![]() |
|
БЕЗ КОМЕНТАР |
Внеси реплика ![]() |
страница <1 5152535455 84> |
Автор | |
емил ![]() Сениор ![]() ![]() зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Еуростат: Сиромаштијата на Македонија трета во ЕвропаБедна ама со прекрасни споменици и врби што жалат за милијарди денари ово је стандарт ![]() _________________________________________________________ Изменето од емил - 20.Јуни.2013 во 09:40 |
|
![]() |
|
Анастеа ![]() Администратор ![]() ![]() ПИПИ долгиот чорап Регистриран: 07.Април.2008 Статус: Офлајн Поени: 35441 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
![]() |
|
brza ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 06.Февруари.2006 Локација: vidiFOTOupotpis Статус: Офлајн Поени: 34534 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
20.06.2013 13:32:36
Кампања за наплата на даноци во Богданци - znachi , vo ovaa zemja se vodat kampanji za naplata na danok?! ![]() ....pa koj plati ...plati,....ostavame na sovesta. ![]() ,,a koj nema sovest, ......nikomu nishto ! ...ili pa ,ova e za vo onaa zbirkana, ...na makedonski gluposti ? ![]() |
|
Patriotizmot e poslednoto skrivalishte na kriminalcite.-Albert Einstein
![]() |
|
![]() |
|
Анастеа ![]() Администратор ![]() ![]() ПИПИ долгиот чорап Регистриран: 07.Април.2008 Статус: Офлајн Поени: 35441 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Ова ме потсеќа на една молба-соопштение од општина Струмица: “Се молат сопствениците на возилата паркирани по тротоарите на улуца таа и таа.... да ги отстранат, оти на ден тој и тој ќе се врши асфалтирање на улицата.“ Се молат еј ![]() Пешаците по сред улица, паркинзите празни и ќе им се молам да ги тргнат ![]() |
|
![]() |
|
емил ![]() Сениор ![]() ![]() зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Извадив бугарски пасош од зорт, не од мерак!ајде да видам дали некој од идивидовците ќе си признае дека има Бугарски пасош освен оние што ги знаеме веќе ете гледате дека нема ништо страшно
![]() |
|
![]() |
|
Ninja 35 ![]() Модератор ![]() ![]() Регистриран: 24.Февруари.2009 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 17840 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
потегот е добар без сомнение...
![]() ама од аспект како економска помош за семејството...а не како потик за раѓање уште деца... АЛЛЛООООО...со 6000 денари ле ќе подмитиш некого да се реши на таков одговорен чекор како што е раѓање и одгледување на дете...ебати ретардираните...6000 денари се две влегувања во Тинекс бре...цццццц....уште не ми се верува, така ќе го потикнеле наталитетот.... За ова денеска информираа градоначалникот на општина Кисела Вода, Билјана Беличанец – Алексиќ и министерот за труд и социјална политика Диме Спасов. Беличанец потенцираше дека оваа одлука е донесена на предлог на градоначалникот, а со целосна поддршка од сите советници, на изминатата 4-та пленарна седница во рамки на која се извршило дополнување на Програмата за активности на општина Кисела Вода од областа на социјалната заштита за 2013 година, со додавање на дополнителна точка „Спроведување на Проект за доделување на еднократна парична помош на новородени деца во општина Кисела Вода“. - Причината за носењето на ваква одлука е многу рационална. Имајќи ги во предвид податоците од Државниот завод за статистика, според кои во последните пет години бројот на живородени новороденчиња во општината Кисела Вода се движи во просек околу 560, сметавме дека со носењето на ваква одлука ќе придонесеме кон позитивен поттик и стимулација за зголемување на бројот на деца во семејствата на територијата на општината Кисела Вода, рече Беличанец-Алексиќ, која им се заблагодари на советниците од сите политички партии за нивната поддршка и едногласно донесување на одлуката. |
|
Ако ти изгледа премногу лесно , имаш некаде згрешено !!!
|
|
![]() |
|
kocko ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 26.Јуни.2007 Статус: Офлајн Поени: 420 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Бог да чува!
|
|
![]() |
|
NRGMKD ![]() Сениор ![]() ![]() THE EXTERMINATOR Регистриран: 18.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 7512 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
![]() |
|
The purpose of war is not to die for your country but to make the other bastard die for his !!! - General George S. Patton - Commander of the III US Army Corps.
|
|
![]() |
|
LiDivio ![]() Модератор ![]() Регистриран: 19.Мај.2010 Статус: Офлајн Поени: 7265 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
![]() |
|
NRGMKD ![]() Сениор ![]() ![]() THE EXTERMINATOR Регистриран: 18.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 7512 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
ПИСМО ДО ГРУЈО ПРВИ ПОРТОКАЛОВИОТЕ мој Грујо... Мој, мој па преку мој! Којзнае колку е фино да се владее седум години со една ваква полу држава, населена со претежно полуписмено население, а згора на тоа и осиромашено. А ти знаеше како треба со такво очајно стадо. Му даде шанса да се почувствува големо и важно, онака, античко! Му ги даде приказните за Александар и Букефал, онаа за Хунзите, за богот Македон, за големите војводи и патриоти како Тодор Александров и Борис Сарафов, му изгради стотици споменици и цркви на секој чекор, го убеди преку владиците дека си избран од Бога да ја водиш Македонија, а медиумите ги искористи да му натнеш и розови очила. И народот среќен го блееше твоето име сиве овие седум години. Уште го блее и ќе го блее до својата пропаст, да не се секираш! Памет нема да му дојде, зашто го издресира толку мајсторски, што и доктор Павлов би ти позавидел. Секоја чест! Ееееее, ама никој не успеал да побегне од себе и од својата зла коб. Јас знам дека има лаги кои надживеале еден просечен човечки живот, ама ти не си толку голем лажго колку што се обидоа да те прикажат опозиционерите и твоите непријатели. Не можеш ни да бидеш зашто и тебе и на тие полтроните околу тебе што те советуваат како да владееш по парафразираните методи на Хитлер, Химлер и Гебелс, краток ви е фитилот. Вие сте обични технократи кои беа донесени на власт да ја дозадолжат Македонија, за после по нејзиниот банкрот да се вратат назад на своите работни места во Светската Банка, ММФ, ЦЕБ, и во разни други европско-белосветски совети и организации. Она што беа емисарите и економските убијци на Г-17 кои во осумдесетите години ја столчија економијата на СФРЈ и директно доведоа до почетокот на граѓанската војна, тоа сте вие за Македонија. Работите за туѓи интереси. Точка. Впрочем некои твои министри сами се пофалија со своите странски дипломи и кариери, само што не споменаа од кои фондации добиле стипендии за нив, а тоа треба да се одработи. Никој денес не дава некому пари за џабе. Затоа вашите лаги набрзо ќе излезат на виделина, штом кајчето ќе почне да тоне. Ама за друго ти го пишувам писмово мој Грујо. Го прочитав твоето интервју, каде новиот шамар од ЕУ за Македонија го оправда со тоа дека лесно било да нѐ плескаат кога не сме единствени. Извини, ама јас не се сеќавам на некој друг што толку го разедини својот народ како тебе. Ти беше тој што го подели на Фалангисти и Словени, на предавници и патриоти, на верници и богохулници, на комуњари и демохристијани, на оние ЗА и оние ПРОТИВ абортусот, на легитимни стечајци и опозиционерски, на вакви бранители и онакви бранители, на добри и лоши... На секој протест на незадоволните од твоето владеење, ти организираше контра протест. На протестот на незадоволните земјоделците им спротивстави свои задоволни земјоделци и згодни земјоделки со бланширани, тапирани фризури, силиконски гради и потпетици од дванаесет сантиметри. Црната земја под долгите нокти, нормално, не можеше да им се забележи зашто беа лакирани во разни бои. На протестите на несреќните стечајци, ти ги уфрли во игра твоите среќни стечајци, кои пред камерите, многу невнимателно се јавуваа некому од мобилни телефони кои чинат петстотини евра. Кога имаше протести против изградбата на црквата на Плоштад, ти на студентите од архитектура им пушти наапени деликвенти и силеџии. Кога беа сега протестите во Општина Центар, на твој повик се собраа стотици исти такви силеџии од околните скопски села за да го бранат Центар од неговите сопствени граѓани и локалната власт која самите ја избрале. Па дури им подели и сендвичи за да си ја повратат силата што ја потрошија во кршењето на општината. Да, да, Грујо мој, твоите ВМРО ЈУНГЕН и фанатичните демохристијани беа главна запршка во секоја твоја манџа на чело со медиумите и твоите мегафони Латас, Јанко и Миленко. Така и ги закрви луѓето меѓу себе. И сега кукаш што не сме единствени, па го јадеме стапот!? Заборави на филмот со обединувањето во наредните декади. И ова што беше до сега, не е ништо во споредба со она што ќе го сетиш на своја кожа како последица од твојата политика на раскарување на сопствениот народ. Нашата приказна и онака е завршена. За некоја година, оној што ќе дојде по тебе, само ќе треба да ги спушти ролетните и да прогласи банкрот. Толку. И немој да се лутиш. Јас ова ти го пишав онака пријателски, зашто не сум ни опозиција ни соросоид, ни давајгаз. Ништо од она од коешто тебе ти се крева коса на глава. Ама знам дека сум поголем патриот од сите твои полтрони и министри заедно, зашто имам смелост да го кажам она што тие избегнуваат да ти го кажат. Готово е брату. Поуживај уште некое време на тронот, а после ние ќе му ја мислиме, за нас, а најмногу за нашите деца кои со ништо не заслужија да им оставите ваква татковина. И ти и сите оние кои беа пред тебe.(ПРЕВЗЕМЕНО) |
|
The purpose of war is not to die for your country but to make the other bastard die for his !!! - General George S. Patton - Commander of the III US Army Corps.
|
|
![]() |
|
Diogen ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 20.Јуни.2009 Статус: Офлајн Поени: 355 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Интересен текст, не е лошо да видиме изворот-линкот...
Она што најмногу ме загрижува читајќи го текстот е една болна вистина... Со овие контрапротести и “спонтани“ протести, дефинитивно народот се подели. Оние кои не се во партијата на власт мора да молчат и да собираат гнев, но тој гнев се наталожува и расте... Што кога оваа власт ќе замине? Ништо не е вечно... Тие што се горе ќе ги снема, народот ќе остане, едни со насобран гнев, други без грб да ги штити... Се плашам да помислам во кој правец ќе отиде Македонија.... Проклетството на овој народ ќе продолжи во најлоша можна форма.... |
|
![]() |
|
NRGMKD ![]() Сениор ![]() ![]() THE EXTERMINATOR Регистриран: 18.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 7512 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
The purpose of war is not to die for your country but to make the other bastard die for his !!! - General George S. Patton - Commander of the III US Army Corps.
|
|
![]() |
|
NRGMKD ![]() Сениор ![]() ![]() THE EXTERMINATOR Регистриран: 18.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 7512 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
За шетање по планина ќе се наплатува по 30 денари?!01/07/2013 // Пред 1 час // ЕКОНОМИЈА // Коментирај ![]() Шетањето по планината Галичица ќе почне да се наплатува за десетина дена. Во моментов се набавуваат фискалните каси, а наплатни пунктови ќе има на влезот на националниот парк кај Трпејца и Стење. Според последните измени, влез ќе се напалтува и на Пелистер и Маврово, но овде надлежните се уште се екипираат, па засега нема конкретни најави кога ќе почне плаќањето. Според последната владина одлука, секој што ќе сака да се прошета во некој од трите национални паркови во земјава, ќе треба да плати 30 денари, или 10 денари помалку ако се работи за организирани групи поголеми од 15 лица. За влез на автомобил и мотор, билетот ќе чини 50 денари, а за автобус 200 денари. Граѓаните кои сакаат да берат шумски плодови ќе треба да извадат дозвола, која чини 500 денари по собирач. Ослободено од плаќање ќе биде само локалното население. Но, ова не зачи дека од плаќање ќе бидат ослободени сопствениците на викендички и нивните гости, велат од паркот „Галичица“ од каде додаваат дека на нив ќе им се нудат годишни билети кои чинат по 1000 денари. „Гостите и сопствениците на викендици не се локално население, а сите кои немаат адреса на живеење во националниот парк ќе мораат да плаќаат“, изјави директорот на НП„Галичица“Зоран Велјаноски за Радио МОФ. Според најавите, парите собрани од билетите треба да се користат за развој на туризмот и за унапредување и заштита на националните паркови. |
|
The purpose of war is not to die for your country but to make the other bastard die for his !!! - General George S. Patton - Commander of the III US Army Corps.
|
|
![]() |
|
NRGMKD ![]() Сениор ![]() ![]() THE EXTERMINATOR Регистриран: 18.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 7512 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Со овој потег и воздухот почнаа да го наплаќаат, а со тоа ќе ги натераат граѓаните да дремат дома.. Ако де.. па малце се 30 денари.. требало 300-че да ги репнат сите шетачи... За брзо време и тоа дома што ќе седиме ќе почнат да го наплаќаат... Ова е крајно шизофренично болно и што ти уште не...
|
|
The purpose of war is not to die for your country but to make the other bastard die for his !!! - General George S. Patton - Commander of the III US Army Corps.
|
|
![]() |
Внеси реплика ![]() |
страница <1 5152535455 84> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања ![]() Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |