IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Спорт > Фудбал > Фан клубови
  Активни теми Активни теми RSS - Фан клуб Барселона
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Фан клуб Барселона

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 78910>
Автор
Порака
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85179
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 21.Јули.2011 во 06:20
Потврдено: Алексис Санчез во Барселона

Барселона и Удинезе постигнале договор и алексис Санчез следната сезона ќе игра за Каталонците, потврдил синот на сопственикот на Удинезе, Џампаоло Поко.

Приказната дека трансферот на 22-годишниот напаѓач е реализиран се појави во јавноста минатата недела, но до денес никој официјално не сакаше истата да ја потврди. Се чекаше да заврши учеството на Копа Америка, а пред некој ден и таа пречка е отстранета.

"Договор со Барселона околу Алексис Санчез е постигнат" -рекол Џино Поко за едно шпанско радио.

Трансферот го најави и Пеп Гвардиола кој и покрај трката на Барса за Цеск Фабрегас изјавил дека "чилеанската сензација" е мета број еден ова лето.

"Тој може да игра на три позиции, голем работник е, одличен во дуелите еден на еден и добро момче. Тој е најблизу до идеалот кој го бараме." - рекол Гвардиола.

Санчез постигна 12 гола на 27 меча за Удинезе. Трансферот е вреден околу 30,5 милиони евра плус бонуси

Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85179
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Јули.2011 во 07:43
Кркиќ во Рома за 12 милиони евра

 

Актуелниот европски првак Барселона официјално објави дека досегашниот напаѓач на тимот Бојан Кркиќ ќе замине во екипата на Рома за 12 милиони евра.

Каталонскиот тим ќе има право на откупување на неговиот договор до летото 2013 година за сума од 13 милиони евра.

Од Рома може да го блокираат правото на откупување, но во таков случај трансфер сумата на Кркиќ ќе нарасне до 40 милиони.

Дваесетгодишниот Бојан денеска одржа проштална прес конференција на Ноу Kамп пред да замине за Рим каде ќе ги мине лекарските прегледи.

„Дванаесет години се наоѓам во клубот. Во последните четири години ми беше привилегија што се наоѓам во најдобриот тим во светот. Една од причините што си заминувам е што не ми беа укажани доволен број шанси да се докажам, особено во финалето во Лондон".

„Освоив две шампионски титули во Лига на шампиони, но моите чувства се поделени затоа што не играв. Имам 20 години и сакам да покажам што умеам. Ќе ми недостасуваат многу работи, соиграчите, градот, играњето на Ноу Камп, и дресот за кој секогаш сум се борел, но се надевам дека во Рома ќе ја вратам радоста за повторно играње фудбал, која во последнава година ми недостасуваше", изјави Кркиќ.

Младиот напаѓач одигра 157 натпревари за Барса и постигна 43 гола, но во последната сезона падна во втор пласн кај тренерот Гвардиола и по доаѓањето на Алексис Санчез доби зелено светло да го напушти клубот

Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85179
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Август.2011 во 23:51

Фабрегас за 40 милиони евра во Барселона

Барселона и Арсенал, конечно, го договорија трансферот на Сеск Фабрегас на "Камп Ноу", во висина од 40 милиони евра. Шпанецот потпиша петгодишен договор со Каталонците, а неговата откупна оштета ќе изнесува 200 милиони евра. Дваесет и четиригодишникот успешно го мина медицинските преглед, и би можел да дебитира идната недела.
- Долго време чекав на овој момент. Ова е посебен ден во мојот живот. Знам дека многумина се разочараа кога си заминав, но еве по осум години повторно сум во Барселона и подготвен сум да освојувам трофеји - изјави Фабрегас, откако беше презентиран пред околу 30.000 навивачи на Барселона.
Тој потекнува од младинскиот погон на шпанскиот и европски првак, но во 2003 година се пресели во Арсенал. Фабрегас одигра преку 300 меча за лондонскиот состав, но освои само еден трофеј и тоа ФА купот во 2005.

Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85179
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Јануари.2012 во 14:49

Биелса ќе биде наследникот на Гвардиола


 




Претседателот на Барселона, Сандро Росел го гледа Марсело Биелса како идеален наледник на Гвардиола на клупата на каталонскиот гигант.


Сандро Росел ништо не остава на случајноста. Тој веќе има решение доколку Пеп Гвардиола се реши да ја напушти Барселона.


Моментално прва желба на Росел е Марсело Биелса, сегашниот тренер на Атлетик Билбао. Така барем пренесува шпанскиот весник Ас.


Иако главната цел на челниците на Барселона е потпишување на нов договор со Гвардиола, тие се спремаат и за поинаква алтернатива.


Искусниот аргентински стратег беше и на клупата на чилеанската репрезентација во минатото.

Кон врв
Schatzii7 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Unglaublich

Регистриран: 19.Октомври.2011
Локација: Lost somewhere
Статус: Офлајн
Поени: 7055
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Schatzii7 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Февруари.2012 во 15:47
Барса - Валенисија 5:1 големо гушкање
Меси - Валенсија 4:0  хи, хи...
»Wenn ein Deutscher einen Zug ausrauben möchte, kauft er sich als erstes eine Fahrkarte.« :) (Lenin 1917)
Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85179
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 28.Февруари.2012 во 17:07

Најголемиот бразилски талент на денешницата, Нејмар се уште се двоуми за тоа каде би ја продолжил својата кариера откако ќе го напушти Сантос.

neymar.jpg500

Со неговата последна изјава се чини дека Бразилецот е се поблиску до екипата на Барселона.

За ангажман на Нејмар се загреани лутите шпански ривали Барселона и Реал Мадрид, а Нејмар откри дека неговиот идол и добар пријател Роналдињо му го препорачал каталонскиот клуб за кој и тој еден период од кариерата настапуваше.

-Роналдињо секогаш бил пример за мене. Секогаш сум ги слушал неговите совети. Во еден момент тој ми зборуваше прекрасни работи за Барселона, за клубот и за градот, изјави Нејмар.

Договорот на Нејмар со екипата на Сантос завршува во 2014 година, а кога беше запрашан дали постои шанса тој да се пресели во Европа и пред истекот на договорот, Нејмар одговори: „Се е можно“!

Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85179
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 04.Март.2012 во 07:33

Барса со играч помалку подобра од Хихон

Барселона на „Ноу Камп“ го совлада Спортинг Хихон со 3:1 во 25. коло од шпанската Примера.


Барса со играч помалку подобра од Хихон


Иниеста во финишот на првиот дел го отвори резултатот, но гостите од Хихон на стартот од второто полувреме навестија изненадување. Почна со црвениот картон на Пике, кој како последен играч во одбраната направи прекршок над противничкиот играч, а судијата го исклучи.
Без Лео Меси, кој паузира заради жолти картони, каталонскиот тим до трите бода стигна потешко од очекувањата.

Веќе во 49. минута Хихон ја искористи предноста од фудбалер повеќе, а стрелец беше Барал


Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85179
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Март.2012 во 22:53

ГВАРДИОЛА БЛИЗУ ДО ДОГОВОР, ЗАСИЛУВАЊАТА ЧЕКААТ







Челниците на Барселона сметаат дека потенцијалните засилувања сакаат да знаат кој че им биде тренер.


Како што пренесува шпанска Марка, Пеп Гвардиола е на чекор од потпишување нов договор со барселона, по утринскиот состанок кој го имал со својот претставник Хозе Марија Оробитго.


Барселона има на ум неколку играчи за следната сзона. Тоа се пред се дефанзивците Тијаго Силва и Жорди Алба.


Меѓутоа ниту еден од двајцата играчи не сака да размислува за каталонскиот клуб додека не дознаат дали Гвардиола ќе остане тренер на Барса или не.


Иста е ситуацијата  и со надежите кои чекаат шанса во првиот тим на Барселона, како што се Бартра, Муниес, Монтоја и Дос Сантос.

Кон врв
Schatzii7 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Unglaublich

Регистриран: 19.Октомври.2011
Локација: Lost somewhere
Статус: Офлајн
Поени: 7055
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Schatzii7 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Април.2012 во 20:14
Само уште малку до почетокот...ајде Каталонци згазете го Милан вечер на ваш теренголемо гушкање



Изменето од Schatzii7 - 03.Април.2012 во 20:30
»Wenn ein Deutscher einen Zug ausrauben möchte, kauft er sich als erstes eine Fahrkarte.« :) (Lenin 1917)
Кон врв
Schatzii7 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Unglaublich

Регистриран: 19.Октомври.2011
Локација: Lost somewhere
Статус: Офлајн
Поени: 7055
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Schatzii7 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Април.2012 во 23:44
Новото име на Меси е ПРЕЧКАдоста есршено срце
»Wenn ein Deutscher einen Zug ausrauben möchte, kauft er sich als erstes eine Fahrkarte.« :) (Lenin 1917)
Кон врв
LiDivio Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор


Регистриран: 19.Мај.2010
Статус: Офлајн
Поени: 7265
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај LiDivio Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Април.2012 во 09:17
ОГЛАС: Се бара дете високо 1,60, се одзива на Меси... локација: Камп Ноу;
 
После утакмицата полицијата ги претресе играчите на Челси и во џебот на Ивановиќ го најде Меси... газење од смеење
Кон врв
Schatzii7 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Unglaublich

Регистриран: 19.Октомври.2011
Локација: Lost somewhere
Статус: Офлајн
Поени: 7055
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Schatzii7 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Април.2012 во 11:45
Е ме пресмеадагазење од смеење
»Wenn ein Deutscher einen Zug ausrauben möchte, kauft er sich als erstes eine Fahrkarte.« :) (Lenin 1917)
Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85179
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 27.Април.2012 во 10:16

ПЕП ЈА НАПУШТА БАРСА ДЕНЕС!?






Раководството на Барселона прави се што е можно да го задржи Пеп Гвардиола, чиј договор истекува на 30 јуни 2012 година. Онлајн изданието на каталонскиот клуб "Спорт" соопшти дека синоќа тренерот имал над 3-часовна средба со претседателот на клубот Сандро Росел, со потпретседателот Хосеп Марија Бартомеу и со спортскиот директор Андони Зубизарета. 

Според информациите на Онлајн изданието "Спорт",  тие му понудиле на Гвардиола договор со празен чек во кој тренерот требало сам да ги напише бројките за новиот договор. Сепак по трите часа разговори се уште нема целосна јасност за иднината на Пеп.

Росел сака одговор најдоцна до денес. За да го убеди да остане, тој дури му дава целосна поддршка за трансфер бомби на фудбалери во летниот преоден рок. 
Гвардиола сепак е подготвен да си замине, наместо да го продолжи договорот, тврди "Оna Fm". Се ќе стане јасно во наредните 24 часа. Повикувајќи се на свои извори, "Скај Спортс" дури објави дека Пеп веќе дал свој одговор и тој е негативен.

Сите во Барселона ја очекуваат со огромен интерес крајната одлука на младиот тренер, кој има постигнато неверојатни успеси за четири сезони на чело на ѕвездите на "Камп Ноу". Во средата, ден по елиминацијата од Челзи во Лигата на шампионите, тој бил посетен во својот дом од Росел, Зубизарета и Бартомеу. Синоќа четворицата пак преговараа.

Во секој случај одлуката на Пеп Гвардиола ќе биде објавена прво на фудбалерите на Барса. Шпанскаиот печат тврди дека на 41-годишниот тренер му се допаѓа англискиот фудбал, па дури и може да добие покана од ФА да го води националниот тим на Англија.

Главни фаворити за место на "Камп Ноу" се поранешниот тренер на Виљареал Ернесто Валверде, селекторот на Франција Лорен Блан и тренерот на Рома Луис Енрике.

Денес, Сандро Росел и Пеп Гвардиола ќе се појават на заедничка прес-конференција, на која ќе ја кажат донесената одлука.
Кон врв
Schatzii7 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Unglaublich

Регистриран: 19.Октомври.2011
Локација: Lost somewhere
Статус: Офлајн
Поени: 7055
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Schatzii7 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Мај.2012 во 14:15
Меси го сруши рекордот на Герт Милерда

Лионел Меси постигна хет-трик на дуелот против Малага и го сруши рекордот на Герт Милер за најмногу постигнати голови во една сезона, Аргентинецот дојде до бројката од 68 погодоци.

Лео Меси го сруши рекордот на Герт Милер, Аргентинецот вечерва го постигна својот 68 гол сезонава и стана фудбалерот со најмногу погодоци во една сезона во историјата на европскиот фудбал.
 
Меси вечерва три пати ја тресеше мрежата на Малага, Барселона победи убедливо со 4-1.
 
Во текот на оваа сезона Меси со само 24 години стана најдобриот стрелец во историјата на Барселона.
 
Тој стана и првиот фудбалер во Лигата на Шампионите кој постигна пет голови на еден натпревар.

»Wenn ein Deutscher einen Zug ausrauben möchte, kauft er sich als erstes eine Fahrkarte.« :) (Lenin 1917)
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 78910>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,172 секунди.