IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Спорт > Фудбал > Фан клубови
  Активни теми Активни теми RSS - Фан клуб Манчестер Јунајтед
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Фан клуб Манчестер Јунајтед

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 7891011 16>
Автор
Порака
fiks Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор
Лик (аватар)
ПРАВДОЉУБЕЦ

Регистриран: 18.Април.2005
Локација: Македонија
Статус: Офлајн
Поени: 24000
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај fiks Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 12.Октомври.2009 во 16:08
Aкинфеев е наследникот на Ван дер Сар!?

Голманот на ЦСКА Москва, Игор Акинфеев е најверојатниот наследник на Едвин ван дер Сар на голот на Манчестер Јунајтед, тврди рускиот спортски весник Спорт Експрес. Изданието тврди дека двата клуба ќе почнат преговори на почетокот од идната година, веднаш откако Ван дер Сар ќе ги објави плановите за својата кариера, односно дали ќе остане уште една сезона на Олд Трафорд или ќе замине во пензија.
Иако има само 23 години, Акинфеев може да се пофали со завидно искуство и на домашна и на меѓународна сцена вклучувајќи настап на Европското првенство како прв голман на Русија. Не се за потценување ниту пофалбите од страна на селекторот Гус Хидинк, кој уште одамна процени дека Акинфеев би можел да биде ѕвезда во Премиер-лигата. Стандарден голман на ЦСКА е уште од својата 17-годишна возраст, а стана и најмлад руски репрезентативец со само 18 години и 20 дена. Досега има 35 настапи за националниот тим и денеска повторно ќе ја предводи Русија во еден од најзначајните натпревари во борбата за Светското првенство - против Германија.
"Иако многу млад, Игор уште одамна е прв голман на ЦСКА. Го познавам одамна и знам дека е многу амбициозен, секогаш гледа подалеку од својот нос. Во блиска иднина го гледам како еден од најдобрите светски голмани бидејќи е доста паметен, итар и интелигентен, а има и голем талент", вели Хидинк за својот прв избор на голот.
ЦСКА претходно ги исплаши сите оние што се заинтересирани за Акинфеев откако одреди откупна клаузула во висина од 20 милиони фунти со цел да го задржи во својот тим што подолго. Сепак, претседателот Јевгени Гинер во текот на летото покажа неверојатна ладнокрвност кога требаше да го продаде Јури Жирков на Челзи велејќи дека нема смисла да се држат играчите со сила ако тие веќе сакаат да си одат од тимот.
Со оглед на повредата на Ван дер Сар, прв голман досега на Манчестер Јунајтед беше Бен Фостер, но Алекс Фергусон е исклучително незадоволен од него имајќи предвид дека тој направи голем кикс против Манчестер Сити на кој Јунајтед за среќа победи, но и против Сандерленд, кој освои бод на Олд Трафорд. Акинфеев, најверојатно, ќе остане во ЦСКА до идното лето имајќи предвид дека сега не би имал можност да настапува во Лигата на шампионите за Јунајтед, а потоа ќе го официјализира трансферот на Олд Трафорд.

ЛЕГЕНДА
Новиот голман на англискиот првак - Игор Акинфеев

Англискиот првак не тренира на Олд Трафорд

Фудбалерите на Манчестер Јунајтед не стапнуваат на својот стадион освен на официјалните натпревари. Менаџерот Алекс Фергусон одлучил тренинзите да се одржуваат во базата во Карингтон со цел да не се оштетува тревата за натпреварите.
Поголемиот дел од тренинзите се затворени за гледачите, дури и за луѓе од раководството на клубот. Единствено пред почетокот на сезоната луѓето тренираат на Олд Трафорд и тогаш можат да присуствуваат и навивачите.

Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена,
само шлаг пена ќе бидеме и можеби
неколку жолти ракии.

Кон врв
Anarchy Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Фатенко

Регистриран: 19.Март.2009
Статус: Офлајн
Поени: 6676
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Anarchy Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Октомври.2009 во 12:46
Пред претстојното дерби со Ливерпул еве некои факти


Предстојниот дуел ќе биде натпревар број 200 во Премиер лигата за менаџерот на Ливерпул, Рафа Бенитес. До овој момент Тореадорот има 113 победи во 199 натпревари и на тој начин тој се наоѓа на втората позиција во историјата на клубот заедно со Боб Пејсли. Единствено Кени Даглас од сите менаџери на Ливерпул има погоолем успех со 120 победи во првите 200 натпревари. За разлика од него - Сер Алекс Фергусон освоил едвај 87 победи во првите 200 натпревар на чело на Манчестер Јунајтед.

Во целата историја на ривалство помеѓу Ливерпул и Мачестер во Премиер Лигата има само едно реми без голови и тоа беше на Енфилд во 2005. година.

Ливерпул е на два погодоци од погодокот број 200 во мрежата на Манчестер Јунајтед.

Црвените на Енфилд имаат допуштено само три порази во последните 77 натпревари од шампионатот, од кои две се токму од Манчестер Јунајтед.

Манчестер има пет победи, еден нерешен и еден пораз во последните седум гостувања на Енфилд.

Со 18 победи и 61 освоен поен црвените ѓавои се најдобриот тим во лигата кој играл против Ливерпул.

Ако играчите на Манчестер Јунајтед победат, тие ќе ја запишат 23-тата победа на Еинфилд, со што ќе се изедначат со учинокот на Евертон на тој стадион.

Рајан Гигс може да го забележи 100-от погодок во Премиерлигата, ако успее да го совлада голманот Пепе Реина. Велшанецот е единствениот играч кој посигнувал погодок во секоја сезона оформувањето на Премиерлигата.

Манчестер Јунајтед постигнал гол во седум натпревари од последните осум на Енфилд.

Откако постои Премиерлигата, Ливерпул има само пет победи на својот стадион против големиот ривал, додека Манчестер Јунајтед си заминувал како победник од Ливерпул дури девет пати.
Кон врв
Anarchy Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Фатенко

Регистриран: 19.Март.2009
Статус: Офлајн
Поени: 6676
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Anarchy Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Октомври.2009 во 12:47
Ајде на победа голема%20насмевка


Кон врв
ПандА Кликни и види ги опциите
Нов член
Нов член


Регистриран: 27.Ноември.2009
Статус: Офлајн
Поени: 1
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај ПандА Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 27.Ноември.2009 во 15:54
Се чини дека после се Акинфеев ќе биде замената за Ван Дер Сар али сепак сеуште не сме сигурни за информацијата.. GLORY GLORY UNITED.
Кон врв
fiks Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор
Лик (аватар)
ПРАВДОЉУБЕЦ

Регистриран: 18.Април.2005
Локација: Македонија
Статус: Офлајн
Поени: 24000
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај fiks Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 27.Ноември.2009 во 16:00
Се шпекулира дека Акинфеев ќе биде нов голман на Ман.јунајтед,но како ќе излезе на крај ќе покаже време.
Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена,
само шлаг пена ќе бидеме и можеби
неколку жолти ракии.

Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85179
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Февруари.2010 во 17:51
Може*и ќе се вратам во Јунајтед

Најскапиот фудбалер на денешницата Кристијано Роналдо призна дека му недостасува Манчестер Јунајтед и ја остави отворена можноста еден ден да се врати во клубот каде фудбалски се афирмираше. Летово тој се пресели во Реал Мадрид за рекордни 94 милиони евра, но и покрај тоа што одлично се снајде во шпанскиот фудбал, призна дека Манчестер Јунајтед уште долго ќе му остане во срцето.

"Се разбира дека ми недостасува играњето за Манчестер Јунајтед. Не само клубот, туку и пријателите што ги имам таму. Играв шест години во Манчестер Јунајтед, тоа е долг период и секогаш кога имам можност ги следам натпреварите на овој клуб. Може*и некогаш ќе се вратам на Олд Трафорд, можноста секогаш постои", изјави Роналдо за еден од англиските медиуми.

Не само што му недостасува Манчестер Јунајтед и англискиот фудбал, туку португалскиот репрезентативец откри дека постојано е во контакт со дел своите поранешни соиграчи.

"Имам контакт со Руни, Фердинанд, Видиќ и Евра. Зборуваме за фудбалот, но и за другите области од фудбалот. Вејн сезонава е главен во Јунајтед и навистина ми е мило поради него бидејќи напорно работеше за да стигне до тоа", додаде Роналдо.

Неговиот договор со Реал е со важност до 2015 година, а иако не крие дека му недостасува Манчестер, вели дека е среќен во Мадрид.

Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85179
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Февруари.2010 во 10:31
Јунајтед против проклетството на Сан Сиро

По зимската пауза продолжуваат возбудувањата во најелитното фудбалско натпреварување во Европа, и тоа со два исклучително интересни мечеви. На програмата се осминафинални пресметки кои предизвикуваат огромно внимание. Како натпревар на вечерта секако ќе биде гостувањето на Манчестер Јунајтед на најнеомилениот стадион во Европа, Сан Сиро, на мегдан со големиот Милан. "Црвените ѓаволи" загубија на сите четири гостувања во Милано и сега ќе имаат можност да ја променат оваа статистика со оглед на тоа дека екипата се наоѓа во фантастична форма, откако на последните пет натпревари забележаа четири победи и едно реми каде постигна извонредни 16 погодоци, а прими само три. Манчестер го има и Вејн Руни, кој игра во животна форма во оваа сезона и претставува страв и трепет за противничките голмани. И покрај тоа што нема да смета на Немања Видиќ, Андерсон и Рајан Гигс поради повреди, менаџерот Алекс Фергусон очекува добар настап на ова гостување и обезбедување поволен резултат пред реваншот.

Од друга страна Милан доживеа пад на формата токму пред почетокот на нокаут фазата од Лигата на шампионите. "Росонерите" имаат победено само еднаш на последните пет натпревари во кои постигнаа само четири погодоци. Тренерот Леонардо повторно се најде во ситуација да стравува за работното место, а многу работи ќе зависат од овој двомеч со англискиот шампион. Камерите сигурно ќе бидат вперени и кон Дејвид Бекам на кого ова ќе му биде прва пресметка со својот поранешен клуб. Англичанецот де*итираше за Јунајтед во 1995 година и одигра 394 натпревари во сите конк*ренции пред да замине во Реал во 2003. Затоа уште пред ждрепката за осминафиналето истакна дека најголема желба му е да се падне со Јунајтед и тоа му се оствари. Сега тој е човекот кој треба да го понесе Милан кон триумф над гигантот од Олд Трафорд.

Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85179
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Март.2010 во 13:43
Крај на надежите за Овен

Мајкл Овен ќе мора да ја пропушти остатокот од сезоната поради повреда што секако го исклучува и неговиот евентуален настап на претстојното Светско првенство во Јужна Африка.

Овен се здоби со повреда на мускулот во текот на финалниот дуел од Карлинг Купот против Астон Вила поради што уше во средината на првото полувреме мораше да ја напушти играта. По деталните прегледи се виде дека повредата сепак е од посериозен карактер и така Овен ќе треба да паузира до крајот на сезоната а за во понеделник е закажана и операција која би требала да го забрза процесот на заздравување.

Напаѓачот на Манчестер Јунајтед немаше обезбедено место во селекцијата на "Гордиот Албион" но сепак потајно се надеваше дека селекторот Фабио Капело може да го смени мислењето доколку Овен прикажуваше константно добри игри во својот клуб до крајот на сезоната. Сепак повредата пресуди наместо Капело па така Овен кој настапуваше на претходните три светски првенства нема повторно да биде во составот на Англија кој ќе патува на Јужна Африка.


Кон врв
да бе Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
О’ Дабштајн

Регистриран: 10.Април.2009
Статус: Офлајн
Поени: 5367
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај да          бе Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Март.2010 во 14:07
Кон врв
Anarchy Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Фатенко

Регистриран: 19.Март.2009
Статус: Офлајн
Поени: 6676
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Anarchy Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Март.2010 во 15:08
Manchester United - Fulham

Чудо е како не влагат топкава в гол. изненадување
Кон врв
Anarchy Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Фатенко

Регистриран: 19.Март.2009
Статус: Офлајн
Поени: 6676
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Anarchy Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Март.2010 во 15:35
Штотуку започна второто полувреме, Wayne Rooney, такозвани Шрек постигна погодок за 1:0. да
Кон врв
Anarchy Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Фатенко

Регистриран: 19.Март.2009
Статус: Офлајн
Поени: 6676
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Anarchy Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Март.2010 во 16:13
Rooney 2:0 
Кон врв
Anarchy Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Фатенко

Регистриран: 19.Март.2009
Статус: Офлајн
Поени: 6676
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Anarchy Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Март.2010 во 16:24
Бербатов 3:0 и дојдоа потопите.
Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85179
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 27.Март.2010 во 19:19

Нани уште четири години во Манчестер Јунајтед

Манчестер Јунајтед денес го продолжи договорот со португалскиот фудбалер Нани на уште четири години.

Нани, кој дојде во Манчестер Јунајтед од Спортинг Лисабон во 2007 година на почетокот имаше проблеми да се вклопи во тимот, но со тек на време стана важен член на екипата.

Тренерот на Манчестер Јунајтед Алекс Фергусон за англиските медиуми изрази задоволство од новиот договор.

Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 7891011 16>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,172 секунди.