|
МАКЕДОНСКА БЕРЗА |
Внеси реплика | страница <1 56789 11> |
Автор | |
Анастеа
Администратор ПИПИ долгиот чорап Регистриран: 07.Април.2008 Статус: Офлајн Поени: 35441 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Ок... значи да не се секирам и за тебе... како за директориве погоре...
|
|
zagor
Сениор Уникатен песимист Регистриран: 27.Септември.2007 Локација: Congo Статус: Офлајн Поени: 12850 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
...bogami loso e ako izgubis nesto sto e tvoe....ovie gajle nemaat,kako doslo taka i ke otide.....samo da ne vrtat nov krug....
|
|
...zagor e ziv,se drugo e laga.
|
|
Гостин
Гостин |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Почетокот на работната недела повторно беше кобен за тргувањето на Македонската берза, при што берзанскиот индекс МБИ 10 се спушти за фантастични 8,65 проценти.
Индексот МБИ 10 вчера загуби 285,61, завршувајќи се на 3.017,15 поени, а креаторите на овој индекс тонеа достигнувајќи најниски цени до сега.
Вкупниот остварен промет изнесуваше 44.912.456,87 денари, од кои на Официјалниот Пазар се остварија 42.671.226,87 денари, а на Редовниот Пазар прометот заврши на 2.241.230,00 денари. Имајќи ги предвид актуелните случувања на пазарот на капитал, Одборот на директори на Македонската берза донесе одлука со која за хартии од вредност кои се тргуваат во режим на фиксинг, се воведуваат ценовни ограничувања од +/- 20% во однос на базната цена. Оваа одлука стапи на сила од понеделникот (27.10.2008). Исто така беше донесена и одлука со која започнувајќи од 30.10.2008 (четврток) се продолжува времето на тргување на Македонската берза до 13 часот. |
|
Marko sk
Сениор Регистриран: 08.Ноември.2008 Статус: Офлајн Поени: 887 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
i sega, spored vas forum. analiticari, vreme li e da se kupuvaat akcii, ili tie kje pagjaat i ponatamu ?
|
|
гоcтин
Гостин Регистриран: 24.Октомври.2008 Статус: Офлајн Поени: 1797 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Зависи во кои фирми...
Ако одиш на крупно биди спремен и да загубиш Ништо не се знае,јас лично мислам дека уште ќе паѓаат акцииве,ама не е лошо тие што имаат слободен капитал да купат некоја акција,ама не од фирми што секој момент можат да се распаднат туку од оние постабилните |
|
Marko sk
Сениор Регистриран: 08.Ноември.2008 Статус: Офлајн Поени: 887 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
a koi se tie ? |
|
nelson
Сениор НАИВЕН НА МАЈКА Регистриран: 11.Октомври.2008 Статус: Офлајн Поени: 6313 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
kako koi se?! - pa monopolskite!
|
|
Zeleo bih da te, vezanih ociju, prepoznajem u hiljadama.Ala bih se napipao!
|
|
Marko sk
Сениор Регистриран: 08.Ноември.2008 Статус: Офлајн Поени: 887 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
za niv znam, ok, ...dobar dalje ! |
|
Анастеа
Администратор ПИПИ долгиот чорап Регистриран: 07.Април.2008 Статус: Офлајн Поени: 35441 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Ако сакаш да купуваш акции најверојатно ги следиш берзанските извештаи и знаеш кај кои фирми има пад на акции и кои се најтргувани...
А дали и понатаму ќе паѓаат... најдобро ти е да си фатиш некој брокер под рака, немај многу доверба во форумски “аналитичари“ кога е пара во прашање..
|
|
Marko sk
Сениор Регистриран: 08.Ноември.2008 Статус: Офлајн Поени: 887 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
bez poznavanja od berzanskite i ekonomskite dvizenja malku fajde od brokerskite soveti, a uste pomalku od forumdziive. Prasanjeto bese upateno "onaka", mozebi nekoj ima nekoja "insajdeska - naivno - logicka" informacija koja ke zasluzese vnimanie za dodatna proverka, ama nisto od toa. Ok, pozdrav. Изменето од Marko sk - 13.Ноември.2008 во 23:33 |
|
Анастеа
Администратор ПИПИ долгиот чорап Регистриран: 07.Април.2008 Статус: Офлајн Поени: 35441 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Гледаш како убаво си знаеш...
|
|
Анастеа
Администратор ПИПИ долгиот чорап Регистриран: 07.Април.2008 Статус: Офлајн Поени: 35441 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Време да се купува или да се продава?
Повеќе оптимисти, помалку песимисти меѓу македонските аналитичари. Нема консензус околу тоа дали сега е добро време да се купуваат акции, затоа што никој не може да предвиди како ќе се развива застрашувачката финансиска криза. Според она што го покажуваат техничките и фундаменталните анализи, некои акции на Македонска берза се навистина евтини. Дел од аналитичарите сугерираат дека нивното купување во моментов би било добра зделка, но други аналитичари велат дека дното уште не е допрено. Според нив, големата распродажба може допрва да следи. Дали е сега вистинско време за купување? Деновиве јасно како ден е дека потресите што ги прави светската финансиска криза, директно се рефлектираат на берзите во регионот и на Македонска берза. Денес малку се аналитичарите кои сметаат дека пресудни за нов “бум” на Македонска берза се нерешените политички прашања на државата. Иако и тие имаат силно влијание. Дали сега е вистинското време за купување на МБ? Дали поевтинувањето на акциите на многу компании дава сигнал дека моменталниот шопинг би бил добра инвестиција за стрпливите и долгорочни инвеститори? Или, лошиот тренд е тренд, против кој едноставно не треба да се оди? Еден од најголемите светски инвеститори Ворен Бафет секогаш повторува дека на берза треба да се купува кога сите продаваат, а да се продава кога сите купуваат. Како кризата влијае на Македонска берза? Некој познавач на природата и циклусите на движење на берзите рекол: “Биковиот пазар се раѓа во најголемиот песимизам, а умира во најголемиот оптимизам”. Но, дали ова правило важи и во периоди на подолга светска финансиска криза и рецесија? Тоа не го знаеме, но едно е сигурно. Во овие денови на паника, ниту еден врвен светски аналитичар не може со сигурност да каже како ќе се развиваат застрашувачките финансиски кризи што ги тресат САД и Европа. Во колкава мера кризата на банкарскиот сектор ќе се рефлектира врз индустријата, која ќе биде цената што ќе ја платат компаниите? Од ланскиот "бум", пред да се случи стрмоглавиот пад на МБ, до денес, индексот МБИ 10 опадна за околу 65%. Или во вредност, котираните компании изгубија над една милијарда евра. Акциите на МБ сега се евтини. Но, во ова “лудо време” очигледно не важат правилата на пазарите на капитал. Во моментов никој не може да каже колку долго треба да се чека за да се оствари принос од инвестицијата на берзата. Ниту, пак, може да гарантира дека компанијата во која се вложува нема да банкротира”. Факт е дека меѓу инвеститорите во овој момент најприсутни се стравот и паниката. Тоа се покажува преку масовните барања за повлекување на удели од портфолиата на инвестициските фондови во регионот. Некои од друштвата за управување со фондови од Хрватска и Србија веќе затворија некои од своите фондови. Во неповолна ситуација се и хрватските и словенечките фондови, кои досега најмногу инвестираа на Македонска берза. Според Раја Лазаровска, директор на друштвото за управување со приватни фондови “Фишер инвестментс”, регионалните фондови влезени на МБ допрва ќе се повлекуваат, а со оглед на тоа што тие ја правеа ликвидноста на македонскиот пазар на капитал, Берзата ќе биде сериозно погодена. “Според она што се случува во светот денес, многу веројатно е дека финансиската криза ќе потрае. Ова е само почеток. Допрва следува длабока рецесија во светот, која силно ќе ја зафати и Македонија. Потрошувачка ќе нема, а штом нема потрошувачка, сите економски активности се намалуваат, односно се сведуваат на минимум. Во рецесија само готовината има вредност. Индексот МБИ10 ќе падне на нивото од 2002 година, кога беше околу 2.000 индексни поени и ќе нема никаква ликвидност”, вели Лазаровска. Со сличен став е и Ивица Карапетров, директор на друштвото за управување со приватни фондови “Мак Асет Менаџмент”. Тој нагласува дека развиените европски земји и САД допрва ги очекува намалување на економскиот раст. “Следуваат масовни отпуштања во индустријата, неможност на банките да кредитираат нови инвестиции, намалена потрошувачка, што ќе доведе до економска депресија. Сето тоа ќе се одрази како неликвидност на пазарите на капитал во светот, во регионот и кај нас. Финансиската криза ќе има клучно вијание врз движењето на македонскиот пазар на капитал. Очекувам индексот МБИ10 да падне на 2.500 индексни поени до Нова година”.Тој очекува регионалните фондови кои се влезени на МБ да продолжат со повлекување на капиталот, поради фактот што на матичните пазари се соочуваат со проблеми-нивните членови сакаат да си ги повлечат вложените средства. Гордана Гоџо, портфолио- менаџер во “Илирика Фунд Менаџмент” и покрај сериозните предизвици со кои се соочува македонскиот пазар на капитал, сепак е оптимист. “Паниката предизвикана од кризата на финансиските пазари се рефлектира со континуирано повлекување на регионалните фондови од МБ. Нивните уделничари се во паника и ги повлекуваат своите влогови, па фондовите располагајќи со помалку пари се принудени да ги повлекуваат неприоритетните инвестиции, во случајов инвестициите на МБ. Но, покрај големи одливи на средства, регионалните фондови истовремено имаат и приливи. Иако приливите не се во голем обем, сепак има свесни инвеститори кои вложуваат сега кога цените се ниски”.Според неа нивото на МБИ10 ќе се стабилизира од 3.000 до 4.000 индексни поени. Миа Зографска, директор на друштвото за управување со отворени фондови “Иново Статус”, исто така, вели дека влијанието на светската финансиска криза врз македонскиот пазар се манифестира индиректно, преку повлекување на регионалните фондови. “Точно е дека учеството на странски инвеститори на Македонска берза се намалува, тоа го покажува и статистиката. Но, мислам дека засега нема масовно повлекување на фондовите. Тие повеќе чекаат, односно се воздржуваат од инвестирање”.Според неа, кога ќе се стабилизираат финансиските пазари, во Македонија и во регионот допрва ќе влегуваат странски институционални инвеститори, кои во моментов бегаат од пазарите на капитал во развиените земји поради финансиската криза. Мали надежи за биков пазар Меѓу домашните аналитичари најдовме повеќе песимисти, отколку оптимисти. Раја Лазаровска вели дека кога се инвестира во акции секогаш се поаѓа од идната вредност на компанијата. “Капиталот секогаш има цена. Секој инвеститор поаѓа од тоа дека готовината ќе му вреди повеќе отколку некои акции, за кои треба да чека долго време за да им порасне вредноста “.Според неа, иако во моментов македонските компании покажуваат добри финансиски резултати, треба да се има предвид дека тоа се бројки од минатото. Ако кризата прерасне во рецесија, тоа силно ќе ги погоди македонските компании, односно во следните неколку години тие ќе имаат намалени профити, а можеби и загуби. Ефектот што кризата ќе го има врз реалниот сектор во земјава, ќе се рефлектира и на МБ. Факт е дека најголемиот дел компании се извозно-ориентирани, што значи дека извозот учествува со голем % од вкупната вредност на нивните профити. А кога странските партнери ќе почнат да им ги откажуваат испораките, што веќе се случува, нивниот извоз ќе се намали. Тоа ќе придонесе тие да имаат и полоши финансиски резултати”.Таа нагласува дека кај клучните инвеститори за МБ (фондовите- домашни и странски), во моментов нема никаква перцепција дека компаниите ќе прават подобри резултати. “Затоа инвеститорите се вртат кон инструментите кои носат фиксен принос”. И Ивица Карапетров вели дека сe уште не е добро време за купување акции на МБ.“Сега сме во една состојба на чекор пред крајот. Сметам дека не е добро време за купување акции на МБ, бидејќи очекувам цените на акциите уште да паѓаат. Во моментов најдобро е парите да се чуваат во сигурни хартии од вредност кои имаат гарантиран каматен принос и се заштитени од девалвација”, вели Карапетров, алудирајќи на државните обврзници. Тој смета дека клучен показател, кој треба да се гледа во моментов, за да се оцени дали е време за инвестирање во акции, е ROE (Return of Equity= Net income/Shareholder’s equity) или поврат на капиталот. “Ако стапката на поврат на капиталот е помала од висината на каматната стапка на НБМ, тогаш за инвеститорот подобро е да ги вложи парите во банка, каде ќе добие поголема камата, отколку да размислува и анализира како ќе се однесува некоја компанија и дали во услови на криза ќе успее да оствари добри финансиски резултати”. Кај поголем дел од котираните компании, кои во инвеститорската јавност се сметаат за солидни, овој коефициент моментално е помал од каматите што се добиваат на банкарските депозити. Но, Гордана Гоџо од “Илирика” има поинакво мислење од некои од експертите, кои велат дека во вакво “лудо време”, кога финансискиот сектор е во паника, не важат ниту фундаменталните, ниту техничките анализи на компаниите. “Точно е дека како што лани во биков пазар никој не ги гледаше фундаментите на компаниите, така и сега паниката произведе мечкин пазар, во кој никој не го гледа потенцијалот. Но, ако се тргне од тоа дека односот P/E (Price/Earnings или Пазарна цена/Заработувачка по акција), пресметан врз основа на ланските финансиски извештаи, кај некои компании изнесува 2, ќе се добие заклучок дека инвестицијата направена сега, на инвеститорот ќе му се врати во рок од две години. Инвеститорот секогаш треба да поаѓа од тоа дали акциите кои сака да ги купи се евтини и перспективно би му донеле добра заработка и дивиденда“, што таа смета дека може да се очекува од македонските компании кои покажуваат добри финансиски резултати. “Доколку претпоставиме дека историјата ќе се повтори, тогаш можеме да очекуваме пазарите на капитал да се движат во нагорен тренд некаде до првиот квартал следната година. Потоа би можело да следи пад до ниво пониско од сегашното дно, за конечната стабилизација на пазарите да ја очекуваме кон крајот на 2009г., првиот квартал на 2010 година”, вели Гоџо. Таа овде го зема како појдовно движењето на американските берзански индекси, чии осцилации (подеми и падови) досега се покажа дека речиси идентично се пресликуваат во движењата на МБ. Во контекст на движењата на МБ, Гоџо нагласува дека во следниот период домашните инвестициски фондови треба да станат главните “играчи” на македонскиот пазар на капитал. “Ние како инвестициски фондови, заедно со новите фондови кои се во фаза на формирање, како и со пензиски друштва, треба да станеме *market maker-ите на МБ, односно оние кои ќе ја прават ликвидноста и ќе го движат пазарот, за пазарот да не биде повеќе зависен од регионалните фондови”, додава Гоџо, И Горан Марковски, директор на Дирекцијата за вршење услуги со хартии од вредност во “Комерцијална банка”, смета дека финансиската криза има големо влијание врз МБ, но тоа е индиректно. “Моментално поради кризата која ги зафати финансиските пазари, трендот е извлекување на пари од финансискиот сектор. Фондовите се воздржуваат од инвестирање, затоа што постои неизвесност во која насока ќе се движат економиите и колку навистина ќе биде длабока рецесијата. Од друга страна, на регионалните фондови сега им се отворени подобри позиции на нивните пазари, во споредба со она што можат да го купат на МБ. Во услови кога и на нивните матични пазари има евтини акции, на регионалните фондови им е полесно да ги вложат парите дома, во компании кои подобро ги познаваат, отколку на МБ”. Потпирајќи се на прогнозите кои ММФ ги даде, според кои следната година Македонија ќе има раст на БДП околу 5%, Марковски не очекува македонската економија да биде силно погодена од финансиската криза. “Следната година ќе биде проблематична, затоа што ќе има лоши вести. Компании ќе банкротираат, ќе се отпишуваат нови долгови. Но, 2009г. ќе биде година на “чистење”, во која посилните ќе опстанат, а другите ќе престанат да постојат”. Тој објаснува дека Берзата е предвесник на она што ќе се случи, така што лошите финансиски резултати кои ќе се пресметуваат во 2009 година, веќе се вградени во очекувањата на инвеститорите. “Точно е дека 2009 година ќе биде многу осцилаторна за пазарите на капитал поради негативните информации кои ќе доаѓаат од финансискиот сектор, а сето тоа ќе се рефлектира и на МБ. Но, мислам дека МБ во голема мерка го има “допрено дното”, така што ова е добар момент за инвестирање пред сe за долгорочните инвеститори, кои вложуваат за период од три до пет години”. На крајот многу е тешко да се извлече заклучок како треба да се однесува еден инвеститор на берзата, бидејќи никој не може со сигурност да предвиди што ќе се случува во економијата и како компаниите ќе се покажат доволно силни и флексибилни за да ги преживеат тешките времиња кои доаѓаат. Изменето од anastea - 15.Ноември.2008 во 03:03 |
|
Marko sk
Сениор Регистриран: 08.Ноември.2008 Статус: Офлајн Поени: 887 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Ajde da vidime kolku se izdrzani glasinite deka posle samitot na G - 20 sto se odrzuva vikendov, akciite kje pocnat da rastat. Se pretpostavuva deka barem za eden kratok period treba da napravat osetliv skok.
Inaku katastrofa e sitaucijava, iako odnapred se znae deka na samitot kje se donese zakljucok za koordinirani aktivnosti, sepak ne ceka teska i mnogu neizvesna finasiska "zima" ? |
|
гоcтин
Гостин Регистриран: 24.Октомври.2008 Статус: Офлајн Поени: 1797 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Нема да растат(во најголем дел),ама ништо не е чудно ако почнат да паѓаат
|
|
Внеси реплика | страница <1 56789 11> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |