IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > АРХИВА > Вероисповед
  Активни теми Активни теми RSS - Вашето сведоштво
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Вашето сведоштво

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 567
Автор
Порака
spiros Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 28.Јули.2008
Локација: На пат
Статус: Офлајн
Поени: 4490
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај spiros Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 02.Мај.2009 во 01:43
Се согласувам дека ние сите го интерпретираме Животот, но Тој ни зборува нам на најразлични начини како би стигнале до СОВРШЕНАТА ЦЕЛ!
На мене, на пастирите на шара или беласица ни зборува сигурно поинаку одколку на квантните физичари, но целта е иста!
Through the Blood of His Grace,
we are Forgiven and Free,
in Time & Eternity!

БОГ да го благослови Авраам, Исаaк, Израил ...!



Кон врв
Pravoslavie Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Октомври.2005
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 1732
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Pravoslavie Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 02.Мај.2009 во 02:11
Једна мала плава намигнување
 
 
1997 година беше мојот почеток...
 
Иако и пред тоа имав вера (пораснат и воспитан во традиционално Православно Семејство)... мислам, онаква вера каква што може да има дете, без да бидам БогоТражител (...со срцето), без да барам факти, аргументи, без да размислувам рационално, логично, Духовно - една чиста детска, ако можам така да кажам “наивна“(во позитивна смисла на зборот) Вера. Знаев толку колку што можев да знам од информациите кои ми ги даваа мајка ми и тетка ми кои ме воведоа во традиционалното (народно) Православие, и од информациите кои ќе ги чуев на телевизија и радио, ќе ги чуев во Црква или ќе ги прочитав по книги (но не самото Свето Писмо). Во некои од заклучоците кои си ги произведував со своеглаво размислување правев грешки и погрешна претстава имав за Бога.
 
Прв пат ја допрев Библијата во 1994 година кога ни беше лектира во прва година средно. Имав еден мал дел прочитано од неа во тоа време... Потоа некако почнав да си го исправам животот во Бога: почнав на мој начин да ја почитувам заповедта за почитувањето на седмиот ден - денот на одморот..., почнав да им подарувам на сиромасите по некое денарче...
 
Летото 1997 година бев трета спрема четврта година средно и тогаш, а искрено не паметам од каде точно почна, дознав дека треба да се покајам за гревовите. Почнав да се сеќавам на лошите работи кои како мал ги имав правено и да се присилувам себеси да тагувам за направеното. Господ виде дека тогаш посериозно завлегував во поинтимен однос со мене, поради желбата да Му пристапам повистински и поблиско Нему. Затоа се случи нешто прекрасно. Летото бев на одмор и кога се вратив се случи ситуација во која се даде прилика да одам на еден многу ефтин к*рс по англиски јазик. Моите силно ме охрабрија да одам. Иако јас како бубалицата многу повеќе сакав да бидам дома за да стрвно го поминам секој момент дома во одморање, сепак Господ поради Својата слатка и преслатка Промисла за мене ми влеа сила, ми влеа мотив и отидов на к*рсот. Тој к*рс беше со професорки од Америка. Една од стратегиите кои им беа предвидени за учење на англискиот јазик беше и да се движиме ваму таму за да би разговарале - конверзирале на англиски јазик. Така се случи да појдеме на Матка и се случи така малку да проговориме за Верата. Како релативно млад (17 години) со таа едноставна Вера која ја имав, исповедав дека Верувам во Господ и дека тој ми помогнал, не знаејќи дека тој разговор ќе биде судбоносен за моето понатамошно растење во Верата. После излетот (кој беше пред ручек) си заминавме и после тоа вечерта се видовме на редовен час. Што се случи таму? Едната од професорките донесе книги “Нов Завет“ и ни ги подели (бесплатно) на тие кои учествувавме во тој разговорот додека бевме на Матка. Бев радосен. И’ заблагодарив. Цело време додека траеше часот по англиски дента, само си ја отворав и си ги подпрочитував оние места каде што пишува за Христовите Чуда. Потоа к*рсот наскоро заврши.
 
Таа мала плава книгичка “Нов Завет“ во превод на Душко Константинов ми стана многу голема другарка. Многу често ја читав, полека полека навлегував во нејзината убавина и бидејќи растењето во неа ми беше индивидуално, т.е. не ме упатуваше човек, а разбирав “по мое“, т.е. на мој начин... ако можам така да се изразам, заради тоа растев бавно и со години и зреев бавно. Но, полека полека Господ ми ги отвори вратите, се запознав многу длабоко и суштински со темелните вистини и факти кои мене ме прават Христијанин и кои го дефинираат начинот на кој треба да живеам како Христов Ученик. Сметам дека Светото Писмо и Светото Предание се нешто кое треба да биде редовно секојдневно четиво и лектира на секој човек, за да постојано во умот ги има и ги чува нештата кои живот значат и за мене и за оние околу мене и за сите други.
 
Од оние сум кои велат и гарантираат дека животот во Бога е многу поубав и поисполнет од животот надвор од Бога. Дај Боже сите да го разберат и заживеат тоа!!
 
Боже Ти благодарам за се’!! големо%20гушкање
Слава Тебје Господи, Слава Тебје!! љубов


Изменето од Pravoslavie - 02.Мај.2009 во 02:11
Кон врв
spiros Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 28.Јули.2008
Локација: На пат
Статус: Офлајн
Поени: 4490
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај spiros Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 02.Мај.2009 во 02:17
Сега би сакал да дадам едно сведоштво што ми се случи пред кратко во мала азија.

Пред некоја недела бев со авион и автомобил низ мала азија и тоа во местата кадешто Блажениот Ап. Павле бил, пешки, гладен, жеден, претепуван, ...!

Првпат бев и во хотел со 5 звездички кој што беше како од еден друг свет.

Додека многу христијани (и источни и западни) постеа и абстинираа, јас живеев бетер од турскиот паша.

Додуша телесно не бев со друга жена освен мојата венчална, но можеби некоја мисла, некој поглед, ... и засигурно по некој залак повеќе баклава, пиде и компани

Специјални велнес третмани, турски хамами, сауни, азијатски масажи, и тн. беа (за првпат во мојот живот) на дневниот план.

Кога останувам насамо секогаш го прашував Господа дали сум достоен да Го повикувам Неговото Свето Име и дали сум достоен ...
Во непосредн близина (надвор од златниот кавез со 5 звезди) гладуваат и се мачат луѓе не само од к*рдска националност, додека јас уживав во еден луксуз на кој и пашите можеа да му завидат.

Во тие денови (за првпат во мојот живот) ги посетив суфистичките џамии и теќиња, кои се изграден врз местата за кои сведочи Светото Писмо.

Кога влегував во една од џамиите во кониа (Библиска Икониа), мојата жена застана и тенкови неможеја да ја натераат да влезе внатре (затоа што имаше неубаво чувство). Јас - со Името ИСУСОВО на моите усни и срце - влегов, но од обзир кон мојата жена и деца не смеев да го направам она за што ми гореше срцето.
Но, не само тука во Кониа туку и во другите места, секогаш кога ќе почнев да зборувам со мештаните за Радосната Вест на МИЛОСТА БОЖЈА, мојата фамилија (а посебно женами) ме попречуваше во тоа.
Јас имав големо разбирање за тоа, бидејќи пред извесно време беше во турција убиен еден германски и двајца турски браќа додека ја сведочеа Радостната Вест!

Така после овие излети во внатрешноста на турција, на програма беше тајланска масажа во која (во иста просторија) една тајланѓанка ја масираше женами а другата мене.

Арно ама, додека таа ми го масираше левото стапало, нешто силно пукна!
Јас почувствував голема болка во зглобот на стапалото (што би рекле тетовци: гљужденот ).
Масерката се преплаши и почна да се извинува. Јас ја смирив дека сето тоа не е толку страшно и така некако помина масажата.
После тоа болката се зголемуваше и јас морав со болки да кривам. Женами исплашено констатира дека зглобот ми потекува.
Да одам се мислев кај шефот на масерите, но тоа сигурно би било опасно по работното место на тајланѓанката.
Стегнав заби и не отидов.
Наредниот ден болките се зголемија уште повеќе!
Јас се решив да одав во сауна. Бев 20 минути и излегов да се разладам во хамамот.
Бидејќи никогаш дотогаш не сум бил во сауна, ми дојде убаво па си отидов уште еднашка. Таму немаше никој друг.
Со болката во ногата, се прашував дали е воопшто добро за моето здравје јас пак да бидам во сауната?!
Тоа прашање беше во моето срце и упатено кон Оној што ми го изградил истото а чијашто Милост се отелотвори во ИСУС.

- ИСУСЕ ХРИСТЕ ГОСПОДИ МИЛОСТИВ - прашав во срцето - дали јас можеби сега треба да одам?

Неколку секунди после тоа се зачу еден силен татнеж во вжештената печка а истовремено еден (така да речам) удар во мојот лев зглоб на стапалото.

Кога пробав да го мрдднам левото стапало - тоа беше потполно слободно од бол и совршено излечено!

Јас знаев дека сега е моментот кога треба да одам


ИСУС е ЖИВ ! ХАЛЕЛУЈАХ!





       

Изменето од spiros - 02.Мај.2009 во 02:29
Through the Blood of His Grace,
we are Forgiven and Free,
in Time & Eternity!

БОГ да го благослови Авраам, Исаaк, Израил ...!



Кон врв
Messenger Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор

Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet

Регистриран: 21.Април.2006
Статус: Офлајн
Поени: 18208
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Messenger Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 02.Мај.2009 во 03:51
Odgovorite na site prashanja se naogjaat vo nas. Treba samo da se prasha i molkum da se cheka... ne treba nitu da se cheka, samo da se bide miren i spokoen.
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
Кон врв
spiros Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 28.Јули.2008
Локација: На пат
Статус: Офлајн
Поени: 4490
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај spiros Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 02.Мај.2009 во 10:40
Originally posted by Messenger Messenger напиша:

Odgovorite na site prashanja se naogjaat vo nas. Treba samo da se prasha i molkum da se cheka... ne treba nitu da se cheka, samo da se bide miren i spokoen.


Се сложувам! Но не само во нас туку во сё, а пред сё во БОГА. На Оној БОГ ВСЁДРЖАТЕЛ мислам, чиешто Милостиво Сёопфатно СЛОВО е разпнато за да можеме воопшто да нё има нас сите, да нё има во вечноста.

Инашалах!

п.с. ГОСПОД зборува и укажува преку сё, но пред сё преку Неговото Живо СЛОВО (ХРИСТОС), кое живее во секое дечјо срце и е најголемиот Крал бидејќи е најголемиот слуга!
Тоа е ВИСТИНАТА СОВРШЕНА и покрај неа нема друга!



Изменето од spiros - 02.Мај.2009 во 10:44
Through the Blood of His Grace,
we are Forgiven and Free,
in Time & Eternity!

БОГ да го благослови Авраам, Исаaк, Израил ...!



Кон врв
DDarko Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Миротворец

Регистриран: 14.Мај.2009
Статус: Офлајн
Поени: 4356
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај DDarko Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Мај.2009 во 22:57
Со задоволство ќе ви го кажам моево сведоштво.

Се започна на 22.05.1995.
Бев излегол за првпат на светот, но не бев свесен колку е грешен и во каков нов свет довагам јас. По 40 дена или една година не знам точно сум бил крстен во Православна Црква и некој во мое име рекол дека ќе живеам според Божјите заповеди и закони. Се запознав со Библијата кога имав 7 години, Библијата ми беше подарок од едни комшии кој одеа во Евангелска Црква и се уште се верни на Бог. Почнав да ја читам, но немаше никаква полза од тоа, ја познавав онака како книга и мајка ми ме учеше она што ја учеле неа, а ме беше срам да ги прашам комшииве повеке околу оваа Света Книга. Животот си течеше и дојдов до пубертетските години во кој сум и сега...Мојот однос со тие луге, стана по сериозен и почнував да ја истражувам Библијата со нивна помош. Тогаш ја запознав нејзината моќ, моќта на Божјиот збор. Сватив некој работи, но тоа беше малку. Повторно се оддалечив од Словото и пак трнував по своите патишта, патиштата кој водат до смрттна постела. Пред еден месец, се запознав со едно девојче која сега ми е најверна другарка и случајно открив дека е кума на моите комшии, јас почнав да ја посетувам Црквата која ја посетуваат тие, и со разговор и читање на Словото кое Господ го оставил пред мене, научив која е целта на моето постоење, се покајав и поверував, се крстив во Дух Свети, а сега уште малку ќе се крстам и во водено крштевање односно (Јовановото крштевање)...За еден месец Господ Исус Христос ми помогна да сватам дека живеам само за Него и дека тоа е привилегија, Тој ми помогна и да се откажам од сите мој завистности и ете ме сега, фала му на Бог, сеуште човек, но човек кој го сака Господ и е надвор со својата душа од светот кој е суров и грешен.
Алелуја, слава на Бог во височините, Благоствовени се оние кој поверувале во Господа и оние кој се навредувани и прогонувани поради Неговото свето име. Нека моево сведоштво ви послужи за охрабрување и утеха, затоа се што сум направил не сум го направил сам, сум го направил со Господ Исус Христос и немам право да се гордеам, а ако некогаш се пофалам, да се пофалам во Неговото име.
Кон врв
Pravoslaven Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 09.Февруари.2008
Статус: Офлајн
Поени: 705
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Pravoslaven Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Мај.2009 во 23:16
DDarko

нека Господ те чува и води, никулецот на вера што се родил во тебе, да израсне во зрело и плодоносно дрво на доблесен христијански живот.

Прекрасно сведоштво.
Православен значи правилно да ја славиш верата. А критериумот за правилност е Божјиот Збор - Светото Писмо !
Кон врв
spiros Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 28.Јули.2008
Локација: На пат
Статус: Офлајн
Поени: 4490
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај spiros Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Мај.2009 во 00:14
Амин, Даре, Амин! Фала и Слава БОГУ!

Се радувам кога ќе видам кога млади луѓе се отвараат за Љубовта БОЖЈА и повеќе се интересираат за Мудроста БОЖЈА (ХРИСТОС) одколку за нешто друго што светот им го наметнува на денешните млади!

Без разлика на која деноминација и припаѓаш, љубиги сите, без разлика на нивната нација, раса или деноминација и чекор по чекор напред кон СОВРШЕНИОТ!


Иншалах!





Through the Blood of His Grace,
we are Forgiven and Free,
in Time & Eternity!

БОГ да го благослови Авраам, Исаaк, Израил ...!



Кон врв
polzavce Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 14.Октомври.2008
Локација: Angola
Статус: Офлајн
Поени: 1325
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај polzavce Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Мај.2009 во 00:43
Дарче....welcome to the club.......

Еве добронамерен совет....внимавај......сега си равносен за Бога..сакаш да го истражуваш Светото Писмо итн......но Божјата благодат по извесно време може привремено да се повлече ( да се почувствуваш како сакаш да се вратиш на старите патишта). Сети се само дека тоа Бог намерно го прави за да не искушува.....да види дали навистина веруваме во него, го почитуваме и го следиме.....

Супер е патот кој си го фатил........Христос е Вистината, Патот и Животот......
МИР со сите
Кон врв
DDarko Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Миротворец

Регистриран: 14.Мај.2009
Статус: Офлајн
Поени: 4356
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај DDarko Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Мај.2009 во 12:50
За кратко време сакав потоа и да се вратам на стариот пат, да одам малку лево или десно од вистинскиот пат, но Бог ме избави и од тоа искушение, знам дека ќе има уште страдања и навредување поради тоа што сум Христијанин од страна на светските, но знам дека Господ е со мене и никогаш нема да ме напушти...Тој е Оној кој ме избавува од искушението и ме прави цврст во верата!
Поздрав до сите и Божји Благоствов.
Кон врв
DDarko Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Миротворец

Регистриран: 14.Мај.2009
Статус: Офлајн
Поени: 4356
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај DDarko Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Мај.2009 во 13:27
Еј луѓе до сега како Христијанин- протестант, евангелист, не сум бил толку добродојден кај луѓето...Бог нека биде со сите вас, фала и слава Негова, благодарам и на вас бидејќи вашата вера е голема, а големи се и Господовите дела, нека ги љубат оние кој размислуваат за нив!
Кон врв
EvAngelos Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Doulos Evangelos

Регистриран: 28.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 9913
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај EvAngelos Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Мај.2009 во 15:12
Originally posted by DDarko DDarko напиша:

...а сега уште малку ќе се крстам и во водено крштевање односно (Јовановото крштевање)...
 
Брате мој, дозволи ми мала корекција во твојот коментар. Ти нема да бидеш крстен во Јовановото крштевање, туку во Христовото кое исто така се извршува во вода. Јован крштевање само покајничко крштевање, но Христовото крштевање вклучува и многу повеќе, како на пример: идентификација со Христовата смрт и воскресение, завет на чиста совест пред Бог и се извршува во името на Тројството.
Прочитај за ова во Дела апостолски 19:1-5.
Поздрав големо%20гушкање
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
Кон врв
DDarko Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Миротворец

Регистриран: 14.Мај.2009
Статус: Офлајн
Поени: 4356
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај DDarko Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Мај.2009 во 18:21
Ок, да имаш право, но тоа бидејќи Јован ги крстил, па викам Јованово...

А за Дела Апостолски 19: и така натаму се до крајот... Важи дека човекот не е само крстен во вода туку и во Дух Свети, еве на пример јас сум првин крстен во Дух Свети, а потоа следи воденото крштевање, но најчесто првин е во вода, а потоа следат даровите од Светиот Дух.
Мир со Бог!
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 567
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,109 секунди.