IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Забава > Музика
  Активни теми Активни теми RSS - МУЗИЧКИ ВЕСТИ
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

МУЗИЧКИ ВЕСТИ

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 7891011 32>
Автор
Порака
Eli Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 30.Ноември.2007
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 1968
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Eli Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 21.Декември.2008 во 13:54
Фановите на Тоше ја избраа обвивката за CD-то The Hardest Thing

По десетдневното гласање на шест регионални портали, вклучувајќи ја и web-страната MMM.com.mk, каде гласаа пред се фановите од Македонија, ги имаме резултатите од анкетата: Кое од четирите предложени решенија треба да се најде на обвивката на албумот The Hardest Thing, пред се наменето за светскиот пазар.

За десет дена, колку што траеше гласањето, на MMM.com.mk беа регистрирани рекордни 10.401 глас, од кои 6.550 (63%) беа за првиот предлог – темно сина обвивка на кое се Тоше и ѕвездата.

На второто место, според собраните гласови, се најде вториот предлог за кој гласаа 2.638 фанови (25%), додека предлог број 3 на крајот од гласањето имаше 721 глас (7%).
За четвртиот предлог имаше 492 гласа, или 5%. Дознаваме дека идентични резултати се добиени и на другите портали на кои се одвиваше гласањето.

Им благодарам на сите кои гласаа на анкетата, и на тој начин, место Тоше, ја избраа обвивката за неговото прво и последно CD наменето за светскиот пазар – изјави менаџерката Љиљана Петровиќ, и дополни:

Во истовреме им се извинувам и на сите гледачи на А1 телевизија и на емисијата Ексклузив, во која кажав дека гласањето е отворено до 20. јануари. Гласањето беше предвидено да трае десет дена, и траеше според предвиденото. Мојата изјава, иако избегнувам да давам изјави, ја кажав телефонски, без доволно концентрација, не сакајќи да ги одбијам новинарите на Ексклузив – вели Петровиќ.

Според неа, обвивката веќе деновиве заминува на печатење, додека објавувањето на албумот The Hardest Thing е предвидено на 25. јануари 2009-та, кога Тоше Проески требаше да го прослави својот 28-ми роденден.

МММ.com.mk им се заблагодарува на сите кои во изминативе десет дена гласаа на анкетата и кои оставија свој коментар, зачувувајќи и на тој начин спомен на нашиот единствен Тоше Проески!

Човекот секогаш треба да остане човек,без разлика со што се бави и каков успех има..
Кон врв
Гостин Кликни и види ги опциите
Гостин
Гостин
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Гостин Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Декември.2008 во 12:10
http://www.idividi.com.mk/Futurama/InternetIT/492202/index.html

You Tube ќе ги тргне музичките спотови
Кон врв
Гостин Кликни и види ги опциите
Гостин
Гостин
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Гостин Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 28.Декември.2008 во 08:50

 

U2 ќе објави пет верзии на својот нов албум

 

"No Line On The Horizon" излегува на 2-ри март наредната година, а фановите на бендот ќе може слободно да си одберат една од петте понудени верзии за купување на последното од U2 (доколку пред тоа ги немаат песните од албумот, симнати од пиратски сајтови).

U2 планира да ги привлече купувачите со лепеза на атрактивен избор, па за таа цел на музиката и се придружува новиот филм на Антонио Корбино.

Покрај класичното ЦД издание и винил варијантата, ќе се појават дури три лимитирани изданија: digi pack верзија со книга која е дебела 36 страни, постер и Корбиновиот филм како бонус; магазинска верзија во формат за читање (60 страници, плус филмот кој може да го симнете од нет), како и најскапата петта Box Set варијанта - во која покрај албумот, се наоѓаат книга од 60 страници и ДВД филм.

Кон врв
Wonderful_Life Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Амбициозна Бебушка

Регистриран: 30.Декември.2008
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 7264
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Wonderful_Life Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 01.Јануари.2009 во 04:02
Coldplay на своите фанови ќе им подарат божиќен подарок. Се работи за ремикс верзијата на хитот „Viva La Vida“, која специјално за групата ја направи Thin White Duke. Песната ќе може бесплатно да се даунлодира преку официјалната веб страна на бендот www.coldplay.com.

Ремикс верзијата на „Viva La Vida“ ќе биде достапна 12 дена, почнувајќи од 5 јануари. Дополнителен подарок е и видео верзијата на нивната верзија на божиќната песна „2000 Miles“ од групата Pretenders.
Кон врв
Анастеа Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор
Лик (аватар)
ПИПИ долгиот чорап

Регистриран: 07.Април.2008
Статус: Офлајн
Поени: 35441
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Анастеа Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 02.Јануари.2009 во 00:09
Новиот албум на поранешниот пејач на The Smiths - Morrissey е готов и треба да излезе во февруари.
Албумот ќе се вика "Years Of Refusal",  и ги содржи следните песни:
 
"Something Is Squeezing My Skull"
"Mama Lay Softly On The Riverbed"
"Black Cloud"
"I'm Throwing My Arms Around Paris"
"All You Need Is Me"
"When Last I Spoke to Carol"
"That's How People Grow Up"
"One Day Goodbye Will Be Farewell"
"It's Not Your Birthday Anymore"
"You Were Good In Your Time"
"Sorry Doesn't Help"
"I'm OK By Myself"
Кон врв
Анастеа Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор
Лик (аватар)
ПИПИ долгиот чорап

Регистриран: 07.Април.2008
Статус: Офлајн
Поени: 35441
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Анастеа Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 02.Јануари.2009 во 00:29
Психомодо Поп имаат нов сингл “Домовине син“.
Синглот е најава за нивниот нов албум “Yeah, Yeah, Yeah“ кој треба да излезе во текот на месецов.
Кон врв
Eli Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 30.Ноември.2007
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 1968
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Eli Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 06.Јануари.2009 во 00:32
Одбрани 32 песни за националниот Евросонг!

Конк*рсот што Македонската Радио Телевизија го распиша за прием на композиции за фестивалот Скопје 2009 - Национален избор за Евросонг, заврши на 31. декември.

Од пристигнатите 142 композиции, на 5. јануари селекционата комисија избра 32 композиции што ќе учествуваат на Фестивалот. За имињата на изведувачите од МРТВ дополнително ќе ја известат јавноста!

Да потсетиме дека Фестивалот ќе се одржи на 19, 20. и 21. февруари 2009. година во Универзалната сала, кога ќе бидат изведени следниве композиции од дадените автори:

Добар крај - Ана Симоновска

Патувам низ времето - Зоран Илиевски

Ти пеам песна - Кире Костов

Не играј си девојко - Симон Трпчески

Дрво без корен - Андријана Јаневска

Нема да зборам - Ванчо Димитров

Повторно љубена - Стевче Грозданов

Помалку наивно - Никола Перевски и Владимир Крстевски

Љубовта доаѓа - Лазар Цветковски

Застани, солзи избриши - Григор Копров

Само сон ќе ни остане - Григор Копров

Северно од мене, јужно од тебе - Калиопи Букле

Блиску до мене - Лазар Цветковски

Отвори го срцето - Јован Василевски

Игра со нас - Димче Китрозоски

Волшебник - Блаже Темелков

Динг донг - Зоран Трпков

Земи се - Љупчо Трајковски

Мојот ТВ - Ристо Апостолов

За неа постојам - Костадин Папа

Генгста оро - Даниел Јовески

Збогување - Даниел Митревски

За крај - Давор Јордановски

Насмеј се - Здравка Мирчевска

Ме пронајде ти - Хари Котларовски

На мое место - Бојан Ѓошевски

Рум дум дум - Кире Костов

Гледаш не сум сам - Владимир Дојчиновски

Сакам да ти кажам остани - Владимир Дојчиновски

Сила на љубовта - Александар Масевски

Нешто што ќе остане - Дамјан Лазаров и Јован Јованов

Дали мислиш на нас - Гоце Симоновски
Човекот секогаш треба да остане човек,без разлика со што се бави и каков успех има..
Кон врв
Анастеа Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор
Лик (аватар)
ПИПИ долгиот чорап

Регистриран: 07.Април.2008
Статус: Офлајн
Поени: 35441
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Анастеа Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 08.Јануари.2009 во 01:41

„Прл џем“ со подновена верзија на деби-албумот

Популарните рокери „Прл џем“ ќе објават четири нови специјални верзии на својот деби-албум Ten, кој од 1991 година до денес се продаде во над девет милиони примероци. Различните изданија ќе бидат достапни од 24 март. Тие од следната среда ќе може да се нарачаат на официјалната интернет-страница на групата. Секое „пакување“ ќе содржи дигитална ремастерирана верзија на оригиналниот албум и нови ремикси од нивниот долгогодишен продуцент, Брендан О’Брајан. Тој не работеше на првиот диск на бендот, но ги продуцира следните изданија. Басистот Џеф Амент и дизајнерот Енди Фишер се задолжени за уметничкиот изглед на новото издание. Дискот ќе содржи шест необјавени песни, како првични верзии на уште три нумери. Целиот проект е остварување на желбата на сите членови на бендот да добијат ремикс на лентите од Ten.

- Оригиналниот звук на албумот го обожаваа милиони луѓе и во прво време се двоумев дали сакам да го менувам. Тој албум се продаде во 9.6 милиони примероци во САД, а со него „Прл џем“ беше на музичкото ѕвездено небо. На крајот се согласив да направам компилација со ремикси, кој ќе биде придружен дел на оригиналното издание - вели О“Брајен. На материјалот, кој ќе биде издаден под името Legacy, ќе има и дивиди-снимка од изведбата на „Прл џем“ на Ем-ти-ви во 1992 година. За најпосветените обожаватели ќе има специјално делукс-издание со два диска, дивиди и четри винил-плочи спакувани во кутија со ленени корици. Реиздавањето на материјалот е дел од двегодишната кампања, која ќе кулминира со прославата на 20-годишнината од постоењето на бендот во 2011 година. „Прл џем“ работи на деветтиот студиски албум, кој ќе биде пуштен во продажба в година.

Кон врв
Red`Black Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 25.Јули.2007
Статус: Офлајн
Поени: 845
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Red`Black Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 08.Јануари.2009 во 04:26
Originally posted by Eli Eli напиша:

Одбрани 32 песни за националниот Евросонг!

Конк*рсот што Македонската Радио Телевизија го распиша за прием на композиции за фестивалот Скопје 2009 - Национален избор за Евросонг, заврши на 31. декември.

Од пристигнатите 142 композиции, на 5. јануари селекционата комисија избра 32 композиции што ќе учествуваат на Фестивалот. За имињата на изведувачите од МРТВ дополнително ќе ја известат јавноста!

Да потсетиме дека Фестивалот ќе се одржи на 19, 20. и 21. февруари 2009. година во Универзалната сала, кога ќе бидат изведени следниве композиции од дадените автори:

Добар крај - Ана Симоновска

Патувам низ времето - Зоран Илиевски

Ти пеам песна - Кире Костов

Не играј си девојко - Симон Трпчески

Дрво без корен - Андријана Јаневска

Нема да зборам - Ванчо Димитров

Повторно љубена - Стевче Грозданов

Помалку наивно - Никола Перевски и Владимир Крстевски

Љубовта доаѓа - Лазар Цветковски

Застани, солзи избриши - Григор Копров

Само сон ќе ни остане - Григор Копров

Северно од мене, јужно од тебе - Калиопи Букле

Блиску до мене - Лазар Цветковски

Отвори го срцето - Јован Василевски

Игра со нас - Димче Китрозоски

Волшебник - Блаже Темелков

Динг донг - Зоран Трпков

Земи се - Љупчо Трајковски

Мојот ТВ - Ристо Апостолов

За неа постојам - Костадин Папа

Генгста оро - Даниел Јовески

Збогување - Даниел Митревски

За крај - Давор Јордановски

Насмеј се - Здравка Мирчевска

Ме пронајде ти - Хари Котларовски

На мое место - Бојан Ѓошевски

Рум дум дум - Кире Костов

Гледаш не сум сам - Владимир Дојчиновски

Сакам да ти кажам остани - Владимир Дојчиновски

Сила на љубовта - Александар Масевски

Нешто што ќе остане - Дамјан Лазаров и Јован Јованов

Дали мислиш на нас - Гоце Симоновски


Северно од мене, јужно од тебе - Калиопи Букле   ova ke ide
Кон врв
dark Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 28.Јуни.2008
Статус: Офлајн
Поени: 247
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај dark Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 10.Јануари.2009 во 13:37
mnogu mi e slicno na daleku od mene daleku od tebe
faster then light :D
Кон врв
Анастеа Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор
Лик (аватар)
ПИПИ долгиот чорап

Регистриран: 07.Април.2008
Статус: Офлајн
Поени: 35441
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Анастеа Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 12.Јануари.2009 во 15:38
 
Маестро Симон Трпчески на 18 мај заедно со најреномираниот оркестар на московскиот театар “Бољшој“ ќе одржат концерт во Скопје во “Метрополис арена“. Концертот, под палката на Александар Ведерников, ќе биде заокружување на европската турнеја на пијано виртуозот Трпчески и, како што велат од агенцијата организатор ова ќе биде изненадување со посвета на македонската публика. Делата што ќе се извадуваат ќе бидат од руски автори.

Оваа идеја, која е верувам од историско значење за нашата држава и што на почетокот изгледаше невозможна, но еве со голем ентузијазам ќе се оствари. Ми беше сон да настапам со овој оркестар, и тоа во својот роден град. Огромна чест за мене“, изјави Симон Трпчески на денешната прес конференција.

Концертот е поддржан од Министерството за култура и Владата.

Се очекува Трпчески да настапи со оркестарот во полн состав од 100 члена. Цената за настапот на гостите од Москва, поради исполнување на обврските од договорот со нив, не се соопштува.
Кон врв
Didi Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Summer flower

Регистриран: 14.Март.2008
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 15583
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Didi Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Јануари.2009 во 15:32


Lambe na 18-ti vo Resen

Ламбе Алабаковски на 18. јануари 2009 во недела ќе гостува во ресенскиот кафе бар Порта .

Настанот ќе биде дел од маратонот кој се одржува во Кафе Порта за празниците со разни забави секој ден.
Ламбе Алабаковски на мини концертот во Ресен ќе го престави својот најнов, трет по ред, албум "Да не те Љубев".

Изменето од didi26 - 13.Јануари.2009 во 15:33
Srekata vo tvojot zhivot zavisi od ubavinita na tvoite misli....
Кон врв
Анастеа Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор
Лик (аватар)
ПИПИ долгиот чорап

Регистриран: 07.Април.2008
Статус: Офлајн
Поени: 35441
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Анастеа Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 22.Јануари.2009 во 15:27
Стинг во Белград ќе свири за беспари

Благодарејќи на убедувањата на хрватскиот лаутист Един Карамазов, британската музичка ѕвезда Стинг, на 8. февруари по трет пат ќе гостува во Белград, во рамките на Гитар арт фестивал, кој ќе се одржува во белградската Арена и во Сава Центар. Карамазов, кој е голем пријател со организаторите на фестивалот, средил работа Стинг да гостува на ист трошок со него, без никаков дополнителен хонорар. Публиката во Сава Центар ја очекува ексклузивен настап со песните од заедничкиот албум на Един и Стинг Песните од лавиринтот.

Интересно е да се спомене дека првата средба на двајцата музичари не била воопшто пријатна. Пред десетина години Стинг за својата роденденска забава на неговиот имот во Британија ги поканил да му свират Карамазов и неговиот оркестар. Карамазов културно го откачил и му рекол дека тие се сериозни музичари, а не свиречки мајмуни кои доаѓаат кога на него ќе му текне. Сепак, тоа бил вовед во долгогодишното пријателство кое се уште трае, а од него се родил заедничкиот албум.

Кон врв
Анастеа Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор
Лик (аватар)
ПИПИ долгиот чорап

Регистриран: 07.Април.2008
Статус: Офлајн
Поени: 35441
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Анастеа Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 28.Јануари.2009 во 02:40

ЕТНОСОСТАВОТ ПРОМОВИРА ФИЛМ И СПОТ

Баклавата е форма што поврзува



Етноквартетот „Баклава“ завчера во Кинотеката на Македонија ги промовира документарниот филм „Баклава - форма што поврзува“ и спотот за песната „Твоите очи Лено“ од својот втор албум „Калемар“. Документарецот раскажува зошто ја одбрале токму баклавата да биде нивни заштитен знак. Дејан Сибовски-Сибо, член на групата, открива дека овој настан е само најава за промотивниот концерт што ќе се одржи на почетокот на март.Композицијата „Твоите очи Лено“ го отвора последниот албум „Калемар“, кој го објавија пред неколку месеци, затоа тие решиле таа да го добие првиот видеозапис.

Сибовски вели дека оваа нумера го опишува тоа што следува, нивните авторски песни. “Оваа нумера ни е многу драга и е изведена одлично. Таа е преработка на стара егејска песна што секогаш ни се допаѓала и сосема случајно ја преработивме во ваква форма, поинаква од оригиналот. „Твоите очи Лено“ со најминималистичкиот пристап ја опишува нашата музика.“
Идејата за филмот, што по четири години ја доживеа својата промоција, била да се објасни дека „Баклава“ не е асоцијација на слатките што може да се купат во слаткарница.

- Баклавата е форма што поврзува. Ја има секаде, во културата, математиката, архитектурата, во слаткарниците, на улиците, на македонските носии..., а ние сме четирите крајни точки на оваа форма. Значи, иако асоцираме на благото колаче - баклава, тоа не беше нашата идеја - објаснува Сибо, кој го режира филмот.

Во документарецот, јавни личности од Македонија ги кажаа своите мислење за оваа форма и какво било нејзиното значење низ историјата. Филмот, што е во реализација на Советот за радиодифузија, ќе се емитува и на домашните телевизии, а постои можност да биде пријавен и на некои светски филмски фестивали.

Оваа промоција на видеозапис и документарец беше и најава за нивниот промотивен концерт што ќе се одржи во Универзална сала во Скопје. Тоа ќе биде јавна промоција на нивниот последен албум „Калемар“, кој го објавија во средината на октомври.

На албумот, кој содржи 14 песни, само три композиции се препеани, на другите се потпишани членовите на групата. Покрај постојаната постава - Елена Христова (вокал), Никола Николов (тамбура), Владимир Мартиновски (бас тамбура) и Дејан Сибовски (деф и перкусии), нивната музика на овој носач на звук ја збогатија и виолината на Ерхан Шукри, како и виолончелото на Дејан Теодосиевски, кои исто така ќе бидат дел од нивниот концерт.


Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 7891011 32>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,188 секунди.