IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > АРХИВА > Историја и политика
  Активни теми Активни теми RSS - ИЗБОРИ 2009 - генерална дискусија
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

ИЗБОРИ 2009 - генерална дискусија

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 2122232425 35>
Автор
Порака
mamamd Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Почесна конзулка

Регистриран: 02.Ноември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 25679
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mamamd Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Февруари.2009 во 13:00
Od sabajle ostanav shokiranaзбунетост...ova pismo vo Utrinski vesnik me iznenadi... Nekoj cita , nekoj ne cita utrinski pa ubavo e ova da se vidi..procita..prokomentira... Shto bidna rabotava?????изненадување
Да гласаме за Брат Љубе за претседател

Гоjко Јаковлески, основач на ВМРО-ДПМНЕ

Разочаран сум од целата постапка на ВМРО-ДПМНЕ што ја спроведе за избор на кандидат за претседател на Република Македонија. Предизборните случувања редовно ги следам преку информациите во печатените и во електронските медиуми. ВМРО-ДПМНЕ најави дека на демократски начин ќе го избере свoјот фаворит - кандидат за претседател на државата, на конвенција, како што тоа е предвидено со Статутот на партијата. Дотука се' е в ред.

Но, пред да се распише конк*рсот за пријавување кандидати кои ќе учествуваат во трката за номинација, видни членови на партиското ркаоводство потпишаа документ со кој за кандидат за претседател на државата го кандидираа и наедно ја поддржаа кандидатурата на професорот д-р Ѓорге Иванов. И не само тоа: поддршка побараа (или ја изнудија), а се разбира и ја добија, од ректорите на државните универзитети во Скопје, во Битола и во Штип, од неколку академици на МАНУ, од интелектуалци итн. Значи, тоа е демократија. Се прашувам, кого лажат? Членството на ВМРО-ДПМНЕ и македонскиот народ го понижија и најлошо е во тоа што мислат дека некој им верува во оваа манипулација, која се гледа од авион! На овие финти никој не верува! Само послушниците аплаудираат и фалат дека изборот бил најдобар. Се разбира, тоа го прават од страв да не ја загубат работата, функцијата... како и оние кои се надеваат дека ветеното ќе го добијат по изборите: вработување, функција и сл.

Оваа гарнитура на ВМРО-ДПМНЕ ја пропушти шансата да се докаже како демократска. Изборот на претседателскиот кандидат на партијата да го извршеа како што прилега на партијата која се декларира и сака да стане современа европска партија. Но, целата постапка на изборот и со божемниот отворен конк*рс беше лакрдија. Кандидатурата, на веќе избраниот кандидат за претседател, да не биде осамена, како противкандидат, се пријави или го убедија да се пријави Тодор Петров, лидер на друга политичка партија. Ако сакаше процесот да биде демократски, раководството на ВМРО-ДПМНЕ, воопшто не требаше да истакнува свој фаворит, туку секој граѓанин на Република Македонија, кој ги исполнува условите за оваа значајна функција и мисли дека може да одговори на предизвикот, да поднесе кандидатура, а Конвенцијата да го избере најдобриот од пријавените кандидати. Ако кандидатот за претседател не се знаеше однапред и Конвенцијата, која беше чиста формалност, верувам дека ќе се пријавеа неколку истакнати личности - партиски и непартиски и поддршката ќе ја побараа од Конвенцијата, како што беше во 1994 година, кога конк*рираа пет кандидати (д-р Симон Дракул, Љубиша Георгиевски, Димитар Димитров, академик Никола Кљусев и Крсто Поп Стефанија). За претседателски кандидат беше избран Љубиша Георгиевски, по неколку гласања, кои траеја до раните утрински часови. Изборот беше демократски и, за жал, неповторлив!

Ако изборот беше демократски, на Конвенцијата верувам дека ќе се пријавеше и Брат Љубе (Бошкоски), кој е мошне популарен меѓу народот. ВМРО-ДПМНЕ требаше да му даде шанса да учествува на Конвенцијата, нему и на други членови. Овој пат тоа задоволство им беше оневозможено.

Љубе Бошкоски, покажа и докажа, не само со зборови, туку со дела дека е вистински патриот, лојален на државата... Тој беше меѓу ретките политичари и функционери во 2001 година, за време на воениот конфликт, кој застана во одбрана на државата не жалејќи го својот живот. За патриотизмот, за неделата што не ги направил беше обвинет и четири години невин лежеше во затворот во Хаг.

Брат Љубе во ВМРО-ДПМНЕ се приклучи од нејзиното формирање и даде голем придонес во ширењето на платформата и идеите на партијата Македонија да биде самостојна, независна и суверена држава. Токму затоа, граѓаните на Република Македонија на претстојните претседателски избори треба да го дадат гласот за Брат Љубе. Со неговиот избор за шеф на државата верувам дека ќе направи многу за обединувањето на народот од сите етникуми, за афирмација на државата во светот и ќе се избори Македонија да стане членка на НАТО и ЕУ.

Македонски граѓанину, гласај со својот ум и разум, за доброто на Македонија!


Кон врв
DEFENDER Кликни и види ги опциите
Група
Група
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Декември.2008
Локација: United Kingdom
Статус: Офлајн
Поени: 49
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај DEFENDER Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Февруари.2009 во 23:31
Zalosno nema adekvaten predsedatel vo Makedonija sve nekoj kori i slepi. Na Makedonija i treba diplomat da i pomogne vo integracijata za nato i eu i da zajakne drzavata a ne politicki poslusnici. nieden nema da bide idealen no barem da se stavi najdobriot od najlosite.
>>> COGITO ERGO SUM <<<
Кон врв
Анастеа Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор
Лик (аватар)
ПИПИ долгиот чорап

Регистриран: 07.Април.2008
Статус: Офлајн
Поени: 35441
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Анастеа Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 18.Февруари.2009 во 10:52

ДИК денеска со ждрепка ќе го утврди редоследот на претседателските кандидати на гласачкото ливче.

Вкупно седум кандидати за нов претседател на Македонија ќе учествуваат на претстојните претседателски избори: независниот кандидат Љубе Бошкоски, кандидатот на ДУИ Агрон Буџаку, кандидатот на ЛДП Нано Ружин, кандидатот на ДПА Мируше Хоџа, која е единствената жена, кандидатот на СДСМ Љубомир Фрчкоски, кандидатот на Нова демократија Имер Селмани и кандидатот на владејачката ВМРО-ДПМНЕ Ѓорѓи Иванов.

Ќе го почекаме редоследот на кандидатите на гласачкото ливче па ќе направиме една анкета со сите кандидати.намигнување


Кон врв
nelson Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
НАИВЕН НА МАЈКА

Регистриран: 11.Октомври.2008
Статус: Офлајн
Поени: 6313
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај nelson Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Февруари.2009 во 10:34
smeeme li?
Zeleo bih da te, vezanih ociju, prepoznajem u hiljadama.Ala bih se napipao!
Кон врв
Анастеа Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор
Лик (аватар)
ПИПИ долгиот чорап

Регистриран: 07.Април.2008
Статус: Офлајн
Поени: 35441
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Анастеа Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Февруари.2009 во 20:37
Што дали смееме?збунетост
Кон врв
orlov Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
army veteran 2001

Регистриран: 26.Јули.2007
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 11342
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај orlov Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 21.Февруари.2009 во 00:17
Originally posted by Командантица Командантица напиша:

отсекогаш се прашував,..заш жена никогаш не била претседател, на РМ,..нити се кандитирала жена..?


Од сега не треба ад се прашуваш. Искрено би сакал да не се откажеше Слаѓана Тасева. Верувам дека таа се ќе средеше. Но биде што Би.намигнување


Изменето од orlov - 21.Февруари.2009 во 21:51
,,СЕКОГАШ ВО СЛУЖБА НА ТАТКОВИНАТА,,              
Кон врв
orlov Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
army veteran 2001

Регистриран: 26.Јули.2007
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 11342
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај orlov Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 21.Февруари.2009 во 00:18
Originally posted by orlov orlov напиша:

[QUOTE=Командантица]отсекогаш се прашував,..заш жена никогаш не била претседател, на РМ,..нити се кандитирала жена..?


Од сега не треба ад се прашуваш. Искрено би сакал да не се откажеше Слаѓана Тасева. Верувам дека таа се ќе средеше. Но бид што Би.намигнување

,,СЕКОГАШ ВО СЛУЖБА НА ТАТКОВИНАТА,,              
Кон врв
orlov Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
army veteran 2001

Регистриран: 26.Јули.2007
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 11342
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај orlov Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 21.Февруари.2009 во 00:19
Originally posted by anastea anastea напиша:

Што дали смееме?збунетост




Смееме. Народот сме се доколку политичарите работат спротивно на интересите на народот.задоволство

,,СЕКОГАШ ВО СЛУЖБА НА ТАТКОВИНАТА,,              
Кон врв
ato Кликни и види ги опциите
Група
Група
Лик (аватар)

Регистриран: 08.Декември.2008
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 76
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај ato Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 21.Февруари.2009 во 21:28
Ве молам во кој гледате претседателски кандидат.
За срам да ни е од толку македонци да не може да се избере еден кандидат.
Сите се прикаска за себе.
Или е прост, или е полтрон или ако е паметен е нестабилен или или или.
А за ДПМНЕ, зарем не гледате дека се мали недоучени КОМУЊАРЧИЊА.
Сега сфатија што е комунизам па сакаат на друга основа да го применат и го применуваат.
ЖАЛНА МАКЕДОНИЈА ЖАЛНИ МАКЕДОНЦИ
Кон врв
mamamd Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Почесна конзулка

Регистриран: 02.Ноември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 25679
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mamamd Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Февруари.2009 во 13:38
Трпи бабо за убавина...гласи една народна поговорка... Или ќе имаме претседател како што треба а ќе немаме професор или ќе имаме професори ама ќе немаме кандидати за професори.изненадување Нова Македонија како по обичај со информации од теренотнамигнување
Професорите-кандидати за претседател заборавија на студентите
Кај Фрчкоски редовно имавме предавања во првиот семестар, но овој семестар не го слушаме неговиот предмет. Иванов не доаѓа на секое предавање, исто како и Хоџа, а Ружин е редовен.

Ова го велат студентите на Правниот, Филозофскиот и на Филолошкиот факултет, на кои им предаваат професорите што се кандидати за претседател на државата. Политичките ангажмани полека ги тргаат од матичните факултети, иако има уште десетина дена до официјалниот почеток на предизборната кампања.

Вчера ги побаравме професорите на работните места. На работа беше само професорот Фрчкоски, кој предава меѓународно јавно право. Во неговиот кабинет полагаа неколку студенти. Кабинетот на Иванов, професорот по политичка теорија и политичка филозофија, беше заклучен. Никој немаше ниту во кабинетот на професорот Ружин на Институтот за социјална политика.

- Професорот Иванов сега не доаѓа често, па за сè што ни треба се консултираме со неговите асистенти. Ако ни треба негов потпис, асистентите имаат факсимил од потписот на професорот - велат студентите.

Не е забрането професорите да им држат предавања на студентите, без оглед на тоа што се на прагот на политичка кампања за избор на претседател на државата, сметаат експертите. Повеќето од нив велат дека студентите не смеат да трпат поради нивните политички обврски, особено не во периодот кога сè уште официјално не е почната предизборната кампања.

- Не е спорно ако професорот што е кандидат за претседател на државата држи предавања на студентите во предизборен период. Кој било професор, надвор од кампања, ако сака, може да влијае врз политичката определба на студентите. Професорот предава исто како на пример и хирургот што врши операции а е претседателски кандидат - вели Ана Павлова Данева, професорка по управно право на Правниот факултет.

Темелко Ристовски, професор по управно право на ФОН-уУниверзитетот, смета дека професорите не смеат да ги занемаруваат обврските што ги имаат кон студентите.

- Треба да најдат средина помеѓу професионалните и политичките обврски - вели Ристовски.

Професорот Иванов, откако се кандидира за претседател на државата, ја откажа и функцијата што ја вршеше како претседател на Одборот за акредитација на приватни високообразовни институции. Негов заменик е професорката Виолета Арнаудова на Филозофскиот факултет.

- Мојот став за работата на професорите е дека студентите не смеат да трпат, оти имаме нов систем за следење на наставата, каде што секој загубен час може многу да ги чини токму студентите - рече Арнаудова.


Кон врв
Pacifist Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 28.Јули.2008
Локација: Switzerland
Статус: Офлајн
Поени: 1618
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Pacifist Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Февруари.2009 во 17:28
ZORAN ZAEV :
Апсолутно мислам дека на овие избори мораме да ги потврдиме демократските вредности. Дуелот е една од потврдените светски, европски методи на презентирање програми, кандидати, опции, иднини, итн. Јас сум убеден дека ќе прифатат и дека ќе дојдат. Значи, ние во секој случај ќе апелираме и еве и сега апелираме - дуелите се неопходни..
 
potpolno se slozuvam so zaev deka treba da ima eden ili poveke tv dueli megju pretsedatelskite kandidati ... iskreno da vi kazam voopsto ne go znam kandidatot na vmro - dpmne ... ne znam dali se nesposobni ili tolku se plasat no treba da izlezat na tv duel ...
....INDEPENDENCE IS BETTER THAN SEX...
http://www.youtube.com/watch?v=7c7GdLlVrwo&feature=related
Кон врв
mamamd Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Почесна конзулка

Регистриран: 02.Ноември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 25679
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mamamd Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Февруари.2009 во 19:04
Кандидатите на СДСМ и на ВМРО како што вели народецов наш колку до вчера дуваа во иста тиква, односно биле колеги кои предавале ист предмет на правниот факултет. Значи професорска фела кои нема зошто да имаат трема бидејки и двајцата застанувале пред амфитеатар полн студенти и држеле предавања без трема од аудиториуми.
Веројатно проф. Иванов како еден од омилените  професори нема да си дозволи да остави впечаток дека се плаши од  неговиот колега Фрчковски. Јасно дека тука ќе имаме ТВ дуел на двајца стручњаци-колеги од кои едниот е мирен и сталожен а другиот брз и малку по нервозен во говорот.голема%20насмевка

Кон врв
Andjelina Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Miss High Hill’s

Регистриран: 07.Ноември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 14129
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Andjelina Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Февруари.2009 во 20:06
„Еден за сите“ е слоганот под кој ќе се одвива кампањата на претседателскиот кандидат на ВМРО-ДПМНЕ, Ѓорге Иванов.     
еден за сите-сите за никадегазење%20од%20смеење
Фрчковски и Бошковски ги знаеме сите бидејки се долго во политиката,но Иванов го знаат студентите и мал круг на луѓе
Значи,треба да излезат сите на дуели како би ги запознале подобро
сепак ,треба да одлучиме за кого ќе гласаме...а како да гласаме кога едниот е непознат за дел од гласачите
Никогаш не научив дали е подобро да носиш патики или штикли кога ќе тргнеш во потрага по делот од душата кој ти недостасува

Кон врв
Pacifist Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 28.Јули.2008
Локација: Switzerland
Статус: Офлајн
Поени: 1618
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Pacifist Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Февруари.2009 во 22:31
no za nekoi lugje e dovolno samo toa sto e kandidat na VMRO - DPMNE ... ne znaat da mislat podaleku od toa ... cim e od vmro , dobar e ... збунетост tie znaat najdobro ...
....INDEPENDENCE IS BETTER THAN SEX...
http://www.youtube.com/watch?v=7c7GdLlVrwo&feature=related
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 2122232425 35>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,219 секунди.