IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > АРХИВА > Историја и политика
  Активни теми Активни теми RSS - ДНЕВНО - политички случувања
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

ДНЕВНО - политички случувања

 Внеси реплика Внеси реплика страница  123 36>
Автор
Порака
bojan81 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 16.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 531
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај bojan81 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Тема: ДНЕВНО - политички случувања
    Испратена: 08.Ноември.2006 во 02:15

Abecedarot од 1925 отпечатен од страна на Грција под налог на друштвото на народите за македонските деца во Егејска Македонија.








По 81 година денеска за прв пат се печати повторно абецедарот од страна на „виножито“ со средства кои партијата виножито ги доби од Грчката држава.

  


   Нека е со среќа во Грција по втор пат се печати абецедар со грчки пари. Wink


Изменето од bojan81 - 08.Ноември.2006 во 13:44
Кон врв
Boogie Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Слобода или Смрт

Регистриран: 26.Октомври.2005
Статус: Офлајн
Поени: 10652
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Boogie Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 09.Ноември.2006 во 11:50

Струмица ќе гради споменик на цар Самуил

Најдоцна до мај идната година Општина Струмица ќе подигне споменик на цар Самуил, владетел на македонската држава од 986 до 1014 година. Споменикот ќе биде висок 5,30 метри и ќе биде изработен или од мермер или од бронза. По распишаниот конк*рс, Општината го прифати идејното решение на скулпторот Александар Коруновски од Велес. Според неговото решение, цар Самуил седи на карпа и во неговиот скут држи ослепен војник кој му ја пренесува болната вест за ослепувањето на војниците кај Водоча, а тој со нем поглед му ја ублажува болката и му помага на војникот.
Споменикот ќе се гради во градскиот парк, меѓу спортската сала "Парк" и стадионот "Младост", и Општината за него ќе потроши 2 милиона денари.
Општина Струмица одлучи да им подигне споменик и на загинатите бранители од Струмица во воениот конфликт од 2001. Во чест на Атанас Јанев и Коле Китанов, во центарот на Струмица ќе се подигне споменик Жена - пеперутка како симбол на македонскиот непокор. Решението е на скулпторот Филип Димитровски.



Изменето од anastea - 17.Февруари.2009 во 02:21
Кон врв
bojan81 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 16.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 531
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај bojan81 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 09.Ноември.2006 во 12:57
Во Македонија се издигнуваат многу споменици на Александар, Самул, Делчев, Сандански итн...
Кон врв
raging bull Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 02.Ноември.2006
Локација: Afghanistan
Статус: Офлајн
Поени: 145
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај raging bull Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 10.Ноември.2006 во 10:26
ubo deLOLLOLLOL
Кон врв
bojan81 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 16.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 531
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај bojan81 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Ноември.2006 во 16:50

пожарот не Ја изгоре вистината

Оригиналниот „Абецедар“ е во Скопје

Вангел Ајановски-Оче, познат македонски револуционер, му го подарил букварот на Архивот на Македонија пред триесетина години

Во Република Македонија има само еден зачуван примерок од оригиналното издание на „Абецедар“, првиот буквар за македонските деца отпечатен пред 81 година во Грција. Книгата се чува во посебно депо во Архивот на Македонија и најверојатно тој примерок е еден од трите зачувани при уништувањето на целиот тираж во 1925 година. Учебникот е зачуван благодарение на грижата на Вангел Ајановски-Оче, познат македонски револуционер од Егејска Македонија, кој му го подарил букварот на Архивот пред триесетина години.

Ајановски ја добил книгата при крајот на Втората светска војна од еден македонски учител од Егејска Македонија, кој успеал да ја спаси од уништувањето. Кон крајот на седумдесеттите години на минатиот век тој решил да и' ја подари целата своја лична архива на државната институција, откако повеќе од четири децении ја чувал во своето семејство. Ајановски беше создавач на Македонската антифашистичка организација (МАО) и на Тајната ослободителна македонска организација (ТОМО) во Воденско во текот и по Втората светска војна.

Другите два примерока на букварот, како што дознаваме, се во Градската библиотека на Виена, Австрија, односно во Националната библиотека во Атина, Грција. Оригиналниот примерок од Атина беше искористен од Македонците од Грција за да се направи копијата на „Абецедар“ чија промоција неодамна беше одржана во грчката престолнина. Букварот, наменет за описменување на македонските деца, претставува еден од најзначајните докази за постоењето на Македонците во Грција, кое грчките власти упорно го негираат.

Книгата беше отпечатена во Атина, во 1925 година како резултат на барањето на Друштвото на народите за да се обезбеди заштита на македонското малцинство во Грција. На 10 август 1920 година Грција потпиша договор пред Друштвото на народите за давање малцински права на граѓаните во Грција што не се етнички Грци. Договорот е потпишан во францускиот град Севр и во него пишува дека во Грција живеат припадници на повеќе народи, на кои грчката влада се обврзува да им ги даде основните национални права.

Но, судбината на букварот „Абецедар“ беше трагична - целиот печатен тираж бил запален и уништен во исцениран напад на возот со кој бил пренесуван кон местата во Грција каде што живеат Македонци.

Георги Ајановски, познат македонски новинар, посочува дека неговиот татко Вангел сосема случајно го добил букварот „Абацедар“.

- Тоа се случи во 1944 или во 1945 година, при една негова средба со еден од учителите што предаваше во македонските училишта. Татко ми ми раскажа дека желбата на учителот била букварот да послужи за описменување на најмладите македонски генерации и во другите краишта на Македонија. Познато е дека во тие години немаше никаков учебник од кој децата можеле да се описменуваат - вели Ајановски.

Тој додава дека овој примерок на букварот најверојатно го спасиле луѓето што први пристигнале до запалениот воз во чии вагони се наоѓал целиот тираж на изданието.

Букварот е одлично заштитен

Петар Зајковски, раководител на Одделението за заштита на архивскиот материјал во државниот архив, вели дека букварот се чува во посебни услови.

- Благодарение на условите во Архивот, букварот е во мошне добра состојба. Неговите корици се заштитени и со посебна хартија, која е отпорна на надворешните влијанија - вели Зајкоски.

Бранко Горгевски

Кон врв
Boogie Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Слобода или Смрт

Регистриран: 26.Октомври.2005
Статус: Офлајн
Поени: 10652
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Boogie Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Ноември.2006 во 17:12
Е да ова е најдобрто нешто за поновата Македонска историја треба оригиналите да се чуваат баш убаво што може да се види дека некоја институција во Македонија работи како што треба
Кон врв
дуле Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 11.Ноември.2006
Статус: Офлајн
Поени: 973
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај дуле Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 12.Ноември.2006 во 09:43
Ами бев казал: Ова е предисторијата. Што следува од ова?
Во изполнение на ова спогодба Грците се зодолжуват да признаат и обезбедат националните и културните права на бугарското малцинство во Грција. А ова означава што грците да осигурат обучение на матерен език на бугарското малцинство. Но грците .... за тоа са грци. Хем уж да изполнат условието, хем да не го изполнат. Затоа праат "Абецедар" но со латински букви. А ова е прва стъпка за денационализација. "Разделяй и владей" както са казали римланите. Со ова свое дело грците на практика кажуват: "Во Грција нема бугарско малцинство. Има славјаногласно население што ни е србско ни е грцко. И затоа им печатаме "Абецедар" с латински букви като на хрватите и словенците....". И тоа е бидувало додето земат заема од 10 млн. лири-стрерлинги. А след като земат заема и този "Абецедар" веке не е нужен и бива уништожен.
Ама вие се фатате на грцките уловки като патица на мјуре.
Кон врв
bojan81 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 16.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 531
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај bojan81 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 12.Ноември.2006 во 13:41
Татароман кажи ја целата вистина...

Овој документ е од извонредна голема важност како за дефинирањето на посебноста на македонската националност уште во средината на 20-те години од минатиот век, така, уште повеќе и за фактот што тогашната грчка влада за прв пат официјално го признала постоењето на македонска националност во рамките на тогашната грчка држава. Имено, во 1920 година Грција пред Друштвото на народите Грција го потпишала Севрскиот договор со кој се обврзала да им даде малцински права на сите народности во Грција што не се етнички Грци. Четири години подоцна, во 1924 година, повторно по сугестија на Друштвото на народите, меѓу Грција и Бугарија бил потпишан познатиот Протокол Калфов-Политис со кој врз реципрочна основа Бугарија се обврзуваше на грчкото малцинство во Бугарија да му обезбеди малцински права (јазик, училиште и друго), додека Грција, Македонците од егејскиот дел на Македонија ги признаваше како ,,бугарско" малцинство, на кое би му признале, исто така, малцински права.

Меѓутоа, кога идната 1925 година грчката влада презеде конкретни мерки за објавување на првиот буквар (Абецедарот) за потребите на тоа малцинство, таа јасно и ставила до знаење на бугарската страна дека нема никаква основа Бугарија да се интересира за некакво „бугарско малцинство" во Грција, а уште помалку букварот да биде на бугарски јазик. Грчката страна ,,словенското малцинство во Егејска Македонија го дефинирала како посебна етничка група различна од Бугарите и Србите. Значи не се ниту Коминтерната ниту Тито првите кои ја признале посебноста на македонската нација. Парадоксално но вистинито – тоа е Кралството Грција.

Оттука Букварот т.е. Абецедарот не бил издаден ниту на бугарски ниту на српски јазик туку на леринско-битолското наречје. По неговото издавање тој бил дистрибутиран во некои околии од Западна Егејска Македонија (Костурска, Леринска и Воденска) со што соодветните грчки владини училишни власти започнале со подготовките за негово воведување во употреба и организирање на соодветна настава за македонските деца до четврто одделение на мајчин јазик.

Сепак Кралството Грција никогаш искрено не пристапило кон решавање на ова прашање. Имено, уште на почетокот властите настојувале да изнајдат било каков повод за одлагање на воведувањето на Абецедарот во училишниот систем на Грција. Па така, додека се преземале привидни мерки за отворање македонски училишта, бил инсцениран судир на грчката војска со бугарската кај Петрич, а потоа и организиран масакр врз недолжното македонско население во селото Трлис, Серско. Овие инциденти биле искористени во функција на создавање на несигурност кај Македонците со крајна цел тие самите да се откажуваат од задоволување на нивните малцински права, односно да бараат сигурност преку иселување во Бугарија. Значи главната цел на овие притисоци било да се продуцира иселување на македонското население од Егејска Македонија како би се сменила етничката карта. Со тоа сите напори за задоволување на малцинските права на македонското население би станале безпредметни, што од денешна дистанца се гледа дека ваквата грчка владина политика дала успешни резултати. Поради колонизацијата во 20-те години на XX век, а посебно по егзодусот на македонското население за време на Граѓанската војна од 1949 година, денес етничката карта во Егејска Македонија е значително изменета.

Сепак, иако, Абецедарот практично никогаш не стигнал до рацете на македонските деца, тој сам по себе е едно силно сведоштво за постоењето на многубројното македонско национално малцинство во Грција и обидот на Друштвото на народите со притисок да ја натера Грција да преземе одредени задолженија за задоволување на правата на тоа малцинство.



Изменето од bojan81 - 12.Ноември.2006 во 13:47
Кон врв
bojan81 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 16.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 531
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај bojan81 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 12.Ноември.2006 во 21:13

Грција треба да ги обештети протераните Македонци со 10 милијарди евра

Стоилова
12.11.2006

Имотот од еден милион и 400 илјади метри квадратни, за кој прогонетите Македонци од Егеј тврдеа дека е во нивна сопственост, е проценет на 10 милијарди евра.

Тоа е вкупната сума на пари со која Република Грција треба да ги обештети Македонците кои пред 60-тина години беа протерани од нивните огништа.

„Тоа е богатство големо, кое нам ни одземено, јас ја кажувам цената. Да беше нашата Влада на право место досега ќе го имаше поставено прашањето за репарација“, изјави Ѓорѓи Доневски, Здружение на деца бегалци од Егејска Македонија.

Присутните на вчерашното годишно изборно собрание на штипското здружение „Егеј“ имаат вакви дилеми:

„На кого да ја продаваме таа земја ние, на нашите Македонци или на Грците“, изјавија присутните.

Раководството на овој сојуз ги посоветува своите членови во иднина во Грција да влегуваат групно.

„Не сме за продавање, оти тоа го сакаат Грците, тие би сакале да платат ама да не нема“, вели Доневски.

По шпанскиот и хрватскиот пример за враќање на имотите на протераните граѓани, Европа истото и го сугерира и на Грција, велат од ова здружение.

Кон врв
bojan81 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 16.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 531
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај bojan81 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Ноември.2006 во 01:45
14.11.2006
„Македонија е грчка, а македонската нација е измислена“, вака грчките националисти реагираа кои дојдоа на промоцијата на Абецедарот на македонски јазик во Солун.

Во напната атмосфера, промоторите на букварот со помош на аргументи ги одбија вербалните нападите на дел од насилната публика. На демократски начин им дадоа и простор на противниците на македонската нација, да ги кажат своите аргументи.

Надвор грчката полиција спречи директен судар меѓу левичарски групи кои го поддржаа „Виножито“ и националистите, кои протестираа против букварот.

Дел од нив влегоа во салата и за малку ќе предизвикаа инцидент, кавгата меѓу грците ја прекинаа активисти на „Виножито“.

Откако, поради страв од инциденти беше откажана конференцијата во хотелот „Капсис“, букварот беше претставен во работничкиот дом во Солун.

На чист македонски јазик, пред десетина грчки медиуми, промоторите ја кажаа неговата историја која во исто време е приказна за македонците во Грција.

„Ние сметаме дека во Грција, последните децении имаме два света, како во општеството, така и во политиката“, изјави Павле Воскопулос, „Виножито“.

Јавната дебата за македонското прашање, е знак дека Грција се менува. Можноста македонскиот буквар да се најде во книжарниците во Солун е уште еден добар знак, но треба време за работите целосно да се промената, велат грчките интелектуалци.

„За жал уште не ни е зацврстена демократијата во Грција како што треба, иако се смета дека оваа држава беше лулката на демократијата, сепак треба да кажеме дека ова е и еден дефицит и сеуште не ги има надминато оние предрасуди од минатото“, рече Јоргос Стамакос, писател.

И покрај огромниот успех, во промоцијата на македонското прашање, сепак учесниците на промоцијата се скептици, совеста што ја има Грција за прогонот на македонците во дваесеттиот век предизвикува страв, а тој ќе постои уште долго време, велат тие.

Кон врв
Baron Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 14.Септември.2006
Статус: Офлајн
Поени: 92
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Baron Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Ноември.2006 во 06:11
Strav, strav, ami kako...
I grcite ne se glupi i ubavo znaat od sto se plasat, od kogo se plasat i zosto se plasat.
I imaat mnogu dobra pricina za toa!
So novata geostrategija, niv im pomina modata pa sega Turcija im e na amerikancite daleku po potrebna od niv...
Ili, mozebi treba jas da odam vo Atina da gi ucam?
 
Кон врв
NRGMKD Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
THE EXTERMINATOR

Регистриран: 18.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 7512
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај NRGMKD Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Декември.2006 во 11:57
Кермес фајнали гоес даун...... тоа е најдобрата работа што сум ја чул последниве месец два!!!! ClapClapClapClapClapClapClapClapClapClapThumbs%20Up

http://antitrifun.blog.com.mk/node/57552


Изменето од NRGMKD - 05.Декември.2006 во 11:58
The purpose of war is not to die for your country but to make the other bastard die for his !!! - General George S. Patton - Commander of the III US Army Corps.
Кон врв
natalija Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Министерка за гушкање

Регистриран: 26.Јули.2005
Статус: Офлајн
Поени: 13319
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај natalija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Декември.2006 во 12:09
И мене да ти кажам LOLLOLLOLLOL

само он кога ке биде фајнали гоус авеј LOLLOLLOL
Кон врв
NRGMKD Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
THE EXTERMINATOR

Регистриран: 18.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 7512
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај NRGMKD Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Декември.2006 во 12:10
Soon very soon!!!! WinkWinkWink
The purpose of war is not to die for your country but to make the other bastard die for his !!! - General George S. Patton - Commander of the III US Army Corps.
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  123 36>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,156 секунди.