IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Стил на живот > Мистерии и астрологија
  Активни теми Активни теми RSS - Хороскоп
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Хороскоп

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 5960616263 157>
Автор
Порака Обратен редослед
vivi1 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Легенда

Регистриран: 20.Јули.2005
Статус: Офлајн
Поени: 18941
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај vivi1 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Август.2013 во 22:22
najdi me задоволство
vivi
Кон врв
laki_bu Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Лидер

Регистриран: 30.Ноември.2008
Локација: Germanija
Статус: Офлајн
Поени: 32100
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај laki_bu Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Август.2013 во 22:22
Originally posted by vivi1 vivi1 напиша:

za rakovite sum cula i jasзадоволство
de da cujam i jas za .."tebe"трепкањетрепкањесреќа
Без разлика колку страници прочитал учениот човек, никогаш не треба да заборави дека се уште не ни стигнал до првата страна....
Кон врв
vivi1 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Легенда

Регистриран: 20.Јули.2005
Статус: Офлајн
Поени: 18941
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (1) Благодарам(1)   Цитирај vivi1 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Август.2013 во 22:18
za rakovite sum cula i jasзадоволство
vivi
Кон врв
laki_bu Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Лидер

Регистриран: 30.Ноември.2008
Локација: Germanija
Статус: Офлајн
Поени: 32100
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај laki_bu Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Август.2013 во 22:17
Ракот ја претвора аферата во љубов
Припадниците на овој знак долго ќе ја набљудуваат својата „цел“ пред да се одлучат да пристапат, а откако ќе го сторат тоа веројатно ќе бидат малку заљубени. Во романса влегуваат со сериозни намери и за кратко време кај нив се појавуваат длабоки чувства, па тоа морате да го имате на ум ако не сте подготвени за долга врска.намигнувањетрепкањетрепкање
Без разлика колку страници прочитал учениот човек, никогаш не треба да заборави дека се уште не ни стигнал до првата страна....
Кон врв
камелеон Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
девојката со точакот

Регистриран: 12.Април.2012
Статус: Офлајн
Поени: 587
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај камелеон Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Август.2013 во 14:19
Близнаците сакаат бескрајна забава
Припадниците на овој знак лесно е да ги препознаете. Обично носат минијатурен костим за капење, најгласни се во друштвто и се главните луѓе за забава. Најлесно заведуваат преку спортот, а ако успеете да ги вовлечете во разговор подолг од неколку минути, големи се шансите дека се заинтересирани, но вие мора да бидете подготвени за една активна романса во која постојано ќе бидете во движење и опкружени со луѓе.
голема насмевка
http://www.youtube.com/watch?v=sEj3Ife6rqU
Кон врв
SVOJA Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 28.Мај.2013
Статус: Офлајн
Поени: 2159
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај SVOJA Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Август.2013 во 13:55
Водолијата сака необичност
Читање поезија, свирење гитара или филозофски разговори со чаша вино, се ситуации во кои Водолијата очекува заведување. Нема да ги привлече само некој што добро изгледа, туку битно им е и личноста да поседува шарм и харизма. Сепак, колку и да изгледаат нивните намери посериозни од само летна авантура, нема големи шанси дека подоцна ќе ви се јават пак.
RODENA SREDE PURPURNI VODOPADI,DETE NA ZVEZDITE,GOSPODARKA NA ZELBITE,RATNIK,TRAGAC TAINSTVEN OSAMENIK.
Кон врв
Schatzii7 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Unglaublich

Регистриран: 19.Октомври.2011
Локација: Lost somewhere
Статус: Офлајн
Поени: 7061
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Schatzii7 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 12.Август.2013 во 22:08
Летни авантури според хороскопот

Со Рак, Риба и Лав летните романси изгледаат како од филмовите, Близнаците и Стрелците заведуваат сериски, Девиците и Јарците стануваат мета на заводниците.
Овенот сака авантура
Високите температури, лесната облека и консумирањето алкохол го поттикнуваат Овенот на заведување, особено на плажа. Нивната стравствена природа им овозможува лесно да заведуваат, но и да ги заведат. Немојте да се залажувате, овде не станува збор за длабоки чувства. Додека има хемија летната авантура и бакнежите на плажа ќе бидат интересни, но штом почнете муабети за секојдневните нешта, Овенот ќе исчезне.

Бик е заводник во бар на плажа
Климатизирани простории, удобни лежалки, коктел во рака и згоден турист/ка на соседната маса се идеално сценарио за летна романса со Бик. Следниот чекор во зближувањето е романтична вечера со добра храна, а во авантурата хедонистички ќе уживаат со своите сетила. Тогаш дури и ќе му свртат грб на друштвото со кое дошле на одмор. Лошата работа е тоа што нивните афери кратко траат.

Близнаците сакаат бескрајна забава
Припадниците на овој знак лесно е да ги препознаете. Обично носат минијатурен костим за капење, најгласни се во друштвто и се главните луѓе за забава. Најлесно заведуваат преку спортот, а ако успеете да ги вовлечете во разговор подолг од неколку минути, големи се шансите дека се заинтересирани, но вие мора да бидете подготвени за една активна романса во која постојано ќе бидете во движење и опкружени со луѓе.

Ракот ја претвора аферата во љубов
Припадниците на овој знак долго ќе ја набљудуваат својата „цел“ пред да се одлучат да пристапат, а откако ќе го сторат тоа веројатно ќе бидат малку заљубени. Во романса влегуваат со сериозни намери и за кратко време кај нив се појавуваат длабоки чувства, па тоа морате да го имате на ум ако не сте подготвени за долга врска.

Лав е идеален за летна романса
Опуштени, желни за внимание и љубов, припадниците на овој знак се како создадени за летна љубов. Лавовите изгледаат одлично, па ќе ве заведат со физичкиот изглед. Дури во подлабоки разговори ја откриваат нивната нежна и романтична страна. Со нив ве очекуваат прошетки крај море, вечера на зајдисонце, но и будење во зора на плажа.

Девица сака забава без обврски
Коктел во една, мобилен во друга рака и тотално исклучен мозок – ова е опис на однесување на Девица на одмор. Тие не се склони кон авантуристичко однесување, па во својата глава однапред ќе ги ограничат љубовните авантури на краток рок.

Вагата сака летни романтики
Романтичните припадници на овој знак знаат што се летни романси, но во нив се однесуваат како и во секоја врска и бараат многу романтики, комплименти и заведување. Ретко кога сами ќе пријдат некому, но баш „случајно“ знаат да се најдат на исто место каде што е нивната симпатија. Неколку убави денови поминати со Вага ќе ви донесат убави сеќавања за цел живот, но само за оние кои се подготвени да се потрудат и да освојуваат.

Шкорпиите сакаат освојувања
Гитара, топка и чадор, или било што друго, може да биде реквизит со кој Шкорпиите стапуваат во контакт со потенцијалната „жртва“. Повеќето припадници на овој знак сакаат летни авантури и ретко ги одбиваат, дури и ако другата страна е во сериозна врска или брак. Сепак, би можело да се случи и сами себе да се прелажат, односно место кратка и слатка летна авантура, едноставно да се заљубат во некој што најмалку очекуваат.

Стрелецот сака необични сценарија
Плажата е идеално место за опуштање на припадниците на овој знак, а таму самоуверено ги привлекуваат погледите со своето екстровертно однесување. Можете да ги освоите со покана за банџи џампинг или параглајдерство. Нивните бакнежи се страстни, тие даваат сериозни љубовни изјави, но на тоа повеќе влијае летото отколку чувствата кон симпатијата. Стрелците само уживаат, и многу се добри во тоа.

Јарецот е заводник
Ладнокрвите и промислени припадници на овој знак, секое лето одново заведуваат, па се однесуваат многу слободно и без претерани грижи за последиците од своите дела. Јарецот нема сам да ѝ пријде на симпатијата, туку чека другата страна да го стори тоа. Сексапилот и ослободената страст ги прави Јарците многу посакувани.

Водолијата сака необичност
Читање поезија, свирење гитара или филозофски разговори со чаша вино, се ситуации во кои Водолијата очекува заведување. Нема да ги привлече само некој што добро изгледа, туку битно им е и личноста да поседува шарм и харизма. Сепак, колку и да изгледаат нивните намери посериозни од само летна авантура, нема големи шанси дека подоцна ќе ви се јават пак.

Рибите се сензуални и емотивни
Припадниците на овој знак се летни љубовници кои секој би ги посакал – сензуални, директни и романтични. Заедно можете да одите на нуркање, или само да се држите а рака и да го гледате ѕвезденото небо.
»Wenn ein Deutscher einen Zug ausrauben möchte, kauft er sich als erstes eine Fahrkarte.« :) (Lenin 1917)
Кон врв
SVOJA Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 28.Мај.2013
Статус: Офлајн
Поени: 2159
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај SVOJA Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 08.Август.2013 во 09:32
Почетна / Живот / Месечен хороскоп за август 2013 година

ллл " target="_blank"> " target="_blank">
Лексикон: За да го видите значењето на даден збор во рaмките на веста, позиционирајте го покажувачот врз истиот ли кликнете два пати.
МЕСЕЧЕН ХОРОСКОП ЗА АВГУСТ 2013 ГОДИНА

Ноќ без Месечина – 06 август; полна Месечина – 21 август; Сонце влегува во Девица – 22 август; Марс влегува во Лав – 28 август.


      

ОВЕН – Во поголемиот дел од август ќе сте преокупирани со настани поврзани со домот и недвижности. Исто така во центар на внимание ќе ви се групи во кои припаѓате. Ќе има повлечи-потегни во сите ситуации во кои ќе сте вклучени. Уран е во вашиот знак, а тој носи ненадејни пресврти, недоволно размислени одлуки и постапки. Посебно пазете се од избрзана реакција во деновите околу 21 август.

БИК – Забава, спортување, контакти со деца, ваши или туѓи – тоа ќе е фокусот за вас во овој период. Посебно од 16 август кога вашата заштитничка Венера ќе влезе во соѕвездието Вага, што за вас значи: претерување во сите животни задоволства. Ќе трошите многу овој месец: на добра храна, убава облека, или за своите деца.

БЛИЗНАЦИ – Пазете се од кавги со блиски луѓе или со домашните: ќе ве надзборуваат, ќе ве победат овој пат, колку и да ви звучи чудно. За пари – среќен месец, доаѓаат големи суми во деновите околу 7 август и 21 август, но ќе треба да се потрудите за да ги добиете. Голем трошок поврзан со домот некаде околу 25 август.

РАК – Паднатиот Марс шета низ вашиот знак, и ќе биде таму до 28 август. Нема да направи некои позначајни аспекти, со што би можел да ви наштети, освен во првите денови од месец август. Внимателно околу 1 август, постои можност за судир или кавга со авторитетна фигура: мајка, родител, претпоставен на работа, или полиција. Проблем ќе се појави можеби и каде што го нема, а причината ќе е банална. За пари – овој месец ќе имате повеќе од една можност да влетате во ризична комбинација.

ЛАВ – Ова е роденденскиот месец за вас, драги Лавови, ќе бидете полни со енергија, ентузијазам и достоинство, во полн елемент ќе сте. Често пати во првите денови по роденденот се случуваат убавите промени кои ги носи новата роденденска (соларна) година, па бидете отворени за сите идеи и опции. Ноќ без Месечина (06 август) се случува во вашиот знак, а тоа носи новини, како и нов начин на гледање на животот околу себе.

ДЕВИЦА – Сонцето влегува во соѕвездието Девица на 22 август, а Меркур го следи Сонцето наредниот ден – на 23 август и тој влегува во вашиот знак. Ако се трудите да си исполните некоја голема желба, внимателно да не се опечете во овој период. Посебно во врска со пари – бидете приземни, без импулсивно трошење, не преземајте ризици, ниту треба да сметате на среќа во овој месец, бидејќи нема да оди лесно, а многу детали кои во моментов ви се непознати, ќе ја изиграат клучната улога.

ВАГА – Веенра влегува во вашиот знак на 16 август, па ова ќе е ваш месец. Ќе имате повеќе од една шанса за добра забава, за љубов, за афера, доколку тоа го посакувате. Ако влета некоја нова особа во вашиот живот, тоа ќе биде проследено со силен магнетизам. Врската може брзо да започне но и да заврши. И внимателно: постои можност да ги измешате партнерските односи: кој е за постојано а кој е за кратко во вашиот живот, па подоцна да жалите заради ова.

СКОРПИЈА – Судири на мислите и верувањата, и ќе треба повеќе да внимавате како се изразувате. Ако сте во контакт со странци или сте на пат во странство – внимателно со сообраќај и документи. За љубов – летна авантура, која ќе е на граница да биде откриена. За пари – сè уште сте во фаза на давање, а ако треба да дадете поголем сума пари за нешто, 07 и 21 август се поволни за такво нешто.

СТРЕЛЕЦ – Туѓи пари ви стојат на располагање овој месец, или земате позајмица, кредит. Ако е позајмица, лесно ќе ги земете парите, но потешко ќе е да ги вратите, па внимателно договарајте, бидејќи постои можност нејасните делови од договорот за враќање на позајмицата да ви направат проблем подоцна.

ЈАРЕЦ – Директно спротивставување од некого или кавга што е започната од крај на јули, ќе има непредвидени разврски во првите денови од август. Победата може да е ваша ако сè заврши до 7 август, но не туркајте решение со сила, затоа што подоцна може да зажалите заради своите одлуки. Настани поврзани со туѓи пари околу 6 август, а околу 21 август ќе откриете празна каса или сметка, ваша или нечија. После 25 август, убави настани кои се движат во оваа насока: љубовни изјави од особа што не сте очекувале.

ВОДОЛИЈА – Активен месец за вас драги Водолии, а други луѓе ќе се во центарот на вниманието. Посебно обрнете внимание на деновите околу 21 август, полната Месечина е во вашиот знак: ќе ви стане јасно нешто што се однесува на вас лично. Уран е многу активен овој месец, прави повеќе аспекти со другите планети, па ќе ви донесе активности поврзани со документи, со роднини и полно кратки патувања.

РИБИ – Активниот Уран се наоѓа во вториот знак броено од вашиот, а тоа преведено на обичен јазик значи: пари, за земање или за давање. Тоа ќе ви е во центарот на внимание во текот на август. Уран се поврзува со ненадејни, непланирани, ризични или коцкарски потези кога е поврзан со пари. Совет од ѕвездите: не влегувајте во ризик или на слепо, колку и да мислите дека е добро пресметан. Пред крај на месецот ќе чуете неубава вест за некого.

RODENA SREDE PURPURNI VODOPADI,DETE NA ZVEZDITE,GOSPODARKA NA ZELBITE,RATNIK,TRAGAC TAINSTVEN OSAMENIK.
Кон врв
Gabriela_S Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 22.Февруари.2008
Локација: On the stone
Статус: Офлајн
Поени: 21943
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Gabriela_S Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Август.2013 во 22:37


Мааните на хороскопските знаци

ОВЕН

1. Овните имаат најманипулативен нарав. Би требало да научат како да го контролираат бесот.

2. Да се забавувате со Овен значи да бидете во врска со незрела и наивна личност, па понекогаш ќе ви се чини дека имате работа со тинејџер наместо со зрела и возрасна личност.

3. Овните сакаат да се впуштаат во нови нешта, но не можете да очекувате од нив дека ќе ја довршат работата, бидејќи во меѓувреме вниманието ќе им го одземе нешто друго.

4. Имаат големи проблеми со трпението.

5. Многу се себични и немојте да се чудите ако не се потрудат да ги сфатат вашите амбиции.

БИК

1. Биковите се познати по својата тврдоглавост, затоа немојте да очекувате дека ќе победуте во расправија. Тие едноставно не попуштаат.

2. Со среќа нека ви е поделбата на домашните обврски.

3. Нивните потреби се секогаш поважни од потребите на другите лица.

4. Ужасно се неинтересни.

5. Тешко се отвораат емотивно, па од нив не можете да очекувате да ги поделат своите грижи.

БЛИЗНАЦИ

1. Близнаците се во потполност неверодостојни личности.

2. Секој ден е предизвик бидејќи никогап не знаете која страна на личноста ќе преовлада.

3. Слаткоречиви се и многу ветуваат, но се останува само на зборови.

4. Брзо се заситуваат.

5. животот со Близнаците значи да се живее со полудовршени проекти и идеи.

РАК

1. Нивните промени во расположението се исцрпувачки.

2. Раковите се сколни на навреди, но никогаш нема да ја земат одговорноста за искажаното.

3.Наметливи се.

4. Можно е да се случи да ве запросат на вториот состанок.

5. Животот со Ракот може да биде прилично досаден. Така, тешко ќе ги натерате да одите во некој нов ресторан или на некое непознато патување.

ЛАВ

1. Со Лавот никогаш нема да се чувствувате сигурни во врската бидејќи се склони на флертување во било кој, било каде.

2. Никогаш нема да ве сакаат како што го сакаат својот одраз во огледалото.

3. Ниту еден Лав никогаш не признал дека не е во прво.

4. Нивната баналност е непријатна.

5. Мора да бидат во центар на вниманието, па секогаш покрај нив ќе бидете во сенка.

ДЕВИЦА

1. Склони се на осудување и на претерани критики.

2. Животот со Девицата значи дека секогаш ќе треба да го направите привот чекор.

3. Променливи се.

4. Несигурноста им е вродена.

5. Ако случајно оставите валкана чаша, ќе го памти тој „инцидент“.

ВАГА

1. Никогаш нема да знаете што навистина мислат, бидејќи Вагите ќе ви го кажат само она што мислат дека сакате да го чуете.

2. Донесувањето на одлука трае со часови.

3. Во секој момент може да ви го свртат грбот без никакво објаснување.

4. Опседнати се со физичката убавина.

5. Им недостига волја.

ШКОРПИЈА

1. Љубоморната Шкорпија е надалеку позната.

2. Никогаш нема да знаете што всушност чувстува бидејќи се склони кој манипулација дури и на своите чувства.

3. Спремни се да ве остават и да ве повредат како никој до тогаш.

4. Многу се таинствени.

5. Малите расправии ги претвораат во огромни драми.

СТРЕЛЕЦ

1. Стрелците се најлоши сослушувачи од сите хороскопски знаци.

2. Забавата е единствено нешто што им е во мислите.

3. Тие знаат апсолутно се, така што, среќно ако пробувате да ги научите нешто ново.

4. Многу се доминантни и склони да контролираат.

5. Често пати немаат осет на туѓите чувства.

ЈАРЕЦ

1. Нивниот приоритет е работата и тоа јасно ќе ви го кажат.

2. Два збор: контрол фрик!

3. Се што прават, прават исклучиво поради себе и не се грижат дали ќе ве повредат.

4. Ја сакаат рутината па врската во нив е многу досадна.

5. Затворени се зад своите ѕидови.

ВОДОЛИЈА

1. Водолиите го живеат во својата глава и често се чини дека се отсутни.

2. Тие секогаш знаат што е најдобро па врската во нив може да се чини дека е константно добивање инструкции.

3. На состаноците ретко ќе бидете сами заедно, бидејќи го сакаат своето друштво.

4. Сакаат однапред да донесуваат заклучоци и да осудуваат.

5. Секогап ќе знаете што мислат, но не и што чувствуваат.

РИБИ

1. На Рибите им е потребен многу простор.

2. Не можете да ги натерате да го довршат она што го започнале.

3. Ретко знаат што сакаат од животот.

4. Рибите ќе ги жртвуваат своите потреби и емоции за врската да биде поквалитетна, но подоцна ќе ви замерат за тоа.

5. Секоја своја врска ја идеализираат, но од вас очекуваат да ги исполните нивните фантазии за совршен партнер.


Кон врв
FosterThePeople Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 17.Декември.2011
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 1147
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај FosterThePeople Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 01.Август.2013 во 14:30
Со што освојува секој хороскопски знак?

Овенот освојува со својот сексапил.

Бикот освојува со својата амбициозност и успешност.

Близнакот освојува со поглед.

Ракот освојува со бакнеж.

Лавот освојува со својот неприкосновен шарм.

Девицата освојува со рамнодушност.

Вагата освојува со мудроста која ја поседува.

Скорпијата освојува преку сексот.


Стрелецот освојува со добриот изглед.

Јарецот освојува со својата прекрасна насмевка.

Водолијата освојува со својата добродушност.

Рибата освојува со нежност.
I just wanna feel real love.
Кон врв
Schatzii7 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Unglaublich

Регистриран: 19.Октомври.2011
Локација: Lost somewhere
Статус: Офлајн
Поени: 7061
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Schatzii7 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Јули.2013 во 17:03
»Wenn ein Deutscher einen Zug ausrauben möchte, kauft er sich als erstes eine Fahrkarte.« :) (Lenin 1917)
Кон врв
Schatzii7 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Unglaublich

Регистриран: 19.Октомври.2011
Локација: Lost somewhere
Статус: Офлајн
Поени: 7061
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Schatzii7 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Јули.2013 во 16:55
не ми оди ова погодувањевосреќа
знаев дека имаше нешто со девица спомнатосвиркање


Изменето од Schatzii7 - 29.Јули.2013 во 16:56
»Wenn ein Deutscher einen Zug ausrauben möchte, kauft er sich als erstes eine Fahrkarte.« :) (Lenin 1917)
Кон врв
LiDivio Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор


Регистриран: 19.Мај.2010
Статус: Офлајн
Поени: 7265
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај LiDivio Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Јули.2013 во 16:53
Originally posted by Schatzii7 Schatzii7 напиша:


Ни помош ни ништо тага туку се си мислам дека ти беше роденден зимно време?

ДЕВИЦА беше тисмеење





стрелец...

подзнак сум девица.

Изменето од LiDivio - 29.Јули.2013 во 16:54
Кон врв
Schatzii7 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Unglaublich

Регистриран: 19.Октомври.2011
Локација: Lost somewhere
Статус: Офлајн
Поени: 7061
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Schatzii7 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Јули.2013 во 16:52
Ни помош ни ништо тага туку се си мислам дека ти беше роденден зимно време?

ДЕВИЦА беше тисмеење


Изменето од Schatzii7 - 29.Јули.2013 во 16:53
»Wenn ein Deutscher einen Zug ausrauben möchte, kauft er sich als erstes eine Fahrkarte.« :) (Lenin 1917)
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 5960616263 157>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,422 секунди.