IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > АРХИВА > Забава, разно, игри, интима
  Активни теми Активни теми RSS - EURO 2008
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

EURO 2008

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 6465666768 79>
Прашање: Кој ќе биде новиот европски шампион?
Одговор Гласови Статистика
11 [17,46%]
11 [17,46%]
1 [1,59%]
16 [25,40%]
7 [11,11%]
7 [11,11%]
3 [4,76%]
7 [11,11%]
Не може да гласате на оваа анкета

Автор
Порака
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Јуни.2008 во 10:45
Mi e zal za moite Holagjani..
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
МАРШАЛ Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
ГРОБАР ДО ГРОБА

Регистриран: 06.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 44396
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај МАРШАЛ Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Јуни.2008 во 18:58
od denes pa nataka , sveceno izjavuvam deka G-not xxl e mojot najgolem prijatel ..... stom otvoreno se izjasni okolu poddrskata za sekularizmot ..... ILLERI  TURKIYE голема%20насмевка голема%20насмевка голема%20насмевка.........  TURKIYE SHAMPION голема%20насмевка

Изменето од miroslav_g8 - 23.Јуни.2008 во 19:01
Кон врв
anakin Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Unidentified Flying Object

Регистриран: 08.Август.2005
Локација: Machku Pichku
Статус: Офлајн
Поени: 18535
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај anakin Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Јуни.2008 во 19:13
Originally posted by anakin anakin напиша:

Originally posted by Mona Liza Mona Liza напиша:

znaci Spanija ke igraat so Rusija задоволство

lelele, izgleda Rusija ke gi  pobedat, pa ke igraat so Germanija ,bzw  Turcija

uffff ke mi bide maka ako Rusija  gi pobedat na Spanija тага

Gi mrazam Rusija i site ruski k*rvi tuka sto se...uff  ne mozam da gi smislam , mi se gadi od niv болен





RUSIJA moi heroi

kje si zalis

i jas kje si pravam seir

gi obozavammmmmmmmm - strasni se


SILATA NEKA E SO VAS a ako ne vi treba, neka, i taka ne e nekoj trosok, ja ima nasekade okolu nas.

Кон врв
Dogi Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 19.Април.2005
Статус: Офлајн
Поени: 3168
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Dogi Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Јуни.2008 во 10:07
многу неозбилна игра од холанѓаните, не го очекував тоа.
во секој дуел скокаа, како нозете да им вредат милијарди, а не милиони намигнување.
сепак луѓето од тоа си заработуваат, ама не требаше да бегаат толку многу од дуелите. така само се губи утакмица.
и сега што?
ќе навиваме за русите, нели тие ја тепаа Холандија?
Јас сум мајстор!

Кликни овде за комуникација со мене (потоа кликнете во полето 'Edit nickname' и впишете го вашето име)
Кон врв
kultuzin Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 03.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4903
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај kultuzin Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Јуни.2008 во 12:12
Originally posted by Mona Liza Mona Liza напиша:

znaci Spanija ke igraat so Rusija задоволствоlelele, izgleda Rusija ke gi pobedat, pa ke igraat so Germanija ,bzw Turcija uffff ke mi bide maka ako Rusija gi pobedat na Spanija тагаGi mrazam Rusija i site ruski k*rvi tuka sto se...uff ne mozam da gi smislam , mi se gadi od niv болен



Da nemas nekoj kompleks od Rusinkite, odgovorno tvrdam deka posle MAKEDONKITE , Rusinkite se najubavi zeni vo svetot.

Sto se odnesuva do fubalot Rusija i Holandija pokaza najdobar i najubav fudbal do sega , seta sto ne se sretnaa vo finale.
Inaku Germanija i Italija se reprezentacii sto retko igrat svoja igra tuku ne mu dozvoluvaat na protivnikot da se razigra , a pobeduvaat vrz osnova na greskite na protivnikot.
Mene toa ne mi se sviga i zatoa poveke gi sakam reprezentaciite koi igraat svoj fudbal ( citaj Portugalija, Rusija, Spanija i Holandija ).
Кон врв
La Ninja Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
She Hulk

Регистриран: 13.Јуни.2006
Статус: Офлајн
Поени: 1605
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај La Ninja Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Јуни.2008 во 16:31

ПРЕД ТРИТЕ НАЈВАЖНИ СРЕДБИ НА ЕП 2008, АНДРЕЈ АРШАВИН ЈА НАТЕРА ЕВРОПА ДА ПОКАЖЕ КОН НАЈДОБРИОТ НА ОВА КОНТИНЕНТАЛНО НАТПРЕВАРУВАЊЕ

Роден да победува

Две одиграни средби, двапати најдобар на теренот. Русија е во историско полуфинале, Аршавин е најбараниот фудбалер во пресрет на летниот трансфер пазар. Генијалецот со малку задоцнет фудбалски блесок, кој многу потсетува на Платини, а доволно е опасен како Марко ван Бастен.


АНДРЕЈ АРШАВИН:
Роден: 29 мај 1981
Град: Ст. Петерсбург
Височина: 171 см.
Позиција: Офанзивен играч за врска/напаѓач
Клубови: Зенит (2000-2008)
Настапи: 217
Голови: 47
Настапи и голови за Русија: 36/13

"Андреј Аршавин е единствениот фудбалер кој ме изненади пријатно на Европското првенство 2008", изјави пред неколку дена тренерот на италијанскиот фудбалски гигант Милан, Карло Анчелоти. Европската фудбалска јавност го дели неговото мислење. Пред портите на полуфиналето и она што треба да го очекуваме в среда и в четврток во Базел и во Виена, ЕП 2008 засега останува забележано по извонредниот руски фудбал и неверојатниот Аршавин. Доволни му беа само две средби, за да ја "напумпа" својата фудбалска цена и веќе да стане најбараното име на европскиот трансфер маркет.

И најголемиот дел од новинарите имаат само суперлативи за играта и претставувањето на Аршавин на досегашниот дел од ЕП.

"Запомнете го овој ден и ова име - денес Андреј Аршавин влезе во историјата на фудбалот". Со овие зборови коментаторот на една француска телевизија го заврши коментарот од средбата Холандија - Русија. Андреј Аршавин се воздигна во главниот херој на ова првенство, иако до завршницата остануваат уште три средби. Русија е изненадувањето на шампионатот, а Аршавин момчето кое по ова првенство ќе ја продолжи својата фудбалска кариера во некој од моќните европски тимови.

Со блескавата игра во третиот меч од групата "Д", Аршавин потврди дека неговото отсуство делуваше негативно на стартот на руските настапи на првенството. Го немаше во воведните дуели поради суспензијата која ја одлежуваше поради црвениот картон заработен на дуелот со Андора во последниот квалификациски меч, од кој Русија успеа да го трасира патот на ова првенство. И покрај тоа што одигра само две средби, тој е главниот фаворит за освојување на наградата за најдобар играч на ЕП 2008. Неколку англиски тимови (се истакнуваат Арсенал и Ливерпул) се подготвени да платат по 10 милиони фунти за да го донесат полушпицот на руската репрезентација и на екипата на Зенит. Но цената на Аршавин сигурно скокнала двојно повеќе само по 120-минутната претстава со Холандија, во која тој и неговите сонародници успеаја да ги "покосат лалињата".

Плејмејкерот на "Зборнајата" имаше активно учество во постигнувањето на трите гола против Холандија. Прво одлично го уфрли в лево Семак, кој центрираше до Павличенко за 1:0, потоа имаше фантастичен центаршут до Торбински за 2:1, а на крај и сам меѓу нозете на Ван дер Сар протна една топка во голот на Холанѓаните. На листата на клубови кои се наредија во опашката заинтересирана за Аршавин веќе се и Интер, Рома, Барселона...

Рускиот селектор Гус Хидинк не штедеше зборови за да го пофали носителот на играта на неговата репрезентација.

"Андреј дури не беше ни целосно подготвен да игра против Холандија, но неговиот талент е неспорен. Тој знае како да издрибла во ситуација во која многумина не можат ниту да ја допрат топката. Неколкупати ги оставаше дефанзивците да трчаат по него безуспешно, не можејќи да му ја одземат топката. Тој е вистински дар од природата. Андреј има репутација на човек со тежок карактер, но меѓу нас нема никакви проблеми. Чудесно е да се работи со него, затоа што е роден да победува", вели Хидинк.

Новинарите во големите европски земји се восхитени од играта на Аршавин, но и комплетно од играта на руската репрезентација. Коментарите сами зборуваат.

"Тешко е да поверуваме дека некој играч по Платини пред 24 години може да има такво влијание на средба од вакво рамниште", забележа "Индипендент".

Шпански "Ас" забележа дека во кариерата, Андреј Аршавин, постојано некаде доцни. Требаше да наврши цели 27 години за да го сврти вниманието на себе во цела Европа, иако во Русија е големо фудбалско име уште со години наназад. Дебитантскиот настап на ЕП повторно го имаше со задоцнување. Пропушти две средби пред да се појави на дуелот со Шведска. Со Холандија во второто продолжение почна да ги демонстрира своите вистински вредности, па сам го реши мечот по продолженијата. Сепак, констатација е дека тоа го направи без церемонии, безмилосно, како вистински "убиец". Точно како селекторот на противничкиот тим, Марко Ван Бастен, кој во 1988-та ја понижи селекцијата на тогашниот Советски сојуз.

Сега Аршавин наликува на Ван Бастен. Останува само прашањето кое си го постави коментаторот на руската телевизија за време на последниот квалификациски меч со Андора во моментите кога Андреј заработи црвен картон: "Идиот или гениј?"

Досега Аршавин на ЕП 2008 покажа дека првиот дел од констатацијата за него не важи. Русија ја понесе на свој грб до полуфиналето, а подготвен е да ја одмазди и на средбата со Шпанија и да & овозможи на оваа генерација место во европската фудбалска историја.

Аршавин: Не ме споредувајте со никого

Откако стана новата ѕвезда на европското фудбалко небо, медиумите веќе бараат компарација на играта и квалитетот на Аршавин со дел од легендите на светскиот фудбал. За него се зборува дека личи на Марадона, дека е генијалец, автор на победите, цар на теренот...

Кој е всушност Андреј?

"Јас сум Андреј Аршавин. Не ме споредувајте со никого."

Имавте фантастичен настап против Холандија. Постигнавте феноменален гол?

"Не беше ништо особено. Закачи некого, се мрдна и топката лесно мина меѓу нозете на голманот. Можеби и не е беше толку лошо (ха, ха, ха...)

И сега како се чувствувате, кога сите се интересираат за Вас?

"Да признаам многу сум заморен. Сега ќе се подготвуваме за дуелот со Шпанија. Јас сакав да играме во полуфиналето со Италија.

Ќе ви се исполнат ли желбите?

"Ќе видиме. Моја задача е да играм фудбал".

Мутко: Андреј сака да игра во Шпанија

Претседателот на Руската фудбалска федерација, Витали Мутко, изјави дека ѕвездата на Русија, Андреј Аршавин, сака да игра во екипата на Барселона.

"Аршавин има голема желба да заигра во Барселона. Мислам дека лесно може да ги покаже своите квалитети во оваа екипа. Мислам дека не е послаб играч од Деко, туку напротив", изјави Мутко.

27-годишниот плејмејкер на Зенит е интересен и за најсилните европски клубови. Тој со Зенит успеа да го освои Купот на УЕФА, а Аршавин беше лидер на тимот.

 
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....
Кон врв
La Ninja Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
She Hulk

Регистриран: 13.Јуни.2006
Статус: Офлајн
Поени: 1605
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај La Ninja Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Јуни.2008 во 16:31

ВЕСТИ ОД ЕП

ЈЕНС ЛЕМАН ЈА ОТКРИ СВОЈАТА НАЈГОЛЕМА ЦЕЛ

Животот за пласман во финале

Германскиот репрезентативен голман Јенс Леман изјави дека би дал с$ што има за пласман на својот национален тим во финалето од европското првенство, па дури и сопствениот живот. По слабите игри во групата, Германците одиграа одличен натпревар против Португалија во четвртфиналето и сега повторно се најголеми фаворити за освојување на шампионската титула на овој шампионат.

"Подготвен сум да жртвувам се што поседувам во дуелот против Турција. Дури и животот. Комплетно сум сконцентриран на натпреварот в среда, не сакам ни да помислам што би можело да се случи потоа", рече новиот чувар на мрежата на Штутгарт во неодмерената изјава за еден просечен германски спортист.

Дуелот против Турција в среда за Леман ќе биде 60. во репрезентативниот дрес од каде многу брзо би требало да замине ако се има предвид дека има 38 години.

Од таборот на германската репрезентација вчера стигна и информацијата дека ветеранот Торстен Фрингс ќе биде подготвен за дуелот со Турција иако минатата недела доживеа скршеница на ребрата.

УЕФА МУ ДАДЕ ДОЗВОЛА НА ФАТИХ ТЕРИМ

Голманот Зенгин може да биде играч

УЕФА му дозволи на турскиот селектор Фатих Терим да преквалификува фудбалери на други позиции за да обезбеди доволен број играч за полуфиналниот дуел со Турција што се игра утре. Терим може да смета на само 14 фудбалери бидејќи другите девет се оптоварени со повреди и суспензии, па имаше намера третиот голман Толган Зенгин да го пренамени во играч од одбраната или од нападот за да го покрие недостигот на фудбалери.

"Тој може да влезе во игра при крајот на натпреварот како последен дефанзивец или во врвот на нападот", најави Терим во неделата.

Портпаролот на УЕФА, Вилијам Гаљар, вчера појасни дека нема да има проблем ако турскиот селектор сака да искористи голман како играч од поле. Турција во полуфиналето сигурно ќе биде без суспендираните Волкан Демирел, Шанли Тунчај, Арда Туран и Емре Ашик, Емре Гунгор и Нихат Кавечи се тешко повредени, а на полесни повреди се жалат Сервет, Емре, Метин и Акман.

Терим пак би работел во Италија

Турскиот селектор Фатих Терим не ги заборавил годините кога работеше во Италија и со големо задоволство би прифатил понуда од некој клуб од Апенинскиот Полуостров.

"Италија засекогаш ќе остане во моето срце. Тоа е како љубовна историја која никој не може да ја уништи. Ќе биде чудесно ако повторно добијам шанса за работа таму", рече "Императорот" кој на почетокот од оваа деценија беше тренер на Милан и Фиорентина.

АРСЕН ВЕНГЕР САКА ДА ГО АНГАЖИРА ХРВАТОТ ОД ШАЛКЕ

Арсенал заинтересиран и за Ракитиќ

Лондонски Арсенал е сериозно заинтересиран во своите редови да го види хрватскиот репрезентативец Иван Ракитиќ од екипата на Шалке 04, по неговите добри настапи на Европското првенство во Австрија и Швајцарија. "Топчиите" веќе најавија дека се загреани во своите редови да го видат Нико Крањчар од Портсмаут, иако тој не блескаше на ЕУРО, а на "Емирати" стадионот веќе настапува Бразилецот со хрватски пасош, Едуардо Да Силва, па од следната сезона, менаџерот Арсен Венгер би можел да има и тројца Хрвати во своите редови.

Ракитиќ, за кого релативен интерес пројавија и Јувентус и Челзи, неодамна изјави дека веројатно ќе остане во клубот од Гелзенкирхен, но големите на клубовите кои ги посакуваат неговите услуги би можело да го натера да се предомисли.

Голем интерес за "коцкастите" ширум Европа

Дека Хрватите се на цена по одличните настапи на "коцкастите", најдобро говори фактот што Јувентус веќе го позајми Дарио Кнежевиќ од екипата на Ливорно. Ливерпул сериозно е заинтересиран за Ивица Олиќ, а би можел да упати понуда и до Крањчар. Евертон и Севиља го бараат дефанзивецот Јосип Шимуниќ, кој досега настапуваше за Херта, додека Селтик е заинтересиран за доведување на Шимиќ и Леко, а можеби и Класниќ, за кого пак постои интерес и од екипите на Осасуна, Виган и Стоук. Италијанска Рома ги брка Крањчар и Покривач, додека за Прањиќ се натпреваруваат Палермо и Ајакс.

ГЕРМАНСКИОТ НАПАЃАЧ НЕ РАЗМИСЛУВА ЗА КЛУПСКАТА ИДНИНА

Подолски: Размислувам само за победа на ЕП

Извонредниот германски репрезентативец Лукас Подолски изјави дека не сака да коментира ништо што деновиве на големо се пишува околу неговата иднина, со цел да биде максимално фокусиран на настапот во германската репрезентација и нејзиниот поход кон освојувањето на 13. Европско првенство во Австрија и Швајцарија.

Последниве денови, 23-годишниот напаѓач беше цитиран дека не се чувствува баш најсреќно во тимот на Баерн Минхен и дека би можел да си замине уште ова лето, а за него веќе подолго време за загреани екипите на Јувентус, Тотенхем и Манчестер Сити.

"Не ме допира и не ме интересира ништо што е напишано, изјавено или монтирно во врска со мене и мојата иднија. Мојата концентрација е фокусирана на настапите за германската репрезентација на Европското првенство и имам голема желба да славиме во финалето и да го пиеме победничкото шампањско. Не дозволувам ништо да влијае врз мене, бидејќи ако тоа го правев, веројатно немаше да прикажам добри изданија и немаше да ги постигнам трите погодоци. Се наоѓам во одлична форма, пукам од енергија, вели Подолски, кој со своите голови и овозможи на Германија да се најде во четвртфиналето каде беше совладана Португалија и сега сиот арсенал на "панцирите" е насочен кон утрешното виенско полуфинале во кое за опент ја имаат селекцијата на Турција.

ХОЛАНДСКИОТ РЕПРЕЗЕНТАТИВЕЦ САКА ДА ЈА СМЕНИ СРЕДИНАТА

Енгелар сака да си оди од Твенте

Најдобриот фудбалер на Твенте, Орландо Енгелар се надева дека неговиот клуб ќе си остане на зборот и ќе му дозволи да си замине во летниот преоден рок. Ова доаѓа откако 28-годишниот Енгелар имаше повеќе од задоволителни настапи на Европското првенство во Австрија и Швајцарија и за него интерес пројавија повеќе европски клубови како Шалке 04, Њукасл и Евертон. Тој веќе преговараше со екипата од Гелзенкирхен, но двата клуба не се договорија за сумата на трансферот и тој пропадна, иако би можеле да се обноват преговорите, особено кога се знае дека нов тренер на Шалке е Фред Рутен, неговиот поранешен ментор.

"Нема да им се налутам на члениците на клубот ако се решат да не ме пуштат. Нема да бидам човек што во Твенте ќе игра со гнев во телото, бидејќи не ме пуштија да си заминам, не сум таков, но да се игра во друга средина би било навистина одлично, вели Енгелар, кој неодамна доби потврда од клубот дека е посакуван и натаму, но и дека нема да има никакви пречки доколку добие примамлива понуда.

СЕЛЕКТОРОТ НА "ЕЛФОТ" ЗА ТРЕНЕРСКИОТ ЖИВОТ ВО ТУРЦИЈА

Лев: Имам прекрасни спомени од работата во Фенербахче

Германскиот селектор Јоаким Лев деновиве е една од централните личности во турскиот печат, во пресрет на полуфиналниот дуел од ЕП кој двете нации го играат утре. Имено, Лев своевремено беше тренер на екипата на Фенербахче и самиот изјави дека има прекрасни спомени од неговиот тренерски престој на Босфорот.

"Тоа што го проживеав за време на работата во Фенербахче, како и целиот живот во Турција, за мене е неописливо искуство. Тоа само може да се почувствува и дури тогаш ќе ви стане јасно зошто не може да се избрише од моите сеќавања. Две работи особено не можат да се заборават, а тоа е нивната неверојатна страст кон спортот и посебно фудбалот. Нивната приврзаност со клубовите и репрезентацијата е нешто невидено. Друга работа е големата љубезност од нивните луѓе и топлината со која зрачат. Поради тоа мислам дека нашето полуфинале ќе биде убава фудбалска свеченост и воопшто не можам да помислам дека ќе има некакви неспортски работи на теренот или на трибините, вели Лев.

Што се однесува до самиот натпревар, Лев е свесен дека Германија е фаворит, но во ниту еден момент не помислува на потценување.

"Не очекува тежок меч, најповеќе поради енормниот ентузијазам кој со себе го носат турските фудбалери, додава Лев.

 
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....
Кон врв
Santijago Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
PubLiCenEmY LatInoLoVerBoY YNWA-LF

Регистриран: 17.Јануари.2008
Локација: Tuka be ...
Статус: Офлајн
Поени: 21002
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Santijago Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Јуни.2008 во 17:39
Originally posted by kultuzin kultuzin напиша:

Originally posted by Mona Liza Mona Liza напиша:

znaci Spanija ke igraat so Rusija задоволствоlelele, izgleda Rusija ke gi pobedat, pa ke igraat so Germanija ,bzw Turcija uffff ke mi bide maka ako Rusija gi pobedat na Spanija тагаGi mrazam Rusija i site ruski k*rvi tuka sto se...uff ne mozam da gi smislam , mi se gadi od niv болен



Da nemas nekoj kompleks od Rusinkite, odgovorno tvrdam deka posle MAKEDONKITE , Rusinkite se najubavi zeni vo svetot.

Sto se odnesuva do fubalot Rusija i Holandija pokaza najdobar i najubav fudbal do sega , seta sto ne se sretnaa vo finale.
Inaku Germanija i Italija se reprezentacii sto retko igrat svoja igra tuku ne mu dozvoluvaat na protivnikot da se razigra , a pobeduvaat vrz osnova na greskite na protivnikot.
Mene toa ne mi se sviga i zatoa poveke gi sakam reprezentaciite koi igraat svoj fudbal ( citaj Portugalija, Rusija, Spanija i Holandija ).

После МАКЕДОНКИТЕ најубави се Италијанките, па Шпанките,тн тн....па тек Русинките
I'm out bcz of pathetic around here
Кон врв
baba mulon Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 17.Ноември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 258
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај baba mulon Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Јуни.2008 во 20:39
Shto mi e merak shto izgubija toa ligavite Italijanci.Uf meraciголема%20насмевкаголема%20насмевкаголема%20насмевкаголема%20насмевкаголема%20насмевкаголема%20насмевкаголема%20насмевка
Im YOUR NIGHTMARE
Кон врв
LouWeed Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
I AM THE KING OF ROCK&ROLL

Регистриран: 28.Мај.2005
Статус: Офлајн
Поени: 13012
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај LouWeed Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Јуни.2008 во 15:25
Кон врв
Polaris Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 04.Октомври.2007
Локација: Turkey
Статус: Офлајн
Поени: 1514
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Polaris Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Јуни.2008 во 16:19
-------------♥♥♥♥♥♥♥♥♥
-------♥♥♥♥♥♥♥♥♥♥♥♥♥♥
---♥♥♥♥♥♥♥♥-------------♥♥♥
-♥♥♥♥♥♥♥--------------------♥ -----♥
♥♥♥♥♥♥♥---------------------- -----♥♥-♥♥
♥♥♥♥♥♥♥---------------------- --♥♥♥♥♥
♥♥♥♥♥♥♥---------------------- -----♥♥-♥♥
--♥♥♥♥♥♥♥-------------------♥ -----♥-
-----♥♥♥♥♥♥♥-------------♥♥♥
--------♥♥♥♥♥♥♥♥♥♥♥♥♥♥
--------------♥♥♥♥♥♥♥♥   

Изменето од xxll - 25.Јуни.2008 во 16:22
Кон врв
Mindy Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Искрена, поискрена здравје

Регистриран: 14.Ноември.2005
Локација: United Arab Emirates
Статус: Офлајн
Поени: 14598
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Mindy Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Јуни.2008 во 20:37
кловнke bide nereseno i na penali ke igrat  кокошка
Кон врв
гoстин Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 29.Февруари.2008
Статус: Офлајн
Поени: 7557
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај гoстин Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Јуни.2008 во 21:11
1-0 Turska ne mi se veruva ej !!!!!!!!!!!!!!

Кон врв
La Ninja Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
She Hulk

Регистриран: 13.Јуни.2006
Статус: Офлајн
Поени: 1605
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај La Ninja Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Јуни.2008 во 21:13
Ни на ја не ми се верува! тага
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 6465666768 79>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,250 секунди.