IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Македонија и Свет > Бизнис и економија
  Активни теми Активни теми RSS - Обврзници
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Обврзници

 Внеси реплика Внеси реплика
Автор
Порака
la fille Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 21.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 42032
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај la fille Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Тема: Обврзници
    Испратена: 09.Февруари.2008 во 21:39
Во последно време слушам како луѓето се повеќе вложуваат во обврзници. Дали може некој да ми каже нешто повеќе околу тој вид на инвестиција? Каде и како може кај нас во Македонија да се купуваат обврзниците?
Sarcasm is just part of my irresistible charm ;)
Кон врв
tomsaso Кликни и види ги опциите
Нов член
Нов член


Регистриран: 15.Јануари.2008
Статус: Офлајн
Поени: 16
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај tomsaso Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 10.Февруари.2008 во 22:55
на берза, на секундарниот пазар...
На примарниот треба огромни суми да имаш за да можеш да одкупиш, значи најпаметно одиш кај брокер и бараш да купиш, ќе се распрашаш кај него за каматната стапка, рок на фтасување, провизија , пазарна цена.. итн итн. све ќе ти објасни. Обврзниците се хартии од вредност со рок на достасување подолг од една година. Доколку тоа ти е многу долго имаш краткорочни хартии од вредност (благајнички и државни записи) кои што пак можеш да ги купиш исклучиво преку банка, тие имаат рок на достасување до 1 година. Каматните стапки на записите порано беа 15%-10% сега се паднати на 4-5% просек. Ако сакаш веќе поевтини обврзници, најдобро е да најдеш некој кој има добијано нешто од денационализација али во форма на исплата. Тие исплати се вршат во обврзници, така да има многу луѓе кои бадијала ги продаваат.
Штета дедо ми ги продаде :cry:
Кон врв
la fille Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 21.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 42032
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај la fille Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Февруари.2008 во 01:01
Благодарам за исцрпниот одговорголема%20насмевка
Sarcasm is just part of my irresistible charm ;)
Кон врв
Miriam Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 25.Април.2007
Локација: United States
Статус: Офлајн
Поени: 336
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Miriam Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Март.2008 во 14:13
tomsaso  благодарност и од мене за одговорот, не ми беа познати термините на македонски. Си мислев дека и краткорочни и долгорочни хартии од вредност се викаат обврзници.

Ако си запознаен, би можел да ми одговориш на неколку прашања? Може и да ми дадеш линк од каде би можела да прочитам.

1. Со колкав рок се? Има од 1м, 3м, 6м ,1г, 2, 3, ...? Или на поретки интервали?

2. Дали има македонски обврзници но деноминирани во евра или долари?

3. Дали има и корпоративни обврзници, или ако сакаш да инвестираш во бизнис секторот мора преку акции?

4. Има ли обврзници, но не од владата туку општински или нешто друго? Еквивалент на американските Agencies, на пример. А има ли Mortgage Backed Securities?

4. Колку е ликвиден пазарот за обврзници во моментот? Ако сакаш да продадеш, колку брзо можеш да го направиш?

5. Каков им е рејтингот според Moody's и S&P?

6. Колку (отприлика) се плаќа на брокер? Која е тарифата за да те претставува и колку проценти добива од добивката?

Многу прашања голема%20насмевка, ама би била навистина благодарна ако добијам одговор.









Try again. Fail again. Fail better.
Кон врв
tomsaso Кликни и види ги опциите
Нов член
Нов член


Регистриран: 15.Јануари.2008
Статус: Офлајн
Поени: 16
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај tomsaso Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Март.2008 во 20:08
Originally posted by Miriam Miriam напиша:

http://forum.idividi.com.mk/forum_images/post_button_about.gif
[About Rich Text Editor] tomsaso благодарност и од мене за одговорот, не ми беа познати термините на македонски. Си мислев дека и краткорочни и долгорочни хартии од вредност се викаат обврзници. Ако си запознаен, би можел да ми одговориш на неколку прашања? Може и да ми дадеш линк од каде би можела да прочитам. 1. Со колкав рок се? Има од 1м, 3м, 6м ,1г, 2, 3, ...? Или на поретки интервали?2. Дали има македонски обврзници но деноминирани во евра или долари?3. Дали има и корпоративни обврзници, или ако сакаш да инвестираш во бизнис секторот мора преку акции?4. Има ли обврзници, но не од владата туку општински или нешто друго? Еквивалент на американските Agencies, на пример. А има ли Mortgage Backed Securities? 4. Колку е ликвиден пазарот за обврзници во моментот? Ако сакаш да продадеш, колку брзо можеш да го направиш?5. Каков им е рејтингот според Moody's и S&P? 6. Колку (отприлика) се плаќа на брокер? Која е тарифата за да те претставува и колку проценти добива од добивката? Многу прашања голема%20насмевка, ама би била навистина благодарна ако добијам одговор.


Епа ќе се потрудам, макар што само имам некои теоретски познавања.
Зачи:
1.Зависи од потребите, пример за краткорочните знам за благајнички записи за 28 дена и за 90 дена, се се одредува спрема потребите.
2. Сите државни хартии од вредност: Државни обрврзници, благајнички записи, државни записи деноминираат во евра, така да се заштитени од девалвационен ризик.
3. Коорпоративни обврзници не сум сретнал, единствено на ПроКредит Банка имаше една обврзница, и е доста ликвидна во последниот месец... Нема некоја практика кај нас коорпорациите да издаваат обврзници.. недоверба, низок рејтинг, политички ризик итн итн.
4. Не сум сретлнал и сум 99% дека нема, пред се поради малите општини а и многу неписмени градоначалници, шпанско село му се на градоначалницте(на поголемиот дел) обврзниците, а и воедно доколку би емитирале, многу тешко дека би имало интерес со исклучок можеби на Град Скопје.
5. Како што реков, ме интересира темата ама немам некои практични знаења, ама ако земеш во превид во единствениот случај во кој сум тргувал се продадоа истиот ден, тоа беа обврзници од 6 емисија РМДЕН06
5.Е тоа веќе појма неамам, не ни знам што е тоа Moody..
6. Треба да провериш кај брокер, кога ги продавав обврзиницте колку што се сеќавам беа околу 5% за брокерот.

Ако те интересира најдобри и најсвежи информации можеш да добиеш на:
http://www.finance.gov.mk/ - Министерство за Финансии
http://nbrm.gov.mk/default-MK.asp - Народна Банка на РМ
http://www.sec.gov.mk/ - Комисиа за Хартии од вредност.

Поздрав
Кон врв
Miriam Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 25.Април.2007
Локација: United States
Статус: Офлајн
Поени: 336
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Miriam Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 18.Март.2008 во 00:25
tomsaso, благодарам на информативниот одговор. Се надевам дека некогаш ќе ја искористам информацијата намигнување. S&P, Moody's и Fitch се најголемите светски агенции за кредитно рангирање не само на обврзници туку и на акции.


Try again. Fail again. Fail better.
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,250 секунди.