IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Стил на живот > Уметност , култура и традиција
  Активни теми Активни теми RSS - kejt-d-grejt
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

kejt-d-grejt

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 678910 40>
Автор
Порака
kejt-d-grejt Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 05.Ноември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 6228
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај kejt-d-grejt Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 07.Февруари.2009 во 14:33
      ВОЛНЕНОТО ЌЕБЕ ОД ОТЕХ
 
Ти реков, не викај ме,
не кани ме
под ќебе да ти дојдам
ќе ни се измешаат мирисите,
ќе ни се разбудат осетите,
ќе посакаш да останам.

А кога останувам,
јас знам да болам.

Оти тајна дамнешна на сон ми се сонила,
за патот до рајот ми треба само здив
со медот заедно и пелин ќе ти наточам,
крвта ќе ти ја цицам,
а ти ќе ме молиш
да не заминам

Затоа те молев,
Не кани ме, не викај ме
под ќебе да ти дојдам.


Изменето од kejt-d-grejt - 07.Февруари.2009 во 14:37
Кон врв
kejt-d-grejt Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 05.Ноември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 6228
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај kejt-d-grejt Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 09.Февруари.2009 во 14:11
Замисли на пример вака,
земаш плата и мене за рака
во Happening душо попуст имале
дај да побрзаме, дури не разграбале
сукњичка, кошулка душо, бееее....
нема да веруваш - скоро за џабе,
ташна се подразбира, не мора да прашуваш
одиш, бираш, земаш, купуваш.
А чевли нови, не сум купила од кога
како калапче се за мојава нога.
Без Swarovski не можам да дишам
убаво ќе ми стои, баш мислев да се шишам.
Колку сум среќна, леткам околу тебе
а ти не купуваш ли ништо за себе?
Не ми се секирај, дај да се смееме
овој месец од љубов ќе живееме.






Изменето од kejt-d-grejt - 09.Февруари.2009 во 14:11
Кон врв
kejt-d-grejt Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 05.Ноември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 6228
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај kejt-d-grejt Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Февруари.2009 во 22:27
Понекогаш,
не се препознавам
ни мир од немир разделувам
сенката не си ја чувам,
телото од мене го прогонувам.

И ништо тогаш нема смисол,
објаснување, ни одговор...

Понекогаш ,
претерувам
залет земам, замижувам
дистанци не почитувам
ѕверот го хранам, го разгалувам
за да ме погали,
за да ме скокотне
и да ми помогне
да заборавам









Изменето од kejt-d-grejt - 11.Февруари.2009 во 22:31
Кон врв
kejt-d-grejt Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 05.Ноември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 6228
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај kejt-d-grejt Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Февруари.2009 во 19:33
Не оди си,
те молам не оди си вечерва...
немав време да ти кажам
како болат рацете
кога гушкаат празнина.

Вечерва само не оди си.
Нека заминат сите возови
и вселенски бродови
нека се збогуваат други вљубени,
ти кај мене дојди си..,
дома си...легни си...
Јас сум твое перниче,
ти си мое калапче.
Изворче и поточе.

Убав мој...вечерва не оди си
ќе дувале ветрови,
ќе паѓале громови,

вистина, вистина ти велам,
на вестите кажааплазење
...
...

(п.с. ај бе остани, море педер еден!!!)







Изменето од kejt-d-grejt - 14.Февруари.2009 во 22:11
Кон врв
butterflyM55 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
***PEPE***

Регистриран: 17.Ноември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 3399
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај butterflyM55 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Февруари.2009 во 19:39
Коковче ненадминливо си
Единствената работа што стои помеѓу нас и тоталната среќа е реалноста.
Кон врв
kejt-d-grejt Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 05.Ноември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 6228
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај kejt-d-grejt Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Февруари.2009 во 19:42
кокошка
Кон врв
Lithium Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 01.Декември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 9407
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Lithium Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Февруари.2009 во 19:43
Aiiiii Kejt bravos
You think you are perfect? Well, try walking on water...
Кон врв
kejt-d-grejt Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 05.Ноември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 6228
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај kejt-d-grejt Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Февруари.2009 во 19:47
Originally posted by Lithium Lithium напиша:

Aiiiii Kejt bravos


е, не, песна ќе му пеам....
аман више...
он на мене...плазење

Кон врв
Lithium Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 01.Декември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 9407
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Lithium Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Февруари.2009 во 19:50
Што убаво, на почетокот песна му пееш, перниче, калапче, душиче а на крај го отера во....
You think you are perfect? Well, try walking on water...
Кон врв
kejt-d-grejt Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 05.Ноември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 6228
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај kejt-d-grejt Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 18.Февруари.2009 во 11:07
    НА...НА....ЗНАЕШ ТИ...НА ТЕБЕ намигнување

Мислиш јас пак знам што сакам???
по лето копнеам кога е зима,
на сред гроздобер лубеница јадам.
Кога цел свет паметен, уморен
филмот го догледува и добра ноќ посакува,
јас од постела тивко, на прсти излегувам
крила си подмачкувам и во небо летнувам.
Па трчам по облаци боса,
не ми е ладно, не ми е страв,
пеам на цел глас, се кикотам, се смеам
а ѕвездите ми свират маџарски чардаш.
А кога сонцето под вратот ќе ме скокотне,
тивко се спуштам, дишење успорувам,
насмевка љубезна облекувам,
добро утро, имајте убав ден, ви посакувам.
Ма пушти ме, батали ме...мислиш јас знам што сакамбакнеж








Изменето од kejt-d-grejt - 18.Февруари.2009 во 11:15
Кон врв
kejt-d-grejt Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 05.Ноември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 6228
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај kejt-d-grejt Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Февруари.2009 во 22:03
Твојот бес лесно ме сече
како остар нож меко сиренце

Зошто едноставно не можеш да ме сакаш
без тестови и докази,
без цени превисоки?

Ем се лутиш, ем го љубиш
жарот во очиве,
ветрот во нозеве.

Не руши ја нашата кула од карти
темели ќе туриме,
оџак ќе изѕидаме,
па ќе ја варосаме.
На столчиња дрвени,
со коси побелени,
на сонце во дворот
уште ќе се сакаме големо%20гушкање





Изменето од kejt-d-grejt - 25.Февруари.2009 во 22:04
Кон врв
kejt-d-grejt Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 05.Ноември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 6228
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај kejt-d-grejt Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 27.Февруари.2009 во 22:20
     ЕДНА МАКА

Јас не знаев дека ме чекаше
зад аголот
кај таксистите
избричен,
намирисан,
со рацете во џебови,
потпрен на дрвото
мангупски

Не знаев...
да знаев ќе излезев
ќе те мириснев
ќе ти намигнев,
не оти имав работа,
не оти некому требаше моето друштво,
блеев по чавките
ги броев стапките
на минувачите
и чекав да се појавиш




Изменето од kejt-d-grejt - 27.Февруари.2009 во 22:29
Кон врв
kejt-d-grejt Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 05.Ноември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 6228
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај kejt-d-grejt Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 02.Март.2009 во 18:33
     
 
Зборувај ми душиче
убаво ми зборуваш
ме храниш
ме поиш
нежно ме милуваш
така мајка ми ме милуваше по косата
кога и заспивав во скутот.
 
Гледај ме душиче,
нежно ме гледаш
ме галиш,
ми годи,
како што ме гледаше кога се замомував,
кога полна со себе покрај тебе поминував

Јас знаев дека постоиш
зад седум планини и седум мориња,
за мојата приказна измислен
за мојата душа извајан
од најтврд кремен
и најфина свила
само чекав да ме побараш



Изменето од kejt-d-grejt - 03.Март.2009 во 12:56
Кон врв
kejt-d-grejt Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 05.Ноември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 6228
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај kejt-d-grejt Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Март.2009 во 23:31
       АБЕ ЛАЖАТ - СУШАТ!!!

Како голи полжави се влечат облаците по небото,
сонцето глуми срамежлива невеста,
уште еден ден надмено ги пакува куферите,
си мисли многу важен е
- му се смеам на умотма%20ајде

Масовно не' лажат:
демек без сонце немало живот,
демек без воздух,
демек без вода.
Живот може само без тебе да нема!


Изменето од kejt-d-grejt - 05.Март.2009 во 23:36
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 678910 40>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,156 секунди.