![]() |
|
Не за Democratic Republic of Macedonia |
Внеси реплика ![]() |
страница <1 7891011 18> |
Автор | |||||
МАРШАЛ ![]() Сениор ![]() ![]() ГРОБАР ДО ГРОБА Регистриран: 06.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 44396 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
||||
za zal golema .. a uste pozalosno sto " belata kuga " zema se pogolem zamav
![]() |
|||||
![]() |
|||||
lpartik ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 26.Јануари.2008 Статус: Офлајн Поени: 402 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
||||
Владимире, интересен си од повеќе причини- полн си со енергија и достоинство, но во животот не смееш да дозволиш емоциите да раководат со тебе;веруваме во исти симболи...ти текнува? - со ист жар си ја сакаме татковината;имаме слични погледи по многу прашања и за возраста си доста информиран.
Ако не е тајна- што студираш? За бугарските пасоши- бројката е поголема отколку што можеш да замислиш или да прифатиш. Поздрав -ПАРТИК |
|||||
![]() |
|||||
majstorce62 ![]() Сениор ![]() ![]() ... Регистриран: 23.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4251 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
||||
СЕКОЈ ШТО НЕ НАВРЕДУВА ЛИЧНОСТ, ШТО НЕ СЕ КОРИСТИ СО ДЕГУТАНТИЗМИ,НЕАДРЕНТАЛИЗМИ И ВУЛГАРИЗМИ, ШТО РАЗМИСЛУВА НАД НЕКОЈ ПРОБЛЕМ СО СОПСТВЕНИОТ УМ И ПРИТОА СЕ ПОТШИРА ВРЗ ФАКТИ И ОД ИСТИТЕ ГРАДИ ТЕЗА ИЛИ ДОКАЗ, Е ИНТЕРЕСЕН СОГОВОРНИОК. МЕНЕ МИ Е ИНТЕРЕСНО ДА ВЕ ЧИТАМ. ОВОЈ ПРОБЛЕМ НЕ МИ Е ПОЗНАТ, ПА НЕ ВИ СЕ МЕШАМ. АМА ИНТЕРСНИ СТЕ И ДВАЈЦАТА.
![]() Изменето од majstorce62 - 16.Февруари.2008 во 15:03 |
|||||
БИДИ СИ ГОСПОДАР НА СОПСТВЕНИОТ УМ
|
|||||
![]() |
|||||
Vladimir88 ![]() Сениор ![]() ![]() "Arbeit macht frei" Регистриран: 20.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4349 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
||||
Е за Цариградската Патријаршија тоа не ми е познато, ама знам дека ете во таа Југославија МПЦ дека беше призната, но откако излеговме од таа Југославија против нашата црква сите се свртеа, па и Цариградската Патријаршија... Тоа е повеќе од јасно, зошто ГПЦ го направи тоа, а и СПЦ е марионетка на ГПЦ....... Добро за никот не ти го прочитав убаво, го едитирав тој дел од постот ![]() А тоа што викаш дека чекаат за БГ пасош само заради кола и едно патување, тоа да јасно ми е и јас се согласувам со тебе СРАМОТА Е, ама некако и си мислам дека бројката на македонци што земале БГ пасош се околу 10 000- 15 000... А за името, и јас се согласувам дека таа варијанта е многу подобра од ФИРОМ, ама и таа опција донекаде не е сигурна зошто знаеш кој е изворот на информацијата.... Чичко ни Латас, ќе видиме инаку за една недела...каков ќе биде предлогот А Демо(н)кратска република Македонија, ме потсеќа на доста земји кои го имаа истото име а имаа друг систем на владеење, па и уште со грбот на дедо Киро(додуша грбот не е којзнае колку лош, ама петокраката може некако да се тргне и да се стави горе лавчето).. сме што да ти кажам ![]() Во секој случај тоа ни е најдобра опција, но некако сум повеќе за да им се спротиставиме на грците, зошто не ми "харесваат много", и мислам дека е доста компромиси со нив... Ако удрат вето, ние да си го вратиме старото знаме, да направиме референдум за задржување на уставното име и да ги спроведеме и останатите мерки кои беа објавени во Вечер мислам дека беше....(не сум сигурен).... И конечно веќе еднаш да покажеме заби, и да им дадеме до знаење со тоа дека неможе они со нас да се зафркаваат како што сакаат А инаку самите ние исто така сме криви за нашето име... Кој му дозволи на дедо Киро да го промени нашето име?? Ние, ние не излеговме на улица да протестираме против таа одлука, и сега благодарение на дедо Киро нас ќе не викаат ФИРОМЦИ во наредните 20 години, иако си го промениме името... П.С.Зошто сум интересен соговорник ![]() П.С.С. Инаку за буквите, ако користиш Firefox притисни CTRL и + да ти се зголемат буквите ![]() Изменето од Vladimir88 - 16.Февруари.2008 во 14:57 |
|||||
![]() |
|||||
МАРШАЛ ![]() Сениор ![]() ![]() ГРОБАР ДО ГРОБА Регистриран: 06.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 44396 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
||||
sto se odnesuva do crkvata , mnogu interesen podatok za koj ne sum znael .. moj stav e deka crkvite treba da si go resat problemot pomedju sebe bez da go politiziraat toa prasanje ... potocno , vo toa da ne se politikata medju dvete drzavi ... a sto se odnesuva do bugarskite pasosi , SEKOJA CEST za toj stav
![]() |
|||||
![]() |
|||||
lpartik ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 26.Јануари.2008 Статус: Офлајн Поени: 402 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
||||
Дали нашата црква ќе биде дел од СПЦ или некоја друга -од нас зависи. А колку време ќе бидеме непризнаена црква не е така страшно. Не знам дали знаеш- Србија откако го добила делот по Втората Балканска Војна, црквите и манастирите во Македонија биле под јуриздикција на Цариградската Патријаршија. За да ги стави под своја јурисдикција (Пеќската Патријаршија), морала да плати вистинско богатство на Цариград. Тука е проблемот.
Бројката на Македонци со бугарски пасоши е голема, кон тој број сигурно помагаат и Албанците, но многу се и Македонците што чекаат на ред. Знаеш ли дека плаќаат по 200 Е. и чекаат по две години на ред, и пишуваат молба во која тврдат дека неговите предци отсекогаш се чувствувале Бугари...А се за една посрана кола со бугарски табли... или патување во некоја земја... Што мислиш - дали еден Србин би напишал таква молба, во која ќе плукне на своите предци? Мислиш дека јас многу сакам да си го мениме името?! Но ако веќе мора поради некоја повисока цел - подобро е Демократска, отколку БЈРМ. П.С. Не сум ПАТРИК - туку ПАРТИК Многу поздрав... интересен соговорник си бил -VLADIMIR 88 Изменето од lpartik - 16.Февруари.2008 во 14:37 |
|||||
![]() |
|||||
Vladimir88 ![]() Сениор ![]() ![]() "Arbeit macht frei" Регистриран: 20.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4349 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
||||
Со Русија е друг додуша случајот, според мене зошто Русија тогаш беше слаба, а и Јелцин беше продадена душа.Јас го знам тој слоган, Слободна Македонија треба да е дело на Македонците, а и го знам слоганот, Македонија на Македонците, ама кога веќе ни пружаат помош од страна, мислам, дека е и редно да ја прифатиме, зошто Македонија никогаш немала добиено помош од никого....затоа и толку многу време сме биле под ропство....
А за црквата мене да ти кажам искрено речено и ме засега, зошто таа црква е дел од нашиот идентитет, несакам некој од надвор да ја знае нашата црква како дел од СПЦ.... Мене ме загрижува бројката на македонците со бугарски пасоши.......ама не верувам дека толку македонци имаат земено БГ пасош, зошто повеќето што земаат БГ пасош се албанци....верувај за ова....а исто така албанците се земаат и со бугарки за да земат пасош..... Бугарите викаат сега 80 000 апликации, пред тоа викаа 30 000, пред 1 година викаа 200 000 апликации и сега на што попрво да верувам....... Мене искрено речено Турција ме изненади, со таа подршка што ни ја дава, а муслиманска земја е...а ја гледаш една православна Грција што ни прави??? Тоа е мислам срамота, да немаш подршка од луѓе кои ја делите истата вера....... Турција не држела под ропство, не набивала на колци, уби доста наши револуционери, ама нештата се сменија со таа Турција, веќе не е како порано, и кога е спремна да го смени тој шовинистички однос, и кога е спремна да ни помогне тогаш зошто да не ја прифатиме нејзината помош.... Ако е за тоа Патрик ќе треба да ги отераме буквално сите земји во П.М. зошто сите направиле злосторства.. Британците, Американците, Швабите и.т.н. П.С. Се сеќаваш ли пред 1 месец кога Таип Ердоган(турскиот премиер) излезе со став против Грција и и кажа.. "Вие немате право да одлучувате за тоа кој како ќе се вика, тоа право го има само Македонија, ако одлучат они да се викаат македонци, вие тоа неможете да им го забраните...." Со таква изјава буквално никој не излезе, ама баш никој, од овие земји што не подржуваат.... И ќе видиш кога ќе дојде самитот кои пет земји ќе застанат зад Македонија... САД,Турција,Германија,Велика Британија, Италија. Поздрав lpartik... ![]() Изменето од Vladimir88 - 16.Февруари.2008 во 14:10 |
|||||
![]() |
|||||
lpartik ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 26.Јануари.2008 Статус: Офлајн Поени: 402 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
||||
Vladimir(e)88 - што се однесува до фонтот, пишувам со поголеми букви зашто подобро ги гледам, ама ако ти смета и ако тоа го сфаќаш како врескање - во ред.Познат ми е ставот на пријателска Турција, а што се однесува до турското малцинство во Македонија е најлојално. И тоа е за почит.Но немој премногу да се надеваш на помош...како што Србија се надеваше на руска помош, а потоа извиси.Се надевам дека ти е позната мислата: Слободата на Македонија треба да е дело на самите Македонци.
Ќе ти дадам еден совет- Верувај во себе и во своите способности.( Немој ни да се преценуваш, ни да се потценуваш)Никогаш немој да го потценуваш непријателот. Ако не си во состојба сам да се справаш со него- не скокај премногу,туку проблемите решавај ги со дипломатија, и не очекувај некој батко од девета маала да те брани. Тоа со православните браќа не ме засега толку (околу црквата).Србите не ни го поттурија Вранишковски, тој самиот се продаде, тој е само уште еден доказ за македонскиот синдром.А дали не те загрижува бројката на Македонци со бугарски пасоши.Еден ден Бугарија со полно право ќе побара решавање на малцинските права. А за плукањето, не мислев да плукам по тебе...тоа на крај памет не ми паднало...туку по оние што ја раскрчмија Македонија. Многу поздрав - lpartik |
|||||
![]() |
|||||
novace ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 06.Август.2007 Статус: Офлајн Поени: 3067 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
||||
Запамети едно ..дека се она што тебе и нам ни изгледа возможно и дофатливо..всушност е само мамка да тоа така изгледа.. Намерно тоа го прават ..државите кои ете имаат ем сила ем пари..но и време за тоа да ни изгледа ...како да ни е просто надофат на раката..ама ако си рибар и знаеш како се фаќаат кленови (утмани) ..ќе знаеш дека тоа е само пердувче..кое го добро го крие врвот на острата јадица.. Кога еднаш ќе ја „лапнеш„ навидум привлечната мамка..после нема откачување..без туѓа помош..во случајот наш тоа е „рибарот„. И се се завршува (особено кај нас) во „тавче„ секако полно со врел зејтин. пс Не бадијала и грците сегашно користа една античка поговорка која вели: НЕ ИМ ВЕРУВАЈ НА ДАНАЈЦИТЕ...КОГА И „ДАРОВИ„ ТИ (НИ) НОСАТ.. ![]() ![]() |
|||||
Не сум доктор , ама стално сум опкружен со пациенти
|
|||||
![]() |
|||||
Vladimir88 ![]() Сениор ![]() ![]() "Arbeit macht frei" Регистриран: 20.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4349 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
||||
Прво ќе те замолам да исклучиш Caps Lock, зошто и јас можам да пишувам така со вклучен Caps Lock, не е проблем мислам....само изрази желба... Е сега тие што викаш дека 5 века ни биле газди, знаеш дека сега најмногу од сите земји ја подржуваат Македонија за влез во НАТО и во ЕУ??? Освен тоа добиваме воена помош од таа земја...ни го признава идентитетот и историјата.. А и за твоја информација Турскиот архив МНОГУ им помогна на нашите историчари против Бугарите,Србите,Грците, и Албанците... А гледам некако православниве земји не не мирисаат многу многу, и само гледаат некако да не асимилираат..... Значи гледаш пак Турција ја смени политиката кон Македонија, не се однесуваат Шовинистички спрема нас како порано што правеле, и се решија да ни помогнат во многу работи.... Додека Православните браќа, од памтивек ни ја негирале нацијата... Русите им го испраа мозокот на Бугарите со таа Сан Стефанска Бугарија, нас не претставија како бугари пред цел свет, заедно со грците а исто така и на Србите им го испраа од друга страна мозокот дека ние сме јужни срби.... И таа политика и ден денеска ја водат овие православни земји спрема Македонија.. Србите Црквата не ни ја признаваат, како и русите, и грците, и бугарите, бугарите од друга страна место да и помогнат на земјава како православен сојузник и сосед, и они делат памфлети по ЕУ со референцата ФИРОМ... Грците ни викаат мора да го смениме името и како ќе им прдне на нив така да се викаме... А исто така Православна Земја... Србите....Го наметнаа Јован Вранишковски да шири српска пропаганда низ Македонија, и поради него нашата црква е непризнаена од сите православни братски цркви.... А колку што се сеќавам Турција не делеше памфлети со референцата ФИРОМ по ЕУ, и прва беше која застана против ставот на Грција за нашиот прием во НАТО... А нашиве православни браќа коваат планови и ден денеска да не поделат. Да не зборам за албанците, веќе позната приказна... А и за твоја информација нашите револуционери се бореа против властите на Турција.. Имаше доста револуционери наши кои соработуваа со други турци и им помагаа во напорите да ја демократизираат Турција...и да го сменат тој систем што го имаше Турција.. Сандански ете ти го пример... И знаеш што бате, плукај кој ти душа сака.. Сакаш Црвенковски, сакаш Киро Глигоров, Сакаш Груевски, Сакаш Бучковски Ич не ми е гајле... Само да не фатиш да ме плукаш мене, зошто и јас имам јазик...... ![]() П.С. Јас знам дека Мува не ја лази Грција за нашето малцинство, тоа немора мене да ми го кажуваш, само кажав дека знаат дека ако влеземе во НАТО нашиот глас исто ќе вреди колку и нивниот и нема така лесно да ни наметнуваат решенија, и нема веќе да се однесуваат шовинистички спрема нас.. И знаат дека ние ќе бараме кога ќе влеземе во НАТО да го смениме знамето, грбот, и знаат дека ќе бараме да го признаат малцинството македонско во Грција, затоа они се против нашиот влез, и ако влезевме под уставното име готова ќе беше битката за Егејскиот дел... И тие македонци од Егејска Македонија можеби незнаат да говорат толку добро македонски, ама се поголеми патриоти и од мене и од тебе и гордо се декларираат за македонци, не одат во бугарска амбасада да аплицираат за БГ пасош како што го правиме ние тоа (македонците од Вардарска Македонија)...
Новаче а што друго да кажам бе човек... Што е право, право е, требаше овој да биде поактивен малце на терен, деноноќно да работи на ова, мислам за тоа и го назначија.....што направи??? ништо....буквално ништо...да бевме поактивни ќе ја добиевме битката за името, ние кога имавме огромна подршка кога Грција беше никој и ништо(ти зборувам за пред 2 месеци) ние упропастивме работа, ја виде ли Бакојани секаде лобираше за да го наметне името како критериум, ние ништо не направивме........за ваква работа треба да покажеш поголема сериозност...сепак се работи за идентитетот на една земја...... За дедо Киро српската марионета не зборувам, зошто знаеме дека он ни ја упропасти државата(тоа е веќе повеќе од јасно), ни го наметна името , за ете и ден денеска да го потсеќа на Милошевиќевата Југославија.... Па и грбот на Македонија кога ќе го погледнам, ми се врти...со тоа петокраката...ако ништо друго, можеме барем петокраката да ја смениме... Али тоа време веќе помина, кога имавме шанса да ги смениме работите, ние упропастивме работа....... Али тоа ти е сега нашава република ќе ме потсеќа на Демократската Источна Германија сојузник на Источниот блок.... Али тоа ти е сега, да почекаме ,да видиме каков ќе биде предлогот, јас искрено речено нема да се согласам со ниту еден компромис ние имаме едно име Република Македонија Изменето од Vladimir88 - 16.Февруари.2008 во 13:39 |
|||||
![]() |
|||||
novace ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 06.Август.2007 Статус: Офлајн Поени: 3067 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
||||
Очигледно ..ги гледаш пристрасно работите..оти никојпат добар доктор при „лечењето„ не ги гледа и бара ПОСЛЕДИЦИТЕ..туку ПРИЧИНИТЕ.. А кај нас ..единствената (жива сеуште ...ете) ПРИЧИНА е самоволието искажано и проследено со комунистичкото непознавање на светската дипломатија на сега и тогаш излапениот-ни „председател„..самоповикан и самопрогласен како „очув„ на Нацијата..макеоднска се разбира. Затоа ...да бидеме реални пред да нешто и јавно искажеме.. Неговата (на фиромољубецот) „мудра„ политика и нанесе на Македонија несогледливи и неубави (сега сите ги чуствуваме по свој грб) последици..за кои некојпат и јас реков дека ќе не следат со децении..иако некои форумџии тогаш и ме (наивно..секако ) убедуваа оти тоа ќе било „само„ за два месеца.. А веќе ...минаа 18 години..и средината но и крајот воопшто не се гледа на хоризонтот???. Практично..од неговата наивност и сенилност .не заплетка какао пилци во кучина..од која изгледа нема излез никојпат..без да се за таква „помош„ и нешто плати..со атрибути кои ја означуваат какао посебна секоја нација.... ![]() ![]() ![]() Изменето од novace - 16.Февруари.2008 во 12:40 |
|||||
Не сум доктор , ама стално сум опкружен со пациенти
|
|||||
![]() |
|||||
majstorce62 ![]() Сениор ![]() ![]() ... Регистриран: 23.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4251 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
||||
изедени се од касата на државата,
не и од нивните приватни каси. |
|||||
БИДИ СИ ГОСПОДАР НА СОПСТВЕНИОТ УМ
|
|||||
![]() |
|||||
lpartik ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 26.Јануари.2008 Статус: Офлајн Поени: 402 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
||||
АКО СЕ ИЗЕДЕНИ, ЗНАЧИ ЕВТИНО НЕ ПРОДАЛ(Е)...
|
|||||
![]() |
|||||
majstorce62 ![]() Сениор ![]() ![]() ... Регистриран: 23.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4251 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
||||
НИШТО НЕ Е ПРОДАДЕНО - САМО ПАРИТЕ СЕ ИЗЕДЕНИ.
А КОј ЈАДЕШЕ - И ЕДНООКИ И ДВООКИ АМА СЕ ВО ЧЕТИРИ ОЧИ СЕ СЛУЧУВАШЕ Изменето од majstorce62 - 16.Февруари.2008 во 11:19 |
|||||
БИДИ СИ ГОСПОДАР НА СОПСТВЕНИОТ УМ
|
|||||
![]() |
Внеси реплика ![]() |
страница <1 7891011 18> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања ![]() Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |