|
ПОСТЕЊЕ |
Внеси реплика | страница <1 484950 |
Автор | |||
Miki_P
Сениор Регистриран: 29.Ноември.2008 Статус: Офлајн Поени: 985 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Господине пасторе, јас во ниеден момент не сум спомнал како постам, туку го истакнувам значењето и правилата за пост во Црквата Христова. Поздрав.
|
|||
Господи Исусе Христе, Сине Божји, помилуј нè.
|
|||
Pravoslaven
Сениор Регистриран: 09.Февруари.2008 Статус: Офлајн Поени: 705 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Мики, ти не го истакнуваш значењето и правилата на постот во Христовата Црква, туку во православието. До кога ќе ги мешаш овие два поима???
Во Библијата кога Божјите луѓе постеле тие не јаделе посни погачи, посни сарми, посни пити, посни торти, посни колачи, посни салати итн. Во Библијата кога постеле Божјите луѓе тие си ја измачувале душата со гладување, а не се дебелееле со горенаведеното раскошно мени.
|
|||
Православен значи правилно да ја славиш верата. А критериумот за правилност е Божјиот Збор - Светото Писмо !
|
|||
izvoren
Сениор Регистриран: 12.Октомври.2008 Статус: Офлајн Поени: 700 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Мики со самото тоа што пред Божик сте пропишале 40 дневни пости, значи и ти постиш бидејки припагаш на таа секта.А со термините што ги користиш како што се празнословие, сквернословие и други, сакаш да му дадеш посебно значење на православниот пост.
Е сега одиме понатаму.Значи досега само празни зборови околу христијанскиот пост.Кога сме кај правилата за христијанско постење тие се пропишани преку примери во Библијата, и од таму треба да се применуваат.Неможе ти да одредуваш како да пости црквата Христова.Тоа право го имаш само за православната. Да ти кажам сум присуствувал на еден ручек во кој учесниците постеа и вака изг ледаше: Едно сомче од4-5кг,печурки на скара малце сарми и тоа нормално залиено со ракија и неколку литри вино. Изменето од izvoren - 06.Јануари.2009 во 01:33 |
|||
Miki_P
Сениор Регистриран: 29.Ноември.2008 Статус: Офлајн Поени: 985 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Како ли се нашол господинот пастор во ваква ситуација, да не имаше и некој од твоите таму, а??? Дали ти беше слатко јадењето, а???
|
|||
Господи Исусе Христе, Сине Божји, помилуј нè.
|
|||
izvoren
Сениор Регистриран: 12.Октомври.2008 Статус: Офлајн Поени: 700 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Не ми поставувај вакви прашања зашто одговорот нема да ти оди во прилог(уште повеке ке заглавиш). Целта ми беше да го илустрирам православниот начин на постење. |
|||
Miki_P
Сениор Регистриран: 29.Ноември.2008 Статус: Офлајн Поени: 985 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Овде нешто не разбирам, велиш: Целта ми беше да го илустрирам православниот начин на постење. Божем си видел некој пример на „лошо“ однесување во пост на некои верници (можеби свештеници)!? Провидно е ова пријателу. Право да ти кажам, воопшто не ти верувам (заради задните намери), а и да сакам да ти верувам, нешто ми вели дека не е, баш, чиста работава; На крај, и да е така, кој ти дал право да ја „обесуваш“ Целата Црква Христова и да ги повредуваш безбројните чесни Православни Христијани, кои го почитуваат и практикуваат постот, само затоа што некој сакал да се „беси“!? Размисли дали си во право!? Размисли дали ова треба да ми го кажеш мене - на обичен верник, или, себе си, заради „повисоката служба“ - можеби ти се слаби молитвите!!! Изменето од Miki_P - 09.Јануари.2009 во 01:18 |
|||
Господи Исусе Христе, Сине Божји, помилуј нè.
|
|||
izvoren
Сениор Регистриран: 12.Октомври.2008 Статус: Офлајн Поени: 700 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Мики не е тоа лошо однесување кај вас, тоа е примерно бидејки таков начин на постење ви е пропишан од православната црква.Тоа си е реалност кај вас. |
|||
Miki_P
Сениор Регистриран: 29.Ноември.2008 Статус: Офлајн Поени: 985 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Христос се роди!!! Мили, во Христа Господа, браќа и сестри. За нас, членовите на Црквата Христова на земјата, денес завршува телесниот пост (постот поврзан со исхраната). Денес, многумина од нас, се причестија со Телото и Крвта Христови. Да Му се помолиме на Семилостивот Господ Бог на сите нив причестувањето да им биде за телесно здравје, и, за неспоредливо поважното, духовно спасение. Да продолжиме да живееме во согласност со учењето на Небесниот Цар - Христос - Спасителот. Така нека биде се додека не се преселиме од овој привремен (ограничен) свет - во вечниот. Амин. Изменето од Miki_P - 07.Јануари.2009 во 14:09 |
|||
Господи Исусе Христе, Сине Божји, помилуј нè.
|
|||
polzavce
Сениор Регистриран: 14.Октомври.2008 Локација: Angola Статус: Офлајн Поени: 1325 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Јас сакам да поставам едно прашање..... Ги постев Божиќните пости телесно во секоја смисла (јадев посна храна и немав односи)...... Но духовниот пост ми беше проблематичен ( се карав, пцуев, мислев лоши работи повремено.....) Не земав причест од причина што не се чувствував доволно -чиста- за да го примам Хриса во себе....... А не се исповедав од причина што не бев спремна за тоа....... Дали мојот телесен пост вредеше? Дали залудно постев само телесно? Дали згрешив што не се причестив? Дали треба да се исповедам ако не чувствувам баш голема потреба од тоа? Слободно давајте критики, мислења, ставови кои би ми помогнале подобро да ги сфатам нештата.......полесно да дојдам до Вистината...... |
|||
Опитен
Сениор Регистриран: 20.Септември.2008 Статус: Офлајн Поени: 699 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Се што правиме заради Бога нема да биде незабележано. Можеби тоа сега не ќе можеме да го видиме ,но повреме, откако ке го продолжиме нашиот подвижнички живот за Христа, ке си дојде и благодатта и тогаш ке може да ги видиме плодовите од сите наши подвизи. исповедта е симнување од нашиот тежок товар што го носиме и помирување и вракање при Бога. Мислам дека е попаметно да се ослободиме од товарот на душата и она што не одделува од Бога. па да побрзаме |
|||
Господи Исусе Христе помилуј не
|
|||
Miki_P
Сениор Регистриран: 29.Ноември.2008 Статус: Офлајн Поени: 985 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Дали потребата од исповест е голема или мала, тоа не го знаеш ни ти, ниту тој кај кого што би се исповедала. Тоа Го знае само твојот и мојот (нашиот) Спасител Христос Господ. Сите наши мисли, зборови и дела (сè) треба да биде во слава на Бога а за наше спасение. Така, и твојот пост нема да биде „незабележан“ - тоа е „вложен труд“, но, кога ќе посакаш тој „труд“ да донесе многу „богат род“ (се молам на Бога тоа да биде што побргу), кога ќе „собереш сили“ да се соочиш самата со себе, тогаш тоа ќе биде „она вистинското“, тоа е најголемата работа во подготовката за исповест. А тоа што ќе треба да застанеш пред Бога, во присуство на свештено-духовно лице, тоа ќе е само „техничка работа“. Поздрав во Христа Господа. Изменето од Miki_P - 10.Јануари.2009 во 18:58 |
|||
Господи Исусе Христе, Сине Божји, помилуј нè.
|
|||
polzavce
Сениор Регистриран: 14.Октомври.2008 Локација: Angola Статус: Офлајн Поени: 1325 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Ви благодарам на одговорите........ |
|||
Внеси реплика | страница <1 484950 |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |