|
Целулит |
Внеси реплика | страница <1 56789> |
Автор | |
La Ninja
Сениор She Hulk Регистриран: 13.Јуни.2006 Статус: Офлајн Поени: 1605 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
ej kuti vcera 3 litra voda ispiv
|
|
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....
|
|
Milaa
Сениор unique Регистриран: 04.Јануари.2009 Статус: Офлајн Поени: 1523 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
само три?
јас се срамам да кажам колку пијам |
|
La Ninja
Сениор She Hulk Регистриран: 13.Јуни.2006 Статус: Офлајн Поени: 1605 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
3 otkako se vrativ od rabota... a toa bese posle 4-5
|
|
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....
|
|
nikita
Сениор Регистриран: 29.Март.2008 Статус: Офлајн Поени: 1610 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
lele alal vi vera kako mozete tolku voda da piete.....jas samo na golemi gorestini kako vcera so bese...ispiv 3 casi poveke od voobicaenoto
|
|
She sells seashells by the seashore...
|
|
girl1985
Нов член Регистриран: 24.Јуни.2009 Статус: Офлајн Поени: 1 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Дечки, кој е тој гел од бршлен кој сите го спомнувате????
|
|
maria_magdalena
Сениор trouble seeker Регистриран: 25.Октомври.2007 Статус: Офлајн Поени: 8706 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Го има во аптеки и чини 200 денари, се произведува во Белградска галенска лабараторија. Порано имаше друга паковка во кутивче и беше малку поубав но и овој не е лош (го има во Виола и Биолек)
Изменето од maria_magdalena - 24.Јуни.2009 во 10:54 |
|
МИСЛИТЕ СЕ ОСЛОБОДЕНИ ОД ДАНОК.
|
|
Kali
Сениор Storyteller Регистриран: 30.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4947 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Denes mi nemase termin vo kozmetickiot salon kaj sto odam za depilacija ( !!!) bidejki site se turbo zafateni so anticelulitni masazi- pokraj depilaciite i dr tretmani.
I pravime muabet so kozmeticarkata, kako site bas koga kje pocne letoto pomisluvaat da go sredat celulitot?? Toa e najgolemiot zaeb: bas so masazi i tretmani koga kje go razdrmas celulitot i kje pocne da izleguva na povrsina, celata koza izgleda uzasno, beter od prethodno! Celulitot se tretira preku godinata, da go izvleces na povrsina, i posle so dopolnitelna serija masazi da go razbivas. Na leto edinstveno odrzuvas forma, so zdrava lesna ishrana, voda i vezbanje..i so lesni masazi za odrzuvanje, nikako ne pravis jaki tretmani. Изменето од Kali - 24.Јуни.2009 во 12:19 |
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Kako sto si mislev takov efekt postignav so gelceto od brshlen
dve nedeli sekojdnevna masaza so istiot,bev na more,se isoncav i kozhata e navistina mazna,kako nikogas da ne sum imala celulit,a pred da odam na more,gletkata bese "losa"sega sum si super zadovolna,stom mozam i minic da oblecam bez problem,znaci nemam tragi od celulitot
(maskiran e) Изменето од Valerija - 02.Април.2011 во 14:55 |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Kali
Сениор Storyteller Регистриран: 30.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4947 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Темава е во мирување година дена: значи, сите сме во ТОП форма оваа година...или намерно ја избегнуваме?
Значи, покрај здрава исхрана и физичка активност, еве пак нешто околу домашната нега за целулит... Пред вас се одморите и моментите кога треба да го покажете телото. Најголемо внимание жените мупосветуваат на целулитот - проблем што никако да исчезне. Затоа прочитајте ги следните совети што може многу да ви помогнат во борбата против целулитот, а и самите може да ги направите во својот дом. Само запомнете најважно е овие совети да се применуваат секој ден!
Што би требало да содржи антицелулитната крема? Природни концентрати: кофеин, цимет, морски алги, екстракти од билка, бршлен... Етерични масла: најдобри резултати даваат кремите што содржат масло од боровинка, еукалиптус, грејпфрут, лаванда, коприва, рузмарин... Колагенски и еластични влакна: потребни се за зајакнување на структурата на кожата Како делуваат состојките? Бршлен: квалитетен е за отстранување на вишокот вода и маснотии. Ја стимулира микроциркулацијата, ги разбива маснотиите и спречува таложење на нови. Цимет: ги растопува маснотиите под кожата. Брзо и ефикасно го разбива целулитот. Кофеин: ја подобрува циркулацијата и со тоа овозможува разбивање на целулитот. Започнете со пилинг.... Пилингот ги отстранува мртвите клетки од кожата. Целулитот нема да придонесе лоши резултати на кожа која е негувана и цврста. За да има резултати пилингот треба да се прави 2-3 пати неделно. Смеса: 1/4 чаша свежо мелено кафе 3/4 чаша кафеав шеќер 1 чаша бадемово масло 2 капки екстракт од ванила Во сад измешајте ги кафето, кафеавиот шеќер и бадемовото масло. Кога смесата убаво ќе се соедини додајте го екстрактот од ванила и убаво промешајте. Смесата нанесете ја на местата што се зафатени со целулит и убаво истријте се. За побрзи ефекти можете да се намачкате со смесата, да се истриете и потоа да се завиткате во стреч фолија. Останете вака околу 30 минути. Создадете навика секој ден пред туширање да се масирате. Доволно е ова да го правите само 10 минути за да добиете добри резултати. Секогаш масирајте се со кружни движења и во правец накај срцето за да ја забрзате циркулацијата. Употребувајте ракавица што е од природни влакна. Масирањето на критичните делови треба да се прави нежно зошто целулитот се наоѓа на 3-5 мм под кожата. Затоа не се масирајте грубо! ...а потоа дозволете си топла купка -солена купка: наполнете ја кадата и додајте 2 чаши морска сол. Солта ја извлекува водата од ткивото, ја затегнува кожата и го разградува масното поткожно ткиво. Внимавајте водата да не биде многу жешка - тоа само ќе ви ги прошири вените и ќе ја намали циркулацијата. - купка со етерични масла: можете да купите купка која е на база на рузмарин, цимет, лимон....Кога правите купка со етерични масла внимавајте да не претерате со маслото зошто во спротивно можете да добиете црвенило и неподносливо чешање. ...и наизменично туширање, па потоа масажа Наизменично туширајте се со ладна и топла вода. Така ќе ви се зајакне кожата. Погодно е да направите и масажа со антицелулитна крема, масло или серум откако ќе се истуширате. Тогаш порите се отворени и препаратите ќе можат да навлезат длабоко во кожата и да имаат поголем ефект . Смеса од кафе. Третираните подрачја можете да ги замотате во проѕирна фолија за да го зголемите делувањето на препаратот со топлина. Кофеинот е еден од најдобрите разбивачи на целулитот, па затоа еве еден пример како да направите смеса од кафе: Згмечете зрна од кафе или употребете го талогот, помешајте го со маслиново масло и убаво намачкајте ги зафатените делови. Завиткајте се со фолија. По 30 минути отстранете ја фолијата и измијте се. Оваа постапка повторувајте ја неколку пати дневно. Секојдневно консумирајте чај од билки плус додајте лажичка сомелен корен од ѓумбир (ги отстранува токсините од телото - многу е агресивен за целулитот). |
|
Tiggy Vicious
Сениор Consume. Be silent. Die. Регистриран: 27.Октомври.2009 Статус: Офлајн Поени: 6238 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
My nightmare...
Сега ми се појави, пред некое време, приметувам. Пуст да е естрогенот скапан. |
|
What the hell is going on?
-The cruelest dream, reality |
|
sneska_v
Сениор Регистриран: 05.Јуни.2009 Статус: Офлајн Поени: 3455 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Десет совети за отстранување на целулитот
1. Внесувајте доволно течности. Најдобро е да се пие обична вода.
Водата ја подобрува размената на материите, а со тоа ги отстранува
токсините.
2. Обидете се кафето да го замените со билни чаеви, против целулит најдобар е чајот од коприва бидејки ја поттикнува циркулацијата и детоксијацијата на организмот. Исто како и кафето, алкохолот го поттикнува излачувањето на вода, па и неговото конзумирање треба да се ограничи. 3. Обидете се да се храните правилно. Намалете го внесувањето на храна богата со заситени маснотии и протеини од животинско потекло, јадете риба или пилешко. Зголемете го дневното внесување на овошје и зеленчук, а едноставните јаглени хидрати заменете ги со сложени. Освен тоа што има превентивно влијание од појавување на целулит, оваа исхрана е добра за целиот организам. 4. Зголемете го внесувањето на продукти богати со витаминот Ц (овошје и зеленчук, природни овошни сокови), калиум (банани, вишни, праски, портокали и грав) и сулфур (порехрамбени протеини) бидејки овие продукти го подобруваат отстранувањето на штетни материи од организмот. 5. Избегнувајте пресолена и презачинета храна. Солта има способност да ја задржува водата што е една од основните причини за појавување на целулитот. 6. Редовно чистете го организмот од токсини. Излачувањето на токсините преку урината го поттикнуваат некои билни чаеви, на пример од коприва, додека против констипација влијаат сувите сливи, пченичните никулци, ленено семе и каша од зоб. 7. Бидете секојдневно физички активни барем 30 минути со цел поттикнување на метаболизмот и подобрување на излачувањето на токсините. Телесна неактивност, а особено целодневното седење овозможуваат идеални услови за формирање на целулитот. Пливањето се смета за идеален облик на вежба за превенција од целулит. 8. Обезбедете му на организмот доволна количина на кислород, најдобро поминете некое време во природа. Со потењето се исфрлаат токсините. 9. Масирајте ги деловите на кои имате целулитот. Масажата ја стимулира циркулацијата на крвта и лимфата и го подобрува ослободувањето од целулитот. Целулитот се наоѓа 3-5 милиметри под кожата, во сврзното ткиво и нема потреба од грубо притискање и гмечење. Масажата никогаш не смее да биде болна. 10. Обезбедете си доволно време за опуштање - се смета дека целулитот може да биде резултат на стресниот начин на живот, поради тоа во текот на денот посветете си барем еден час на себе. Направете атмосфера во која ќе се чувствувате најопуштено. Умерената физичка активност, исхраната богата со овошје, зеленчук, интегрални житарки со малку заситени маснотии, внесување доволно течности и масажа се чекорите кои треба да ги направите за спречување или намалување на целулитот. |
|
Анастеа
Администратор ПИПИ долгиот чорап Регистриран: 07.Април.2008 Статус: Офлајн Поени: 35441 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Со кофеин во борба против целулито (со неколку рецепти) Целулитот е состојба во којашто на кожата
се појавуваат дупчиња, давајќи и изглед како кора од портокал. Најчесто
може да се забележи на бутовите, стомакот и задникот и тоа почесто е
видлив кај жените отколку кај мажите, поради начинот на кој жените ги
складираат мастите. Покрај ова, понекогаш и тежината може да игра улога, иако не секогаш е така. Други придонесувачи за неговата појава се лошата исхрана,
задржување на водата во телото и доколку голем дел од времето го
поминувате седејќи или лежејќи. Токму затоа, дури и најслабите луѓе
понекогаш имаат целулит. Генетиката, исто така, може да претставува
фактор за негово добивање. Прочитајте до крај, после објаснувањето,
следуваат неколку едноставни, но делотворни рецепти кои можете да ги приготвите во домашни услови. Потрагата
по креми и лосиони кои ќе го победат целулитот се одвива веќе со
декади. Најновите анти-целулитни креми кои се наоѓаат по маркетите
содржат кофеин и навистина покажуваат резултати. Кофеинот во продуктите
за нега на кожата, всушност ги проширува крвните садови со што се
зголемува брзината и количеството на крвниот притисок, се намалува
задржувањето на водата во организмот која ги притиска маснотиите кон
кожата и обезбедува нејзин помазен изглед. Масажата е одличен домашен
лек за болести и за грижа на кожата. Таа го подобрува крвниот притисок и
циркулацијата, притоа разбивајќи ги масните клетки. Ова во комбинација
со кофеин, дава неверојатни резултати во намалувањето на целулитот. Само
во САД, секоја година се трошат повеќе од 10 милиони долари на
анти-целулитни препарати. Пред повеќе од година дена, еден австриски
научник создаде хулахопки исполнети со кофеински микрокапсули.
Овие хулахопки имаат функција да го забрзуваат метаболизмот и да ги
согоруваат маснотиите. Резултатите биле феноменални, бидејќи се
продадени повеќе од 20.000 парчиња за само 18 месеци и од нив само шест
биле вратени поради незадоволство од производот. Доколку
сте спремни да се борите со целулитот, на пазарот можете да најдете
неколку добри продукти на база на кофеин, но има и некои кои можете да
ги направите самите дома. Еве неколку домашни рецепти со кои можете да
го започнете вашиот третман против целулитот: Рецепт 1
Постапка:
Искомбинирајте ги сите состојки за да создадете смеса. Со неа масирајте
ги деловите со целулит, правејќи нежни кружни движења, а пота
исплакнете. Исто така, можете смесата да ја намачкате на пределите и да
го замотате тој дел со најлонска фолија. По 5 до 10 минути отстранете ја
фолијата и измасирајте со кружни движења. На крајот убаво исплакнете.
За најдобри резултати, употребувајте ја смесата 3 пати неделно. Рецепт 2
Постапка:
Состојките измешате ги убаво за да добиете паста. Потоа со раце или со
луфа нанесете на пределите со целулит. Масирајте и на крајот исплакнете.
Ова постапка правете ја неколкупати во текот на неделата. Рецепт 3
Постапка: Во вашиот гел за тело или лосион, ставете една доза мелено кафе. Намачкајте го телото, почекајте неколку минути и потоа исплакнете. Ова правете го секој ден. За подобри резултати употребувајте свежо мелено кафе, а доколку немате, заменете го со инстант кафе. Изменето од Анастеа - 02.Април.2011 во 11:38 |
|
kejt-d-grejt
Сениор Регистриран: 05.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 6228 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
mislam deka i na stapalata imam celulit
|
|
се' што е убаво во животот е поезија. сето друго е проза
|
|
pajser
Сениор kloshar Регистриран: 04.Март.2011 Локација: Lao People's Dem. Rep. Статус: Офлајн Поени: 13942 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
a na maloto desno nokte na levata noga
|
|
nesluchajno ne veruvam vo sluchajnosti<>sekoja sluchajnost e kontrolirana
|
|
Внеси реплика | страница <1 56789> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |