IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Интима > Семејство
  Активни теми Активни теми RSS - Семејно насилство
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Семејно насилство

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 89101112 17>
Автор
Порака
Popi Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 06.Април.2009
Статус: Офлајн
Поени: 1664
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Popi Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 08.Април.2009 во 13:24
E toa e nesto sto navisitna nemozam da go podnesam, nasilstvo tepacki postojani raspravii, pijancenja i sl. A edna od pricinite, spored mene e toa sto mnogu zenski si mislat deka ke mu dojde pamet ili pak obratno maskite mislat deka ke se pribere i zasaka so vreme, pa i pokraj toa sto znaat so kogo se vo vrska pristanuvaat i na brak.  голема%20насмевка
 
 
Кон врв
Delicia Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
*dream catcher*

Регистриран: 20.Ноември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 10984
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Delicia Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 09.Април.2009 во 01:38
Едно  мало потсетување.

Дефиниции и видови на семејно насилство


Што е семејно насилство


(дефиниција за семејно насилство Закон за семејство на РМ)

Под семејно насилство се смета однесување на член на семејството кој со примена на сила, закана и заплашување врши телесни повреди, емоционална или сексуална злоупотреба и материјално, сексуално или работно искористување на друг член на семејството.

Како семејно насилство се смета однесување сторено:

  • од едниот брачен другар врз другот брачен другар, кои живеат или живееле во брачна или вонбрачна заедница или во кој било вид на заедница како семејство или ако имаат заедничко дете;
  • меѓу браќа и сестри, полубраќа и полусестри;
  • над дете;
  • над постари членови на семејството и
  • над лица-членови на семејството чија деловна способност е делумно или целосно одземена.

(дефиниција за семејно насилство КЗ на РМ, чл.122 ст.17)

Под семејно насилство се подразбира малтретирање, грубо навредување, загрозување на сигурноста, телесно повредување, полово или друго психичко или физичко насилство со кое се предизвикува чувство на несигурност, загрозување или страв спрема брачен другар, родители или деца или други лица што живеат во брачна или вонбрачна заедница или заедничко домаќинство, како и спрема поранешен брачен другар или лица што се наоѓаат во блиски лични односи.

Семејното насилство се одредува како збир на однесувања со цел да се воспостави контрола над другите преку примена на сила, застрашување и манипулирање. Таквото одредување се однесува на најчестите облици на насилство во семејството: телесно злоставување, емоционално злоставување, сексуално злоставување и материјално/работно искористување.
Семејното насилство секогаш претпоставува злоупотреба на моќ во релации кои се темелат на нееднаквост.
Тоа не е нова појава и веројатно постои одсекогаш. Клиничките искуства и емпириските истражувања укажуваат дека, семејството како темелна единица на општеството не е само поддржувачко окружување кое овозможува емоционална, социјална и материјална поддршка на нејзините членови, туку може да биде и насилно опкружување во кое најбрутално се кршат темелните човечки права.
Со истражувањата се утврдени неколку неспорни факти:

  • Поединецот може да биде изложен на насилство во семејството во текот на целиот свој живот, од детството до длабока старост. Најчести жртви на семејно насилство се жените, децата и старите лица
  • Насилството во семејството вклучува широк опсег на загрозувачки однесувања кои еден член од семејството ги користи за да воспостави моќ и контрола над друг член во семејството или да задоволи некои свои потреби на сметка на другиот. Затоа, во секој поединечен случај насилството претставува кршење на темелните човекови права.
  • Последиците од изложеноста на насилство се многубројни и битно влијаат на менталното здравје на оние кои се изложени директно, но и на оние кои се набљудувачи на насилството. Најчести последици се: ниско самопочитување, напнатост, депресивност, агресивност, обиди за самоубиство, зависност, нестабилност во партнерските релации, како и намалено работно функционирање и др.
  • Семејното насилство може да се објасни единствено преку интерактивно делување на поголем број фактори кои се групираат на три нивоа: индивидуални карактеристики, карактеристики на семејството и карактеристики на пошироката општествена заедница
  • Постои јасна поврзаност помеѓу присуството на насилство во семејството и количеството на насилство во општеството, вклучувајќи го и насилството прикажувано на разни медиуми.
  • Постои меѓугенерациски пренос на насилство во семејството. Количината на насилство доживеана во детството придонесува во развивањето и користењето на насилство во возрасно доба.

 

Видови на семејно насилство:

Психичко насилство е дефинирано низ неколку конкретни однесувања и тоа: контрола, изолација, љубомора и емоционални страдања на жената, состојба што жените ги навредува или сопругот се однесува кон неа на начин таа да се чувствува лошо, доминација на мажот во семејството дека неговиот збор треба да биде последен, заплашување,  заканување дека ќе ја повреди неа или блиски луѓе, спречување да работи надвор од домот, омаловажување или понижување пред другите, барање дозвола  да побара здравствена заштита , инсистира да знае каде е и со кого цело време.

Физичко насилство е дефинирано како: употреба на физичка сила или, пак, закана дека истата ќе биде употребена врз жената од страна на нејзиниот брачен (сегашен или поранешен) сопруг или вонбачен партнер или од друг полнолетен член од нејзиното домакинство.

 
Сексуално насилство е дефинирано низ неколку конкретни однесувања: силување, несакан сексуален однос, понижувачки сексуален однос, присила на гледање на порнографски филмови и подведување.

 ......во Р.Македонија секоја втора жена е жртва на психичко насилство.

.......секоја петта жена е жртва на физичко насилство.
 
......секоја десетта жена е жртва на сексуално насилство.
 
.....23,1% од жртвите на семејното насилство пријавиле дека барале медицинска помош.
 
.....55,4% од жртвите на семејното насилство се определиле на пасивност,се согласиле да го трпат насилството и да не превземат ништо да се ослободат од него.
 


Изменето од marija1000 - 09.Април.2009 во 01:57
...It just takes a second to realize how wrong you are, about... everything...
Кон врв
Popi Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 06.Април.2009
Статус: Офлајн
Поени: 1664
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Popi Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 09.Април.2009 во 11:51
Zakonot si e dobar, samo statistikive se uzasno zagrizuvacki.  изненадување 
 
 
Кон врв
lane62 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 08.Април.2009
Статус: Офлајн
Поени: 7583
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај lane62 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 09.Април.2009 во 12:18
se i za razmisluvanje...kako da se resi problemot.
Daj više odmora jeziku nego rukama!
Кон врв
Anarchy Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Фатенко

Регистриран: 19.Март.2009
Статус: Офлајн
Поени: 6676
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Anarchy Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 09.Април.2009 во 12:46
Originally posted by lane62 lane62 напиша:

se i za razmisluvanje...kako da se resi problemot.


Rabotata e sto ne smee da dojde do problem...
Кон врв
lane62 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 08.Април.2009
Статус: Офлајн
Поени: 7583
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај lane62 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 09.Април.2009 во 14:39
toa site go znaeme...i tuka nema resenie...go imalo i ke go ima...pricini ima mnogu...i nema sansa da gi iskorenime ovie gluposti...mozeme i morame da gi namalime!
Daj više odmora jeziku nego rukama!
Кон врв
mamamd Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Почесна конзулка

Регистриран: 02.Ноември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 25679
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mamamd Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Април.2009 во 13:40
Според написот во Нова Македонија
Мажи пак тепаат сопруги и родители
Двајца скопјани што ги малтретирале своите родители, односно сопругата и малолетната ќерка, ќе одговараат за семејно насилство, информираат од скопската полиција. Тие деновиве биле пријавени од своите жртви и против нив експресно биле поднесени кривични пријави.

Во првиот случај четириесет и петгодишен скопјанец со години психички и физички ги малтретирал своите родители. Тој, незадоволен од својот живот, вината ја лоцирал кај своите родители и постојано им се заканувал дека ќе ги избрка на улица или ќе ги убие. Завчера осомничениот С.Џ. дошол во станот на родителите К.Џ. (69) и Л.Џ. (64), кој се наоѓа на улицата Ангел Димовски во населбата Аеродром, и почнал да им вика и да ги навредува. Беспомошните родители само седеле настрана и ги слушале гадостите на своето чедо. Набргу тој почнал да фрла и да крши низ станот, а како капак на сè отишол во кујната и зел два големи кујнски ножа, со кои почнал да замавнува кон родителите. Тие исплашени за својот живот излегле од станот и побегнале, а кратко време потоа го пријавиле насилството на синот во полициската станица во населбата. Истата вечер тој бил лоциран и приведен.

Во неделата, пак, во селото Волково, во полициската станица дошле мајка и ќерка, кои го пријавиле В.Т. (44) за насилство. Тие на полициските инспектори им раскажале оти сопругот често им викал и ги навредувал, а понекогаш и ги удирал. Така во неделата тој без никаква причина или повод се нафрлил на сопругата и почнал да ја удира, а потоа ќотекот продолжил и врз недолжното седумнаесетгодишно девојче.

Според статистиките и анализите на МВР, семејното насилство е најзастапено во Скопје како град со најголем број жители во земјава. Во минатата година биле регистрирани вкупно 378 кривични дела, 730 прекршоци, а полициски екипи интервенирале по 3.671 поплака. Споредено со 2007 година, случаите на семејно насилство бележат пораст од околу 15 отсто.

Само во Скопје полицијата минатата година регистрирала третина од сите кривични дела - 110 и прекршоци 235. Зад Скопје во сите статистики се Куманово и Битола.

Гледано според сторители, деведесет отсто од пријавените се сопрузи или синови, а нивни најчести жртви биле брачните партнери, децата и родителите.

О.Ч.




Во Тетово намалена стапката на семејно насилство

Тетовската полиција од почетокот на годинава евидентирала три кривични дела од областа на семејното насилство. Двајца од пријавените се сомничат дека ги тепале сопругите, а за насилство врз таткото треба да одговара еден тетовец. Според полициските податоци, бројот на семејни насилства во споредба со 2008 година е намален за три пати, бидејќи тогаш биле евидентирани девет случаи.

- За разлика од минатите години, деновиве сè погласно се зборува за семејното насилство. И не само тоа, туку и сè почесто се пријавува во полицијата. Очигледно целосно се менуваат старите стереотипи и предрасуди дека сите кавги и недоразбирања во семејството треба да останат внатре -изјави Марјан Јосифовски од канцеларијата за односи со јавност при СВР-Тетово.

Психичките растројства се најчеста причина на осомничените да дигнат рака врз своите блиски, а во трите кривично санкционирани случаи е употребена физичка сила, што завршило со нанесување телесни повреди.

Покрај кривичните пријави, годинава тетовската полиција поднела и седум барања за поведување прекршочна постапка поврзани со семејното насилство, а примени биле и 32 поплаки, кои се финализирани со писмено предупредување на насилниците .

Кон врв
pagane Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 21.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 13044
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај pagane Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Април.2009 во 13:55
ми остави длабок впечаток еден расказ:
за една македонка оставена од мажот си по време на летен одмор.
еj така, оставил е со две деца сама.
но не тоа ми направи наj длабок впечаток него силата коjа има таа жена- сама, со две деца , без дом , без работа , во туга држава да има успех.

сама си е намерила работа, живее при приjатели / плакjа и наем/ и децата и не се останали ни боси , ни гладни. од мажот - ништо , ни вест, ни кост.
сакам да се запознаам со неjа.
за мене таа е хероj на нашето време.


Кон врв
Wonderful_Life Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Амбициозна Бебушка

Регистриран: 30.Декември.2008
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 7264
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Wonderful_Life Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Април.2009 во 10:23
Изјави на жртви


А.Б. 56 годишна жена, клиентка во Центарот за правна помош од Скопје:

Се случуваше уште во почетокот, само јас не бев свесна, бев млада, со деца мали, со обврски. Секогаш да биде по негово, секогаш да се направи тој како што ќе каже, зашто јас сум била глупа и не сум знаела ништо. Не дај боже да подигнев глас или да му речев не е точно, тој веднаш ќе ме удреше.

Затоа што го разбудил некој на телефон, не знам кој беше, се развика по мене, по име. Јас влегов во ходникот, правев зимница со роднини. Тој ме фати во ходникот и ме удри така силно. Падна, беше пијан. Тоа беше страшно. Јас само викав: Немој, немој роднините гледаат! Немој, зошто ме удираш?!

Се ме болеше. И навредите негови и ударите. Со клоци некој да те мава по стомак или по гради и главата, да те фати за коса, и да ти ја удира од ѕид ... болките се јасни. Колку пати не сум можела да се издишам. Малтретирањето траеше цела ноќ. Ни самата не сум свесна зошто го правеше тоа.

И кога ќе ме удреше, јас ќе свриштев, ќе речев: Зошто ме тепаш, па јас не сум стока. А тој ќе речеше: Што? Ова е тепање? Па, ти не си видела ќотек! Секогаш бев крива. Еднаш не рече јас сум крив. Во целиот наш живот од 36 години тој не рече јас сум крив, извини.

Постојано се испитував, дури и него го оправдував. Ајде млад е, па може му смета тоа што сум го направила.

Не знам што повеќе ме болеше – дали неговите навреди или ударите. Ми се собра сеж и едноставно, верувајте ми, се собрав едно сабајле кога тој отиде во град, ги зедов торбите и излегов од куќа.

Да не ја повторат мојата грешка и да не чекаат времето да донесе некоја промена, туку тие самите да променат нешто во животот, и тоа веднаш. Затоа што со првото преќутување, со првото не сега, утре или следниот пат ќе направам нешто, веќе губат драгоцено време.




Н.Г. 58 годишна жена, сместена во засолниште:

Многу ми бил животот пеколен. Кога ќе ме тепа со стап, кога со клоци, кога со боксови, ќе ме фатеше за коса, главата од ѕид ќе ми ја удираше, морав да клекнам на коленици за да го молам, за да попушти. Животот таков ми беше скоро 15-16 години.

Знаеше да фрла по станот, да крши. Цело време живеевме под стрес и под тензија. Во моментот знаеше да го смени расположението. Да заѕвони телефонот тој е веќе вознемирен.

На коленици ќе клечи, те молам тоа веќе нема да се потвори. Но, само еден месец, по еден месец истата песна. Ги трпев сите последици, да не направам срам, да не речат децата мајка ни оди од маж на маж. Не го направив тоа. Заради тоа останав со него. Животот ми беше пеколен.
Почна во 5 изутрината. Стана и го бркаше детето да си оди. Јас му реков: Ако си оди моето дете, си одам и јас. Си одам и јас од овде, па еве ти куќа и живеј. А тој го зел ножот без да го видам, кујнски голем нож, го зел и го скрил зад себе. Јас мислам како и друг пат дека само ќе ме удри. Но, кога го видов дека со ножот сака да ме погоди директно во срце, се настранив и место во срце ме погоди во стомак. Почнав да крвавам, ја затвори вратата и не ме пушташе за да искрвавам до смрт. Го фати и детето за рака, го вртеше ножот за да го убоде и детето. Обид за убиство кон двајца! Јас не знам како може таков убиец да шета на улица, само тоа не ми е јасно...




В.К. 49 годишна жена, клиентка во Центарот за правна помош од Скопје:

Зошто баш таа кошула што тој сакал да ја облече, таа не е испрана или не е испеглана или специјални некои чорапи што му одговараат во тој момент не се спремни.

Ќе почнеше демек да се извинува што не запоставува и мене и детето, демек ќе се промени, само малку да се стрпам, или ќе избувне, па сето тоа ќе се завршеше со... не беше тоа водење љубов, туку силување. По тоа се чувствував уште помизерно.

Не можев да внесувам храна доволно колку што ми треба. Почнав да повраќам во нервоза. Тахикардиите станаа секојдневни. Неколку пати морав да одам на дежурен лекар за проблеми со срцето. После една таква нервоза мораше да викне итна помош бидејќи се онесвестив. Цела ноќ ме држеше стиснато во себе, се извинуваше и рече дека никогаш повеќе нема да се повтори. Меѓутоа работите се повторија по неколку дена.

Ќе се наљутев, ќе му речев ќе те оставм, не можам веќе. Добро, ќе ме видеше дека сум на крај, дека викам, дека лексилиуми пијам со години, од утре ништо не ти зборам, ништо не ти правам. Тоа траеше два – три дена.

Во почетокот вината ја барав во себе, да не сум погрешила некаде. Разговарав со блиски пријатели, од страна како ме гледаат, да не грешам некаде, меѓутоа јас барем не најдов вина во себе. Се обидов да кажам на многу блиска моја пријателка, меѓутоа таа не ми веруваше. Мислеше дека така ми се причинува бидејќи тој беше типичен пример на класичен домаќин, на стар домаќин.

Секоја жена која е жртва на семејно насилство нека го пријави случајот, нека не седи, за да не дојде до степенот до кој јас дојдов. Тоа го препорачувам на секоја личност, а знам дека во Македонија ги има многу. Многу прикриваме, знам дека се плашат. Не треба да се плашат веќе. Јавно треба да се излезе и да се каже што се случува.







Gospod gi sozdal zenskite,zasto imal smisla za ubavina, a maskite zasto imal smisla za humor
Кон врв
Pacifist Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 28.Јули.2008
Локација: Switzerland
Статус: Офлајн
Поени: 1618
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Pacifist Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Април.2009 во 14:48
 

Кривична за скопјанец кој ја злоставувал ќерка си

   
 
 

37-годишниот М.А. од Скопје вчера заработи кривична пријава поради постоење основано сомнение дека во повеќе наврати извршил обљуба над неговата 16-годишна ќерка, односно дека сторил кривично дело „родосквернавење“.

Како што соопшти Министерството за внатрешни работи, од страна на Истражен судија му е определена мерка притвор во траење од 30 дена.

Пријавениот, како што се наведува во соопштението, по насилен пат без согласност на ќерката ја принудувал да има сексуален однос со него.

За првпат тоа се случило во 2007 година во семејната куќа во населбата Маџари и од тогаш па наваму кога биле сами во домот таткото ја присилувал на сексуален однос, притоа заканувајќи и се дека ќе ја убие ако за ова некому каже.

Во случаи кога таа ќе се спротивставела, таткото над оштетената употребувал физичка сила, удирајќи ја со тупаници.

Пријавениот последен пат ја принудил неговата ќерка на сексуален однос два дена пред случајот да биде пријавен во полициската станица, од страна на нејзината мајка. Случајот бил пријавен поради тоа што ќерката повеќе не можела да го поднесе сексуалното насилство и малтретирање, а уште повеќе бидејќи немала добиено месечен циклус од поодамна и се посомневала дека е бремена.

Од страна на Институтот за судска медицина и криминалистика при Универзитетот „Кирил и Методиј“ - Скопје извршен е телесен преглед над оштетената и при тоа било утврдено дека таа е бремена.

Врз основа на спроведената ДНК анализа од примероците од крв од оштетената и нејзиниот татко, како и од плодот, е утврдено дека постои совпаѓање помеѓу плодот и пријавениот.

....INDEPENDENCE IS BETTER THAN SEX...
http://www.youtube.com/watch?v=7c7GdLlVrwo&feature=related
Кон врв
МАРШАЛ Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
ГРОБАР ДО ГРОБА

Регистриран: 06.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 44396
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај МАРШАЛ Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Април.2009 во 14:53
mislam deka tie ludje treba da se utepaat po kratka postapka ........ so kundak da se tepaat do smrt ............ ne vredi ni k*rsum da se arci na niv . osobeno ne vo sostojba na ekonomska kriza лутина
Кон врв
Delicia Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
*dream catcher*

Регистриран: 20.Ноември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 10984
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Delicia Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Април.2009 во 18:29
Си ја претепал ќерката


Пијан татко ја претепал својата седумнаесетгодишна ќерка, повредувајќи ја во десната дланка. Четириесет и петгодишниот штипјанец Н.З. бил приведен вчера од страна на полицијата, која му поднела пријава за нанесување телесна повреда од областа на семејно насилство.
Семејната драма се одиграла вчера во домот на Н.З. во Штип. Тој под дејство на алкохол најпрвин почнал да се расправа со Т.З., а потоа и физички ја нападнал. Со рака ја удрил во пределот на десната дланка, нанесувајќи и телесна повреда.
Од МВР велат дека по извршениот алкотест кај насилникот биле најдени 1,13 промили во крвта на Н.З..

...It just takes a second to realize how wrong you are, about... everything...
Кон врв
*moon* Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 27.Јануари.2008
Статус: Офлајн
Поени: 7657
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај *moon* Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Април.2009 во 02:46
..можеби малку невообичаенона овој ден ваква тема но ми дојде на ум...
размислувам зошто во државава да не се отвори некој центар во кој ќе бидат згрижени ваквите жртви,а државата да им обезбеди некој дом или работа...СВРТИЛИШТЕ ЗА ТАКВИТЕ ЛУЃЕ?!
Ако го победиш моментот ти си најсилниот човек на светот
Кон врв
mrzla Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
натурална девојка

Регистриран: 14.Мај.2008
Статус: Офлајн
Поени: 13330
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mrzla Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Април.2009 во 02:49
па работат на ова Социјални Грижи
Кога се појавува проблем се одзема детето и се носи во дом
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 89101112 17>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,141 секунди.