IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Здравје > Исхрана и кулинарство
  Активни теми Активни теми RSS - Рецепти за солени јадења
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Рецепти за солени јадења

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 678910 30>
Автор
Порака Обратен редослед
pajser Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
kloshar

Регистриран: 04.Март.2011
Локација: Lao People's Dem. Rep.
Статус: Офлајн
Поени: 13922
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај pajser Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Август.2012 во 12:25
,,, vo burekdzhilnica ,,kupuvash burek so urda za sirenje,,,,gotov recept,,,збунетост
nesluchajno ne veruvam vo sluchajnosti<>sekoja sluchajnost e kontrolirana
Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Август.2012 во 08:52

Полнети домати

Потребни состојки:

  • 8 домати
  • конзервирана туна
  • кромид
  • лажица капри
  • 100мл јогурт
  • маслинки
  • сок од половина лимон
  • 2 лажици пченка
  • сол и бибер

Начин на подготовка:

Секој домат издлабнете го и оставете ги малку свртени наопаку да се исцедат. Туната исцедете ја од маслото, изгмечете и помешајте ја со ситно сецкан кромид, пченка, капри, маслинки, јогурт и сок од лимон. Додадете сол и бибер, па со смесата полнете ги доматите и оставете да отстојат три часа во фрижидер.

Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Јули.2012 во 18:22

ШНИЦЛИ ОД МОРКОВ

Потребни состојки:

  • 750гр морков
  • кромид
  • 4 чешниња лук
  • 2 јајца
  • лажица риган
  • лажица сол
  • презла
  • масло

Начин на подготовка:

Сварете го морковот во солена вода, исецкајте и помешајте го месотот со ситно исецкан кромиди изматени јајца.

Посолете, зачинете со риган и згуснете со презла. Од смесата направете ролат, ставете го во плех премачкан со масло и печете половина час на 200 степени.

Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Јули.2012 во 18:30

Уштипци од тиквици


Потребно е:

-      3 тиквици

-      4 јајца

-      малку сол

-      1 кесичка пециво

-      10 лажици брашно

-      300 гр сирење

Подготовка:

Изрендајте ги тиквиците и посолете ги. Оставете ги малку  да отстојат за да ја испуштат водата од нив. Изматете ги јајцата, па во нив додадете ги пецивото, брашното, па додадете ги изренданите исцедени тиквици. На крајот додадете го ситно иситнетото сирење и убаво измешајте. Со помош на лажица ставајте од смесата да се пржи на загреано масло.



Изменето од емил - 05.Јули.2012 во 18:31
Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 10.Април.2012 во 14:17

Шампињони полнети со спанаќ и сирење


Состојки:

700 г шампињони

1 лажица маслиново масло

1 лажица путер

1 кромид, сечкан

150 г лебни трошки

сол и црн пипер

250 г крем-сирење

100 г кисела павлака

300 г мешано сирење

300 г сварен сечкан спанаќ

8 капки лут сос (по желба)


Приготвување:

Загрејте ја рерната на 200 степени.

Измијте ги и исушете ги печурките. Извадете им ги дршките и исечкајте ги ситно, а чадорчињата од печурките оставете ги настрана.

Загрејте го маслиновото масло и путерот во тавче на средна температура. Додајте го кромидот и исечканите дршки од печурките и динстајте ги неколку минути, додека да омекнат и да почнат да потемнуваат. 

Додајте ги лебните трошки, сол и црн пипер. Измешајте и продолжете да динстате уште 2 минути. Тргнете ги од оган и оставете ги настрана да се оладат.

Исцедете го сварениот спанаќ.

Во голем сад ставете ги крем-сирењето, павлаката, сирењето и смесата со дршките од печурките. Измешајте ги заедно за да се соединат. Додајте го сечканиот спанаќ, малку сол, малку црн пипер и лутиот сос. Мешајте додека не добиете компактна смеса.

Издинстајте ги и чадорчињата од печурките. На тава за печење обложена со мрсна хартија наредете ги чадорчињата превртени нагоре и со лажица полнете ги со смесата од сирење. Печете ги 20 до 25 минути.

Сервирајте ги на собна температура.



Изменето од емил - 10.Април.2012 во 14:17
Кон врв
ariana35 Кликни и види ги опциите
Нов член
Нов член
Лик (аватар)

Регистриран: 08.Април.2012
Статус: Офлајн
Поени: 3
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај ariana35 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 08.Април.2012 во 19:07
Мусака од модар патлиџан

Состојки
3 модри патлиџани
3 лажици маслиново масло
250 гр. мелено месо
1 кромид ситно исечен
2 лукчиња
2 пиперки исечени во кругови
3 бамји
сол и бибер по вкус
1 лажичка црвен пипер
магдонос
сирење рендано

Упатство
Исечете го модриот патлиџан хоризонтално или вертикално во кругови со дебелина од 4-7 милиметри. Премачкајте ги модрите патлиџани со маслиново масло од двете страни и наредете ги во тавче обложено со хартија за печење или алумниумска фолија без да се преклопуваат межу себе. Печете ги 10 – 15 мин. на температура од 200°C додека да омекнат.
Додека се печат модрите патлиџани подгответе го филот. Додадете го кромидот во загреана тава со масло. Пржете го додека не омекне. Потоа додадете го меленото месо и пржете ги десетина минути со постојано мешање. Додадете ги исечените пиперки, околу 1/2 лажичка сол (или по вкус), црн бибер и црвен пипер. Ставете ги доматите во зовриена вода 1 минута. Потоа излупете ги, исецкајте ги на ситни парчиња и промешајте ги со месото. На крај додадете ги магдоносот и лукот. Пропржете ја смесата упте некоја минута.
Пригответе подлабоко тавче за печење и намачкајте го дното со масло за готвење. Наредете еден слој од модрите патлиџани. Рамномерно распределете ја половина од смесата со месото врз патлиџаните. Потоа додадете уште еден слој модри патлиџани. Одозгора распределете го остатокот од смесата. Завршете со трет слој од модри патлиџани. Изрендајте сирење врз модрите патлиџани. Печете ја мусаката 15- 20 мин. во загреана рерна на 200°C.
Мусаката се сервира топла.

Линк до рецептата
http://www.mojatakujna.mk
Највкусни рецепти и готварски совети
Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 30.Март.2012 во 11:06

Макарони со рукола


Потребни состојки:

350 гр. макарони

3 чешниња лук

120 гр. рукола

300 гр. домати

50 гр. маслинки

Сол и црн пипер

3 лажици масло

50 гр. кашкавал

1 лажица вегета

Припрема:

Макароните сварете ги во солена вода па исцедете ги. Излупете ги доматите, исецкајте ги на коцки, посолете ги, оставете ги да отстојат па исушете ги со впивачка хартија.

Во голема тава на загреано масло испржете ги оматите, додадете го ситно сецканиот лук, сецканите маслинки, вегетата и сол и црн пипер, па промешајте.

Потоа во тавата додадете ги макароните, малку од течноста во која се вареа и динстајте, па откако ќе испари течноста, додадете ја руколата и кашкавалот и промешајте. Сервирајте во чинии. Добар апетит!

Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 30.Март.2012 во 10:54
Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 30.Март.2012 во 10:52
Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 28.Март.2012 во 23:44

Пржен компир со сусам – пазете на прстите!!!


Најчестиот „гостин“ на сите трпези- компирот, овој пат во комбинација со сос од соја и сусам, претставува одлична шанса за деликатесен ручек, заслужен после напорниот работен ден…

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

400 грама компир 

2 чешниња лук

1 главица кромид

50 грама Сусам

Сос од соја

Маслиново масло

сол

бибер

НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:

Поголема тава, подмачкајте ја со маслиновото масло и почекајте да се загрее. Во меѓувреме, сечете го компирот. На загреаното масло, пржете го компирот 6-7 минути, намалете ја температурата и додадете ги ситно сечканите лук и кромид, со кои ќе продолжите да го пржите компирот, уште 5 минути. Ја тргнувате тавата на страна,компирот го преливате со сос од соја, наросувате малку бибер и повторно го пржите компирот, на тивок оган, уште 2 минути. За крај, пропржете малку сусам, наросете го врз компирот…и јадењето е готово…

Уживајте во прекрасниот и едноставен ручек …



Изменето од емил - 28.Март.2012 во 23:44
Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 28.Март.2012 во 13:42

Солен колач од компир

Вкусно, зачинето, ароматично…

Потребни состојки:

-      500 гр брашно

-      30 гр квасец

-      250 мл вода

-      30 мл маслиново масло

-      200 гр компир

-      200 гр сладок компир



Изменето од емил - 28.Март.2012 во 13:43
Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Март.2012 во 18:52

Кордон блу



Потребни состојки:

4 пилешки шницли

1 врзоп магдонос

150 гр. крем сирење

4 парчиња шунка

1 лажица брашно

2 јајца

3 лажици масло за јадење

Сол и црн пипер

Припрема:

Ситно исецкајте го магдоностот, помешајте го со крем сирењето, посолете и наросете црн пипер.

Со остар нож напречно исечете ги стековите, па исчукајте ги. На секој стек ставете едно парче шунка, 2 лажици сирење со магдонос, па преклопете го месото и краевите прицврстете ги со чепкалки.

Месото извалкајте го во брашно, па во изматено јајце па во презла. Пржете на загреано масло, па откако кордон блу шницлите ќе се испржат, ставете ги на салфетка за да се упие вишокот на маснотија, па сервирајте ги на чинија за сервирање. Добар апетит!



Изменето од емил - 25.Март.2012 во 18:52
Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Март.2012 во 15:25

Пијани ракчиња


Пијани ракчиња

СОСТОЈКИ
• 2 мали шишиња пиво
• 1 шолја вода
• ¼ шолја јабо­лков оцет
• 2 кро­мида, исе­чени на четвр­тини
• 1 чешне лук, издро­бено
• 1 голема лажица сос за скара
• 2 лово­рови листа
• 1 лимон, исе­чен на четвр­тини
• 1 лажица лут сос
• 1 кг рак­чиња, излу­пени и исчи­стени
• пар­чиња лимон за гар­ни­рање
• кок­тел сос за скара за гар­ни­рање
• 3 зрна бибер

ПРИГОТВУВАЊЕ:
Чекор 1: ста­вете ги сите состојки, освен рак­чи­њата, во пого­лем сад за варење. Пуштете го шпо­ре­тот на уме­рен оган и оста­вете сме­сата да се почне да зоврива. Дово­лни се 10-тина минути.

Чекор 2: нама­лете ја темпе­ра­ту­рата. Дода­дете ги рак­чи­њата и варете додека не ста­нат све­тло розови, околу 5 минути. Исце­дете ги рак­чи­њата и ста­вете ги на чинија за серви­рање.

Чекор 3: попр­скајте ги со кок­тел сос за скара. Може да ги кон­су­ми­рате и ладни и топли.

.

Кок­тел сос за скара

СОСТОЈКИ
• ½ шолја сос за скара
• ½ шолја кечап
• сок од 1 лимон
• малку лут сос
• ½ шолја при­го­твен рен

Изме­шајте ги убаво сите состојки во мал сад. Оста­вете да отстои малку во фри­жи­дер. Со овој сос пре­лијте ги пија­ните рак­чиња пред сервирање.

Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 22.Март.2012 во 05:41

Јаглешки бут во рерна



Потребни состојки:

1,5 кг. јагнешки бут со коска

1 врзоп мајчина душичка

2 гранчиња рузмарин

2 чешниња лук

6 лажици маслиново масло

1 лажица вегета

Сол и црн пипер 

200 мл. бело вино

1 гр. компири

Припрема:

Загрејте ја рерната на 180 степени. Исецкајте ја мајчината душичка и половина рузмарин, па во зачините додадете го ситно сецканиот лук и 3 лажици масло. Измијте го месото и премачкајте го со подготвената маринада, па посолете го и наросете црн бибер.

Испржете го јагнешкиот бут на преостанатото масло, па префрлете го во тава, полијте го со 100 мл. вино и печете околу еден час.

Излупете ги компирите и исечете ги на коцки, распоредете ги во тавата околу месото, зачинете ги со преостанатиот рузмарин, вегетата, додадете го останатото вино и малку вода и гответе во рерна уште еден час.

Послужете го јагнешкиот бут со компирите на чинија за сервирање. Добар апетит!



Изменето од емил - 22.Март.2012 во 05:46
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 678910 30>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,203 секунди.