|
2012 |
Внеси реплика | страница <1 678910 21> |
Автор | |||||||||
brza
Сениор Регистриран: 06.Февруари.2006 Локација: vidiFOTOupotpis Статус: Офлајн Поени: 34534 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||||||
eehhh,..shteta!..stvarno!...taman ...makedonija ke bide pak ...golema....ama , ete ti belja,...i svetot ke propadnel togash.
|
|||||||||
Patriotizmot e poslednoto skrivalishte na kriminalcite.-Albert Einstein
Mokjta od sekogash privlekuvala lugje so nizok moral.-Albert Einstein |
|||||||||
OnyxLyrica
Нов член Регистриран: 18.Октомври.2009 Статус: Офлајн Поени: 5 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||||||
Ќе биде крај на светот каков што ние го знаеме. Тоа не значи крај на нашиот вид. Туку влегуваме во нова ера. Инаку Нибиру веќе 6 години не постои. Така да не го поврзувајте со темава, и така нема врска со неа.
Циклусот трае 13.000 години. Повеќе или помалку. Инаку тоа за 25.000 (јас би рекол 26.000) години се должи на тоа штп Земјата патува НАД и ПОД галактичкиот екватор. Целиот тој циллус е еднаков на 26.000 години. Сега моментално сме над галактичкиот екватор и се движиме кон него. Од издигнувањето до спуштањето има 13.000 години. Причината што овој пат тоа е посебно е што од 23 Март 1994 година, од црните дупки почнува да се емитува до сега невидена форма на космичка енергија со многу чудна фрекфенција. Научниците се уште не можат да го објаснат овој феномен, и го сметаат само за космичка аномалија. Оваа енергија, која кај нас во нашата галаксија би требало да почне да се емитува во 2012 година од централната црна дупка во центарот, се очекува нејзиниот ефект да заврши некаде во 2013 година. Поради бурното патување на планетава низ тој период, можен е промена на половите на Земјата. Тоа ќе донесе многу природни катастрофи со себе кои ќе траат неколку години. Но ние како вид сме преживувале претходно, ќе преживееме повторно. Тоа не значи крај на нашата цивилизација.
Всушност, информациите се веќе во нас. Заклучени во делот од нашата ДНК која научниците јас нарекуваат Junk DNA. Фино име за дел од нас кој не би требало да му обрнуваме бидејќи е junk, нели? Како и да е. Тие информации се длабоко врежани во нашата колективна меморија и потсвест. Таа енергија би требало да ги отклучи овие знаења и информации кои се кријат во нас, и да ја реконфигурира структурата на нашата ДНК. Мислам дека на ваков начин еволуцијата ја игра својата улога. Не сме во постепено развивање и еволуирање, туку развивање и еволуирање во циклуси.
Природни катастрофи ќе има. Ако си неинформиран какви последици со себе носи Полова Замена, тоа не е мој проблем, но не мора да шириш дезинформации или полуточни информации. Инаку Јупитер неодамна проголта 9 астероиди кои имаа фиксирана положба да удрат во Индискиот океан. Само такви работи не се даваат на вести. Имаат поинтересни работи со кои не трујат. Астероидите се движеа спротивно од законите на физиката и во невообичаена, готово вештачки прецизирана траекторија. Има руски научници кои издадоа свои анализи на овој феномен. Ги има достапни на интернет.
Очигледно некој не знае да го пресметува календарот. Да ти дадам страница која бесплатно, брзо и ефикасно ќе ти помогне да го научиш?
Конечно некој кој не тропа глупости на ова тема. Добри информации. Готово сите ти се точни. Без разлика дали веруваш во нив или не. Инаку во Норвешка се гради подземен град, не е тоа само банка за семиња. Поради што се прашувам?
Игра на Свесноста. Имаш право. Да се објасни потребно е отворање на нова тема. Инаку зошто не ги споиш двете "игри"? Знаеш дека се се сведува на индивидуален избор нели? Прашувам зошто гледам информиран си за некои работи.
Токму тоа што го зборев претходно. Избор. На тоа се сведува. Изменето од OnyxLyrica - 22.Октомври.2009 во 10:58 |
|||||||||
OnyxLyrica
Нов член Регистриран: 18.Октомври.2009 Статус: Офлајн Поени: 5 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||||||
Тоа што го напиша на почетокот совршено ги опишува последиците од Полова Замена/Инверзија. Нема НИКАКВА врска со антихрист. Тоа што го приложи во македонски фонт, за релативноста на времето, тоа е точно. Скоро се што пишуваше.
1- НАСА никогаш не објавила такво нешто. Баш спротивното. Тие се смејат на тие кои зборат за Нибиру. 2- Нибиру веќе не постои, што се замарате со тоа? 3- Веќе по стоти пат - Промените кои ги спомна се должат на Полова Замена/Инверзија. А не религиозни приказни.
До сега ќе беше видлива ако доаѓаше навака. Планетата веќе не постои. Има остатоци од неа во Оортовиот Облак. Можеби идни вселенски експедиции ќе ги пронајдат остатоците. Изменето од OnyxLyrica - 22.Октомври.2009 во 11:21 |
|||||||||
Schumacher
Сениор Регистриран: 17.Април.2006 Статус: Офлајн Поени: 396 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||||||
OnyxLyrica алал да ти е за постовиве. Еве ви мое мислење. Јас не верувам во ништо што неможе да се докаже. Така да ова ви се чисто трескање на глупости. Метеори, метероити и сете други тела во вселената влијаат со нивните привлечни сили мегусбно, така да доколку нешто не гаѓа, има можност тоа да заврши во сонцето или во јупитер, а доколку тоа иде право накај нас, ќе почне да го привлекува и сонцето и јупитер и све оснатато и (според мене, значи може само трескам глупости и јас) можеби ќе излезе од неговата орбита и ќе не промаши. А армагедон може да се деси било кога, бидејки вселената е многу непредвидлива работа, а можам да кажам и една од најмалку истражените. А ако се деси армагедон ондак џабе маката, за све што сме направиле. Компјутерски кажано: Како да преинсталираш виндоус, се треба од поново, а ако си најпрајл бекап, ќе имаш колку толку од нешто да почнеш, барем во едно ќе бидеме сигурни, ќе нема више вируси, бактерии и други микроорганизми.
|
|||||||||
Tiggy Vicious
Сениор Consume. Be silent. Die. Регистриран: 27.Октомври.2009 Статус: Офлајн Поени: 6238 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||||||
И шо ако е така, јас треба уште 3 години да живеам?
Тоа значи на 17 год. ќе умрам? Глупости, чисти глупости! Не верувам во тоа... Верувам во крајот на светот, но не и дека истиот ќе се случи во 2012 |
|||||||||
What the hell is going on?
-The cruelest dream, reality |
|||||||||
OnyxLyrica
Нов член Регистриран: 18.Октомври.2009 Статус: Офлајн Поени: 5 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||||||
Оу, фала!
Како што си рече, твое лично мислење, не значи дека си во право. А имаш право да наречеш туѓ пост трескање чисти глупости кога барем малку ќе се заангажираш да истражиш дел од тоа за кое се збори овде. Дотогаш, ни ти самиот не си лишен од трескање глупости.
А каде спомнав во моите постови дека нешто не гаѓа?
Ах! You don't say ....
Добро познат факт е дека микророганизмите преживуваат дури и ако катастрофата ја уништи целата планета - ја разнесе на парчиња. Така да, ќе има вируси, бактерии, микрорганизми. Изменето од OnyxLyrica - 10.Ноември.2009 во 18:19 |
|||||||||
maria_magdalena
Сениор trouble seeker Регистриран: 25.Октомври.2007 Статус: Офлајн Поени: 8706 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||||||
Вашингтoн, 11 ноември (МИА) - Светот нема да исчезне на 21 декември 2012 година, соопшти денеска американската вселенска агенција НАСА, промовирајќи ја на тој начин својата кампања на демантирање на гласините за „апокалипса“ што ги шират разни интернет сајтови, а сега станаа тема и на холивудскиот филм „2012“. Најновиот филм на холивудското студио „Сони Пикчрс“, за чие снимање се вложени 200 милиони долари и кој наскоро треба да почне да се прикажува во кината, зборува за крајот на човековата цивилизација според митот на календарот на Маите. Според мрачното сценарио на филмот, крајот на светот ќе се случи кога планетата Х или Нибиру ќе се судри со Земјата. Мистериозната планета, според тврдења на разни псевдонаучници, љубителите на паранормалните појави и некои интернет сајтови, наводно ја откриле Сумерите. НАСА реагира на ваквите теории и обвинувањата дека од јавноста се крие вистината за постоењето на Нибиру, наведувајќи дека тоа е „само уште една интернет измама“. - Не постојат фактички докази за таквите тврдење, се наведува во соопштението објавено на сајтот на НАСА. Ако некоја планета се движи директно кон Земјата, астрономите би ја регистрирале уште пред десет години, а денес таа веќе би била видлива со голо око, истакнува НАСА. - Научниците од кредибилитетот низ целиот свет знаат дека не постои опасност поврзано за 2012-та, наведува американската агенција, додавајќи дека Земјата „веќе повеќе од четири милијарди годни сосема убаво егзистира“. Според НАСА, во вселената кружи планета по име Ерис, но тоа мало вселенско тело налик на Плутон, не претставува никаква опасност, бидејќи до Земјата најблиско може да се доближи на растојание од 6,4 милијарди километри. Голем број книги и стотици сајтови на Интернет моментно се занимаваат со најавувањето на наводната катастрофата под наслови како што се „Апокалипса 2012“ или „Како да се преживее 2012“. Според претходните „предвидувања“, апокалипсата требаше да се случи во мај 2003 година, но бидејќи тогаш ништо не се случи, датумот на „судниот ден“ е поместен за зимскиот солстициј - периодот кога денот е најкраток - во 2012 година, кој се поклопува со крајот на календарот на Маите. НАСА наведува дека календарот на древниот народ не завршува на 21 декември 2012 година, бидејќи веднаш потоа настапува нов период во кој во наредните неколку децении на повидок поставување на планетите во една линија. Дури и да дојде до нешто такво, како што тоа некои го предвидуваат, неговото влијание врз нашата планета би било „занемарливо“, тврди НАСА. Меѓу другите теории кои НАСА ги демантира се и оние за геомагнетски бури, промената на половите и поместувањето тектонските плочи на Земјината кора. Што се однесува до кометите и астероидите, НАСА укажува дека големи судири со нив се многу ретки. Се верува дека последниот удар од тој вид се случило пред 65 милиони години, што довело до изумирање на диносаурусите. - Утврдено е дека на Земјата не и се заканува астероиди со големина на оној кој го предизвикал уништување на диносаурусите, порачува американската вселенска агенција. |
|||||||||
МИСЛИТЕ СЕ ОСЛОБОДЕНИ ОД ДАНОК.
|
|||||||||
Omar
Сениор Too young to die... Регистриран: 22.Февруари.2009 Статус: Офлајн Поени: 12633 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||||||
eve edna dobra vest....
|
|||||||||
Pentakostalec
Сениор Регистриран: 11.Јули.2008 Статус: Офлајн Поени: 583 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||||||
Koj Filmovi Ve Pukaat eve ako sme zdravi i zivi kje dojde i 2012 i nema nisto da se sluci i ke prodolzime da krekame niz forumov a togas ke recat vo 2025 svetot ke se rusi neli vo 2000 ditata trebase?
Изменето од Biba_G - 15.Ноември.2009 во 16:39 |
|||||||||
Одете мегу сите народи и создавајте од нив мој ученици крштевајки ги во името на Таткото, Синот и Светиот Дух
|
|||||||||
vlad0
Сениор Титула нема поради неплатени сметки Регистриран: 18.Ноември.2009 Локација: Македонија Статус: Офлајн Поени: 2263 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||||||
што мислите?
|
|||||||||
vlad0
Сениор Титула нема поради неплатени сметки Регистриран: 18.Ноември.2009 Локација: Македонија Статус: Офлајн Поени: 2263 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||||||
ќе видиме што ќе се случи во 2012
|
|||||||||
fiks
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Администратор ПРАВДОЉУБЕЦ Регистриран: 18.Април.2005 Локација: Македонија Статус: Офлајн Поени: 24000 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||||||
А кој месец треба да се случи крајот на светот?
Знае некој,е информиран за ова,Клеопатра,Баба Ванѓа или нешто слично а??? Или ќе биде на крај помина замина 2012 и ќе ја чекаме после 3013 и тоа убо бројче. На крај ќе излезе дака според календарот на внук му на Џингис Кан,крајот ќе ми ти бил 3013,па ај да им остајме аманет на наредните генерации на некој табла во пештера да ги поучиме малу за иднината. Кои глупости бре ќе им истекнат. Абе ова Америве сигурно го напраја маркетинг трик за да ги наполнат кино салите низ светов со новото им филмче 2012,па да гледаат луѓево како Џон Кјузак вози лимозина и авион низ пукнатини од земјотресениа па околу облакодери се рушат а нив само еден куп фекалии им паднаа на колата,дури ни бојата не се изгреба мајкуму,па да се навежбаат ко ќе дојде судниот ден. Чак Норис ќе не спаси ич да не се секирате. |
|||||||||
Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена, само шлаг пена ќе бидеме и можеби неколку жолти ракии. |
|||||||||
vlad0
Сениор Титула нема поради неплатени сметки Регистриран: 18.Ноември.2009 Локација: Македонија Статус: Офлајн Поени: 2263 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||||||
остајте го чак норис не знам како ви е интересен.
поубо ќе беше да речеа 2013 петок 13. |
|||||||||
fiks
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Администратор ПРАВДОЉУБЕЦ Регистриран: 18.Април.2005 Локација: Македонија Статус: Офлајн Поени: 24000 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||||||
Владо читај сега и запамети еднаш за секогаш.
Се додека постои Јупитер во Сончевиот Систем ич да немаш гајле од ништо,може само да не закачи некој помал астероид кој скренал некаде на црвено,е сега треба да си малер голем за да му се најдеш на патот ама и тоа се случува еднаш ко ни еднаш на илјадници или милиони години,ама до тогаш од нас атом еден нема да остане. Ко ќе го снема Јупитер како планета е тогаш спремај куферите,пали патиките и ајт кон вечните ловишта. |
|||||||||
Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена, само шлаг пена ќе бидеме и можеби неколку жолти ракии. |
|||||||||
Внеси реплика | страница <1 678910 21> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |