|
МУЗИЧКИ ВЕСТИ |
Внеси реплика | страница <1 678910 32> |
Автор | |
Анастеа
Администратор ПИПИ долгиот чорап Регистриран: 07.Април.2008 Статус: Офлајн Поени: 35441 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Браќата Тавитјан го закажаа големиот промотивен концерт, на кој ќе присуствуваат голем број гости-музичари. Скопската публика ќе може да ужива во џез-звуците на Тавитјановци на 21 декември во Универзалната сала. Дики и Гаро велат дека ова ќе биде предновогодишен подарок за сите љубители на македонската музика.
- Сакавме на публиката да и подариме нешто специјално, па затоа решивме концертот да биде во времето на предновогодишната треска, кога луѓето се најрасположени за забава - рече Диран Тавитјан. Како гостин на концертот ќе се појави реномираниот перкусионист Рани Крија, кој има соработувано со врвни имиња како Стинг, Херби Хенкок и Џо Завинул. Секака тука се и бугарскиот кавалџија Теодосиј Спасов и голем број македонски пејачи и музичари. На овој концерт триото ќе го промовира материјалот снимен во почетокот на оваа година во Њујорк, кој практично е нивен прв официјален студиски албум. Секако нема да бидат изоставени ниту темите од соло-албумите на Дики и Гаро. Секој посетител на концертот ќе добие по еден примерок од нивните соло албуми. |
|
Анастеа
Администратор ПИПИ долгиот чорап Регистриран: 07.Април.2008 Статус: Офлајн Поени: 35441 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
За белградскиот концерт на Алис Купер беа продадени помалку од 800 влезници, па организаторите Лупа промоушн беа принудени да го откажат.
Концертот требаше да се одржи на 4-ти декември во Белградска Арена, но, и организаторите и менаџментот на оваа ексцентрична хеви-метал ѕвезда останаа затекнати од новонастанатата ситуација. Во соопштението на Лупа промоушн се наведува дека се очекуваше поголем интерес, и дека воопшто не им е јасно како дојде до тоа Алис Купер да пукне во Белград, што беше изненадување и за неговиот менаџер. |
|
Анастеа
Администратор ПИПИ долгиот чорап Регистриран: 07.Април.2008 Статус: Офлајн Поени: 35441 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Горан Танески и Горазд Чаповски, креативното јадро на групата Мизар, и по 25 години не престануваат со создавање музика. На истекот од годината кога култниот состав ја прославува 25-годишнината од своето постоење, тие повторно се во студио, каде што го финализираат својот нов материјал, кој, според нивните зборови, треба да биде уште едно ремек-дело.
Исто како и претходните четири албумски изданија, со кои остави значаен белег на македонската музичка сцена, но и на просторот на некогашната заедничка држава, и овој пат Мизар ќе се обиде да постави нови стандарди. Со новиот материјал групата нема да скршнува во некои други музички води, туку напротив, ќе се враќа кон своите корени, со звукот од раните осумдесетти години на минатиот век, кога ја почнува својата кариера. “Тоа што моментално го подготвуваме ќе биде еден вид продолжение на нашата досегашна работа. За разлика од претходниот албум, со овој се навраќаме на стариот традиционален звук на Мизар од пред дваесетина години. Повторно го користиме византиско-црковното пеење, што беше наш заштитен знак, додека, пак, музичкиот дел ќе биде многу поагресивен и поентузијастички“ - објаснува гитаристот Горан Чаповски. Засилување со црковен хор Материјалот за новиот албум, кој ќе биде насловен “Детето и белото море“, речиси е комплетно снимен, а сега се прават финалните доработки. Тоа што е најинтересно е дека, покрај стандардната постава на групата, како вокално засилување е и црковниот хор Хармосин, во кој членуваат повеќе домашни хорски и црковни пејачи. “Хорот Хармосин е најсоодветен за тоа што го правиме. Пеењето на момците одлично се вклопува во нашиот концепт. Едноставно тоа е хор што добро знае што ни треба нам“ - додава Чаповски. Токму хорот ги дава потребната тежина и специфика на византискиот призвук, дополнет со моќните гитарско-ритмички делници. Секако тука повторно се и мрачните звуци што Мизар секогаш ги користи како подлога во своите песни. Доколку се оди според планот, албумот ќе биде завршен до крајот на годинава, а како најава за неговото излегување, на 19. декември во Културно-информативниот центар во Скопје ќе биде промовиран и спотот за пилот-синглот Бело море. Спотот е во режија на Томи Алексов, човекот што долги години работи со Мизар и е потпишан како режисер на спотот за песната Ходен же, кој е снимен во средината на осумдесеттите години на минатиот век. Прослава наредната година По претставувањето на првиот видеозапис, мизаровци ќе се посветат на концертно промовирање на новото издание. Иако годинава тие прославуваат четврт век од оформувањето на групата, сепак, главниот славенички настан ќе се случи напролет, кога планираат да направат голем концерт во Скопје. “Не е точно дека годинава ние како група не ја одбележавме 25-годишнината. Имавме повеќе настапи низ државава и надвор, а еве веќе го снимивме нашиот нов албум. Но ветуваме дека наредната година, ако даде Господ, некаде напролет, ќе направиме голем спектакуларен концерт, на кој ќе се појават сите музичари што некогаш биле дел од Мизар“ – вели Горазд Чаповски. Се на се, новиот албум на Мизар ќе биде повод за многу нивни обожаватели, кои долги години чекаа, да ја чујат својата омилена група во изворна форма. Можеби ова нема да биде ново откровение, но затоа, пак, ќе биде ново продолжение. |
|
Анастеа
Администратор ПИПИ долгиот чорап Регистриран: 07.Април.2008 Статус: Офлајн Поени: 35441 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Рок-гитаристот Џо Сатријани го тужи британскиот бенд „Колдплеј“ за плагијат на една од неговите песни. Според тужбата поднесена во судот во Лос Анџелес, популарниот гитарист обвинува дека песната Viva La Vida содржи „значителни оригинални делови“ од неговиот инструментален хит од 2004 година If I Could Fly. „Колдплеј“ чии песни често се споредуваат со оние на „У2“ во средата доби седум номинации за „Греми“, меѓу кои е и за најдобра песна за годината, токму за хитот Viva La Vida. Како автори на песната се наведени сите членови на групата, а името е инспирирано од дело на сликарката Фрида Кало.
|
|
Eli
Сениор Регистриран: 30.Ноември.2007 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 1968 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Калиопи, по хуманитарниот концерт во Загреб, вечерва пее на српскиот Радиски фестивал Калиопи ќе настапи како специјален гостин на српскиот Радиски фестивал, кој ќе се одржи вечерва (недела, 7. декември) во Врњачка Бања. На барање од организаторот, Калиопи ќе ја испее темата Љуби од новиот албум, која е голем хит на официјалните топ-листи во Србија. Исто така, Калиопи е и автор на текстовите на песните на Тамара Тодевска (Усне као крв) и на Ламбе Алабаковски (Кунем ти се), на музика и аранжман на Дарко Димитров, со кои тие ќе настапат во натпреварувачкиот дел од фестивалот. Освен тоа, македонската поп-дива Калиопи со бурни аплаузи беше поздравена на хуманитарниот гала-концерт на тенорот Иво Гамулин - Џани, кој синоќа се одржа во престижната концертна дворана Ватрослав Лисински во Загреб. Во преполниот Лисински, Калиопи настапи како специјален гостин на првиот голем солиситички концерт на хрватскиот Андреа Бочели. Во придружба на ревискиот оркестар на загребската филхармонија, Калиопи и Гамулин најпрво ја изведоа популарната дует-арија Con te partiro, со што предизвикаа бурни аплаузи во салата. Во вториот дел на концертот пак, Калиопи ја изведе легендарната Summer time од Порги и Бес на Гершвин. Со својата моќна и автентична соул-џез интерпретација на Summer time, Калиопи предизвика вистински овации кај публиката. Освен Калиопи, на концертот настапија и Дорис Драговиќ, Радојка Шверко, Валентина Фијачко, Леонора Суриан и други. Концертот директно го пренесуваше Хрватската Радио Телевизија на својот сателитски програм... Инаку, синоќешниот хиуманитарен концерт на Гамулин и пријателите, беше одржан со подршка на потпретседателката на Владата на Хрватска, Јадранка Косор, Министерството за здравство и социјални грижи и Градот Загреб, а сите средства собрани од концертот ќе бидат наменети за СОС Детското село во Хрватска. |
|
Човекот секогаш треба да остане човек,без разлика со што се бави и каков успех има..
|
|
Анастеа
Администратор ПИПИ долгиот чорап Регистриран: 07.Април.2008 Статус: Офлајн Поени: 35441 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Светската музичка ѕвезда Брус Спрингстин најверојатно ќе настапи на наредното издание на новосадскиот фестивал „Егзит“. Иако организаторите се' уште официјално не потврдиле, покрај неговото име се спомнуваат и повеќе популарни изведувачи, кои во тој период се на летна турнеја во Европа. Меѓу нив се и легендарните „Лед цепелин“, „Кјур“, „Аеросмит“, Ерик Клептон, како и Џеф Бек и едни од најпопуларните групи „Колдплеј“ и „Рејдиохед“. Според најавите, по повод 10-годишниот јубилеј на најголемиот интернационален летен музички фестивал на ексју-просторите, кој ќе се одржи од 9 до 12 јули 2009 година, организаторите ќе донесат повеќе светски мегаѕвезди.
- Засега е рано да се зборува за имиња, но ние го следиме календарот на музичарите, односно гледаме кој е на турнеја во следната година и правиме планови како би можел да се вклопи во нашата програма. За жал, не можам директно да потврдам дека Спрингстин ќе биде меѓу изведувачите на следниот „Егзит“, зашто тоа би било кршење на деловната етика и нарушување на текот на преговорите со менаџментот, бидејќи е пракса имињата на учесниците да не се откриваат пред потпишувањето на договорот - вели неименуван извор за белградски „Прес“, кој не ги негирал информациите дека „Егзит“ преговара со менаџментот на „Шефот“. Влезниците веќе се во продажба во Србија и во Хрватска, како и на веб-страницата www.gigstix.com. Во Македонија ќе се продаваат од наредната недела, а цената дополнително ќе биде утврдена. Организаторот потврдува дека биле продадени 10.000 влезници за само неколку часа откако беа пуштени во продажба. Најевтините карти биле продадени за само 11 минути. Иако до фестивалот има уште осум месеци и се' уште официјално не е потврден ниеден изведувач, има огромен интерес од цела Европа. Публиката се потпира на позитивните искуства од претходните девет изданија, кога на неколкуте сцени на Петроварадинската тврдина можеа да се забавуваат на концертите на некои од најголемите музичари како Роберт Плант, „Бисти бојс“, Иги Поп, Били Ајдол, „Франц Фердинанд“ и други. Според резултатите на анкетата на организаторите на фестивалот во која ја прашаа публиката кого би сакале да видат на „Егзит 10“, најмногу гласови доби групата „Депеш мод“. Но, бендот ќе одржи концет два месеца порано во Белград, со што отпаѓаат од „игра“ за настап на Новосадскиот фестивал. |
|
Анастеа
Администратор ПИПИ долгиот чорап Регистриран: 07.Април.2008 Статус: Офлајн Поени: 35441 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Фронтменот на легендарната група „Парни ваљак“, Аки Рахимовски, во декември ќе одржи голема турнеја низ повеќе градови во Македонија. Аки ќе ги посети сите Домови на култура што ќе бидат опремени со специјално озвучување, а концертите се насловени Вечер со Аки и песни од „Парни ваљак“. На 16 декември ќе ја почне турнејата во Тетово, следниот ден е во Охрид, а на 18 декември патува во Битола.
Публиката од Гевгелија ќе има можност да ужива во песните на Аки на 19 декември, во Струмица следниот ден, а завршниот концерт ќе се одржи во Штип, на 21 декември.Аки во ноември гостуваше низ повеќе градови во Србија и Војводина, а поради голем интерес на публиката, одржа серија концерти во Панчево пред повеќе од 4.000 луѓе. Во април ќе одржи голем концерт во белградска „Арена“. |
|
Анастеа
Администратор ПИПИ долгиот чорап Регистриран: 07.Април.2008 Статус: Офлајн Поени: 35441 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Фановите на Тоше имаат тешка задача - да го одберат омотот за англискиот албум. Гласањето веќе е во тек и може да се направи на порталите www.mmm.com.mk во Македонија, www.sarajevo-x.com Босна и Херцеговина, www.svetplus.com Србија, www.siol.net и www.planet.net Словенија и www.index.hr Хрватска. Предлозите ќе бидат поставени до 20 декември, а по собирањето на вкупниот број гласови од сите земји, оној со најголем број ќе биде употребен како насловна страница на новиот албум.
Материјалот, односно последното музичко парче на најголемата македонска ѕвезда Тоше Проески, треба да се појави на 25 јануари, денот на неговиот роденден. Албумот "The Hardest thing" во истовреме ќе биде објавен во шест земји - Македонија, Хрватска, Србија, Босна и Херцеговина, Словенија и Црна Гора. Веднаш потоа се очекува тој да биде дистрибуиран и во повеќе европски земји. Идејата омотот да го одбере публиката наместо Тоше, кој не успеа да го види своето првенче наменето за светскиот пазар, доаѓа благодарение на менаџерката Љиљана Петровиќ и продукцијата Аворд, а со дозвола на Меѓународната фондација која го носи името на Тоше. "Гласот на Тоше секогаш беше пресуден во изборот на обвивка за неговите албуми. За жал, не го доживеа излегувањето на најважното ЦД во кариерата, па решивме гласот на Тоше во изборот на обвивката да го отстапиме на неговите фанови и почитувачи на неговото дело, бидејќи благодарение на нив, тој и понатаму преку своите песни живее во стотина илјади домови", вели Петровиќ. Четирите предложени идејни решенија се веќе поставени на МММ и за нив може да се гласа, а кое од нив ќе се најде на албумот, ќе се знае по 20 декември. Веќе на 25 следува печатење, а на денот кога Тоше требаше да го прослави 28. роденден, ќе се најде низ музичките продавници. |
|
Анастеа
Администратор ПИПИ долгиот чорап Регистриран: 07.Април.2008 Статус: Офлајн Поени: 35441 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Напредната технологија дозволува да се види како би изгледал ако денеска бил жив фронтменот на музичката група „Дорс“, Џим Морисон.
Научниците на Универзитетот „Сент Ендру“ преку софистициран софтвер го создадоа денешниот изглед на легендарниот пејач.
Да беше жив, Џејмс Даглас Морисон, пред два дена ќе наполнеше 65 години, а овој негов роденден го одбележаа неговите колеги од бендот во неговиот омилен холивудски ресторан „Barney's Beanery“. Уште од смртта на Морисон во 1971 година, се шират шпекулации дека всушност тој воопшто не починал и дека е се уште жив, па оние кои веруваат во тоа сега можат да видат и како изгледа. |
|
Petre Vojnicki
Група Регистриран: 06.Декември.2008 Статус: Офлајн Поени: 58 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Не ми се верува,убав човек беше тој,легенда само тежок наркоман и многу се губеше.
|
|
Анастеа
Администратор ПИПИ долгиот чорап Регистриран: 07.Април.2008 Статус: Офлајн Поени: 35441 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Австралиската пејачка Кајли Миног заедно со британскиот бенд Колдплеј го сними синглот ’Lhunu’
Оваа песна е снимена додека Колдплеј го подготвуваа својот нов албумот Viva La Vida, но песната беше отфрлена од тој албум затоа што на Крис Мартин му била ’пресекси’ и сметал дека не се совпаѓа да биде издадена во склоп на овој албум, пренесуваат странските медиуми. Сега песната „Lhunu“ е објавена во добротворни цели и ќе се приклучат во кампањата за собирање пари за болните од СИДА, која преку магазинот Red ја води фронтменот на бендот U2, Боно Вокс. Песната беше направена во мај, додека бендот го снимаа нивниот албум, но сепак овој сингл не се најде на моментално најслушаниот албум.
|
|
Анастеа
Администратор ПИПИ долгиот чорап Регистриран: 07.Април.2008 Статус: Офлајн Поени: 35441 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Една од најуспешните женски поп-пејачки Ени Ленокс наскоро ќе го објави својот прв ретроспективен албум, кој ќе биде преглед на нејзината соло-кариерата. Во оваа исклучителна година за нејзината кариера, Ленокс ја доби наградата за специјални достигнувања во музиката на „Американ мјузик авордс“, која обично им се доделува на највлијателните артисти во музичката индустрија. Големината на ова признание може да се разбере со само еден поглед на листата со музичките имиња што претходно ја добиле оваа награда - Принс, Витни Хјустон, Френк Синатра, Џејмс Браун, Стиви Вондер, Џони Кеш, Пол Макартни, Елвис Присли и Глорија Естефан. Во таа пригода таа изјави:
- Ова беше извонредна турнеја исполнета со музика, пријатели... Голем удел во сето тоа има и Дејв Стјуарт од „Јуритмикс“, така што половина од оваа награда му ја посветувам нему. Многу сум благодарна што сега на 53-годишна возраст добивам значајна награда, зашто не очекував дека ќе го дочекам овој ден. СЕЛЕКЦИЈА НА НАЈДОБРИТЕ НУМЕРИ Освртот на музиката што таа ја создаде во последните 15 години е замислен како специјална колекција што ќе биде издадена во февруари в година, како делукс формат. Во колекцијата се хитовите од нејзините четири најпродавани албуми: Diva (1992), Medusa (1995), Bare (2003) и минатогодишните хитови од Songs of Mass Destruction. Безвременската музика одбрана за ова пакетче на уникатен начин ја одразува суштината на соул-музиката на пејачката, е претставена преку песните Why, Walking on Broken Glass и No More I Love You’s. Во овој живописен портрет на соло-кариерата ќе има и две нови песни што Ленокс ги сними специјално за ова пригода. Првата Pattern of My Life, е дело на Том Чаплин од бендот „Кин“. Втората е обработка на Shining Light, песна што оригинално беше снимена од Еш во 2001 година. Првпат ја слушнав оваа песна од Еш пред шест години и едноставно не можев да престанам да ја вртам. Толку беше весела, што виртуелно ме помести од мојот центар. ХИМНА ЗА БОРБА ПРОТИВ СИДАТА Во колекцијата на Ленокс ќе биде е и песната посветена на кампањата на хуманитарната организација што таа ја формира за да ја подигне свесноста и поддршката за болните од сида во Африка. - Мојата хуманитарна работа е на самиот почеток, но се надевам дека ќе се претвори во мое животно залагање. Со неа сакам да се изразам во пошироки рамки и со помош на песната да им помогнам на оние кои немаат исти права и на кои им е потребна поддршка во секоја смисла. Неодамна ја доби наградата за хуманост од Црвениот крст и признанието за заштита на младите од ХИВ-вирусот. Магазинот „Гламур“ ја прогласи за најинспиративна жена за 2008, а таа пееше и на 90-тиот роденден на Нелсон Мандела ова лето во Лондон. Во нејзината 26-годишна кариера, која го опфаќа периодот кога беше дел од „Јуритмикс“ и подоцна кога реши да настапува соло, Ленокс има продадено повеќе од 78 милиони албуми во светски рамки. На долгата листа со нејзини врвни достигнувања се 34 хита, четири награди „Греми“, 11 награди „Брит“ и пет признанија „Ајвор новело“. Таа е добитничка и на „Оскар“ и на „Златен глобус“. |
|
Анастеа
Администратор ПИПИ долгиот чорап Регистриран: 07.Април.2008 Статус: Офлајн Поени: 35441 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Славната џез-пијанистка и пејачка Дајана Крол наскоро ќе го објави својот нов сензуален, еротичен и интимен албум, по пауза од три години. Сега се чувствувам многу женствено, за разлика од порано, кога бев невината и нежна девојка, која пееше Peel Me a Grape. Новиот албум е еден вид љубовно писмо со многу емоции и позитивни вибрации, а е наменет за романтичните ноќи.
Материјалот именуван како Quiet Nights ќе излезе на 31 март во продукција на „Верв“, а пејачката вели дека целото пакетче е одраз на нејзината состојба на вистинска среќа. Со сопругот Елвис Костело во декември 2006 година станаа родители на близнаци, кои им донесоа сосема ново расположение. - Десетте песни вклучуваат балади, три боса-нова соработки со легендата Антонио Карлос Џобим и обработка на Walk On By на Барт Бахарах. Ова беше моето најголемо искуство во студио. Инспирацијата беше незапирлива, а голема улога врз расположението на албумот имаше и моето возбудливо патување низ Бразил. На Quiet Nights таа е опкружена со многу познати лица. Освен нејзиниот долгогодишен квартет и продуцентот Томи Ли Пума, со кои соработуваше на сите девет претходни албуми, Крол повторно се поврза со Клаус Огерман со која соработуваше на албумот The Look of Love.По албумот, Дајана ќе го продуцира новиот албум на Барбра Стрејсенд, кој треба да биде завршен до крајот на јануари некаде во 2009 година. Крол планира турнеја низ Северна Америка во април. |
|
Анастеа
Администратор ПИПИ долгиот чорап Регистриран: 07.Април.2008 Статус: Офлајн Поени: 35441 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Иако поп-пејачот , не се снајде баш најдобро како гостин на скопскиот концерт на „Леб и сол“, сепак ќе има можност да ја исправи таа грешка. Тој ја продолжува соработката со групата и веќе е најавено дека ќе биде гостин на наредните три концерти на култниот македонски состав кои ќе се случуваат на територијата од поранешна Југославија. Јаневски ќе биде гостин на концертот во Крагуевац, кој ќе се одржи утревечер, потоа во Нови Сад и Ново Место, а загрепската публика ќе го види в сабота на 20 декември. Доколку ова помине добро, можно е Владо да оди и на турнејата низ Австралија, Канада и Америка.
- “Владо Јаневски дефинитивно ќе биде гостин на „Леб и сол“ на претстојните концерти во некогашните југословенски републики. Но се уште не е потврдено дали тој ќе патува со нас во Австралија, Канада и Америка. Тоа се само идеи, но ништо не дефинирано“ На претстојните четири концерти Владо Јаневски ќе ја пее истата песна што ја пееше и во Скопје, „Си заљубив едно моме“, која на албумот „И така натака“ ја отпеа Дадо Топиќ. Но покрај оваа тема Јаневски најверојатно ќе испее и една од својот репертоар. Тоа ќе биде интересна комбинација имајќи предвид дека начинот на свирење на „Леб и сол“ ќе даде дополнителна возбуда. По турнејата со „Леб и сол“, Владо Јаневски, ќе има три предновогодишни солистички настапи во Битола, Струмица и Охрид, каде ќе биде придружуван од гудачкиот квартет „Еквилибрум“. |
|
Внеси реплика | страница <1 678910 32> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |