растеж на нечија болка. Доста ја полеваме со вртење на погледот на страна. Ако го завртам погледот дали нештата ќе престанат да се случуваат? Јасно е дека нема да ги спречам ако ја гледам и оваа страна на животот, светот (што и да е) но ќе се информирам и ќе знам подобро да проценам некоја несоодветна ситуација и ќе знам да реагирам превентивно доколку не успеам да спречам нешто. Ете, на пример мене ми е позната темава, информирана сум добро и одма успеав да проценам дека на братучетка ми и се случуваше истото. Ако чекав на божјата казна и не превземев нешто со свои раце отидоа јабана работите. загриженост

 Темава е крајно непријатна, јас сум свесна за тоа, но јас нема да останам само на ова, чкрабање по форум. Доста е молчење за се. 
Never apologize for being sensitive or emotional. Let this be a sign that you've got a big heart aren't afraid to let others see it. Showing your emotions is a sign of strength!!
Кон врв
Messenger Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор

Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet

Регистриран: 21.Април.2006
Статус: Офлајн
Поени: 18208
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Messenger Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Мај.2012 во 17:44
Амин мило, амин !!!  аплауз 
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
Кон врв
ekszi88 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
In Love

Регистриран: 10.Јануари.2008
Статус: Офлајн
Поени: 7007
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај ekszi88 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Мај.2012 во 20:17
Јас сум искрена пред себе за мојата психичка состојба и според мене тоа е единствениот начин за надминување на она што ми нанело огромна штета.. односно не надминување туку научување да живеам со тоа. Секој има право како сака да гледа на сопствените маки и да се справува со нив Ова е мојот - јас не потиснувам како се чувствувам во однос на некои извртоперени умови, не ја негирам штетата која е нанесена во мојот живот и таа штета во мене нема што да прави си ничија друга штета... не затоа што на мене ми е потешко или најтешко туку правиме муабет за лични искуства на сопствена кожа. Јас никаде во ниедна тема не се споредив со некого но сите некако се обидувате да ми го наметнете тоа. Ова е мое искуство и како такво јас тешко се носам со него. Јас не ставам маски затоа што тоа ќе биде првата најглупа грешка што би можела да ја направам.. со маски пред себеси само ќе си поставам препрека на мојот пат за личен раст и развој.

Секако дека за моето однесување и функционирање во секојдневниот живот играат улога и други фактори, но ова ми е топик нумеро уно периодов и ова се денови кога станувам свесна како јас се држам себеси во една кутија и не мрдам од нејзе на ниедно поле од мојот живот. Прогледувањето и споделувањето со други членови во опкружувањето не значи секогаш тонење во тоа. Прво се испразнив емоционално, ги истурив сиот бес и тага што се насобирале со години зашто тоа за што станав лично јас свесна многу ме погоди и ме растресе па таа цитирана одломка погоре беше само вентилирање. Денес се собрав, го вклучувам и разумот во игра и гледам да направам нешто добро за себе. Согледувајќи ја штетата, гледајќи каде е направено ршум е еден голем чекор напред затоа што тогаш почнува вистински и темелито да се гради нешто. Сега е време за чистење и ќе се вентилирам секогаш онолку колку што ќе ми треба не споредувајќи се со болката на некој друг. Ако сакаш да споделиш нешто твое лично слободно... искажувањето на сопствената болка и на своите киксови не е секогаш мерење со киксовите на другите туку еднсотавно е себе - искажување, себе - изразување.

Инаку да можам да им се истурам на сите педофили и потенцијални педоси моментално ќе го направам тоа и никој нема да ме спречи во тоа. 
Never apologize for being sensitive or emotional. Let this be a sign that you've got a big heart aren't afraid to let others see it. Showing your emotions is a sign of strength!!
Кон врв
mkd76 Кликни и види ги опциите
Група
Група


Регистриран: 02.Февруари.2012
Статус: Офлајн
Поени: 45
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mkd76 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Мај.2012 во 15:18
Originally posted by ekszi88 ekszi88 напиша:

Па не се согласувам со тебе. Треба многу да се разговара на темава како и на многу други за кои сите потќутнуваме. Доста е веќе спиење. Мене Господ искрено не ми помогна во целава ситуација ниту пак го видов дедо ми казнет а и не ми значи ништо ако некој ми каже сега дека он гори во пеколот (веќе е мртов, му дошло времето). Не сакам да зборувам против верниците, секој има право да верува во што тој мисли дека е правилно за него, ете и ја верувам во нешто - но тоа не значи дека треба да се наслонуваме на божјата казна и пак да замижиме пред нештата. Потребна е акција, зборење. Молкот е само една од причините за растеж на нечија болка. Доста ја полеваме со вртење на погледот на страна. Ако го завртам погледот дали нештата ќе престанат да се случуваат? Јасно е дека нема да ги спречам ако ја гледам и оваа страна на животот, светот (што и да е) но ќе се информирам и ќе знам подобро да проценам некоја несоодветна ситуација и ќе знам да реагирам превентивно доколку не успеам да спречам нешто. Ете, на пример мене ми е позната темава, информирана сум добро и одма успеав да проценам дека на братучетка ми и се случуваше истото. Ако чекав на божјата казна и не превземев нешто со свои раце отидоа јабана работите. загриженост

 Темава е крајно непријатна, јас сум свесна за тоа, но јас нема да останам само на ова, чкрабање по форум. Доста е молчење за се. 


Во право си ДОСТА е Молчење, доста замижување,Доста Страв.
Без страв треба да се разрешуваат Вакви и слични работи.
НЕМА ОБОСТРАНА СОГЛАСНОСТ ТОА Е ЗЛОУПОТРЕБА НАЈТЕЖОК ВИД НА МАНИПУЛАЦИЈА према децатата, ПЕДОФИЛИЧАРИТЕ спрема мене треба да се сместат не во затвор него во специјална установа во темни келии без храна, вода , светлина и да цркнат во своите гомна.

Ова ДОСТА се однесува доста за се доста за корупција, доста за секој вид на малтретирање надвор , дома на работно место ДОСТА за Човечкото модерно ропство стварно е доста веке

Изменето од mkd76 - 20.Мај.2012 во 15:29
Кон врв
ekszi88 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
In Love

Регистриран: 10.Јануари.2008
Статус: Офлајн
Поени: 7007
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај ekszi88 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Мај.2012 во 22:47
Облици на сексуална злоупотреба на дете:

- Допирање по гениталиите.

- Покажување на еротски филмови.

- Присилување на детето да слуша разговори за секс.

- Дете кое е присилено да позира за заводнички и еротски фотографии.

- Дете кое е присилено на орален секс со возрасна личност, брат, сестра итн.

- Дете кое е силувано.

- Пенетрација и несоодветно галење, љубење и држење на детето.

- Дете кое е присилено да гледа сексуален чин или нечии гениталии.

- На дете кое што му е зборувано дека е добро само за секс.

- Детска порнографија и проституција.



Сите овие облици на сексуално злоупотребување нанесуваат огромна штета во животот на една личност. Колку што самиот чин игра улога во обликување на карактерот и однесувањето на личноста толку игра важна улога и примената на соодветни методи за да се надмине пеколот. Многу луѓе се неинформирани и јас сум многу свесна за тоа колку е непријатна темава но не смееме да заборавиме дека светов не е само розов, како што не е ни само црно - бел нормално. Не смее шаренилото на овој свет да биде причина да заборавиме на злото кое што постои и кое што може да им наштети и на овие малечки ангелчиња.


Јас разбирам дека оваа тема подеднакво е болна и за родителот, никогаш нема да го негирам тој факт, но не откажувајте се од барање на начините да си помогнете и на себеси и на своето дете. Знам дека има и родители кои што вината си ја префрлаат и на себеси заради невнимателност но не сте вие виновни за ништо. Ние не можеме да спречиме да им се случуваат немили настани на нашите најмили, но можеме да бидеме дел од процесот на надминување на болката.


Ќе пишувам малку за последиците и важноста на превентивните мерки.

Од моето лично искуство: Имав неполни осум кога бев во една просторија со еден млад студент. После неколку дена или утредента (не се сеќавам точно) јас му кажав на брат ми. Толку бев безгрижна и среќна, па јас имав 8 години и верував дека имам дечко и дека тој мене ме сака. Бев важна, прчла. Брат ми изреагира смирено пред мене кога му кажав и веста подоцна ја соопшти на моите родители. Студентот беше пријавен во полиција, тука се се заврши во најдобар ред, но што потоа? Ништо, сите врати се затворија. Никој не ми објасни што се случи, никој не ми објасни дека не е до мене само ми беше дадено до знаење дека не треба да зборам за тоа затоа што е срамота. Горе доле знаеме дека детето буквално ги разбира работите па така јас научив дека тоа е моја срамота, дека јас сум причина за болката на моите родители како и за нивната безбедност. Почнав да растам, да созревам, ми се случија уште неколку слични непријатни случки - но кому да кажам кога тоа е срамота? Јас верувам дека тоа било најдоброто што знаеле да го направат моите родители за мене, но тоа е погрешна превенција. Јас сум им многу благодарна што они сепак се потрудиле да сторат нешто.

Резултати од самиот настан и некоректната превенција: Јас бев преповлечено девојче, бев онеспособена да градам интимни врски со луѓето, дома бев агресивна затоа што бев толку беспомошна и не знаев како на таа возраст да се справам со тоа што го носев внатре. За таа лутина бев критикувана и тепана, често пати отфрлена и сама. Сакав да умрам, се повредував, не излегував од дома. Додека бев дете пак ги мерев улиците во маало, но како тинејџерка симптомите почнаа да се влошуваат. Не можев да изградам врска, не можев да имам блиски другарки, не излегував од дома - поготово кога стануваше збор за во град. Но тогаш пак ќе речам, живеев во една каква - таква заштитена средина, но што се случува кога животот ми нуди предизвици? Кога треба да најдам работа? Кога треба да се осамостојам? Колку што ми е разнишана самодовербата толку ми и довербата во светот, а колку што е поразнишана довербата во светот толку и оние суицидни реплики се почести во главата. Не зборувам дека треба да се има безусловна доверба во светот, но зборам за она количество кое што е потребно за човек да преживее.

Колку што и самиот настан игра улога во каква личност ќе се развие детето толку важна улога игра и превенцијата. Наоѓање хоби, заборави, тоа е само минато не е никогаш добар совет. На овие личности кои поминале низ вакво трауматско поглавје во животот се што им е потребно е добар и искрен слушател, емпатија. Доколку некој сака да помогне некому (сосема е во ред и да не се сака, нели? среќа ) доволно е само да ги начули ушите. Тешко е оздравувањето (барем мене ми е) но не е невозможно.


Напомена: Вниманието на мојот пост е насочен кон педофилијата и сексуалната злоупотреба заради називот на темата, но во обликувањето на личноста ми е сосема јасно дека и многу други фактори играат значајна улога. Ова е моето искуство, моето позанвање од оваа област и не ги исклучувам другите варијации (физичко, емоционално злоупотребување) како причинители за нечие проблематично однесување. Ако некому сакате да му помогнете (тоа е секогаш право на избор) бидете само добар слушател и прифатете го тој човек и со таа тага и болка. Помогнете му да се почувствува нормален со себеси. Совети не секогаш помагаат. И никогаш не е на одмет да се информираме повеќе, тоа само би ни ја олеснило комуникацијата на едни со други.

Never apologize for being sensitive or emotional. Let this be a sign that you've got a big heart aren't afraid to let others see it. Showing your emotions is a sign of strength!!
Кон врв
Desire Кликни и види ги опциите
Нов член
Нов член


Регистриран: 16.Мај.2012
Статус: Офлајн
Поени: 23
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Desire Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 21.Мај.2012 во 11:37
VI POSTIRAM MOJA KOLUMNA OBJAVENA PRED NEKOLKU GODINI

Сексуално злоставување на деца

     Како една табу тема која тивко се провлекува низ многу семејства и низ многу детски животи, па понатаму товарот го носат и како возрасни, сексуалното злоставување за жал е нешто пред кое ретко која личност има храброст да застане со отворени очи. Родителите се ретко информирани за показателите на сексуално злоставувано дете, скоро никогаш не му објаснуваат на детето како да постапи кога би се соочило со злоставувач, најмалку ги знаат последиците од такво злоставување и најтешко од се – најчесто родителот или некој близок на семејтвото (користејќи ја лојалноста и предаденоста) се појавува како злоставувач на детето.
     Поттикната од сите овие причини, вклучувајќи го и слабото функционирање на државните институции по ова прашање, би сакала колумнава да им послужи на многу родители и деца/тинејџери. Да почнам од почеток : што е сексуално злоставување?
Сексуалното злоставување на деца е секој вид на искористување на детето кое е помладо од 18 години со цел да се оствари сексуално уживање на восрасна личност. Како сексуално злоставување се смета: наметливи телефонски повици, воаеризам, покажување на половите органи, снимање порнографски фотографии и/или видеа, милување, обид да се оствари сексуален однос, орален, вагиналиен или анален контакт или сексуален однос, силување, инцест и детска проституција. Сексуалното злоставување се однесува на вклучување на зависно и развојно незрело дете (или адолесцент) во сексуални активности кои тоа не ги разбира и на кои не може (не знае) да даде согласност. Спомнав дека злоставувачот најчесто е член од семејството или некој близок на семејството, па затоа детето покрај лојалноста и љубовта кон злоставувачот, чувствува и страв и збунетост, истовремено обидувајчи се да сокрие од околината што му се случува. Најчесто при обелоденување на злоставувањето, се води сметка за возрасните („што ќе речат луѓето“) или пак на настаните се гледа со неверување („дете е, можеби лаже“), а не за детето кое е злоставувано. Така случајот се одолговлекува и пополека се става во заборав додека детето тивко страда, се повеќе затворајќи се и отуѓувајќи се и од себе и од другите, почнува да „става маски“, а во зависност од возраста може и навистина да го убедат дека настанот не се случил никогаш што не значи дека тоа нема да остави последици на него.
Како одговорни лица и пред се како родители, мора да бидеме свесни за следново:
* за насилството секогаш е одговорен оној кој го врши
* за стореното насилство врз дете никогаш нема прифатлива причина, оправдување, извинување, туку постои одговорност и пропишани законски последици за причинителот
* причинителот на злоставувањето не смее да ги промени нашите ставови и убедувања во однос на насилството, човечките права, детскитеправа, правата на жените и одговорнозта за сторените дела.
* со насилство се кршат основните човекови и детски права, криењето на злоставувачот не’ прави негов соучесник, не смееме да ја криеме неправдата, туку треба да сме јавни и транспарентни во своето дејствување кога знаеме дека е злоставувано дете.

Што можат да чувствуваат сексуално злоставуваните деца?
ЗБУНЕТОСТ: затоа што го сакаат злоставувачот, лојални му се и приврзани бидејќи им е близок и затоа што емоциите наизменично завземаат место.
ТАГА: имаат чувство дека изгубиле или дека „нешто“ им е одземено, зашто предвреме пораснале, и чувство дека се изневерени и предадени од некој на кому му верувале, го сакале и почитувале
СТРАВ: од злоставувачот, од создавање проблеми, од губење на важни личности во нивниот живот, од тоа дека ке се избркани од дома, од тоа дека другите ќе ги гледаат како „поинакви“
ЛУТИНА: кон злоставувачот, кон возрасните кои не ги заштитиле, кон сами себе („за ништо не ме бидува освен за проблеми“)
ИЗОЛИРАНОСТ затоа што размислуваат на начин - „нешто не е во ред со мене“ или имаат чувство дека „на чело им пишува“ за настанот, се чувствуваат како само тие и никој друг немал такво искуство и не можат да зборуваат за злоставувањето
СРАМ: што доживеале такво искуство и поради реакциите на нивното тело на злоставувањето (понекогаш може да се случи детето да доживувее задволство, па и оргазам)
ВИНА: затоа што не го спречиле злоставувањето, затоа што имаат чувство дека се согласиле на „тоа“, затоа што некому кажале (ако кажале) или никому не кажале. Ова чувство на вина секогаш е наметнато од надворешната средина, не е автентично. Блиските на злоставуваното дете, незнаејќи како да се справат со ситуацијата често пати (свесно или не свесно) вината ја префрлаат на детето зборувајќи му: „не можеше ли да побегнеш“, „што бараше таму?“, „не требало да одиш“, „зошто кога ти велев, не внимаваше што правиш?“ и сл. Многу е важно родителите да му помогнат на детето да не се чувствува виновно, да не гостават во улога на жртва, јасно и отворено да зборуваат пред него за настанот, да му посочат дека има свои права, дека има право да се одбрани од секој кој ќе му наштети, во спротивност – доколку го стават во улога на жртва, доколку единствено се шепка околу него за „тоа“, доколку се остави злоставувачот неказнет, детето телесно ќе се чувствува „валкано“, а тоа се одразува во целокупниот понатамошен живот на детето.


Како да препознаеме сексуално злоставувано дете/адолесцент?

Ниту еден од овие знаци не е сигурен показател дека детето е сексуално злоставувано, но што повеќе знаци кои се поинтензивни остава место за загриженост. Симптоматично е она што за детето/адолесцентот е несекојдневно, невообичаено, настанало како нагла промена. Знаците се следниве:
-     повлекување во себе, депресивност, нагли промени на расположението,
-     стравови, чувство на потиштеност, беспомошност, вина, срам,
-     избегнување на физички контакт, мешање на емоции со сексуално однесување, бременост, често туширање, „трупање“ на многу алишта на себе,
-     изненадна агресија и револтираност, страв од некои луге и некои места,
-     проблеми со внимание, нагло попуштање со успехот во училиште.
Според ова, последиците кај сексуално злоставувани деца се следни:
-     лоша слика за себе и сопственото тело, стравови, фобии, панични напади, анксиозност, депресија, проблеми со спиење проблеми со исхраната (анорексија/булимија),
-     немање доверба во никого, страв од отфрлање, тешкотии во воспоставување на блиски односи и нивно одржување, сексуални проблеми,
-     тешкотии со концентрацијата, подложност кон понатамошно злоставување од секаков вид (пр. жената и понатаму останува во врска каде е физички и психички малтретирана),
-     тешкотии во доживување на позитивни животни искуства, не наоѓање на задоволство во ништо, злоупотреба на алкохол и опојни средства итн.



Што ако дете ви се повери дека било или е сексуало злоставувано?

Она што едно дете сака да слушне во тој момент е следново:
•     дека му верувате
•     дека ви е мило што ви се доверило токму вам
•     дека е храбро што го кажало тоа
•     дека многу ви е жал што се случил тој настан
•     дека не е единствено дете на кое се случиле такви нешта
•     дека ќе морате да кажете на професионални лица чија должност е да го заштитат


Што НЕ смеете да правите?
•     Што и да чуете, немојте да се згрозувате ( пред детето), не беснеете, не плачете, треба да сте мирни, стабилни и сигурни во себе
•     Не сугерирајте одговор на прашањата кои ги поставувате (пр – нели не се случи така?), не предпоставувајте.
•     Не ветувајте му нешто на детето за кое не сте сигурни дека нема да го исполните, како на пр да ветите дека нема да кажете никому (законот ве обврзува да ги известите надлежните)
•     Не го замолчувајте детето, не го убедувајте дека треба да прости и да заборави што се случило (тоа е само начин да се смирите сами себе)
•     Зборувајте на разбирлив јазик за детето
•     Не настапувајте со идеја дека детето е луто на злоставувачот (обично не е така)
•     Не брзајте, дајте му време на детето да се изрази и да ве праша доколку сака нешто да праша.

Зошто децата не се поверуваат дека се сексуално злоставувани?
•     Не знаат кому да се обратат
•     Тешко им е да се изразат вербално за тоа што се случило
•     Сторителот на злоставувањето му се заканил на детето
•     Збунети се од чувствата кои го следат злоставувањето
•     Се плашат дека никој нема да им верува
•     Се обвинуваат себе и мислат дека злоставувањето е казна затоа што се лоши
•     Се плашат дека ке се доведат себе си и своите блиски во големи непријатности

Како можам да го заштитам детето од сексуално злоставување?
•     Научете го детето ако некој го допира наначин кој му е неугоден или чуден, да каже НЕ и потоа веднаш да раскажат што се случило
•     Разговарајте со децата за нивните контакти со другите луѓе, правете го тоа секојдневно. Прашајте ги како се чувствуваат, тоа ќе им помогне да се чувствуваат удобно со вас кога разговарат за било што.
•     Не ги учете децата на „слепа послушност“ кон возрасните. НЕ учете ги да прават се што роднините, наставниците или вашите пријатели бараат од нив. Наместо тоа, научете ги дека многу возрасни луѓе се добри, но мора да си го слушаат своето среце. Кажете им дека е сосема во ред ако на возрасна личност и кажат НЕ доколку таа личност сака да им направи нешто лошо.
•     Научете ги децата на точните изрази на интимните делови на телото. Со разговор ќе ја спречите непријатноста која може да се јави околу сексуалноста и да му се укаже на детето дека може да разговара со вас за таа тема.
•     Научете го детето што е добар а што лош допир. Објаснете им дека е во ред доколку лекарот ги допре за да ги прегледа, но не е во ред некој да ги допира по интимните делови на телото.
•     Научете ги да немаат тајни пред вас, не го охрабрувајте чувањето на тајни во семејството. Кажете им на децата секогаш се да ви кажуваат, без разлика што им рекле другите.
•     Научете ги децата дека овие правила се однесуваат на сите луѓе, а не само на странци.
•     Покажете им дека се сакани, вредни и да залужуваат да се безбедни и среќни.




Жртва сум на сексуално насилство. Што да правам?
Ако си сексуално злоставуван/а важно е што поскоро да пронајдеш личност во твојата околина на која и веруваш и на која можеш да и раскажеш што ти се случило. Чувањето на твојата тајна му носи корист на злоставувачот, а тебе ти наштетува. Злоставувачот ти се заканува за да те заплаши и да се осигура дека нема никому да кажеш. Тие закани најчесто се безопасни, иако не ти изгледаат така.
Што ако во мојата околина нема возрасна личност на која можам да и се обратам?
Можеш да се обратиш на школскиот психолог, наставникот, лекар, центарот за социјална работа, полиција, психолошко советувалиште. Овие професионалци ке ти помогнат и ќе те заштитат.
Што ако оној на кој се поверив, не ми верува?
Поголмиот број на возрасни, ќе ти поверуваат и ќе те заштитат. Сепак, може да се случи некои личности нема да изреагираат онака како што треба и да не ти поверува. Тоа не е твоја вина. Ти знаеш што се случило, затоа пронајди друга личност на која ке и се довериш, немој да се откажеш, најлошо што можеш да направиш за себе е да молчиш за случката.
Дали сум јас виновен/виновна за ова што ми се случува?
Ти не си виновен/виновна за злоставувањето, иако злоставувачот или некој од твојата околина можеби тоа ти го рекол. Сексуалното злоставување е казниво со закон. ДЕТЕТО НИКОГАШ НЕ Е ВИНОВНО.



Да не заборавиме на фактите :
•     Сексуално злоставување се случува кај сите раси, народи, социјални групи и економски класи, без оглед на степен на образование
•     Околу 90 % од злоставувачите се членови на семејството или нивни блиски пријатели
•     Детето никогаш не е виновно за злоставувањето, нема одговорност за тоа, виновен е злоставувачот и за тоа нема никакво оправдување или добра причина
•     Злоставувачот скоро никогаш не користи агресија за да го изврши злосторството, тоа е или наговарање или поткупување или закана
•     Девојчињата многу почесто се отвараат од момчињата кога им се случува вакво искуство
•     Сексуалното злоставување не е проблем кој ке пројде со времето туку остава трајни последици доколку детето не допие адекватна психолошка помош и поддршка
•     Децата најчесто молчат за тоа дека се злоставувани, затоа ние возрасните треба да се едуцираме како да ги препознаеме симптомите и да превземеме заштитни мерки.
•     Доколку пријавиме ваков настан, го спречуваме злоставувачот да повреди и други деца

Se izvinuvam za dolgiot post, no ne gledam kako poinaku da go prikacam na forum, nema opcija za attachment

                                                                                                                      
                                                                                           
Кон врв
Santijago Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
PubLiCenEmY LatInoLoVerBoY YNWA-LF

Регистриран: 17.Јануари.2008
Локација: Tuka be ...
Статус: Офлајн
Поени: 21002
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Santijago Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Јуни.2012 во 16:22
Промовираа страна што не работизбунетост Или само кај мене не ја отваразбунетост





sajt_pedofili


Податоците за осудените за кривични дела за сексуална злоупотреба на деца и педофилија од денеска ќе бидат достапни за јавноста преку Посебниот регистар достапен на интернет страницата www.registarnapedofili.mk .

- Регистарот содржи податоци за името и презимето, датумот на раѓање, адреса на живеење, кривичното дело за кое е осуден и фотографија. Дојде денот кога поголема казна за нив од казната зад решетки е да се најдат и прочитаат со име и презиме јавно на интернет страницата, рече министерот за труд и социјална политика Спиро Ристовски на денешната презентација на Посебниот регистар.

На ваков начин, според министерот, секој граѓанин ќе може на лесен начин со пребарување по име и презиме, прекар, или пак само по место на живеење или општина, да видат дали во нивна близина живее некој сторител на вакво кривично дело. Така, истакна министерот, ќе се обезбеди поголема заштита за децата да не станат нивни жртви.

Доколку со ова, рече министерот за труд и социјална политика, се заштити или спаси животот на макар и едно дете, тогаш целта од креирањето на еден ваков регистар е исполнета. Искуствата од други земји, додаде, покажале дека јавното објавување на податоците на сторителите дале големи резултати во превенцијата на ваквите кривични дела.

Во моментов регистарот има податоци за 100 осудени лица, но, како што истакна министерот Ристовски, се очекува во наредниот период таму да се најдат дополнителни дваесеттина сторители откако ќе добијат правосилни пресуди.

Потребата за креирање ваков регистар произлегла од зголемениот број повторници на овие кривични дела. Според анализираните судски пресуди за периодот јануари 2004 до 2009 година од 231 осудено лице, 191 лице се примарни престапници, 38 или 16 отсто се повторници од кои 26 се еднократни повторници, а 12 осудени лица се повеќекратни престапници.

Осудените лица должни се по истекот на изречената казна најмалку еднаш годишно, пет дена пред нивниот роденден и до крајот на нивниот живот да се пријавуваат кај надлежниот судски орган, а доколку не се пријават предвидена е парична казна.

На ваков начин, смета министерот Ристовски, осудените лица ќе бидат контролирани до крајот на нивниот живот, со цел да се следи нивната состојба, движење и местоположбата.

- Доколку осуденикот биде забележан на места каде што има повеќе деца, како што се градинките, детските игралишта, игротеки и парковите, службено лице од МВР и секој граѓанин ќе има обврска да го пријави во полиција, при што прво ќе добие усна опомена, но доколку повторно се затекне на такво место ќе биде известен надлежниот судски орган, за што е утврдена и парична казна или казна затвор до една година, рече тој.

Во моментов максималната казна што може да ја добие сторител на вакви кривични дека според Кривичниот законик е 15 години. Граѓанските здруженија кои ги штитат правата на децата, бараат уште построги казни и дополнителни мерки, за кои министерот Ристовски најави дека ќе бидат разгледани. Ќе направиме се, рече тој, животите на децата за бидат заштитени.

Република Македонија ќе биде прва земја од регионот што ќе користи ваков регистар за педофили.

I'm out bcz of pathetic around here
Кон врв
goran-twin Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 02.Јануари.2012
Статус: Офлајн
Поени: 385
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај goran-twin Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Јуни.2012 во 17:32
Ја отвара,само треба да стиснеш горното "ПРЕБАРАЈ".
Сепак тоа јавно покажување на педофилите не го подржувам.
Со оглед на тоа што многумина од нив се покајале за стореното и решиле да живеат еден поисправен живот.
Но со ваквото јавно жигосување им нанесуваме штета во однос на работата.И онака за многумина инфериорни тешко да дојдат до работно место.А пак вака жигосани....

Изменето од goran-twin - 03.Јуни.2012 во 17:45
Кон врв
ekszi88 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
In Love

Регистриран: 10.Јануари.2008
Статус: Офлајн
Поени: 7007
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај ekszi88 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Јуни.2012 во 18:00
Se pokajale? Pedofilite ne se pokajuvaat среќа I treba da se zigosani... da znae narod od koj da se pazi. Bolje spreciti nego leciti kolku sto e vozmozno.. normalno 
Never apologize for being sensitive or emotional. Let this be a sign that you've got a big heart aren't afraid to let others see it. Showing your emotions is a sign of strength!!
Кон врв
goran-twin Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 02.Јануари.2012
Статус: Офлајн
Поени: 385
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај goran-twin Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Јуни.2012 во 18:06
Имаш ли податок на колкумина кои биле во затвор по тоа дело им се повторило делото?
Па уште и да ги кастрираме,ма ајде.
Кон врв
ekszi88 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
In Love

Регистриран: 10.Јануари.2008
Статус: Офлајн
Поени: 7007
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај ekszi88 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Јуни.2012 во 18:14
Знам. Прочитај малку повеќе и ти ќе дознаеш намигнување Страшно е кога човек му прави лошо на едно дете убеден дека му прави нешто добро или уште пострашно дека му дава љубов. замисленост Кастрација малку им е намигнување 
Never apologize for being sensitive or emotional. Let this be a sign that you've got a big heart aren't afraid to let others see it. Showing your emotions is a sign of strength!!
Кон врв
goran-twin Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 02.Јануари.2012
Статус: Офлајн
Поени: 385
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај goran-twin Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Јуни.2012 во 18:31
Originally posted by ekszi88 ekszi88 напиша:

Знам. Прочитај малку повеќе и ти ќе дознаеш намигнување Страшно е кога човек му прави лошо на едно дете убеден дека му прави нешто добро или уште пострашно дека му дава љубов. замисленост Кастрација малку им е намигнување 

Што ти знаеш    јас ти побарав податок,а ти само едно знам
И толку,се кажа и се докажа       
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 2324252627>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,172 секунди.