IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Општо > Животински и растителен свет
  Активни теми Активни теми RSS - Животни - општа дискусија
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Животни - општа дискусија

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 678910 14>
Автор
Порака
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 08.Ноември.2010 во 04:31
Што значи лаењето на кучињата и смеењето на хиените

Лугето имаат многу карактеристики кои се поврзани со другите животински видови на Земјата, но често се кажува дека нивниот говор значи нешто посебно.Вистина е дека животните не комуницираат како луѓето, но дури и во нивниот случај постојат нијанси за кои ние не сме свесни.

Со толкување на светот само низ звуците што сами ги произведуваме нема далеку да стигнеме. Она на што луѓето им значи едно, на животните им значи сосема друго, и обратно.

Смеењето на хиените

Многу луге под влијание на разните анимирани филмови мислат дека хиените имаат смисла за хумор или пак се смеат на нечија сметка. Но, во реалност нивното смеење има многу значења, а ниту едно не се поврзува со ништо смешно.

Според резултатите од испитувањето објавено во BMC biology, ’кикотењето’ на хиените всушност им служи како лична карта за другите хиени. Нивните различни звуци им ги означуваат староста и статусот во глутницата, односно дали се доминантни или подредени. Хиените воглавно се разбираат со своето ’смеење’ пред хранењето, а на тој начин воспоставуваат ред и мир во глутницата.

Чкрипењето на рибите

Меѓу рибарите има многу кои што уловиле сом.А, некои од нив, имаат приказна за тоа дека нивниот сом ’цимолел’ и ’чкрипел’. Се разбира, и нас некој да ни стави јадица на устата, и ние веројатно ќе цимолиме.

Сомовите се особено познати по тоа дека испуштаат звуци кога се надвор од водата. Но, дали овие звуци имаат значење или пак воздухот само излегува полека од рибата?

Според неодамнешно истражување, исто така објавено во BMC biology, научниците успеале да утврдат дека сомовите навистина пренесуваат информации со звук добиен при стружење на перките по зглобовите и рамената, што произведува звук сличен на чкрипење. Научниците велат дека тоа е сигнал за предупредување од опасност од предатори. Како и многу други видови, сомовите на ист начин можат да пренесат пораки кои се однесуваат на храна и секс. Научниците биле изненадени кога откриле дека постарите сомови испуштаат подолги и посилни звуци, но сите сомови се разбираат без разлика на годините.

Кучешкото `ржење

Неодамна е направен мошне едноставен експеримент со многу интересни резултати. Откако снимиле три различни ржења на кучињата, научниците идентификувале за каков точно сигнал се работи во секој поединечен случај и им ја пуштиле снимката на други кучиња.

Резултатот е мошне интересен. Откриени се три видови ржење. Првото означува заиграност, второто страв, а третото закана заради приближување на странец на садот со храна.

Кучешкото ржење на луѓето скоро секогаш им звучи исто, но кучињата јасно покажале дека има различно значење. Дури и снименото ржење предизвикало различни реакции, кај повеќето испитани кучиња.
 

Звучните сигнали на пчелите

Пчелите медарки се познати по својот танц во воздух при кој се нишаат. Тоа е всушност облик на комуникација со кој даваат сигнал каде се наоѓа добро место за хранење близу до кошницата.

Но, кога ќе стигне опасноста тие си ги удираат главите една со друга, со што даваат кратки звучни сигнали дека опасноста е во близина. Секоја пчела кога ќе види други како си ги удираат главите, реагира како да видела црвен аларм.

Црекањето на лилјаците

Неодамна објавената студија во магазинот Royal Society Biology Letter тврди дека во животинскиот свет лилјаците испуштаат звуци во највисоките тоналитети. Просечната фрекфенција им изнесува од 170 до 250 килохерци а чисто колку за споредба една оперска пејачка може да достигне околу 2 килохерци.

Но дали нивното црекање има некое значење? Според споменатата студија, тие испуштаат звуци кога се доближуваат до пленот за другите лилјаци да знаат каде е локацијата и дали се тоа инсекти или пак некои други извори на храна.
Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Ноември.2010 во 12:19

Ушна шуга кај домашните миленици

Постојат неколку вида на шугарци кои можат да го нападнат ушниот канал кај мачките и кучињата. Ист вид може да паразитира и кај кучињата и кај мачките. Спротивно на популарното верување ушните шугарци можат да паразитираат секаде на телото. Ушните шугарци се екстремно заразни. Тие можат да се шират од мајката на подмладокот. Дополнително комплицира фактот дека можат да се пренесуваат меѓу различни видови домашни миленици покрај мачките и кучињата се јавува и кај зајците, глувчињата, морските прасиња и други. Луѓето не се погодени од овој паразит. Кучињата и мачките со ушна шуга се чешаат околу ушите и ја тресат главата. Интензитетот на чешањето зависи од степенот на заразата со шугарци. Кај напреднати фази на инфестација во ушниот канал се јавува свежа крв и засушена. Засушената крв личи на зрнца мелено кафе. Доколку сопственикот го прегледа ушниот канал на својот миленик и ја воочи оваа промена тогаш со голема веројатност истиот е инфестиран со овие паразити. Секако не се исклучува габична и бактеријска инфекција. Во нашето поднебје ушната шуга е честа појава но лесно се дијагностицира и успешно се лекува. Сепак доколку не се интервенира навреме можат да настанат сериозни компликации со оштетувања на ушниот канал и ушното тапанче дури и да се предизвика трајно губење на слухот. Доколку ушните шугарци се шират надвор од ушите на другите делови на кожата тие можат но и не мора да предизвикуваат јадеж и чешање по кожата. Лекувањето се врши со средства кои содржат инсектицид и кои се со намена за адекватниот вид кој се третира. Во зависност од степенот на инфестацијата и изборот на лекот, лекувањето трае од две до четири недели. Покрај локалниот третман на ушите неопходно е да се третира и кожата на домашниот миленик независно од тоа дали е со заштитна или тераписка намена. Ушните шугарци обично не преживуваат надвор од домаќинот и затоа не е неопходно да се врши дезинсекција во домот.


Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Ноември.2010 во 04:58
Тигрите би можеле да исчезнат до 2022
 
Во Санкт Петербург во неделата почна конференцијата за зачувување на тигрите како загрозен вид, на која се собраа лидерите на 13 земји во кои живее ова животно. Првиот собир на вака високо ниво, кој е посветен на опстанокот на еден животниски вид и ќе трае до 24 ноември, го отвори потврдениот заштитник на тигрите - рускиот премиер Владимир Путин. Џејмс Лип, генерален директор на Светскиот фонд за природа, изјави дека тигрите, доколку не се применат правилни мерки на заштита, би можеле да исчезнат до 2022 - Годината на тигарот, според кинескиот календар. Се очекува лидерите на Бангладеш, Бутан, Камбоџа, Индија, Кина, Индонезија, Лаос, Малезија, Мјанмар, Непал, Русија, Тајланд и Виетнам, да усвојат Програма за зголемување на популацијата на тигрите во природата до критичната 2022.
Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Декември.2010 во 13:51
Африка има два вида на слонови

 
Наместо еден, Африка има два вида на слонови, соопштија истражувачите, со што ги потврдија сомнежите дека постојат два јасно различни видови на дебелокошци. Користејќи апарати за одвојување гени, екипи од Харвард, Универзитетот во Илиноис и Универзитетот во Јорк, Британија покажаа дека не се работи за само еден вид, како што веруваа научниците долго време, туку африканскиот савански слон и помалиот африкански шумски слон се различни видови кои во голема мера се разделени веќе две до седум милиони години.
"Нашето истражување покажува дека шумскиот и саванскиот слон не се многу блиску поврзани еден со друг и не се само подвидови или претставници на еден ист вид", изјави Алфред Рока од Универзитетот во Илиноис кој работеше на истражувањето објавено во весникот на "Паблик лајбрари оф сајенс", "ПЛоС Бајолоџи".
Научниците го споредија генетскиот код на модерните слонови од Африка и Азија со ДНК на два истребени вида: рунтавиот мамут и американскиот мастодонт.
"Изненадувачки е тоа што шумскиот и саванскиот слон од Африка, за кои многумина сметаат дека се ист вид, се различни колку и азиските слонови и мамути", изјави Дејвид Рајх од медицинскиот факултет на Харвард во Бостон, кој исто така, работеше на испитувањето. Шумските и саванските слонови во Африка се многу различни по големината. Саванскиот слон е скоро двојно потежок од шумскиот слон и тежи шест до седум тони и е висок 3,5 метри, што значи е едно метро повисок од шумскиот слон. И покрај сето ова, многу научници сметаа дека двата вида слонови потекнуваат од ист вид, претежно поради тоа што се парат и раѓаат младенчиња.

Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 04.Јануари.2011 во 12:32
Делфините го кријат лекот против дијабетес?

Делфините би можеле да го кријат клучот за лекувањето на дијабетесот тип 2. Откриено е дека делфините, покрај големината на мозокот, имаат уште една сличност со луѓето - страдаат од болести слични на дијабетесот.

Делфините имаат способност ноќе, додека не се хранат, изненадувачки да го "исклучат" дотокот на инсулин, кој го контролира нивото на шеќерот во крвта, што кај луѓето е прв симптом на дијабетес од типот 2.

Имено, научниците поради ова веруваат дека способноста на делфините да го вклучуваат и исклучуваат дотокот на инсулин може да биде клучна за лекувањето на луѓето од оваа болест и се надеваат дека за брзо време ќе се најде "генетски прекинувач" што ќе им го овозможи тоа.

Кон врв
zabegan Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Другарот на Мона Лиза

Регистриран: 06.Април.2007
Статус: Офлајн
Поени: 9774
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zabegan Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 04.Јануари.2011 во 19:08
најмногу му се восхитувам на мрзливоста и брзината со која се движи, а му ја обожавам насмевката


размисли пред да напишеш глупост
Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 08.Јануари.2011 во 06:46
Чудата на животинската комуникација

Животните можеби не зборуваат, но тие секако комуницираат и постојано
 пренесуваат богатства од информации меѓу себе. Можат да кажат каде се, да известат ако има храна, да го привлечат својот партнер и дури да ги предупредат другите за присуството на непријатели. Од основно значење за преживувањето е добрата комуникација меѓу животните. 

Некои животни како мајмуните и мечките комуницираат преку допир. Преку допирот се одрѓува врската меѓу животните и се докажува водството на групата. Со лачење на хемикалии наречени феромони во својата урина или мирисни жлезди, животните можат да препознаат други членови од својот вид, да си ја одбележат територијата да најдат плен и да лоцираат партнери.

Друг начин на комуникација е вибрацијата. Слонот ги потребува ушите, но ги употребува и стапалата. Стапалата на слонот се толку осетливи што можат да го регистрираат тупотот направен од други слонови на далечина од 30 километри. Ја забележуваат и вибрацијата од водата и инстинктивно тргнуваат во таа насока.

Најгласниот звук од некое копнено животно е направен од мајмунот – врескач. Тој вреска за да објави својата територија и може да се слушне и на далечина до 16 километри. Шимпанзата се интелигентни речиси колку луѓето. Тие зборуваат меѓу себе со голем дијапазон на вокални звуци, гестикулации со рацете и фацијални изрази.



Изменето од емил - 08.Јануари.2011 во 06:47
Кон врв
zamislena Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 03.Јануари.2010
Статус: Офлајн
Поени: 14566
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zamislena Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Јануари.2011 во 23:54

Кое е најомиленото животно во светот?

Најновата анкета на Анимал Планет покажува дека токму тигарот е изгласан за најомиленото животно во светот. Во анкетата биле бклучени повеќе од 55000 испитаници од 73 земји во светот. Тигрите со 21% од вкупните гласови успеале да издвојат тесна победа бидејќи веднаш позади нив биле кучињата со 20%. Во продолжение следи табелата на најомилените животни на светот:

1. Тигри

2. Кучиња

3. Делфини

4. Коњи

5. Лавови

6. Змии

7. Слонови

8. Шимпанза

9. Орангутани

10. Китови

 

Името тигар потекнува од нивната брзина. Зборот „тигар“ доаѓа од грчкиот збор „тигрис“ кој многу веројатно е персиски збор што во превод значи „стрела“ која доаѓа од реката „тигар“.
Единствен голем остров денеска населен со тигри е Суматра, овие животни низ вековите полека изумреле од островите Јава, Бали и Борнео. Нив денеска ги има во јужна Азија, источна Русија, Индија, Суматра и некои помали места во Кина. Тигарот живее самотно и лови ноќе, а омилен плен му се цицачите кои се со средна големина како на пример елените.Останата храна им е водното бафало, дивата свиња, дамчестиот елен,лос, сибирски елен, бизони, зајaци, мајмуни, пауни, риби итн. Главна карактеристика за тигрите е што можат да достигнат висина при нивниот скок до 10 метри.Живеат околу 11 години во дивина и 8 години во заробеништво.


БЕНГАЛСКИ ТИГАР - неговото второ име е Кралски Бенгалски тигар,живее во делови од Индија, Бангладеш, Непал, Бутан и Бурма. Како негови живеалишта може да се сретнат пасишта, тропски дождовни и субтропски шуми и влажни и суви шуми со листопадни дрвја и мангрови. Мажјаците обично тежат 205 - 227 килограми а пак женките околу 141 килограм. Но сепак Бенгалските северноиндиски и непалски се поголеми од останатите,тие живеат на индискиот подконтинент а просечна тежина на мажите изнесува 235 килограми.

 

 

 

ИНДОКИНЕСКИ ТИГАР - попознат како Корбетов тигар,него го среќаваме во Кина, Камбоџа, Лаос, Бурма, Тајланд и Виетман. Индокинескиот тигар е помал од Бенгалскиот и со потемно крзно. Мажјаците тежат 150 - 190 килограми, женките нормално како помали тежат 110 - 140 килограми. Омилено место за живеење му е шумите во ридско - планинските региони. Овие тигри се подложени на голем ризик од ловокрадците. Во Виетман скоро три четвртини од убиените тигри служат за снабдување на кинеските аптеки.

МАЛАЈСКИ ТИГАР - карактеристично за овој подвид е што живее единствено на Малајскиот полуостров. Дури во 2004 -година овој посебен подвид е признаен. Малајскиот тигар е третиот по популација во светот според најновите истражувања веднаш зад Бенгалскиот и Индокинескиот тигар со 600 - 800 индивидуи во дивината . Овој тигар е најмал до сите подвидови кои живеат на копното, мажјаците тежат во просек околу 120 килограми а женките 100 килограми. Истоимениот тигар може да се пофали со тоа што е на грбот на малезиското знаме а истовремено како нивен национален

 

 

 

СУМАТРАНСКИ ТИГАР - овој подвид е критично загрозен кој исклучиво живее на индонезискиот остров Суматра. Овој тигар може да се пофали што е најмалиот од сите живи подвидови на тигри. Мажјаците тежат околу 100 - 140 килограми,а пак женките 75 - 110 килограми. Нивната мала големина се должи на адаптацијата на густата вегетација која е присутна на Суматра исто така како и на лов на помали животни. Нивната популација во дивината се проценува 400 - 500 индивидуи кои претежно живеат во нацијоналните паркови. Овој подвид има шанси да се развие во единствен посебен вид на тигри доколку не изумре, ова го покажуваат најновите генетски истражувања кој откриле присуство на уникатни генетски маркери. Поради ова треба заштитата на Суматранскиот тигар да биде приоритет за биолозите.

 

СИБИРСКИ ТИГАР - овој подвид е познат и како Амурски, Манчуриски, Кореански или Севернокинески,живее меѓу реките Амур и Усари во Приморскиот регион на Хабаровскиот крај во источен Сибир. Сибирскиот тигар може да се пофали со тоа што се смета за најголем подвид. Должината на главата и телото е 190 - 230 сантиметри (опашката негова е долга 60 - 110 сантиметри), а просечна тежина е 227 килограми за мажјаците. Нивна карактеристика е густото крзно кое е во бледо златна нијанса и помал број на пруги. Најтешкиот тигар од овој подвид а и воопшто во светот е 384 килограми.

 

 

ЈУЖНОКИНЕСКИ ТИГАР - овој подвид е најкритично загрозениот и спаѓа меѓу 10-те најзагрозени видови на животни во светот и е еден од најмалите подвидови. Должината му достигнува меѓу 2,2 - 2,6 метри.Мажјаците тежат 127 - 177 килограми, додека пак женките 100 - 118 килограми. Денес постојат само 59 тигри од овој вид кои се во заробеништво во Кина, тоа е зашто не постои доволно генетски диверзитет за да се одржи подвидот. Денеска се прават огромни напори за да се размножи овој вид и да се врати во дивината.

 

 

Кон врв
Marko Polo 1 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
venecijaner

Регистриран: 20.Ноември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 9693
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Marko Polo 1 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Јануари.2011 во 23:57
Ne veruvam deka i deckovo glasal za tigar...


Incredible Blue
Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Јануари.2011 во 07:16
Знаете ли кои се најпаметните животни во светот?
 

Не грижете се, човечкиот род и покрај константното затупување преку медиумите, на кои повеќето со задоволство му се препуштаат, и понатаму е на прво место што се однесува до интелегенцијата. Иако понекогаш донесуваме благо речено будалести одлуки, како на пример, гласање за определени партии, по интелегенција и памет и понатаму го одржуваме светскиот примат.

 

Делфините се познати по својата интелигенција

Ако некој некогаш ги набљудувал, не е можно, а да не ја забележал извонредната интелигенција со која располагаат. Интересен е фактот дека повеќето трикови кои ги изведуваат по разноразни забавни водени играрии, е всушност нивно однесување кое го практикуваат и на слобода. Обожаваат играње, тркање и во животот уживаат најмногу што можат. Имаат свој сопствен јазик кој луѓето се уште не можат во целост да го одгатнат и сакаат да се дружат со цивилизирани суштестсва. Мајките остануваат со своите мали се додека тие не влезат во адолесцентен период и внимателно се грижат за нив.

 

Големите мајмуни – некои од нив знаат да користат и компјутер

Мајмунските видови кои спаѓаат во таа категорија се горила, шимпанзо и орангутан. Хемиските процеси во нивниот мозок и физичката оринтираност се толку слични со човечките што NASA во еден период наместо астронаут, на мисија во вселената изпрати шимпанзо. Уште еден пример на одлично рзвиена инетелегенција кај мајмуните е шимпанзото во Јапонија кое без проблем користи компјутер. Горилата пак можат да го научат јазикот на знаците, а орангутаните живеат во семејства во кои владеат сложени меѓуодноси.

 

Слоновите ги закопуваат своите починати

Позната е фразата дека слоновите никогаш не забораваат. Таа изрека се установи бидејќи слоновите навистина имаат фасцинантни животи, одржуваат долги пријателства и секогаш се сеќаваат на своите пријатели, дури и години после последната средба. Покажуваат способност за емпатија, што симболично го илустрира нивниот обичај да ги закопуваат своите починати, а кога ќе наидат на мртов пријател, секогаш го оплакуваат. Способни се да решаваат проблеми и да користат алат. Исто така живеат во семејства.


Папагалите не ги повторуваат зборовите без врска, знаат интелигентно да ги користат

Освен што можат да научат да зборуваат, папагалите научените зборови знаат да ги користат инетеигентно во сосема прикладни ситуации. Еден папагал може да научи стотина зборови и да ги користи кога ќе процени дека во таа ситуација е прикладно. Благодарение на тој податок, скечот од Монти Пајтон „Dead Parrot“ се чини ненамерно трагичен.

 

Гавраните знаат да изработат алат за лов

Иако може да ги уплаши страшилото во полето, гавраните се многу лукави битија. Кога ќе украдат орев од вашата градина, ќе го однесат до улицата и таму ќе го фрлат. Потоа ќе чекаат преку оревот да помине автомобил, за да се отвори оревот па да го изедат плодот. И тоа не е најпаметниот трик кој го знаат. Кога ќе тргнат во лов користат примитивен алат како што се „ножеви“ изработени од лисја или треви. Исто така поседуваат и свест за себе, што научниците го докажале со помош на експеримент со огледало.


Стаорците знаат да решат проблеми со кои тешко би се снашле тригодишници

Ако милите дека стаорците се одвратни животни кои пренесуваат болести и кои ширеле чума, се лажете. Тие се всушност едни од најинвентивните битија на светот. Научниците нив најмногу ги користат во своите експерименти и тоа не само затоа што се естетски непривлечни. Нивните мозоци можат да откријат дупки и пречки во лавиринти и решаваат некои задачи со кои многу тригодишнаци би имале проблеми.

Гулабите го бираат своето друштво

Иако се многу непопуларни во големите градови каде жителите водат воња со нив поради изметот, гулабите ги краси изненадувачка памет. Тие се способни да ги препознаат различните припадници на својата врста и бираат со кого да се „дружат“. Позната е и способноста на гулабите писмоносци да се вратат дома од било кое место од каде се пуштени. И покрај интелегенцијата во борба со појак род како гаврани сепак не би имале шанси.

 

Свињите се прилагодуваат на околината во која живеат

Кога и да ги доведете во ново опкружување, се однесуваат воинствено према „староседелците“, што ја покажува способноста за прилагодување. Иако е врежано мислењето дека свињите се валкани животни, тоа воопшто не е точно. Тие се прилагодуваат на околината во која живеат, па ако ги држите во кал, ќе се тркалаат по него, а ако се во чисто и во тоа ќе им биде еднакво добро, и тие тоа место ќе го одржуваат чисто.

 

Верверичките планираат однапред

Освен што се слатки живорни, верверичките се и прилично мудри. Познато е дека однапред планираат и собираат залии на храна за зама. Освен тоа тие планираат и пред да тргнат во потрага за храна и ја бараат на потполно необични места. Тие се последни во низата деет најпаметни животни по изборот на Totallytop10, а ако се сетиме на бескрајната низа на глупости кои низ историјата ги направил човечкиот род, тешко е барем за момент да не помислиме наместо ние со светот да валдеат на пример делфините.
Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Јануари.2011 во 05:08
Масовно изумирање на животинските видови?

Најновата американска студија посветена на историскиот развој на екосистемите на земјата, покажува кои видови во иднина би можеле да изумрат, но и начините како да ја зачуваме биолошката разновидност на Земјата.

Во тек на стотици милиони години на развојот на Земјата, некои видови изумирале во редовни интервали, но се појавувале нови.

Постоеле пет периоди на масовно изумирање, време кога исчезнале многу видови од животинскиот свет. Таков најблизок период на нас се случил пред 65 милиони години кога изумреле диносаурусите, пренесе Гласот на Америка.

Палеологот Алисија Стигал од Универзитетот во Охајо, проучува фосилни наоѓалишта од периодот девон пред 360 милиони години. Во тоа време, биосистемите целосно пропаднале, а коралните гребени исчезнале од светските океани. Тоа создало услови за ширење на инвазивни видови кои ги приграбиле ресурсите и се прилагодиле на новите услови на живот, потиснувајќи ги постоечките видови.

Како што вели Стигал таа приказна е документирана со фосилните наоѓалишта: се промениле организмите кои се доминантни во карпите.

„Главните колонии на организми – главните видови на корали, главните видови мекотели – кои ги гледаме под слојот пред големата криза на исчезнување на разновидниот свет се промениле, а тие промени предизвикале огромна промена во структурата на екосистемот“.

Масовното изумирање во време на доцниот девон било поинакво од било кој друг период на изумирање во историјата на земјата. Пронајдените фосилни остатоци покажуваат дека целосно застанал настанокот на новите видови.

Стигал тоа го нарекува – криза на разновидниот свет: „Во суштина тоа значи дека новите колонии, кои се обидувале да станат нови видови наместо да ја зголемувале својата популација и да опстануваат, тие загубиле во трката во потрага за ресурси и едноставно изумреле. Значи, не настанувале нови видови“.

Стигал повлекува паралела со денешниот свет во кој човечката активност – земјоделието, индустријата, растот на популацијата и урбанизацијата – ги активираат инвазивните видови, ја забрзуваат загубата на живеалиштата на постоечките видови, а поради тоа многу видови почнуваат да изумираат. Таа вели дека денес е многу потешко да се види еволуцијата на новите видови или прилагодувањето и специјализацијата на некои постоечки видови, бидејќи процесот на настанок трае од 10 до 15 илјади години, додека за уништување на некој вид доволни се само десет години.

Стигал вели дека како што инвазивните видови покренале масовно изумирање пред 360 милиони години, истите сили делуваат и денес: „Она што го гледаме од тие фосилни записи е дека работите кои се лимитирани или специјализирани во својата екологија имаат далеку поголем ризик од изумирање и далеку помали шанси за успешен развој на својот вид. Значи, може треба да се фокусираме на ресурсите на видовите кои пошироко се адаптирани и сеуште се наоѓаат во своите природни живеалишта“.

Стигал вели дека шестото доба на масовно изумирање е ова наше време, кое почнало пред околу милион години, кога изумреле големи животни како што се мамутите и сабјозабестиот тигар.

Таа вели дека стапката на изумирање денес е побрза и поголема од било кога во минатото видена во фосилните наоѓалишта:

„Пред нас се цела серија потенцијални последици кои многу наликуваат на најлошото масовно изумирање кое некогаш се случило од пред 250 милиони години кога изумреле 96 отсто од сите живи видови на земјата“.

Стигал вели дека нејзината студија предвидува долгорочни последици за развојот на инвазивните видови. Колку повеќе знаеме за тој процес, вели таа, толку подобро ќе разбереме како на најдобар начин да се зачува разновидноста.

Студијата е објавена во списанието Plos One, кое е достапно бесплатно на интернет.

Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 22.Јануари.2011 во 20:21

Де­бе­ли­на кај ку­чи­ња­та

Де­бе­ли­на­та е де­фи­ни­ра­на ка­ко пре­ку­мер­на аку­му­ла­ци­ја на мас­ти во ор­га­низ­мот. Ме­ѓу три­е­сет и че­ти­ри­е­сет про­цен­ти од ку­чи­ња­та се де­бе­ли или има­ат тен­ден­ци­ја кон де­бе­ле­е­ње. Ис­хра­на­та е таа што нај­чес­то е по­вр­за­на со здравс­тве­на­та сос­тој­ба на ку­чи­ња­та. При­мар­на­ при­чи­на за де­бе­ли­на­та се пре­ја­ду­ва­њето и сла­бото или ни­как­во ше­та­ње. Ко­га енер­ги­ја­та што се вне­су­ва е по­го­ле­ма од онаа што се со­го­ру­ва, ви­шо­кот се скла­ди­ра ка­ко маст. До­вол­но е днев­но да се вне­су­ва са­мо еден про­цент енер­ги­ја по­ве­ќе од пот­реб­но­то, па во сред­на­та жи­вот­на до­ба ку­че­то да се зде­бе­ли за два­е­сет и пет про­цен­ти по­ве­ќе од сво­ја­та иде­ал­на те­жи­на. По­ве­ќе­то сопс­тве­ни­ци не­ма ни­ту да за­бе­ле­жат де­ка нив­ни­те ми­ле­ни­ци ја над­ми­на­ле иде­ал­на­та те­жи­на до­де­ка не ги од­не­сат на прег­лед кај ве­те­ри­нар по­ра­ди не­ко­ја дру­га при­чи­на. Ку­чи­ња­та со по­го­ле­ма те­жи­на чувс­тву­ва­ат теш­ко­тии при дви­же­ње­то или, пак, теш­ко ди­шат, од­би­ва­ат да се ше­та­ат и не то­ле­ри­ра­ат топ­ло вре­ме. Ве­те­ри­нар­на­та заш­ти­та вклу­чу­ва ди­јаг­нос­тич­ка пос­тап­ка за ут­вр­ду­ва­ње на при­чи­ни­те за де­бе­ли­на и да­ва­ње пре­по­ра­ки за гу­бе­ње на те­жи­на­та. Ди­јаг­нос­тич­ка­та про­це­ду­ра вклу­чу­ва ве­те­ри­на­рен прег­лед за про­вер­ка на те­жи­на­та и про­цен­ка на кон­ди­ци­ја­та на ку­че­то. Ис­то­рис­ки­от прег­лед на про­ме­ни­те на те­жи­на­та мо­же да би­де од по­мош до­кол­ку не­кој нас­тан или про­ме­на ко­ин­ци­ди­ра со зго­ле­му­ва­ње­то на те­лес­на­та ма­са. Ру­тин­ско­то про­ве­ру­ва­ње на крв­та и ури­на­та е не­оп­ход­но за да се ут­вр­ди здравс­тве­на­та сос­тој­ба пред да се за­поч­не со прог­ра­ма­та за сла­бе­е­ње. Се про­це­ну­ва­ат ко­ли­чес­тво­то и ви­дот на хра­ната што ја ја­де ку­че­то днев­но, ка­ко и вре­ме­то и ква­ли­те­тот на фи­зич­ка­та ак­тив­ност. До­кол­ку кај ку­че­то се ут­вр­ди не­ко­ја бо­лест што вли­јае на де­бе­ли­на­та, то­гаш е не­оп­ход­но да се тре­ти­ра ос­нов­на­та бо­лест. При се­ко­ја ди­е­та е не­оп­ход­но да се на­ма­ли вне­су­ва­ње­то на енер­ги­ја во ор­га­низ­мот, та­ка што ќе се ко­рис­ти ме­ди­цин­ска хра­на за сла­бе­е­ње или ре­цеп­ти за до­маш­на подготовка на хра­на си­ро­маш­на со енер­ги­ја. Се­ка­ко, не­оп­ход­но е и зго­ле­му­ва­ње на фи­зич­ка­та ак­тив­ност.

Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 22.Јануари.2011 во 20:58

Кое животно никогаш не пие вода во животот?

 

Малечкиот кенгур стаорец (kangaroo rat), домаќин на југозападните пустини во Америка, никогаш не пие вода во животот. Само малку влага му е потребно на овој глодар која може да ја најде во неговата храна а тоа се корењата и пустинските растенија. Ова е сосем доволно за да се одржи во живот ова мало животно.

Кенгур стаорецот го добил своето име поради фактот што ги има истите долги силни нозе и силната опашка како австралискиот истоименик. Се движи потскокнувајќи, но со таква прецизност што може да прескокне преку кактус и да слета на штурец. Кога две вакви животинчиња се тепаат, изгледаат како две мали глувчиња на пого стапчиња!

Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Јануари.2011 во 07:05

Како изгледа слоновската фока и каде живее?

 

 

 

Слоновската фока е еден од двата најголеми видови животни со перки: северната слоновска фока на крајбрежните острови на Калифорнија и Калифорнискиот залив, или јужната слоновска фока во регионите под Антартикот.

Двата видови се друштвени фоки, кои немаат уши. Мажјакот има надуена сурла како сурла. Северниот вид е со жолта или сиво - кафена боја, а јужниот вид е сино - сив. Мажјаците на двата вида достигнуваат должина од олоку 6.5 метри и тежина од околу 3.530 килограми и се многу поголеми од женките. Слоновските фоки се хранат со риби и лигњи или други морски мекотелци. За време на сезоната за парење, мажјаците се борат да освојат територии долж плажите за да формираат харем со дури 40 женски.

Женските слоновски фоки имаат просечен животен век на околу 23 години, а може да се породуваат почнувајќи на возраст од 4-5 години. Мажјаците достигнуваат зрелост на пет години, но генерално потребни им се уште четири за да почнат да се размножуваат. Просечниот животен век на една машка слонивска фока е 20 години.

Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 678910 14>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,156 секунди.