|
Денес... |
Внеси реплика | страница <1 562563564565566> |
Автор | |
Орка
Сениор Регистриран: 30.Август.2008 Статус: Офлајн Поени: 44580 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Денес видов нешто,што само го имав слушано од постарите.
Впрочем не,доживеав! Брат ми некако среќа задутре се враќа,после сите перипетии од Португалија.Со молитва сме се да испадне по планот. Жива среќа што беше официјален учесник во натпревари. Неважно тоа,денес праиме план во зависност од мерките како да се организираме.Моите повозрасни,мораше да се надвор од дома. Ни беше опција станот во Охрид.Но јас заради работните обврски да платам хотел,доколку мерката биде самоизолација за брат ми. Поминува комшијата педесетина метри од мене.Израснавме таму ко деца,имаше билјард и флипери.Ме праша шо како е со брат ми. Му кажав и си отидов некои обврски да истерам низ град.Ми ѕвони телефонов по половина час.Татко ми.Отпаѓа Охрид. Шо е сеа?-Прашувам. Помина Пеце ај нека биде името на комшијата,рече да не сме мрднале ако биде во самоизолација.Сите тројца може да отседнеме кај него на вториот спрат. Ете без вонредни мерки има и луѓе! А се тоа стоката од утре ќе ве видам. |
|
Орка
Сениор Регистриран: 30.Август.2008 Статус: Офлајн Поени: 44580 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Денес работам од дома!
Абе се укршив. Станав у 06:30.Бокалот го наполнив со вода за кафе.Извадив тавчето,така ќе му дојде не е тенџере тоа плиткото за у релна.Упс,се фатив у расчекор. Си ја најдов шољата за кафе опнав три-четири зрнца шеќер. Обично го пијам без шеќер,но денес некако имав потреба и од него.Стаив кафето и тргнав тоа на страна до бокалот. Вадам зејтинот од тоа кујна шо го викаат,на ѕид тие закачените плакари.Го посипувам тавчето.Извадив кесе со јуфки! Оркаааа!-Си се опоменувам сам себе. Еднаш глеаше и сеа ќе си праел јуфки,у овие тешки времиња ако ги утнеш ќе те каменуваат по дома.Го расцепив кесето од јуфките. Полошо од тоа да одам до продавница и денес нема да има. Буп јуфките у тавче,посипав од горе малце зејтин и сол.Кога им влегов со две вилушки,ги збунив не знаеа јуфки ли се сарма ли се. Али сЕ по план само шо завршив ова,палам релната го ставам тавчето,се исклучува водата за кафе.На десна рука фрижидерот тука,лапам млекото и ете ме пред бокалот.Се поднамрштив кога го забележав шеќерот. -Не требаше,ајде бидна... И си се плеснав на тераса со чибукот и кафето. Прв пут у живот кафе на раат да не пијам. Не било лесно пијам кафе,јуфките у релна ми се потпекуваат! Една цигара,втора цигара...Станувам,почнале да жарат да палат јуфки. Ги промешав,и му ја седнав да одморам со уште една цигара. Атер за кафето шо останало. А!У меѓувреме пред да излезам стаив вода у бокалот за јуфките да зоврие.И ете ме назад испушив цигарата,извадив тавчето и ги поплавив со водата.Назад у релна.Отварам фрижидерот колку ли јајца треба. За да испаднат птка јуфкиве,пет доста ќе се.Така и бидна,ги оставив до чорбалакот.Едно двеста грама сирење убаво го испасирав,па заедно со јајцата како смеса го уедначив.Пуштам ишарет на релната,има вода уштеее. По некоја минута ги извадив и промешав.Водата веќе се прибрала.Таман,за уште една цигара.Се враќам,намалуам релната од 250 на 200 и ги посипувам јуфки со јајца и сирење.Замив тоа шо напраив лом,кога отварам релна шо да видам!Абре ко на сонце печени! И така драги карантинци,самоизолирани некако оди спремањето на нашиот доручек. Оние кои на таква мука се нашле,освен кукањето и броењето денови може да научат нешто.Јуфкиве јас еднаш имам глеано само како се прават. И ете успеав.Битно у настанов беше шо сите спиеа,па немаше кој сеир да ми фаќа. Со сите Вас би се сменил и против оваа стихија така би се борел. Но кај мене е поинаку.На друга линија јас ќе се борам.Скоро секој ден надвор,со ракавици,со маски,со влажни марамици у кола,со гелови со сФе!Дајте да биде што пократко... |
|
Орка
Сениор Регистриран: 30.Август.2008 Статус: Офлајн Поени: 44580 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Денес таман се прибрав по дома.
Ручав,сумирав неделава и кафето на тераса.Ми ѕвони надвор од работно време не мемориран број! Си вратив филмот се треба да е завршено. Сркнав од кафето и додека со левата го држам телефонот и цигарата земам дим,а со десната клизачи по скринот од телефонот отварам линија. -Молам? -Почитувани,јас сум таа и таа по случаен избор добитник сте на пар женски обетки. Ќе речев и се изнасмеав у фаца,али и се изнасмеав на уво.Пу пу скраја ќе се засркнев. -Задржете ги како поклон и кажуам. И не ни стигнав да докажам,во овие тешки времиња како мало внимание од мене оти сепак си ја вршите Вашата работа...Ми затвори! Па неблагодарен народ сме бре. |
|
Орка
Сениор Регистриран: 30.Август.2008 Статус: Офлајн Поени: 44580 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Денес ги усовршив јуфките...
Во јајцата и сирењето ситно исецкав пушен свински врат.Не оти ја ги правев,поубави немам јадено. |
|
Орка
Сениор Регистриран: 30.Август.2008 Статус: Офлајн Поени: 44580 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Денес,несвојствено еден куп возила видов со ПП регистарски таблици.
Море ебаго да не сакате вија од то коронана што останала на ланскио пивофест да ни клаите. Сетики не бев цел ден во кола,акајќи со маска накај маркет у Автокоманда го начекав десетарот од војска. И он со маска,под рака држеше една бабичка со стап кој ја означуваше како лице со оштетен вид. Он ли е не ли е,последен пат пред пет години го видов.Во библиотека,иста книга читавме со жти корици. Побелен во косата ама конституцијата и погледот над заштитната маска на него ме потсети. Ние извиѓачите знаеме да видиме и тоа што не се гледа.Гоце ти ли си?Јас сум убеден,ама да прашам. Ооооо Орка,добро сум те обучил. Одевме заедно до маркетот полека заради бабичката. Молчеше таа,непријатно да јас било што прашам околу нејзе.Застанавме. Бабичке,еве стигнавме сега сте во редот.-И рече. На жената пред нејзе само и посочи оти бабата не гледа,па да и помогнат да влезе. Продолживме,само со воодушевување го погледнав и евоциравме по некој спомен од војска во комбинација со се ова шо ни се дешава.Некои луѓе се како поклон у животот.Се разделивме кога јас стигнав до мојот маркет,со желба следната средба повторно да ни биде во библиотека. Се надевам и бабичката лесно минала,земајќи во предвид колку трпение треба деновиве. |
|
Орка
Сениор Регистриран: 30.Август.2008 Статус: Офлајн Поени: 44580 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Денес се немаше среќа!
По петнаесе минути пешачење, кај КуБа некаде ме удрија првите капки дожд.Среќа решив да се вратам, барем не искиснав. Ќе видам утре среќата. |
|
Орка
Сениор Регистриран: 30.Август.2008 Статус: Офлајн Поени: 44580 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Денес бев на рилакс моде.Лабао.
Кај два саат ме удри сафрата,брат ми буцна и се акнавме пешки накај Кучевиште. Дваесе километри,добри три саати.У темпо. Кога почнавме да се враќаме на некои километар два од Света Петка,приоѓавме до една бабичка. Море мило узните мотику.За стап сте сите доле. Па и ме фати страот,држеше мотика... Му ја летнавме надоле.Кој видел аир од мотика. |
|
Орка
Сениор Регистриран: 30.Август.2008 Статус: Офлајн Поени: 44580 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Денес по тоа уличките на Водно,во делот на Црниче
се укочив на раскрсница кооооо...Па шо знам Џим Кери у Глупавиот и Поглупавиот.Зинав! Девојка приближи до улицата да помине.Ја без да дадам жмигавец десно,и мафтам да помине.Она од таму ми мафта да поминам. Мене прозорот отворен,конечно она фати да минува лево. Со оглед дека мене не ми пречеше фатив ја десно.Кога ми се приближи во линија на прозорот,вели. - Среќа јас знам каде одам,ти изглеа не.Без жмигавецот! Ама азган дете и ја,па контрирам. -Понекогаш треба да застанеме,тоа што сакаме само ќе ни дојде. И така се насмеавме,се разминавме. После си викам,море Оркааа ако ти завртеше една ко штоп ќе ти беше лицето! |
|
pajser
Сениор kloshar Регистриран: 04.Март.2011 Локација: Lao People's Dem. Rep. Статус: Офлајн Поени: 13926 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
,,,denes,,,e denes sum,,,a sho mislevte,,,voobichaeno kako i sekoj drug den,,,
|
|
nesluchajno ne veruvam vo sluchajnosti<>sekoja sluchajnost e kontrolirana
|
|
ekszi88
Сениор In Love Регистриран: 10.Јануари.2008 Статус: Офлајн Поени: 7008 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
денес ме пече грло и плуќа, како ме затече, ќе умрам
|
|
Never apologize for being sensitive or emotional. Let this be a sign that you've got a big heart aren't afraid to let others see it. Showing your emotions is a sign of strength!!
|
|
laki_bu
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор Лидер Регистриран: 30.Ноември.2008 Локација: Germanija Статус: Офлајн Поени: 32100 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Denes...cel den vrneee💭
|
|
Без разлика колку страници прочитал учениот човек, никогаш не треба да заборави дека се уште не ни стигнал до првата страна....
|
|
pajser
Сениор kloshar Регистриран: 04.Март.2011 Локација: Lao People's Dem. Rep. Статус: Офлајн Поени: 13926 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
,,,denes,,,mozhe da se kazhe spored toa kako e toplo pochnuva vistinsko leto,,,
|
|
nesluchajno ne veruvam vo sluchajnosti<>sekoja sluchajnost e kontrolirana
|
|
paralelogram
Сениор Регистриран: 29.Мај.2017 Статус: Офлајн Поени: 787 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Негде завчера, одам по улица, мириса на пиперки како се печат, па може едно 150-200 метри.. Убаво.. Душа да ти се нарани
|
|
laki_bu
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор Лидер Регистриран: 30.Ноември.2008 Локација: Germanija Статус: Офлајн Поени: 32100 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Denes sabota ... ke odam do Strasburg malku na soping...
Imajte prekrasen vikend |
|
Без разлика колку страници прочитал учениот човек, никогаш не треба да заборави дека се уште не ни стигнал до првата страна....
|
|
Внеси реплика | страница <1 562563564565566> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |