|
ЗОШТО СМЕ СЛАБИ ? |
Внеси реплика | страница <1 456 |
Автор | ||||||||||
Fantastic Lady
Сениор Регистриран: 29.Јануари.2008 Локација: United States Статус: Офлајн Поени: 169 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||||
brza,,,,sum primetila deka si golema vernichka,,,, ...ke sakash li da mi kazhesh neshto poveke za tvoeto veruvanje...I am curious to know....
|
||||||||||
Write your name in kindness, love,nd mercy,nd leave behind you a monument of virtue that the storms of time can never destroy.
|
||||||||||
brza
Сениор Регистриран: 06.Февруари.2006 Локација: vidiFOTOupotpis Статус: Офлајн Поени: 34534 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||||
ako ti mi kazesh ,....kako si go zakluchila toa,...
|
||||||||||
Patriotizmot e poslednoto skrivalishte na kriminalcite.-Albert Einstein
Mokjta od sekogash privlekuvala lugje so nizok moral.-Albert Einstein |
||||||||||
Fantastic Lady
Сениор Регистриран: 29.Јануари.2008 Локација: United States Статус: Офлајн Поени: 169 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||||
uff,,,ne znaesh niz kolku teshkotii sum pominala "til"...dojdov do toj zakluchok,,,,,
|
||||||||||
Write your name in kindness, love,nd mercy,nd leave behind you a monument of virtue that the storms of time can never destroy.
|
||||||||||
Omer El Faruk
Сениор Регистриран: 31.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 997 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||||
СЛИКАТА НА НАШИОТ РЕАЛЕН ЖИВОТ
Почитувани! -Еден полицаец од една муслиманска земја на еден учен алим му го напишал следново писмо опишувајќи му ја случката која што го натерала да се заврти кон верата и да ги обавува верските прописи.Рекол: Секој ден гледам сообраќајки и повредени и тоа е нормално за мојата работа,но една случка беше поинаква. Мојот колега и јас го паркиравме автомобилот блиску автопатот и си разговаравме.Одеднаш слушнавме силен звук на метал и се завртивме. Видовме директен судар,последица од една кола која преминала на спротивната страна.Неможно е да се опише сцената.Двајца младинци лежеа во првиот автомобил и двајцата беа во критична состојба.Внимателно ги извлековме од во колата и ги положивме на земјата.После тоа отидовме кај другата кола.Возачот беше мртов.Повторно се вративме кај оние двајца младинци.Мојот колега почна да му изговара Шехадет на едниот од нив,зборувајќи му:"Речи:Ла Илахе Иллеллах,но нивните јазици не можеа да го изговорат Шехадетот.Наместо него тие почнаа да цитираат делови од некоја песна.Јас се зачудив.Мојот колега беше поискусен од мене,и продолжи да го изговара Шехадетот.Јас само посматрав,неподвижно,со вкочанети очи. Никогаш во својот живот не сум видел нешто слично пред моите очи.Всушност јас никогаш во животот не сум видел некој да умира,а поготово на таков шејтански начин.Мојот колега упорно продолжуваше да им го повторува Шехадетот ,но залудно.Шумот од нивното рецитирање на песната полека се смируваше,се додека едниот не престана а по него и другиот.Двајцата умреа.Ги однесовме до нашата кола и ги предадовме во најблиската болница". Почитувани!- Времето во кое што живееме ние се карактеризира по многубројни болести на човечката душа кои што го уништуваат и на поединецот и на заедницата.Ние живееме во едно динамично време во кое човекот,поготово муслиманот се запоставил себеси,својата фамилија и својата вера. Меѓутоа,многу од луѓето ова не го земаат за сериозно,наведувајќи слаби аргументи..Ова е еден од знаците на мунафиците,лицемерите кои што верата ја земаат за игра и забава.А кога пак ќе се опоменат или посоветуваат доаѓаат со разноразни оправданиа.Често слушаме чудни одговори од луѓето на кои им советуваме да се соочат со лошите дела и со нивните гревови. На пример на прашањето:Зошто не престануваат со грешење(пиење алкохол,коцкање и сл.) одговараат:'Млади сме,има уште време, а и не сме сами,мнозината од луѓето се со нас!". На прашањето зошто децата не ги одгојуваат одговараат:"Тие се млади,имаат обаврски на училиште,немаат време за верско образование!"Ако пак ги прашаш зошто не водат рачун за облеката на своите жени и ќерки,ќе добииш одговор:"Па јас сум немоќен,денеска во продавниците се продава само таква облека,од друга страна работам во странство.,а тоа е нормално и слично!" Со вакви и слични оправдувања денешниот муслиман се правда пред својата реалност,без да размисли подлабоко за последиците кои што можат да се родат еден ден од запоставувањето на децата. Почитувани! Запоставувањето на одгојот на децата денеска ни вродило плод со тоа што младината сака луксуз,не сака убаво однесување,го презира авторитетот,нема почит кон постарите.Младината денеска има свој имиѓ,таа се разликува од постарите во многу работи.Пред неколку години започна револуцијата која подеднакво ја прифатија и синовите на бизнисмените,и ќерките на сиромашните мајки,и жолтите,белите и црните,и оние од градот и оние од селата,интелигентните и помалку бистрите,и муслиманите и немуслиманите,сите! Како денеска се облекуваат младите?-Да се префрлиме за момент во Лондон,Париз или Рим...Таму се креира тинејѓерската мода.Младинците можат да најдат Левис плави или црни фармерки,или маици Најк...Девојките-обавезно мини сукња која подигна толку прашина во целиот свет:Во Бразил поради таа мини сукња за малку не дошло до тепачка во Парламентот, во Америка таа сукња го посрамоти на председателот (Клинтон-Левински), и не само девојките,жените денеска со задоволство ги покажуваат своите колена,коса и другите украси од телото.Изгледа и тие сакаат да изгледаат помлади со таа своја нова мода,да изгледаат како и нивните ќерки.Но младите мислат дека разлика мора да постои, и пронаоѓаат нови форми на облекување и однесување кое старите нема да го прифатат,за себеси да не се направат смешни како што многу девојки се прават смешни кога се соблекуваат дури и преку нормата на претераноста.Разликата помеѓу половите се повеќе и повеќе се намалува.Затоа,ако на улица стретнеме две ултра мршави фигури во тексас панталони,со кратка,неуредна и како со петарда исчешлана еж-коса,офарбана со разни бои,и уши избушени како цедило за млеко,немојте да се трудете да погодувате дали тие се двајца или две.Вероватно тоа нема да ви успее. ] Каде одат тие двајца или тие две?Тие бегаат од луѓето,од реалноста од вистината.Тие имаат свој свет на живот и забава,кои за жал го доживуваат под дејство на алкохол и марихуана,хашиш и други опојни дроги.Овде ни се наметнува прашањето :чии се тие синови и ќерки?Нели се наши? Кој им дава средства за таков начин на живот?-овде пак ни се наметнува и одговорот:дека тие се наши ќерки и наши синови,И ние сме им го трасирале патот на таквиот начин на живеење со тоа што навреме не сме ги контролирале од една а од друга страна сме им дале секаква удобност,слобода и независност во нивниот живот. Да се вратиме пак на модата.Последиците од денешната мода се навистина катастрофални.Целта е постигната,но постигнато е и нешто што модните креатори и татковците не го предвиделе:на несреќа на младите девојки(кои самите си барале)не се привлечени само машките погледи туку и самите мажи,па така да денеска имаме се повеќе трудници во школските клупи.Таквите девојки барајќи си некаква трета гола мода упорно ги предизвикувале на машките,а за возврат добиле девет месеци поголем стомак отколку што тоа природно е одредено пред да ги облечат мини сукњите,хеланките и слично. Значи: Фамилијата е таа која што честопати им помага на децата да се одгојуваат во самобендисаност и охолост, и да се воздигнуваат пред другите:браќата и сестрите,пријателите,старите и младите,учените образованите,незналиците,комшиите и роднините.Мајката и таткото наместо да го учат детето кон добар карактер,скромност во облекувањето и храната,тие го учат на раскошност,самобендисаност,и расипништво.За себеси и за децата беспотребно го трошат имотот,им ги исполнуваат сите желби,им купуваат најскапа облека и ги хранат со најскапа храна.Не ги спречаваат лошите навики кај нив,ги бранат и штитат дури и кога тие им чинат неправда на другите.Е со таквиот однос на родителот кон детето не е тешко да се заклучи тоа дете утре каков човек ќе биде кога се одгојува во такво семејство и од таков татко и мајка. -Сега да се вратиме кај нашиот полицаец кого го спомнавме на почетокот од оваа тема.Тој се вратил на работа како што рекол оддалечен од Аллах џ.ш. и од неговите прописи.Но,една друга случка го запечатила неговото враќање кон верата.Тој самиот раскажува: "После некое време,ми се случи уште еднаш друга чудна случка.Еден младинец возеше низ еден тунел и му пукна гумата во тунелот.Тој застана на крајот од тунелот за да ја смени гумата,но налета друго ауто и го удри.Јас и мојот колега(не оној првиот)стигнавме на лице место.Беше тешко повреден,па го внесовме во нашата кола и ја повикавме болницата за да ја припремат салата за операција.Младинецот беше верник,тоа се гледаше по неговиот изглед.Нешто говореше кога го ставивме во колата,но во таа брзаница не обрнавме внимание што велеше.Дури откога тргнавме со колата ние чувме дека тој учи к*р,ан.Субханаллах.и покрај толкави повреди тој учеше к*р,ан.Целиот беше во крв,и ние јасно можевме да ги видеме неговите коски.Искрено да кажам,изгледаше како смртта да ја гледа право во очи.Но.не прекинуваше да учи к*р,ан.Го учеше секој ајет внимателно изговарајќи го секој харф.Јас никогаш во животот не сум чул некој толку убаво да учи к*р,ан.Си помислив:ќе пробам да го натерам да изговори Шехадет,токму онака како што тоа првиот мој колега го правеше.Колегата и јас внимателно го слушавме неговиот питом глас.Мене косата ми се ежеше.Одеднаш учењето престана.Видов како раката полека ја подигнува а показателот го исправи и рече: Ла Илахе Иллеллах,Мухаммедун Ресулуллах! И ја испушти душата.Му го побарав пулсот но немаше ништо.Умре.Не можев да престанам да гледам во него.Се свртив кон колегата и му реков дека младинецот умре.Кога стигнавме во болница и јуревме низ ходникот,на сите им кажавме што се случи.Сите кои што се задесија тука сакаа да го видат и да го дознаат времето на неговата Џеназа за да присуствуваат.Тогаш некој се јави во неговата куќа.Се јави неговиот брат,и му кажаа што се случи.Неговиот брат рече дека тој секој Понеделник одел да ја посети својата стара мајка надвор од градот.Кога ќе ја посетел обавезно го поминувал времето со децата,сираците или сиромашните на улицата.Во градот го знаеле по тоа што тој делел Исламски книги и касети.Неговата кола секогаш била полна со храна која им ја делел на сиромашните.Никогаш не му било тешко да патува долго,зошто велел:"Кога патувам имам време да учам к*р,ан и да сдлушам дерсови-предавања.". -На тој начин и се раздели од овој свет, и се упати на последниот пат кон Својот Господар во вечниот Џеннет!".- И оттогаш јас сфатив дека човекот било што да прави на овој свет,каде и да оди,еден ден ќе му се врати на Аллах џ.ш., и решив својот живот да го доживеам како муслиман,за утре кога ќе застанам пред Аллаха џ.ш. и кога ќе бидам прашан за овосветските работи да знам што да одговорам!"_завршил во писмото со својот исповед полицаецот. Почитувани! Што ќе одговориме ние кога ќа застанеме пред Аллах џ.ш. и кога ќе бидеме прашани и за себе и за своите деца,и за Исламот како вера колку сме го почитувале и колку сме го практикувале?-Дали и тогаш ќе бараме некаков изговор или оправдание,или ќе бидеме немоќни зошто на тој ден ќе сведочат и нашите органи. Затоа;да не се обидуваме да го лажеме на Аллах џ.ш.,бидејќи Него не можеме да го излажеме.Тој се знае.Тој најдобро ги знае и тајните на човекот.Тој е вистина како штое и Исламот вистина.Во Исламот,во вистината е нашиот спас,спасот на нашите синови и ќерки. И не заборавајте:Во Исламот,во вистината е и моралот на нашите деца. Било кој друг модел што ќе го прифатиме а кој е спротивен од исламскиот модел за одгојување на децата ќе не упропасти. Затоа: Во името на Аллах,во името на аманетот на Исламот ве повикуам сите заеднички да водиме повеќе рачун за нашите деца.Аллах нека ни помогнет на сите нас! (Ова беше за муслиманите,се надевам дека и другите ќе извлечат поука,а пожелно е едно вакво обраќање да видиме и од другата страна.) П.С.-Ве поселамува-поздравува ЕФЕНДИЈА преку оваа тема. Изменето од Omer El Faruk - 27.Април.2008 во 15:29 |
||||||||||
Aisha
Сениор Регистриран: 03.Декември.2007 Локација: Palestine Статус: Офлајн Поени: 1119 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||||
|
||||||||||
PROUD TO BE A MUSLIM!!!!
|
||||||||||
Messenger
Администратор Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet Регистриран: 21.Април.2006 Статус: Офлајн Поени: 18208 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||||
Velikiot kalif so svojata vojska zastanal pred Aleksandrijskata biblioteka. Vo ednata raka go imal podignato k*ranot, a vo drugata raka drzhel rasplamnat fakel.
- Imam ednostavno prashanje za tebe choveku - mu se obrnal na glavniot bibliotekar - Dali vo ovaa biblioteka se sodrzhi samo onoa sto e napishano vo k*ranot ili sodrzhi neshto poveke od onoa sto ima vo Alahovata objava? Oti ako vo bibliotekava ima samo onoa sto e vo k*ranot, togash seto toa e nepotrebno kako superficijalno, povrshno i odpovekje - samo k*ranot e sovrshena objava. Ako pak vo bibliotekava ima neshto poveke od onoa sto ima vo k*ranot, togash toa e pogreshno, pa kako takvo mora vednash da se unishti! Se veli deka bibliotekata gorela shest meseci. Odgovorot na tvoeto prashanje postaveno vo ovaa tema e: sostojbata vo islamskite zemji i megju muslimanite e takva zatoa sto vo nivnata svest kalifot se ushte, sekoj den, stoi so k*ranot vo ednata raka i fakelot vo drugata. |
||||||||||
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
|
||||||||||
deshad
Сениор Регистриран: 13.Мај.2008 Статус: Офлајн Поени: 1350 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||||
А кој е тој Халифа кого го посочуваш , ако мислиш на Омер,да ти кажам веднаш дека тоа НЕ Е ТОЧНО,за да не губиш џабе време и ти,а и другите кои ќе пишуваат. Александриската библиотека никогаш не била запалена од страна на муслиманите, тоа е само манипулација. Ај читни малце повеќе и понашироко околу тоа, па види самиот колку бесмислена тема си отворил.
П.С. Камо среќа ние муслиманите да имавме Халифа/Калиф, сигурно ќе бидевме дааааааааааааааалеку пред другите во секое поле. |
||||||||||
Messenger
Администратор Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet Регистриран: 21.Април.2006 Статус: Офлајн Поени: 18208 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||||
Vmesto da zboruvash emotivno i napamet, barem da pogledash koj vsushnost ja otvoril temata i da se obidesh da ja razbirash idejata na prethodno napishanoto. |
||||||||||
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
|
||||||||||
Daki
Група Регистриран: 23.Август.2008 Статус: Офлајн Поени: 66 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||||
Slabi sme zatoa sto premnogu ni go ispraa mozokot.Lujgeto vo posledno vreme se naklonija kon mateerijalnite nesta, zavista zazema se pogolemi razmeri.Lujgeto se cenat spored fizicki izgled, imotna sosotjba i slicno. Duhovnosta i harizmata recisi ja snema ili i da ja ima retko koj ja zabelezuva.Ednostavno lujgeto zaboravija da se raduvaat na mali nesta da go neguvaat duhovnoto vo sebe.
Zivotot moze da bide ubav samo togas koga duhot i teloto se vo celosna harmonija, koga mejgu niv vladee prirodna ramnoteza i koga eden so drug se pocituvaat. |
||||||||||
deshad
Сениор Регистриран: 13.Мај.2008 Статус: Офлајн Поени: 1350 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||||
Ниту зборувам напамет ниту емотивно.Едноставно реагирам на невистини и инсинуации кои се наметнуваат тука.А за разбирањето на идејата не мора да се посочуваат непроврени да не речам измислени работи.И добро си го изнесов моето видување по темава,онака како јас анализирам и мислам дека е најдобро за нас муслиманите,а тоа е враќање на исламскиот халифат на сцена. |
||||||||||
Внеси реплика | страница <1 456 |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |