IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Стил на живот > Дом и градина
  Активни теми Активни теми RSS - Уредување на станот според FENG SHUI
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Уредување на станот според FENG SHUI

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 56789>
Автор
Порака
bijonse1 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
bella Madonna

Регистриран: 14.Јануари.2009
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 16521
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај bijonse1 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 27.Мај.2010 во 23:33
Растенијата како активатори (фенг шуи)


Здравите растенија се потенцијален извор за активација на Чи (позитивната енергија) во просторот, a помагаат и во одржување на свежиот воздух. Растенијата симболизираат дрва, раст и развој. Треба да се одржуваат за да бидат здрави, а кога ќе почнат да венат треба да се заменат со нови. Се препорачуваат растенија со овални листови, додека оние со остри листови како на сабја или кактусите треба да се избегнуваат. Бонсаи според фенг шуи никако не се препорачува поради тоа што е во спротивност со природата, а особено лошо влијае во детска соба каде живеат млади личности во развој.

Освен како украс и активатор на позитивната енергија, здравите растенија се користат и за отстранување на негативните влијанија во просторот. Нивното присуство во долгиот ходник го забавува пребрзото струење на воздухот. За отстранување на штетното влијание на избочениот ѕид се поставува високо растение. Во аглите често се собира устоена енергија, па нејзината стагнација може да се одстрани со растение со грмушка или со растение со висок раст. Растенија може да се чуваат во дневната, во работната соба, во трпезаријата, кујната, бањата и ходниците.

Најповолни растенија се : Spathiphyllum Wallisii, Bambus, Crassula, Ficus benjamin, орхидеја, божур, нарцис и лилјан. Освен овие, секое друго растение со заоблени листови може да ја засили енергијата во домот. Не е добро да се стави растение во спалната бидејќи во неа треба да владее помирна атмосфера (јин атмосфера), а растенијата со своето растење ја представуваат активната (јанг карактеристика). губитник


Неповолни растенија се сите оние кои имаат трнчиња или иглички (кактуси), Agava, Yucca, Dracaena, палми со остри листови, Diffenbachia како и бонсаи. Сувото цвеќе нема живот и симболизира мртва енергија и смрт, па затоа не е добро да се држи во просторот. Вештачкото цвеќе од свила треба редовно да се чисти, а и на секои 6 до 12 месеци да се заменува со ново.



Изменето од bijonse1 - 27.Мај.2010 во 23:33
Кон врв
TheHacker Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
I see you!

Регистриран: 07.Јули.2010
Статус: Офлајн
Поени: 155
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај TheHacker Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Јули.2010 во 11:49
За фенг шуи честопати луѓето мислат дека е начин на уредување на домот кој содржи многу мистичност во себе. Всушност фенг шуи е еден вид уметност и наука за живеењето и работењето во правилно уредено опкружување.
Таа се занимава со протокот и кружењето на енергијата на животот наречена Чи која е зависна од Јинот (позитивната енергија) и Јангот (негативната енергија). Вселената е едно огромно енергетско поле. Фенг шуи ја проучува оваа енергија, нејзиното движење и како таа делува на нас директно или индиректно.

Модерната електро-физика почнува да го прифаќа фактот за интеракцијата помеѓу енергијата на земјата и луѓето. Овие електромагнетни енергии се Чи линии кои се движат во внатрешноста на земјата, и на тој начин создаваат енергија за земјата и за луѓето кои живеат на неа.

Добрата контрола на енергијата во вашиот дом, ќе допринесе вашиот живот да се подобри и вие ќе привлекувате повеќе среќа и богатство. Поради ова се поголем број луѓе ги прифаќаат советите на фенг шуи за уредување на просториите. Како за пример, ќе го споменеме еден од најбогатите луѓе на светот Доналд Трамп кој за уредување на своите резиденции и деловни простории ги има ангажирано врвните експерти за фенг шуи.

Кон врв
TheHacker Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
I see you!

Регистриран: 07.Јули.2010
Статус: Офлајн
Поени: 155
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај TheHacker Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Јули.2010 во 11:50
Вашата влезна врата треба да го охрабри доброто Чи

Атрактивен изглед на влезната врата во вашиот дом или канцеларија ќе го охрабри доброто Чи (позитивната енергија) да влезе внатре. Влезната врата треба да ја отсликува целокупната хармонија и просперитет во домот. Бидејќи сета енергија влегува низ оваа врата важно е да нема предмети околу неа за да може секогаш да се отвори без проблеми.
Таа не смее да биде скршена и мора лесно да се отвора. Во спротивно, тоа ќе биде најголема пречка за добрата енергија. Таа не смее да биде ни премала, ни преголема, туку во склад со големината на куќата.
Кога врататa целосно ќе се отвори, не треба веднаш да наидеме на ѕид. При целосно отворена врата, тој треба да биде оддалечен од ивицата на вратата најмалку еден метар. Во спротивно, единственото што може да го направите е да поставите огледало на ѕидот. Тоа не е идеално решение, бидејќи влезната врата не е добро да се рефлектира во огледало.

Димензијата на вратата треба да биде во склад со големината на домот, ни премала ни преголема. Премалата врата го спречува протокот на доброто Чи.



Вратата треба да е широка и да води во предсобје, кое служи како еден вид брана за надојдената енергија. Влезната врата никогаш не смее да се отвора директно во дневната соба без некаков вид на брана кој ќе ја успори енергијата. Ако немате избор, ставете троделен параван (како на сликата) оддалечен на 1-2 метри од вратата со зеленило пред него. Тој ќе го забави доброто Чи и ќе овозможи негово мирно протекување.

Првото нешто што ќе го видат тие што влегуваат во вашиот дом го оформува расположението за време на целиот престој. Неред не смее никаде да има, а особено уште на самиот влез. Луѓето имаат навика да ги ставаат предметите до врата како потсетување дека треба да се ослободат од нив или да ги понесат со себе. Често тие остануваат тука со денови. Ова влијае лошо на подсвеста. За добар Фенг шуи во домот, овие работи треба да се тргнат што поскоро. Кога ќе влезете низ вратата, не треба да има никакви масивни предмети кои ќе го попречуваат погледот.

Најдобар облик за вратата е овален или правоаголен на врвот. Дрвените врати се подобри од стаклените. Влезот треба да биде во правец кој ќе овозможи да нема остри агли со правците кои покажуваат на други зданија од надвор. Може да поставите пакуа чие огледало ќе одбива дел од негативната која влегува во вашиот дом.

Може да закачите на дрвени или метални ѕвонци кои ќе помогнат во дефлектирањето на енергијата. Запомнете, ѕвонците мора да бидат шупливи и пакуата да биде поставена надвор од куќата за да бидат ефикасни. Пакуа со огледало поставена во домот носи несреќа.

Вратите обоени во светли тонови се благопријатни и се во склопот на севкупната хармонија во домот. Без разлика која боја се, треба да бидат обезбедат контраст на бојата на останатиот дел од куќата. Црвената е пожелна боја за врата, но само ако е во склад со другите бои во куќата.

Ѕвонците се добри предмети за дополнителна енергија кога се ставени пред влезнта и задната врата. Ти треба да бидат шупливи и доволно големи за да произведат фина мелодија кога се нишаат. Заедно со хармонијата и ритамот, мелодијата е една од трите основни елементи на музиката. Благопријатната музика во домот е важен фактор за подигање на енергијата.

Влезната врата никогаш не треба да гледа во задната врата или во голем прозорец. Во спротивно целата позитивна енергија излегува од домот преку задната врата и прозорецот. Ако сепак тоа е кај вас случај, поставете на одредено растојание пред вашата влезна врата параван и пред него поголемо цвеќе за да се покрие погледот на задната врата.

Денес, голем дел од луѓето живеат во висококатници. Совет е никогаш да не живеете на крајот од долг ходник, или пред лифт или скали, кои овозможуваат брзо одлевање на енергијата по нив. Доколку сте во можност, поставете растение на влезот на ходникот за да го успори одливот на енергијата.

Ако живеете во зграда, зеленилото и свежото цвеќе можат да ви донесат природа во вашиот дом. Свежите цвеќиња овозможуваат да се зачува енергијата на високо ниво.
Кон врв
TheHacker Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
I see you!

Регистриран: 07.Јули.2010
Статус: Офлајн
Поени: 155
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај TheHacker Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Јули.2010 во 11:50
Баланс во вашата дневна соба

Боите што ги избирате за вашата дневна соба во многу зависат и од вашиот Куа број кој се пресметува врз основа на датумот на раѓањето. Вашиот Куа број може да го определите со клик на следниот линк (за пресметување потребен е датумот на раѓање и полот):
Определување на Куа број,

Тука може да видите и на кој тип на личност припаѓате (западен или источен тип). На пример, за западен тип личност најмногу одговара гарнитурата да е во златна нијанса, а зелената е најнепожелна.

Ставете зелени растенија по собата, но гледајте да бидат во баланс со другите предмети. Вашиот мебел треба да биде простран, не пренатрупан и пријатен за око. Сликите треба да бидат топли и благопријатни. Избегнувајте држење на кактуси. Најдобро е да имате убав букет од свежи цвеќиња. Луѓето при самиот поглед на цвеќето се чуствуваат многу попријатно. Ова е причината поради која може да забележите цвеќиња во рестораните или во ходниците на хотелите.

Вашата дневна соба треба да дава чувство на свежина и живот во неа. Има многу семејства кои ја чуваат дневата соба за специјални пригоди. Собите во вашиот дом кои не се користат акумулираат статичка енергија и го намалуваат балансот од останатиот дел од домот.



Поминувајте го денот во вашата дневна соба! Затоа и го добила ова име!

Камините, без разлика во која соба се наоѓаат, не треба да бидат отворени. Отворот треба да се покрие со некој параван или стакло, со цел да се спречи одлевањето на позитивната енергија
Кон врв
TheHacker Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
I see you!

Регистриран: 07.Јули.2010
Статус: Офлајн
Поени: 155
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај TheHacker Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Јули.2010 во 11:51
Направете вашата спална соба да е место во рајот

Вашата спална соба има ефект на квалитетот на вашиот сон, и е многу важен фактор за вашето здравје, среќа и успех. Кога го планирате вашиот живот, треба да го осмислите и делот за ваша ревитализација.
Вашиот кревет треба да биде удобен, и енергијата треба мирно да протекува низ вашата соба. Под креветот не треба да имате ништо, за да енергијата може да циркулира правилно.

Спалната соба треба да биде обоена во меки бои кои и одговараат на вашата енергија за да може мирно да се одморите. Таа никогаш не треба да биде обоена во црвено. Свеж воздух треба секогаш да циркулира низ вашата дневна соба и исто така низ остатокот на домот. Вашата спална соба не треба да има огледало кое гледа во креветот или да е поставено позади креветот, бидејќи пречи за мирен сон. Истотака вашите стопала не треба да гледаат во вратата.

Во спалната соба не треба да има греди на таванот или на подот, бидејќи го нарушуваат протокот на доброто Чи. Секаде треба да се избегнуваат, а особено во спалната. Ако постојат греди на таванот, покријте ги, или ставете зеленило близу нив. За гредите на подот како решение може да биде поставување на шупливи ѕвонци.



Погодни правци за положба во која спиење во зависност од вашиот Киа број:

Киа број 1 – север, југ, исток, југоисток

Киа број 2 – југозапад, североисток, запад, северозапад

Киа број 3 – исток, југ, север, југоисток

Киа број 6 – југоисток, север, исток, југ

Киа број 7 – северозапад, југозапад, запад, североисток

Киа број 8 – североисток, југозапад, запад, северозапад

Киа број 9 – север, југ, исток, југоисток

Кон врв
TheHacker Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
I see you!

Регистриран: 07.Јули.2010
Статус: Офлајн
Поени: 155
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај TheHacker Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Јули.2010 во 11:52
Соодветно уредена трпезарија овозможува добра комуникација

Трпезаријата треба да биде централно поставена во домот со цел да се обезбеди изобилство на добро Чи.
Кружна, овална и октагонална маса поставена во трпезаријата е многу посоодветна отколку коцкастата или правоаголна, бидејќи нема остри ивици кои ги раздвојуваат луѓето. Трпезаријата треба да биде добро осветлена, со слики поставени на ѕидот кои се пријатни за гледање и делуваат смирувачки.

Јадењето на тивко место, или место на кое има тивка музика, влијае добро на варењето на храната. Добро е да има лустер над масата кој ја надополнува енергијата. Порано било вообичаено да се употребува кристал за лустерите, но со тек на време, често бил заменуван со други материјали, кои од аспект на фенг шуи не можат да го заменат кристалот.

Трпезаријата е едно од најдобрите места за големо огледало. Тоа ја “удвојува“ храната (богатството) и овозможува добар Чи. Огледалата не треба да се поставуваат така да се огледува во нив само делумно лицето. Само еден ѕид од трпезаријата треба да има огледало.

Кујна – место каде што се создава храната и богатството

Кујната е една од најважните соби во домот според фенг шуи. Храната што се приготвува во неа го определува квалитетот на животот, и силно се рефлектира на благосостојбата. Се почнува со шпоретот.
Кинезите веруваат дека кујната и местоположбата на шпоретот е пресудна за постигнување на благосостојба. Добрата положба на шпоретот во кујната може да донесе голема среќа на станарите, обозможувајќи им богатство и успех во работата. Ако во животот среќата не ви е баш најнаклонета, прва работа што треба да ја направите е да го преместите шпоретот.

Шпоретот секогаш треба да биде чист и сите негови функционални делови да се исправни цело време. Ако некој негов дел се скрши или не функционира, веднаш поправете го или заменете го.

Вратата од кујната не треба да гледа кон влезната или кон задната врата, поради губење на енергијата. Шпоретот истотака не треба да биде во правец со задната врата.

Кујната спаѓа во огнени елементи, па затоа црвената треба да се избегнува во овој дел од вашиот дом. Присуството на црвената боја во вашата кујна, наведува на опасноста за предизвикување пожар во вашиот дом.

Кон врв
TheHacker Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
I see you!

Регистриран: 07.Јули.2010
Статус: Офлајн
Поени: 155
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај TheHacker Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Јули.2010 во 11:53
Привлечете богатство во својот дом (фенг шуи)


Древното кинеско учење фенг шуи има за цел привлекување на позитивната енергија, а тоа се однесува и на привлекување на благосостојбата, богатството и личниот напредок. Неговиот концептот вклучува радост, мир и хармонија која ќе го привлече богатството кое ви е потребно во животот. Југоисток е правецот во фенг шуи кој се однесува на благосостојбата, а владеjaчки елемент е дрвото.


Исчистете го нередот

Според фенг шуи, доколку почуствувате дека не ви оди најдобро на финансиски план, можеби треба да направите само мала промена на предметите во домот, за да привлечете богатство.




Уреден дом - предуслов за благосостојба


Еден од начините да се постигне оваа е да се расчисти физичкиот неред во вашата околина, што ќе доведе до помал ментален неред во вашиот живот. Ако влезете во соба која е чиста и уредна, ќе забележите дека вашиот ум ќе биде поопуштен и посмирен, што е предуслов за проектирање на позитивна енергија. Оваа позитiвна енергија ќе привлече уште повеќе позитивна енергија, што е една од главните цели на фен шуи.

Значи, една од првите работи која треба да се направи е да се исчисти просторот во домот. Фрлете ги сите расипани и неупотребливи предмети, оние кои не сте ги употребувале со години, за кои се поставува прашањето дали некогаш повторно ќе ги користите. Југоисточниот агол на куќата или станот треба да биде исклучително чист и уреден. Совет е тоа место да биде осветлено преку целиот ден.


Поставете фонтана или аквариум

Вие и вашата околина треба да бидете канали низ кои ќе се создава позитивна енергија. Според фенг шуи, постојат многубројни техники кои може да ви помогнат да создадете позитивна енергија. Една од нив е водата која тече. Таа го зголемува ефектот на дрвото. Водената фонтана претставува едноставен начин за креирање на позитивна енергија, а истовремено и помага во создавање на опуштена атмосфера.




Фонтаната го привлекува богатството


Наместо фонтаната, во југоисточниот дел може да се постави и аквариум кој треба редовно да се одржува. Треба да се изберат поенергични риби со живи бои, кои би ја стимулирале позитивната енергија (на пример, златни рипки). Би било добро бројот на рибите да биде девет, кој според фенг шуи е среќен број. Не е добро да се има истовремено и фонтана и аквариум бидејќи ефектот би бил пресилен.

Бидејќи водата е поврзана со богатството, истекувањето на водата симболизира расипување на богатството. Славините кои прокапуваат, според фенг шуи, претставуваат бегање на богатството од нас, додека затнатите доводи симболизираат забавен проток на парите. Затоа е битно редовно да се одржуваат славините и водоводните цевки во домот.


Симболи на богатството

Постојат многу симболи во фенг шуи кои привлекуваат богатство. Употребувајте ги оние кои најмногу ви се допаѓаат или пак најмногу ве асоцираат на богатство и благосостојба.





Кинески парички


Кинеските парички поврзани со црвена врвка се смета дека се среќни кога станува збор за внесување на богатство во домот. Овие парички може да ги ставите на место каде што ќе бидат во постојан контакт со вашите пари.




Фигура на Буда кој седи на куп од пари


Тронога жаба и желка, фигурана Буда кој седи на куп од пари, како и макета на трговски брод натоварен со богатство исто така симболизираат и привлекуваат богатство. Пар од кинески Фу песови, мажјак и женка, кои се поставени пред влезот во деловниот простор, според фенг шуи, помагаат да се донесат финансии во тој простор.


Огледалото и фенг шуи

Еден од најчесто користените лекови во фенг шуи е огледалото, предмет кој може да го пронајдеме во секој дом. Во фенг шуи огледалото се употребува за корекција на некои неправилности во просторот, но и за активација на проток на позитивната енергија.



При изборот на место каде ќе се постави огледалото треба да се земе во предвид дека огледалото го удвојува сето она што во него се огледува. Затоа огледалото кое се наога спроти неред и ѓубре ќе ја дуплира негативната енергија, додека огледалото во кое се огледува нешто убаво и вредно (како на пример, украс, слики или убаво уредена маса) ќе ја удвојуваат позитивната енергија.





Доколку го поставите огледалото во внатрешната страна на вратата на ормарот, треба да се внимава во него сè да е уредно посложено. За поттикнување на благосостојбата се препорачува спроти огледалата да се поставува вазна со цвеќе или здраво растение, кутија со накит или некој уметнички предмет.



Освен положбата, важен е и изгледот на огледалото. Тоа секако треба да биде едноделно, па така мозаик-огледалата и оние изработени од повеќе делови никако не се препорачуваат. Во фенг шуи не е поволно кога сликата се прекршува на повеќе делови. Затоа секогаш треба да се избира големо огледало од еден дел, фино обработено или со украсна рамка.





Никако не се препорачува да се постави огледало спроти влезот во домот бидејќи во тој случај целата енергија би се одбивала од него и веднаш би излегувала надвор. Освен тоа пожелно е да се избегнуваат огледалата во кујната за да не се удвојува “огнот” од шпоретот (премногу огнени елементи може да делуваат негативно на домашните). Исто така огледалото не треба да се поставува во спалната соба наспроти креветот. Огледалото може да го попречува сонот, а во традиционалното фенг шуи тоа се смета за трета личност во бракот. Пронајдете добра позиција на своето огледало, одржувајте го чисто и уживајте во благотворното струење на удвоената позитивна енергија во вашиот дом.

Кон врв
zamislena Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 03.Јануари.2010
Статус: Офлајн
Поени: 14566
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zamislena Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Август.2010 во 18:31
 
..Фенг Шуи  ..Бамбус во домот....
 
   
 
Бамбусот е идеално растение за подобрување на фенг шуи во вашиот дом. Ова растение ја симболизира мудроста на прилагодувањето и според фен шуи е одличен заштитник во тешки времиња. За кинезите, тој е симбол nа сила, издржливост и отпорност. Бамбусот, исто така, е добар избор и за оние на кои не им успева најдобро одгледувањето на растенијата бидејќи брзо растат, а не бараат премногу грижа. 
Лесно се одгледува
Растенијата во домот имаат посебна улога во компензирањето, најмногу на негативната енергија, и секогаш треба да бидат добро негувани и здрави, бидејќи овенатите растенија ќе имаат спротивен ефект. 
Бамбусот дава многу, без многу нега и внимание. Една од причините поради кој е популарен е лесното одржување. Не бара голема количина на светлина, и не треба директно да биде изложен на сончеви зраци. За негово одржување е доволен сад со вода, а може да се одгледуваат и во земја. 
Според фенг шуи, постојат собни растенија кои во животниот простор внесуваат повеќе придобивки отколку некои други. Една од овие е и бамбусот. Тој донесува просперитет и среќа на оние кои го чуваат во својот дом. Исто така, исклучително корисно е да се смести во работна соба, канцеларија или во близина на место каде што се чуваат пари. 
Симбол на долговечност и добро здравје 
Бамбусот е симбол на долговечност и добро здравје. Носи позитивно Чи во домот, а се верува дека дејството на бамбусот е попозитивно кога е присутен во форма на поголем број стебла. Најдобро место за чување на бaмбусот е правецот на истокот или југоистокот.
 
 
Кон врв
Marko Polo 1 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
venecijaner

Регистриран: 20.Ноември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 9693
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Marko Polo 1 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Септември.2010 во 23:25
Mnogu cesto slusam za ovaj... Sheng Fui... Izgleda kje da e jako moderno nesto.

Aj ve molam nekoj kontakt od nego, i jas sakam da si go uredam stanot po nego...
Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Септември.2010 во 23:29
Originally posted by Marko Polo 1 Marko Polo 1 напиша:

Mnogu cesto slusam za ovaj... Sheng Fui... Izgleda kje da e jako moderno nesto.

Aj ve molam nekoj kontakt od nego, i jas sakam da si go uredam stanot po nego...
 
 
Земи ја жена ми.Она е манијак по фенг шуи.Само мести нешто дома кога е слободна изненадувањеизненадување
Кон врв
Marko Polo 1 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
venecijaner

Регистриран: 20.Ноември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 9693
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Marko Polo 1 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Септември.2010 во 23:34
ccc, emil...

Aj seti se na pogovorkata "za zenite i kolite"...
Кон врв
zamislena Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 03.Јануари.2010
Статус: Офлајн
Поени: 14566
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zamislena Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Септември.2010 во 09:48
Кон врв
zamislena Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 03.Јануари.2010
Статус: Офлајн
Поени: 14566
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zamislena Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 18.Септември.2010 во 10:14
 
 
Атмосферата во вашата спална соба влијае на љубовниот и сексуалниот живот. Постои распоред според фенг шуи кој би било убаво да го примените......во собата за уживање.

На што да обрнете внимание?

1. Слики и фотографии. Визуелното доживување влијае на нашето расположение, па така и во спалната соба. Фотографиите од вашите родители сигурно дека не припаѓаат овде. За секоја слика запрашајте се дали буди романтични чувства во вас.

Примерен избор е фотографија од вас со партнерот или секси уметнички слики од девојки. Плажа е одличен избор.

2. Топли бои. Топли и земјени бои го отвораат срцето и воспоставуваат емотивно поврзување. Затоа користете бои како што се црвената, портокаловата, жолта, златна и крем. Ладните бои како сината и зелената можат да ги намалат страстите и чувствата.

3. Пријатно на допир. Кадифена перница или сатенски прекривач се пријатни на допир. Нежноста на материјалите и помага да заборавите на напорниот ден и да се подготвите за пријатна вечер.

4. Светла и осветлување. Свеќи и помали сијалички на стратешки места во спалната соба. Столна ламба со придушено светло е одличен избор. Никако пресилно светло.

5. Спалната соба не е работен простор. Не ја носете работата во кревет. Подалеку од компјутерот. Овде треба да биде хармонично и да се чувствувате мирно и пријатно во секое време.

6. Афродизијаци. Афродизијаците не се мит. Етеричните масла не само што релаксираат, туку и го зачинуваат сексуалниот живот. Изборот е неограничен, а ние советуваме ванила и јасмин.

7. Спалната соба е за двајца. Иако не ја делите со никого, поставете наткасна и ламби на двете страни од креветот. Ако нема простор за нив, обидете се другите елементи да ги распоредите рамномерно на двете страни од креветот.

Тоа предизвикува чувство на рамноправност и почитување кон партнерот, и ако не сте во врска, најлесен пат некој да се опушти во вашиот кревет.....

 
 
Кон врв
zamislena Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 03.Јануари.2010
Статус: Офлајн
Поени: 14566
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zamislena Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Декември.2010 во 19:01
Огледалото и фенг шуи 


Еден од најчесто користените лекови во фенг шуи е огледалото, предмет кој може да го пронајдеме во секој дом. Во фенг шуи огледалото се употребува за корекција на некои неправилности во просторот, но и за активација на проток на позитивната енергија.

При изборот на место каде ќе се постави огледалото треба да се земе во предвид дека огледалото го удвојува сето она што во него се огледува. Затоа огледалото кое се наога спроти неред и ѓубре ќе ја дуплира негативната енергија, додека огледалото во кое се огледува нешто убаво и вредно (како на пример, украс, слики или убаво уредена маса) ќе ја удвојуваат позитивната енергија. 





Доколку го поставите огледалото во внатрешната страна на вратата на ормарот, треба да се внимава во него сè да е уредно посложено. За поттикнување на благосостојбата се препорачува спроти огледалата да се поставува вазна со цвеќе или здраво растение, кутија со накит или некој уметнички предмет.


Освен положбата, важен е и изгледот на огледалото. Тоа секако треба да биде едноделно, па така мозаик-огледалата и оние изработени од повеќе делови никако не се препорачуваат. Во фенг шуи не е поволно кога сликата се прекршува на повеќе делови. Затоа секогаш треба да се избира големо огледало од еден дел, фино обработено или со украсна рамка. 




Никако не се препорачува да се постави огледало спроти влезот во домот бидејќи во тој случај целата енергија би се одбивала од него и веднаш би излегувала надвор. Освен тоа пожелно е да се избегнуваат огледалата во кујната за да не се удвојува “огнот” од шпоретот (премногу огнени елементи може да делуваат негативно на домашните). Исто така огледалото не треба да се поставува во спалната соба наспроти креветот. Огледалото може да го попречува сонот, а во традиционалното фенг шуи тоа се смета за трета личност во бракот. Пронајдете добра позиција на своето огледало, одржувајте го чисто и уживајте во благотворното струење на удвоената позитивна енергија во вашиот дом. 
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 56789>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,109 секунди.