IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Стил на живот > Образование
  Активни теми Активни теми RSS - Малтретирање на учениците
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Малтретирање на учениците

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 678
Автор
Порака
mamamd Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Почесна конзулка

Регистриран: 02.Ноември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 25679
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mamamd Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 18.Октомври.2008 во 06:49
... sekogash koga se slucuva maltretiranje na ucenik...nadleznite institucii nikogash ne se zapoznati so toa shto se slucuva...pa se postavuva prashanje dali tie se padnati od Mars...ili roditelite isplasheni deka kje se zaboshoti rabotata pomosh baraat od mediumite. Eve edna informacija vo Dnevnik...

Кривична за наставник што тепал ученик

Наставник во ОУ „Чајле“, во гостиварското село Чајле, е осомничен дека истепал осмоодделенец во вторникот во училиштето. Мајката на ученикот, Ариета Далити, пријавила во полиција, која против наставникот Ш.Е. (50) поднела кривична пријава за кривично дело малтретирање во вршење на служба. Според полицијата, инцидентот се случил за време на час, кога наставникот му удрил неколку шлаканици на ученикот на кој му била пружена и медицинска помош во гостиварската болница. Осомничениот изјавил дека го удрил детето бидејќи со друг ученик го вознемирувал на часот.

Надлежните институции тврдеа дека не биле информирани за случајот со тепање ученик во гостиварското село Чајле. Училишната управа беше зафатена со подготовка на прославата за патрониот празник. Во Подрачната единица на Министерството за образование и наука ни рекоа дека од нас разбрале за случајот. Од секторот за образование во општина Гостивар објаснуваат дека слушнале нешто, но за изјава ќе треба да се почека раководителот, кој заминал на службен пат.


Кон врв
zagor Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Уникатен песимист

Регистриран: 27.Септември.2007
Локација: Congo
Статус: Офлајн
Поени: 12850
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zagor Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 18.Октомври.2008 во 14:31
...zaradi dokazuvanje na vistina zadolzitelni lekarski pregled...
                                                                                           ...mamamd.
 
.....zarem mora lekarski pregled za da protiv nekogo se povede disciplinska postapka....?изненадување..nadvor od obrazovanie..bez pardon!!!
..sto ako bas toj roditel ne saka da tuzi..???....treba da nastrada sledno dete pa toj roditel da ja vodi postapkata?....zatoa se slucuvaat vakvi i polosi raboti...!!!toa e nasiot sistem..abe ziv HOROR e po skolive..лутина
...zagor e ziv,se drugo e laga.
Кон врв
mamamd Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Почесна конзулка

Регистриран: 02.Ноември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 25679
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mamamd Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 18.Октомври.2008 во 15:05
Originally posted by zagor zagor напиша:

...zaradi dokazuvanje na vistina zadolzitelni lekarski pregled...
                                                                                           ...mamamd.
 
.....zarem mora lekarski pregled za da protiv nekogo se povede disciplinska postapka....?изненадување..nadvor od obrazovanie..bez pardon!!!
..sto ako bas toj roditel ne saka da tuzi..???....treba da nastrada sledno dete pa toj roditel da ja vodi postapkata?....zatoa se slucuvaat vakvi i polosi raboti...!!!toa e nasiot sistem..abe ziv HOROR e po skolive..лутина

...zal mi e zagore no bez dokazi ima dve vistini...na tepacot i na natepaniot... jas ti kazuvam od licno iskustvo...moj kolega go udri moeto dete... znaejki deka kje napravam lom...zema boleduvanje a na sin mi mu rekol da ne kazuva doma... jas razbrav posle 10 dena od roditel na soucenik na sin mi... "miliot" mi kolega me ubeduvashe deka malku go potcuknal oti se svrtel nazad i zboruval... direktorot napravi samo "usluga" ...go zameni so druga nastavnicka... oti jas sum bila mnogu nekolegijalna...
Кон врв
zagor Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Уникатен песимист

Регистриран: 27.Септември.2007
Локација: Congo
Статус: Офлајн
Поени: 12850
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zagor Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 18.Октомври.2008 во 15:19
..i mene navistina mi e zal ako  e toa taka.... navistina mi e zal sto decata vi se vrakaat doma so raskrvaveni glavi i poteceni oci...zalam.....!!...vie samo barajte dokazi.....a dotogas, se ke bide veke docna....
...zagor e ziv,se drugo e laga.
Кон врв
mamamd Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Почесна конзулка

Регистриран: 02.Ноември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 25679
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mamamd Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 18.Октомври.2008 во 15:25
...ne baram jas dokazi...zboruvame za procedura.... nekoi lugje ne razbiraat deka vremeto na tepanje na decata zavrshi... no vina ima i kaj roditelite... nekoj reagira za sekoja sitnica...drug molci i koga deteto mu e povredeno... 
Кон врв
Andjelina Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Miss High Hill’s

Регистриран: 07.Ноември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 14129
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Andjelina Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 27.Март.2009 во 13:48
Укор за бабарогите на училиште и дома



Автор:  Антонија Поповска
Коментари%20и%20Дебати
Ако училиштето вели дека не вредам, тогаш јас навистина не вредам.“ Ова, е во главите на 90 отсто од децата, сметаат психолозите што се обидоа да ни објаснат зошто децата помислуваат на најлошото – да кренат рака на себе кога се поттикнати од ниските оценки што ги добиле на училиште. Еден таков обид неодамна се случи во скопско основно училиште, кога петтоодделенка сакала да скокне од прозорец затоа што добила четворка на тестот по англиски јазик.

Родителите гневни обвинија дека притисоците што ги наметнува новиот систем на образование, конкретно полагањето екстерни тестови, прави децата постојано да се под притисок и да помислуваат и на најлошото. А не помислуваат дека можеби и тие самите се виновни што упорно им ставаат во главите на своите деца дека само петката е оценка, а двојките и тројките се за „губитниците“ и нив никако не смеат да си дозволат да ги добијат.

Треба ли да се случи трагедија како опомена дека децата не смеат да ги изложуваат на постојан притисок, кој секојдневно им се случува и на училиште?

Притисокот и стегите, како и големите очекувања, на детската нежна психа можат да влијаат само контрапродуктивно и да предизвикаат комплекси, да остават траги и во подоцнежниот развој. Позитивните ефекти од таквата тортура не само што ќе изостанат туку во исклучителни ситуации можат и погубно да дејствуваат на младиот живот.

Желбата на возрасните да се постигнат резултати со заплашување предизвикува искривена слика на детето за себе, односно дека тоа не е доволно добро за своите родители, за учителката, другарчињата. А тоа предизвикува уште една нереална претстава - дека никогаш нема да биде како Јана или Бојан, кои сите ги фалат и ги сакаат оти дома носат само петки.

Магичниот круг на преценети вредности е претежок за детската психа и помислата да се побегне од тешкиот товар со посегнување по сопствениот или по туѓиот живот во таквите моменти се јавува како единствен излез.

Кога тоа што се случува и бунтува во детската глава ќе допре до возрасните обично е предоцна, иако можеби тие со своето претходно однесување (повлеченост, затвореност, замисленост) ни испраќале пораки за помош и апели за поголемо внимание. Но кој да ги слушне во трката по егзистенција и кој да ги види во забрзаниот ритам на животот.

Тука секако дека за укор се и нивните наставници, кои речиси повеќе од половина од денот поминуваат со учениците. Со нив се да ги научат, да ги образуваат, но и да ги слушнат нивните големи или мали маки.

Тоа мора да биде дел од секојдневниот образовен процес. И тоа мора некој да го контролира, иако на многумина им одговараше како досега, да нема ревизор, без разлика што некои подаруваа петки, а за возврат чекаа каква било услуга од родителот.

Преплашени од екстерното оценување, наставниците можеби и не забележуваат дека наставниот час, не сакајќи, го претвориле во мачилиште (учениците сведочат за закани и за многу поголеми притисоци). Плус стегите од дома. Премногу е.

Она што најмногу загрижува е односот на институциите - на Министерството за образование и наука, кое не помислува сè уште (не знам што чекаат) да ги седне и да ги смири наставниците, да им објасни дека екстерното оценување не е бабарога, која ќе им изеде платите на сите или, пак, работните места. Оценувањето е само една контрола, која треба да придонесе за поквалитетно образование и мотивација за наставничкиот кадар да го подобри наставниот процес
можат ли навистина децата да го постигнат сето она што се бара од нив?
проблем на општеството е неквалитетното школство
ризикуваме ли да имаме тажна младина која теоретски ќе знае и колку овци има австралија,но практично нема да биде спремна за ништо?



Изменето од Andjelina - 27.Март.2009 во 13:55
Никогаш не научив дали е подобро да носиш патики или штикли кога ќе тргнеш во потрага по делот од душата кој ти недостасува

Кон врв
mamamd Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Почесна конзулка

Регистриран: 02.Ноември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 25679
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mamamd Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 27.Март.2009 во 14:12
Многу убава анализа на сегашната ситуација  на која се изложени  децата во училиштата и семејството. Во темата родителите одговорни во приложениот напис се дадени размислувањата на одговорните лица кои треба да с епогрижат децата да бидат деца. Но за жал како и многу пати досега топката се префрла, од училиштето кон семејството, од семејството кон родителите. Директораката на  Бирото за развој на образованието продолжува со празна реторика според која децата нема да страдаат од тестирањето туку тие ќе бидат тестирани за да се види како работат нивните наставници?!
Кој да и верува? Ако наставникот се оценува според постигнувањата на ученикот на тестот тогаш наставникот е должен таа оцена и да ја стави во дневникот. Низ годината наставниците ја вреднуваат целокупната работа на учениците.
Како и да е децата се жртви на сите.
Кон врв
Zajcef Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
TOTENKOPF

Регистриран: 16.Јануари.2008
Статус: Офлајн
Поени: 1252
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Zajcef Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 27.Март.2009 во 18:58
Ако нека притискаат-само ќе се,,прашуваат,,сите тие психолози,педагози професори и останати просветари кој е крив кога ќе почнат да се јавуваат случаи како овој во германија(пред некоја недела што се случи)само касно ќе биде тогаш-како и секогаш...
Кога неправдата станува закон,отпорот станува должност....
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 678
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,094 секунди.