|
Хороскоп |
Внеси реплика | страница <1 7475767778 157> |
Автор | ||
Airsolid
Нов член Регистриран: 01.Март.2011 Статус: Офлајн Поени: 9 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
[QUOTE=bijonse1]
... /[QUOTE] Heheh super e horoskopov :) |
||
Schatzii
Сениор Регистриран: 04.Мај.2010 Локација: Germany Статус: Офлајн Поени: 10600 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Карактерот според хороскопот
Сигурно нема да ви биде прв пат да прочитате каков е карактерот на вашиот хороскопски знак. Но, сепак решивме да го споделиме со вас овој хороскоп затоа што ние неверојатно многу се пронајдовме во него. Овен – Агресивецот Бик – Скитникот Близнаци – Близнакот Рак – Убавецот Лав – Лавот Одличен соговорник. Атрактивен и страствен. Опуштен. Најчесто среќен, но кога не е тогаш е намуртен и детинест. Неговиот проблем е сечив проблем. Предвидлив и некогаш монотон. Знае да се забавува. Во сè е добар. Одличен бакнувач. Дружељубив. Спуштен на земја. Зависни сте од него. Гласен. Сака долги врски. Зборлив. Не се закачајте со него. Редок да се најде. Добар кога ќе се најде. Девица – Чекачот Вага – Досадниот Скорпија – Зависникот Стрелец – Промискуитетниот Јарец – Страствениот љубовник Водолија – Непредвидливиот Риби – Животниот партнер Се сложувате? |
||
Dream what you want to dream;
Go where you want to go; Be what you want to be, because you have only one life and one chance to do all the things you want to do. |
||
Airsolid
Нов член Регистриран: 01.Март.2011 Статус: Офлајн Поени: 9 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Најлошите особини на Вашиот хороскопски знак
Никој не е идеален. Секој има мани кои се покажуваат во одредени моменти во помала или поголема мера, а астрологијата може доста да каже за тоа. Ако не сте знаеле како другите ги доживуваат Вашите најлоши особини, време е да ги отворите очите и да дознаете. Прочитајте го овој хумористичен текст за хороскопот ; но велат, во секоја шега има пола вистина… Овен - Суров, размазен, себичен гад кој секогаш мора да биде шеф и главен во се. Причините се две – мал полов орган кај мажите или мали гради кај жените. И цел свет да се сврти против него, Овенот и понатаму би тврдел дека сите луѓе грешат, а само тој е паметен и секогаш во право. Бик - Самозадоволен, молчелив и досаден- досаден како клуб на пензионери. Во состојба е да јаде од утро до мрак и да се мрдне од фотелја која веќе е обликувана според нивната задница. Градинарството за Биковите е спорт. Близн аци – Близнаците се како тетки кои можат со часови да оговараат; лигави, дволични и превртливи, го менуваат мислењето како што дува ветерот. Кога ќе помислите дека се скрасил, тој веќе ќе биде на друг континент. Рак – Посесивни, мазохистички лудаци кои стануваат хистерични ако не им кажете добро утро со вистинската интонација. Своите комплекси Раковите ги лечат берејќи пари во касичката од својот чукун дедо. Менуваат расположение како им падне на памет – од депресија до хистерија. Лав – Арогантни и препотентни, ги потценуваат сите и се гледаат од високо. Нарцисоидни комплексаши кои се во состојба цел ден да го поминат пред огледало. Лавовите се полни со „големи“ идеи и планови кои на крај им користат само ним, бидејќи секако не им е гајле за другите (обични смртници). Девица – Опсесивно - компулсивни неуротичари кои од стресот се ослободуваат чистејќи го станот, кинескиот порцелан и рачно берат трошки од подот. Напорни се и вечно незадоволни во состојба да се жалат по цел ден. На Девиците ни премногу не им е доволно. Вага – Нарцисоидни, самобендисани „добротвори“ кои не можат да си помогнат ни себе, а камоли на другите. На една Вага и треба цела недела да се реши дали да нарача кока-кола или пепси, а толку се мрзливи што ни земјотрес не би ги натерал да излезат од кревет. Шкорпија - Саможиви се, перверзни и самодеструктивни. Своите маки Шкорпиите не можат да ги поднесат сами, па со себе повлекуваат уште сто луѓе. Ако е утре крај на светот, не би се потресле многу, само би продолжиле со своите садо- мазо оргии. Стрелец - Најголеми коцкари и распикуќи, да можат би ја прокоцкале и сопствената жена. Толку се ненормални оптимисти што ентузијазмот кај Стрелецот е толкав, што мисли дека дигањето од мртвите и телепортација на Марс според нив е сосем возможна. Ни во лудило не би признале дека им е тешко и на сите им солат памет. Јарец – Вистински садисти се и гоничи на робови. Зборот „извини“ не постои во речник на Јарецот , зошто мислат дека се непогрешлив. Душата би ја продале за углед и материјална добивка. Водолија – Вулгарни, непристојни и мислат дека секогаш знаат се и го пикаат носот во туѓи животи. Препотентни, квази филозофи, Водолиите се секогаш полни со совети и планови за другите, но тие самите не си ги почитуваат тие совети. Риб и – Депресивци кои само се жалат и цмиздрат по цел ден, чекајќи да дојде некој кој ќе ги утеши. Не се во состојба ни да се потпишат без туѓа помош, и најситната глупост за Рибите е светско чудо па стануваат еуфорични поради таквите сознанија. Кога ќе излезат од депресија времето го исполнуваат помагајќи им на другите, а потоа пак се депримираат – па се така во круг. |
||
Tiggy Vicious
Сениор Consume. Be silent. Die. Регистриран: 27.Октомври.2009 Статус: Офлајн Поени: 6238 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Јарец – Вистински садисти се и гоничи на робови. Зборот „извини“ не постои во речник на Јарецот , зошто мислат дека се непогрешлив. Душата би ја продале за углед и материјална добивка.
Леле... That would be me... |
||
What the hell is going on?
-The cruelest dream, reality |
||
volkswagen
Модератор Знам, комшивка ми е! Регистриран: 18.Ноември.2008 Статус: Офлајн Поени: 4820 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Ај малце за рак... цура е во прашање.... НЕ МОЈА... него туѓа... ја само изигравам исус
|
||
Tiggy Vicious
Сениор Consume. Be silent. Die. Регистриран: 27.Октомври.2009 Статус: Офлајн Поени: 6238 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Женски рак одсекогаш ми биле крајно одбивни, пред се бидејќи се лигуши и плачипички во душа и постојано бараат потврда за љубовта.
Треба да бидеш крајно внимателен со водново створење, бидејќи најлесно и најбрзо се вреѓаат. Сакаат да бидат сакани, да им се дава безусловна поддршка и секогаш да бидат во право. Уствари, нема жена рак која е нормална. Или ќе плаче по мечето или ќе се заканува со самоубисто кога ќе ја оставиш. Сигурно е девица, бидејќи ракчиците имаат претензии да читаат бајки и да веруваат во принцот на бел коњ кој ќе ги дефлорира и ќе си живеат среќно до крајот на животот. Имаат афинитети кон интересни, но емотивни момци кои имаат бескрајна доза на трпение. А, да... drama queens. Многу, многу напорни створења. |
||
What the hell is going on?
-The cruelest dream, reality |
||
Airsolid
Нов член Регистриран: 01.Март.2011 Статус: Офлајн Поени: 9 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Ако мечтаете за бајки, романса и принц на бел коњ- на погрешно место сте. Изјавите од овој маж ќе ги распрскаат сите Ваши соништа што ќе заборавите дека некогаш воопшто стеги читале Пепелашка и Заспаната убавица. Овој рационален и материјалистички тип цврсто стои на земја и тоа нема да се промени. Важно е да знаете дека тој е исклучително педантен и уреден . Неговата облека е здиплена под конец. Неговиот шкаф е како војнички. Целиот дом му свети од подот до таванот; со еден збор- се му е цакуп-пакум. :D :D (tekstov e od (astro24h.mk) |
||
Airsolid
Нов член Регистриран: 01.Март.2011 Статус: Офлајн Поени: 9 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Изјавување на љубов и е неопходно. Жената Рак не е љубоморна, но е посесивна, се плаши да остане без партнерот, зошто кога сака- сака фатално и до гроб. Ќе биде спремна да Ви прости било што. За да биде среќна неопходно и е да е некому потребна. Срамежлива е и чувствителна па не впуштајте се во било каква игра со оваа ранлива девојка. Ако сте искрени од неа ќе добиете безгранично разбирање и искрена љубов. Лојална е и стрплива како ниедна друга, а на прво место секогаш ќе бидете Вие, децата и куќата. |
||
Airsolid
Нов член Регистриран: 01.Март.2011 Статус: Офлајн Поени: 9 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Ејј ова е претерано... амо две- три поѕнанички се такви, не ѕначи дека сите се. Потребата секогаш да бидат во право не е карактеристична за раковите, повеќе за лавовите, овните, девиците, па и близнаците во некоја смисла. На коментарот дека сите жени рак не се нормални, ако пишуваме во тој тон никој не е нормален. Па од тоа вадиме ѕаклучок дека нормално е да сме сите ненормални :) Нема човек кој не е посебно чувствителен и иѕраѕено реагира на нешто, и нема човек без трауми и комплекси. drama queens - па во некоја смисла да- рачицата никогаш, ама никогаш нема да направи сцена, но низ глава неа ќе и помине се. Јас сепак за шампиони на напорноста ги ставам лавовите- јас пак јас, гледајте ме-чудете се, а површни се и смешни во тие празни пофалби. Биковите се според мене на второто место (кое е сепак многу далекоу од првото), зошто- досадни муабети ми прават! Секако, од секое правило има исклучок... ПС. јас не сум рак- риба сум, но неколку мои најдраги жени се рачици |
||
Schatzii
Сениор Регистриран: 04.Мај.2010 Локација: Germany Статус: Офлајн Поени: 10600 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Ај пиши нешто и за мене
Бик, подзнак риби |
||
Анастеа
Администратор ПИПИ долгиот чорап Регистриран: 07.Април.2008 Статус: Офлајн Поени: 35441 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Шаци ај не си барај бељата. Според погоре напишаното сега ќе ни каже дека сме досадни. |
||
Schatzii
Сениор Регистриран: 04.Мај.2010 Локација: Germany Статус: Офлајн Поени: 10600 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Јас па воопшто не се пронајдов во она од погоре
молчеливи, досадни, да јаде од утро до мрак па и градинарство на крај, нема што |
||
Анастеа
Администратор ПИПИ долгиот чорап Регистриран: 07.Април.2008 Статус: Офлајн Поени: 35441 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Градинарство? Јас и градинарство? А нешто за плетење пишува ли... чорапи, шалови, џамадани волнени? |
||
Schatzii
Сениор Регистриран: 04.Мај.2010 Локација: Germany Статус: Офлајн Поени: 10600 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
што ти викам јас она од погоре е тотална утка затоа барам поконкретно со подзнак |
||
Внеси реплика | страница <1 7475767778 157> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |