IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Стил на живот > Вероисповед
  Активни теми Активни теми RSS - Најубавите стихови во Библијата
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Најубавите стихови во Библијата

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 7980818283 98>
Автор
Порака
Blagoj_s Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 28.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 3057
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Blagoj_s Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Септември.2013 во 10:20
БОЖЈИОТ ГНЕВ ПРОТИВ НЕПРАВЕДНИТЕ ЛУГЕ.
Римјаните 1

18 Зашто Божјиот гнев се открива од небото на секоја безбожност и неправда на луѓето, кои со неправдата ја задржуваат вистината;
19 зашто ним им е познато она што може да се знае за Бога; Бог им го јави тоа.
20 Па и Неговите невидливи својства, Неговата вечна сила и Божеството, можат да се согледаат од создавањето на светот, набљудувани преку творбите. Па така немаат изговор.
21 Зашто, иако Го познаа Бога, не Го прославија како Бог, ниту покажаа благодарност; туку станаа суетни во своите мисли и нивното неразумно срце се помрачи.
22 Зборувајќи дека се мудри, станаа безумни,
23 и ја заменија славата на нераспадливиот Бог со слика слична на распадлив човек, на птици, на четвороножни животни, и на лазачи.
24 Затоа Бог ги предаде, според желбите на нивните срца, на нечистотата, така што сами да ги обесчестат своите тела;
25 нив, кои Божјата вистина ја заменија со лага, и му се поклонуваа и служеа на созданието место на Создателот, Кој е благословен довека, Амин!
26 Затоа Бог ги предаде на срамни страсти: нивните жени го заменија природното општење со неприродно;
27 мажите, исто така, го оставија природното општење со жена и се распалија со сладострасност еден кон друг, правејќи - мажи со мажи - срамни работи, добивајќи заслужена плата во себе за својата заблуда.
28 И бидејќи не се обидоа да Го имаат Бога во нивните мисли, Бог ги предаде на нивниот изопачен ум, за да прават што не прилега:
29 исполнети со секаков вид неправда, расипаност, алчност, зло; полни со завист, убиства, расправии, лукавства, подмолност; озборувачи,
30 клеветници, мразители на Бога, насилници, горди, самопофалувачи, измислувачи на зла, непокорни на родителите,
31 неразумни, неповерливи, без љубов и без милосрдие.
32 Тие ја знаат Божјата правда: дека оние, кои прават така, заслужуваат смрт, па сепак не само што го прават тоа, туку им одобруваат и на другите, кои прават.
www.myspace.com/sblagoj
Кон врв
Blagoj_s Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 28.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 3057
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Blagoj_s Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Септември.2013 во 10:07
КОЈ ЌЕ БИДЕ НАЈГОЛЕМ ВО НЕБЕСНОТО ЦАРСТВО
МАТЕЈ 18


1 Во тој час учениците дојдоа при Исуса и рекоа: „Тогаш, кој е поголем во царството небесно?”
2 И повика дете при Себе, го постави среде нив
3 и рече: „Вистина ви велам, ако не се покаете и станете како деца, нема да влезете во царството небесно.
4 И затоа, кој ќе се понизи себеси како ова дете, тој е поголемиот во царството небесно.
5 И кој прима едно такво дете во Мое име, Мене Ме прима.
www.myspace.com/sblagoj
Кон врв
Blagoj_s Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 28.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 3057
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Blagoj_s Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 18.Септември.2013 во 11:08
ОТФРЛАЈЊЕ НА ЧОВЕЧКИТЕ ОБИЧАИ И ПРЕДАНИЈА
Матеја 15


1 Тогаш, пристапија кон Исуса ерусалимските книжници и фарисеи, велејќи:
2 “Зошто учениците Твои не го запазуваат преданието на старите? Оти не ги мијат рацете, кога јадат леб?”
3 А Он им одговори и рече: “Па зошто и вие ја престапувате Божјата заповед заради вашето предание?
4 Зашто Бог заповедал и рекол: ‘почитувај ги татка си и мајка си’ и, кој го злослови таткото свој или мајка си, со смрт да се казни’.
5 А вие велите: ако некој му рече на татка си или на мајка си: она, со што би можел да се ползуваш од мене, дар е;
6 значи, тој може да не го почитува својот татко или својата макја. Така ја нарушивте заповедта Божја заради вашето предание.
7 Лицемери, добро пророкувал за вас Исаиј, велејќи:
8 ‘Овој народ се приближува до мене со устата своја и со усните Ме почитува, а срцето негово стои далеку од Мене;
9 но напразно Ме почитува, оти проповеда човечки повелби’.”
www.myspace.com/sblagoj
Кон врв
Blagoj_s Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 28.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 3057
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Blagoj_s Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Септември.2013 во 10:26
Матеј: 1:21
Таа ќе роди Син и ти ќе Му го дадеш името Исус, зашто Тој ќе го спаси својот народ од нивните гревови.”

Псалми 141:2
Нека се издигне мојата молитва како темјан пред Твоето лице, издигањето на моите раце нека биде као вечерна жртва!

Исус пак прозбори натаму, велејќи: „Јас Сум Светлината на светот; кој Ме следи, нема да оди во темнина, туку ќе ја има Светлината на Животот.” Јован 8:12

89:8
Господи, Боже над Воинствата, кој е како Тебе? Силен Си, Господи, и вистината Те опкружува.

116:1 Го љубам Господа, зашто го слуша гласот на мојата молитва.

www.myspace.com/sblagoj
Кон врв
Blagoj_s Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 28.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 3057
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Blagoj_s Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Септември.2013 во 10:28
Еремија 7:23
Ова им го заповедав: ‘Слушајте го Мојот глас, па Јас ќе бидам ваш Бог, а вие ќе бидете Мој народ. Одете по патот по кој што ви заповедав, за да ви биде добро.’

1 Петрово: 2:12
Однесувајте се добро меѓу народите, така што токму во она за што ве клеветат како злосторници; врз основа на вашите добри дела, кога ќе ги видат, да Го прослават Бога во денот на посетата.

Малахија: 3:5
Ќе дојдам при вас на суд, и ќе бидам подготвен сведок против вражалците и прељубниците, против оние, кои се колнат лажно, против оние, кои задржуваат од платата на работникот, вдовицата и сирачето, против оние, кои го газат правото на странците и не се бојат од Мене - говори Господ над Воинствата.

2 Тимотеј: 3:12
А и сите кои сакаат да живеат побожно во Христа Исуса, ќе бидат гонети,
www.myspace.com/sblagoj
Кон врв
Blagoj_s Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 28.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 3057
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Blagoj_s Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 21.Септември.2013 во 19:59
Римјаните: 5:9,10
Сега, откако сме оправдани во Неговата крв, многу повеќе ќе се спасиме од гневот Божји преку Него.
Зашто, ако сме помирени со Бога преку смртта на Неговиот Син, додека бевме непријатели; толку повеќе - веќе помирени - ќе се спасиме во Неговиот живот.

1 Петрово: 3:10
Зашто „кој сака да го љуби животот и да види добри денови, нека го воздржи својот јазик од зло и своите усни од измамливо зборување;
www.myspace.com/sblagoj
Кон врв
Blagoj_s Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 28.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 3057
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Blagoj_s Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 22.Септември.2013 во 10:19
Jован 15

Јас Сум вистинската лоза и Мојот Татко е лозарот.
2 Тој ја отстранува секоја прачка на Мене, што не дава плод; а ја чисти секоја, што дава плод, за да даде повеќе плод.
3 Вие сте веќе чисти заради Словото, кое ви го зборував.
4 Останете во Мене како Јас во вас. Како што прачката не може да роди плод сама од себе, ако не остане на лозата, така ни вие, ако не останете во Мене.
5 Јас Сум лозата, а вие сте прачките. Кој останува во Мене, и Јас во него, тој дава многу плод; зашто без Мене не можете да направите ништо.
6 Ако некој не остане во Мене, тој ќе биде исфрлен надвор како прачката, која е исушена, - ги собираат, ги фрлаат во оган и ги горат.
www.myspace.com/sblagoj
Кон врв
Blagoj_s Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 28.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 3057
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Blagoj_s Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Септември.2013 во 12:21
Ефесјаните 1

17 та Бог на нашиот Господ Исус Христос, Таткото на славата, да ви даде дух на мудрост и откровение во вистинското познавање на Него:
18 и да ги избистри очите на вашето срце, за да знаете каква е надежта на Неговото повикување, колкаво е богатството на Неговото славно наследство во светите,
19 и колку е преголема Неговата сила кон нас, кои веруваме - според дејствувањето на Неговата моќна сила;
20 чие дејство го покажа во Христа, кога Го воскресна од мртвите и Го постави оддесно на Себеси во небесните места,


1 Петар 3
13 И кој ќе ви стори зло, ако ревнувате за доброто?
14 А ако и страдате заради правдата, бидете блажени! „Не плашете се, ниту се збунувајте од нивните закани,”
15 туку осветувајте Го во своите срца Христа како Господа, секогаш подготвени за одговор на секого, кој ја бара причината на надежта, која е во вас, но со кротост и со страв,
16 имајќи добра совест, та оние кои го навредуваат вашето добро поведение во Христа, да се посрамат за она за што ве клеветат.
17 Зашто е подобро, ако сака Божјата волја, да страдате правејќи добро, отколку правејќи зло.
www.myspace.com/sblagoj
Кон врв
Blagoj_s Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 28.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 3057
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Blagoj_s Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Септември.2013 во 10:31
ОЖИВЕНИ СО ХРИСТОС
Римјаните 2


1 И вас, кои бевте мртви поради вашите престапи и гревови,
2 во кои живеевте некогаш според векот на овој свет, според кнезот на воздушните сили - духот, кој дејствува сега меѓу синовите на непокорноста.
3 Меѓу овие, и ние живеевме некогаш во своите телесни страсти, извршувајќи ги похотите на телото и на помислите и бевме по природа чеда на гневот како и сите други.
4 Но Бог, Кој е богат во милост - поради Својата голема љубов со која нè возљуби нас,
5 нè оживе заедно со Христа и нас, кои бевме мртви поради нашите гревови, - по благодат сте спасени! -
6 и со Него нè воскресна и со Него нè седна во небесните места, во Христа Исуса,
7 та, во идните векови да го покаже преголемото богатство на Својата благодат, според Својата добрина кон нас во Христа Исуса.
8 Зашто по благодат сте спасени, преку верата, и тоа не е од вас самите - тоа е Божји дар!
9 Не од делата, за да не се фали некој.
10 Имено, Негово дело сме, создадени во Христа Исуса, за добри дела, кои Бог ги подготви однапред, за да живееме во нив.
www.myspace.com/sblagoj
Кон врв
Blagoj_s Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 28.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 3057
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Blagoj_s Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Септември.2013 во 12:36
Псалми1


1 Блажен е човекот кој не оди по советот на нечесните, и не стои на патот на грешниците, и не седи во седиштето на потсмевачите;
2 туку волјата му е во Господовиот Закон и за Неговиот Закон размислува дење и ноќе:
3 Тој е како дрво засадено покрај водни потоци, што донесува плод во свое време; неговите лисја никогаш не венат; сè што прави, во сè успева.
4 Нечесните не се такви, тие се како плева што ветерот ја разнесува.
5 Затоа нечесните нема да се одржат на суд, ниту грешниците во собранието на праведните.
6 Зашто Господ го знае патот на праведните; а патот на нечесните ќе пропадне.
www.myspace.com/sblagoj
Кон врв
Zlatnik Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 23.Август.2005
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 2605
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Zlatnik Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Септември.2013 во 22:57
Знам дека во оваа тема треба да се пишуваат вашите најомилени стихови од библијата.
Пред неколку месеци дадов некој коментар во врска со ова, но очигледно дека некој што требало да види - не видел (освен се разбира Меси голема насмевка) или пак видел ама не разбрал.
1. Дали во библијата има убави, поубави и најубави стихови? Ако постои ова градација, тогаш би требало да има и такви кои не се убави! Како инаку би се знаело дека овие кои тука се објавуваат се најубави?
2. Доколку не бев разбран во врска со првава точка, да препрашам со подруги зборови, зарем во библијата има неубави стихови?
3. Во последниве 13-14 страни на оваа тема, од вкупно 200 постови, 90% отпаѓаат а Блгој_с. Во месец Мај имаше неколку коментари од други членови (Спирос и тек-тук уште некој друг) и ... тоа е се! Од тогаш па се до сега сите постови се на Благој_с.
4. Благој_с зошто се мачиш секој ден да пишуваш? Нели е подобро да ја препишеш  (скенираш) целата библија и да ја постираш? Така би се спасил од секојдневната обврска за пишување, но и од бламажата од одбирање (селектирање ) на убавите од неубавите стихови (btw. дај кажи ни’ кои се тие неубави стихови од библијата кои ги одминуваш т.е. не ги пишуваш.) Да видиме и ние кои се тие и зошто нив ги сметаш за неубави, па не ги наведуваш овде?!

Р.Ѕ. Во ред е ако не сакаш да ја прифатиш оваа моја сугестија и моите прашања. Твое право  е да си пишуваш и да не ми објаснуваш за тоа што те прашав.

Неоттуѓиво е правото на секој поединец да живее во својата заблуда!
Кон врв
Blagoj_s Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 28.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 3057
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Blagoj_s Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Септември.2013 во 10:23
Матеја 5:44-45
А Јас ви велам: Љубете ги своите непријатели и молете се за оние, кои ве гонат; за да бидете синови на вашиот Татко, Кој е во небесата, Кој прави Неговото сонце да изгрева над злите и над добрите, и дава дожд на праведните и на неправеднит

1 Јованово: 4:1
Возљубени, не верувајте му на секој дух, туку испитувајте ги духовите - дали се од Бога, зашто многу лажни пророци излегоа во светот.
www.myspace.com/sblagoj
Кон врв
Blagoj_s Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 28.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 3057
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Blagoj_s Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 28.Септември.2013 во 10:57
Галатјани 6:9 Да не бидеме уморни да правиме добро, зашто ќе жнееме во право време, ако не се умориме

www.myspace.com/sblagoj
Кон врв
Blagoj_s Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 28.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 3057
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Blagoj_s Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 28.Септември.2013 во 10:58
Јаков 4:17 И така, кој знае да прави добро, а не го прави, грев му е.

Јаков 3:13 Кој е меѓу вас мудар и разумен? Со добро владеење нека ги покаже своите дела во мудра смиреност.
www.myspace.com/sblagoj
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 7980818283 98>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,250 секунди.