|
Што мислите за новиот спот на Милчо Манче |
Внеси реплика | страница <1 45678 21> |
Автор | |
mamamd
Сениор Почесна конзулка Регистриран: 02.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 25679 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Aman lugje zoshto se karame...pa za vkusovite ne se diskutira... kade pishuva deka se mora da ni se dopagja na site. Kade pishuva deka treba da se karame zatoa shto ne ni se sovpagjaat vkusovite? Mene pa bash toj del so lubenicata mnogu mi se dopagja, da se vidi deka ima shto da se osvezat koga kje dojdat kaj nas
|
|
moira
Сениор ...The Goddess... Administrateur adjoint Регистриран: 06.Јуни.2007 Статус: Офлајн Поени: 26016 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Воопшто не го наметнувам моето мислење туку како и сите останати дадов свое видување и мислам дека бев јасна што не ми се допадна и зошто...и секако имам право да го кажам тоа гласно! Ти праша што не ни се допаѓа во спотот, а во нашите постови баш зборуваме што е тоа што не ни се допаѓа, мислам дека сме јасни. Поздрав |
|
BIB
Група Регистриран: 30.Ноември.2007 Локација: Belgium Статус: Офлајн Поени: 68 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Sto saka da kaze spotot?Pa normalno, dojdete vo makedonija i videte gi site ubavini(kokino,stobi ,k*rbinovo,konopiste,prespa ,ohrid,prilep,krusevo........)a seto toa prikazano preku volsebnata slikovnica na devojceto koe patuva vo zemjata na cudata MAKEDONIJA.
|
|
chuchuliga
Сениор Регистриран: 27.Мај.2006 Статус: Офлајн Поени: 893 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
da, toa e mnogu ubava ideja,megjutoa, prvo, treba da se ima vo predvid deka ova e za shiroka publika koja NE JA ZNAE Makedonija, i na koja i trbea vreme neshto da VIDI, ISPERCEPIRA, PROCESIRA i dobie vpechatok i zhelba da dojde kaj nas... Od toa vo tie nekolku sekundi ne se gleda apsolutno nishto. Vo sekjavanjeto ostanuva samo devojceto pred spienje, kako cita slikovnica (toa go ima vo sekoja zemja na svetov) i kako jade lubenica koja i ja dala edna baba so shamija na glavata (kazhete mi dali deneshnite makedonski babi nosat shamii? Mozhebi retko po nekoi sela. Toa vekje pripagja na postarata generacija)... Ili eden chuden lik kako nekoja karikatura na nekoj divjak so bozdogan shto bulji ko idiot (koj treba da go pretstavuva Krali Marko).Ili toj nekoj koj mozhebi bi trebalo da lichi na Ace makedonski, a e lik na nekoe skopsko shminkerche shto zhivee "u shema"...losh kasting, Milcho, losh kasting (kako i vo Senki). Izvinete, ama 190 000 evra za takvo neshto da se dadat e skandalozno. Ova ne e turistichka reklama, ova e kratko filmche na subjektivniot pogled na Milcho vrz negovata Makedonija. Za toa toj si napravi filmovi, no toa se negovi lichni tvorbi. Negovo pravo kako umetnik e da prodolzhi vo svoeto tvoreshtvo da crpi inspiracija od rodnata grutka. Lugje, site ne biva za po neshto. No ne biva eden chovek za SE. Takvo neshto ne postoi. I fala Bogu shto e taka. Moe mislenje: losh spot, izbrzan, so totalno nejasna sodrzhina, ideja i cel. Mojata Makedonija e poinakva i mnooogu pobogata od ova tuka pretstavenovo. Изменето од chuchuliga - 25.Декември.2008 во 15:43 |
|
МАРШАЛ
Сениор ГРОБАР ДО ГРОБА Регистриран: 06.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 44396 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
spotot e ok ........... prikazano e tocno ona sto treba ...... Makedonskoto ........ i nema sto da se prikazuva nisto povekje ........ ta , neli e ova MAKEDONIJA ?
|
|
Aminta2
Сениор Регистриран: 11.Март.2008 Статус: Офлајн Поени: 361 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Не се караме за вкусови, туку за употребната вредност на овој спот. За жал, најодговорно тврдам дека спотот не покажува ништо и дека е чист промашај.
Да имаше целина, да кажеше - ете тоа е Македонија, јас прв ќе го фалев и афирмирав. Но не го прави тоа. Прави евтина имитација. Ми изгледа работава дека нашол Милчо и зашол. Треба одново да се снима - ама без никаква друга надокнада. Изменето од Aminta2 - 25.Декември.2008 во 18:24 |
|
nelson
Сениор НАИВЕН НА МАЈКА Регистриран: 11.Октомври.2008 Статус: Офлајн Поени: 6313 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
mozda...vo nekoj drug zivot...nema sansa...parite gi popala maca
|
|
Zeleo bih da te, vezanih ociju, prepoznajem u hiljadama.Ala bih se napipao!
|
|
kultuzin
Сениор Регистриран: 03.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4903 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Спротивставени реакции во јавноста за промотивниот спот за Македонија направен од најдобриот македонски филмски режисер Милчо Манчевски.
Најголемиот дел од реакции за спотот објавени на веб сајтот на А1 се однесуваат на едностраното презентирање на Македонија како исклучиво христијанска земја. За дел од гледачите на А1, спорна е оригиналноста на приказната на спотот со сликовницата, која ја има и во спотот за светска промоција на Грузија објавен на веб сајтот на YouTube во 2006. Забелешки за спотот доаѓаат од сите краеви на Македонија кои не се застапени во спотот. Критиките се однесуваат пред се на доминантната позиција на Охрид во приказната во која се забележуваат и технички пропусти. Во 13. секунда пред куќата во Велес јасно се гледаат заборавени рефлектори, а во 24. секунда во кадарот во кој се гледа момче, за кое се претпоставува дека е младиот Александар Македонски, се забележуваат технички недоследности. Режисерот Манчевски во телефонска изјава за А1 вели дека спотот има современ естетски пристап или свртување на вниманието на самата изработка на спотови која централно место има пораката за себеповикување. Тој не го гледал спотот за Грузија, но според него нормално е да се слушаат споредби со него поради злите јазици во Македонија. „Секој има право на свое мислење, маанџии колку сакаш, ама едвај чекам маанџиите да седнат и да сработат самите нешто добро. Во почетокот на спотот, во отприлика една четвртина од секунда се појавува куќа во Велес и пред неа рефлектори, рефлекторите со кои работевме снимени се и тој кадар е намерно оставен во спотот“, изјави Милчо Манчевски, режисер за спотот. „Тоа е дел од еден суптилен структуралистички пристап кон делото, кон уметноста, каде што малку се насочува гледачот да го забележи суптилно и самиот процес на создавање на делото“, додаде Манчевски. Скулпторот и академик Томе Серафимовски во Студио 2 вчера не беше воодушевен од последното уметничко дело на Манчевски. „Јас имам страшни симпатии спрема неговото творештво, но овој спот, мене ми е многу жал, не ги исполни моите очекувања, меѓутоа она што е направено ми делува премногу, во старата античка историја се вели - дорски, оти дорските племиња биле најратоборни. Премногу дорски ми делува, премногу ратнички“, рече вчера за Студио 2 академик Томе Серафимовски. Гледачите на А1 забележуваат и на фактот што секвенцата која се однесува на народната песна „Биљана платно белеше“ не се случува на Охридското Езеро. Зад кадарот во оваа сцена јасно се гледа Големиот Остров или Змискиот Остров во Преспанското Езеро. Според реакциите кои дојдоа до А1, навредени се и голем број гледачи на А1 од источна Македонија, Битола, Прилеп и други градови кои не се доволно застапени во спотот. Од денеска овие инсерти со убавините на Македонија се емитуваат на „Си-Ен-Ен“ и на „Си-Ен-Ен Интернешнл“, а ќе биде адаптиран и на уште осум јазици. Мислам дека како што мамамд рече за вкусовите не треба да се коментира, меѓутоа исто така не треба да се дискутира ни за техничките пропусти, тие едноставно не се дозволиви за еден спот со толкав буџет... А најтрагично од се е тоа што Милчо како и секој уметник се правда со реченицата „НАМЕРНО Е ТАКА„... Епа не сум баш сигрен дека во еден спот со кој се представува АНРИКАТА на една држава намерно се оставени микрофони да се гледаат... |
|
nelson
Сениор НАИВЕН НА МАЈКА Регистриран: 11.Октомври.2008 Статус: Офлајн Поени: 6313 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
pa sega so ke reces za grujo?...vo red li e sega ova?
ili pak ke go opravduvas, deka toj ne go prael itn... |
|
Zeleo bih da te, vezanih ociju, prepoznajem u hiljadama.Ala bih se napipao!
|
|
kultuzin
Сениор Регистриран: 03.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4903 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Еве овде може да видите директна споредба со Грузискиот спот, дали Македонската верзија е само плагијат???
Македонскиот спот во директна споредба со Грузискиот Јас сепак мислам дека нашиот спот е многу поинтезивен а и има многу повеќе да се види.... |
|
МАРШАЛ
Сениор ГРОБАР ДО ГРОБА Регистриран: 06.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 44396 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
normalno deka ima ......... sto kje se vidi kaj gruziskiot posle pominuvanje na Ruskata armija ?
|
|
kultuzin
Сениор Регистриран: 03.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4903 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
2006 е Грузискиот спот ама изгледа ни пред тоа ништо немале, ја гледав целосната верзија од 4 минути и навистина бедно, некоку луге на една планина и толку... А ние ќе се испотепавме зошто небило се прикажано па полека бе луге не е толку лесно на толку убавини,,, |
|
МАРШАЛ
Сениор ГРОБАР ДО ГРОБА Регистриран: 06.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 44396 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
koj saka moze da komentira sto saka .............. jas kazav .... spotot e ok ........... prikazano e tocno ona sto treba ...... Makedonskoto ........ i nema sto da se prikazuva nisto povekje ........ ta , neli e ova MAKEDONIJA ?
|
|
kultuzin
Сениор Регистриран: 03.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4903 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Што мислиш за техничките пропусти??? |
|
Внеси реплика | страница <1 45678 21> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |