|
Кризата во Грција |
Внеси реплика | страница <1 56789 13> |
Автор | |
brza
Сениор Регистриран: 06.Февруари.2006 Локација: vidiFOTOupotpis Статус: Офлајн Поени: 34534 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Patriotizmot e poslednoto skrivalishte na kriminalcite.-Albert Einstein
Mokjta od sekogash privlekuvala lugje so nizok moral.-Albert Einstein |
|
Messenger
Администратор Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet Регистриран: 21.Април.2006 Статус: Офлајн Поени: 18208 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Добро за светската економија и европските држави кои вложија билиони долари во грчата црна дупка .
Лошо за Грција која со ова решение се венча за вечно должништво... што, од друга страна, секако и го заслужува. Лошо за Македонија која и натаму ќе биде блокирана со грчки вета... што, од друга страна и не е толку лошо во сегашнава организираност на ЕУ.
|
|
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
|
|
brza
Сениор Регистриран: 06.Февруари.2006 Локација: vidiFOTOupotpis Статус: Офлајн Поени: 34534 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Во Грција намалувања на платите
...znachi navistina se za zalenje ovie!! ...platite ke im gi namalat za duri tolku,...kolku shto im e otprilika platata na prosechnite, na nivnite severni komshii...koishto im se sitat na niv !! ...samo , toa (prosechnata ovdeshna palata) moze da bide , da recheme i pola od nivnata plata,...ako e duplo pogolema od tuka ama,...neee.. ...platite ke im gi namalele duri za 12%!! ..pa, sega , neka smeta koj si nema popametna rabota, ...kolku , vsushnost , imaat tie kutrite...plata ! ...i na kraj , za tie shto nemaat pojma, ...osnovnite zivotni potrebi na grcite im s,...se okolu istata cena kako i vo makedonija so edna ''falinka'': ...nekoi od niv se duri i....poniski od tuka! |
|
Patriotizmot e poslednoto skrivalishte na kriminalcite.-Albert Einstein
Mokjta od sekogash privlekuvala lugje so nizok moral.-Albert Einstein |
|
Santijago
Сениор PubLiCenEmY LatInoLoVerBoY YNWA-LF Регистриран: 17.Јануари.2008 Локација: Tuka be ... Статус: Офлајн Поени: 21002 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Немам линк со кој можам да го поткрепам ова што ќе го пишам, ама ако не ви е верно еве дојдете тука кај што сум јас направете муабет со луѓево ...
Синоќа зборевме со еден пензионер, поранешен рампаџија (кревај рампа спуштај рампа, ама откако се стана автоматски тој само се влечкал натаму наваму за плата)... Тазе пензионер е има 55 години и пензија од 1350 евра...Пред да замине во пензија (пред 2-3 месеци) како отпремнина државата му исплатила 73.000 евра. Сите што се пензионираат тука добиваат одредена сума во зависност од платата и ниту една не е за жалење т.е ќе ви се сврти барем 50.000 пати во глава... Е сега се прашувам во каква криза се? Финансиска изгледа не е, некоја друга е... Од друга страна пак, земјоделските пензии ги скратиле на 400 и нешто евра, пензиите на оние што работеле во други дејности ги намалиле уште повеќе па така еден поштар кој што имаше 1600 евра пензија сега имал 1100 ... платите им ги намалиле по 400-600 евра (па и повеќе) а им наметнале поголеми давачки према државата, дури се чудат од кај им идат сметки за се и сешто и сите се над 300-400 евра... Ама никој не се пожали дека нема за живеење односно дека не им стасува пензијата/платата. Сите викаат - доволно е за да се живее, ама да се направи нешто повеќе не е доволно. Исто така знаат да речат - Имавме многу сега кога ни скратија ни се гледа како да имаме малку, ама пак е доста... Или пак - Имавме пари и за полуксузен живот, а сега само за живот... Ама сепак не се откажуваат од коли над 15-20.000 евра, не се откажуваат од шопинг во нивниот Солун, ниту пак си кратат од одмор. Иако како и кај нас има бездомници, оние што живеат од плата/пензија како во МК барем живеат, а не преживуваат...
|
|
I'm out bcz of pathetic around here
|
|
Messenger
Администратор Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet Регистриран: 21.Април.2006 Статус: Офлајн Поени: 18208 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Дефинитивно државата е банкротирана. А тоа е токму затоа што земаше кредити за да си делат нереално високи плати, да си делат 13 плата за Божиќ и 14 за Нова Година, како и да се наградуваат со пензијски отпремнини како да не биле платени за дотогашната работа ?!?!? Сега прашуваш, во каква криза се ? Државата е во криза бидејќи од предолженост нема пари, а народот во моментов не е во толква криза бидејќи тие должнички пари си ги подели меѓу себе и сега си ги стиска во джебот. Ова најмногу се однесува на државната администрација на која овие пари беа доделувани и со капа и со шака. Но бидејќи пред меѓународната заедница како претставник, партнер и соработник грците не ги претставува кирие Ставрос од Солун, туку државата, моменталната с'е уште релативно добра лична економска ситуација на дел од граѓанството ќе се смени со натамошните стегања кои ќе мораат да се направат за да се вратат државно позајмените (искрадените) пари.
|
|
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
|
|
Santijago
Сениор PubLiCenEmY LatInoLoVerBoY YNWA-LF Регистриран: 17.Јануари.2008 Локација: Tuka be ... Статус: Офлајн Поени: 21002 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Ма не, не се прашувам затоа што веќе знам, само се чудам
Него гледам уште си делат плати (иако скратени сеуште доста повисоки од потрошувачката кошничка), градат патишта (еве овој што ми е во близина на излезот од Воден према Лерин се гради со полна пареа), дури и по селата имаат општините поставено бесплатен интернет на нивни товар, нема ден да не одат луѓево на нескафе, сокче и што уште не, рестораните им се скоро речи полни особено навечер, се градат помали хотели и мотели од домашен капитал, нови куќи никнат на секои 200 метри, па сега се научиле да градат со стил..со камен..па ми вика еве куќава ме чинеше 400.000 евра (ќе ставам слика во некоја др. тема)...абе ич не личи на земја во криза. Си викам Македонија изгледа е во поголема криза затоа што скоро ништо од горенаведеново нема кај нас
|
|
I'm out bcz of pathetic around here
|
|
Messenger
Администратор Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet Регистриран: 21.Април.2006 Статус: Офлајн Поени: 18208 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Државата парите од кредитите им ги подели на луѓето (купување гласови) и сега овие си ги користат како што сакаат. Прoектите кои веќе биле во реализација имаат одделено средства за таа намена (тоа е истото оноа како што се прашуваат македонците како и натаму се градат зданија и паметници) и тие ќе се cвршат. И потоа ... ќе следи враќање на тие пари. Грција ја спасува само официјален банкрот што ќе значи излагање од ЕУ и отфрлање на еврото. Но од дуга страна тоа пак ќе биде и почеток на економска мизерија која ќе ги прати за следнит години како што беше тоа и со Аргентина. Потоа ќе биде подобро за нив. Германија не сака тоа да се случи бидејќи ќе ги изгуби дадените пари на име државни кредити и по секоја цена сака Грција да ја задржи во алијансата. |
|
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
|
|
laki_bu
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор Лидер Регистриран: 30.Ноември.2008 Локација: Germanija Статус: Офлајн Поени: 32100 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Sakam nesto da mi se pojasni ...Ova jas malku nerazbiram.... Ova vaka pisano se odnesuva na Grcija , ili istoto scenario e prepisano za kaj nas "Државата парите од кредитите им ги подели на луѓето (купување гласови) и сега овие си ги користат како што сакаат. Прoектите кои веќе биле во реализација имаат одделено средства за таа намена (тоа е истото оноа како што се прашуваат македонците како и натаму се градат зданија и паметници) и тие ќе се cвршат. И потоа ... ќе следи враќање на тие пари."
|
|
Без разлика колку страници прочитал учениот човек, никогаш не треба да заборави дека се уште не ни стигнал до првата страна....
|
|
Messenger
Администратор Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet Регистриран: 21.Април.2006 Статус: Офлајн Поени: 18208 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Нема ништо неразбирливо бидејќи одлично разбираш.
Неразбирливо е зошто ги изедначуваш Грција и Македонија кога воопшто не се исти случаи. Кога реков дека ќе следи враќање на тие пари мислев на оние кои се поделија ненамски меѓу луѓето. Тоа не значи дека нема да има враќање и на други пари, но проблемот со грчкото државно банкротирање е токму недискриминаторното разграбување на позјамените пари на име нерелани лични доходи, делење на 13 и 14 плата, огрoмни отпремнини во пензија, вработување иљадници луѓе на виртуелни работни места кои во реалноста не постојат и т.н. Таквото земање на незаработени пари во суштина е крадење. Проблемот е што украдени пари тешко или никако не се враќаат. Ајде некој нека се обиде да им ги одземе парите на луѓето кои со десетлетја ги примале и трошеле. Тоа ќе биде на "Свети Никад", а прашање е дали ќе биде и тогаш. |
|
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
|
|
laki_bu
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор Лидер Регистриран: 30.Ноември.2008 Локација: Germanija Статус: Офлајн Поени: 32100 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
E ova mi se dopaga ...koga poleka poleka ke se slozis so mene.... "огрoмни отпремнини во пензија, вработување иљадници луѓе на виртуелни работни места кои во реалноста не постојат и т.н." ova vredi da se poddrzi koga si realen
|
|
Без разлика колку страници прочитал учениот човек, никогаш не треба да заборави дека се уште не ни стигнал до првата страна....
|
|
Messenger
Администратор Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet Регистриран: 21.Април.2006 Статус: Офлајн Поени: 18208 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Ако алудираш на Македонија, во право си дека и кај нас ова претставува практика која, за среќа, не е во таков размер како што бил кај нашиот јужен сосед. Тоа се негуваше уште од времето на СФРЈ кога невработеноста се "решаваше" со пумпање на државната бирократија. После осамостојувањето на Македонија ветувањето на партиите за сигурно "вработување на народот" и "вработување најмалу по еден член од секое семејство" не значеше ништо друго туку следење на истиот стар терк. Затоа едно од основните услови за примање на државите во ЕУ, како и услов за добивање кредити за помош на средување на нивната неликвидност (најдобар пример Грција) е драстично да ја намалат предуената државна бирократија. Државата не е во бизнис на вработување луѓе и никогаш не треба да биде тоа. Изменето од Messenger - 25.Август.2012 во 17:13 |
|
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
|
|
Messenger
Администратор Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet Регистриран: 21.Април.2006 Статус: Офлајн Поени: 18208 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
|
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
|
|
Messenger
Администратор Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet Регистриран: 21.Април.2006 Статус: Офлајн Поени: 18208 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
ДЕСЕТИЦИ УАПСЕНИ И ПОВРЕДЕНИ ВО ДЕМОНСТРАЦИИТЕ ВО МАДРИДСпоред шпанските медиуми, 38 лица биле уапсени додека најмалку 64 повредени во жестоките судири во Мадрид. Протестот во главниот град на Шпанија беше организиран под мотото, „Да го окупираме Конгресот“, а полицијата распореди повеќе од илјада припадници на безбедносните сили околу зградата на парламентот каде маршираа демонстрантите. Шпанија е во длабока економска криза и по втор пат во последните три години е во рецесија, додека невработеноста достигна речиси 25 проценти. http://www.telma.com.mk/index.php?task=content&cat=1&rub=5&item=20359&utm_source=daily.mk |
|
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
|
|
Messenger
Администратор Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet Регистриран: 21.Април.2006 Статус: Офлајн Поени: 18208 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
На Словенија ѝ се заканува грчкото сценарио?Словенците од секогаш се чувствувале прилично самозадоволни со самите себе. Нивната земја е убава и таа беше најбогата меѓу југословенските републики кога стекна независност во 1991 година. Таа стана членка на ЕУ и НАТО и го воведе еврото. Но, денес нештата се сосема различни. Словенците се разгневени и збунети. Нивниот премиер е обвинуван за корупција, невработеноста е висока, банките во земјата се на работ на банкрот и претстојат серија болни структурни реформи. Во јули годинава Владата мораше да даде повеќе од 380 милиони евра за спас на најголемата банка во Словенија. Премиерот Јанез Јанша говореше за грчко сценарио и предупреди дека Словенија може да стане шестата земја во ЕУ која ќе побара помош за спас, ако реформите на неговата Влада не бидат целосно спроведени. Бонитетните агенции го намалија кредитниот рејтинг на Словенија, а платите на државната администрација беа скратени за 7,5 проценти. http://www.plusinfo.mk/vest/58704/Na-Slovenija--se-zakanuva-grchkoto-scenario?utm_source=daily.mk |
|
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
|
|
Внеси реплика | страница <1 56789 13> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |