IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Општо > Животински и растителен свет
  Активни теми Активни теми RSS - Кучето и тагата...
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Кучето и тагата...

 Внеси реплика Внеси реплика
Автор
Порака
LouWeed Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
I AM THE KING OF ROCK&ROLL

Регистриран: 28.Мај.2005
Статус: Офлајн
Поени: 13012
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај LouWeed Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Тема: Кучето и тагата...
    Испратена: 13.Ноември.2007 во 14:27
Шестмесечниот голден ретривер Бас, миленикот на трагично починатата мегаsвезда Тоше Проески, ниту јаде, ниту пие.
Бас тешко ја поднел смртта на Тоше со кого бил многу близок, велат неговите роднини. Ретриверот Бас со светло костелива скоро бела боја на крзното (ретривер со бела боја е многу редок примерок) Тоше го купил од Белград. Контактот одел преку неговата блиска пријателка тв водителката Мелита Ракичевиќ која му ја препорачала на Тоше најдобрата одгледувачница на вакви кучиња на Балканот. Тоше малиот Бас го чувал во станот во Злокуќани.
За него се грижел лично тој и неговата девојка Андријана Будимир. Таа за српскиот магазин "Стори" еден ден по смртта на мегаsвездата изјавила дека еден ден дошол Тоше и во рацете го држел малиот Бас и и рекол дека го купил кученцето за да не биде сама, да и прави друштво.
Андријана многу се грижела за новиот член на семејството, велат нашите извори и додаваат дека таа секое утро го шетала Бас во комплексот Злокуќани. По смртта на Тоше, кучето било однесено во неговото родно Крушево каде сега за него се грижат роднините на Тоше.
"Првите неколку дена по трагичниот настан кучето тагуваше. Само седеше во дворот и не сакаше да јаде ниту да пие вода. Но сега е веќе подобро. Го шета Кристијан, внукот на Тоше и уште двајца негови братучеди", велат роднини на семејството Проески.
"Познато е дека кучињата емоционално се врзуваат за своите сопственици. По смртта на сопственикот кучето тажи, односно одбива храна, незаинтересирано е за околината и најчесто со часови лежи во иста положба. Моето искуство вели дека кучињата на починатите сопственици најчесто умираат од тага, зашто додека траело нивното секојдневно дружење постоела взамна љубов која сега им недостига. Кучињата знаат да сакаат, по верни се од луѓето и затоа паѓаат во емоционална криза која тешко ја пребродуваат", вели Ристе Гиовски професионален тренер во АРМ .
Тој објаснува дека оваа емоционална криза може да се преброди само ако некој член од семејството на починатиот ја земе обврската да се грижи за кучето.
" Кучето најлесно ќе ја преброди смртта на сопственикот само ако почуствува силна љубов од друга личност. Со ова куче треба да се работи секој ден, за да не му се дозволи да тагува. Тоа се прави со негово секојдневно анимирање во разни игри, чести и долги прошетки и присуство на друго куче", додава Гиовски.
Тоше многу ги сакаше животните, посебно му беа страст кучињата. Во родното Крушево чуваше неколку шарпланинци и ловџиски кучиња. Пред две години Тоше си го купи сибирскиот самојед Барон, но минатата пролет кучето му го отруја во Крушево.



Изменето од LouWeed - 13.Ноември.2007 во 14:28
Кон врв
macedonian1 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 22.Октомври.2007
Статус: Офлајн
Поени: 136
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај macedonian1 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Ноември.2007 во 20:37
uf sto da kazam?
 tazno e ova...
mozam samo da potvrdam deka kucinjata navistina se verni i dobri prijateli na covekot, se privrzuvaat za nas i ponekogas koga sme tazni tie zabelezuvaat i sakkat da ne raspolozat.
ponekogas tolku dobro te razbiraat sto ima zboruvas sto za mig pomisluvas deka i tie sakkat nesto da ti kazat.
mi nedostiga moeto kuceтагатагатагатага
Кон врв
Гостин Кликни и види ги опциите
Гостин
Гостин
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Гостин Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Ноември.2007 во 18:29
ja razbiram ..kuceto i tagata...ama uste podobro ja znam,
i ja pocustvuvav tagata za kuceto...
Кон врв
orlov Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
army veteran 2001

Регистриран: 26.Јули.2007
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 11342
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај orlov Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Декември.2007 во 22:48
Имав едно многу убаво куче, но злата сатана од човек ми го отру.
,,СЕКОГАШ ВО СЛУЖБА НА ТАТКОВИНАТА,,              
Кон врв
eva2marija Кликни и види ги опциите
Нов член
Нов член
Лик (аватар)

Регистриран: 04.Декември.2007
Локација: Germany
Статус: Офлајн
Поени: 37
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај eva2marija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 04.Декември.2007 во 22:34
Originally posted by orlov orlov напиша:

Имав едно многу убаво куче, но злата сатана од човек ми го отру.


Isto i kuceto na moite vo MK, go otruja...i sto da kazam: Prviot Komsija (onaka od aren, poaren )

Tocno e deka kucinjata taguvaat...i toa mnogu dolgo taguvaat.
Кон врв
orlov Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
army veteran 2001

Регистриран: 26.Јули.2007
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 11342
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај orlov Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Декември.2007 во 23:46
Originally posted by eva2marija eva2marija напиша:

Originally posted by orlov orlov напиша:

Имав едно многу убаво куче, но злата сатана од човек ми го отру.


Isto i kuceto na moite vo MK, go otruja...i sto da kazam: Prviot Komsija (onaka od aren, poaren )

Tocno e deka kucinjata taguvaat...i toa mnogu dolgo taguvaat.




да, тие тагуваат дури повќе и од нас.
,,СЕКОГАШ ВО СЛУЖБА НА ТАТКОВИНАТА,,              
Кон врв
Izzi Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
BRAINIAC

Регистриран: 18.Септември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4475
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Izzi Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 02.Јануари.2008 во 05:09
еднаш еден копиљ донесе две кучиња кај мене на викендицата да го здават моето едно кое беше врзано...среќа што дојдов на време да го спасам...многу ми беше жал зашто го оставив врзано...му ги гледав повредите и немаше да си простам ако загинеше...

за да компензирам малце...тој што ги донесе кучињата...го фатив...на крај жал ми падна колку го претепав...ама си заслужи...лутина
Кон врв
Omar Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Too young to die...

Регистриран: 22.Февруари.2009
Статус: Офлајн
Поени: 12633
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Omar Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 21.Април.2015 во 16:52
Кон врв
Omar Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Too young to die...

Регистриран: 22.Февруари.2009
Статус: Офлајн
Поени: 12633
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Omar Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 21.Април.2015 во 16:57
Другарка ми има Beagle малечко е неколку месеци, нон стоп кога сум слободен одам со неа да го шетаме, си играм, ептен е пријателски настроено.. Еден ден така како што шетаме се спремаше да врни и другаркава ми вели ‘‘почувај го на 10 минути дури си тука, да влезам во маркет, оти ако заврни не можам да го ставам само на дождот’’. И само што примети дека не е тука, почна да квичи, мислиш мало дете плачи. Луѓето се вртат се чудат што му е, јас се обидувам да го залажам некако да не квичи, едвај се смири некако, ама не мрдна од пред маркет додека таа не излезе и само што излезе истрча одма кај неа..
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 98436
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Февруари.2019 во 09:58

Фотографија која го крши срцето: Кучето на Сала сè уште го чека својот газда да се врати дома… (ФОТО)



Фотографија која го крши срцето: Кучето на Сала сè уште го чека својот газда да се врати дома… (ФОТО)

Дваесет и осумгодишната Ромина Сала, сестра на исчезнатиот аргентински напаѓач Емилијано, кој веќе е прогласен за загинат откако се пронајде урнатиот авион длабоко во морето сподели фотографија од неговото куче.

Нала била спасена од шинтерница, а сега секој ден го чека својот сопственик да се врати дома.

Спасувачите пред два дена го пронајдоа паднатиот авион со кој патуваше Сала, речиси две седмици од моментот на исчезнување. Тие објавија дека во остатоците било видливо тело.


Изменето од Valerija - 16.Февруари.2019 во 09:59
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 98436
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Јули.2019 во 14:59

„Хачико од Грција“: Куче 18 месеци живее на местото каде почина неговиот сопственик и го чека да се врати


Ја знаете ли сторијата за Хачико, кучето кое секој ден цели девет години на железничката станица во Токио го чекаше да се врати неговиот сопственик кој почина? За него е снимен филмот со Ричард Гир „Hachi: A Dog's Tale“.

Приказна за куче од Грција потсетува на верноста на Хачико.

Лојалниот миленик веќе 18 месеци живее на местото каде неговиот сопственик направил сообраќајна несреќа и починал како последица на повредите. 40-годишниот Харис издишал за последен пат на 9 ноември 2017 година, а белото крзнено животно сè уште го чека покрај патот кај реката Евинос, не сфаќајќи дека тој повеќе нема да се врати.

КучеКучеКуче

Локалните жители на Нафпактос биле потресени од веста за несреќата, бидејќи и братот на Харис претходно имал иста судбина.

Не е познато како кучето стигнало до местото кое се наоѓа на 12 километри од неговиот дом, но познато е дека локалното население многупати безуспешно се обидувало да му најде нов дом и да го тргне од патот. Бидејќи кучето постојано се враќало таму, луѓето одлучиле да му направат засолниште покрај дрвеното црквиче подигнато во чест на неговиот сопственик. Тие редовно му носат храна и вода додека тоа трпеливо го чека својот омилен човек да се врати.

КучеКуче

Импресионирани од неговата лојалност, локалните жители го нарекоа „Хачико од Грција“.

КучеКуче

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,109 секунди.