IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Здравје > Медицина
  Активни теми Активни теми RSS - ПОМОШ- ИДИВИДИ ОРДИНАЦИЈА
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

ПОМОШ- ИДИВИДИ ОРДИНАЦИЈА

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 56789 48>
Автор
Порака
Dark HaCkeR Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Хакериште

Регистриран: 20.Април.2008
Статус: Офлајн
Поени: 683
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Dark HaCkeR Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 10.Јуни.2009 во 20:11
Имам проблем температура ме скина една недела ме држи 37.2 ,37.3 , 37,5 ке се напијам парацетамол ке ми падне по некое време па ке ми се качи цела недела ми е вака у пичку матер и само се потам како коњ , што е ова настинка ,грип , вирус ??? не си ни болен не си ни здрав дај кажете некое решение апчиња се отрув од пиење

Изменето од Dark HaCkeR - 10.Јуни.2009 во 20:11
Кон врв
lane62 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 08.Април.2009
Статус: Офлајн
Поени: 7583
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај lane62 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 10.Јуни.2009 во 23:34
Originally posted by ninja_34 ninja_34 напиша:

А има ли некој искуство со отстранување на поткожно масно ткиво ??збунетост
 
obicna, sitna intervencija...se pravi rez, se vaga mrsnata caura...jod ili nesto slicno i gotovo...zavisi kade e ...ama ne trae podolgo od 5-10min.
Daj više odmora jeziku nego rukama!
Кон врв
BACHIOS Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 21.Март.2008
Статус: Офлајн
Поени: 1517
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај BACHIOS Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Јуни.2009 во 10:49
Originally posted by lilica lilica напиша:

Има ли некој да боледува од КРОНОВА БОЛЕСТ (воспаление на цревата)? Има ли лекови кои ја лечат?

ima koi mozat da ja kontroliraat-Mesalazine, Budesonide, Azathioprine, kortikosteroidi, Infliximab,-zavisi od tipost i agresivnosta od bolesta. Inaku definitiven lek uste nema.
I'm gonna make him an offer he can't refuse- Don Corleone
Кон врв
BACHIOS Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 21.Март.2008
Статус: Офлајн
Поени: 1517
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај BACHIOS Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Јуни.2009 во 10:51
Originally posted by Dark HaCkeR Dark HaCkeR напиша:

Здраво до сите !

Вака сеа имам проблем со левото стапало не можам целосно да го поткревам нагоре,дури и во болница лежев ми направија некој снимки и се откри дека имам некој нерв префатено во рбетот односно во опавчето, моментално одам на физикална правиме вежби па ми било мило ако некој знае за оваа работа дали се повлекува 100 % па дури и вежби некој да ми препорача дали ке пушти со тек на времето и така натакај секој одговор би ми бил драг фала поздрав


gazot da ne ti sedi mnogu pred komjuter, mislam deka i toa e faktor-pozdrav
I'm gonna make him an offer he can't refuse- Don Corleone
Кон врв
BACHIOS Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 21.Март.2008
Статус: Офлајн
Поени: 1517
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај BACHIOS Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Јуни.2009 во 10:53
Originally posted by FILIP FILIP напиша:

ИМАМ ГОЛЕМИ ПРОБЛЕМИ СО ДИШЕЊЕТО АМА САМО НАВЕЧЕР КОГА ЌЕ ЛЕГНАМ ДА СПИЈАМ!
ЌЕ ЛЕГНАМ ДА СПИЈАМ.. И ОДЕДНАШ СЕ ГУБАМ.. СОНУВАМ НЕШТО ДЕМЕК.. И НЕ ДИШАМ... И ОДЕДНАШ ЌЕ ИЗРИПАМ(КОГА ЌЕ СЕ ОСВЕСТАМ ДЕКА СУМ СКОРО ГОТОВ!) И СЕ ГУШАМ.. СТОЈАМ ОДАМ ШЕТАМ НАВЕЧЕР ДОМА.. И ТОА НЕ ПОМИНУВА И ДОДЕКА ОДАМ СЕДАМ И БИЛО ШТО ДРУГО


ЛУЃЕ ПОМАГАЈТЕ !!!!! ВЕ МОЛАМ!

odi vo pulmologija
mozebi imas sleep apnoe- sindrom
I'm gonna make him an offer he can't refuse- Don Corleone
Кон врв
dejanpp Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 30.Април.2008
Статус: Офлајн
Поени: 893
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај dejanpp Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Јуни.2009 во 14:21
eve edno prasajne do doktor idividi
   koja bolest moze da ja lecat ovie tableti
    cinarizin
    proantocijanid
    vitamin e
    
Кон врв
BACHIOS Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 21.Март.2008
Статус: Офлајн
Поени: 1517
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај BACHIOS Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Јуни.2009 во 17:34
Cinarizine- za cirkulacija na mozokot
Vtiamin E- antioksidant - kak mnogu bolesti, najmnogu pri ateroskleroza, (povrzana so mozocnatya cirkulacija)
-proantocinaod- ne znam
I'm gonna make him an offer he can't refuse- Don Corleone
Кон врв
bijonse1 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
bella Madonna

Регистриран: 14.Јануари.2009
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 16521
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај bijonse1 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Јуни.2009 во 18:08
Originally posted by dejanpp dejanpp напиша:

eve edno prasajne do doktor idividi
   koja bolest moze da ja lecat ovie tableti
    cinarizin
    proantocijanid
    vitamin e
    


cinnarizine ( една тбл.содржи  75мг.)
лек за третман на вертиго 

ФАРМАКОТЕРАПЕВТСКА ГРУПА

Цинаризинот е пиперазински дериват, антагонист на Н1­хистаминските рецептори и калциумовите канали. Како поливалентен некомпетитивен антагонист на вазокон­стриктивните агенси го намалува васкуларниот одговор на многу вазоактивни супстанции и овозможува намалу­вање на симптомите на периферната и церебралната васкуларна инсуфициенција. Цинаризинот поседува де­пресорен ефект на лавиринтот. Врвни плазматски концентрации на цинаризин се пости­гнуваат 2-3 часа по орална примена. Полуживотот на елиминација изнесува приближно 4 часа. Цинаризин екстензивно се метаболизира во црниот дроб преку реакции на глукоронидација. Делумно се екс­кретира ренално во форма на метаболити, а во најголем дел преку фецесот како непроменет.
 ИНДИКАЦИИ
Цинедил е индициран за:
· Кохлеарни и вестибуларни нарушувања (ѕунење во ушите, вртоглавица, Мениерова болест);
· Иритации и циркулаторни нарушувања на лабиринтот;
Подобрување на симптомите на церебралните и периферните васкуларни нарушувања (дијабетична васкуларна болест, интермитентна клаудикација,
Рејнов синдром).
 ДОЗИРАЊЕ
возрасни: вртоглавица и пореметување на рамнотежа: 1-3 x 25-75 mg на ден, деца од 5 -12 години половина од дозата за возрасни. 
КОНТРАИНДИКАЦИИ
-Преосетливост на цинаризин; Паркинсон ,
екстрапирамидални знаци; свеж миокарден инфаркт.
НЕСАКАНИ ДЕЈСТВА

Најчестите несакани дејства се од страна на ЦНС и се манифестираат како замор и сонливост, а се јавуваат на почетокот на терапијата.
Екстрапирамидалните симптоми се јавуваат ретко, најчесто кај постари пациенти, односно при дози над 150 mg/ден.
Гастроинтестинални тегоби како епигастрична болка, гадење и повраќање се можни при терапија со цинаризин; Овие тегоби се минливи и со среден
интензитет.
Ретко можат да се јават алергиски реакции, главоболка, сува уста, добивање во тежина и засилено потење.
 
Rp, таблета, 50 x 75 mg, 76,13 ден. , N07CA02,  Лекот е на позитивна листа 
Мерки на претпазливост
-Кај постари пациенти;
-При повеќекратното дневно дозирање, при што пациентот треба внимателно да се следи за да се избегне кумулација на лекот и појава на несакани
дејства;
-При изразита хипотензија.И покрај тоа што не е докажано неповолното дејство на цинаризин за време на бременост и доење, пред започнување на
терапијата се препорачува внимателна проценка за употребата на лекот.

Предупредување
Во колку се појават екстрапирамидални симптоми, терапијата треба да се прекине. При употреба на цинаризин, особено на почетокот на терапијата,
може да дојде до сонливост и забавени рефлекси, што би довело до намалено внимание кај лица кои возат или управуваат со машини. Потребно е
особено внимание во случај на истовремена употреба на цинаризин со алкохолни пијалоци или депресори на ЦНС.

Интеракции
Бидејќи цинаризинот ги болкира калциумовите канали, тој потенцијално може да го засили дејството на другите блокатори на овие канали. Поради тоа, при нивна истовремена примена потребно е поголемо внимание.
Истовремената употреба на алкохол, депресори на ЦНС или трициклични антидепресиви, може да го зголеми депресорниот ефект врз ЦНС.
Потенцирање на вазодилатацијата е возможно при истовремена употреба на вазодилататорни лекови.

Предозирање
Во случај на предозирање може да се јави повраќање, сомноленција, хипотонија или кома. Не постои специ-фичен антидот. Третманот е симптоматски (гастрична лаважа, медицински јаглен).
 

PROANTOCIJANID........BRUSNICA

Проантоцијанидот кој се наоѓа во бобестите плодови на брусницата е многу важен лек против зачестени уринарни инфекции, а не киселината од сокот од брусница како што досега се мислеше, стои во најновата студија на американските научници.Многу честите и непријатни инфекции на уринарните патишта со текот на годините го привлекуваат вниманието на лекарите и научниците, кои се трудат да најдат природен и ефикасен лек за овој проблем.
Брусницата е едно од само трите вида на овошје кои потекнуваат од Северна Америка и има долга историја на употреба за болести на бубрезите и уринарните патишта, а за истата цел ја користеле и Индијанците. Брусницата сега се одгледува и во Европа и два пати годишни дава лековите плодови.
Долго време се сметаше дека ацидитетот на овошниот сок од брусницата ја „брка“ бактеријата E. coli од уринарните патишта, но научниците сега тврдат нешто друго. Имено, хемиското соединение од брусницата проантоцијанид (PAC) делува така што влијае на гликопротеините околу вирусот или на страничната мембрана и го оневозможува прицврстувањето на вирусот, па така ја спречува бактријата E. coli да се размножува во уринарниот трак.
Бактеријата E. coli (Escherichia coli) е причина за 80 % уринарни инфекции и 90% воспаленија на бубрезите.
Брусницата, покрај лековитото делување на уринарните патишта, делува и на уништување на бактеријата Helicobacter pylori, која е причина за појава на чир на желудникот, а го намалува и ризикот од болести на забите. Исто така состојките во брусницата го намалуваат ризикот од карцином, како што е ракот на дојката и дебелото црево, го спречува растот на карциномните клетки и неговото ширење по телото. Брусницата помага и во обнова на видот, го намалува шеќерот во крвта, превенира од кардиоваскуларни заболувања, а посебно е корисна за луѓе кои постојано се изложени на стрес.

Витамин Е ( Токоферол )

ВЕЧНО МЛАД ВИТАМИН Е – Еликсир на младоста, витамин на плодноста.
Историјата на витаминот Е започнува уште од далечната 1922 година кога група научници го открила. Уште тогаш била воочена неговата огромна важност за живот и опстанок. И самото име, одбрано за таа новооткриена супстанција, свое потекло влечи од грчкиот јазик – пороѓај и раѓање, говори за нејзиното значење. Интересираноста за витаминот Е беше толку големо, така што во 1939 беше одржан прв светски симпозиум посветен на тој витамин, кога се говореше за неговата улога во бременоста, влијаат на превенција и лечење на срцевите болести како и заштита на целокупните клетки и ткива.
ШТО Е ВИТАМИНОТ Е?
Називот витамин Е oпфаќа дури осум хемиски многу слични ситуации кои сите покажуваат и слични активности. Витаминот Е претставува есенцијална супстанција, затоа што организмот не може самиот да го произведува. Затоа, секогаш мора да се користи како состојка во храната или додаток на храната во облик на таблети или капсули. Притоа, природниот витамин Е во организмот подобро се искористува отколку синтетичкиот.
КАКО ДЕЈСТВУВА ВИТАМИНОТ Е?
Првото и најважно дејство на витаминот Е во организмот е неговото антиоксидансно дејство затоа што ги штити сите телесни клетки и органи од разорувачки напади на слободните радикали и на тој начин спречувајќи го нивното предвремено старење и пропаѓање. Во таа смисла ги превенира срцевите и крвни заболувања, дегеративните болести, карцином, очно перде......... го поттикнува и имунолошкиот систем. Така, некои студии, со присутност на поголеми дози од тој витамин докажале намалена зачестеност на инфекции.Витаминот Е во бројни студии покажа особено протективно дејство кај развојот на атеросклероза. Не се доведува во прашање ни неговото добро дејство во кожата, а често се применува и како додаток на исхраната кај жени со пастопатични промени на дојките ,освен тоа ги намалува симптомите на воспалителни реакции, предменструален синдром, и пореметувања на циркулацијата, а исто така директно делува и на низа хемиски реакции во организмот. Го спречува дејството на отворени нитрити и нитрозамини од цигарите и храната, опасни честички за настанување на тумор.

ЗОШТО ВИТАМИНОТ  Е СИЛЕН АНТИОКСИДАНС?
Витаминот Е денес почесто се споменува како антиоксиданс отколку како типичен витамин. Неговиот недостиг нема да предизвика препознатливи, типични, симптоми како што е тоа случај кај останатите витамини. Имено, недостигот од витамин Е може да "тлее" долго време и на крајот да предизвика развој на сериозни болести, дури и карцином. Доколку во клетките настанат нестабилни слободни радикали кои ги напаѓаат сите нејзини делови, особено ДНК и високо вредните незаситени масни киселини, доаѓа до поврзани реакции на создавање на нови слободни радикали. Крајниот резултат е смрт на клетките. Меѓутоа, ни останатите штети не се безначајни. Промените кои слободните радикали можат дополнително да ги предизвикаат се дезактивирање на ензимите и други протени, па дури и мутации кои можат да бидат канцерогени. Витаминот Е претставува главен антиоксиданс во деловите на клетките кои содржат липиди како и во сите масни клетки.
КОГА ДОПОЛНИТЕЛНО ДА СЕ ВНЕСУВА ВИТАМИНОТ Е?
Храната, посебно растителните масла, претставуваат добар извор за витаминот Е за здрав човек. Меѓутоа, постои состојба и болести кај кои е потребно да се размисли за дополнителното внесување на тој витамин. Бројни научни истражувања покажаа дека додатокот на витамин Е овозможува вистински благодет како превентивно средство или како додаток на вообичаената терапија кај: коронарни срцеви болести, зголемени маснотии во крвта, артритис, очна мрежа, cцревни болести, болести на црниот дроб и жолчката, пушење и конзумирање алкохол, бременост. Исто така, истражувањата говорат дека витаминот Е би требало дополнително да се користи и при: висок крвен притисок, Алцхајмерова болест, користење на контрацептивни средства и антидијабетици, излагање на сонцето и загаден воздух, интензивно занимавање со спорт.
При лечење на промените на кожата корисно е дополнително да се користи
витамин Е во капсули, како и во облик на крем. Со оглед на тоа дека ја одржува виталноста на кожата и болестите на кожата. Докажано е неговото позитивно дејство кај леукоплакија (преканцероза на кожата), дијабетска гангрена и опекотини. Зараснувањето на раните и намалувањето на лузните на кожата се евидентни појави по редовното користење на витаминот Е. Неговото дејство во дерматологијата и козметологијата е исклучително, особено во третманот на борите, пост породилните стрии на кожата; и дава младалачки изглед на коажата, ја чисти кожата од хронична пигментација, присутна е во сите хранливи креми, тоници.
РЕЗУЛТАТИ ПРИ КОРИСТЕЊЕ НА ВИТАМИНОТ Е?
Дејството на внесениот витамин Е нема за брзо да го почуствуваме. Тоа не е таблета против болки чие што дејство веднаш се чувствува. Користењето на витамин Е ќе се забележи дури после подолго време, и тоа како намалена можност од настанување на многубројни болести, како и спречување на процесите на прерано стареење на клетките.

поззз дејанпп големо%20гушкање  од бијонсе1
мислам дека одговорив..................доволно  голема%20насмевка



Изменето од bijonse1 - 15.Јуни.2009 во 23:12
Кон врв
La Ninja Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
She Hulk

Регистриран: 13.Јуни.2006
Статус: Офлајн
Поени: 1605
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај La Ninja Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Јуни.2009 во 18:10
Doktorke me mavaat hormonite u glaa. So da praam?
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....
Кон врв
BACHIOS Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 21.Март.2008
Статус: Офлајн
Поени: 1517
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај BACHIOS Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Јуни.2009 во 18:17
poveke ,, fizicka aktivnost,,
I'm gonna make him an offer he can't refuse- Don Corleone
Кон врв
bijonse1 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
bella Madonna

Регистриран: 14.Јануари.2009
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 16521
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај bijonse1 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Јуни.2009 во 23:25
Originally posted by xeroj xeroj напиша:

ima nekolku dena kako osecam zuejne vo levoto uvo ve molam ako nekoj znae nesto za ova da mi pomogne pozdrav.


Tinnitus е звук кој се јавува во внатрешното уво, а воедно е и моментална психичка состојба на чувство на присуство на звук во ушите и главата без да постои реален звук во околината. Звукот се претставува различно и тоа како еден гласовит звук, вид на зуење, како ѕвонење, како јака позадинска бука, сличен како течење на вода, како пискање, како звук од морска школка и т.н.

Името tinnitus значи “ѕвонење или зуење како ѕвонче” , а доаѓа од латинскиот збор “tinn-itus” како ѕвони, буквата “i” значи исто како “присутно”. Разликуваме неколку различни типови на tinnitus: • Тотален tinnitus и често се нарекува ѕвонење во ушите. Тој се карактеризира со постојан звук, како одредена нота која се повторува.

• Пулсирачки tinnitus чиј звук се карактеризира со прекини, постојаност или пулсирачки, во ритам на чукањето на срцето. • Tinnitus чиј звук е ѕвонење, зуење, неизменичен, свиреж, пискав. • Не ретко се сретнува tinnitus, каде звукот се поистоветува со бипкање како Морсеова азбука, тип на сигнал еднаков на еден музички тон. • Понекогаш, не често tinnitus-от се јавува и како неколку различни типови на тонови во исто време како музика. Во ретките, несекојдневни видови на tinnitus, за нас e познат уште еден, а тоа е објективен tinnitus каде бучавата која настанува кај болниот може да ја слушнат и другите особи.

Останати симптоми кои се поистоветуваат со tinnitus-от

Додатно на одредената бучава која е поврзана со tinnitus-от, секако постојат и други симптоми кои ја следат оваа состојба. И тоа вклучувајќи: • Вртоглавица, губење на рамнотежа • Болка во внатрешното уво • Чувство како да е увото исполнето со нешто • Главоболка

Кога најчесто се јавува tinnitus-от

Tinnitus-от нема одреден период кога тој може да се појави, може да се појави и кај новороденче, но и кај многу постари особи. Тој може да се појави кај секого но сепак поголеми се шансите да се добие болеста со зголемување на годините. Сепак треба да се нагласи дека луѓето кои имаат тешки проблеми со артериите се со најголем ризик за заболување за разлика од другата популација. Исто така, важи и за особи кои работат во бучни простории, голема е веројатноста за заболување и напредок на болеста tinnitus.

Зошто се јавува tinnitus-от, кои се можните причини и дали шумот значи дека болниот има одреден степен на глувост

Најчестите tinnitus болести настануваат како резултат на оштетување на микроскопските краеви на слушниот нерв во внатрешното уво. Исправноста, здравоста на овие краеви е многу важна за акутното слушање, а нивното оштетување предизвикува загуба на слухот, а воедно во чести случаи и tinnitus. Доколку сте постар, соодветно со годините нормално е последователно да се јави и благо оштетување на слушниот нерв, а и tinnitus-от. Но, доколку сте помлад, избегнувајте ги бучните простории и гласната музика бидејќи, тоа најчесто доведува до тешки загуби на слухот, а воедно и појава на tinnitus.

Болести кои го предизвикуваат tinnitus-от

Има повеќе фактори кои можат да влијаат на појавата на tinnitus и тоа :

  • • Блокиран ушен канал со церумен (ушна маст)
  • • Затната Еустахиева туба
  • • Отосклероза (народски кажано за’рѓавување на ковчињата 4, 5 и 6 на сликата)
  • • Мениерова болест (неред во средното уво настанат од некоја болест, а 80% - 85% се јавува само на едното уво)
  • • Болест предизвикана од некои лекарства – ототоксични лекови
  • • Акустичен шок ( ненадејно преголемо количество на звук, на пример, истрел, експлозија, прегласна музика и т. н.)
  • • Стрес, шок ( позитивен или негативен )
  • • Неправилна исхрана (брза храна, храна со недоволно количество витамини и нередовна исхрана)
  • • Зголемување или намалување на крвниот притисок
  • • Аналгетици (аспирин)
    • • Антибитотици:
    • • aminoglycosides e.g. gentamicin
    • • chloramphenicol
    • • erythromycin
    • • tetracycline
    • • vancomycin
  • • Лекови за хемотерапија:
    • • bleomycin
    • • cisplatin
    • • mechlorethamine
    • • methotrexate
    • • vincristin
    • • Мултиплекс склероза
    • • Повреди на главата
    • • Болести на тироидата
    • • Хиперлипидемија
    • • Недостаток на витамин Б 12
    • • Депресија и други психички болести
    • • Хипногогија и т.н.

Што е тоа субјективен и објективен tinnitus – шум

За да го објасниме ова прашање ќе мора претходно да објасниме целиот ме-ханизам за слушање на човекот, кој е кој дел, како работи и која му е улогата. Имено сите знаеме дека увото е составено од:

  • 1. Ушна школка
  • 2. Ушен канал
  • 3. Ушно тапанче
  • 4. Чекан
  • 5. Наковална
  • 6. Узенгија
  • 7. Вестибуларис
  • 8. Нервот за рамнотежа
  • 9. Коклеусот (полжавот)
  • 10. Фацијалниот нерв
  • 11. Нервот за слушање
  • 12. Еустахиевата туба

Звукот влегува преку ушната школка, низ ушниот канал, поминува низ тапанчето каде се претвара во потенцијална енергија т.е. ги задвижува ковчињата 4, 5 и 6 од сл. 1 кои таа вибрација пак ја пренесуваат во коклеусот. Во внатрешното уво, поточно во коклеусот има илјадници мали влакненца кои вибрираат во зависност од звучниот бран и има ќелии кои неутралниот бран го претвараат назад во акустична емисија. При самото придвижување на влакненцата,преку ќелиите звукот се пренесува на нервните завршетоци, но не како вибрација туку како електрични бранови кои го стимулираат слушниот нерв, а додека слушниот нерв пак, ова го пренесува како збир од импулси (кодови) кои мозокот ги декодира и ги распознава како звук. Една од теориите за tinnitus-от е дека тој настанува како резултат од оштетување на влакненцата и ќелиите во коклеусот, па бидејќи се тие нестабилни и оштетени вибрираат и кога нема звук, т.е. создаваат имагинарен звук кој се пренесува до мозокот. Друга можност за настанување на tinnitus е оштетувања на слушниот нерв, кој или не го пренесува звукот или тој сам пренесува лажни информации до мозокот. Има и други причини за настанување на болеста, но да се навратиме на прашањето за субјективен и објективен tinnitus. Субјективниот tinnitus настанува како резултат на оштетувањата и можните промени кај човекот. Објективниот tinnitus настанува кога кај човекот, влакненцата сами почнуваат да се придвижуваат при што создаваат вибрација која овој пат оди спротивно од начинот на слушање преку узенгијата, наковалната и чеканот и се пренесуваат до тапанчето, каде тоа создава звук кој се зголемува низ ушниот канал и школката кои во овој случај имаат улога на труба, и се пренесува во околината каде што другите особи можат да го слушнат звукот.

Дијагноза и лекување

Tinitus-от најчесто се поистоветува со загуба на слухот, во зависност од неговата јачина и звук со забец во аудиограмот, најчесто на фреквенција од 2000Hz до 6000Hz, а некаде и 8000Hz. Особата честопати се жали дека има зуење и бучење во увото која предизвикува несоница и при тоа мора да се пијат седативи за спиење, бидејќи навечер во тишина, tinitus-от највеќе се чувствува. Лекувањето на tinitus-от е долготрајна процедура и има повеќе варијанти на негово лекување.

Една од варијантите е поставување на слушен апарат кој би ја маскирал бучавата и особата би имала правилно слушање.

Друга варијанта е ласерски третмани кои можат директно да влијаат на tinitus-от, како на пример, ласерот Tinnimed за кој веќе Воената болница во Скопје има позитивни резултати од нивното испитување на таа тема и пишани материјали.

Трета вариjанта е витаминска терапија, со која, со помош на витамини се храни нервот и може да дојде до намалување на зуењето и да се подобри слухот.

== Моја препорака е: ==

правилна исхрана, земање на витамините од фамилијата “Б”, конзумирање на храна која содржи витамини, избегнување на кафе и цигари, и доколку се појави шум во некое уво задолжително да се јавите и да се консултирате со лекар специјалист по ОРЛ. Избегнувајте ја гласната музика и местата со голема бучава, а доколку веќе работите на едно од таквите места моја препорака е да си набавите филтри за уши кои ќе ја редуцираат бучавата. Доколку веќе имате загуба на слухот или зуење, задолжително да си набавите слушно помагало бидејќи доколку навреме не се постави помагалото слухот ќе продолжи да опаѓа и кога ќе дојде до стадиум на огромна загуба рехабилитацијата ќе биде многу тешка.

мислам дека ќе се најдеш некаде........тука......позззголемо%20гушкање бијонсе1



Изменето од bijonse1 - 15.Јуни.2009 во 23:28
Кон врв
bijonse1 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
bella Madonna

Регистриран: 14.Јануари.2009
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 16521
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај bijonse1 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Јуни.2009 во 23:33
Originally posted by ninja_34 ninja_34 напиша:

А има ли некој искуство со отстранување на поткожно масно ткиво ??збунетост

правило за поткожно масно ткиво е ......
,, не дирај лава док спава,,
ако не ти пречи .....само визуелно.......не му пречи ни ти......губитник
ако не послушаш....
биди сигурен дека за кратко време ќе се појави на друго место .....голема%20насмевка

Кон врв
polzavce Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 14.Октомври.2008
Локација: Angola
Статус: Офлајн
Поени: 1325
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај polzavce Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Јуни.2009 во 11:28
Смеам ли да дарувам крв, ако пред 3 недели сум пиела антибиотик и моментално сум на посна храна?
МИР со сите
Кон врв
polzavce Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 14.Октомври.2008
Локација: Angola
Статус: Офлајн
Поени: 1325
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај polzavce Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Јуни.2009 во 21:38
Аман бе...Никој ли не се најде стручен да ми одговори на ова прашање?
МИР со сите
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 56789 48>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,345 секунди.