|
ФИФА СП (Мундијал) |
Внеси реплика | страница <1 45678 38> |
Автор | |
aLbaneso
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор Регистриран: 27.Септември.2009 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 933 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Бараж натпревари за пласман на СП 2010:
Р.Ирска - Франција Португалија - БиХ Грција - Украина Русија - Словенија |
|
Љаеш НЕ касаш !
|
|
fiks
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Администратор ПРАВДОЉУБЕЦ Регистриран: 18.Април.2005 Локација: Македонија Статус: Офлајн Поени: 24000 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
НАЈАВА ЗА БАРАЖ МЕЧЕВИТЕ ЗА ПЛАСМАН НА СП 2010 ГОДИНА
Бараж мечевите за пласман на Светското првенство во фудбал се играат овој викенд. На пет мечеви репрезентациите ќе се борат да стекнат предност за реваншите, додека на еден дуел ќе падне одлука кој ќе патува за Јужна Африка. Нов Зеланд ја пречекува селекцијата на Бахреин и е близу до успех бидејќи на првиот меч избори нерешен резултат 0:0. Во првиот дуел меѓу Костарика и Уругвај нема фаворит, иако јужноамериканската селекција на хартија е поблизу до конечен успех. Што се однесува до дуелите во Европа, единствени изразити фаворити се Русија против Словенија, и Португалија против БиХ. Мотивираната Ирска ќе се обиде да стекне какава таква предност против неубедливите Французи, исто како и Грција против непредвидливата Украина. Сабота, 14 ноември: 08:00ч Нов Зеланд - Бахреин 17:00ч Русија - Словенија 19:00ч Грција - Украина 21:00ч Република Ирска - Франција 21:30ч Португалија - Босна и Херцеговина Недела, 15 ноември: 03:00ч Костарика - Уругвај. |
|
Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена, само шлаг пена ќе бидеме и можеби неколку жолти ракии. |
|
гoстин
Сениор Регистриран: 29.Февруари.2008 Статус: Офлајн Поени: 7557 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Denes se igraa Baraz Natprevarite i drugite ostanati kvalifikaciski partii za plasman za SP vo Juzna Afrika 2010!!!
Baraz Natprevarite vo Evropa: Rusija - Slovenija 2-1 Grcka - Ukrajna 0-0 Irska - Francija 0-1 Portugalija - Bosna 1-0 Baraz Natprevari Amerika/Asia/Avstralija Nov Zeland - Baharain 1-0 Kosta Rika - Urugvaj 3:00 Saat. Kvalifikacii Afrika Zona: Grupa A Maroko - Kamerun 0-2 Togo - Gabun 1-0 Grupa B Kenia - Nigerija 2-3 Mozambik - Tunis 1-0 Grupa C Ruanda - Zambia 0-0 Egipet - Algerija 2-0 Grupa D Sudan - Benin 1-2 Grupa E Burkina Faso - Malawi 1-0 Bregot n.s.k. - Guinea 3-0 ----------------------------------------------- Od Afrika se plasiraa, Kamerun, Nigeria, Gana, Bregot n.s.k. a Algeria i Egipet ke mora uste eden natprevar da odigrata na neutralen teren poradi toa sto iskoci da imaat i dvete ekipi isti poeni isto golovi dadeni i isto primeni...Natprevarot ke se igra vo Sudan taka da nema nikoj prednost... Revans Natprevarite vo Baraz Utakmicite se na 18.11.09 |
|
|
|
гoстин
Сениор Регистриран: 29.Февруари.2008 Статус: Офлајн Поени: 7557 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Вечер познати сите учесници на фудбалскиот Мундијал
Со одигрувањето на пет бараж натпревари и една „мајсторка“ доцна вечер ќе се комплетира списокот на 32 репрезентации кои следната година ќе учествуваат на Светското фудбалско првенство во Јужна Африка. Во трка за преостанатите четири места од Европа кои водат на Мундијалот, влегуваат осум селекции. Франција, Португалија и Русија, во реванш натпреварите со Република Ирска, Босна и Херцеговина и Словенија, влегуваат со минимална предност, додека Украина и Грција стартуваат од нула. Од американскиот континент Уругвај ќе се обиде пред својата публика да ја сочува предноста од еден гол стекната на гостувањето во Коста Рика, додека последниот патник на Мундијалот ќе биде од Африка, а ќе се добие преку мајсторка на неутрален терен во Судан, каде играат Алжир и Египет. Двојките се: * Алжир - Египет * Украина - Грција * Босна и Херцеговина - Португалија * Словенија - Русија * Франција - Република Ирска * Уругвај - Костарика |
|
|
|
гoстин
Сениор Регистриран: 29.Февруари.2008 Статус: Офлајн Поени: 7557 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
FT Algeria 1 - 0 Egypt
Vozbudliva utakmica do kraj, i prokraj toa sto se igrase utakmicata vo Sudan, stadionot bese poln do daska so navivaci od dvete drzavi...i ako egipet bese podobrata ekipa ne uspeea da se plasiraat! Mnogu ubav gol dade Jahia od algeria koj gi odnese na SP! FT Ukraine 0 - 1 Greece Kako i sekogas Ci... Sreka imaa! Cel zivot niv sreka gi prati! Ukraina 90min podobra bese i imase mnogu shansi ali nikako topkata da vleze!!! Aj da gi vidime na SP sto ke napravat sega! FT Slovenia 1 - 0 Russia Sramota, Katastrofa, Bruki!!!! Rusija ne uspea da se plasira za SP, mnogu losa igra denes i nikako da postignat gol...Zal mi e za rusite i sakav da gi gledam na SP ali so vakva igra bolje doma da ostanat!!! FT Bosnia-Herzegovina 0 - 1 Portugal Jasno bese deka Portugalija ke se plasira, ali sepak bosna so dobra igra iznenadia i bea duri od vreme na vreme podobri...(Portugalija igrase vo dvete natprevari bez Ronaldo)... AET France 1 - 1 Ireland Ovaa utakmica ne bese za lugje so slabo Srce, vozbudliva do kraj Francija ne bese podobra ekipa utakmicata zavrsi 1-0 za Irska, ali proadi toa sto francija vo irska pobedi 1-0 igraa prodolzenie od 30min i togas uspea Francija da dade gol! Strelec bese William Gallas! Golot ne bese korekten Henry igrase so raka ali sudijata ne vide!!!... 00:00 Uruguay ? - ? Costa Rica Kaj i da e ke pocne poslednata uttakmica denes...Aj da vidime koj od ovie dve ke bide posledna drzava i 32 sto ke se plasira za SP 2010 vo Juzna Afrika!!! |
|
|
|
fiks
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Администратор ПРАВДОЉУБЕЦ Регистриран: 18.Април.2005 Локација: Македонија Статус: Офлајн Поени: 24000 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Револуција, пет судии на Светското првенство
Светската куќа на фудбалот ФИФА утре и официјално ќе ја објави информацијата за најголемата промена во последното столетие во фудбалот, соопштува "Скај Спорт". 99% е сигурно дека на Светското првенство наместо три ќе има пет судии како што сега е пракса во Лига Европа. двата додатни судии ќе бидат сместени веднаш зад головите. Медиумите тврдат дека ФИФА ќе ја одбие молбата на Република Ирска да биде 33-та репрезентација на следното Светско првенство. И двете мерки на централниот одбор се поврзани поради играњето со рака на Тиери Анри во бараж мечот помеѓу Франција и Ирска додаде "Скај Спорт". |
|
Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена, само шлаг пена ќе бидеме и можеби неколку жолти ракии. |
|
гoстин
Сениор Регистриран: 29.Февруари.2008 Статус: Офлајн Поени: 7557 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Извлечени групите за Светското фудбалско првенство
Фудбалскиот мундијал наредната година ќе го отворат домаќинот Јужна Африка и Мексико. Пресуди ждрепката која пред неколку минути заврши во Кејптаун. Холандија ќе стартува со Данска, Англија со Соединетите Американски Држави, а ќе уживаме во судир на фудбалските магионичари, Бразил против Португалија. Лесна конк*ренција за светскиот првак Италија и за европскиот Шпанија. Се на се ќе гледаме одличен фудбал во 2010 година. |
|
|
|
blackeye
Сениор The Body Регистриран: 24.Август.2007 Статус: Офлајн Поени: 4058 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Se slozuvam deka Italijanite dobija najslaba konk*rencija (na hartija)...samo toa mnog mnogu ne odgovara za niv...moze da se opustat i belja da napravat...mora da igraat od prviot do posledniot natprevar...
a mislam i deka presudno ke bide na kolkava nadmorska visina ke igraat...vo gradovite sto se na nivoto na moreto ke im bide dobro, ama na onie povisokite ke se namacat malku...ekvador i bolivija kako gi pobeduvaat site doma...ne bil brazil, argentina....site partali gi pravat...
moj tip za pominuvanje vo drugata faza se...
grupa a: Francija i Urugvaj?
grupa b: Argentina i Korea
grupa c: Anglija i eventualno Slovenija
grupa d: Germanija i Srbija/Gana ne e za otpisuvanje
grupa e: Holandija i Danska(ovde ke bidi gusto zosto i Japonija i Camerun se dosta kvalitetni reprezentacii)
grupa f: Italija i Paragvaj
grupa g: Brazil i Portugalija bi trebalo, ke vidime
i grupa h: Spanija i Chile/Honduras ....
|
|
Ne znam kako da pobegnem
od sna, I ne znam dal' te iko voli kao ja, Al' ne bi ova noc tako bolela, Da me nisi volela.... |
|
blackeye
Сениор The Body Регистриран: 24.Август.2007 Статус: Офлајн Поени: 4058 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Ви ги претставуваме стадионите на кои ќе се игра СП 2010
До првите натпревари на Светското првенство во Јужна Африка преостануваат уште само шест месеци, а денес ќе го дознаeме и распоредот на репрезентациите по групи односно точниот распоред на сите натпревари вклучувајќи го и финалето на 11 јули 2010 година. Затоа, денеска ви ги претставуваме сите стадиони и градови во кои ќе се одржува првенството, ќе ги изложиме на едно место сите градби, целиот труд, сите потрошени пари и сиот сјај во најбогатата земја на африканскиот континент. Green point стадион Новоизградениот стадион Green Point е еден од визуелно најатрактивните стадиони на СП во 2010 година во ЈАР. Сместен е на едно од најбараните земјишта во подрачјето на Кејптаун, само стотина метри од морето од една страна и неколку стотина метри од големите планински масиви од другата страна. Локацијата на стадионот е идеална кога е во прашање превозот, бидејќи се наоѓа само неколку минути од главната градска сообраќајна мрежа. Капацитетот на стадионот изнесува 70 илјади гледачи, а изградбата би требало да биде финализирана овој месец. На овој стадион е предвидено да се одигра еден од полуфиналните натпревари. Nelson Mandela Bay стадион Сместен е на брегот на езерото Норт Енд во Порт Елизабет и е прв стадион наменет за фудбал во цел регион. Има многу интересно конструиран покрив и зашеметувачки поглед на езерото Норт Енд. Капацитетот на стадионот изнесува 48 илјади гледачи, а доизграден е пред една година. На ’Нелсон Мандела Беј’ ке биде одигран натпреварот за трето место и едно од четвртфиналињата. Moses Mabhida стадион Новоизградениот стадион "Мозес Мабхида" во Дурбан е прекрасна архитектонска иновација, а својата инспирација за дизајнот се извлекува од знамето на Јужна Африка. Железниот лак кој поминува над стадионот на едната страна е разделен на две, а додека на другата страна се соединува симболизираќи единство на некогаш разделената нација. Стадионот, кој сега се вбројува во најсилна светска класа, има капацитет од 70 илјади гледачи, а дизајниран е како повеќенаменски, па така има и амфитеатар со жичара која води до платформа од која се пружа спектакуларен поглед на околината. На овој стадион ќе се игра еден полуфинален натпревар. Free State стадион Фри Стејт стадионот, кој се наоѓа во градот Блоемфонтејн, дом е на најжестоките навивачи во цела Јужноафриканска република. Навиваат за Блоемфонтејн Селтик, а се нарекуваат ’Siwelele’ или ’Sotho team’. Стадионот е изграден во 1953 година, а минатата година е завршена неговата обнова, додека на Купот на Конфедерациите беше неговото свечено крштевање. Сега неговиот капацитет изнесува 45 илјади гледачи. Ellis Park стадион Елис Парк стадионот се наоѓа во центарот на Јоханесбург и во него се имаат играно многу интересни натпревари како што е и епското финале на Купот на конфедерациите помеѓу Бразил и САД. Изграден е во 1928 година како рагби натпревар, но потоа е срушен и обновен во 1982 година. Оваа година завршена е уште една обнова и сега стадионот има капацитет од 62 илјади гледачи, Овој стадион е дом на најпознатиот клуб во ЈАР- Орландо Пиратс. Royal Bafokeng стадион Стадионот Ројал Бакофенг, се наоѓа во градот Рустенбург на северот на ЈАР и името го добил по луѓето што живеат во таа област. Интересно е тоа што во 1999 Бакофенг ја доби правната битка со државата, по која му припаѓа 20% од сета платина што се вади од рудниците во регионот. И стадионот е изграден во 1999 година, а неколку пати досега беше домаќин на репрезентацијата на ЈАР. Од неодамна почна и неговата обнова и финализирањето се очекува во 2010 година. Капацитетот изнесува 42 гледачи. Стадионот Mbombela Стадионот Мбобела е еден од новоизградените за СП, а името го доби по локалната општина. Инаку зборот Мбобела е на Сисвати, што е еден од 11 официјални јазици во ЈАР и буквално значи ’многу луѓе заедно во мал простор’. Стадионот со капацитет од 46 илјади, се наоѓа во градот Нелспруит. Стадионот Loftus Versfeld Стадионот Лофтус Версфелд се наоѓа во градот Тшване во Преторија и е еден од најстарите во Јужна Африка. Стадионот бил користен за големи манифестации уште од 1903 година, а на почетокот имал капацитет само од две илјади гледачи. Од 1948 поминал низ неколку надградби, а бил користен и за рагби и фудбалски натпревари. Последната обнова на овој стадион е завршена минатата година, а сега стадионот има капацитет од 50 илјади гледачи. Да додадеме уште дека стадионот Лофтус Версфелд е дом на една од најдобрите рагби екипи во ЈАР, Блу Булс. Peter Mokaba стадион Наречен по еден од најпознатите синови на борбата за еманципација во ЈАР против апартхејдот, стадионот Peter Mokaba има големо историско значење во оваа држава. Изграден е во градот Полокване во провинцијата Лимпопо, а дизајнот кој е воглавно од бетонска конструкција, инспириран е по локалната икона - дрвото Баобаб. Стадионот Питер Мокаба е уште еден во низата новоизградени стадиони, а неговата финализација се очекува на почетокот на 2010г. Капацитетот изнесува 45 илјади гледачи, па заедно со Royal Bafokeng е најмалиот стадион на кој ќе се игра претстојниот Мундијал. Soccer city стадион Сокер сити стадионот во Јоханезбург е најголемиот стадион во Јужна Африка и со својот изглед предизвикува воодушевување. Стадионот е ценет во целата држава, затоа што на него се одржани многу значајни натпревари во историјата, а меѓу другото тука е одржан и првиот масовен митинг по пуштањето на Нелсон Мандела од затвор во 1990г. Изграден е во 1987 година и имал капацитет од 80 илјади, а оваа година е финализирана неговата обнова во која е вложено многу пари. Сега има капацитет од 95 илјади гледачи. Инаку, стадионот е дизајниран по пример на африкански лонец, познат како ’calabash’, а особено е впечатлив ноќе. На овој стадион ќе се отвори СП и ќе се игра финалето. |
|
Ne znam kako da pobegnem
od sna, I ne znam dal' te iko voli kao ja, Al' ne bi ova noc tako bolela, Da me nisi volela.... |
|
fiks
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Администратор ПРАВДОЉУБЕЦ Регистриран: 18.Април.2005 Локација: Македонија Статус: Офлајн Поени: 24000 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Иако ги има групите на скрин шот погоре од Вардар не ќе е на одмет да ги има уште еднаш
Србите со Германците, Словенците со Англичаните Извлечени се групите за Светското првенство во фудбал во Јужна Африка 2010 година. Познато е кој ќе игра на отворањето. Прв противник на домаќинот во групата А е Мексико. Бразил е дел од групата Г со Северна Кореја и Брегот на Слоновата Коска и Португалија. Група А: Група Б: Група Ц: Група Д: Група Е: Група Ф: Група Г: Група Х: Светското првенство во фудбал ќе се одржи следната година во Јужна Африка и тоа од 11 јуни до 11 јули. |
|
Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена, само шлаг пена ќе бидеме и можеби неколку жолти ракии. |
|
fiks
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Администратор ПРАВДОЉУБЕЦ Регистриран: 18.Април.2005 Локација: Македонија Статус: Офлајн Поени: 24000 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Јужна Африка ги брои последните 100 дена
Најужната држава на африканскиот континент од денеска ја зафаќа фудбалска еуфорија. Почнува одбројувањето на последните 100 дена до почетокот на Светското фудбалско првенство кое во многу нешта ќе биде историско. Пред се поради тоа што ќе биде прво на "црниот континент", па оттаму и неизвесноста што ја носи една ваква манифестација во досега непознат крај од светот. На 100 дена пред почетокот на Мундијалот, критики кон Сеп Блатер има еден куп. Токму претседателот на ФИФА беше најголемиот промотор на Африка и на негово инсистирање пред седум година Јужноафриканската Република ја доби организацијата на овој Мундијал. Домаќинот на следното Светско првенство се соочува со многу проблеми. Бавно оди изградбата на спортските објекти и целосната инфраструктура потребна за одржување на Мундијалот, а и билетите не се продаваат според очекувањата поради што ФИФА веќе интервенираше со намалување на цените за нивно купување. Сепак, Блатер е оптимист дека Мундијалот во Јужна Африка ќе помине во најдобар ред за што најдобра потврда му е ланскиот Куп на конфедерации кој исто така се одржа во оваа земја. "Се сеќавате ли на онаа прес-конференција во Виена во 2007 година? Тогаш имав решение Б и решение Ц во двата џеба. И двете беа Јужна Африка. Не разбирам зошто некои луѓе не веруваат дека Африканците ќе излезат на крај со сите проблеми. Тоа е толку лесно, треба само да им веруваме. Сакаме да дадеме нешто за тамошниот фудбал", охрабрувачки изјави Блатер. Заменикот претседател на Јужна Африка, Кгалема Мотланте информираше дека грубите работи се завршени, дека камен-темелникот е поставен и дека сега останува само жителите на неговата земја добро да се подготват и да бидат добри домаќини на Мундијалот. Претходните пет дена делегација на ФИФА заедно со неколкумина јужноафрикански политичари и членови на Организацискиот комитет на Светското првенство извршија обиколка на стадионите и објектите за Мундијалот и најдоа само малку недостатоци кои треба да се корегираат во следните нешто повеќе од три месеци. Откако поминаа низ деветте градови каде ќе се одржуваат натпреварите од Мундијалот, сите заедно вчера го почнаа одбројувањето на последните 100 дена до почетокот на првенството. Свечената церемонија со која е одбележан скориот почеток на турнирот се одржа вчера во Дурбан бидејќи денеска селекцијата на Јужна Африка игра пријателски натпревар со Намибија. Жители на Јужна Африка се собраа во Јоханесбург, додека во Кејптаун ја испеаја националната химна. "Знаеме дека многумина не веруваа во нас и гледаа со скептицизам, но во пресрет на последните 100 дена од подготовките, можеме со голема сигурност да кажеме дека се ќе биде во ред. Со нетрпение чекаме да почне Мундијалот", рече претседателот на Организацискиот комитет, Дени Џордан на вчерашната прес-конференција во Дурбан. Минатата недела англиските медиуми објавија шокантни фотографии од изградбата на објектите за Светското првенство. Пред се тоа се однесува на тренинг-камповите кои и на 100 дена пред почетокот на Мундијалот се уште се далеку од завршна фаза на изградба. На пример, во Рустенбург, каде ќе бидат сместени Англичаните и уште неколку репрезентации се готови само два од планираните 11 терени за тренинзи, а и хотелите не се целосно опремени. Останува прашањето дали во следните три месеци сето ова ќе биде завршено. |
|
Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена, само шлаг пена ќе бидеме и можеби неколку жолти ракии. |
|
fiks
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Администратор ПРАВДОЉУБЕЦ Регистриран: 18.Април.2005 Локација: Македонија Статус: Офлајн Поени: 24000 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Анри: Шпанијаи и Бразил се фаворити бр.1 во Јужна Африка Напаѓачот на француската репрезентација, Тиери Анри смета дека Шпанија и Бразил се најголемите фаворити за освојување на СП, а “петлите“ имаат уште многу работа за да бидат конк*рентни во Јужна Африка. На пријателскиот натпревар во Париз “црвената фурија“ победи со 2-0 со головите на Серхио Рамос и Давид Виља. “Кога играм за Барселона не сум навикнат да покривам и да трчам по топката.“ “Шпанија и Бразил се најголемите фаворити за освојување на СП. Тие ме потсетуваат на Франција пред некоја година. Така да на овој дуел видовме еден тим кој може да го освои Мундијалот и еден тим кој има уште многу работа за да стигне до таму.“ - рече Анри. |
|
Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена, само шлаг пена ќе бидеме и можеби неколку жолти ракии. |
|
GORGI.GEORGIEV
Нов член Регистриран: 04.Март.2010 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 2 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Бразил ќе е шампион!!!!!!!!!
Изменето од GORGI.GEORGIEV - 04.Март.2010 во 17:03 |
|
емил
Сениор зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Sе сложувам со тебе.Форца Селесао
|
|
Внеси реплика | страница <1 45678 38> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |