IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > АРХИВА > Вероисповед
  Активни теми Активни теми RSS - Дали ги почитувате 10-те Божји заповеди?
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Дали ги почитувате 10-те Божји заповеди?

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 678
Автор
Порака
EvAngelos Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Doulos Evangelos

Регистриран: 28.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 9913
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај EvAngelos Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 09.Април.2008 во 03:10
Доцна е, но секако ќе те удостојам и тебе zidarski со еден "краток" коментар среќа
 
Originally posted by zidarski zidarski напиша:


Spored mene ima pogreshno razbiranje na vtorata zapoved. Taa veli da ne se pravat sliki so cel da ni bidat idoli... no ne veli da ne se pravat sliki voopshto.
 
За жал, признале ние или не, иконите токму и тоа се, слики-идоли. Во спротивно не би се нарекувале икони, туку едноставно слики. Ако беа обични слики иконите, тогаш никој немаше да се поклонува пред нив, да се моли пред нив, да им пали свеќи, да остава пари до нив, да ги бакнува, да ги закачува на ретровизори, да ги носи со себе за да положи некој испит и сл. Да беа иконите обични слики, тогаш тие ќе си стоеа во албуми, или пак закачени на обични рамки како и сите други уметнички слики во нашиот дом. Сум видел доста слики со религиозна содржина кои не се икони.

Originally posted by zidarski zidarski напиша:

Ednash so EvAngelos imavme diskusija na taa tema - toj veli - ako neshto gi predizvikuva ostanatite vernici da preminat vo idolopoklonstvo, nie treba da se otkazheme od toa.
Lichno ne smetam taka.
 
Најверојатно погрешно си ме разбрал zidarski. Јас не велам, туку Библијата вели дека доколку нешто ги предизвикува останатите верници да преминат во идолопоклонство, ние треба да се откажеме од тоа. Павле во контекстот збори за новообратените евреи кои сеуште не можеле да прифатат дека во Новиот Завет нема религиозно забранета храна и кога некој нивни брат јадел свинско месо, тие се соблазнувале.
 
"Така, грешејќи против браќата и ранувајќи ја нивната слаба совест, грешите против Христа. Затоа, ако јадењето го соблазнува мојот брат, нема воопшто да јадам месо довека, за да не го соблазнувам својот брат."
(1 Коринтјани 8:12-13)
 
Значи Павле го вели ова за еден брат, а замисли што би рекол Павле кога тоа би било случај со 99% од верниците - како што е случајот со иконопоклонството меѓу православните.
 
Originally posted by zidarski zidarski напиша:

No - smetam deka treba da ima ikoni, zatoa shto tie se mnogu dobar izraz na verata i nachin na koj eden umetnik se posvetuva na Boga i ni go prenesuva nam toa chuvstvo.
 
Христијанската вера не е уметност. Верата не е чувство. Верата е убедување, верување дека нешто е вистина.
Зарем меѓу пророците немало ни еден уметник? Зарем меѓу Христос и апостолите и учениците исто така? Зарем во првите генерации немало ни еден кого го бивало за сликање? Зарем некој имал повеќе инспирација да го наслика Христос од оние што го виделе? Зарем првите уметници се јавуваат после 6-7 век?
И јас го почитувам твојот став zidarski, но јас не мислам така.

Originally posted by zidarski zidarski напиша:

Ako ostaneme samo na postapkite na Apostolite, togash samite nie go ismevame Boga, zatoa shto ne odime napred, ne se razvivame, ne gradime.
 
zidarski, Бог не ни забранува ние да се развиваме во науката, уметноста, технологијата итн. Но ни забранува да ја развиваме т.е. менуваме Христовата наука. Христовата наука може да се развива до бескрај и да отиде до таму што нејзината најразвиена форма да нема скоро ни допирни точки со онаа основната, со изворната.
Добар пример за тоа ти е католичката црква која почнала да ја "развива" Христовата наука и за да не остане само на постапките на апостолите, си вовела и наука за чистилиштето, индулгенции, инквизиција и други новитети со кои ја молзеле рајата до тој степен што реформацијата во 16 век била неизбежна.
А знаеш ли што било критичен момент за реформацијата? Не, не бил тоа Лутер, ни неговите предходници, ни неговите следбеници. Тоа била печатницата на Гутенберг. среќа Откако Гутенберг ја конструирал првата печатница, првата книга што се испечатила била Библијата. Наскоро се испечатиле стотици, па и илјадници примероци на Библијата. Лутер ја превел Библијата на германски јазик и Библијата станала општо позната, општо достапна. Тука се случила реформацијата т.е. враќањето кон изворното христијанство - во моментот кога народот прочитал кои биле постапките на Христос и апостолите, кое било нивното изворно учење.
 
Можеби ќе речеш дека тоа било случај само со католичката црква и нејзините новотарии. Не избрзувај, православието воопшто не заостанува со таквите новотарии. Можеби православието немало толку моќно организирана инквизиција, но сепак таа се случувала во локално ниво (давењето на "вештерките").
Ако ги разгледаш сите развитоци т.е. новотарии во православната црква ќе видиш дека сите тие се поврзани со профит. Така иконите се продаваат по стотици евра (350, 500, 700, 800, 1200 евра - ова се цени од православната црква). Осветената водичка исто така се продава. Се продаваат и свеќите, бројаниците. Куќните слави исто така се добра и редовна заработувачка на поповите. Мешањето т.е. побратимувањето на црквата (православна, католичка) со власта исто така е заради меѓусебни интереси, пропаганда и профит. Итн, се надевам ми ја сфати поентата.
 
"Што чувте од почетокот тоа да остане во вас. Ако остане во вас она што го чувте од почетокот, и вие ќе останете во Синот и Таткото."
(1 Јованово 2:24)
 
Originally posted by zidarski zidarski напиша:

Shtom muzikata, arhitekturata, naukata, literaturata se smetaat za "dozvoleni", zoshto togash likovnata umetnost ne bi se smetala za dozvolena?

 
Ликовната уметност е дозволена, но иконографијата не е дозволена.
 
Originally posted by zidarski zidarski напиша:

Samo zatoa shto nekoj preminuva vo idolopoklonstvo, ne znachi deka jas treba da se otkazham od nachinot na koj jas veruvam, odnosno - kako shto rekov pogore - od mojata lichna vrska so Boga.
 
Ако ги љубиш тие браќа и сестри кои имаат слабост кон иконите, ќе се откажеш заради нив. Нејсе, ако веруваш во Христос, иконите воопшто не ти се ни потребни, а камо ли неопходни за верата.
 
Originally posted by zidarski zidarski напиша:

Toa shto jas mozham da storam e da go poucham, da mu posocham deka ne postapuva pravilno, no ne mozham da go nateram, zatoa shto verata doagja od vnatre, a ne odnadvor.
 
Иконите официјално се внесени во официјалната црква во 9век на седмиот вселенски собор. Од 9ти век до ден денес многумина како тебе се обидувале и се обидуваат да ги поучат другите да постапуваат правилно со иконите, но резултатите покажале дека иконопоклонството рапидно се зголемува, од век во век, од генерација во генерација. Тоа ќе го искористи антихристот еден ден и ќе си направи своја икона на која оние што имаат слабост кон икони т.е. мнозинството ќе бидат заведени и ќе и се поклонуваат на таа икона мислејќи дека таа е богоугодна. За жал проповедањето на христијаните против иконите нема да донесе плод и мнозинството во светот ќе отиде во таа насока. Тоа е проречено во книгата Откровение. Но ние, без оглед на резултатите, сме повикани да го проповедаме изворното христијанство, да укоруваме, да поправаме, да разобличуваме... а потоа секој си носи своја одговорност пред Христос.
Христос во една прилика рече:
 
"Словото, што го изговорив, ќе ви суди во последниот ден"
(Јован 12:48)
 
Затоа апелирам до тебе драг zidarski, а и до сите други кои се нарекуваат христијани: Да му се вратиме на Словото и на едноставната порака на Христос и апостолите. Да се учиме и напојуваме од Христос, а не од некои самопрогласени црковни авторитети. Христос е животодавната вода. Христос е животодавниот леб. Христос е лозата. Ако останете сврзани за Него ќе дадете плод, а ако се врзувате за други учења ќе станете исушени лозинки, кои потоа земјоделецот ги фрла во огнот.
Поздрав!


Изменето од EvAngelos - 09.Април.2008 во 03:19
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
Кон врв
Messenger Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор

Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet

Регистриран: 21.Април.2006
Статус: Офлајн
Поени: 18208
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Messenger Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 09.Април.2008 во 04:12


Dodeka te chitav (skoro me ubedi so tvojot komentar, neshto sto retko mi se sluchuva tuka na forumov), neshto mi svrte vnimanie... Pa si velam, ti si chovekot za prashuvanje...

Kolkava e merodavnosta na Pavlovite komentari i interpretacii vo respekt na Isusovata poraka? Imeno, chesto pati se citiraat negovi zborovi i se zemaat kako nekoja nepobitna hristijanska vrednost, nebare se recheni od Isus. Realno zemeno, kolkava e vistinskata tezhina na negoviot zbor? Sepak, najchesto toa se negovi razbiranja i negovi tolkuvanja, spored onoa sto nauchil od drugite. Kolkava e verodostojnosta na taa interpretacija?



Изменето од Messenger - 09.Април.2008 во 14:37
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 678
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,156 секунди.