|
Копа Америка |
Внеси реплика | страница <1 345 |
Автор | |
емил
Сениор зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Сензација: Елиминиран и Бразил
Бразил - Парагвај 0:0 (0:0, по пенали 0:2) По Аргентина од Копа Америка се простија и фудбалерите на Бразил, кои не успеаа да го совладаа Парагвај, притоа промашувајќи ги сите четири пенали. Два погодоци од белата точка беа доволни Парагвај да се пласира во полуфиналето. "Кариоките" беа подобри во текот на најголемиот дел од мечот, но голманот на Парагвај Виљар беше несовладлив. И покрај фактот дека имаа подобри шанси Бразилците никако не успеаваа да ја испратат топката в мрежата на противникот. Тоа доведе до голема нервоза на теренот, а "сметката" ја платија Леива од бразил и Алкараз од Парагвај, кои на крајот на првото продолжение заработија црвени картони. Бидејќи нем аше подогоци се пристапи кон изведување пенали, а Бразилците дури четири пати беа непрецизни од белата точка. Елано, Тијаго Силва, Сантос и Фред не успеаа да ја затресат мрежата, па победата за Парагвај беше неизбежна. |
|
емил
Сениор зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Уругвај во финалето на Копа Америка
Фудбалерите на Уругвај, полуфиналистите на минатогодишното Светско првенство, го потврдија својот кам бек во врвот на светскиот фудбал со пласманот во финалето на Копа Америка. Уругвај го совлада Перу со 2:0 со головите на Суарез во 53. и 58. минута. Перу беше внимателен, па и на уругвај му беше потребно доста време да го скрши отпорот на противникот. Голманот Фернандез не успеа да го скроти шутот на Форлан од околу 25 метри, за Суарез да го собере отпадокот и да ја затресе мрежата за прв гол. Пет минути подоцна Переира одлично го проигра Суарез, кој мирно го заобиколи голманот и го постигна својот трет гол на овој шампионат. Уругвај така по 1999. повторно ќе игра во финалето на Копа Америка, каде ќе има можност да ја освои титулата з апрв пат од 1987. година. Доколку тоа им појде од нога, фудбалерите на Уругвај со 15 титули ќе станат најтрофејна екипа во ова натпреварување. |
|
емил
Сениор зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Парагвај до финалето на Копа Америка без победа! Парагвајците во полуфиналето ја елиминираа Венецуела на пенали со 5:3 откако немаше голови по 120 минути игра Прво финале на Копа Америка за фудбалската репрезентација на Парагвај по 1979 година. Во полуфиналето на шампионатот на Јужна Америка, во Мендоза, Парагвајците ја совладаа Венецуела на пенали со 5:3, откако немаше голови во регуларните 90 минути и двете продолженија по 15 минути. Решавачкиот удар од белата точка го реализира Дарио Вега, а потоа парагвајскиот голман Жусто Вилјар го одбрани обидот на Франклин Лусена и ја испрати својата земја во мечот за титулата против Уругвај што ќе се игра во недела во Буенос Аирес. |
|
емил
Сениор зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Уругвај шампион на Копа Америка
Уругвај - Парагвај 3:0 (2:0) Фудбалерите на Уругвај триумфираа на овогодинешното натпреварување на Копа Америка, откако во финалниот меч одигран во Буенос Аирес го совладаа Парагвај со 3:0. Суарез ја искористи одбиената топка да веќе во 12. минута го доведе Уругвај во водство, за Форлан во 42. минута одлично да шутира од косо од левата страна за убедливо водство. Парагвај не можеше да ја наметне својата игра и да воспостави вистинска рамнотежа на теренот, за во самиот финиш од мечот Форлан да ја искористи деконцентрацијата во одбраната на противникот и да го постигне својот втор погодок на мечот, а трет за неговата селекција. По четвртото место освоено на минатогодишното Светско првенство, Уругвај својата одлична форма ја потврди и со триумфот на Копа Америка. Покрај тоа Уругвај со 15. трофеи на Копа Америка стана рекордер по бројот на освоени пехари во ова натпреварување, бидејќи сега има еден триумф повеќе до Аргентина. |
|
Внеси реплика | страница <1 345 |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |