IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > АРХИВА > Вероисповед
  Активни теми Активни теми RSS - QUR'AN-от Е ЕДНАКОВ ЗА ДВАТА ПОЛА
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

QUR'AN-от Е ЕДНАКОВ ЗА ДВАТА ПОЛА

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 567
Автор
Порака
DAIJA Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 08.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 1668
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај DAIJA Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 22.Декември.2007 во 16:21

Луиз Ламја ел Фарук

 

Луиз Ламја ел Фарук се здоби со докторска титула за исламски студии на универзитетот Батлер, на универзитетот во Пенсилванија, на универзитетот Виланова и на универзитетот Темпл. Нејзини публикации се: „Исламот и уметноста“ и „Исламскиот културен атлас“, во кои таа се јавува како коавтор на нејзиниот сопруг, Исмаил Фарук. Таа беше убиена во нејзиниот дом, заедно со нејзиниот маж, на 30 мај 1986 година. Таа вели:

„Според исламот, жената е биолошки, па и физички и психички различна од мажот. Мажот и жената имаат иста положба, но различни задачи: тие имаат иста вредност, но различни способности; исти пред Бога, но со различни улоги во животот.

Мажите и жените треба да се надополнуваат едни со други во една мултифункционална организација, многу подобро отколку да се натпреваруваат едни со други во едно монофункционално општество.

Феминизмот, појавен во западното општество, одрекува каква било слична диференција и бара стремење кон едно унисексуално општество, со цел остварување на еднакви права на жените. Под „унисексуално општество“ мислиме на општество во кое се претпочита и се респектира еден единствен облик на улогите и задачите од двата пола и тој облик важи за сите членови на општеството, независно од разликите во возраста и полот.

Исламот ја издигна жената од една индиферентна и потценувачка положба на положба еднаква со онаа на мажот. Од состојба на едно правно не-битие, таа стана правен персоналитет во целосната смисла на зборот, способна да поседува сопственост, со право на наследство како од нејзиното семејство, така и од страна на нејзиниот сопруг. Жената во исламот може да има еднаква улога со онаа на мажот, но само толку колку што и го дозволуваат тоа нејзините специфични физички особини.

Во исламот не постои концептот на вина за првиот грев од страна на жената. Далеку од тоа дека ѓаволот ја намами Ева, к*ранот ја поставува вината за непослушност во рајот како врз Адам, така и врз неговата жена Ева. И двајцата потоа се покааја и побараа прошка. Господ им прости и на двајцата (7:20-25; 20;121). Освен тоа, жената е мајката на сите мажи и нејзината улога не содржи никаква потценувачка конотација.“[1]



[1] Луиз Ламја ел Фарук, „Општеството на жените муслиманки и исламот“, Индијанаполис, 1991, стр. 25.

О следбеници на Книгата, дојдете да се собереме околу зборот нам и вам заеднички: никого освен Бог да не обожуваме и никого да не Му здружуваме!
Кон врв
DAIJA Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 08.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 1668
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај DAIJA Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 22.Декември.2007 во 16:22

Ани Бесант

 

„Исламот е првиот кој ја прокламираше слободата, а Мухамед (Божјиот мир да е над него) знаеше, со неговиот пример и со примената на к*ранот, да го спроведе тоа во секојдневниот живот. Мухамед (Божјиот мир да е над него), помеѓу другото, рекол: ,Најомразениот човек е тој кој го продава човекот како роб‘.“[1]

 

„Што се однесува на прашањето за жената, исламското законодавство е едно од најнапредните и најправедните законодавства што постоеле некогаш. Исламското законодавство е многу понапредно од западното кога се работи за недвижности, за наследство или развод, тој е заштитник на правата на жените. Фразите ,живеење само со една жена‘ и ,полигамија‘ ги излажаа луѓето и им го оттргнаа вниманието од размислувањето за бедата и за потценетоста во кои живеат западните жени. Нивните први мажи, кои и беа одговорни за нивната заштита, ги оставија на улица откако не им беа повеќе потребни и потоа ниту им помагаа, ниту пак покажаа милост кон нив.“[2] 

 

„Судбината на една ваква жена е неспоредлива со положбата на жената која влегла во законски полигамен брак, и која иако го дели својот маж со друга жена, сепак ја ужива неговата грижа и станува мајка во тоа семејство. Кога гледам ноќе илјадници жени по нашите улици, убеден сум дека Западот треба да учи од исламот и да ги запре критиките кон него во врска со полигамијата. Во брак со повеќе жени, исламот и овозможува на жената да има маж и деца во скутот, на законодавен начин и со сите заслуги. Таа е во многу подобра положба, порадосна, попочитувана и подостоинствена отколку една жена којашто живее тежок и несигурен живот на улица. Овие жени се жртви на машките страсти. Таа ќе има нелигитимно дете и законски воопшто нема да биде заштитена.“[3]
 

[1] Д-р Фадлурахман Енсар, оп. цит., стр. 42.

[2] Ебул Хасен Али ен Недевиј, оп. цит., стр. 32.

[3] Сејјид Муџтеба Мусави Лари, оп. цит., стр. 180.

О следбеници на Книгата, дојдете да се собереме околу зборот нам и вам заеднички: никого освен Бог да не обожуваме и никого да не Му здружуваме!
Кон врв
belichka Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 30.Октомври.2006
Статус: Офлајн
Поени: 2023
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај belichka Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Декември.2007 во 14:52
proveri vo statistika kolku od prijavenite slucai na semejno nasilstvo se zeni od koja vera?
i dali toa tepanje e vnimatelno?
Кон врв
Sahih Bukhari Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 05.Декември.2007
Локација: Germany
Статус: Офлајн
Поени: 389
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Sahih Bukhari Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Декември.2007 во 15:33
Originally posted by belichkaaa belichkaaa напиша:

proveri vo statistika kolku od prijavenite slucai na semejno nasilstvo se zeni od koja vera?
i dali toa tepanje e vnimatelno?


A ti da provereshe a????
znaesh deka Gemanija e zemja so 60%razvedeni brakovi, ili francija ili britanija, i shto ti ja znam....
i proveri ushte ednash ubavo kade ima najmnogu maltretiranje na zenite, vo islamski ili Hristijanski drzavi
OUR DIGNITY IS IN ISLAM!!!
Кон врв
Aisha Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 03.Декември.2007
Локација: Palestine
Статус: Офлајн
Поени: 1119
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Aisha Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Декември.2007 во 15:34
jas mislam deka temava so tepanjevo treba da ja ostavime. Objasnivme dovolno.
So RAZUM OBDARENITE SFATIJA, a ostanatite, ako ne mozete da razberete ne e poradi toa sto vo islamot e nesto pogresno, tuku toa e poradi faktot sto vie ne go razbirate islamot....
Sakav ovie temi da otvorat edna normalna i civilizirana diskusija....no....
tipicno scenario
PROUD TO BE A MUSLIM!!!!
Кон врв
postariot brat Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 20.Мај.2007
Статус: Офлајн
Поени: 491
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај postariot brat Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Декември.2007 во 13:12
samata tema glasi Islamot ednakov za dvata pola i ovie dolgi postovi tolku zamaraat bidejki se neocigledni koga e ocigledno deka vo k*ranot si ima posebni pravila za mazot i posebni pravila za zenata, i tolku sega nemojte da si odite protiv Muhamed i da velite deka se e isto koga i samite velite deka ima mnogu detalji za pravata na zenite,
Inaku i kaj nas hristijanite si ima razlika vo obvrskite koi se propisani za mazot i onie za zenata samo sto hristos ni zabranil toa sosila da im go nametnuvame na svoite zeni ami treba da razgovarame dokolku nesto smetame deka e preterano i na kraj ostavime tie sami da svatat, ako ne svatat tie ke si gi imaat posledicite od nedolicnoto odnesuvanje.
Od iskona, do denes, a i vo vecnosta sekogas so nas e postariot brat Hristos, zosto se smiluva na nas i ni dade sansa da poveruvame, i da se nareceme ceda bozji.
Кон врв
DAIJA Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 08.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 1668
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај DAIJA Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Декември.2007 во 13:34
Do nekade bise soglasil so tebe, no vsusnost treba da se smeni naslovot, deka Ku ranot ne e diskriminiracki kon zenata, tuku kako sto dal prava i obrski istoto go napravil i za zenata soglasno svojstvata na mazite i zenite i nivnata priroda.
О следбеници на Книгата, дојдете да се собереме околу зборот нам и вам заеднички: никого освен Бог да не обожуваме и никого да не Му здружуваме!
Кон врв
Aisha Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 03.Декември.2007
Локација: Palestine
Статус: Офлајн
Поени: 1119
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Aisha Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Декември.2007 во 14:59
Vo poveketo nasi postovi, nie postojano zboruvavme za pravata na zenata.

Od aspekt na k*ranot, zenata ima isto tolku prava kolku sto ima i mazot, i ima obvrski isto kolku i mazot.
Neke pravo koi im se dadeno na mazot ne i e dadeno na zenata, tuku i e dadeno drugo pravo koe e ekvivalentno so nejzinata priroda.

Duri i denes vo Makedonija, zenite imaat edno pravo plus, a toa e trudnickoto boluvanje od 9 meseci. Toa mazite go nemaat. E pa toa e poradi nivniata priroda, zenite se tie koi ragaat, obvrska + i sleduva edno pravo +. Prosta matematika.

NIE SAKAME DA KAZEME AKO JAS KAKO MUSLIMANKA MI E NAREDENO DA SE POKRIVAM I SL. A NA MAZOTO TOA NE MU E NAREDENO, TOGAS NE STANUVA ZBOR ZA DISKRIMINACIAJA, TUKU ZA EDNA OBVRSKA +.

Nasite postovi ne znacat toa deka nie se ubiduvame da ve razubedime vo nesto sto ne e. tuku se obiduvame da vi gi objasnime rabotite vo Islamot. Ako jas kako muslimanka vi velam deka k*ranot ne e diskriminatoren kon mene naprotiv toj mi dava sloboda na izbor na bracen drugar, sloboda n aobrazuvanje, sloboda na izrazuvanje, slobda na ziveenje....itn

Ovaa tema e sirokaaaaaa i zatoa se postovite dolgi.
Za sega tolu da ostavam nesto za ponataka.


Изменето од Aisha - 25.Декември.2007 во 14:59
PROUD TO BE A MUSLIM!!!!
Кон врв
efendija Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 18.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 2175
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај efendija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Декември.2007 во 20:52
СТАВ НА ИСЛАМОТ КОН ЖЕНАТА
(Извадок од ДИЈАЛОГ СО ПРИЈАТЕЛОТ НЕВЕРНИК)


Рече пријателот:

-Не се слагаш ли со мене дека ставот на исламот кон жената е реакционерен? -Пријателот почна да набројува: Повеќеженството, врзаноста на жената за куќата, покривањето, правото на човекот на развод, правото на човекот за употреба на средства како што е физичката сила и одбивање на спиење со жената, право на мажот на„жените со кои располага”, поголемата положба на мажот во однос на жената, и два пати поголем дел во наследството.

Му кажав:

-Обвинувањата се овој пат многубројни та и разговорот ќе трае нешто подолго. Да тргнеме од почеток. Во предисламскиот период женското дете со раѓањето се стекнувало единствено со правото да биде живо закопано. Мажот имал право на десет, дваесет, со други зборови на неограничен број на жени. Своите робинки ги принудувал да му заработуваа по пат на проституција. Со дозволувањето на бракот со најмногу четири жени, Исламот всушност востановил ограничување на повеќеженството и тенденцијата за жената, бидејќи ја спасил од срамота, понижување, поробеност и најбруталното - присилната смрт. За да не го образлагаме ова посебно, да се запрашаме дали современата жена во формалните услови на моногамниот брак е стреќна, задоволна и е на вистинско ниво на човечкото достоинство, кога знаеме дека е задлабочена во живот во кој царува развратот и неморалот од секој вид. Што е подостинствено за жената: Да биде втора жена во законит брак со сите права или да биде љубовница што во тајност бара физички задоволства?

Покрај тоа Исламот така го условил повеќеженството, што тоа е практично невозможно. Имено, бракот со две, три или најмногу четири жени му е дозволен само на човекот, кој може да биде еднакво праведен кон нив:

„Ако се плашите дека нема да можете да бидете праведни кон секоја, тогаш задоволете се само со еднае” и „ Вие сигурно нема да можете да бидете еднакви кон жените и да го сакате тоа” (Ен-Ниса, 31, 129).

Што се однесува до врзаноста на жената со куќата таа како заповед се однесува само на жените на Божјиот пратеник, бидејќи тие се земаат како примери за идеални жени:

„И останете во своите куќие” (Ел-Ахзаб, 33). Од ова се гледа дека исламскиот заговор за жената како мајка и домаќинка, жена која во целост се оддава на своето семејство и куќа.

Меѓутоа Исламот не и го забранил на жената излегувањето вон куќата и занимавање со различни работи, ако тоа потребите го побаруваат. Меѓудругото од историјата на исламските народи знаеме за многу жени кои се потврдиле како врвни правници и поети. Муслиманките учествувале во борбите еднакво како што учествувале во сите останати области на културниот живот.

Наведениот ајет ја покажува визијата на идеалната состојба на жената, а помеѓу идеалното, можното и реалното секако постојат разлики. И жените на Божјиот пратеник оделе заедно во борба со него.

Да го разгледаме сега приговорот заради покривањето на жената. Ќе кажеме веднаш дека тоа оди во прилог на жената и нејзиното достоинство. Исламот го дозволил откривањето на лицето и рацете, а го забранил откривањето на останатите делови на телото. Стара вистина е дека „забранетото овошје” е најдраго; покривањето на одредени делови од телото само ја зголемува привлечноста и желбата за нив. Доста одамна е откриено декаво племињата каде што се откриени жените и нема љубовни чувства. Мажите со жените се состануваат само еднаш месечно, а ако таа забремени тогаш односите се намалуваат еднаш на две години. И во нашето искуство имаме безброј примери, кои ја потврдуваат оваа вистина. Голите женски тела кои не опкружуваат на плажите немат дразнеж, привлечност и предизвикливост како кога се покриени. Неоспорно е дека на жената и е важно пред се да биде посакувана и дека сепак најмногу ја деградира она што ја укинува нејзината привлечност.

Шт се однесува до приговорот за правото на мажите на развод, ќе бидеме сосема кратки. Исто како што може мажот да го растури бракот по судски пат, тоа исто така и на ист начин може да го направи и жената ако има причина за тоа. Од друга страна жената при склопувањето на бракот може да го услови стапувањето во него со можност да излезе од него.

Освен тоа постои и една битна разлика помеѓу муслиманката и европската жена. При засновувањето на бракот муслиманката добива мехр (дар), а жената на запад донесува мираз. Муслиманката потоа сосема слободно располага со својот имот, додека со имотот на Европјанката располага нејзиниот маж.

Правото на мажот да користи и физички средства и напуштање на брачната заедница се однесува само на оние жени кои ќе покажат некакви сексуални или брачни настраности. Се работи главно за две најраширени и психолошки објаснети настраности: мазохизмот и садизмот.

Во првиот случај жената сака да биде мачена физички, а во другиот таа да го мачи мажот. Ова може да се разбере како к*р’анска муџиза бидејќи многу порано од какви и да е истражувања, ја констатирал оваа појава, својства и однос кон нив допуштајќи му на мажот да жената мазохистка ја лечи со лекот кој таа го сака, а тоа се физичките удари, а жената садистка со напуштање на нејзината брачна постела:

„Оставете ги сами во постелата и удрете ги...” (Ен-Ниса, 34). Овие два збора содржат цели томово на психолошки истражувања за сексуалните настраности на жената и нејзино лечење.

Што се однесува до приговорот на правото на мажот кон „жените со кои располага”, правилното разбирање претпоставува објаснување на односот на Исламот кон ропството. Познат е обидот на некои ориенталисти да го обвинат Исламот дека тој повикува на ропство, иако Исламот како што и ќе покажеме е единствена вера што повикува на негово укинување.

Ако ја погледнеме Библијата (Инџил) и ги разгледаме зборовите на апостол Павле од неговите Посланици упатени на населението на Ефсус, ќе најдеме отворено повикување на ропоство, односно, вистински заговор за покорност на робовите на господарите, покорност што е еднаква на покорноста кон Бога.:

„Еј робови, покорувајте им се на своите господари со страв и понизност на своите срца како и кон Бога!”

Инџилот не барал укинување на ропството како систем. Неговата крајна цел било воспоставување на љубовта и убавото однесување помеѓу робовите и господарите.

Според постоечкиот Теврат среќата на слободните луѓе е полоша од онаа на робовите. Некои од неговите препораки се: населението што ќе се предаде без борба се носи како робје, а населението што се бори и брани се убива. Од ова не се поштедуваат ниту жените, нити децата, ниту старците.

Ропството било, значи, пред појавата на Исламот воспоставена и раширена појава, а останатите вери ја препорачувале покорноста кон господарите.

к*р’анот е првата објавена книга, која говори за ослободување на робовите. Тој не го забранил категорички ропството и на барал отпуштање на робовите, бидејќи тоа тогаш би значело распаѓање на целата социјална структура на тогашното општество. Тоа би значело излагање на стотина иљади просјаци кои бараат милост, или би краделе, пљачкосувале, се проституирале и слично. Непотребно е да се истакнува дека тоа би било полошо и од самото ропство. Затоа к*р’анот воспоставил најприфатлив пат а тоа е постапноста во ликвидирањето на ропството. Тој почнува така што прво го затвора тогашното ропство и потоа ги руши неговите извори. Во тоа време заробувањето во војната било најголем извор на ропството. Па така к*р’анот наредил ослободување на заробениците со или без надомест, и го забранил претворањето на заробениците во робови:

„...И потоа великодушно ослободете ги без или со надомест!” (Мухаммед, 4).

Откако што ги ликвидирал изворите на новите ропства, значи го оневозможил неговото понатамошно ширење к*р’анот извонредно со практични и ефикасни средства го отворил патот за укинување на ропството. На муслиманот што ќе стори некаков грев, к*р’анот како форма на откупување го понудил ослободувањето на робовите со тоа што тежината на гревот е усогласена со бројот на робовите што треба да бидат ослободени. Во поглед на ропството на жените за кои зборува нашиот пријател, ситуацијата е во согласност со горе кажаното. Но, меѓутоа треба да се забележи дека се до конечното укинување на ропството мажот има право да постапува со робинката како и со својата законска жена, но и единствено така. Ако го имаме предвид односот кон робинката како кон законитата жена, за неа тоа е чест а не понижување.

Исто така треба да бидеме свесни дека Исламот со својата прокламација за братството на луѓето и робовите ги израмнил со неговиоте господари:

„Правоверните се браќа” (Ел-Хуџурат, 10).

„Тој ве создал од една душа” (Ел А’раф, 189).

„... да не ги сметаме некои меѓу нас за богови наместо Бога...” (Али-Имран, 64).

Мухаммед а.с. со личен пример покажа како треба да се ликвидира ропството. Тој робот Зеид б. Харис прво го присвоил потоа го ослободил, а потоа го посинил. Уште повеќе го венчал со Зејнеб, ќерката на една угледна благородничка фамилија - Џахшо. Мухаммед а.с. ова го сторил за да ги урне еднаш засекогаш сите видови на терор и пристраност. Ослободувањето на робовите го направил пракса која муслиманите, неговите следбеници требале да го следат. Тој понатаму со личен пример покажал дека е негова мисија токму тоа, ослободувањето на човекот од сите ропства, освен од ропството кон Бога. На приговорот што се однесува на ајетот во кој к*р’анот ја регистрира поголемата способност на луѓето кога ќе се споредат со жените и тоа во поефикасно извршување на (некои) обврски, одговараме така што му велиме на пријателот малку подобро да ја погледне животната реалност, фактичката состојба во исламскиот и во неисламскиот свет. Речиси во сите земји на светот мажите се тие што имаат власт. Тие ги донесуваат законите и прописите. И сите Божји пратеници биле мажи. Слична е и состојбата со философите а и со композиторите иако самото компонирање повеќе се ослонува на мечтата отколку на мускулите. А кога (египетскиот книжевник и мислител) вели со иронија дека дури и готвењето, шиењето и модата се работи кои се ценат како специајлности на жените, неретко се подрачје во кое мажите ги надминуваат жените.

Се се ова факти во кои исламското право нема удел, оти тоа се општи појави во целиот свет, и таму каде што исламското право не владее ниту се суди според к*р’анот. Се се ова вистини. Човекот е по издржлив, посилен, од жената според законот на природата, благодарејќи и на градбата на своето тело со која Создателот го дарил. Ако некаде во светот и се случи жена да биде именувана за министер, лидер или владетел, тоа е реткост и исклучок кој го потврдува правилото, принципот.

Освен тоа, овде е потребно да се нагласи дека Исламот само го регистрирал веќе постоечкото правило.

По сето кажано, станува потполно јасен ставот на Исламот во однос на наследството кога пропишува мажот да наследува два пати поголе дел од жената. к*р’анот оваа предност им ја дал на мажите бидејќи мажот е тој кој мора да троши на издржувањето на целото семејство од она што ќе го заработи. Тој не смее да допира во имотот на својата сопруга без нејзина дозвола.

Од кажаното се заклучува дека ставот на исламот кон жената е на место и правилен. Односот на Мухаммед а.с. спрема своите сопруги бил олицетворение на љубов. Покажувањето наклонетост и нежност кон нив. Зар не рекол тој дека му се драги од нашиот свет - жените и мирисите а најголемата радост му е во намзот. Како што се гледа од неговите зборови жените се спомнати заедно со мирисите и намазот што всушност претставува врв на почитување на жената. И во својот проштален говор упатен на асхабите, кога се разделувал од овој свет, завршил со аманетот да се однесуваат убаво со своите супруги.

И на крајот семожниот Аллах џ.ш. на мажот му ја доверил изградбата, уредувањето на животот, но на жената и подарил многу поголема, позначајна, потешка и почесна улога: и доверил да го одгледува и расне самиот човек. Оваа доверба претставува најголема чест на жената. Па може ли након сето ова да се тврди дека Исламот бил неправеден кон жената и дека и сторил насилство?!!

Д-р Мустафа Махмуд


"Zadovolen sum Allah da mi bide Gospod,Muhammed pejgamber a Islamot vera"
Кон врв
Aisha Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 03.Декември.2007
Локација: Palestine
Статус: Офлајн
Поени: 1119
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Aisha Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Декември.2007 во 21:46
Ova e super kniga uste podobar izvadok
Ima prevod i na makedonski ovaa kniga ama ne bas dobar...
PROUD TO BE A MUSLIM!!!!
Кон врв
DAIJA Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 08.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 1668
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај DAIJA Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Декември.2007 во 09:50
Од кај ја најде книгава, ефендијо?
О следбеници на Книгата, дојдете да се собереме околу зборот нам и вам заеднички: никого освен Бог да не обожуваме и никого да не Му здружуваме!
Кон врв
mali simo Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 22.Октомври.2006
Статус: Офлајн
Поени: 1132
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mali simo Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Декември.2007 во 10:35

ех цитат од книга сте постирале и се е завршено....

но што правиме со к*ранот??????збунетостзбунетостзбунетост

k*ran 4:34, bosanskiot prevod na Mustafe Mlive

интересно ...... различни толкувања.....


Изменето од connected - 26.Декември.2007 во 14:59
ХРИСТОС ВОСКРЕСНА ОД МРТВИТЕ СО СМРТА СМРТА ЈА ПОБЕДИ И НА ТИЕ ВО ГРОБОВИТЕ ЖИВОТ ИМ ДАРИ

Кон врв
DAIJA Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 08.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 1668
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај DAIJA Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Декември.2007 во 11:26
Правото на мажот да користи и физички средства и напуштање на брачната заедница се однесува само на оние жени кои ќе покажат некакви сексуални или брачни настраности. Се работи главно за две најраширени и психолошки објаснети настраности: мазохизмот и садизмот.

Во првиот случај жената сака да биде мачена физички, а во другиот таа да го мачи мажот. Ова може да се разбере како к*р’анска муџиза бидејќи многу порано од какви и да е истражувања, ја констатирал оваа појава, својства и однос кон нив допуштајќи му на мажот да жената мазохистка ја лечи со лекот кој таа го сака, а тоа се физичките удари, а жената садистка со напуштање на нејзината брачна постела:

„Оставете ги сами во постелата и удрете ги...” (Ен-Ниса, 34). Овие два збора содржат цели томово на психолошки истражувања за сексуалните настраности на жената и нејзино лечење.
О следбеници на Книгата, дојдете да се собереме околу зборот нам и вам заеднички: никого освен Бог да не обожуваме и никого да не Му здружуваме!
Кон врв
efendija Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 18.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 2175
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај efendija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Декември.2007 во 14:51
Originally posted by DAIJA DAIJA напиша:

Од кај ја најде книгава, ефендијо?


Ja imam brate,i na bosanski i na makedonski,a moze del da se najde i na internet.
"Zadovolen sum Allah da mi bide Gospod,Muhammed pejgamber a Islamot vera"
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 567
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,172 секунди.