IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Здравје > Исхрана и кулинарство
  Активни теми Активни теми RSS - Рецепти за торти и други благи работи
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Рецепти за торти и други благи работи

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 45678 56>
Автор
Порака Обратен редослед
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Октомври.2015 во 13:25

Црно злато: Вкусна крем торта од кафе

crno-zlato-vkusna-krem-torta-od-kafe-www.kafepauza.mk
Потребни состојки:
За тестото:

  • 3 јајца
  • 120 грама шеќер во прав
  • 2 белки
  • 120 грама брашно
  • 1/2 лажичка цимет
  • 1 лажичка мелено кафе
  • 1 лажичка прашок за печиво

За филот:

  • 100 грама путер
  • 150 грама путер од кикирики
  • 2 лажици шеќер
  • 100 милилитри слатка павлака

За преливот:

  • 100 грама чоколадо
  • 1 лажичка путер
  • 2 лажички вода
  • Шеќер во прав, по вкус

Начин на подготовка:

Загрејте ја рерната на 180 степени. Изматете го јајцето со шеќерот, така што претходно ќе ја издвоите белката и посебно ќе ја изматите. Брашното измешајте го со циметот, кафето и прашокот за печиво, па потоа додајте го на јајцето, заедно со пената од белката. Смесата сипете ја во калап кој е намачкан со масло и печете во рерна 40-тина минути. Откако ќе завршите, оставете го тестото да се олади.

За филот, изматете ги двата видови путер со шеќерот и потоа додајте ги на слатката павлака. Измешајте добро.

Тестото пресечете го на 3 дела, со цел да добиете 3 паралелни кори. Поставете ја едната, па врз неа додајте од филот, а потоа повторете го истото и со втората. Поставете ја и третата кора, но врз неа додадете го преливот, кој ќе го направите така што ќе го стопите чоколадото со малку вода, шеќер и путер. Премачкајте ја тортата со него и оставете во фрижидер најмалку 3 часа пред служење.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Октомври.2015 во 20:46

ЕКСПРЕС КОЛАЧ

Ако ви се јаде нешто слатко и домашно подготвено за миг, идеално решение е брзниот, чоколаден колач готов за пет минути.Сите состојки веројатно веќе ги имате, па фатете се за подготовка.

Состојки:

4 лажици брашно

2 лажици шеќер

2 лажици какао во прав

1 јајце

3 лажици млеко

лажица масло

екстракт од ванила

лажичка ликер од вишна или чоколадо (по желба)

2 лажици ситно исецкана чоколада (не е задолжително)

Подготовка:

Ставете ги сувите состојки во мал сад (брашно, шеќер, како). Додадете јајце и помешајте. Додадете масло, млеко, екстракт од ванила и по желба ликер. Енергично мешајте додека не добиете компактна смеса. На крајот додадете од чоколадото.

Смесата ставете ја во микробранова три минути на максимална температура. Колачот е готов.



Изменето од Valerija - 24.Октомври.2015 во 20:46
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Октомври.2015 во 08:51

Декоративни колачиња: Какао цветови


Овие декоративни колачиња имаат одличен вкус и совршено одат со чај и кафе.

Потребни состојки:

  • 250 гр. путер (или 200 гр. маст)
  • 500 гр. брашно
  • 150 гр. шеќер
  • 2 јајца
  • 1 прашок за пециво
  • 1 ванилин шеќер
  • 2 големи лажици какао прав
  • 100 гр. бело чоколадо
  • 100 мл. слатка павлака
  • 100 гр. маргарин

Подготовка:

Измешајте го брашното, какаото, прашокот за пециво и ванилиниот шеќер. Додадете насецкан маргарин и замесете ја смесата. Потоа додадете ги јајцата и уште еднаш премесете.

Растегнете го тестото многу тенко. Со модла направете ги саканите облици и печете околу 10 минути. Колачињата не смеат да се исушат и да бидат тврди.

Додека колачињата се ладат подгответе крем. Загрејте ја слатката павлаката, додадете чоколадо и маргарин. Добро измешајте, почекајте кремот да се излади, наполнете го шприцот.Филувајте ги кексите по желба и украсете го ситно рендано чоколадо.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Октомври.2015 во 08:36

Бејлис торта


Потребни состојки:

за кора:

  • 5 јајца
  • 10 лажици шеќер
  • 10 лажици вода
  • 160 г брашно
  • 120 г мелени ореви
  • 2 лажици какао
  • 1 прашок за печиво

за фил:

  • 2 јајца
  • 4 лажици шеќер
  • 4 лажици густин
  • 400 мл млеко
  • 3 лажици ликер „Бејлис“
  • 200 г путер
  • 100 г шеќер во прав

а прелив:

  • 300 мл млеко
  • 50 г кафеав шеќер
  • 100 мл Бајлис ликер
  • шлаг за украсување

Начин на подготовка:

1. За подготовка на кората, најпрво со миксер убаво изматете ги шеќерот и јајцата. Кога ќе добиете хомогена смеса додадете ги и останатите состојки и рачно измешајте ги. Сипете ја смесата во кружен калап и печете 30 минути на 180 Целзиусови степени. Кога ќе се испече исечете го на три еднакви кругови.

2. За подготовка на филот изматете ги двете јајца, шеќерот, густинот и ликерот. Млекото ставете го да зоврие, а потоа во него додадете ја смесата од другите состојки. Мешајте на оган додека не ја добиете потребната густина. Путерот и шеќерот во прав изматете ги со миксер и откако другата смеса ќе се олади, додадете ги и нив во неа. Убаво измешајте.

3. За подготовка на преливот сите состојки ставете ги во тенџере на оган и оставете ги убаво да се соединат.

4. Ставете еден дел од пандишпанот на послужавник, посипете го со преливот, намачкајте го со подебел слој од филот и поклопете го со друг дел од пандишпанот. Повторете го истото и со последниот круг од пандишпанот. По избор декорирајте со шлаг.

 

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 30.Септември.2015 во 13:49

Направете крем-карамел колач


Ако сакате кремасти и мошне привлечни слатки задоволства, тогаш го најдовте вистинскиот рецепт. Крем-карамел колачот се прави едноставно, а ќе ве освои од прва.

Потребни состојки за преливот:

  • 120гр шеќер
  • 2 лажици вода

Потреби состојки за колачот:

  • 3 јајца
  • 500мл млеко
  • 50гр шеќер
  • стапче ванила
  • половина лажичка густин

Начин на подготовка:

Загрејте ја рерната на 160°С.

Истурете го шеќерот во подлабок сад и додадете 2 лажици вода. Загревајте додека смесата не зарумени, а потоа топлата карамела истурете ја во помал керамички сад или во еден сад со средна големина.

Во сад истурете го млекото и додадете ја содржината на ванила од стапчето. Млекото загрејте го, но не до точка на вриење, а потоа тргнете го од ринглата и оставете го неколку минути.

Во посебен сад изматете 3 јајца, 50гр шеќер и густин, а потоа додадете го топлото млеко. 

Смесата сипете ја во садот каде што ја ставивте карамелата, а потоа садот ставете го во поголем, кој до половина ќе го наполнете со топла вода. Садот со останатите садови, ставете го во загреана рерна и печете 45-60 минути, додека не зарумени.

Почекајте колачот да се излади, поклопете го и оставете го да се лади во фрижидер уште неколку часа. Кога ќе посакате да сервирате, превртете го колачот и исечете го.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Септември.2015 во 21:31

Десерт на денот: Торта од чоколадни палачинки


Време е подготовката на палачинки да ја подигнете на едно поинакво и повкусно ниво. На пример, нека бидат од чоколадно тесто и во облик на торта.

desert-na-denot-torta-od-cokoladni-palacinki-01.jpg

Звучи и изгледа примамливо?

Потребни ви се следниве состојки:

  • 175g брашно
  • 1 лажичка прашок за печиво
  • 25-30g квалитетно какао
  • 100g шеќер
  • Малку сол
  • 4 лажички масло
  • 2 лажички екстракт од ванила
  • 350ml млеко

За филување и декорација:

  • Шлаг пена
  • 30g шеќер во прав
  • Чоколаден прелив или стопено чоколадо
  • Овошје по желба

Подготовка:

Во длабок сад измешајте ги сувите состојки за палачинките, а потоа додадете го маслото, млекото и ванила екстрактот.

desert-na-denot-torta-od-cokoladni-palacinki-02.jpg

Матете додека не добиете мазна смеса.

desert-na-denot-torta-od-cokoladni-palacinki-04.jpg

На тава со малку масло за печење правете палачинки со идентична големина.

desert-na-denot-torta-od-cokoladni-palacinki-05.jpg

desert-na-denot-torta-od-cokoladni-palacinki-06.jpg

Оставете ги палачинките да се оладат, а во меѓувреме изматете ја шлаг пената со шеќерот во прав.

Редете палачинка, па 3 лажици од шлаг пената, а ако сакате може да додадете и овошје на секоја втора или трета палачинка.

desert-na-denot-torta-od-cokoladni-palacinki-07.jpg

Кога ќе завршите, прелијте ги палачинките со стопено чоколадо или чоколаден прелив. Украсете со овошје.

desert-na-denot-torta-od-cokoladni-palacinki-08.jpg

desert-na-denot-torta-od-cokoladni-palacinki-09.jpg

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Септември.2015 во 14:39

КРЕМИСИМО СО КЕКСИ

17

Состојки:

  • 14 јајца
  • 200 гр шеќер во прав
  • 400 гр чоколадо
  • 500 гр маргарин
  • 300 гр мелени кекси
  • 6 лажици шеќер
  • 400 гр крем шлаг од чоколадо
  • 4 дл млеко

Приготвување:
1. Се мешаат жолчките и шеќерот во прав па се матат на пареа. Се додава скршеното чоколадо и се меша додека не се стопи.
2. Во изладениот крем се додава пенесто изматен маргарин и се меша. На крајот се додаваат мелените кекси и полека се промешува.
3. Посебно се матат белките во цврст снег, а потоа постепено се додава шеќер и се мати со миксер додека не се стопи.
4. Се меша кремата од чоколадо со шамот од белки и полека се промешува.
5. Добиената крема се дели на два дела. Од едниот дел се пече кора, а другиот дел се остава за крем.
6. Тркалезен калап за торта се обложува со хартија за печење па се става 1/3 од смесата за кората. Се пече во загреана рерна на 200 ºЦ околу 20 мин. На ист начин од преостанатиот материјал се печат уште две кори.
7. Првата кора се премачкува со половина од оставената смеса за крем и се преклопува со другата кора. Истата постапка се повторува уште еднаш.

8. Крем шлагот од чоколадо се мати со млекото и се премачкува тортата.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Септември.2015 во 16:04

Домашни вкусни еклери


Еклерот е еден од најомилените десерти кај нас. Најчесто знаеме да отидеме до слаткарница и да си купиме неколку за дома, но ние овојпат решивме да ви понудиме еклерите да си ги направите сами и да ги изненадите вашите најблиски.

Потребни состојки:

  • 330 гр. путер
  • 110 гр. шеќер во прав
  • Кесичка ванилин шеќер
  • 2 јајца
  • 230 гр. брашно
  • 100 гр. чоколадо

Подготовка: 

1. Исечете 180 гр. путер на мали коцки и оставете да омекнат на собна температура. Потоа додадете 60 гр. шеќер во прав и ванилин шеќер и убаво промешајте.

2. Константно мешајќи додадете ги јајцата и на крај просеаното брашно. Ставете ја смесата во шприц и обликувајте ги еклерите во посакуваната форма на хартија за печење која сте ја ставиле над плехот. Печете на 180 степени 15-на минути, па оставете да се олади.

3. Земете 150 гр. путер со 50 гр. шеќер. Чоколадото стопете го и почекајте да се олади па додадете го путерот и шеќерот. Нанесете го филот на печеното тесто и поклопете со другиот дел од испеченото тесто. 

4. Земете чоколадо за готвење, малку маргарин и шеќер, какао и млеко по желба, сето ова сварете го и потоа прелијте ги еклерите.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Септември.2015 во 12:30

ЛЕСНА И ПРЕВКУСНА БУТЕР ТОРТА

13

Состојки:

1 кг бутер тесто (замрзнато лиснато тесто- само да напоменам дека пред употреба треба да стои барем 12 часа во фрижидер за да се одмрзне убаво за да може да се обработи понатаму )

1,5 пакетчиња пудинг од ванила

750 мл млеко

15 супени лажици шеќер

100 гр путер

200 мл слатка павлака

150 гр чоколадо за готвење

Растегнете го бутер тестото и поделете го на три еднакви правоаголници. Парчињата поставете ги во тавички обложени со хартија за печење. Корите се печат во претходно загреана рерна на висока температура се додека не добијат златно-кафена коричка. Направете го пудингот според упатството. Оставете да се олади, па во пудингот додадете го матениот путер и добро измешајте. Додадете ја во кремот и матената павлака, при што се меша само во еден правец за да не спласне. Ставете ја првата кора во соодветна според димензии тавичка и намачкајте ја со дебел слој од кремот. Потоа следува второто бутер тесто и повторно крем. На крај оди третото бутер тесто кое се покрива со стопеното чоколадо. Торатата треба да отстои 5-6 часа во фрижидер пред да се сервира.



Изменето од Valerija - 16.Март.2018 во 09:22
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 12.Септември.2015 во 17:56

РАФАЕЛО ТОРТА

1

Еднаш да ја пробате и ќе стане вашата омилена торта

Потребни состојки за кората:

–      8 белки

–      8 лажици шеќер

–      200 гр кокосово брашно

–      6 лажици млеко

–      6 лажици масло

–      4 лажици густин

–      2 лажици пециво

Потрени состојки за жолт фил:

–      300 мл млеко

–      5 лажици шеќер

–      1 пудинг од ванила

–      150 гр путер

–      100 гр мелени лешници

Потребни состојки за кафен фил:

–      8 жолчки

–      8 лажици шеќер

–      1 кесичка ванила

–      150 гр чоколада за готвење

–      150 гр путер

–      шлаг за декорација

Подготовка:

4 белки изматете ги со 4 лажици шеќер. Кога пенесто ќе се измати додајте 100 гр кокос, 3 лажици млеко, 3 лажици масло, 2 лажици густин и една лажица пециво. Печете на 180 степени додека не се исуши горниот слој. Истото повторете го со остатокот од состојките. Кога корите ќе бидат испечени попраскајте ги со млеко.

Ставете на оган 300 мл млеко со 5 лажици шеќер. Кога ќе проврие додајте го пудингот од ванила. Во изладената смеса додајте го путерот и 100 гр пропржени лешници.

Изматете ги 8-те жолчки со 8 лажици шеќер и една кесичка ванилин шеќер. Сето тоа правете го на пареа. Додајте 150 гр чоколада за готвење и продолжете со мешање додека смесата не се изедначи. Оставете ја смесата да се излади, а потоа додајте го путерот.

Редете кора па жолт фил, кора па кафен фил. На крајот може да ја декорирате тортата со шлаг.

 

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Септември.2015 во 17:42

Рајски десерт: Лесна торта од бадеми


Ова е десерт кој ќе ве освои! Подгответе вкусна, лесна торта со бадеми, чоколадо и слатка павлака – ќе ја обожавате.

Потребни состојки:

За кора:

  • 80 гр. путер
  • 80 шеќер шеќер
  • 1 ванилин шеќер
  • малку сол
  • 5 јајца
  • 100 гр. брашно
  • 100 гр. меко брашно
  • 2 лажички прашок за пециво
  • 100 гр. мелени бадеми
  • путер и брашно за подмачкување на калапот за печење на кора

За филот:

  • 500 мл. млеко
  • 2 лажички какао
  • 50 гр. шеќер
  • 100 гр. чоколадо
  • 250 гр. путер

За украсиување

  • 50 гр. кршени бадеми
  • 150 мл. слатка павлака
  • 16 чоколадни карамели

Подготовка:

1. Изматете ги путерот, шеќерот и ванилиниот шеќер. Додадете малку шеќер и жолчките. Потоа додадете го стопеното чоколади и изматениот шлаг од белките. На крај додадете ја мешавината од брашно и прашокот за пециво, какаото и мелените бадеми. Печете на 170 степени околу 40 минути. Кога ќе го извадите од рерната оставете кората малку да се излади.

2. Сварете го млекото, какаото и шеќерот. Оставете да се излади со константно мешање, потоа додадете го путерот. Хоризонтално пресечете ја кората . Премачкајте ја целата торта со преостанатата смеса. Ивицата од тортата украсете ја со смелени бадеми. Ставете ја во фрижидер да се излади. Потоа украсете со карамелата и слатката павлака.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Август.2015 во 13:41

АНАНАС КОЛАЧИЊА

naopaki


  • 800гр конзервиран ананас
  • 70гр кафеав шеќер
  • 120гр путер
  • 150гр брашно
  • 160гр шеќер
  • половина лажичка прашок за пециво
  • 120мл сок од ананас
  • 1 јајце
  • половина лажичка екстракт од ванила
  • малку сол

полнење:

  • 3/4 шоља слатка павлака
  • 2 лажици шеќер
  • 12 кандирани цреши или вишни

Начин на подготовка:

Чекор 1: Вклучете ја рерната на 180°C. Ставете масло на калапите. Извадете го ананасот од конзерва и ставете го на хартија да се исцеди. Сокот може да го користите подоцна. Истопете го путерот и помешајте со кафеав шеќер. Добиената смеса ставете ја дното од калапот за мафини – околу 2 лажици во секоја.

Чекор 2: Исцедениот ананас исецкајте го на помали парчиња, па додадете ги преку путерот и шеќерот на дното од калапите. Обидете се убаво да изгледаат – како цвет.

Чекор 3: Во подлабок сад матете брашно, 3/4 шољи шеќер, прашок за пециво и малку сол. Додадете путер и сок од ананас и матете рачно. На крајот додадете јајце и екстракт од ванила. Мешајте додека не добиете компактна смеса. Прелијте преку парчињата ананас во калапите, така што ќе бидат еднакво пополнети.

Чекор 4: Печете околу 20-25 минути. Боцнете со чепкалка да проверите дали тестото е испечено. Доколку чепкалката е чиста, колачот е испечен. Извадете ги од рерна и оставете да се олади 5 минути.

Чекор 5: Изматете слатка павлака со шеќер додека не се згусне. Ставете ја преку оладениот колач, и декорацијата заокружете ја со кандинирани цреши или вишни!

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 09.Август.2015 во 22:13

ЕКСТРЕМНО ЧОКОЛАДНА ТОРТА

6

Состојки

·         2 шолји бел шеќер

·         1, 3/4 брашно

·         3/4 какао прав

·         1, 1/2 мала лажичка сода бикарбона

·         1, 1/2 мала лажичка пециво

·         1 мала лажичка сол

·         2 јајца

·         1 шолја млеко

·         1/2 масло за готвење

·         2 мали лажички екстракт од ванила

·         1 шолја превриена вода

 За прелив:

·         3/4 шолја путер

·         1, 1/2 шолја како прав

·         5, 1/3 шеќер

·         3/4 шолја млеко

·         1 мала лажичка екстракт од ванила

Начин на подготовка

Загрејте ја рерната на 350 степени. Ставете малку масло и брашно во 2 тавчиња за да не се залепи.

Искористете ја првата група на состојки за да ја направите тортата. Во еден сад ставете ги шеќерот, брашното, какаото, сода бикарбоната, пецивото и солта. Додаjте ги јајцата млекото маслото и ванилата и мешајте со миксер околу 3 минути. Додаjте ја полека водата. Распределете ја смесата во двете тавчиња.

Печете околу 30 до 35 минути во предходно загреаната рерна. Кога ќе ги извадите тортите изладете ги 10 минути надвор од тавите пред да ги додадете останатите состојки.  

За да го направите преливот искористете ја втората група на состојки. Мешајте го со миксер путерот додека не стане кремаст. Додадете го какаото и шеќерот заедно со млекото и ванилата. Мешајте додека состојките не се соединат.

Намачкајте ги двата слоја на торта со преливот и залепете ги еден со друг. Со остатокот од преливот намачкајте ја цела торта.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Август.2015 во 18:50

Супер вкусни колачиња од 3 состојки


Во миговите кога ви се јаде нешто благо, а супер лесно за приготвување ви препорачуваме да ги испробате овие колачиња за кои ќе ви бидат потребни само 3 состојки.

  • 2 изгмечени банани 

  • 1 шолја овесни снегулки 

  • ¼ шолја ситни парченца чоколадо

Загрејте ја рерната на 150 степени. Во плехот во кој планирате да ги печете колачињата ставете хартија за печење. Потоа сите состојки споете ги во една целина и со помош на лажица формирајте мали колачиња. Печете 10-тина минути.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 45678 56>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,283 секунди.